IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - УЕФА Европско првенство
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

УЕФА Европско првенство

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 6>
Автор
Порака
Marko Polo 1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
venecijaner

Регистриран: 20.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9693
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marko Polo 1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Мај.2012 во 20:34
Originally posted by LiDivio LiDivio напиша:

газење од смеењеголема насмевка
 





WOW... Vidi gi Hrvative zamotani u srpski orli... jbt, sto ti e Balkan... cas se mrazat, cas si se obozavaat edni drugi...   

Изменето од Marko Polo 1 - 31.Мај.2012 во 20:45
Incredible Blue
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јуни.2012 во 19:49
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јуни.2012 во 05:56

ИБРА: ТИТУЛАТА НА ЕВРО ПОВАЖНА ОД СЕ!!!







Титулата на европското првенство е поважна од сите други трофеи, трврди шведскиот репрезентативец Златан Ибрахимовиќ.


Тој има освоено титули во националните првенства во Холандија, Италија и Шпанија со тимовите на Ајакс, Јувентус, Интер, Милан и Барселона.


"За мене победата на ЕВРО 2012 ќе значи повеќе од се што сум постигнал досега во својата кариера. Трофеј со националниот тим е нешто посебно за секој фудбалер и јас не сум поинаков. Би било одлично го однесеме трофејот дома", изјави Ибрахимовиќ.


Шведска го игра својот прв натпревар на Евро 2012 на 11 јуни против домаќинот Украина во Киев, во групата "Д" каде што се и екипите на Англија и Франција.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јуни.2012 во 05:26

ПОЛСКА И ГРЦИЈА ГИ ПОДЕЛИЈА БОДОВИТЕ






Роберт Левандовски ја донесе Полска во предност во 17 минута, гол со кое беше отворено 14 Европско првенство. Напаѓачот на Борусија Дортмунд постигна гол со глава по нафрлената топка од Пишчек од десната страна и на тој начин го постигна првиот гол на ЕВРО 2012. Иако Грците останаа со играч помалку на крајот на првото полувреме, Димитрис Салпингидис го израмни резултатот на 1:1 во 51 минута.


Селекторот на Полска Фратишек Смуда го започна натпреварот со формацијата 4-2-3-1 во која на врвот на нападот беше играчот на Борусија Дортмунд, Роберт Левандовски, потпомогнат од Блашчиковски, Обрењак и Рубус веднаш зад него.


Грците натпреварот го започнаа со формација 4-3-3 во нападот со Самарас, Гекас и Нинис.


Уште во 5 минута домаќините создадоа две прекрасни шанси преку кои можеа да го отворат резултатот, но голманот на Грција  Чалкиас ги одбрани ударите на Муравски а по одбиената топка и на Рибус. Во 14 минута Пишчек центрираше остро по десната страна, но само неколку сантиметри му фалеа на Лењандовски да ја закачи топката со глава и да го отвори резултатот. Три минути подоцна двајцата создадоа иста шанса, но овој пат Левандовски беше прецизен, удирајки ја топката со глава, која откако се одби од земја заврши во мрежата на Грција.


Во 37 минута Перкис пропушти неверојатна шанса да го зголеми водството на Полска, откако од околу 11 метри биеше само покрај десната статива. Минута пред крај на полувремето, Грција остана со играч помалку по втроиот жолт картон на Пападополус. 



Во 51 минута "златната" резерва Салпингидис го израми резултатот по недоразбирањето на полската одбрана. Торосидис центрираше од десната страна, а откако Шчезни не успеа да ја отфрли топката која се одби Гекас Салпингидис се најде на вистинското место и го израмни резултатот. Во 69 минута Салпингидис излезе сам со Шчезни, по што голманот на Арсенал со еден непресметлив потег го собори на земја, за што доби директен црвен картон, а Грција пенал. Пеналот не успеа да го реализира капитенот Карагунис.



Во последната минута од натпреварот Холебас за малку не си постигна автогол. На крајот двате репрезентации  ги поделија бодовите и ќе го очекуваат исходот од натпреварот Русија-Чешка за да прават понатамошни калкулации. 

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јуни.2012 во 05:27

РУСИЈА БЕЗ ПРОБЛЕМИ СО ЧЕШКА






Русија на совршен начин го започна учеството на Евро 2012. "Зборнаја" постигна значајна победа со 4:1 над Чешка во вториот натпревар од групата "А".

Русите како целина се претставија подобро од својот противник и победата им е целосно заслужена.Головите беа дело на Алан Џагоев и Роман Широков. Првиот се запиша во 15-та и 79-тата минута, додека погодокот на Широков беше постигнат во 24-тата минути. Крајниот резултат, пак, го обликува Павличенко во 82-тата минута. Голот за Чешка пак беше реализиран од Пилар во 54-тата минута.

По овој натпревар Русија е лидер на табелата во својата група со предност од 3 поени, додека Чешка го зазема последното 4-то место со 0 поени.Следниот натпревар на Русија е против Полска на 16-ти јуни, додека Грција ќе мора да се соочи со Чешка.

Средбата започна доста подобро за Чесите, кои ја притиснаа Русија уште од првата минута.Во 5-тата минута Хубник имаше добра можност да постигне гол и да го отвори резултатот, но неговиот удар со глава беше непрецизен и топката излезе во аут. Потоа Чесите создадоа неколку добри напади, но не стигнаа до изразити шанси.

Во 15-та минута "Зборнаја" успеа да го открие резултатот. Жирков совршено центрираше, го пронајде  во казнетиот простор Кержаков.Последниот играше со глава, но топката удри во страничната греда, на неа улета младиот Алан Џагоев кој со силен удар од дистанца реализираше за 1:0.

Добрата игра на Русите продолжи и во 18-тата минута Алан Џагоев пропушти многу шанси да го постигна својот втор гол на натпреварот. Во 24-та минута Русија  направи многу важен чекор кон победата, откако Роман Широков ја удвои предноста на "Зборнаја".

Во второто полувреме Чесите притиснаа и намалија на 2-1 преку една прекрасна акција со гол на Пилар, но Русија не престана да напаѓа иако се соочуваше со постојани напади и на својот гол.

Токму во моментите кога се очекуваше Чешка комплетно да ја префрли иницијативата на половината на противникот, Русија како репрезентација од највисок светски ранг, постигна гол преку Џагоев, кој во моментов е прв стрелец со два голови.На 4-1 преку една прекрасна соло акција зголеми Павличенко 
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јуни.2012 во 05:40

ГЕРМАНСКАТА МАШИНА СТАРТУВАШЕ СО ПОБЕДА







Трикратниот Европски шампион Германија ја започна со победа кампањата ЕВРО 2012 во Полска и Украина. Бундестимот ја надигра Португалија и со 1:0 победи во вториот натпревар од групата Б. Единствениот гол на натрпреварот го постигна Марио Гомез во 72 минута кој се покажа како доволен за триумф. Ова бешечетврт дуел на двете селекции на еврозавршниците и втора победа за Германија.


Во првото полувреме двата тима играа премногу претпазливо и вистински шанси за гол немаше. Сепак Германија беше екипата која повеќе сакаше да го отвори резултатот и упати повеќе удари кон голот на Португалија.


Уште во првата минута Џером Боатенг центрираше опасно во казнениот простор каде Гомез биеше директно во рацете на Руи Патрисио. Во 9 минута Лукас Подолски го испроба противничкиот голман но ништо посериозно.Португалија напаѓаше доста срамежливо,и првата посериозно опасност дојде во 17  минута, кога Кристијано Роналдо се проби по левата страна упати еден низок центаршут но Постига не успеа да ја зафати топката која после Бадштубер ја исфрли во корнер.


Германија ја имаше иницијавата цело полувреме и Подолски во два наврати биеше од далечина но неуспешно. Томас Милер ја имаше најсериозната шанса за Германија кога Милер не успеа да го насочи  центаршутот на Озил кон голот.На самиот крај на полувремето Португалија се активираше. Најпрво Мутињо биеше но Ноер беше сигурен,  а потоа по еден корнер за Португалија изфрлената топка заврши во нозете на Пепе, кој од пеналтикот шутна само во пречката а одбиената топка тапна на линијата, но не влезе во голот.


Германија силно го започна и второто полувреме и во 46 минута дојде до мешаница пред голот на Патрисио. Во 64 минута Германија има уште една шанса за гол но Гомез шутира над голот. Најзрелата шанса ја имаше Кристијано Роналдо кој по едно додавање излезе, излезе сам пред голот на Ноер, но Боатенг стигна навреме и не му дозволи да упати удар.


Германија играше подобро цело второ полувреме и резултатот дојде во 72 минута кога по една нафрлена топка од Кедира, Гомез убаво се намести во петерецот и со глава го матираше Патрисио.


До крајот на натпреварот Португалија ја превзеде контролата и ги надигра Германците, но залудно. Во 81 минута Кристијано Роналдо упати еден незгоден удар кој Ноер го исфрли во корнер. Во 83 минута центаршутот на Нани несакајќи ја погоди гредата. Во 88 минута по една мешаница пред голот на Германија  Варела не успеа да го совлада Ноер, откако неговиот удар заврши само во телото на германскиот голман.


На крајот може да се каже дека Германија заслужено дојде до победата и се израмни на врвот на табелата со тимот на Данска.


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јуни.2012 во 05:41

ПРВА БОМБА: ДАНСКИОТ ДИНАМИТ JA РАЗНЕСЕ ХОЛАНДИЈА






Еден од фаворитите на ЕВРО 2012 Холандоја го започна учеството на Европското првенство со шокантен пораз од 1:0 против Данска на првиот натревар од групаба Б. Голот за "Црвениот динамит" го постигна Михаел крон Дели во 24 минута. Холанѓаните одиграа одлично во нападот, лесно доаѓаа до шеснаесетникот на Данска но таму заглавуваа. Данците дозволија многу грешки во одбраната, но "Портокаловите" не ги искористија и ги разочараа навивачите уште на стартот на првенството. Вината може да се префрли и на судија кој не виде два чисти пенали за Холандија при играње со рака во казнениот простор.

Данците го скршија малерот стар 45 години без победа над Холандија. Последен пат тоа се случило на 7 октомври 1967 со резултат од 3:2.

Робин ван Перси очекувано го започна натпреварот.Триото позади него беше составено од Робен, Снајдер и Афелаи. Мартин Олсен во нападот започна со Бентнер, подржан со Ромедал, Ериксен и Крон Дели.

Првиот удар дојде во 80 секунда кога Даниел Агер со глава биеше директно во Стекеленбург. Пота следи територијална превласт на Холанѓаните. Бекот Вилемс во 3 минута шутираше од 23 метри непрецизно, а во 5 минута Афејаи од прилично тешка позиција на 8 метри од гол линијата не успеа да погоди.

Во 7 минута топката се најде во нозете на Ван Перси кој шутна од 12 метри покрај левата статива. Во 11 Перси го проигра Снајдер, но Снајдер не успеа со глава да ја насочи топката кон голот. Во 18 минута Ајрен Робен влезе во шеснаесетникот но имаше неуспешно додавање до Перси.

Спротивно на развојот на натпреварот Данците избувнаа и поведоа. Дебитантот на Евро настапите Крон Дели, со една убава финта ги исфрли Ван Бомел и Хајтинга и со силен шут кој помина меѓу нозете на Стекеленбург ја донесе Данска во водство од 1:0.

Во 28 минута Симон Полсен играше со рака во својот шеснаесетник, но барањето за пенал на Холандија беше одбиено. Во 36 минута Ајрен Робен доби топка по еден непрецизно додавање од голманот на Данска, но биеше само во левиот директ. 

Во 43 минута Ван Перси ја имаше најзрелата шанса, по додавањето од Снајдер излезе сам со голманот на данската репрезентација, кој успеа да му влезе во шутот на холанѓанецот и резултатот остана непроменет. 

Второто полувреме холаѓаните го почнаа офанзивно. Во 49 минута по едно додавање од Снајдер, Ван Перси се сопна и не успеа да ја исконтролира топката. Во следниот напад исто така Ван Перси шутираше лошо кон голот на Данците. во 52 Афелаи со еден несигурен шут ги затресе Данците, но топката заврпи само покрај стативата. Најзрелата шанса ја имаше нововлезениот Хунтелар кој по еден одлично додавање од Снајдер од средината на теренот,  откако ја смири топката во противничкиот шеснаесетник, Хунтелар не успеа да го префрли Андерсен. Остатокот од натпреварот поминува во знак на неуспешните напади на Холандија. Во 90 минута повторно една сомнителна одлука на судијата. Јакобесен игра со рака во својот шеснаесетник но судијата не го гледа тоа и играта продолжува.
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јуни.2012 во 12:14
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јуни.2012 во 20:40
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
FeaR Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
False Evidence Appearing Real

Регистриран: 15.Септември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5307
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај FeaR Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јуни.2012 во 20:50
Originally posted by Santijago Santijago напиша:

Ајмо Хрватска !!! голема насмевка
od kade be ti za dalmatincive замисленост
ajmo Engleska голема насмевка
"А ти поарен да не си?" -македонски начин на прифаќање критика
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јуни.2012 во 20:54
Од секогаш за нив сум ма намигнување голема насмевка

И ето гледаш што прават ... газат !!! голема насмевка
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
FeaR Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
False Evidence Appearing Real

Регистриран: 15.Септември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5307
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај FeaR Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јуни.2012 во 20:57
a se si mislev deka si za zabarite :D no nejsi ke gi resi keane :P
"А ти поарен да не си?" -македонски начин на прифаќање критика
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јуни.2012 во 20:59
покрај Коцкестите сум и за Лалињата да
едни од нив ке бидат шампиони голема насмевка
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
FeaR Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
False Evidence Appearing Real

Регистриран: 15.Септември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5307
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај FeaR Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јуни.2012 во 21:02
gi eba slana lalinjata смеење inace kockestive do 8 finale najvise huhuh
"А ти поарен да не си?" -македонски начин на прифаќање критика
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 6>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.