Испечати | Затвори го прозорот

УЕФА Европско првенство

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Спорт
Име на форумот: Фудбал
Опис на форумот: Лига на шампиони, првенства, репрезентации...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=23163
Датум на принтање: 28.Април.2024 во 15:26
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: УЕФА Европско првенство
Постирано од: емил
Наслов: УЕФА Европско првенство
Датум на внесување: 03.Септември.2010 во 06:50
http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/6/6c/UEFA_Euro_2012_en.svg">Файл:UEFA%20Euro%202012%20en.svg  
 
Денес почнуваат  квалификациите за Европското првенство преку 2012 во Полска и Украина.Мечевите ќе се играт на осум стадиона (во Гданск,Познан,Варшава и Вроцлав Полска и Донецк,Лвов,Киев и харков Украина) и првенството почнуваа на 8 јуни и ќе заврши на 1 јули.
 
  



Коментари:
Постирано од: емил
Датум на внесување: 03.Септември.2010 во 06:52

Израел ги отвори квалификациите за ЕП со побeда

http://www.makfax.com.mk/_user/1/profile -
 

Фудбалерите на Израел во првиот меч од квалификациите за Европското првенство 2012 г. во Украина и Полска, во четврток навечер ја совладаа Малта со 3:1, со хет-трикот на Бенајун

Во натпреварот од квалификациската Група Ф која се одигра во Рамат Ган, Израелците поведоа уште во седмата минута со голот на поранешниот играч на англиските премиерлигаши Вест хем и Ливерпул, а сега член на шампионот Челзи, Јоси Бенајун.

Малтежанците кои и по седмиот меѓусебен дуел со Израел немаат забележано победа, успеаја само да изедначат преку Џими Пејс  во 38. минута. Во вториот дел Бенајун во 64. минута од пенал на домашните им донесе ново водство а во 75. минута го постави конечниот резултат.

Инаку во оваа група пласман за Европскиот фудбалски шампионат во 2010 г. ќе се обидат да изборат Хрватска која во петок го игра во Рига својот меч Латвија, како и поранешниот европски првак Грција која во Пиреа утре ја пречекува Грузија



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 03.Септември.2010 во 21:07

Ирска поведе во нашата група со победата над Ерменија

 

Во последниот период од мечот против Ерменија, ирските фудбалери  на гости успеаја да ја забележат првата победата во квалификацискиот циклус за Еуро 2012.

Репрезентацијата на Република Ирска победи вечерва во Ереван со голот што во 76. минута го постигна Ките Фејхи, кој влезе во игра само осум минути претходно, како замена за Ејдн Мекгиди од московски Спартак.

Покрај оваа средба од нашата квалификациска група Б, вечерва до 20.30 часот македонските репрезентативци на стадионот „Пасијенски“ во Братислава, ќе и гостуваат на Словачка. Во  третиот меч од групата, Русија и гостува на Андора, каде ќе ја бодрат околу 500-ини навивачи



-------------


Постирано од: pagane
Датум на внесување: 03.Септември.2010 во 21:09
Во многу убава група е БГ...пак сме Алиса во страната на чудесатазабава


Постирано од: емил
Датум на внесување: 03.Септември.2010 во 21:11
И веќе Англија ни води со 1-0 смеење

-------------


Постирано од: pagane
Датум на внесување: 03.Септември.2010 во 21:21
даj те молам...што има да зборуваме...
jас одсега можам да кажам краjниот резултат во група Gзабава


Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 05.Октомври.2010 во 16:46

Утврден распоредот на натпреварите за ЕУРО 2012

Извршниот комитет на УЕФА на состанокот одржан во Минск го утврди календарот за Европското првенство што во 2012 година ќе биде одржано во Полска и Украина.

Чинот на свеченото отворање ќе биде на 8-ми јуни во Варшава додека финалето е предвидено за 1-ви јули во Киев. Полуфиналните мечеви ќе бидат реализирани во Варшава и Доњецк на 27-ми јуни додека средбите од четврфиналето ќе биде комплетирано во терминот од 21-ви до 24-ти јуни во Варшава, Гдањск, Доњецк и Киев.

Најмногу натпревари вкупно пет ќе бидат реализирани на стадионите: Варшава, Киев, Доњецк, во четири наврати ќе се користи стадионот во Гдањск а по три пати селекциите ќе бидат активни на стадионите во Вроцлав, Позњан, Лвов и Харков.


-------------
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.


Постирано од: Marko Polo 1
Датум на внесување: 06.Октомври.2010 во 20:05


Vaka izgledaat renderite na Polskite stadioni za EP 2012...

Gdansk    Varsava
Poznan    Vroclav

-------------
Incredible Blue


Постирано од: Marko Polo 1
Датум на внесување: 06.Октомври.2010 во 20:09





Donbas Arena na Shahtjor, Donjeck

-------------
Incredible Blue


Постирано од: емил
Датум на внесување: 09.Октомври.2010 во 09:43

Србија доби фудбалска лекција од Естонија

 
Извор: АP
Фудбалската репрезентација на Естонија го направи најголемото изненадување во натпреварите од третото квалификациско коло за пласман на Еуро 2012.

Среде Белград, Естонија на безидејната Србија, на чија клупа дебитираше селекторот Петровиќ, и одржа фудбалски час и забележа заслужена победа од 3:1.

Покрај првата победа на Македонија во овој квалификациски циклус, од дуелите кои се одиграа во третото коло за обележување се победите на Русија во Даблин против Република Ирска, Ерменија над Словачка, како и победата на Гермнија во дербито против Турција. Вредна победа со која со максимален ефект се искачи на врвот во Г групата забележа репрезентацијата на Црна Гора



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 09.Октомври.2010 во 09:44

Група А:
Австрија-Азербејџан 3:0
Германија-Турција 3:0
Казахстан-Белгија 0:2

Група Б:
Андора-Македонија 0:2
Ерменија-Словачка 3:1
Ирска-Русија 2:3

Група Ц:
Северна Ирска-Италија 0:0
Србија-Естонија 1:3
Словенија-Фарски острови 5:1

Група Д:
Албанија-БиХ 1:1
Луксембург-Белорусија 0:0

Група Е:
Унгарија-Сан Марино 8:0
Молдавија-Холандија 0:1

Група Ф:
Грузија-Малта 1:0
Грција-Латвија 1:0

Група Г:
Црна Гора-Швајцарија 1:0
Велс-Бугарија 0:1

Група Х:
Кипар-Норвешка 1:2
Португалија-Данска 3:1

Група И:
Чешка-Шкотска 1:0
Шпанија-Литванија 3:1



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 11.Октомври.2010 во 07:10
Тери ја пропушта Црна Гора /fudbal/anglija/2159-teri-ja-propusta-crna-gora.pdf -   /fudbal/anglija/2159-teri-ja-propusta-crna-gora.html?tmpl=component&print=1&layout=default&page= -   /component/mailto/?tmpl=component&link=aHR0cDovL3Nwb3J0c2tvLmluZm8vZnVkYmFsL2FuZ2xpamEvMjE1OS10ZXJpLWphLXByb3B1c3RhLWNybmEtZ29yYS5odG1s -  

Поранешниот англиски капитен, Џон Тери, нема да биде во можност да и помогне на својата репрезентација во квалификацискиот натпревар против селекцијата на Црна Гора...

Последните неколку недели, дефанзивецот на премиерлигашот Челзи го мачеше повреда на ребрата, а според најновите информации, Тери ја обновил повредата.

Така, италијанскиот стратег на чело на репрезентацијата на Англија, Фабио Капело ќе мора да избира помеѓу стоперите Лескот или Гери Кејхил, за да го најде партнерот на Рио Фердинанд во последната одбранбена линија.

Натпреварот помеѓу Англија и Црна Гора е на програмата утревечер, со почеток од 21:00 часот.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 12.Октомври.2010 во 05:34

Де Роси нема да игра против Србија


Селекторот на фудбалската репрезентација на Италија, Чезаре Прандели, за утрешниот меч против репрезентацијата на Србија, нема да може да смета на услугите на Даниеле де Роси.

На претпладневниот тренинг, играчот од средниот ред се здобил со повреда на мускулот, поради која ќе го пропушти натпреварот.

На местото на Де Роси во средниот ред на „азурите“ покрај Пирло и Маури, шанса за настап најверојатно ќе добие Маркизио.

Италија утревечер во Џенова во рамките на Ц квалификациската група ќе ја пречека Србија



-------------


Постирано од: LiDivio
Датум на внесување: 13.Октомври.2010 во 14:10

Дивеење на српските навивачи во Џенова

   
13.10.2010 11:18
 
 

Нов срам за Србија - поради дивеење на хулиганите прекинат фудбалскиот меч Италија - Србија. Судирите низ улиците на Џенова траеле до доцна во ноќта, а српските навивачи врз полицијата фрлале факели, камења и шипки, а наводно во еден од автобусите биле пронајдени и две бомби.

Во судирите повредени се 16 луѓе, меѓу кои и двајца полицајци. Приведени се 138 навивачи. Меѓу нив според полицијата е и организаторот на дивеењето.

Тој бил пронајден како се крие во багажник на еден автобус, а на градите имал рачна бомба. Претседателот на фудбалскиот сојуз на Србија тврди дека ги предупредил Италијанците, бидејќи изминатите два дена постојано пристигале анонимни закани на сметка на репрезентацијата.

„Ова е инструирано од Белград и ова не е напад на репрезентацијата, туку на државата. Тоа е позадината на целиот инцидент“, изјави претседател на фудбалскиот сојуз на Србија Томислав Караџиќ.

Немирите избиле пред почетокот на квалификацискиот натпревар од група Ц за Еуро 2012, кога навивачите на Србија се обиделе да го нападнат голманот на српската репрезентација Владимир Стојковиќ, затоа што пред еден месец од „Црвена Ѕвезда“ премина во лутиот ривал „Партизан“.

Натпреварот доцнел половина час бидејќи српските навивачи по влезот на стадионот почнале да ја сечат металната ограда и да фрлаат пиротехнички средства на теренот.

Го палеле албанското знаме, а со столчињата ја кршеле оградата од плексиглас, по што фудбалерите биле повлечени во соблекувалните.

Полицијата во меѓувреме ги изолирала српските навивачи на трибините и натпреварот почнал, но за кратко. Само по шест минути игра и фрлени нови факели на терените, шкотскиот судија Крег Томпсон го прекинал.

Според правилата на ФИФА натпреварот најверојатно ќе биде регистриран со службен резултат 3:0 во корист на домаќините, поради инцидентите на гостинските навивачи.

Остри казни го очекуваат и фудбалскиот сојуз на Србија, а освен парична казна, во официјалните документи на УЕФА се споменуваат и играње на неутрален терен, одземање бодови, па и исфрлање од натпреварувањето..



Постирано од: емил
Датум на внесување: 13.Октомври.2010 во 14:30
http://www.makfax.com.mk/#118545 - Станковиќ со солзи го напуштил теренот на „Луиџи Ферарис“

-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 25.Октомври.2010 во 14:22

УЕФА за 11 милиони евра го продала ЕП 2012

Првиот човек на фудбалскиот сојуз на Кипар, Спирос Марангос тврди дека Полска и Украина ја добиле организацијата на Европското првенство 2012 така што подмитиле петмина членови на Извршниот одбор на УЕФА со 11 милиони евра.

Приказната ја открил германскиот весник "Зидојче Цајтунг". Марангос трвди дека има докази за своите обвинувања и дека "две години се обидувал да дојде до Мишел Платини" за да го извести за информациите со кои располага. Неговиот адвокат додал дека сведоците се подготвени под заклетва да сведочат пред суд.
Германскиот неделник пишува дека имаат сведочења во пишан облик и дека ги знаат имињата на петмината за кои Марангос тврди дека земале поткуп. Наведуваат и дека го знааат името и на посредникот кој служел за купување гласови на членовите на Извршниот одбор и кој "бил вклучен во случај на корупција во источна Европа".
Целиот случај од УЕФА го коментираше Џани Инфантино, генералниот секретар: "Ако добиеме докази и материјал ќе покренеме истрага. Во моментов тоа го немаме, па не можам ништо повеќе да ви кажам", изјавил за АФП.
За органиизација на ЕП 2012 кандидати беа Украина и Полска, Хрватска и Унгарија и како самостојна Италија.
Најразочарани беа Хрватите, а наводно претседателот на нивниот фудбалски сојуз, по враќањето од гласањето во ВИП-салонот на загрепскиот аеродром наводно изјавил: "Таа вечер пред гласањето Суркис ги купи гласачите. Колку што знам, осуммина членови на ИО на УЕФА добиле по 1,5 милиони евра, па победата и припадна на Украина и Полска". Марковиќ подоцна изјавил дека тоа се глупости.




-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 30.Октомври.2010 во 08:07
Италија - Србија 3:0, "орлите" два натпревари без публика /fudbal/ostanato/2304-italija-srbija-30-qorliteq-dva-natprevari-bez-publika.pdf -   /fudbal/ostanato/2304-italija-srbija-30-qorliteq-dva-natprevari-bez-publika.html?tmpl=component&print=1&layout=default&page= -   /component/mailto/?tmpl=component&link=aHR0cDovL3Nwb3J0c2tvLmluZm8vZnVkYmFsL29zdGFuYXRvLzIzMDQtaXRhbGlqYS1zcmJpamEtMzAtcW9ybGl0ZXEtZHZhLW5hdHByZXZhcmktYmV6LXB1Ymxpa2EuaHRtbA%3D%3D -  
 

Контролната и дисциплинска комисија на УЕФА ја одреди казната поради прекинот на дуелот помеѓу репрезентациите на Италија и Србија, на 12-ти октомври во Џенова...

Натпреварот е регистриран со службен резултат 3:0 во корист на Италија, а репрезентацијата на Србија е санкционирана со два натпревари пред празни трибини, со тоа што казната за вториот натпревар е условна, на период од две години.

Фудбалскиот сојуз на Србија исто така, поради инцидентот исцениран од нивните навивачи во Џенова, ќе мора да уплати 120 00 евра во касата на УЕФА.

По одлуката на УЕФА, табелата во квалификациската група "Ц" за ЕУРО 2012 изгледа вака:

1. Италија 10 бода;

2. Словенија 7 бода;

3. Естонија 6 бода;

4. Северна Ирска 5 бода;

5. Србија 4 бода; и

6. Фарски острови 1 бод.



-------------


Постирано од: LiDivio
Датум на внесување: 30.Октомври.2010 во 09:17
Заборави да спомнеш дека и Италија ќе игра еден натпревар без публика и ќе плати 100000 евра... голема%20насмевка


Постирано од: емил
Датум на внесување: 29.Ноември.2011 во 18:34
Во Полска и Украина ќе се игра со "Танго 12"

На европското првенсто во фудбал што во 2012 година ќе се одржи  во Украина и Полска ќе се игра со топката на германскиот производител на спортска опрема Адидас, "Танго 12".

На последното ЕП што во 2008 година се одигра во Австрија и Швајцарија се играше со топката "Адидас Еуропас".

 


Постирано од: емил
Датум на внесување: 31.Јануари.2012 во 06:35

ОБЈАВЕН СПИСОКОТ НА СУДИИ ЗА ЕП 2012


 





Европската фудбалска федереација (УЕФА)  на својот сајт го објави списокот со 12 судии кои ке ги водат натпреварите на Европското првенство 2012 година во Полска и Украина.


Тие ке судат на 31 натпревар, а за прв пат во историјата на Европските првенства главните судии ке имаат и “дополнителни помошници“ покрај линиските судии.


Списокот на главните судии го сочинуваат:Џунет Чакир (Турција), Јонас Ериксон (Шведска), Виктор Кашаи (Унгарија), Бјорн Куиперс (Холандија), Стефан Ланоа (Франција), Педро Проенса (Португалија), Никола Рицоли (Италија), Дамир Скомина (Словенија), Волфганг Штарк (Германија), Крег Томсон (Шкотска), Карлос Веласко Карбаљо (Шпанија) и Хауард Веб (Англија).


За “дополнителни помошници“ именувани се: Марцин Борски (Полска), Том Харалд Хаген (Норвешка), Павел Карловец (Чешка) и Виктор Швесов (Украина).


Европското првенство ке се игра од 8-ми јуни до 1-ви јули 2012 година.



Постирано од: емил
Датум на внесување: 31.Јануари.2012 во 06:36

ЕУРО 2012 СТАДИОНИ


 


 

Ждрепката е направена за ЕУРО следното лето 2012 година, Спорт Арена ве води во градовите и стадионите каде ке се играат натпреварите во Полска и Украина 


ПОЛСКА 

ВАРШАВА - Национален стадион, капацитет: 50.000


Европското првенство 2012 ќе биде отворено во Полска на новиот Национален стадион, кој е изграден со 250 милиони евра пари на владата на Полска.Наликува на плетена кошница декорирана со полски знамиња.Варшава, покрај турбулентната историја, е просперитетен град и дом на 1.7 милион жители.

НАТПРЕВАРИ: групна фаза

Петок 8 јуни - Полска - Грција (17:00)
Вторник 12 јуни - Полска - Русија (19:45)
Сабота 16 јуни - Грција - Русија (19:45)
Четврт-финале Четврток 21 Јуни - Победник В финалист Б (19:45)
Полу-финале четврток 28 јуни - Победник QF2 V Победник QF4 (19:45)

ГДАЊСК- Градски стадион Гдањск: капацитет 40.000


Град кој има неколку различни владетели.Гдањск е родното место на 
поранешниот полски претседател Лех Валенса.Дом на фудбалскиот клуб Лехија Гдањск.

НАТПРЕВАРИ: групна фаза

Недела 10 јуни - Шпанија - Италија (17:00)
Четврток 14 јуни - Шпанија - Република Ирска (19:45)
Понеделник Јуни 18 - Хрватска - Шпанија (19:45)
Четврт-финалето Петок 22 јуни - Победник Б В финалист А (19:45)

ПОЗНАН - Општински стадион во Познан: Капацитет 40.000


Дом на фудбалскиот клуб Лех Познан, изграден во 1980 година.Meсто познато во Полска по својата навивачка атмосфера.Еден од најстарите градови во земјата.

НАТПРЕВАРИ : групна фаза

Недела 10 јуни - Република Ирска - Хрватска (19:45)
Четврток 14 јуни - Италија - Хрватска (17:00)
Понеделник 18 јуни - Италија - Република Ирска (19:45)

ВРОЦЛАВ - Општински стадион Вроцлав: Капацитет 40.000


Вроцлав, познат по својата архитектура, е просперитетен трговски центар 
изграден на 12 острови сите поврзани во мрежа од 112 мостови.Новиот стадион, се наоѓа во близина на реката Слеза и е дом на Сласк Вроцлав.Неговиот дизајн наликува на кинески фенер.

НАТПРЕВАРИ: групна фаза

Петок 8 јуни - Русија - Чешка Република (19:45)
Вторник 12 јуни - Грција - Чешка Република (17:00)
Сабота 16 јуни - Чешка Република - Полска (19:45)

УКРАИНА

КИЕВ - Олимписки стадион: Капацитет 60.000


Најголем стадион на шампионатот - има спектакуларно преуредување, освен натреварите од групната фаза тука ке се игра,четврт-финалето и финалето. На овој стадион настапува екипата на Динамо Киев и нашиот репрезентативец Горан Попов, инаку Киев е  главниот град на Украина и најголем град во Украина.

НАТПРЕВАРИ: групна фаза

Понеделник 11 Јуни - Украина - Шведска (19:45)
Петок 15 Јуни - Шведска - Англија (19:45)
Вторник 19 Јуни - Шведска - Франција (19:45)

Четврт-финале

Недела 24 Јуни - Победник Д - победник Ц (19:45)

Финале недела 1 Јули - Победник SF1 V Победник SF2 (19:45)


ЛЕВОВ - Лавов нов стадион: Капацитет 30.000


Дом на Фк Kарпати, Лавов е комплетно новоизграден стадион за европското првенство.Некогаш беше дел од Полска и е родното место на полската фудбалска федерација.

НАТПРЕВАРИ: групна фаза

Сабота 9 Јуни: Португалија - Германија (19:45)
Среда 13 Јуни: Данска - Португалија (17:00)
Недела 17 Јуни: Данска - Германија (19:45)

ХАРКОВ - Стадион на Фк Металист: Капацитет 30.000


Харков втор по големина град во Украина, стадион изграден во 1926 година, дом на Металист, изграден како мулти-спортски комплекс, локално позната како "Пајак Арена" затоа што потсетува на пајажина.

НАТПРЕВАРИ: групна фаза:

Сабота 9 Јуни: Холандија - Данска (17:00)
Среда 13 Јуни: Холандија - Германија (19:45)
Недела 17 Јуни: Португалија - Холандија (19:45)

ДОЊЕЦК - Донбас Арена: Капацитет 50.000


Ултра модерна арена, изградена по цена од 290 милиони евра, ќе биде домаќин на три натпревари од групата, четврт-финале и полу-финале. Меѓу неговите импресивни карактеристики, домот да Шахтјор однадвор е осветлен и има инфрацрвен систем за греење. Се наоѓа во центарот на градот.

НАТПРЕВАРИ: групна фаза:

Понеделник 11 Јуни: Франција - Англија (17:00)
Петок 15 Јуни: Украина - Франција (17:00)
Вторник 19 Јуни: Англија - Украина (19:45)

Четврт-финале

Сабота 23 Јуни: Победник C - финалист Д (19:45)

Полу-финале

Среда 27 Јуни: Победник - Победник KF3 KF1 V (19:45)


Постирано од: емил
Датум на внесување: 31.Јануари.2012 во 06:38

Група А:
Полска
Грција
Русија
Чешка

Група Б:
Холандија
Данска
Германија
Португалија

Група Ц:
Шпанија
Италија
Ирска
Хрватска

Група Д:
Украина
Шведска
Франција
Англија



Постирано од: емил
Датум на внесување: 03.Март.2012 во 14:51



Сите учесници на Европското првенство 2012 на 100 дена пред стартот на шампионатот во Полска и во Украина веќе ги промовираа своите нови дизајни на дресовите за настап на собирот на најдобрите селекции од Стариот континент.

 

Голем дел од нив промовираа нов врвен квалитет кој треба да се прилагоди на се понагласено зголемените физички капацитети на фудбалерите...

 

 

 

 

 




-------------


Постирано од: gonzo
Датум на внесување: 03.Март.2012 во 16:27
Што е оној прашалникот на дресот на Шведска?

-------------
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.


Постирано од: емил
Датум на внесување: 03.Март.2012 во 16:32
Уште се чудат дали тоа ќе им биде резервниот дрес .

-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 09.Мај.2012 во 06:57

http://www.kurir.mk/sport/fudbal/70189-Sok-za-Spanija-Pujol-ne-igra-na-EP" rel="nofollow - Шок за Шпанија, Пујол не игра на ЕП

Пред крајот на предпоследниот лигашки меч на кој Барселона го совлада Еспањол со 4:0, Пујол се пожали на болки во коленото, а прегледите покажаа дека ќе мора на операција. 

Искусниот 34-годишен дефанзивец на Барселона, Карлес Пујол вчера дозна лоша вест откако направи детални прегледи на десното колено. Играчот на Барса веќе на 12-ти мај ќе мора на артроскопска операција, по која опоравувањето би требало да трае околу шест недели.

Ова секако е лоша вест за селекторот на Шпанија, Висенте дел Боске кој останува без многу битен играч во одбраната за ЕП, додека Барселона без него ќе ги одигра дулите против Бетис во последното коло од Примера и против Атлетик Билбао во финалето на Купот на кралот. 

Исто така под голем знак на прашалник е настапот и на Давид Виља чие опоравување се уште трае. Инаку, на ЕП кое ќе се одигра летово во Полска и Украина, селекцијата на Шпанија се наоѓа во група со Хрватска, Италија и Р.Ирска



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 12.Мај.2012 во 15:46
http://gong.bg/view_article.php?article_id=270219" rel="nofollow - Гола жена проба да открадне пехарот на Европското првенство   



-------------


Постирано од: LiDivio
Датум на внесување: 31.Мај.2012 во 19:08
газење од смеењеголема насмевка
 


-------------


Постирано од: Marko Polo 1
Датум на внесување: 31.Мај.2012 во 20:34
Originally posted by LiDivio LiDivio напиша:

газење од смеењеголема насмевка
 





WOW... Vidi gi Hrvative zamotani u srpski orli... jbt, sto ti e Balkan... cas se mrazat, cas si se obozavaat edni drugi...   

-------------
Incredible Blue


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 03.Јуни.2012 во 19:49
http://euro2012.tportal.hr/hrvatskikutak/197473/Xavijeva-dijagnoza-Hrvati-su-zvijeri.html" rel="nofollow - Чави за Хрватите

-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: емил
Датум на внесување: 05.Јуни.2012 во 05:56

ИБРА: ТИТУЛАТА НА ЕВРО ПОВАЖНА ОД СЕ!!!







Титулата на европското првенство е поважна од сите други трофеи, трврди шведскиот репрезентативец Златан Ибрахимовиќ.


Тој има освоено титули во националните првенства во Холандија, Италија и Шпанија со тимовите на Ајакс, Јувентус, Интер, Милан и Барселона.


"За мене победата на ЕВРО 2012 ќе значи повеќе од се што сум постигнал досега во својата кариера. Трофеј со националниот тим е нешто посебно за секој фудбалер и јас не сум поинаков. Би било одлично го однесеме трофејот дома", изјави Ибрахимовиќ.


Шведска го игра својот прв натпревар на Евро 2012 на 11 јуни против домаќинот Украина во Киев, во групата "Д" каде што се и екипите на Англија и Франција.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 09.Јуни.2012 во 05:26

ПОЛСКА И ГРЦИЈА ГИ ПОДЕЛИЈА БОДОВИТЕ






Роберт Левандовски ја донесе Полска во предност во 17 минута, гол со кое беше отворено 14 Европско првенство. Напаѓачот на Борусија Дортмунд постигна гол со глава по нафрлената топка од Пишчек од десната страна и на тој начин го постигна првиот гол на ЕВРО 2012. Иако Грците останаа со играч помалку на крајот на првото полувреме, Димитрис Салпингидис го израмни резултатот на 1:1 во 51 минута.


Селекторот на Полска Фратишек Смуда го започна натпреварот со формацијата 4-2-3-1 во која на врвот на нападот беше играчот на Борусија Дортмунд, Роберт Левандовски, потпомогнат од Блашчиковски, Обрењак и Рубус веднаш зад него.


Грците натпреварот го започнаа со формација 4-3-3 во нападот со Самарас, Гекас и Нинис.


Уште во 5 минута домаќините создадоа две прекрасни шанси преку кои можеа да го отворат резултатот, но голманот на Грција  Чалкиас ги одбрани ударите на Муравски а по одбиената топка и на Рибус. Во 14 минута Пишчек центрираше остро по десната страна, но само неколку сантиметри му фалеа на Лењандовски да ја закачи топката со глава и да го отвори резултатот. Три минути подоцна двајцата создадоа иста шанса, но овој пат Левандовски беше прецизен, удирајки ја топката со глава, која откако се одби од земја заврши во мрежата на Грција.


Во 37 минута Перкис пропушти неверојатна шанса да го зголеми водството на Полска, откако од околу 11 метри биеше само покрај десната статива. Минута пред крај на полувремето, Грција остана со играч помалку по втроиот жолт картон на Пападополус. 



Во 51 минута "златната" резерва Салпингидис го израми резултатот по недоразбирањето на полската одбрана. Торосидис центрираше од десната страна, а откако Шчезни не успеа да ја отфрли топката која се одби Гекас Салпингидис се најде на вистинското место и го израмни резултатот. Во 69 минута Салпингидис излезе сам со Шчезни, по што голманот на Арсенал со еден непресметлив потег го собори на земја, за што доби директен црвен картон, а Грција пенал. Пеналот не успеа да го реализира капитенот Карагунис.



Во последната минута од натпреварот Холебас за малку не си постигна автогол. На крајот двате репрезентации  ги поделија бодовите и ќе го очекуваат исходот од натпреварот Русија-Чешка за да прават понатамошни калкулации. 



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 09.Јуни.2012 во 05:27

РУСИЈА БЕЗ ПРОБЛЕМИ СО ЧЕШКА






Русија на совршен начин го започна учеството на Евро 2012. "Зборнаја" постигна значајна победа со 4:1 над Чешка во вториот натпревар од групата "А".

Русите како целина се претставија подобро од својот противник и победата им е целосно заслужена.Головите беа дело на Алан Џагоев и Роман Широков. Првиот се запиша во 15-та и 79-тата минута, додека погодокот на Широков беше постигнат во 24-тата минути. Крајниот резултат, пак, го обликува Павличенко во 82-тата минута. Голот за Чешка пак беше реализиран од Пилар во 54-тата минута.

По овој натпревар Русија е лидер на табелата во својата група со предност од 3 поени, додека Чешка го зазема последното 4-то место со 0 поени.Следниот натпревар на Русија е против Полска на 16-ти јуни, додека Грција ќе мора да се соочи со Чешка.

Средбата започна доста подобро за Чесите, кои ја притиснаа Русија уште од првата минута.Во 5-тата минута Хубник имаше добра можност да постигне гол и да го отвори резултатот, но неговиот удар со глава беше непрецизен и топката излезе во аут. Потоа Чесите создадоа неколку добри напади, но не стигнаа до изразити шанси.

Во 15-та минута "Зборнаја" успеа да го открие резултатот. Жирков совршено центрираше, го пронајде  во казнетиот простор Кержаков.Последниот играше со глава, но топката удри во страничната греда, на неа улета младиот Алан Џагоев кој со силен удар од дистанца реализираше за 1:0.

Добрата игра на Русите продолжи и во 18-тата минута Алан Џагоев пропушти многу шанси да го постигна својот втор гол на натпреварот. Во 24-та минута Русија  направи многу важен чекор кон победата, откако Роман Широков ја удвои предноста на "Зборнаја".

Во второто полувреме Чесите притиснаа и намалија на 2-1 преку една прекрасна акција со гол на Пилар, но Русија не престана да напаѓа иако се соочуваше со постојани напади и на својот гол.

Токму во моментите кога се очекуваше Чешка комплетно да ја префрли иницијативата на половината на противникот, Русија како репрезентација од највисок светски ранг, постигна гол преку Џагоев, кој во моментов е прв стрелец со два голови.На 4-1 преку една прекрасна соло акција зголеми Павличенко 


-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 10.Јуни.2012 во 05:40

ГЕРМАНСКАТА МАШИНА СТАРТУВАШЕ СО ПОБЕДА







Трикратниот Европски шампион Германија ја започна со победа кампањата ЕВРО 2012 во Полска и Украина. Бундестимот ја надигра Португалија и со 1:0 победи во вториот натпревар од групата Б. Единствениот гол на натрпреварот го постигна Марио Гомез во 72 минута кој се покажа како доволен за триумф. Ова бешечетврт дуел на двете селекции на еврозавршниците и втора победа за Германија.


Во првото полувреме двата тима играа премногу претпазливо и вистински шанси за гол немаше. Сепак Германија беше екипата која повеќе сакаше да го отвори резултатот и упати повеќе удари кон голот на Португалија.


Уште во првата минута Џером Боатенг центрираше опасно во казнениот простор каде Гомез биеше директно во рацете на Руи Патрисио. Во 9 минута Лукас Подолски го испроба противничкиот голман но ништо посериозно.Португалија напаѓаше доста срамежливо,и првата посериозно опасност дојде во 17  минута, кога Кристијано Роналдо се проби по левата страна упати еден низок центаршут но Постига не успеа да ја зафати топката која после Бадштубер ја исфрли во корнер.


Германија ја имаше иницијавата цело полувреме и Подолски во два наврати биеше од далечина но неуспешно. Томас Милер ја имаше најсериозната шанса за Германија кога Милер не успеа да го насочи  центаршутот на Озил кон голот.На самиот крај на полувремето Португалија се активираше. Најпрво Мутињо биеше но Ноер беше сигурен,  а потоа по еден корнер за Португалија изфрлената топка заврши во нозете на Пепе, кој од пеналтикот шутна само во пречката а одбиената топка тапна на линијата, но не влезе во голот.


Германија силно го започна и второто полувреме и во 46 минута дојде до мешаница пред голот на Патрисио. Во 64 минута Германија има уште една шанса за гол но Гомез шутира над голот. Најзрелата шанса ја имаше Кристијано Роналдо кој по едно додавање излезе, излезе сам пред голот на Ноер, но Боатенг стигна навреме и не му дозволи да упати удар.


Германија играше подобро цело второ полувреме и резултатот дојде во 72 минута кога по една нафрлена топка од Кедира, Гомез убаво се намести во петерецот и со глава го матираше Патрисио.


До крајот на натпреварот Португалија ја превзеде контролата и ги надигра Германците, но залудно. Во 81 минута Кристијано Роналдо упати еден незгоден удар кој Ноер го исфрли во корнер. Во 83 минута центаршутот на Нани несакајќи ја погоди гредата. Во 88 минута по една мешаница пред голот на Германија  Варела не успеа да го совлада Ноер, откако неговиот удар заврши само во телото на германскиот голман.


На крајот може да се каже дека Германија заслужено дојде до победата и се израмни на врвот на табелата со тимот на Данска.




-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 10.Јуни.2012 во 05:41

ПРВА БОМБА: ДАНСКИОТ ДИНАМИТ JA РАЗНЕСЕ ХОЛАНДИЈА






Еден од фаворитите на ЕВРО 2012 Холандоја го започна учеството на Европското првенство со шокантен пораз од 1:0 против Данска на првиот натревар од групаба Б. Голот за "Црвениот динамит" го постигна Михаел крон Дели во 24 минута. Холанѓаните одиграа одлично во нападот, лесно доаѓаа до шеснаесетникот на Данска но таму заглавуваа. Данците дозволија многу грешки во одбраната, но "Портокаловите" не ги искористија и ги разочараа навивачите уште на стартот на првенството. Вината може да се префрли и на судија кој не виде два чисти пенали за Холандија при играње со рака во казнениот простор.

Данците го скршија малерот стар 45 години без победа над Холандија. Последен пат тоа се случило на 7 октомври 1967 со резултат од 3:2.

Робин ван Перси очекувано го започна натпреварот.Триото позади него беше составено од Робен, Снајдер и Афелаи. Мартин Олсен во нападот започна со Бентнер, подржан со Ромедал, Ериксен и Крон Дели.

Првиот удар дојде во 80 секунда кога Даниел Агер со глава биеше директно во Стекеленбург. Пота следи територијална превласт на Холанѓаните. Бекот Вилемс во 3 минута шутираше од 23 метри непрецизно, а во 5 минута Афејаи од прилично тешка позиција на 8 метри од гол линијата не успеа да погоди.

Во 7 минута топката се најде во нозете на Ван Перси кој шутна од 12 метри покрај левата статива. Во 11 Перси го проигра Снајдер, но Снајдер не успеа со глава да ја насочи топката кон голот. Во 18 минута Ајрен Робен влезе во шеснаесетникот но имаше неуспешно додавање до Перси.

Спротивно на развојот на натпреварот Данците избувнаа и поведоа. Дебитантот на Евро настапите Крон Дели, со една убава финта ги исфрли Ван Бомел и Хајтинга и со силен шут кој помина меѓу нозете на Стекеленбург ја донесе Данска во водство од 1:0.

Во 28 минута Симон Полсен играше со рака во својот шеснаесетник, но барањето за пенал на Холандија беше одбиено. Во 36 минута Ајрен Робен доби топка по еден непрецизно додавање од голманот на Данска, но биеше само во левиот директ. 

Во 43 минута Ван Перси ја имаше најзрелата шанса, по додавањето од Снајдер излезе сам со голманот на данската репрезентација, кој успеа да му влезе во шутот на холанѓанецот и резултатот остана непроменет. 

Второто полувреме холаѓаните го почнаа офанзивно. Во 49 минута по едно додавање од Снајдер, Ван Перси се сопна и не успеа да ја исконтролира топката. Во следниот напад исто така Ван Перси шутираше лошо кон голот на Данците. во 52 Афелаи со еден несигурен шут ги затресе Данците, но топката заврпи само покрај стативата. Најзрелата шанса ја имаше нововлезениот Хунтелар кој по еден одлично додавање од Снајдер од средината на теренот,  откако ја смири топката во противничкиот шеснаесетник, Хунтелар не успеа да го префрли Андерсен. Остатокот од натпреварот поминува во знак на неуспешните напади на Холандија. Во 90 минута повторно една сомнителна одлука на судијата. Јакобесен игра со рака во својот шеснаесетник но судијата не го гледа тоа и играта продолжува.


-------------


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 10.Јуни.2012 во 12:14
http://www.youtube.com/watch?v=uerwa_d-dnk&feature=related" rel="nofollow">Ајмо Хрватска !!! голема насмевка

-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 10.Јуни.2012 во 20:40
http://www.youtube.com/watch?v=ytyzFZ881GE" rel="nofollow - Срце ватрено за победа 

-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: FeaR
Датум на внесување: 10.Јуни.2012 во 20:50
Originally posted by Santijago Santijago напиша:

http://www.youtube.com/watch?v=uerwa_d-dnk&feature=related" rel="nofollow">Ајмо Хрватска !!! голема насмевка
od kade be ti za dalmatincive замисленост
ajmo Engleska голема насмевка


-------------
"А ти поарен да не си?" -македонски начин на прифаќање критика


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 10.Јуни.2012 во 20:54
Од секогаш за нив сум ма намигнување голема насмевка

И ето гледаш што прават ... газат !!! голема насмевка


-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: FeaR
Датум на внесување: 10.Јуни.2012 во 20:57
a se si mislev deka si za zabarite :D no nejsi ke gi resi keane :P

-------------
"А ти поарен да не си?" -македонски начин на прифаќање критика


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 10.Јуни.2012 во 20:59
покрај Коцкестите сум и за Лалињата да
едни од нив ке бидат шампиони голема насмевка


-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: FeaR
Датум на внесување: 10.Јуни.2012 во 21:02
gi eba slana lalinjata смеење inace kockestive do 8 finale najvise huhuh

-------------
"А ти поарен да не си?" -македонски начин на прифаќање критика


Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 10.Јуни.2012 во 22:36
јас решив воопшто да не следам и навивам во спортови каде имаме репрезентација, а не учествуваме голема насмевка
така да, не се замарам со исходите од било првенство во фудбал се додека не учествуваме во него...


-------------
размисли пред да напишеш глупост


Постирано од: gonzo
Датум на внесување: 11.Јуни.2012 во 02:24
Originally posted by FeaR FeaR напиша:

gi eba slana lalinjata смеење inace kockestive do 8 finale najvise huhuh



Нема осминафинале, или ќе одат во четвртфинале или дома...16 репрезентации се...намигнување


-------------
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.


Постирано од: емил
Датум на внесување: 11.Јуни.2012 во 05:45

ИТАЛИЈА И ШПАНИЈА СТАРТУВАА СО ОДЛИЧЕН ФУДБАЛ И НЕРЕШЕН РЕЗУЛТАТ







Тимовите на Шпанија и Италија одиграа  1:1 во првиот натпревар од групата "Ц" на Евро 2012 во Гдањск. Прецизен за "азурите" беше резервата Антонио ди Натале во 60-тата минута,откако беше маестрално проигран од Андреа Пирло. Капитенот и најдобариот стрелец на Удинезе се појави на теренот пет минути претходно на местото на Марио Балотели.Само четири минути подоцна Фабрегас израмни по одлично проигрување од Давид Силва, кога со левата нога ја испрати топката во мрежата на Буфон.


Висенте дел Боске натпреварот го започна без класичен напаѓач, играјќи ги во предната линија Силва, Фабрегас и Иниеста. Прандели остана достоен на својата формација играјќи во нападот со Балотели и Касано, кои беа заменети подоцна со стелецот Ди Натале и Џовинко.


Првата шанса дојде во 8 минута по шутот на Давид Силва, но топката заврши на голот.120 секунди по одлична контра на Шпанците, Давид Силва од одлична позиција биеше директно во рацете на Буфон. Во 13 минута Пирло ги испроба рефлексите на Икер Касиљас со шут од слободен удар, но Касиљас смирено ја пречека топката во раце. Во 22 минута Касано шутирање во аут. Андрес Иниеста во 30 минута шутирање, но Буфон беше сигурен. Касано беше блиску до откривање на резултатот но Касиљас повторно сигурен. најубавиот момнет беше волеј ударот на МАркизио кој Касиљас смирено го сопре.Последните минути од првиот дел доста активни станаа и две екипи. Во 44 минута Иниеста пропушти одлична шанса да го отвори резултатот. Минута подоцна Тиаго Мота ја имаше најзрелата шанса кога неговиот удар со глава од неколку метра пред голот, Касиљас со една одлична парада го одби и не им дозволи на Италијанците да дојдат во водство.


Второто полуврме започна жестоко за Шпанците. Првата шанса пристигна во 50 минута кога Фабрегас упати удар од 17 метри, но Буфон беше сигурен. Иниеста пропушти одлична можност една минута пододца кога се проби по левата страна упади силен удар, но Буфон успеа да ја закачи топката и да спаси гол. За Италија, Балотели ја пропушти најизгледната шанса кога "деветката" на "аѕурите" му ја одзема топката на Рамос и излезе сам пред Касиљас, но додека се реши што да направи, Рамос успеа да го стигне и да му ја одземе топката пред да упати удар. Наредната голема шанса беше претворена во гол. Андреа Пирло со едно додавање претпознатливо за него успеа да го проигра Ди Натале, кој маестрално се извлече и со еден прекрасен удар го матираше Касиљас. Голот на Шпанцијате пристигна само 4 минути покасно кога во една акција претпознатлива за Барселона, Давид Силва го проигра Фабрегас, кој излезе само пред Буфон и со левата нога го постигна израмнувачкиот гол.


Во последните дваесет минути се играше доста активно. Најпрво замената Фернандо Торес, по една неуспешна офсајд замка на Италијанците излеза сам со Буфон, кој му го прочита правецот во кој трга и успеа да го сопре во намера да постигна гол. Наредната голема шанса ја имаше повторно Торес кој откако проигра одлично со Иниеста се обиде со лоб удар да го совлада Џиџи, но ударот заврши над голот. Најзрелата шанса за Италија ја имаше Маркизио кој откако одлично продре низ средината на теренот, со едно дупло додавање со  Мота, биеше, но недоволно силно и топката заврши во рацете на Касиљас.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 11.Јуни.2012 во 05:46

ХРВАТСКА ЈА ОПРАВДА УЛОГАТА НА ФАВОРИТ






Хрватска ја солвлада Ирска со 3:1 и поведе на табелата во групата "Ц" на Евро 2012. Марио Мандџукиќ беше херојот за тимот на Славен Билиќ и стана вториот фудбалер по Русинот Алан Џагоев кој постигна два гола уште на почетокот на шампионатот. Третиот гол за хрватите го постигна Никица Јелавиќ, а за Ирците прецизен беше дефанзивецот Шон Сент Леџер.


Интересно е тоа што тимот на Ирците попушти таму каде што требаше да биде најсилен. Двата гола на Манџукиќ беа постигнати со глава и поради лошата поставеност на Ирската одбрана. Од друга стран и Ирците голот го постигнаа со глава, но и пропуштија доста шанси од тој вид.


Билиќ очекувано натпреварот го почна со Манџукиќ и Јелавиќ, и како креатор на играта Модриќ.


Кај Ирска немаше никави изненадувања, составот беше познат од пред недела дена, во нападот Кин и Дојл и како крила даф и Мекгиди.


Натпревароп започна моќно со напади на две страни, а голот на Манџукиќ во 3 минута уште повеќе го разгоре.



Дамиен Даф го упати првиот удар за Ирска, но немаше сила а ни прецизност и заврши позади голот. Ирска се обидуваше преку центаршутевите на Даф и Мекгиди да дојде до израмнување, кое стигна по еден прекин кога Леџер успеа да го натскока Чорлука и да постигне убав погодок од 5 метри.



Опоравувањето на Хрватска не траеше многу долго. Силениот шут на Ракитиќ профуче покрај голот на Гивен, по што следи удар од далечина на Перишиќ кој беше одбранет од Гивен. Лука Модрич ја имаше контролата на теренот во текот на целиот натпревар и ги диригираше нападите на Хрватите. Вториот гол дојде како последица на една мешаница пред голот на Гивен по шутот на Модрич. Топката се одби од неколку Ирски фудбалери и заврши во нозете на Јелавиќ го рутински го совлада Гивен за водство на Хрватите од 2:1 на полувремето.



Ирска го започна второто полувреме со желба да го израмни резултатот, но Манџукиќ им ги сруши надежите со вториот негов гол. По една наврлена топка, напаѓачот на Волфсбург скокна највиското, упати удар кон голот, топката заврши во стативата, но се одби од Гивен и заврши во мрежата за 3:1 за Хрватска. Тоа беше и конечниот резултат кој на Хрватска и ја донесе пол позицијата во групата Ц пред натпреварот со Италија во четврток.




-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 12.Јуни.2012 во 05:17

ДВА ГОЛА ВО ПРИЛИЧНО ЗДОДЕВНО ДЕРБИ







Долгочекуваниот дуел на вечните ривали Англија и Франција во предпоследниот дуел од групата Д заврши 1:1. И покрај двата гола, натпреварот беше прилично здодевен.


Џолеон Лескот ја донесе Англија во предност против Франција, откако успеа да се извлече на одбраната на петлите и со глава по  центаршутот на Жерард од слободениот удар. Во 39 минута Самир Насри со еден прекрасен удар од границата на казнениот простор израмни на 1-1.


Франција и Англија се спретнаа еден против друг во долгоочекуваното дерби на грапата Д на ЕВРО 2012. Петлите се во неверојатна серија од 21 натпревар без пораз. Тимот на Блан излезе со атомски напад составен од Карим Бензема, Франк Рибери и Самир Насри.Средината на теренот ја држат Малуда, Диара и Кабаје. Одбраната ја сочинуваат Рами и Мексес, а на крилните бековки позиции Дебоши и Евра.




Репрезентацијата на Англија за денешниот дуел излезе 4-4-1-1 на врвот нападот е Дани Велбек,подржат од Ашли Јанг. ПО крилните позиции се Милнер и Чемберлант, а во внатрешноста на средината Џерард и Паркер.Одбраната ја сочинуваат Џон Тери и Лескот додека Глен Џонсон и Ешли Кол се на бековските позиции.




Двата тима почнаа претпазливо,и првиот удар пристигна дури во 11 минута, кога Насри упати остар удар од границата на казнениот простор, но топката помина далеку од голот на Харт. Првата чиста шанса за гол, дојде во 15 минута, кога Јанг го пронајде Милнер, кој излезе сам пред голманот, го помина но не успеа да го погоди голот на Лорис. Првиот гол пристигна по половина час игра кога од слободен удар, Лескот успеа да му избега на Диара и со глава да го матира Лорис. По само неколку минути поточно во 35 минута, токму Диара имаше две одлични шанси за гол. Првата дојде по центаршутот на Насри, но Харт беше поставен на вистинското место и ја одби топката, која Рибери повтрно ја уфрли во петерецот кога Диара повторно со глава, но овој пат го промаши голот. Во 39 минута Самир Насри го изедначи резултатот со еден прекрасен удар  од аголот на шеснаесетникот.


Во второто полувреме Франција беше поактивниот тим кој ја имаше повеќе топката во нозете и цело време вршеше притисок врз противникот. Најсериозната шанса во второто полувреме дојде по ударот на Кабаја од работ на шеснаесетникот, но Дени Велбек ја протегна ногата и успеа да го смени правецот на топката.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 12.Јуни.2012 во 05:18

ШЕВА ЕРУПТИРАШЕ И ДОНЕСЕ ПОБЕДА НА УКРАИНА






Двете големи ѕвезди на Украина и Шведска - Андриј Шевченко и Златан Ибрахимовиќ, го поведоа шоуто во одличен натпревар на стадионот "Олимписки", кој нудеше многу голови и шанси. 


Репрезентациите на Шведска и Украина заминаа на одмор при резултат 0:0 во дуелот од групата "D" на Евро 2012. И двата тима создадоа многу шанси пред голот на противникот, како најголемите ѕвезди во тимовите - Андриј Шевченко и Златан Ибрахимовиќ има за што да жалат, откако пропуштија по една златна шанса да ја донесат својата репрезентација во водство. Андриј Јармоленко од домаќините исто така имаше одлична можност да го открие резултатот, но неговиот удар беше отстранет пред гол линијата.


Шведска прва поведе во натпреварот во 52-та минута, откако прецизен беше напаѓачот на Милан Златан Ибрахимовиќ. Само неколку минути подоцна во 55-та, поранешната ѕвезда на "росонерите" Андриј Шевченко ги врати домаќините во натпреварот со одличен удар со глава. 

Повторно Шева и повторно со глава по изведувањето на корнер во 61-тата минута ги "стресе" трибините на стадионот "Олимписки", донесувајќи им предност на домаќините. Сите погодоци беа исклучително мајсторски завршени од двајцата големи напаѓачи.


-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 13.Јуни.2012 во 04:29

ЧЕШКА НАБРЗИНА ДО 3 БОДА






Чешка ја победи Грција со 2:1 на првиот натпревар од второто коло од групата А на Европското првентсвто 2012.Тимот на Михал Билек ги шокираше Грците со два гола уште во првите 6 минути.

Најпрво во 3 минута Петар Ирачек излезе сам пред голманот на Грција, по еден одлично додавање и лежарно со левата нога го матираше голманот. 


Три минути покасно и Вацлав Пилар успеа да се запише во листата на стрелците, по одличниот пробив по десната страна на бекот Гибрасиласие.


Во 23 минута Грција направи принудна замена на голманот Халкиас со резервата Сифакис. Во 41 минута голот на Фотакис со глава беше поништен поради офсајд. 

Грција ја врати незивесноста во второто полувреме со голот на Теофанис Гекас во 53 минута по огромната грешка на чекиот голман Чех.


Остаток од натпреварот не понуди никаква возбуда. Чесите ја контролираа играта и го чуваа резултатот, додека Грците делуваа изгубено на теренот и немаа ни замисла ниту пак сила за да дојдат до израмнување, а камоли да направат пресврт во нивна корист.


-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 13.Јуни.2012 во 04:30

БОД ЗА РУСИТЕ, ЏАГОЕВ ВЕЌЕ ВО СЕРИЈА...







Во вториот натпревар од второто коло во Групата А на Европското првенство, Полска и Русија вечерва во Варшава играа нерешено со резултат 1:1. Русите поведоа преку одличниот Џагоев, конечниот резултат го постави Блашчиковски.

Вечерашниот дуел имаше непријатна увертира во режија на навивачите на двете селекции, но натпреварот резултатски заврши „мирољубиво“ - 1:1.

Воведните минути на дуелот ги обележи иницијативата на Полска. Првата шанса ја имаше Бениш после центаршутот на Обрањак, а голманот на Русија Малафејев со одлична интервенција спречи водство за домаќинот.

Неколку минути покасно уште една одлична шанса за Полска, Левандовски со одличен волеј замалку беше непрецизен...

На домаќините во 18 минута им е поништен гол кој го постигна Полански поради офсајд позиција во која се најде.

После почетниот налет на домаќинот, русите полека се ослободија од притисокот, а потоа и ја превзедоа иницијативата, која донесе резултат во 38 минута. 

После слободниот удар на Аршавин од левата страна, одличниот Џагоев одлично реагираше во казнетиот простор на Полска и голманот Титон беше немоќен! Трет гол за Џаргоев на овој шампионат - 1:0 води Русија.

Со тој резултат се отиде на одмор, а според очекувањата пољаците во продолжението тргнаа поагресивно. Најпрво Левандовски беше во нова шанса кога го заобиколи Малафејев но отиде многу настрана, а значително поуспешен беше Блашчиковски во 57 минута.

Русија имаше контра која пропадна после грешката на Жирков, уследи против удар на Полска, Блашчиковски доби топка на ивицата на казнетиот простор, а потоа со одлична диагонала ја испрати топката во мрежата - 1:1!

Продолжението донесе игра без многу ризик, впечаток е дека нешто поагилни беа пољаците, но голови повеќе немаше, остана 1:1, па после второто коло Русија во Групата А води со 4 бода пред Чешка со 3, Полска 2 и Грција со еден бод.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 14.Јуни.2012 во 06:47
СТРАШНА ДРАМА СО 5 ПОГОДОЦИ





Во натпреварот полн со погодоци Португалија успеа да ја совлада Данска со 3:2 во првиот денешен натпревар во групата Б. Со три погодоци во првото полувреме два за Португалија, на Пепе и Постига и еден за Данска од Бентнер и уште 2 во второто полувреме по еден за двете страна, Бентнер повторно за Данска и Варела за Португалија проследивме еден фантастичен натпревар кој само ја искомплицира состојбата во групата Б.

Двајцата селектори го почнаа натпреварот со истите состави од првите натпревари. Мортен олсен започна со Бентнер во нападот подржан од Денис Ромедал, Кристијан Ериксен и Михаел Крон-Дели. Паоло Бентли ја избра 4-3-3 формацијата со Постига во средината и на крилата Роналдо и Нани.

Натпреварот започна мирно и немаше некоја интересна ситуација. Во 4 минута одбраната на Португалците не се намести за офсајд но Ериксен не ја шутира прецизно Во 12 минута Нани центрираше остро но Јакобсен исчисти.Во 14 минута Ромедал и избега на португалската одбрана но не успеа да ја стигне топката, која заврши во гол аут.

Во 16 минута Цимлинг го напушти теренот поради повреда и на негово место влезе Јакоб Поулсен. Во 18 минута Роналдо шутираше но не успеа да ги погоди рамките на голот. Голот пристигна во 24 минута кога Пепе убаво излезе на прва статива и по нафрлената топка од корнер успеа да го совлада Андерсен. 



Во 36 минута дојде до зголемување на водството кога Нани со едно прецизно додавање го најде Постига во шеснаесетникот кој од 6 метри шутираше неодбранливо.



Натпреварот во завршницата стана уште поинтересен кога Николас Бентнер го намали водството на 2:1. По недоразбирање на португалската одбрана, топката по центаршутот стигна кај Крон Дели кој со глава ја префрли на другата страна и го измести голманот Патрисио, а Бентнер со глава само ја пласираше топката во голот.



Во второто полувреме Данска започна силно, но Португалија ја имаше првата шанса, кога Роналдо имаше пробив по левата страна и шутираше млако по што Андерсен немаше проблем да ја собере топката. Во 56 минута Мартин Олсен мораше да направи уште една принудна замена кога Денис Ромедал поради повреда мораше да го напушти теренот. На негово место во игра влезе Микелсен.

Првата шанса за Данска, во второто полувреме дојде во 61 минута кога по една одбиена топка, Квист со волеј шутира кон голот на Португалија, но топката заврши само 20 сантиметри од десната статива.

Бентнер имаше одлична можност да го израмни резултатот во 70 минута кога биеше од работа на шеснаесетникот но шутот заврши над левата статива. Меирелеш се закани во 72 минута но ударот заврши далеку над голот. Најубавата шанса ја имаше Кристијано Роналдо. Нани со еден неверојтно додавање го проигра Роналдо, кој излезе сам пред Андерсен но успеа да го промаши целиот гол. Казната стигна многу брзо. Во 80 минута по еден центаршут од десната страна, Бентнер извонредно шутираше со глава и го израмни резултатот.

Португалија повторно дојде во водство во 86 минута кога Варела иако имеше лош прием на топката во шеснаестникот на Данска со вториот обид успеа да го матира Андерсен. Микелсен ја имаше последната шанса на натпреварот кога во 94 минута се отвори по десната страна но шутираше над голот.


-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 14.Јуни.2012 во 06:49

ГЕРМАНИЈА ЈА ПОНИЖИ ХОЛАНДИЈА






Репрезентацијата на Германија прва избори пласман во четвртфиналето на Еуро 2012, откако во дербито на Б групата ја совлада Холандија со 2:1 (2:0).
Во исто време Холандија, која многумина ја сметаа за еден од фаворитите за титулата, по две одиграни кола може да размислува за враќањето дома. 

Германците апсолутно ја заслужија победата, поради тоа што само во почетните десет и последните 15 минути во целост не ја контролираа играта. 

На стартот Холандија најави дека ќе оди на победа, Ван Перси во 6. минута беше сам пред Ноер но биеше право во германскиот голман. 

Следува период во која Германците ја стабилизираа играта и со прецизни додавања лесно стигнуваа пред голот на Стекеленбург. Месут Езил со полуволеј од 18 метри го погоди дирекот од голот на Холандија, што беше најава за головите. 

Марио Гомез на асистенција на Швајншатајгер, во 24. минута го постигна првиот, а во 38. минута и вториот гол за својата репрезентација. 

Гомез со постигнатите голови се израмни на листата на стрелците со Алан Џагоев од Русија, двајцата имаат постигнато по три гола. 

Холандија и покрај негативата и измените кои ги направи Ван Марвијк – Ван дер Варт на местото на Ван Бомел и Хунтелар на местото на Афелај – анемично влезе во вториот дел, половина час им требаше на портокаловите да ја стабилизираат играта и да ја превземат иницијативата.

Ван Перси со убав гол намали на 1.2 во 74. минута и тоа беше се од Холандија на овој меч. Победата на Германија можеше да биде и поубедлива доколку Езил, Бадштубер, Хумелс и Клосе ги реализираа своите шанси. 

По две кола во Б групата Германија е лидер со шест бода, по три имаат Данска и Португалија, додека Холандија е без освоен бод. 
Во последното коло, кое ќе се одигра на 17. јуни, Германија ќе игра против Данска, а Португалија за противник ќе ја има Холандија
Холандија - Германија 1:2





-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 15.Јуни.2012 во 04:42

ИТАЛИЈА ПОВТОРНО ПОКАЖА ФУДБАЛ НО ОСТАНА БЕЗ ПОБЕДА







Тимот на Италија одигра 1:1 со Хрватска во натпревар од групата "Ц" на Евро 2012, одигран во Познан. Андреа Пирло (39) и Марио Манджукич (72) стрелаа. Италијанците одиграа одлично прво полувреме, а во вториот дел дозволија една грешка да им го одземе успехот. Така Хрватска е на чело во групата со четири поени. "Азурите" имаат две нерешени, и покрај впечатливиот напаѓачки фудбал. 


Двата селектори ги изнесоа на теренот истите постави од првото коло. Де Роси повторно централен дефанзивец со Киелини и Бонучи а во нападот Балотели и Касано. За Хрватска во нападот Манџукиќ и Јелавиќ.


Првата одлична шанса ја имаше Марио Балотели уште во 3 минута. Италијанската деветка ја прими топката во казнениот простор се сврте биеше силно но непрецизно. Во 11 минута Касано одлично го проигра Балотели, чиј шут заврши во еден од дефензивците на Хрватска. Следната можност ја Италија ја пропушти Маркизио кој биеше многу блиску до стативата.


"Aѕурите" дејствуваа поактивно и брзо доаѓаа  до казнетиот простор на противникот главно со ниски додавања. Балотели беше постојано блиску до Плетикоса, но не успеваше да го совлада. Во 16-та Марио шутира моќно, но во телото на голманот.


Кристално положба се отвори пред Маркизио во 37-тата минута, повторно Касано асистираше но везниот играч во два обида не успеа да го совлада Плетикоса. Во 39 минута диригентот Пирло го отвори резултатот. По фаулот на Балотели, Пирло прецизно стрелаше од левиот раб на шеснаесетникот.




Како целина во првиот дел навивачите видоа многу напаѓачки фудбал од Италијанците и распрскана игра во одбраната на "бело-црвените".


Вториот дел започна со притисок на Хрватска. Во 47-та минута Лука Модриќ шутира опасно, но Буфон беше на своето место. Стотина секунди подоцна повторно Модриќ шутира силно, но над гредата.


Италијанците ја препуштија иницијатива на Хрватска и се повлекоа во одбраната. Тогаш дојде и казната. Во 72 минута по една нафрлена топка која по измери Киелини, Манџукиќ убаво ја смири на 5 метри од голот и го совлада Буфон, со што Хрватска израмни на 1:1



Тоа беше трето гол на Мандџукиќ на Евро 2012, со што Хрватот се израмни со водечките стрелеци Алан Џагоев и Марио Гомез.


Италијанците тргнаа силни во остатокот на натпреварот. Во 76 минута резервата Монтоливо шутираше силно, обидувајќи да го изненади Плетикоса, кој се намести на вистинкото место и го одби ударот во корнер.


Во 82 минута контранапад на Хрватска, во кој Манџукиќ повлече до шеснаесетникот на Италија, му ја додаде топката на Јелавиќ кој со одличната замисла сакаше да ја врати топката до него, но додавањето беше непрецизно.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 15.Јуни.2012 во 04:43

ШПАНИЈА ЛЕСНО СО ИРСКА






Бранителот на титулата на Еуро 2012, репрезентацијата на Шпанија, ја забележа првата победа на континенталното првенство. Во рамките на второто коло, во Ц групата, Шпанија ја совлада Република Ирска со 4:0 (1:0).

Натпреварот мина онака како што се очекуваше, Шпанија, во текот на целиот натпревар ја контролираше играта и не му дозволи на противникот ниту трошка надеж, дека може да приреди накаво изнендување. 

Шпанскиот селектор, Дел Боске, под притсок на јавноста, започна со Фернандо Торес во шпицот на нападот, а овој му возврати со два гола. 

Играчот на Челзи го отвори резултатот во четвртата минута, вториот гол за Шпанија го постигна Давид Силва во 48-та, Торес зголеми со својот втор гол н 3:0 во 70-та, а конечниот резултат го постави Фабрегас, кој го замени Торес, во 82-та минута.

Шпанија по две кола во Ц групата, поради подобрата гол разлика е лидер со четири бода, колку што има и Хрватска, Италија е трета со два бода, а Ирците немаат ниту еден бод. 

Последното коло ќе ги даде патниците во четвртфиналето од оваа група, на 18. јуни ќе играат Шпанија-Хрватска и Република Ирска-Италија.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 16.Јуни.2012 во 06:08

РАНЦИЈА РУТИНИРАНО ДО ПОБЕДА







Франција и Украина го одиграа првиот дуел од второто коло од последната група на ЕВРО 2012. Натпреварот заврши во корист на Франција со 2:0. Головите ги постигнаа во 53 минута Џереми Менес и Кабаја во 56 минута. Ко-домаќините не успеа да ја продолжат серијата и да обезбедат пласман уште по вториот натпревар.


Украинците кои никогаш досега не го победил денешниот ривал го почнуваат натпреварот со формација 4-2-3-1, во врвот на нападот со Шевченко, а за над него Воронин. На крилните позиции помагаа Конопјанка и Јармоленко. Анатоли Тимошчук и Назаренко ќе дејстуваат во средина на теренот. Одбраната е составена од Селин, Михалик, Хачериди и Гусев. На голманската позиција е Пјатов.


Две замени во составот направи Лорен Блан. На левата бековска позиција  започна Гаел Клиши место Патрис Евра, а во средниот ред Џереми Менез на местото на Малуда.


Дуелот започна во исклучително лоши временски услови, кога над Донецк се појави вистинска бура со грмотевици и пороен дожд се излеваше на Донбас Арената. Судијата Бјорн Кујперс го прекина дуелот по 5 минути игра. Средбата продолжи нешто после 19:00 часот.





Во 17 минута Менес ја смести топката во голот на Пјатов, но голот беше поништен поради офсајд. Во 25 минута Јармоленко шутира силно од границата на казнениот простор но над голот. Малку подоцна повторно Менез шутира но над голот на Пјатов.


Во 28 минута повторно играчот на ПСЖ беше во одлична шанса. Грешка во одбраната на Украина му овозможи на Рибери да се пробие од левата страна по што центрираше по земја кон Бензема. Напаѓачот на Реам Мадрид ја пропушти топката, но таа стигна од Менес, чиј удар беше спасен од Пјатов. Ова беше најзрелата шанса за гол до овој момент.


Во 35 минута дојде и најдобраната шанса за домаќините и повтроно нејзин автор беше Шевченко, кој се проби одлично по левата страна шутираше остро, но Лорис беше на вистинското место. Дуелот продолжи со исклучително брз ритам и отворена игра. Во 39 минута Мексес биеше со глава од неколку метри по центаршутот на Насри од слободен удар, но Пјатов благовремено интервенираше.


Второто полувреме започна силно, со закани по двата гола. Најпрвин Менес шутираше прекрасно но непрецизно, а потоа шутот на Шевченко заврши само неколку сантиметри до голот на Пјатов.


Голот пристигна во 53 минута по една одлична комбинација на Рибери, Бензема и Менес, кој со левата нога го матираше Пјатов за 1:0 за Франција.




3 минути подоцна пристигна и вториот гол за Франција. Бензема одлично го проигра Кабаја кој шутираше прецизно меѓу двајца дефанзивци и во мрежата на Пјатов.




Во 65 минута Кабаја повторно имаше шанса да го зголеми водството, со еден силен шут од внатрешноста на шеснаесетникот но неговиот удар заврши во стативата. Во 86 минута Насри имаше можност од слободен удар да постигне гол, но Пјатов го одврати од намерата



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 16.Јуни.2012 во 06:09

АНГЛИЈА ГИ ИСПРАТИ ШВЕЃАНИТЕ ДОМА ВО НАТПРЕВАР СО ПЕТ ГОЛА (ГАЛЕРИЈА)





Фудбалерите на Англија ја совладаа Шведска со 3.2 (1:0), во последниот натпревар од второто коло, во Д групата на Европското првнество.

Во Киев, Англија ја забележа првата победа над Шведска на големите натпреварувања, воедно избраниците на Рој Хоџсон си ги задржаа шансите за пласман во четвртфиналето и ја елиминираа Шведска од Еуро 2012. 

Англија одигра добро прво полувреме кое го заврши со предност од еден гол. Капитенот Џерард го пронајде Керол кој со глава го совлада Исаксон.

Во продолжение на натпреварот Англија и Шведска ги одиграа најдобрите 45 минути во досегашниот тек на Европското првенство. 

Ветеранот во шведскиот тим Олаф Мелберг искористи две нафрлувања и ја донесе својата репрезентација во водство од 2:1. 

Првиот гол кој го псотигна Мелберг во 49-та минута, официјално е запишан како авто-гол на Глен Џонсон. Вториот гол дефанзивецот на „трите круни“ го псотигна по еден час игра. 

Веднаш по голот англискиот селектор, Рој Хоџсон ја направи истинската замена, Волкот во игра влезе на местото на Милнер и ја однесе Англија до победата. 

Најпрвин со удар од 22 метри тој го фати Исаксон на „погрешна нога“, а потоа повлече контранапад и му асистираше на Велбек, кој во 77-та минута го постигна најубавиот гол на ЕП, откако со пета ја погоди мрежата на Шведска. 

Решавалкото трето коло по кое ќе бидат познати двете репрезентации кои од Д групата ќе одат во четвртфиналето ќе се одиграат на 19. јуни, Фрнција во Киев ќе се сретне со отпишаната Шведска, додека во Доњецк кодомаќинот Украина ќе игра против Англија. 

На табелата по две кола Франција и Англија имаат по четири бода, Украина има три, а Шведска е без бодови. 


-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 17.Јуни.2012 во 05:16

ГРЦИЈА БЕЗ НИКАКВА ИГРА СЕ ПЛАСИРАШЕ ВО 1/4 ФИНАЛЕТО.






Грција успеа да ја изненади Русија и со победа од 1:0 успеа да обезбеди место во 1/4 финалето. Русија покрај фуриозниот старт на крај останаа со празни раце.


"Зборнаја" беше лидер во групата А со четири поени и доволно ќе му беше реми за да се пласира во 1/4 финалето. Грција почна со само еден поен, но со победата над Русија и покрај никаквата игра што ја прикажаа обезбедија место во 1/4 финалето.


Дик Адвокат го почна натпреварот во нападот со Кержаков. Единствената промена во составот е Денис Глушаков на местото на Зирјанов.


Во Грчкиот состав има промени во споредба со минатите натпревари. На голот е Сифакис на местото на повредениот Халкиас. ОСвен тоа на теренот не се Холебас, Фиртунис и Фотакис. Наместо нив во игра се казнетиот Папастополус, Цефалас и Гекас. Голот пристигна во судиското продолжение на првото полувреме, кога при едно додавање од аут топката го прескокна Жирков и пристигна кај Карагунис кој беше сигурен во реализицијата.




Првата сериозна шанса дојде упте во 2 минута кога Кацуранис по изведувањето на првиот корнер, со директен удар го затресе Малафеев, кој мораше повторно да ја исфрла топката во корнер. Во 13 минута Кержаков ја имаше првата посериозно шанса за гол, неговито шут заврши само неколку сантиметри од голот.


Во второто полувреме првата посериозна шанса ја имаше Русија. Денисов силно шутираше од 25 метри, но топката заврши неколку сантиметри од голот на Сифакис. Грција во 70 минута се обиде да го дуплира водството, кога Салфелас од слободен удар погоди каде што се спојуваат дирекот и пречката.


Во 75 минута Денисов се обиде да ја врати посакуваната резултатска рамнотежа но Сифакис беше сигурен во интервенцијата. Русија најблиску до израмнување дојде во 82 минута кога по еден центаршут на Аршавин, Џагоев со глава ја почеша подалечната статива.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 17.Јуни.2012 во 05:18

ЈИРАЧЕК ГИ УНИШТИ СОНИШТАТА НА ПОЛСКА






Не многу интересен но тврд натпревар одиграа репрезентациите на Чешка и Полска. Воглавно тоа можеше и да се очекува од натпреварот од последното коло во групата А. Екипите сакаа победа како би обезбедиле пласман меѓу осумте најдобри на Европското првенство. На крајот резултатот на стадионот „Мунципал“ во Вроцлав беше 1:0 во корист на Чешка. Стрелец во 72 минута беше Петр Јуричек играч на Волфсбург. Поради тоа пласман во четвртфиналето на ЕУРО 2012 обезбедија чесите со шест бодови од три натпревари. На другата страна полјаците не успеаа како домаќини да остварат историски успех и да се пласираат меѓу осумте најдобри тимови на стариот континент. Полјаците играа три натпревари, да пати ремизираа и еднаш загубија. 

Воведните моменти им припаднаа на полјаците. Екипата на Смуда сакаше да постигне гол што побрзо, па нападите кон голот на Чех се менуваа прилично брзо. Сепак ниеден шут озбилно не го загрози голот на европскиот првак Челси. После 30 минути чесите се ослободија од притисокот и почнаа озбилно да напаѓаат. Меѓутоа секоја од тие шанси може да се опише како полушанса. Голманите беа внимателни, но не и на големи искушениа. 

На полувремето селекторите Билек и Смуда ништо не сменија, но во 55 минута шанса доби Росицки. Доминацијата во тие моменти воспоставија формалните домаќини на овој натпревар, но гости во Полска. На друга страна полјаците беа прилично нервозни што се виде во големиот број на прекршоци. Во 65 минута Титон одлично го одбрани ударот со глава на Сивок. Чесите тогаш можеа да жалат за неискористената шанса од два-три метри. Во 68 минута од дваесетина метри шутираше Барош, но Титон одбрани. А потоа во 72 минута грешка на Муравски на средината на теренот. Следеше контранапад кој го круниса Јирачек. Барош ја додаде топката до Јирачек на левата страна, а овој го избегна чуварот и го совлада Титон. Веднаш потоа Муравски беше заменет. Набрзо уследија посилни напади на Полска, но чесите знаеа да се постават. Се бранеа како што треба, а нападите ги сопираа каде што треба. Воздишки во 86 минута измами Василевски кога со глава шутираше кон голот на Чех. Сепак топката ја прелета пречката. За да до крајот биде поинтересно се погрижија полјаците, но гужвата во четвртата минута од судиското надопонување не изроди гол и промена на резултатот.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 18.Јуни.2012 во 05:05

РОНАЛДО ЗБЕСНА, ПОРТУГАЛИЈА ВО 1/4 ФИНАЛЕТО







Португалија успеа да обезбеди место во 1/4 финалето совладувајќи ја репрезентацијата на Холандија со 2:1,  со двата гола на Роналдо. Голот за Холандија го постигна Ван Дер Варт.


Ван Марвик го започна натпреварот со неколку измени во стартните единаесетмина. Хунтелар го предводеше нападот, подржан од Робен, Снајдер и Ван Перси. На местото на Ван Бомел стартуваше Ван дер Варт. Паоло Бенто започна со истиот состав како и на предходните два меча.


Првата чиста шанса за гол ја имаше Португалија кога Бруно Алвес во првата минута не успеа да ги погоди рамките на празниот гол на Стекеленбург при една мешаница од корнер.


При ваквиот пропуст на Португалците тимот на Холандија успеа да дојде до водство кога во 12 минута Ван Дер Варт биеше прецизно во спротивниот агол на голот на Патрисио.



По голот на Ван дер Варт играта на Холанѓаните стивна. Само три минути по погодокот на Ван Дер Варт, Кристијано Роналдо ја погоди стативата на голот на Стекеленбург. Следната можност ја пропушти Постига кој по едно погрешно додавање од холандските дефанзивци излезе сам пред голманот на Холандија но биеше непрецизно. Шанса да го израмнат резултатот пропуштија и Раул Меирелеш и повторно Постига. Најубавата шанса ја имаше Роналдо кога биеше со глава кога Стекеленбург беше на вистинската позиција и го одбрани ударот.


Израмнувањето дојде во 28 минута кога Переира одлично го проигра Роналдо кој успешн и избега на бледата холандска одбрана и со одмерен удар го израмни резултатот.



Покрај израмнувачкиот гол, Португалија беше поактивната екипа од остатокот на полувремето и имаа неколку одлични можности да направат пресврт.


Влар ја имаше првата шанса да ја доведе Холандија во водство кога во 53 минута по еден корнер не успеа да ја насочи топката кон голот на Патрисио. Португалија постигна гол во 58 минута но беше поништед поради офсајд.


Нани имаше шанса да го реши патникот уште во 72 минута кога по едно одлично проигрување од Роналдо шутираше само во Стекеленбург.


Но две минути подоцна Нани му врати на Роналдо за предходната шанса, кога одлично го проигра преку тројца холадски дефанзивци, и овој пат Роналдо со еден одмерен шут ја донесе Порутгалија во водство.


Ван дер Варт имаше можност да и ја врати на Холандија надежта дека може да оди понатака, кога шутираше во 82 минута, но само во стативата.


Роналдо имаше можност да го зголеми водството на Португалија и да постигне хет-трик кога во 90 минута шутираше од 20 метри повторно во стативата.




-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 18.Јуни.2012 во 05:09

ГЕРМАНИЈА JA ПРОДОЛЖИ СЕРИЈАТА НА ПОБЕДИ






Германците со победата од 2:1 против Данците си обезбедија четвртфинале на Европското првенство во Полска и Украина.

„Панцерите“ со максимални девет бода одат понатаму, од групата која по жрепката беше прогласена за група на `смртта`.

Во препознатлив стил, со доста пасови и движење со топка, Германците беа господари на теренот од почетокот на мечпт, а создадоа и неколку зрели шанси и удари кон голот на Данска.

Првиот гол падна во 19 минута, по одлична комбинација меѓу Езил и Милер по десната страна, по што следеше центаршут кон Марио Гомез, кој проследи до Лукас Подолски, а тој од неколку метри го совлада Андерсен за 1:0.

Данците се за секоја почит, затоа што не му се дадоа на надмоќниот противник, па пет минути подоцна изедначија по корнер, а Крон Дели го матир Нојер за 1:1.

Второто полувреме Данците беа затворени во класичен бункер, а Германците кружеа околу голот со топката.ање на Езил, Ларс Бендер од втор план стана јунак на Германија и со 2:1 ја одведе во четвртфинале.

Германија во четвртфиналето игра против Грција, на 22 јуни во 20.45 часот.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 19.Јуни.2012 во 05:06

ИТАЛИЈА ЗАСЛУЖЕНО ВО 1/4 ФИНАЛЕТО







Италија обезбеди пласман во 1/4 финалето, благодарение на победата над Ирска од 2:1 и поразот на Хрватска од 1:0 против Шпанија. Головите за Италија ги постигнаа Касано и Балотели, двајцата по корнерите од Пирло.


Италија беше тимот кј повеќе ја имаше топката во нозето во првото полувреме, но на почетокот "аѕурите" делуваат нестрпливи и тешко создаваа чисти шанси. ВО 2 минута Де Роси се обиде со волеј удар но топката заврши покрај голот. Во 18 минута Балзарети шутира од далечина но топката заврши над голот. Десет минути покасно Касано упади удар од внатрешноста на шеснаесетникот но топката се одби, Ди Натале ја прибра одбиената топка, шутна но ударот заврши во еден од одбранбените играчи на Ирска.


Во продолжение на натпреварот Италијанците вршеа се повеќе притисок. Во 30 минута шут на Ди Натале кој заврши во телото на Сент Леџер. Во 34 минута повторно Ди Натале се извлече на Ирската одбрана, успеа да го помине Шеј Гивен и шутираше од мртов агол но еден одбранбен играч ја исчсити топката од гол линијата. Една минута подоцна Касано шутира од далечина но Шеј Гивен доста несигурно ја одбива топката во корнер. Голот доаѓа по корнерот во 37 минута кога Касано успеа да издигне највисоко и со глава го матираше Шеј Гивен за 1:0 за Италија.




Во почетокот на второто полувреме "аѕурите" почнаа агресивно и во 48 минута шутираше непрецизно. Во продолжение Ирска се разбуди и во 50 минута Кевин Дојл шутираше од далеку, а потоа во 53 минута Дан бие со глава но неуспеа да го совлада Буфон. Во 55 минута Ди Натале шутира од блиску но Шеј Гивен интервенира. Маркизио ја има наредната шанса шутирајќи само покрај голот.


Во 60 минута Кит Ендрујс упатува удар од 25 метри но само во рацете на Буфон. Италија враќа преку Диаманти во 66 минута но не го загрози голот на Гивен


Во наредните минути Ирска ја пренесе играта во половината на Италија. Во 78 минута голманот на "Аѕурите" мораше да ги покажува своите голмански способности при шутот од слободниот удар на Кит Ендрујс.


Во 90 минута Марио Балотели при еден корнер постигна еден прекрасен гол со полуножички.




Италија ја заврши групата како второ пласирана и во 1/4 финалето ќе игра против најдобриот од групата Д, која ќе ја добие својата разврска утре.




-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 19.Јуни.2012 во 05:07

ШПАНИЈА НЕ ДОЗВОЛИ ИЗНЕНАДУВАЊЕ






Хесус Навас во завршницата од мечот против Хрватска,не дозволи изненадување и овозможи на Шпанија прво место на табелата и четвртфинале.

Кога Хрватите очекуваа да се свири офсајт, Иниеста ја прифати топката и ја додаде до Навас, кој само помина крај застанатиот Плетикоса и ја смести топката во мрежата.

Хрватска во последните дваесет минути играше само напад, и успеа да створи две - три убави прилики за гол, но не успеа да го совлада Икер Касиљас.

Селекторот на Хрватска, Славен Билиќ, внесе само класични напаѓачи, со цел да стигне до гол што ќе ги однесе Хрватите во четвртфинале, но не успеа во намерата.

Мора да се признае, дека актуелниот светски и европски шампион Шпанија, не беше на висина на задачата, па Хрватите покажаа подобра игра.

Во првиот дел од мечот немаше стопроцентни прилики, но имаше неколку обиди од европскиот и светски шампион. Шпанците и Хрватите се обидуваа да ги загрозат голманите од тешки позиции.

Хрватска успеа да се одбрани со наметнатата бункер игра , додека избраниците на Дел Боске имаа посед на топката, напаѓаа и шутираа, но не успеваа во тие обиди да го совладаат Стипе Плетикоса.

Сепак резултатот од 0:1 ги одведе Шпанците во четвртфинале заедно со Италија од оваа група, која ја победи Република Ирска со 2:0


-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 20.Јуни.2012 во 05:22

АНГЛИЈА КАКО ПРВОПЛАСИРАНА ВО 1/4 ФИНАЛЕТО






Англија си обезбеди место во 1/4 од Европското првенство во Полска и Украина, и тоа како прво пласирана во групата Д, благодарание на победата над Украина од 1:0 со голот на Вејн Руни, како и на поразот на Франција од Шведска од 2:0.


Домаќините го почнаа активно мечот и во 7 минута Гармиш шутира од далечина но топката заврши над голот. Неколку минути подоцнаСелин одлично се проби по левата страна и успеа да го пронајде Девич во казнениот простор но Скот Паркер успеа да го изблокира неговиот шут. Особено активни беа крилата на Украина Јармаленко и Конопјанка. 


Постепено избраниците на Рој Хоџсон ја иснесуваа играта од својата половина и почнаа да го притискаат пртивникот. Вејн Руни имаше две одличлни шанси да ја доведе Англија во водство, најпрво по центашутот на Џерард од слободен удар, а потоа по одличното нафрлање од Ашли Јанг.


Второто полувреме почна активно за англичани кои го открија резултатот уште во 49 минута. По еден одличен дриблинг и центаршут од Џерард, топката се одби од двајца Украински играчи, голманот Пјатов не успеа да ја прибере, и на вистинско место се најде Вејн Руни кој само ја смести во мрежата на Украинците.




Во 60 минута, Украина за помалку од 2 минути имаше две одлични шанси да го израмни резултатот. Најпрво Милевски од 5 метри по еден одличен центаршут биеше над голот, за потоа на Украинците да им биде пониште чист погодот. По еден контра напад на Украина, Милевски одлично се ослободи од Тери, шутираше, Харт успеа да ја закачи топката но не доволно да ја спречи. Топката потоа се одби од Тери и заврши зад линијата, Но Џон Тери успеа да ја извади со еден лизгачки старт пред судијата да види дека ја поминала последната линија.





До крајот двата тима создадоа уште неколку шанси за гол, но нови погодоци немаше.


Англија со ваков пласман успеа да го избегне Светскиот и европски шампион Шпанија во 1/4 финалето, но тоа не значи дека нема да има сериозна пречка за понатамошен прогрес во второпласираната од групата Ц, Италија.







-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 20.Јуни.2012 во 05:23

ФРАНЦИЈА И ПОКРАЈ ПОРАЗОТ ВО 1/4 ФИНАЛЕТО






Тимот на Франција и покрај поразот од Шведска од 2:0, успеа да се пласира во 1/4 финалето на Европското Првенство во Полска и Украина. Головите за првата победа на турнирот на Шведска ги постигнаа Златан Ибрахимовиќ во 54 минута и Ларсон во 90 минута.


Франција како второпласирана во својата група во 1/4 финалето ќе се сретне со Светскиот и европски шампион Шпанија која заврши на првата позиција во групата Ц.


Во еден натпревар кој за Шведска немаше никакво натпреварувачко значење, Швеѓаните прикажаа фудбал достоен за во 1/4 финалето. Успеаа да ја совладаат Франција со 2:0 со двата голови постигнати во второто полувреме. Во 54 минута Златан Ибрахимовиќ по еден одличен центаршут со полуножички од пеналтикот ја доведе Шведска во водство.


Ларсон со гол во 90 минута само ја потврди победата на Шведска која и покрај тоа што испаднаа можат да бидат задоволни од прикажаното и да се надеваат на подобар пласман на наредното големо натпреварување.







-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 22.Јуни.2012 во 05:12

ПОРТУГАЛИЈА ВО ПОЛУФИНАЛЕТО!






Прв полуфиналист на Европското првенство е Португалија. Со голот на Криситијано Роналдо во финишот од натпреварот селекцијата на Пол Бент го скрши отпорот на Чешка и со триумфот од 1:0 избори пласман меѓу четирите најдобри екипи. Покрај постигнатиот гол, Роналдо два пати ја погоди стативата.

Чесите во првото полувреме одлично му се спротиставија на фаворизираниот ривал, кој поголемиот дел од своите акции ги градеше за првата звезда на тимот Роналдо.

Секако тоа за селекцијата на Чешка не беше никакво изненадување, па со одлична постава на играта успеаа да ги неутрализираат акциите на португалците.

Сепак после пола сат игра, Роналдо стана нешто поконкретен. Во 31 минута имаше одличен обид со ножички, но не беше прецизен.

Шест минути покасно се повреди Постига, не можеше да го продолжи натпреварот, па шанса доби Алмеида.

А во 40 минута го видовме најдобриот потег во првиот дел и најдобрата шанса за гол. Роналдо одлично прими долга топка во казнетиот простор на Чешка, се добро направи, одлично се ослободи од чуварите, но Чех овој пат го спаси стативата.

И на почетокот на второто полувреме, Роналдо погоди статива, но од слободен удар од преку 25 метри.

Во 58 минута мрежата на Чех конечно се затресе, но Алмеида беше во офсајд и погодокот беше поништен.

И во продолжението гледавме иницијатива само на португалците и организирана одбрана на Чех, а конкретната игра на селекцијата на Пол Бент донесе резултат во 80 минута.

Мутињо се проби по десната страна, одлично центрираше во казнетиот простор на Чешка, каде на право место беше Роналдо, кој со одличен удар со глава успеа да го матира Чех - 0:1, заслужено водство на Португалија!

Место Чешка да проба да дојде до изедначување во финишот и понатаму гледавме напади на португалците кои до крајот успеаа да ја задржат минималната предност и да изборат пласман во полуфиналето.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 23.Јуни.2012 во 00:00

ГЕРМАНИЈА ГИ СКРОТИ ГРЦИТЕ

Втор патник помеѓу најдобрите четири на Европското првенство во Полска и Украина е репрезенацијата на Германија откако очекувано ја надигра Грција и славеше со 4:2 и во полуфиналето го чека подобриот од четвртфиналниот дуел помеѓу Англија и Италија

Како што и се очекуваше, Германците им покажаа на Грците кој е кој во Европа. Репрезентацијата на Грција повторно се обиде да изненади со својата дефанзивна тактика и контра нападите, но Германија не дозволи сензација.

И покрај тоа што селекторот Јоаким Лев се реши да одмори немоколку првотимци како Гомез, Милер и Подолски, Германија имаше целосна контрола и доминираше во текот на целиот натпревар.

Грчкиот бедем беше срушен во 38-та минута по одличниот продор по левата страна и прекрасниот гол на капитенот Филип Лам.

Германија продолжи да напаѓа и во второто полувреме, но беа накратко шокирани во 55-та минута кога по брза контра Салпингидис одлично го пронајде Самарас пред голот кој успеа да го совлада Ноер.

Сепак нивното славје траеше само пет минути откако Сами Кедира со убав гол ја врати Германија во водство, а во 68-та минута Мирослав Клосе со глава ја зголеми предноста на 3:1.

На петнаесетина минути до крајот, Марко Ројс со „бомба" ја потврди победата, а на една минута до крајот Салпингидис само намали од белата точка.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 25.Јуни.2012 во 05:53

МАМА МИА! ИТАЛИЈА Е ВО ПОЛУФИНАЛЕТО







По највозбудливиот натпревар на Европското првенство, репрезентацијата на Италија е последниот патник во полуфиналето на Европското првенство во фудбал, откако ја совлада Англија по изведувањето на пенали во четвртфиналето со 4:2. 

По 120 минути одличен меч, во кој тимот на Чезаре Прандели доминираше, напаѓаше и имаше стоотстотни шанси, Во регуларниот дел на натпреварот Балотели најмногу шутираше, но среќата не го сакаше, па два пати погоди статива, а другите удари одеа над голот. Резултатот остана 0:0, што ги одведе овие европски гиганти до решение на пенали.

Пенал рулетот го отвори Балотели со погодок, веднаш по него погоди и Жерард за Англија. Втората серија ја отвори Монтоливо и го промаши целиот гол, Руни погоди за водство на Англија по две серии.

Во третата серија Пирло мајсторски ја поткопа топката, а Ешли Јанг ја погоди пречката и така Италија се врати резултатски, за во четвртата серија Ночерино да ја доведе и во водство кое  Ешли Кол не го анулираше, Буфон му го одбрани ударот. Во последната серија Диаманти погоди за огромна радост на „Аѕурите“ и славје на Олимпискиот стадион во Киев.


Следуваат два дена пауза, во среда во украински Доњецк се игра првото полуфинале помеѓу Шпанија и Португалија, додека во четврток во полската престолнина Варшава за влез во финалето ќе се борат Германија и Италија.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 28.Јуни.2012 во 05:00

„ФУРИЈАТА“ ОД БЕЛАТА ТОЧКА ДО ФИНАЛЕТО






На Донбас Арената во Доњецк одлука за првиот финалист на Европското првенство падна после изведување на пенали. Во натпревар од кој повеќе се очекуваше после 120 минути игра беше 0:0, за да после пенал-серијата Шпанија сепак ја оправда улогата на фаворит! Во регуларните 90 минути нешто подобар впечаток остави Португалија, за да во продолженијата Шпанија ги створи своите најдобри шанси.

Првата шанса на овој натпревар видена е веќе во деветата минута кога Арбелоа изненадно се најде во изгледна ситуација, но од некои дванаесет метри топката ја прати преку голот.

Шпанците во првите петнаесет минут во свој стил ја контролираа ситуацијата на теренот имаа поголем посед на топката, но како времето минуваше се почесто топката ја гледавме на нивната половина.

Нани за разлика од некои претходни натпревари делуваше значително подобро во екипата на Португалија, расположен беше и Роналдо кој после дваесетина минути почна и со ефективни додавања со пета...

Сепак до нова шанса повторно дојдоа Шпанците во 27 минута кога Иниеста од ивицата на казнетиот простор проба да го лобува Патрисио но замалку беше непрецизен.

Четири минути покасно возвраќа Роналдо истотака од ивицата на казнетиот простор, покрај Пике и Рамос, но топката поминува покрај левата статива.


После само осум минути во вториот дел Винсет Дел Боске се откажа од „експериментот“ со Негредо во нападот. Секс Фабрегас доби шанса, шпанците сакаат повторно да воспостават препознатлива доминација на средината на теренот, но Роналдо и другарите многу брзо покажуваат дека овој пат тоа нема да оди така лесно.

Во 56 минута брз напад на Португалија, го завршува Алмеида со шут од преку дваесет метри, а топката оди преку голот. Две минути покасно нова акција на Роналдо и Алмеида кој повторно шутира кон голот на Касиљас и повторно непрецизно.

Конечно во 68 минута шпанците пробиваат низ средината, на Чави му се отвара простор шутира од некои осумнаесет метри но право во голманот Патрисио.

Четири минути покасно Роналдо изнуди слободен удар на триесет метри од голот на Касиљас, потоа и шутира- силно но топката завршува над пречката.

Во 76 мниута се отвара простор за Мутињо и Нани пред шеснаесетникот на Шпанија, но прво Мутињо можеше побрзо да реагира, за да потоа „успаниот“ Нани дозволи дефанзивците на Шпанија да го изблокираат.

И во следните минути Португалија е блиску до голот воглавно од прекини, а најизгледна позиција беше за Роналдо во 83 минута кога од нешто повеќе од 20 метри повторно шутира преку голот.

НО каква прилика пропушти Роналдо во 90 минута! Контра на Португалија четири на три, Велосо повлече, потоа Меирелеш ја праќа топката на лева страна кон Роналдо кој шутира покрај Пике но непрецизно - топката завршува покрај голот. Најдобра шанса во досегашниот тек на натпреварот.

Следеа продолжетоци, а во нив најдобра шанса за Шпанците од почетокот на натпреварот! Алба одлично го запосли Иниеста кој од неколку метри од голот не успева да го совлада Патрисио. Голманот на Португалија одлично реагираше.

Во 110 минута уште една одлична интервенција на Руи Патрисио ја спасува Португалија. Овој пат Навас се проби по десната страна, влезе во казнетиот простор, шутираше по земја во спротивниот агол, но голманот на ПОртугалија со помош на Пепе успеа да ја сочува својата мрежа.

Во 114 минута резервистот Пепе и побегна на одбраната на Португалија, но Конетрао го стигна и со одлична интервенција спречи водство на „Фуријата„

Беше тоа и последната шанса на овој натпервар, остана 0:0 и за финалистот ќе одлучуваат пенали!

Чаби Алонсо шутира прв - брани Руи Патрисио!

Мутињо за Португалија - брани Касиљас!

Втора серија: Иниеста - 1:0 за Шпанија.

Пепе шутира - 1:1!

И Пике е сигурен - 2:1!

Нани под пречката 2:2!

Серхио Рамос маестрално 3:2 за Шпанија!

Бруно Алвеш ја погодува пречката, а Фабрегас погодува за пласман на Шпанија во финалето - 4:2!



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 29.Јуни.2012 во 19:30

ДЕЛ БОСКЕ ПИШУВА ИСТОРИЈА






Шпанскиот селектор, Винсенте Дел Боске, во недела може да влезе во историјата на фудбалската игра. Имено, Дел Боске, може да стане првиот тренер, кој во кариерата освоил пехари на Светско и Европско првенство, како и во Лигата на шампиони. 

Првите големи трофеи во кариерата Дел Боске ги освои во 2000 и 2002 годдина кога како тренер на Реал победуваше во Лигата на шампиони. Искусниот тренер во 2010 година со „Црвената фурија“ ја освои светската титула на шампионатот во Јужна Африка. 

Единствен тренер на кого му успеало да ја освои светската и европската круна е Хелмут Шен, тој со Германија победи на ЕП во 1972 и СП во 1974 година. 

Во друштво на Дел Боске и Шен може да се приклучи и Марчело Липи, кој со Јувентус ја освои Лигата на шампиони, а со Италија титулата на СП во 2006 година. 

Финалниот натпревар на Еуро 2012 ќе се одигра на 1. јули, во Киев, со почеток во 20:45 часот


-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 29.Јуни.2012 во 19:31

КАСИЉАС ПРЕД НОВ РЕКОРД






Голманот на Шпанија, Икер Касиљас во недела во финалето на Евро 2012 во Полска и Украина ќе има можнсот да постави нов рекорд за најмногу победи во дресот на националниот тим во историјата на фудбалот. Ако Шпанија ја победи Италија во финалето на Евро 2012, Касиљас ќе ја прослави својата 100-тта победа во националниот тим. Касиљас и во актуелниот момент има најмногу победи на национално ниво. Во мај оваа година, тој ја забележа својата 95-та победа во пријателскиот натпревар со Република Кореја, кој заврши со резултат 4:1 во корист на Шпанија. Со оваа победа, тој ги надмина дотогашните рекордери - Французинот Лилиан Торам и Ахмед Хасан (Египет).


Потоа Шпанија ја победи Кина, а во рамките на Евро 2012 забележа победи и над Ирска, Хрватска и Франција. Портпаролот на холандската компанија,"Инфострада" прогласи дека натпреварите завршени со победа на пенали не се сметаат во оваа смисла за победи. Со Касиљас во својот стостав, Шпанија има остварено три победи на пенали. 31-годишниот голман на Шпанија беше капитен на тимот при освојување на титулите од Евро 2008 и Светското првентство во 2010 година.


Листа топ 10:

1.Икер Касиљас (Шпанија) - 99 победи,

2.Ахмед Хасан (Египет) - 94 победи,

3.Лилиан Торам (Франција)

4.Мохамед Ал-Деаје (Саудиска Арабија) - 89 победи ,

5.Али Деији (Иран),

6.Кафу (Бразил) - 88 победи,

7.Клаудио Суарез (Мексико) - 87 победи,

8.Лотар Матеус (Германија) - 85 победи,

9.Хавиер Занети (Аргентина) - 83 победи,

10.Роберто Карлос (Бразил).




-------------


Постирано од: Calipso
Датум на внесување: 01.Јули.2012 во 18:23

Италијанските навивачи ја „погребаа“ Шпанија

 Растат тензиите пред вечерашниот финален дуел од Европското фудбалско првенство, каде што ќе се сретнат Италија и Шпанија. Навивачите на Италија изработија некролози кои ги лепат пред стадионот во Киев, каде што вечерва ќе се дознае новиор европски фудбалски владетел. Истиот начин на „провоцирање“ на противникот имаа и пред полуфиналниот дуел со Германија, кога тоа им донесе успех, а вечерва ќе видиме дали овој рецепт ќе се покаже добар и за завршниот меч.
 
Двете селекции имаа веќе еден дуел на Евро во Полска и Украина, кога во првото коло ремизираа 1-1. Италија не беше меѓу фаворитите за освојување на круната, но избраниците на селекторот Чезаре Прандели ги изненадија сите и заслужено се во финалето.



-------------
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 01.Јули.2012 во 19:46
Ма Италија е .... шампион намигнување

-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: емил
Датум на внесување: 02.Јули.2012 во 04:07

ГОЛЕМАТА ШПАНИЈА СТАНА ВЕЧНА - ШПАНИЈА НЕМИЛОСРДНО ЈА СОВЛАДА ИТАЛИЈА ЗА ОДБРАНА НА ЕВРОПСКАТА КРУНА







Шпанците немилосрдно ја совладаа Италија со 4:0 (2:0) и ја одбранија титулата шампион на Европа! Стрелци Давид Силва, Жорди Алба, Фернандо Торес и Хуан Мата!Шпанија и официјално стана најдоминантна фудбалска сила во историјата на играта!

Европската титула од 2008 година и светската од 2010 додадена е уште една шампион на стариот континент, со победа од 4:0 над Италија во финалниот натпревар на Европското првенство на Олимпискиот стадион во Киев.

Потврда за непогрешливата тактика и изведба на најголемиот европски виртуоз, донесе убедлива победа на избраниците на Винсет дел Боске. Најубедлива во финалињата на европските првенства!

Головите ги постигнаа Давид Силва и Жорди Алба (во првото полувреме), Фернандо Торес и Хуан Мата (во второто).

Убедлив резултат на финален натпревар, сепак не оддаде вистинска слика за квалитетот на нивните ривали.

Италијаните докажаа дека со право обезбедија пласман во финалето. Андреа Пирло, Рикардо Монтоливо и Даниеле Де Роси пробуваа да ја пробијат шпанската одбрана по левата и десната страна, низ средината и со додавања од втор план, но Икер Касиљас последната линија на одбранта на голот на Фуријата секој пат ги корегираше ситните пропусти на своите играчи од дефанзивната линија.

Азурите сепак доживеаа голем хендикеп во 60 минута кога Тијаго Мота поради повреда на задната ложа мораше да ја напушти играта, а селекторот Прандели немаше право на уште една измена. Во првото полувреме од терен поради исти причини излезе Кјелини.

На втората клупа, шпанската, последниот свиреж на судијата Проенса означи почеток на големо славје. Селекторот Дел Боске стана втор тренер кој ги обединил светската и европската титула.

Пред него тоа му успеа на Хелмут Шон, селекторот на Западна Германија на Европското првенство во 1972 и светското во 1974 година.



-------------


Постирано од: d4 b3
Датум на внесување: 02.Јули.2012 во 09:32
http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=629122127531&id=19&prilog=0&setIzdanie=22618" rel="nofollow - http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=629122127531&id=19&prilog=0&setIzdanie=22618

Дарко Панчев, македонски фудбалер на векот


-------------
Go ahed be! Mejk maj dej!


Постирано од: емил
Датум на внесување: 02.Јули.2012 во 22:45
ги разбира работиве Даре газење од смеење

-------------


Постирано од: d4 b3
Датум на внесување: 02.Јули.2012 во 22:55
да бе

-------------
Go ahed be! Mejk maj dej!


Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 02.Јули.2012 во 23:09
па четири гола за Панчев се скромни, со него у репрезентација имаме примано многу повеќе газење од смеење


-------------
размисли пред да напишеш глупост


Постирано од: d4 b3
Датум на внесување: 02.Јули.2012 во 23:34
каде е логиката а каде разумот

Откако на клупата на шпанската селекција дојде Висенте дел Боске, тие играат многу понеатрактивен фудбал отколку со неговиот претходник Луис Арагонес, со кој го освоија Европското првенство во 2008 година. Со Дел Боске, шпанската игра е многу позатворена и посигурна во одбраната, за што говори и самиот факт дека во нокаут-натпревар немаат примено гол уште од 2006 година.

предходникот от 2008 ама со Дел Боске од 2006  изненадување


-------------
Go ahed be! Mejk maj dej!


Постирано од: LiDivio
Датум на внесување: 23.Февруари.2014 во 13:46
МАКЕДОНИЈА ВО ГРУПА СО ШПАНИЈА!

Состави на групите во квалификациите за ЕП во Франција 2016:

Група А: Холандија, Казахстан, Исланд, Летонија, Турција, Чешка
Група Б: БиХ, Андора, Кипар, Велс, Израел, Белгија
Група Ц: Шпанија, Луксембург, Македонија, Белорусија, Словачка, Украина
Група Д: Германија, Гиблартар, Грузија, Шкотска, Полска, Република Ирска
Група Е: Англија, Сан Марино, Литванија, Естонија, Словенија, Швајцарија
Група Ф: Грција, Фарски Острви, Северна Ирска, Финска, Романија, Унгарија
Група Г: Русија, Линхенштајн, Молдавија, Црна Гора, Австрија, Шведска
Група Х: Италија, Малта, Азербејџан, Бугарија, Норвешка, Хрватска
Група И: Португалија, Албанија, Ерменија, Србија, Данска


Постирано од: fiks
Датум на внесување: 23.Февруари.2014 во 17:46
Па немаме некоја тешка група според мене,али дали ќе направиме нешто повеќе е голем знак прашалник?

-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.




Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk