IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Патувања...
  Активни теми Активни теми RSS - Најубави хотели
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Најубави хотели

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 13>
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2013 во 19:58

Затоа што сезоната на луксузните хотели и одморалишта е во полн ек, ги издвоивме петте најлуксузни хотели кои располагаат со најубавите погледи.

top-7-hotelski-sobi-so-najubav-pogled-001

Мирни водени хоризонти, планини кои се губат во далечините и препознатливи градби... Кој би посакал нешто повеќе?


1. Anse Chastanet
- Сместен е во Сент Луција и располага до поглед кон Карипското море и околните планини. Зајдисонцето на овие тераси е вистинско доживување.

top-7-hotelski-sobi-so-najubav-pogled-01

2. Ritz-Carlton - Сместен е во југоисточниот дел на Азија, а гостите имаат чест да уживаат во погледот кон Сингапур и МаринаБеј. И покрај тоа што неговиот поглед не е свртен кон песочна плажа, туку кон прекрасни градби, сепак е еден од најубавите кои може да го искусите.

top-7-hotelski-sobi-so-najubav-pogled-02

3. Plaza Athenee - Хотелот кој се смета за најромантичен во светот. Располага со прекрасен поглед кон Ајфеловата кула и околните градби во Париз.

top-7-hotelski-sobi-so-najubav-pogled-03

4. Corinthia - Лондонскиот хотел кој има извонреден поглед кон сите знаменитости во едно. Магијата која настанува во вечерните часови со самото вклучување на светлата е нешто непроценливо.

top-7-hotelski-sobi-so-najubav-pogled-04

5. Hotel Salto Chico - За разлика од хотелите во светските метрополи, овој хотел во Јужна Америка има поглед кон прекрасна природа и планински предели.

top-7-hotelski-sobi-so-najubav-pogled-05

6. Oberoi Amarvilas - Гостите кои ќе го посетат овој прекрасен ресорт во индиски стил ќе имаат можност секоја ноќ да уживаат во пурпурното небо над Таџ Махал.

top-7-hotelski-sobi-so-najubav-pogled-06

7. Four Seasons
- Овој апартман кој се наоѓа на врвот на хотелот и важи за претседателски апартман, нуди неверојатен поглед од височина во кој буквално ќе се изгубите.

top-7-hotelski-sobi-so-najubav-pogled-07

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Септември.2012 во 17:07
Сплендидо - Портофино Италијамечтаење


Сместен сред шума, со поглед  на морето, хотелот „Сплендидо“ претставува уникатна мешавина од убавина и комфор. Хотелот се наоѓа на рид во живописното италијанско рибарско село Портофино, опкружен со тропски градини со палми и нуди неверојатен поглед на убавиот залив.

Хотелот е убаво уреден, додека  во рестораните се нуди свежа риба и домашни тестенини приготвени со  локални ароматични зачини. Градините се протегаат надолу под хотелот па се до морето. Грмушки со лаванда и диви тревки растат под старите маслинови дрвја додека бугенвилеите надвиснуваат над патеките.

Во 1985 година „Ориент-Експрес Хотели“ го купи овој хотел и започна со реновирање. Сите соби биле комплетно преуредени, додека внатрешниот ресторан и пијано барот биле преместени и декорарани во лигурско-медитерански дизајн кој бил во согласност со стилот на хотелот. 

Од терасите на хотелот може да се ужива во преубавиот поглед на целиот залив на Портофино.





























I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Септември.2012 во 23:05
Musha Cay Bahamas

Musha Cay е еден од најлуксузните приватни резорти во светот и според мислењето на многу искусни патувачи и најубавиот. На 130 километри од Насау, овој рај лежи скриен во јужниот дел на Бахамите. 

Уживајте во долгите плажи со песок како шеќер, а за време на вечерта во милиони ѕвезди над вас. Ќе видите преубави глетки и ќе доживеете различни искуства на секој чекор. Вашето приватно прибежиште може да угости најмногу 24 гости послужувано од 30 членови на персоналот. Седумте плажи кои ги вклучува овој резорт гарантираат максимална приватност.

Без огледа на тоа дали барате релаксација, романтика или активен одмор, беспрекорната услуга ќе ги задоволи сите ваши потреби. Од водени спортови, џогирање, тениски игралишта, нуркање до релаксирачки масажи и спа. За време на вечерата, романтичната атмосфера ќе го направи вашиот одмор незаборавлив.




























I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Март.2012 во 15:50
“Метропол” во Венеција

“Luxirare” објави интересна фоторепортажа за еден од најлуксузните хотели во градот на вода.
Како што пишува авторката, во хотелот “Метропол” го имала најоригиналното хотелско искуство досега. Хотелот, кој се наоѓа во центарот на Венеција, нуди уникатно уживање и прекрасен поглед од собите уредени во ориентален стил.
Овој хотел е како музеј, а има и сопствена збирка на ретки уметнички предмети.





Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2012 во 14:07

Galaxy Iraklio 

Galaxy Iraklio Hotel – Грција: Обновен е во 2009, има 5 ѕвездички и сопствен тропски базен. Исто така овој хотел има своја сауна и врвна фитнес сала. Утрото кога пристигнувате пречекани сте со 2 шведски маси, а тука е и бесплатниот интернет.

galaxy-hotel.com

Hide Away Gues 

Hide Away Guest House - ЈАР: Дизајниран според Рајот. Во него можете да уживате во огромните соби, базен и сала за вежбање. Особено го сакаат љубителите на природата.

hideaway.co.za

Drury Inn Indi

Drury Inn Indianapolis - САД: Веројатно се прашувате како ова скромно одмаралиште со 2,5 ѕвездички се наоѓа на листата на најдобрите хотели. Одговорот на горенаведеното прашање е најверојатно фактот дека самиот хотел нуди голем број на бесплатни додатоци. Наутро доручекот со шведската маса, попладнето тоа се грицките и коктелите, додека пак навечер добивате гратис пуканки и пица. Како и секој друг хотел така и ова мало хотелче ви нуди: сала за вежбање, кабловска телевизија, апарат за кафе и чај во секоја соба и голем број на други  поволности 

  


druryhotels.com

Al Manshar Rot 

Al Manshar Rotana Hotel - Кувајт: Хотел за елитата. Во случај некогаш да се најдете во овој хотел веројатно ќе се запознаете со голем број на нафтени богаташи и други мулти-милијардери. 5те ѕвездички се малку за овој прекрасен хотел.

rotana.com

Conrad Bali

Conrad Bali - Индонезија:  Сместен е на брегот на Бали. Овој спектакуларен хотел нуди 298 соби, сопствена плажа и базен. За одмор се предвидени фитнес салите и баровите.

bali.conradmeetings.com

Staybridge Sui 

Staybridge Suites Bloomington - САД: Хотел со 3 ѕвездички во листата на најдобрите. Да, добро слушнавте, главната причина поради која овој хотел е на оваа листа е бесплатниот превоз кој ви го нуди со автомобилите кои ги поседува самиот хотел.

ichotelsgroup.com

Hotel de la Cit

Hotel de la Cite - Франција: Сместен е во камениот град Carcassonne. Овој хотел со 4 ѕвездички поседува 61 соба, секоја украсена со средовековен стил.

hoteldelacite.com 

Bosnian Nation   

Bosnian National Monument Muslibegovic House - БиХ: Дел Музеј, дел хотел. 3 ѕвездички и соби во комбинација со модерни додатоци како безжичен интернет, клима и традиција.

muslibegovichouse.com

Cambridge Suit

Cambridge Suites Sydney - Австралија: 


ВТОРНИК, 01 ЈУНИ 2010 10:20

Galaxy Iraklio

Galaxy Iraklio Hotel – Грција: Обновен е во 2009, има 5 ѕвездички и сопствен тропски базен. Исто така овој хотел има своја сауна и врвна фитнес сала. Утрото кога пристигнувате пречекани сте со 2 шведски маси, а тука е и бесплатниот интернет.

galaxy-hotel.com

Hide Away Gues

Hide Away Guest House - ЈАР: Дизајниран според Рајот. Во него можете да уживате во огромните соби, базен и сала за вежбање. Особено го сакаат љубителите на природата.

hideaway.co.za

Drury Inn Indi

Drury Inn Indianapolis - САД: Веројатно се прашувате како ова скромно одмаралиште со 2,5 ѕвездички се наоѓа на листата на најдобрите хотели. Одговорот на горенаведеното прашање е најверојатно фактот дека самиот хотел нуди голем број на бесплатни додатоци. Наутро доручекот со шведската маса, попладнето тоа се грицките и коктелите, додека пак навечер добивате гратис пуканки и пица. Како и секој друг хотел така и ова мало хотелче ви нуди: сала за вежбање, кабловска телевизија, апарат за кафе и чај во секоја соба и голем број на други поволности.

druryhotels.com

Al Manshar Rot

Al Manshar Rotana Hotel - Кувајт: Хотел за елитата. Во случај некогаш да се најдете во овој хотел веројатно ќе се запознаете со голем број на нафтени богаташи и други мулти-милијардери. 5те ѕвездички се малку за овој прекрасен хотел.

rotana.com

Conrad Bali

Conrad Bali - Индонезија:  Сместен е на брегот на Бали. Овој спектакуларен хотел нуди 298 соби, сопствена плажа и базен. За одмор се предвидени фитнес салите и баровите.

bali.conradmeetings.com

Staybridge Sui

Staybridge Suites Bloomington - САД: Хотел со 3 ѕвездички во листата на најдобрите. Да, добро слушнавте, главната причина поради која овој хотел е на оваа листа е бесплатниот превоз кој ви го нуди со автомобилите кои ги поседува самиот хотел.

ichotelsgroup.com

Hotel de la Cit

Hotel de la Cite - Франција: Сместен е во камениот град Carcassonne. Овој хотел со 4 ѕвездички поседува 61 соба, секоја украсена со средовековен стил.

hoteldelacite.com

Bosnian Nation

Bosnian National Monument Muslibegovic House - БиХ: Дел Музеј, дел хотел. 3 ѕвездички и соби во комбинација со модерни додатоци како безжичен интернет, клима и традиција.

muslibegovichouse.com

Cambridge Suit

Cambridge Suites Sydney - Австралија: По реновирањето во 2009 година, Cambridge Suites Sydney е најубавиот дом далеку од дома. Безжичен интернет, врвни кревети, кабловска телевизија, бесплатен доручек, се само дел од работите кои овој хотел Ви ги нуди.

cambridgesuitessydney.com

Chester Grosve

Chester Grosvenor and Spa – Велика Британија: Модерен хотел со ресторан кој поседува Мишелинова ѕвезда.

ChesterGrosvenor.com

 

 

 



Изменето од емил - 16.Февруари.2012 во 14:07
Кон врв
Renatax Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Renatax Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Декември.2011 во 18:57
Врвна услуга,врвна хигиена,персонал боли главаголема насмевка...све у свему,сакам пак таму.

Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.

Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Декември.2011 во 18:54
Оу јеемир

Романтичниот пакет е закон. Хотелот е преубав, персоналот љубезен.
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Renatax Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Renatax Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Декември.2011 во 18:48
Хотел Мона -Златибор

Сеуште сум под импресии од овој хотел,еве дел од неговиот ентериер и екстериер.




    







Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.

Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Декември.2011 во 18:40
Нешто нашеда


“Калин Хотел”, Лазарополе


“Калин Хотел” располага со 16 комфорни и вкусно уредени соби. Секоја соба е опремена со бања, телефон, сателитска телевизија и други погодности што го прават престојот комплетен.

Ексклузивниот ресторан, во релаксирачки амбиент, нуди квалитетна храна, локални и интернационални јадења и специјалитети од дивеч. Внимателно селектираната винска листа е идеално дополнување на одличната храна.

Ресторанот се карактеризира со понуда на квалитет и индивидуалност на секоја порција, бидејќи се употребуваат свежи состојки одгледани во селските градини. Уживајте во оброкот во самиот ресторан покрај каминот, на отворената тераса или во блиската околина во изолирана приватност и изобилство на зеленило.

И патувањето до него е уникатно и живописно. Ако патувате од Скопје, преку Тетово и Гостивар, потем преку Маврово, влегувате во живописната клисура на реката Радика кон Дебар, поминувајќи крај импресивниот манастир Свети Јован Бигорски, доаѓате до крстопатот наречен Бошков Мост на неколку километри пред Дебар.

Тука се упатувате лево, по добар асфалтен пат, по околу 5 километри почнувате да се искачувате по кривулест асфалтен пат што ве води во планинските висини на Бистра.

По веќе создаденото чувство дека сте на небо, пред вас, на надморска височина од 1.350 метри, се отваора голема висорамнина на чии карпести делови се појавуваат куќи, најчесто двокатни и трокатни изградени од камен кои потсетуваат на средновековни тврдини.

Во центарот на ваквата прецизна архитектонска организација ве пречекува “Калин Хотел” во Лазарополе. Градбата на “Калин Хотел” е спој на традиционално мијачко градителство со современи архитектонски решенија, што создава топла и уникатна атмосфера.

Погодната локација, мирното опкружување и оптималните капацитети на “Калин Хотел” претставуваат и идеално место за деловни состаноци, работилници или конференции за околу 40 учесници.
“Калин Хотел” и селото Лазарополе е опкружено со венец од букова и дабова шума што овозможува возбудливи дестинации за прошетки во недопрената природа.

“Калин Хотел” за своите гости, по желба организира излети до соседните прекрасни мијачки села: Гари, Тресонче, Селце и Росоки како и посета на манастирскиот комплекс Св. Јован Бигорски.

За авантуристите “Калин Хотел” претставува почетна позиција за планинарење, планински велосипедизам, јавање на коњи и трчање со скии во текот на зимскиот период. Хотелот е незаменлива дестинација за спортските ловџии, поради лоцираноста на с. Лазарополе во националниот парк Маврово.

Лазарополе е сместено е во падините на Бистра и е планински рај во Македонија. Благата планинска клима, заради термичкото влијание од Медитеранот преку реката Радика, придонесува Лазарополе да има преку 2.000 сончеви часови во текот на годината.

Изобилството на шуми се природен филтер што го прават воздухот кристално чист, поради што Лазарополе е официјално регисрирано како место со најчист воздух на Балканскиот Полуостров.

Црквата Св. Ѓорѓија како заштитен знак ја надополнува живописната глетка на Лазарополе. Изградена во 1841 година, претставува монументална градба, опкружена со ѕидини од делкан камен високи 4 метри. Ентериерот на црквата е дело на легендарниот Димитрие Перкоски (Дичо Зограф) од мијачкото село Тресонче.

Цената на едно ноќевање за двајца со појадок изнесува 50 евра. Ако сакате тука да ја дочекате Новата Година, следнава понуда сигурно ќе ви се допадне – 170 евра за две ноќевања за двајца, полн пасион и вклучен дочек во прекрасниот ресторан.

I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2011 во 16:25
Хотел “Titilaka”, Перу

Перуанско прибежиште со модерен дух на брегот на спокојното езеро Чичикака, “Titilaka” - хотел без маана. Овој хотел е реткост, модерен и луксузен наизглед зафрлен на запуштен полуостров, но со неверојатен спој на двата елемента, модерните дизајни и природата која го опкружува, околината на прекрасните Анди.

Секој од 18-те апартмани со поглед на езерото се луксузно надополнети со топлотни подови и купатила како спа центри со огромни кади за капење.



За планот на патување на гостите целосно се грижи посветениот хотелски консиерж, кој нема да ги изостави археолошките наоѓалишта во околината како “Chullpas de Sillustani” или колонистичките цркви Жупи, Помата и Лампа, а за крајот останува пловењето по мирното езеро Чичикака.

На ова место секој оброк е незаборавно искуство, со свежа пастрмка од езерото, алпака стек од висините и тревки и зеленчук од локалните фарми. Десертот кој е достапен 24/7 преку собната послуга е препорачливо да се конзумира во собите за поголемо "задоволство".






Изменето од ФорумскаБаба - 01.Април.2011 во 16:37
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Март.2011 во 23:38
Во Хонгконг отворен највисокиот хотел на светот

Највисокиот хотел на светот е отворен во Хонгконг, а се наоѓа на највисокиот небодер на планетава, на височина од околу 490 метри.

Хотелот „Ритз-Карлтон“ се наоѓа на 118-ти кат во Меѓународниот трговски центар во Хонгконг.

Овој хотел е отворен вчера и ќе биде еден од најскапите во Хонгконг, каде веќе има огромен број на луксузни хотели, а ноќевање во него ќе чини 770 долари.

- За изградба на хотелот беа потребни 10 години, изјави управникот на објектот Ерве Хумлер.

Кинезите сега сочинуваат околу 35 отсто од гостите на синџирот хотели „Ритз-Карлтон“, додека овој процент пред 14 години изнесуваше само три до четири отсто. 

Хумлер истакна дека очекува овој процент да се зголеми, бидејќи Азија е еден од клучните пазари.
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Март.2011 во 14:38
La Posta Vecchia

la-posta-v-2065

Хотелот има само 19 соби, секоја со оригинален декор. А погледот на Тиренското море и фактот што хотелот е на неверојатна близина до Рим го прават навистина уникатен.

Уживајте во традиционална италијанска кујна во ресторанот “Cesar”, каде оброците ќе ви бидат спремени од зеленчуци, овошје или тревки од приватната градина на хотелот.

Искусете неверојатен третман во спа центарот на хотелот, по прошетка по медитераснкиот брег или многуте блиски историски места.

la-posta-v-2066

la-posta-v-2067

la-posta-v-2068

la-posta-v-2069


Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Март.2011 во 14:36
Hotel Plaza Athenee - Париз


plaza-athenee-paris-2011-1822


plaza-athenee-paris-2011-1823

plaza-athenee-paris-2011-1824

plaza-athenee-paris-2011-1825

plaza-athenee-paris-2011-1826

plaza-athenee-paris-2011-1827

plaza-athenee-paris-2011-1828

plaza-athenee-paris-2011-1829

plaza-athenee-paris-2011-1830

plaza-athenee-paris-2011-1831

цените за едно ноќевање се од 550 евра па нагоретрепкање
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Март.2011 во 14:34
W South Beach Мајами


w-south-beach-hotel-2048

w-south-beach-hotel-2040

w-south-beach-hotel-2041

w-south-beach-hotel-2043

w-south-beach-hotel-2037

w-south-beach-hotel-2038

w-south-beach-hotel-2039

w-south-beach-hotel-2046

w-south-beach-hotel-2047

w-south-beach-hotel-2042

w-south-beach-hotel-2045

w-south-beach-hotel-2049

w-south-beach-hotel-2050

w-south-beach-hotel-2051

w-south-beach-hotel-2052


Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 13>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,375 секунди.