IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - УЕФА Европско првенство
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

УЕФА Европско првенство

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3456>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јуни.2012 во 05:16

ГРЦИЈА БЕЗ НИКАКВА ИГРА СЕ ПЛАСИРАШЕ ВО 1/4 ФИНАЛЕТО.






Грција успеа да ја изненади Русија и со победа од 1:0 успеа да обезбеди место во 1/4 финалето. Русија покрај фуриозниот старт на крај останаа со празни раце.


"Зборнаја" беше лидер во групата А со четири поени и доволно ќе му беше реми за да се пласира во 1/4 финалето. Грција почна со само еден поен, но со победата над Русија и покрај никаквата игра што ја прикажаа обезбедија место во 1/4 финалето.


Дик Адвокат го почна натпреварот во нападот со Кержаков. Единствената промена во составот е Денис Глушаков на местото на Зирјанов.


Во Грчкиот состав има промени во споредба со минатите натпревари. На голот е Сифакис на местото на повредениот Халкиас. ОСвен тоа на теренот не се Холебас, Фиртунис и Фотакис. Наместо нив во игра се казнетиот Папастополус, Цефалас и Гекас. Голот пристигна во судиското продолжение на првото полувреме, кога при едно додавање од аут топката го прескокна Жирков и пристигна кај Карагунис кој беше сигурен во реализицијата.




Првата сериозна шанса дојде упте во 2 минута кога Кацуранис по изведувањето на првиот корнер, со директен удар го затресе Малафеев, кој мораше повторно да ја исфрла топката во корнер. Во 13 минута Кержаков ја имаше првата посериозно шанса за гол, неговито шут заврши само неколку сантиметри од голот.


Во второто полувреме првата посериозна шанса ја имаше Русија. Денисов силно шутираше од 25 метри, но топката заврши неколку сантиметри од голот на Сифакис. Грција во 70 минута се обиде да го дуплира водството, кога Салфелас од слободен удар погоди каде што се спојуваат дирекот и пречката.


Во 75 минута Денисов се обиде да ја врати посакуваната резултатска рамнотежа но Сифакис беше сигурен во интервенцијата. Русија најблиску до израмнување дојде во 82 минута кога по еден центаршут на Аршавин, Џагоев со глава ја почеша подалечната статива.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јуни.2012 во 05:18

ЈИРАЧЕК ГИ УНИШТИ СОНИШТАТА НА ПОЛСКА






Не многу интересен но тврд натпревар одиграа репрезентациите на Чешка и Полска. Воглавно тоа можеше и да се очекува од натпреварот од последното коло во групата А. Екипите сакаа победа како би обезбедиле пласман меѓу осумте најдобри на Европското првенство. На крајот резултатот на стадионот „Мунципал“ во Вроцлав беше 1:0 во корист на Чешка. Стрелец во 72 минута беше Петр Јуричек играч на Волфсбург. Поради тоа пласман во четвртфиналето на ЕУРО 2012 обезбедија чесите со шест бодови од три натпревари. На другата страна полјаците не успеаа како домаќини да остварат историски успех и да се пласираат меѓу осумте најдобри тимови на стариот континент. Полјаците играа три натпревари, да пати ремизираа и еднаш загубија. 

Воведните моменти им припаднаа на полјаците. Екипата на Смуда сакаше да постигне гол што побрзо, па нападите кон голот на Чех се менуваа прилично брзо. Сепак ниеден шут озбилно не го загрози голот на европскиот првак Челси. После 30 минути чесите се ослободија од притисокот и почнаа озбилно да напаѓаат. Меѓутоа секоја од тие шанси може да се опише како полушанса. Голманите беа внимателни, но не и на големи искушениа. 

На полувремето селекторите Билек и Смуда ништо не сменија, но во 55 минута шанса доби Росицки. Доминацијата во тие моменти воспоставија формалните домаќини на овој натпревар, но гости во Полска. На друга страна полјаците беа прилично нервозни што се виде во големиот број на прекршоци. Во 65 минута Титон одлично го одбрани ударот со глава на Сивок. Чесите тогаш можеа да жалат за неискористената шанса од два-три метри. Во 68 минута од дваесетина метри шутираше Барош, но Титон одбрани. А потоа во 72 минута грешка на Муравски на средината на теренот. Следеше контранапад кој го круниса Јирачек. Барош ја додаде топката до Јирачек на левата страна, а овој го избегна чуварот и го совлада Титон. Веднаш потоа Муравски беше заменет. Набрзо уследија посилни напади на Полска, но чесите знаеа да се постават. Се бранеа како што треба, а нападите ги сопираа каде што треба. Воздишки во 86 минута измами Василевски кога со глава шутираше кон голот на Чех. Сепак топката ја прелета пречката. За да до крајот биде поинтересно се погрижија полјаците, но гужвата во четвртата минута од судиското надопонување не изроди гол и промена на резултатот.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јуни.2012 во 05:05

РОНАЛДО ЗБЕСНА, ПОРТУГАЛИЈА ВО 1/4 ФИНАЛЕТО







Португалија успеа да обезбеди место во 1/4 финалето совладувајќи ја репрезентацијата на Холандија со 2:1,  со двата гола на Роналдо. Голот за Холандија го постигна Ван Дер Варт.


Ван Марвик го започна натпреварот со неколку измени во стартните единаесетмина. Хунтелар го предводеше нападот, подржан од Робен, Снајдер и Ван Перси. На местото на Ван Бомел стартуваше Ван дер Варт. Паоло Бенто започна со истиот состав како и на предходните два меча.


Првата чиста шанса за гол ја имаше Португалија кога Бруно Алвес во првата минута не успеа да ги погоди рамките на празниот гол на Стекеленбург при една мешаница од корнер.


При ваквиот пропуст на Португалците тимот на Холандија успеа да дојде до водство кога во 12 минута Ван Дер Варт биеше прецизно во спротивниот агол на голот на Патрисио.



По голот на Ван дер Варт играта на Холанѓаните стивна. Само три минути по погодокот на Ван Дер Варт, Кристијано Роналдо ја погоди стативата на голот на Стекеленбург. Следната можност ја пропушти Постига кој по едно погрешно додавање од холандските дефанзивци излезе сам пред голманот на Холандија но биеше непрецизно. Шанса да го израмнат резултатот пропуштија и Раул Меирелеш и повторно Постига. Најубавата шанса ја имаше Роналдо кога биеше со глава кога Стекеленбург беше на вистинската позиција и го одбрани ударот.


Израмнувањето дојде во 28 минута кога Переира одлично го проигра Роналдо кој успешн и избега на бледата холандска одбрана и со одмерен удар го израмни резултатот.



Покрај израмнувачкиот гол, Португалија беше поактивната екипа од остатокот на полувремето и имаа неколку одлични можности да направат пресврт.


Влар ја имаше првата шанса да ја доведе Холандија во водство кога во 53 минута по еден корнер не успеа да ја насочи топката кон голот на Патрисио. Португалија постигна гол во 58 минута но беше поништед поради офсајд.


Нани имаше шанса да го реши патникот уште во 72 минута кога по едно одлично проигрување од Роналдо шутираше само во Стекеленбург.


Но две минути подоцна Нани му врати на Роналдо за предходната шанса, кога одлично го проигра преку тројца холадски дефанзивци, и овој пат Роналдо со еден одмерен шут ја донесе Порутгалија во водство.


Ван дер Варт имаше можност да и ја врати на Холандија надежта дека може да оди понатака, кога шутираше во 82 минута, но само во стативата.


Роналдо имаше можност да го зголеми водството на Португалија и да постигне хет-трик кога во 90 минута шутираше од 20 метри повторно во стативата.


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јуни.2012 во 05:09

ГЕРМАНИЈА JA ПРОДОЛЖИ СЕРИЈАТА НА ПОБЕДИ






Германците со победата од 2:1 против Данците си обезбедија четвртфинале на Европското првенство во Полска и Украина.

„Панцерите“ со максимални девет бода одат понатаму, од групата која по жрепката беше прогласена за група на `смртта`.

Во препознатлив стил, со доста пасови и движење со топка, Германците беа господари на теренот од почетокот на мечпт, а создадоа и неколку зрели шанси и удари кон голот на Данска.

Првиот гол падна во 19 минута, по одлична комбинација меѓу Езил и Милер по десната страна, по што следеше центаршут кон Марио Гомез, кој проследи до Лукас Подолски, а тој од неколку метри го совлада Андерсен за 1:0.

Данците се за секоја почит, затоа што не му се дадоа на надмоќниот противник, па пет минути подоцна изедначија по корнер, а Крон Дели го матир Нојер за 1:1.

Второто полувреме Данците беа затворени во класичен бункер, а Германците кружеа околу голот со топката.ање на Езил, Ларс Бендер од втор план стана јунак на Германија и со 2:1 ја одведе во четвртфинале.

Германија во четвртфиналето игра против Грција, на 22 јуни во 20.45 часот.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јуни.2012 во 05:06

ИТАЛИЈА ЗАСЛУЖЕНО ВО 1/4 ФИНАЛЕТО







Италија обезбеди пласман во 1/4 финалето, благодарение на победата над Ирска од 2:1 и поразот на Хрватска од 1:0 против Шпанија. Головите за Италија ги постигнаа Касано и Балотели, двајцата по корнерите од Пирло.


Италија беше тимот кј повеќе ја имаше топката во нозето во првото полувреме, но на почетокот "аѕурите" делуваат нестрпливи и тешко создаваа чисти шанси. ВО 2 минута Де Роси се обиде со волеј удар но топката заврши покрај голот. Во 18 минута Балзарети шутира од далечина но топката заврши над голот. Десет минути покасно Касано упади удар од внатрешноста на шеснаесетникот но топката се одби, Ди Натале ја прибра одбиената топка, шутна но ударот заврши во еден од одбранбените играчи на Ирска.


Во продолжение на натпреварот Италијанците вршеа се повеќе притисок. Во 30 минута шут на Ди Натале кој заврши во телото на Сент Леџер. Во 34 минута повторно Ди Натале се извлече на Ирската одбрана, успеа да го помине Шеј Гивен и шутираше од мртов агол но еден одбранбен играч ја исчсити топката од гол линијата. Една минута подоцна Касано шутира од далечина но Шеј Гивен доста несигурно ја одбива топката во корнер. Голот доаѓа по корнерот во 37 минута кога Касано успеа да издигне највисоко и со глава го матираше Шеј Гивен за 1:0 за Италија.




Во почетокот на второто полувреме "аѕурите" почнаа агресивно и во 48 минута шутираше непрецизно. Во продолжение Ирска се разбуди и во 50 минута Кевин Дојл шутираше од далеку, а потоа во 53 минута Дан бие со глава но неуспеа да го совлада Буфон. Во 55 минута Ди Натале шутира од блиску но Шеј Гивен интервенира. Маркизио ја има наредната шанса шутирајќи само покрај голот.


Во 60 минута Кит Ендрујс упатува удар од 25 метри но само во рацете на Буфон. Италија враќа преку Диаманти во 66 минута но не го загрози голот на Гивен


Во наредните минути Ирска ја пренесе играта во половината на Италија. Во 78 минута голманот на "Аѕурите" мораше да ги покажува своите голмански способности при шутот од слободниот удар на Кит Ендрујс.


Во 90 минута Марио Балотели при еден корнер постигна еден прекрасен гол со полуножички.




Италија ја заврши групата како второ пласирана и во 1/4 финалето ќе игра против најдобриот од групата Д, која ќе ја добие својата разврска утре.


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јуни.2012 во 05:07

ШПАНИЈА НЕ ДОЗВОЛИ ИЗНЕНАДУВАЊЕ






Хесус Навас во завршницата од мечот против Хрватска,не дозволи изненадување и овозможи на Шпанија прво место на табелата и четвртфинале.

Кога Хрватите очекуваа да се свири офсајт, Иниеста ја прифати топката и ја додаде до Навас, кој само помина крај застанатиот Плетикоса и ја смести топката во мрежата.

Хрватска во последните дваесет минути играше само напад, и успеа да створи две - три убави прилики за гол, но не успеа да го совлада Икер Касиљас.

Селекторот на Хрватска, Славен Билиќ, внесе само класични напаѓачи, со цел да стигне до гол што ќе ги однесе Хрватите во четвртфинале, но не успеа во намерата.

Мора да се признае, дека актуелниот светски и европски шампион Шпанија, не беше на висина на задачата, па Хрватите покажаа подобра игра.

Во првиот дел од мечот немаше стопроцентни прилики, но имаше неколку обиди од европскиот и светски шампион. Шпанците и Хрватите се обидуваа да ги загрозат голманите од тешки позиции.

Хрватска успеа да се одбрани со наметнатата бункер игра , додека избраниците на Дел Боске имаа посед на топката, напаѓаа и шутираа, но не успеваа во тие обиди да го совладаат Стипе Плетикоса.

Сепак резултатот од 0:1 ги одведе Шпанците во четвртфинале заедно со Италија од оваа група, која ја победи Република Ирска со 2:0
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јуни.2012 во 05:22

АНГЛИЈА КАКО ПРВОПЛАСИРАНА ВО 1/4 ФИНАЛЕТО






Англија си обезбеди место во 1/4 од Европското првенство во Полска и Украина, и тоа како прво пласирана во групата Д, благодарание на победата над Украина од 1:0 со голот на Вејн Руни, како и на поразот на Франција од Шведска од 2:0.


Домаќините го почнаа активно мечот и во 7 минута Гармиш шутира од далечина но топката заврши над голот. Неколку минути подоцнаСелин одлично се проби по левата страна и успеа да го пронајде Девич во казнениот простор но Скот Паркер успеа да го изблокира неговиот шут. Особено активни беа крилата на Украина Јармаленко и Конопјанка. 


Постепено избраниците на Рој Хоџсон ја иснесуваа играта од својата половина и почнаа да го притискаат пртивникот. Вејн Руни имаше две одличлни шанси да ја доведе Англија во водство, најпрво по центашутот на Џерард од слободен удар, а потоа по одличното нафрлање од Ашли Јанг.


Второто полувреме почна активно за англичани кои го открија резултатот уште во 49 минута. По еден одличен дриблинг и центаршут од Џерард, топката се одби од двајца Украински играчи, голманот Пјатов не успеа да ја прибере, и на вистинско место се најде Вејн Руни кој само ја смести во мрежата на Украинците.




Во 60 минута, Украина за помалку од 2 минути имаше две одлични шанси да го израмни резултатот. Најпрво Милевски од 5 метри по еден одличен центаршут биеше над голот, за потоа на Украинците да им биде пониште чист погодот. По еден контра напад на Украина, Милевски одлично се ослободи од Тери, шутираше, Харт успеа да ја закачи топката но не доволно да ја спречи. Топката потоа се одби од Тери и заврши зад линијата, Но Џон Тери успеа да ја извади со еден лизгачки старт пред судијата да види дека ја поминала последната линија.





До крајот двата тима создадоа уште неколку шанси за гол, но нови погодоци немаше.


Англија со ваков пласман успеа да го избегне Светскиот и европски шампион Шпанија во 1/4 финалето, но тоа не значи дека нема да има сериозна пречка за понатамошен прогрес во второпласираната од групата Ц, Италија.





Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јуни.2012 во 05:23

ФРАНЦИЈА И ПОКРАЈ ПОРАЗОТ ВО 1/4 ФИНАЛЕТО






Тимот на Франција и покрај поразот од Шведска од 2:0, успеа да се пласира во 1/4 финалето на Европското Првенство во Полска и Украина. Головите за првата победа на турнирот на Шведска ги постигнаа Златан Ибрахимовиќ во 54 минута и Ларсон во 90 минута.


Франција како второпласирана во својата група во 1/4 финалето ќе се сретне со Светскиот и европски шампион Шпанија која заврши на првата позиција во групата Ц.


Во еден натпревар кој за Шведска немаше никакво натпреварувачко значење, Швеѓаните прикажаа фудбал достоен за во 1/4 финалето. Успеаа да ја совладаат Франција со 2:0 со двата голови постигнати во второто полувреме. Во 54 минута Златан Ибрахимовиќ по еден одличен центаршут со полуножички од пеналтикот ја доведе Шведска во водство.


Ларсон со гол во 90 минута само ја потврди победата на Шведска која и покрај тоа што испаднаа можат да бидат задоволни од прикажаното и да се надеваат на подобар пласман на наредното големо натпреварување.





Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јуни.2012 во 05:12

ПОРТУГАЛИЈА ВО ПОЛУФИНАЛЕТО!






Прв полуфиналист на Европското првенство е Португалија. Со голот на Криситијано Роналдо во финишот од натпреварот селекцијата на Пол Бент го скрши отпорот на Чешка и со триумфот од 1:0 избори пласман меѓу четирите најдобри екипи. Покрај постигнатиот гол, Роналдо два пати ја погоди стативата.

Чесите во првото полувреме одлично му се спротиставија на фаворизираниот ривал, кој поголемиот дел од своите акции ги градеше за првата звезда на тимот Роналдо.

Секако тоа за селекцијата на Чешка не беше никакво изненадување, па со одлична постава на играта успеаа да ги неутрализираат акциите на португалците.

Сепак после пола сат игра, Роналдо стана нешто поконкретен. Во 31 минута имаше одличен обид со ножички, но не беше прецизен.

Шест минути покасно се повреди Постига, не можеше да го продолжи натпреварот, па шанса доби Алмеида.

А во 40 минута го видовме најдобриот потег во првиот дел и најдобрата шанса за гол. Роналдо одлично прими долга топка во казнетиот простор на Чешка, се добро направи, одлично се ослободи од чуварите, но Чех овој пат го спаси стативата.

И на почетокот на второто полувреме, Роналдо погоди статива, но од слободен удар од преку 25 метри.

Во 58 минута мрежата на Чех конечно се затресе, но Алмеида беше во офсајд и погодокот беше поништен.

И во продолжението гледавме иницијатива само на португалците и организирана одбрана на Чех, а конкретната игра на селекцијата на Пол Бент донесе резултат во 80 минута.

Мутињо се проби по десната страна, одлично центрираше во казнетиот простор на Чешка, каде на право место беше Роналдо, кој со одличен удар со глава успеа да го матира Чех - 0:1, заслужено водство на Португалија!

Место Чешка да проба да дојде до изедначување во финишот и понатаму гледавме напади на португалците кои до крајот успеаа да ја задржат минималната предност и да изборат пласман во полуфиналето.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јуни.2012 во 00:00

ГЕРМАНИЈА ГИ СКРОТИ ГРЦИТЕ

Втор патник помеѓу најдобрите четири на Европското првенство во Полска и Украина е репрезенацијата на Германија откако очекувано ја надигра Грција и славеше со 4:2 и во полуфиналето го чека подобриот од четвртфиналниот дуел помеѓу Англија и Италија

Како што и се очекуваше, Германците им покажаа на Грците кој е кој во Европа. Репрезентацијата на Грција повторно се обиде да изненади со својата дефанзивна тактика и контра нападите, но Германија не дозволи сензација.

И покрај тоа што селекторот Јоаким Лев се реши да одмори немоколку првотимци како Гомез, Милер и Подолски, Германија имаше целосна контрола и доминираше во текот на целиот натпревар.

Грчкиот бедем беше срушен во 38-та минута по одличниот продор по левата страна и прекрасниот гол на капитенот Филип Лам.

Германија продолжи да напаѓа и во второто полувреме, но беа накратко шокирани во 55-та минута кога по брза контра Салпингидис одлично го пронајде Самарас пред голот кој успеа да го совлада Ноер.

Сепак нивното славје траеше само пет минути откако Сами Кедира со убав гол ја врати Германија во водство, а во 68-та минута Мирослав Клосе со глава ја зголеми предноста на 3:1.

На петнаесетина минути до крајот, Марко Ројс со „бомба" ја потврди победата, а на една минута до крајот Салпингидис само намали од белата точка.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2012 во 05:53

МАМА МИА! ИТАЛИЈА Е ВО ПОЛУФИНАЛЕТО







По највозбудливиот натпревар на Европското првенство, репрезентацијата на Италија е последниот патник во полуфиналето на Европското првенство во фудбал, откако ја совлада Англија по изведувањето на пенали во четвртфиналето со 4:2. 

По 120 минути одличен меч, во кој тимот на Чезаре Прандели доминираше, напаѓаше и имаше стоотстотни шанси, Во регуларниот дел на натпреварот Балотели најмногу шутираше, но среќата не го сакаше, па два пати погоди статива, а другите удари одеа над голот. Резултатот остана 0:0, што ги одведе овие европски гиганти до решение на пенали.

Пенал рулетот го отвори Балотели со погодок, веднаш по него погоди и Жерард за Англија. Втората серија ја отвори Монтоливо и го промаши целиот гол, Руни погоди за водство на Англија по две серии.

Во третата серија Пирло мајсторски ја поткопа топката, а Ешли Јанг ја погоди пречката и така Италија се врати резултатски, за во четвртата серија Ночерино да ја доведе и во водство кое  Ешли Кол не го анулираше, Буфон му го одбрани ударот. Во последната серија Диаманти погоди за огромна радост на „Аѕурите“ и славје на Олимпискиот стадион во Киев.


Следуваат два дена пауза, во среда во украински Доњецк се игра првото полуфинале помеѓу Шпанија и Португалија, додека во четврток во полската престолнина Варшава за влез во финалето ќе се борат Германија и Италија.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јуни.2012 во 05:00

„ФУРИЈАТА“ ОД БЕЛАТА ТОЧКА ДО ФИНАЛЕТО






На Донбас Арената во Доњецк одлука за првиот финалист на Европското првенство падна после изведување на пенали. Во натпревар од кој повеќе се очекуваше после 120 минути игра беше 0:0, за да после пенал-серијата Шпанија сепак ја оправда улогата на фаворит! Во регуларните 90 минути нешто подобар впечаток остави Португалија, за да во продолженијата Шпанија ги створи своите најдобри шанси.

Првата шанса на овој натпревар видена е веќе во деветата минута кога Арбелоа изненадно се најде во изгледна ситуација, но од некои дванаесет метри топката ја прати преку голот.

Шпанците во првите петнаесет минут во свој стил ја контролираа ситуацијата на теренот имаа поголем посед на топката, но како времето минуваше се почесто топката ја гледавме на нивната половина.

Нани за разлика од некои претходни натпревари делуваше значително подобро во екипата на Португалија, расположен беше и Роналдо кој после дваесетина минути почна и со ефективни додавања со пета...

Сепак до нова шанса повторно дојдоа Шпанците во 27 минута кога Иниеста од ивицата на казнетиот простор проба да го лобува Патрисио но замалку беше непрецизен.

Четири минути покасно возвраќа Роналдо истотака од ивицата на казнетиот простор, покрај Пике и Рамос, но топката поминува покрај левата статива.


После само осум минути во вториот дел Винсет Дел Боске се откажа од „експериментот“ со Негредо во нападот. Секс Фабрегас доби шанса, шпанците сакаат повторно да воспостават препознатлива доминација на средината на теренот, но Роналдо и другарите многу брзо покажуваат дека овој пат тоа нема да оди така лесно.

Во 56 минута брз напад на Португалија, го завршува Алмеида со шут од преку дваесет метри, а топката оди преку голот. Две минути покасно нова акција на Роналдо и Алмеида кој повторно шутира кон голот на Касиљас и повторно непрецизно.

Конечно во 68 минута шпанците пробиваат низ средината, на Чави му се отвара простор шутира од некои осумнаесет метри но право во голманот Патрисио.

Четири минути покасно Роналдо изнуди слободен удар на триесет метри од голот на Касиљас, потоа и шутира- силно но топката завршува над пречката.

Во 76 мниута се отвара простор за Мутињо и Нани пред шеснаесетникот на Шпанија, но прво Мутињо можеше побрзо да реагира, за да потоа „успаниот“ Нани дозволи дефанзивците на Шпанија да го изблокираат.

И во следните минути Португалија е блиску до голот воглавно од прекини, а најизгледна позиција беше за Роналдо во 83 минута кога од нешто повеќе од 20 метри повторно шутира преку голот.

НО каква прилика пропушти Роналдо во 90 минута! Контра на Португалија четири на три, Велосо повлече, потоа Меирелеш ја праќа топката на лева страна кон Роналдо кој шутира покрај Пике но непрецизно - топката завршува покрај голот. Најдобра шанса во досегашниот тек на натпреварот.

Следеа продолжетоци, а во нив најдобра шанса за Шпанците од почетокот на натпреварот! Алба одлично го запосли Иниеста кој од неколку метри од голот не успева да го совлада Патрисио. Голманот на Португалија одлично реагираше.

Во 110 минута уште една одлична интервенција на Руи Патрисио ја спасува Португалија. Овој пат Навас се проби по десната страна, влезе во казнетиот простор, шутираше по земја во спротивниот агол, но голманот на ПОртугалија со помош на Пепе успеа да ја сочува својата мрежа.

Во 114 минута резервистот Пепе и побегна на одбраната на Португалија, но Конетрао го стигна и со одлична интервенција спречи водство на „Фуријата„

Беше тоа и последната шанса на овој натпервар, остана 0:0 и за финалистот ќе одлучуваат пенали!

Чаби Алонсо шутира прв - брани Руи Патрисио!

Мутињо за Португалија - брани Касиљас!

Втора серија: Иниеста - 1:0 за Шпанија.

Пепе шутира - 1:1!

И Пике е сигурен - 2:1!

Нани под пречката 2:2!

Серхио Рамос маестрално 3:2 за Шпанија!

Бруно Алвеш ја погодува пречката, а Фабрегас погодува за пласман на Шпанија во финалето - 4:2!

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јуни.2012 во 19:30

ДЕЛ БОСКЕ ПИШУВА ИСТОРИЈА






Шпанскиот селектор, Винсенте Дел Боске, во недела може да влезе во историјата на фудбалската игра. Имено, Дел Боске, може да стане првиот тренер, кој во кариерата освоил пехари на Светско и Европско првенство, како и во Лигата на шампиони. 

Првите големи трофеи во кариерата Дел Боске ги освои во 2000 и 2002 годдина кога како тренер на Реал победуваше во Лигата на шампиони. Искусниот тренер во 2010 година со „Црвената фурија“ ја освои светската титула на шампионатот во Јужна Африка. 

Единствен тренер на кого му успеало да ја освои светската и европската круна е Хелмут Шен, тој со Германија победи на ЕП во 1972 и СП во 1974 година. 

Во друштво на Дел Боске и Шен може да се приклучи и Марчело Липи, кој со Јувентус ја освои Лигата на шампиони, а со Италија титулата на СП во 2006 година. 

Финалниот натпревар на Еуро 2012 ќе се одигра на 1. јули, во Киев, со почеток во 20:45 часот
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јуни.2012 во 19:31

КАСИЉАС ПРЕД НОВ РЕКОРД






Голманот на Шпанија, Икер Касиљас во недела во финалето на Евро 2012 во Полска и Украина ќе има можнсот да постави нов рекорд за најмногу победи во дресот на националниот тим во историјата на фудбалот. Ако Шпанија ја победи Италија во финалето на Евро 2012, Касиљас ќе ја прослави својата 100-тта победа во националниот тим. Касиљас и во актуелниот момент има најмногу победи на национално ниво. Во мај оваа година, тој ја забележа својата 95-та победа во пријателскиот натпревар со Република Кореја, кој заврши со резултат 4:1 во корист на Шпанија. Со оваа победа, тој ги надмина дотогашните рекордери - Французинот Лилиан Торам и Ахмед Хасан (Египет).


Потоа Шпанија ја победи Кина, а во рамките на Евро 2012 забележа победи и над Ирска, Хрватска и Франција. Портпаролот на холандската компанија,"Инфострада" прогласи дека натпреварите завршени со победа на пенали не се сметаат во оваа смисла за победи. Со Касиљас во својот стостав, Шпанија има остварено три победи на пенали. 31-годишниот голман на Шпанија беше капитен на тимот при освојување на титулите од Евро 2008 и Светското првентство во 2010 година.


Листа топ 10:

1.Икер Касиљас (Шпанија) - 99 победи,

2.Ахмед Хасан (Египет) - 94 победи,

3.Лилиан Торам (Франција)

4.Мохамед Ал-Деаје (Саудиска Арабија) - 89 победи ,

5.Али Деији (Иран),

6.Кафу (Бразил) - 88 победи,

7.Клаудио Суарез (Мексико) - 87 победи,

8.Лотар Матеус (Германија) - 85 победи,

9.Хавиер Занети (Аргентина) - 83 победи,

10.Роберто Карлос (Бразил).


Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3456>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,375 секунди.