IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - УЕФА Европско првенство
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

УЕФА Европско првенство

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 6>
Автор
Порака Обратен редослед
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јуни.2012 во 00:00

ГЕРМАНИЈА ГИ СКРОТИ ГРЦИТЕ

Втор патник помеѓу најдобрите четири на Европското првенство во Полска и Украина е репрезенацијата на Германија откако очекувано ја надигра Грција и славеше со 4:2 и во полуфиналето го чека подобриот од четвртфиналниот дуел помеѓу Англија и Италија

Како што и се очекуваше, Германците им покажаа на Грците кој е кој во Европа. Репрезентацијата на Грција повторно се обиде да изненади со својата дефанзивна тактика и контра нападите, но Германија не дозволи сензација.

И покрај тоа што селекторот Јоаким Лев се реши да одмори немоколку првотимци како Гомез, Милер и Подолски, Германија имаше целосна контрола и доминираше во текот на целиот натпревар.

Грчкиот бедем беше срушен во 38-та минута по одличниот продор по левата страна и прекрасниот гол на капитенот Филип Лам.

Германија продолжи да напаѓа и во второто полувреме, но беа накратко шокирани во 55-та минута кога по брза контра Салпингидис одлично го пронајде Самарас пред голот кој успеа да го совлада Ноер.

Сепак нивното славје траеше само пет минути откако Сами Кедира со убав гол ја врати Германија во водство, а во 68-та минута Мирослав Клосе со глава ја зголеми предноста на 3:1.

На петнаесетина минути до крајот, Марко Ројс со „бомба" ја потврди победата, а на една минута до крајот Салпингидис само намали од белата точка.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јуни.2012 во 05:12

ПОРТУГАЛИЈА ВО ПОЛУФИНАЛЕТО!






Прв полуфиналист на Европското првенство е Португалија. Со голот на Криситијано Роналдо во финишот од натпреварот селекцијата на Пол Бент го скрши отпорот на Чешка и со триумфот од 1:0 избори пласман меѓу четирите најдобри екипи. Покрај постигнатиот гол, Роналдо два пати ја погоди стативата.

Чесите во првото полувреме одлично му се спротиставија на фаворизираниот ривал, кој поголемиот дел од своите акции ги градеше за првата звезда на тимот Роналдо.

Секако тоа за селекцијата на Чешка не беше никакво изненадување, па со одлична постава на играта успеаа да ги неутрализираат акциите на португалците.

Сепак после пола сат игра, Роналдо стана нешто поконкретен. Во 31 минута имаше одличен обид со ножички, но не беше прецизен.

Шест минути покасно се повреди Постига, не можеше да го продолжи натпреварот, па шанса доби Алмеида.

А во 40 минута го видовме најдобриот потег во првиот дел и најдобрата шанса за гол. Роналдо одлично прими долга топка во казнетиот простор на Чешка, се добро направи, одлично се ослободи од чуварите, но Чех овој пат го спаси стативата.

И на почетокот на второто полувреме, Роналдо погоди статива, но од слободен удар од преку 25 метри.

Во 58 минута мрежата на Чех конечно се затресе, но Алмеида беше во офсајд и погодокот беше поништен.

И во продолжението гледавме иницијатива само на португалците и организирана одбрана на Чех, а конкретната игра на селекцијата на Пол Бент донесе резултат во 80 минута.

Мутињо се проби по десната страна, одлично центрираше во казнетиот простор на Чешка, каде на право место беше Роналдо, кој со одличен удар со глава успеа да го матира Чех - 0:1, заслужено водство на Португалија!

Место Чешка да проба да дојде до изедначување во финишот и понатаму гледавме напади на португалците кои до крајот успеаа да ја задржат минималната предност и да изборат пласман во полуфиналето.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јуни.2012 во 05:23

ФРАНЦИЈА И ПОКРАЈ ПОРАЗОТ ВО 1/4 ФИНАЛЕТО






Тимот на Франција и покрај поразот од Шведска од 2:0, успеа да се пласира во 1/4 финалето на Европското Првенство во Полска и Украина. Головите за првата победа на турнирот на Шведска ги постигнаа Златан Ибрахимовиќ во 54 минута и Ларсон во 90 минута.


Франција како второпласирана во својата група во 1/4 финалето ќе се сретне со Светскиот и европски шампион Шпанија која заврши на првата позиција во групата Ц.


Во еден натпревар кој за Шведска немаше никакво натпреварувачко значење, Швеѓаните прикажаа фудбал достоен за во 1/4 финалето. Успеаа да ја совладаат Франција со 2:0 со двата голови постигнати во второто полувреме. Во 54 минута Златан Ибрахимовиќ по еден одличен центаршут со полуножички од пеналтикот ја доведе Шведска во водство.


Ларсон со гол во 90 минута само ја потврди победата на Шведска која и покрај тоа што испаднаа можат да бидат задоволни од прикажаното и да се надеваат на подобар пласман на наредното големо натпреварување.





Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јуни.2012 во 05:22

АНГЛИЈА КАКО ПРВОПЛАСИРАНА ВО 1/4 ФИНАЛЕТО






Англија си обезбеди место во 1/4 од Европското првенство во Полска и Украина, и тоа како прво пласирана во групата Д, благодарание на победата над Украина од 1:0 со голот на Вејн Руни, како и на поразот на Франција од Шведска од 2:0.


Домаќините го почнаа активно мечот и во 7 минута Гармиш шутира од далечина но топката заврши над голот. Неколку минути подоцнаСелин одлично се проби по левата страна и успеа да го пронајде Девич во казнениот простор но Скот Паркер успеа да го изблокира неговиот шут. Особено активни беа крилата на Украина Јармаленко и Конопјанка. 


Постепено избраниците на Рој Хоџсон ја иснесуваа играта од својата половина и почнаа да го притискаат пртивникот. Вејн Руни имаше две одличлни шанси да ја доведе Англија во водство, најпрво по центашутот на Џерард од слободен удар, а потоа по одличното нафрлање од Ашли Јанг.


Второто полувреме почна активно за англичани кои го открија резултатот уште во 49 минута. По еден одличен дриблинг и центаршут од Џерард, топката се одби од двајца Украински играчи, голманот Пјатов не успеа да ја прибере, и на вистинско место се најде Вејн Руни кој само ја смести во мрежата на Украинците.




Во 60 минута, Украина за помалку од 2 минути имаше две одлични шанси да го израмни резултатот. Најпрво Милевски од 5 метри по еден одличен центаршут биеше над голот, за потоа на Украинците да им биде пониште чист погодот. По еден контра напад на Украина, Милевски одлично се ослободи од Тери, шутираше, Харт успеа да ја закачи топката но не доволно да ја спречи. Топката потоа се одби од Тери и заврши зад линијата, Но Џон Тери успеа да ја извади со еден лизгачки старт пред судијата да види дека ја поминала последната линија.





До крајот двата тима создадоа уште неколку шанси за гол, но нови погодоци немаше.


Англија со ваков пласман успеа да го избегне Светскиот и европски шампион Шпанија во 1/4 финалето, но тоа не значи дека нема да има сериозна пречка за понатамошен прогрес во второпласираната од групата Ц, Италија.





Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јуни.2012 во 05:07

ШПАНИЈА НЕ ДОЗВОЛИ ИЗНЕНАДУВАЊЕ






Хесус Навас во завршницата од мечот против Хрватска,не дозволи изненадување и овозможи на Шпанија прво место на табелата и четвртфинале.

Кога Хрватите очекуваа да се свири офсајт, Иниеста ја прифати топката и ја додаде до Навас, кој само помина крај застанатиот Плетикоса и ја смести топката во мрежата.

Хрватска во последните дваесет минути играше само напад, и успеа да створи две - три убави прилики за гол, но не успеа да го совлада Икер Касиљас.

Селекторот на Хрватска, Славен Билиќ, внесе само класични напаѓачи, со цел да стигне до гол што ќе ги однесе Хрватите во четвртфинале, но не успеа во намерата.

Мора да се признае, дека актуелниот светски и европски шампион Шпанија, не беше на висина на задачата, па Хрватите покажаа подобра игра.

Во првиот дел од мечот немаше стопроцентни прилики, но имаше неколку обиди од европскиот и светски шампион. Шпанците и Хрватите се обидуваа да ги загрозат голманите од тешки позиции.

Хрватска успеа да се одбрани со наметнатата бункер игра , додека избраниците на Дел Боске имаа посед на топката, напаѓаа и шутираа, но не успеваа во тие обиди да го совладаат Стипе Плетикоса.

Сепак резултатот од 0:1 ги одведе Шпанците во четвртфинале заедно со Италија од оваа група, која ја победи Република Ирска со 2:0
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јуни.2012 во 05:06

ИТАЛИЈА ЗАСЛУЖЕНО ВО 1/4 ФИНАЛЕТО







Италија обезбеди пласман во 1/4 финалето, благодарение на победата над Ирска од 2:1 и поразот на Хрватска од 1:0 против Шпанија. Головите за Италија ги постигнаа Касано и Балотели, двајцата по корнерите од Пирло.


Италија беше тимот кј повеќе ја имаше топката во нозето во првото полувреме, но на почетокот "аѕурите" делуваат нестрпливи и тешко создаваа чисти шанси. ВО 2 минута Де Роси се обиде со волеј удар но топката заврши покрај голот. Во 18 минута Балзарети шутира од далечина но топката заврши над голот. Десет минути покасно Касано упади удар од внатрешноста на шеснаесетникот но топката се одби, Ди Натале ја прибра одбиената топка, шутна но ударот заврши во еден од одбранбените играчи на Ирска.


Во продолжение на натпреварот Италијанците вршеа се повеќе притисок. Во 30 минута шут на Ди Натале кој заврши во телото на Сент Леџер. Во 34 минута повторно Ди Натале се извлече на Ирската одбрана, успеа да го помине Шеј Гивен и шутираше од мртов агол но еден одбранбен играч ја исчсити топката од гол линијата. Една минута подоцна Касано шутира од далечина но Шеј Гивен доста несигурно ја одбива топката во корнер. Голот доаѓа по корнерот во 37 минута кога Касано успеа да издигне највисоко и со глава го матираше Шеј Гивен за 1:0 за Италија.




Во почетокот на второто полувреме "аѕурите" почнаа агресивно и во 48 минута шутираше непрецизно. Во продолжение Ирска се разбуди и во 50 минута Кевин Дојл шутираше од далеку, а потоа во 53 минута Дан бие со глава но неуспеа да го совлада Буфон. Во 55 минута Ди Натале шутира од блиску но Шеј Гивен интервенира. Маркизио ја има наредната шанса шутирајќи само покрај голот.


Во 60 минута Кит Ендрујс упатува удар од 25 метри но само во рацете на Буфон. Италија враќа преку Диаманти во 66 минута но не го загрози голот на Гивен


Во наредните минути Ирска ја пренесе играта во половината на Италија. Во 78 минута голманот на "Аѕурите" мораше да ги покажува своите голмански способности при шутот од слободниот удар на Кит Ендрујс.


Во 90 минута Марио Балотели при еден корнер постигна еден прекрасен гол со полуножички.




Италија ја заврши групата како второ пласирана и во 1/4 финалето ќе игра против најдобриот од групата Д, која ќе ја добие својата разврска утре.


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јуни.2012 во 05:09

ГЕРМАНИЈА JA ПРОДОЛЖИ СЕРИЈАТА НА ПОБЕДИ






Германците со победата од 2:1 против Данците си обезбедија четвртфинале на Европското првенство во Полска и Украина.

„Панцерите“ со максимални девет бода одат понатаму, од групата која по жрепката беше прогласена за група на `смртта`.

Во препознатлив стил, со доста пасови и движење со топка, Германците беа господари на теренот од почетокот на мечпт, а создадоа и неколку зрели шанси и удари кон голот на Данска.

Првиот гол падна во 19 минута, по одлична комбинација меѓу Езил и Милер по десната страна, по што следеше центаршут кон Марио Гомез, кој проследи до Лукас Подолски, а тој од неколку метри го совлада Андерсен за 1:0.

Данците се за секоја почит, затоа што не му се дадоа на надмоќниот противник, па пет минути подоцна изедначија по корнер, а Крон Дели го матир Нојер за 1:1.

Второто полувреме Данците беа затворени во класичен бункер, а Германците кружеа околу голот со топката.ање на Езил, Ларс Бендер од втор план стана јунак на Германија и со 2:1 ја одведе во четвртфинале.

Германија во четвртфиналето игра против Грција, на 22 јуни во 20.45 часот.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јуни.2012 во 05:05

РОНАЛДО ЗБЕСНА, ПОРТУГАЛИЈА ВО 1/4 ФИНАЛЕТО







Португалија успеа да обезбеди место во 1/4 финалето совладувајќи ја репрезентацијата на Холандија со 2:1,  со двата гола на Роналдо. Голот за Холандија го постигна Ван Дер Варт.


Ван Марвик го започна натпреварот со неколку измени во стартните единаесетмина. Хунтелар го предводеше нападот, подржан од Робен, Снајдер и Ван Перси. На местото на Ван Бомел стартуваше Ван дер Варт. Паоло Бенто започна со истиот состав како и на предходните два меча.


Првата чиста шанса за гол ја имаше Португалија кога Бруно Алвес во првата минута не успеа да ги погоди рамките на празниот гол на Стекеленбург при една мешаница од корнер.


При ваквиот пропуст на Португалците тимот на Холандија успеа да дојде до водство кога во 12 минута Ван Дер Варт биеше прецизно во спротивниот агол на голот на Патрисио.



По голот на Ван дер Варт играта на Холанѓаните стивна. Само три минути по погодокот на Ван Дер Варт, Кристијано Роналдо ја погоди стативата на голот на Стекеленбург. Следната можност ја пропушти Постига кој по едно погрешно додавање од холандските дефанзивци излезе сам пред голманот на Холандија но биеше непрецизно. Шанса да го израмнат резултатот пропуштија и Раул Меирелеш и повторно Постига. Најубавата шанса ја имаше Роналдо кога биеше со глава кога Стекеленбург беше на вистинската позиција и го одбрани ударот.


Израмнувањето дојде во 28 минута кога Переира одлично го проигра Роналдо кој успешн и избега на бледата холандска одбрана и со одмерен удар го израмни резултатот.



Покрај израмнувачкиот гол, Португалија беше поактивната екипа од остатокот на полувремето и имаа неколку одлични можности да направат пресврт.


Влар ја имаше првата шанса да ја доведе Холандија во водство кога во 53 минута по еден корнер не успеа да ја насочи топката кон голот на Патрисио. Португалија постигна гол во 58 минута но беше поништед поради офсајд.


Нани имаше шанса да го реши патникот уште во 72 минута кога по едно одлично проигрување од Роналдо шутираше само во Стекеленбург.


Но две минути подоцна Нани му врати на Роналдо за предходната шанса, кога одлично го проигра преку тројца холадски дефанзивци, и овој пат Роналдо со еден одмерен шут ја донесе Порутгалија во водство.


Ван дер Варт имаше можност да и ја врати на Холандија надежта дека може да оди понатака, кога шутираше во 82 минута, но само во стативата.


Роналдо имаше можност да го зголеми водството на Португалија и да постигне хет-трик кога во 90 минута шутираше од 20 метри повторно во стативата.


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јуни.2012 во 05:18

ЈИРАЧЕК ГИ УНИШТИ СОНИШТАТА НА ПОЛСКА






Не многу интересен но тврд натпревар одиграа репрезентациите на Чешка и Полска. Воглавно тоа можеше и да се очекува од натпреварот од последното коло во групата А. Екипите сакаа победа како би обезбедиле пласман меѓу осумте најдобри на Европското првенство. На крајот резултатот на стадионот „Мунципал“ во Вроцлав беше 1:0 во корист на Чешка. Стрелец во 72 минута беше Петр Јуричек играч на Волфсбург. Поради тоа пласман во четвртфиналето на ЕУРО 2012 обезбедија чесите со шест бодови од три натпревари. На другата страна полјаците не успеаа како домаќини да остварат историски успех и да се пласираат меѓу осумте најдобри тимови на стариот континент. Полјаците играа три натпревари, да пати ремизираа и еднаш загубија. 

Воведните моменти им припаднаа на полјаците. Екипата на Смуда сакаше да постигне гол што побрзо, па нападите кон голот на Чех се менуваа прилично брзо. Сепак ниеден шут озбилно не го загрози голот на европскиот првак Челси. После 30 минути чесите се ослободија од притисокот и почнаа озбилно да напаѓаат. Меѓутоа секоја од тие шанси може да се опише како полушанса. Голманите беа внимателни, но не и на големи искушениа. 

На полувремето селекторите Билек и Смуда ништо не сменија, но во 55 минута шанса доби Росицки. Доминацијата во тие моменти воспоставија формалните домаќини на овој натпревар, но гости во Полска. На друга страна полјаците беа прилично нервозни што се виде во големиот број на прекршоци. Во 65 минута Титон одлично го одбрани ударот со глава на Сивок. Чесите тогаш можеа да жалат за неискористената шанса од два-три метри. Во 68 минута од дваесетина метри шутираше Барош, но Титон одбрани. А потоа во 72 минута грешка на Муравски на средината на теренот. Следеше контранапад кој го круниса Јирачек. Барош ја додаде топката до Јирачек на левата страна, а овој го избегна чуварот и го совлада Титон. Веднаш потоа Муравски беше заменет. Набрзо уследија посилни напади на Полска, но чесите знаеа да се постават. Се бранеа како што треба, а нападите ги сопираа каде што треба. Воздишки во 86 минута измами Василевски кога со глава шутираше кон голот на Чех. Сепак топката ја прелета пречката. За да до крајот биде поинтересно се погрижија полјаците, но гужвата во четвртата минута од судиското надопонување не изроди гол и промена на резултатот.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јуни.2012 во 05:16

ГРЦИЈА БЕЗ НИКАКВА ИГРА СЕ ПЛАСИРАШЕ ВО 1/4 ФИНАЛЕТО.






Грција успеа да ја изненади Русија и со победа од 1:0 успеа да обезбеди место во 1/4 финалето. Русија покрај фуриозниот старт на крај останаа со празни раце.


"Зборнаја" беше лидер во групата А со четири поени и доволно ќе му беше реми за да се пласира во 1/4 финалето. Грција почна со само еден поен, но со победата над Русија и покрај никаквата игра што ја прикажаа обезбедија место во 1/4 финалето.


Дик Адвокат го почна натпреварот во нападот со Кержаков. Единствената промена во составот е Денис Глушаков на местото на Зирјанов.


Во Грчкиот состав има промени во споредба со минатите натпревари. На голот е Сифакис на местото на повредениот Халкиас. ОСвен тоа на теренот не се Холебас, Фиртунис и Фотакис. Наместо нив во игра се казнетиот Папастополус, Цефалас и Гекас. Голот пристигна во судиското продолжение на првото полувреме, кога при едно додавање од аут топката го прескокна Жирков и пристигна кај Карагунис кој беше сигурен во реализицијата.




Првата сериозна шанса дојде упте во 2 минута кога Кацуранис по изведувањето на првиот корнер, со директен удар го затресе Малафеев, кој мораше повторно да ја исфрла топката во корнер. Во 13 минута Кержаков ја имаше првата посериозно шанса за гол, неговито шут заврши само неколку сантиметри од голот.


Во второто полувреме првата посериозна шанса ја имаше Русија. Денисов силно шутираше од 25 метри, но топката заврши неколку сантиметри од голот на Сифакис. Грција во 70 минута се обиде да го дуплира водството, кога Салфелас од слободен удар погоди каде што се спојуваат дирекот и пречката.


Во 75 минута Денисов се обиде да ја врати посакуваната резултатска рамнотежа но Сифакис беше сигурен во интервенцијата. Русија најблиску до израмнување дојде во 82 минута кога по еден центаршут на Аршавин, Џагоев со глава ја почеша подалечната статива.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јуни.2012 во 06:09

АНГЛИЈА ГИ ИСПРАТИ ШВЕЃАНИТЕ ДОМА ВО НАТПРЕВАР СО ПЕТ ГОЛА (ГАЛЕРИЈА)





Фудбалерите на Англија ја совладаа Шведска со 3.2 (1:0), во последниот натпревар од второто коло, во Д групата на Европското првнество.

Во Киев, Англија ја забележа првата победа над Шведска на големите натпреварувања, воедно избраниците на Рој Хоџсон си ги задржаа шансите за пласман во четвртфиналето и ја елиминираа Шведска од Еуро 2012. 

Англија одигра добро прво полувреме кое го заврши со предност од еден гол. Капитенот Џерард го пронајде Керол кој со глава го совлада Исаксон.

Во продолжение на натпреварот Англија и Шведска ги одиграа најдобрите 45 минути во досегашниот тек на Европското првенство. 

Ветеранот во шведскиот тим Олаф Мелберг искористи две нафрлувања и ја донесе својата репрезентација во водство од 2:1. 

Првиот гол кој го псотигна Мелберг во 49-та минута, официјално е запишан како авто-гол на Глен Џонсон. Вториот гол дефанзивецот на „трите круни“ го псотигна по еден час игра. 

Веднаш по голот англискиот селектор, Рој Хоџсон ја направи истинската замена, Волкот во игра влезе на местото на Милнер и ја однесе Англија до победата. 

Најпрвин со удар од 22 метри тој го фати Исаксон на „погрешна нога“, а потоа повлече контранапад и му асистираше на Велбек, кој во 77-та минута го постигна најубавиот гол на ЕП, откако со пета ја погоди мрежата на Шведска. 

Решавалкото трето коло по кое ќе бидат познати двете репрезентации кои од Д групата ќе одат во четвртфиналето ќе се одиграат на 19. јуни, Фрнција во Киев ќе се сретне со отпишаната Шведска, додека во Доњецк кодомаќинот Украина ќе игра против Англија. 

На табелата по две кола Франција и Англија имаат по четири бода, Украина има три, а Шведска е без бодови. 
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јуни.2012 во 06:08

РАНЦИЈА РУТИНИРАНО ДО ПОБЕДА







Франција и Украина го одиграа првиот дуел од второто коло од последната група на ЕВРО 2012. Натпреварот заврши во корист на Франција со 2:0. Головите ги постигнаа во 53 минута Џереми Менес и Кабаја во 56 минута. Ко-домаќините не успеа да ја продолжат серијата и да обезбедат пласман уште по вториот натпревар.


Украинците кои никогаш досега не го победил денешниот ривал го почнуваат натпреварот со формација 4-2-3-1, во врвот на нападот со Шевченко, а за над него Воронин. На крилните позиции помагаа Конопјанка и Јармоленко. Анатоли Тимошчук и Назаренко ќе дејстуваат во средина на теренот. Одбраната е составена од Селин, Михалик, Хачериди и Гусев. На голманската позиција е Пјатов.


Две замени во составот направи Лорен Блан. На левата бековска позиција  започна Гаел Клиши место Патрис Евра, а во средниот ред Џереми Менез на местото на Малуда.


Дуелот започна во исклучително лоши временски услови, кога над Донецк се појави вистинска бура со грмотевици и пороен дожд се излеваше на Донбас Арената. Судијата Бјорн Кујперс го прекина дуелот по 5 минути игра. Средбата продолжи нешто после 19:00 часот.





Во 17 минута Менес ја смести топката во голот на Пјатов, но голот беше поништен поради офсајд. Во 25 минута Јармоленко шутира силно од границата на казнениот простор но над голот. Малку подоцна повторно Менез шутира но над голот на Пјатов.


Во 28 минута повторно играчот на ПСЖ беше во одлична шанса. Грешка во одбраната на Украина му овозможи на Рибери да се пробие од левата страна по што центрираше по земја кон Бензема. Напаѓачот на Реам Мадрид ја пропушти топката, но таа стигна од Менес, чиј удар беше спасен од Пјатов. Ова беше најзрелата шанса за гол до овој момент.


Во 35 минута дојде и најдобраната шанса за домаќините и повтроно нејзин автор беше Шевченко, кој се проби одлично по левата страна шутираше остро, но Лорис беше на вистинското место. Дуелот продолжи со исклучително брз ритам и отворена игра. Во 39 минута Мексес биеше со глава од неколку метри по центаршутот на Насри од слободен удар, но Пјатов благовремено интервенираше.


Второто полувреме започна силно, со закани по двата гола. Најпрвин Менес шутираше прекрасно но непрецизно, а потоа шутот на Шевченко заврши само неколку сантиметри до голот на Пјатов.


Голот пристигна во 53 минута по една одлична комбинација на Рибери, Бензема и Менес, кој со левата нога го матираше Пјатов за 1:0 за Франција.




3 минути подоцна пристигна и вториот гол за Франција. Бензема одлично го проигра Кабаја кој шутираше прецизно меѓу двајца дефанзивци и во мрежата на Пјатов.




Во 65 минута Кабаја повторно имаше шанса да го зголеми водството, со еден силен шут од внатрешноста на шеснаесетникот но неговиот удар заврши во стативата. Во 86 минута Насри имаше можност од слободен удар да постигне гол, но Пјатов го одврати од намерата

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јуни.2012 во 04:43

ШПАНИЈА ЛЕСНО СО ИРСКА






Бранителот на титулата на Еуро 2012, репрезентацијата на Шпанија, ја забележа првата победа на континенталното првенство. Во рамките на второто коло, во Ц групата, Шпанија ја совлада Република Ирска со 4:0 (1:0).

Натпреварот мина онака како што се очекуваше, Шпанија, во текот на целиот натпревар ја контролираше играта и не му дозволи на противникот ниту трошка надеж, дека може да приреди накаво изнендување. 

Шпанскиот селектор, Дел Боске, под притсок на јавноста, започна со Фернандо Торес во шпицот на нападот, а овој му возврати со два гола. 

Играчот на Челзи го отвори резултатот во четвртата минута, вториот гол за Шпанија го постигна Давид Силва во 48-та, Торес зголеми со својот втор гол н 3:0 во 70-та, а конечниот резултат го постави Фабрегас, кој го замени Торес, во 82-та минута.

Шпанија по две кола во Ц групата, поради подобрата гол разлика е лидер со четири бода, колку што има и Хрватска, Италија е трета со два бода, а Ирците немаат ниту еден бод. 

Последното коло ќе ги даде патниците во четвртфиналето од оваа група, на 18. јуни ќе играат Шпанија-Хрватска и Република Ирска-Италија.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јуни.2012 во 04:42

ИТАЛИЈА ПОВТОРНО ПОКАЖА ФУДБАЛ НО ОСТАНА БЕЗ ПОБЕДА







Тимот на Италија одигра 1:1 со Хрватска во натпревар од групата "Ц" на Евро 2012, одигран во Познан. Андреа Пирло (39) и Марио Манджукич (72) стрелаа. Италијанците одиграа одлично прво полувреме, а во вториот дел дозволија една грешка да им го одземе успехот. Така Хрватска е на чело во групата со четири поени. "Азурите" имаат две нерешени, и покрај впечатливиот напаѓачки фудбал. 


Двата селектори ги изнесоа на теренот истите постави од првото коло. Де Роси повторно централен дефанзивец со Киелини и Бонучи а во нападот Балотели и Касано. За Хрватска во нападот Манџукиќ и Јелавиќ.


Првата одлична шанса ја имаше Марио Балотели уште во 3 минута. Италијанската деветка ја прими топката во казнениот простор се сврте биеше силно но непрецизно. Во 11 минута Касано одлично го проигра Балотели, чиј шут заврши во еден од дефензивците на Хрватска. Следната можност ја Италија ја пропушти Маркизио кој биеше многу блиску до стативата.


"Aѕурите" дејствуваа поактивно и брзо доаѓаа  до казнетиот простор на противникот главно со ниски додавања. Балотели беше постојано блиску до Плетикоса, но не успеваше да го совлада. Во 16-та Марио шутира моќно, но во телото на голманот.


Кристално положба се отвори пред Маркизио во 37-тата минута, повторно Касано асистираше но везниот играч во два обида не успеа да го совлада Плетикоса. Во 39 минута диригентот Пирло го отвори резултатот. По фаулот на Балотели, Пирло прецизно стрелаше од левиот раб на шеснаесетникот.




Како целина во првиот дел навивачите видоа многу напаѓачки фудбал од Италијанците и распрскана игра во одбраната на "бело-црвените".


Вториот дел започна со притисок на Хрватска. Во 47-та минута Лука Модриќ шутира опасно, но Буфон беше на своето место. Стотина секунди подоцна повторно Модриќ шутира силно, но над гредата.


Италијанците ја препуштија иницијатива на Хрватска и се повлекоа во одбраната. Тогаш дојде и казната. Во 72 минута по една нафрлена топка која по измери Киелини, Манџукиќ убаво ја смири на 5 метри од голот и го совлада Буфон, со што Хрватска израмни на 1:1



Тоа беше трето гол на Мандџукиќ на Евро 2012, со што Хрватот се израмни со водечките стрелеци Алан Џагоев и Марио Гомез.


Италијанците тргнаа силни во остатокот на натпреварот. Во 76 минута резервата Монтоливо шутираше силно, обидувајќи да го изненади Плетикоса, кој се намести на вистинкото место и го одби ударот во корнер.


Во 82 минута контранапад на Хрватска, во кој Манџукиќ повлече до шеснаесетникот на Италија, му ја додаде топката на Јелавиќ кој со одличната замисла сакаше да ја врати топката до него, но додавањето беше непрецизно.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 6>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,516 секунди.