IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - Шпанска Примера
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Шпанска Примера

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 7>
Автор
Порака Обратен редослед
pajser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
kloshar

Регистриран: 04.Март.2011
Локација: Lao People's Dem. Rep.
Статус: Офлајн
Поени: 13899
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pajser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Мај.2011 во 13:10
 
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Мај.2011 во 00:12
Роналдо: Жално е што не сме шампиони


Португалецот постигна четири гола во победата на Реал на гостувањето во Севилја (6:2) и изби на листата на стрелци, оставајќи го зад себе Меси


Реал (М) со убедливиот триумф на гостувањето во Севилја (6:2) го одложи за уште една недела крунисувањето на Барселона во шпанската Примера. Кристијано Роналдо втор пат сезонава нанижа четири гола, претходно и со Расинг, па сега со 33 погодоци е лидер меѓу голгетерите, оставајќи го зад себе Лео Меси (31 гол). На Реал ова му е втора победа на гости со шест гола, откако славеше и над Валенсија на Месталја (6:2).

Херојот на "кралевите" изрази жалење што и покрај одличната сезона Реал нема да може да ја освои титулата во Примера.
- Да постигнеш 4 гола не е лесно и заслугата за тоа е на моите соиграчи. Без нивна помош немаше да постигнам ништо. Сите игравме добро. По она што се случи во Лигата на шампиони имавме потреба од добар резултат и го постигнавме. Колку подоцна Барселона стане шампиони, толку подобро. Жално е што титулата нема да биде наша, но тоа е фудбалот. Ни остануваат уште неколку натпревари и мотивирани сме да победиме и на нив. Не сакам да мислам дали ќе станам голгетер на првенството, изјави Роналдо

Португалецот постига и нов рекорд во кариерата, сега веќе има 46 голови на сите турнири од стартот на сезонава и на тој начин го надмина досегашното најдобро постигнување - 42 гола со Манчестер Јунајтед во сезоната 2007/2008.
Атлетико со поразот дома од Малага (0:3) значително си ги намали шансите за место во ЛШ, но затоа пак за гостите овие три бода значат многу во борбата за опстанок.

Резултати: Гетафе - Алмерија 2:0 (Колунга 4', Риос 53'), Валенсија - Сосиедад 3:0 (Солдадо 16', 37', Хонас 25'), Атлетик Б. - Леванте 3:2 (Токеро 31', Лопез 47' пен, Љоренте 63' - Стуани 77', Нано 85'), Спортинг - Депортиво 2:2 (Ајосе 35' пен, Барал 90' пен - Адријан 8', 40'), Херкулес - Расинг 2:3 (Сендоа 40', Гомеш 43' - Дос Сантос 14', 41', Енрике 45'), Атлетико М. - Малага 0:3 (Рондон 29', Баптиста 35', Мареска 84'), Севилја - Реал М. 2:6 (Негредо 61', 84' - Рамос 21', Роналдо 31', 65', 70', 75', Кака 42').


Табела:

1. Барселона

34

28

4

2

89:19

88

2. Реал (М)

35

26

5

4

87:31

83

3. Валенсија

35

20

6

9

60:42

66

4. Вилјареал

34

18

6

10

53:40

60

5. Атлетик (Б)

35

17

3

15

55:51

54

6. Атлетико (М)

35

15

7

13

55:47

52

7. Севилја

35

15

7

13

54:55

52

8. Еспањол

34

15

3

16

42:47

48

9. Спортинг Х.

35

10

13

12

33:39

43

10. Леванте

35

12

7

16

39:49

43

11. Сантандер

35

11

10

14

37:51

43

12. Мајорка

34

12

6

16

35:47

42

13. Малага

35

12

6

17

50:64

42

14. Сосиедад

35

13

2

20

45:61

41

15. Гетафе

35

11

7

17

46:55

40

16. Сарагоса

34

10

9

15

35:47

39

17. Депортиво

35

9

12

14

29:44

39

18. Осасуна

34

10

8

16

38:41

38

19. Херкулес

35

9

6

20

33:56

33

20. Алмерија

35

5

11

19

32:61

26



Мурињо и Реал ќе се жалат
Тренерот на Реал (М) Жозе Мурињо реши да не реагира во својот препознатлив стил и не им се обрати на новинарите по суспензијата од пет натпревари што му ја додели УЕФА. Португалецот за исклучувањето на 1/2-финалето во ЛШ, но и поради своите критички изјави упатени на сметка на европската куќа на фудбалот ќе плати и 50.000 евра. Сепак, наместо Мурињо пред новинарите се појави неговиот помошник Ајтор Каранка.
- Мурињо не сака да зборува со новинарите додека не ги дознае конкретните причини поради кои е казнет. Свесен е дека ја има поддршката на клубот и навивачите, но тешко ја прими веста, бидејќи не знае со што заслужил таква санкција. И нашиот тренер и клубот најавија жалби на одлуката на Дисциплинката комисија на УЕФА, изјави Кранка.
Мурињо еден натпревар веќе одработи, а петтиот е условен, односно ќе биде активиран ако во следните три години повтори сличен инцидент.
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Мај.2011 во 05:33
Порази на Реал Мадрид и Барселона!
Порази%20на%20Реал%20Мадрид%20и%20Барселона!
Коло во Примера во кое се поразени и Реал Мадрид и Барселона, Кралевите загубија дома од Сарагоса, Каталонците неуспешни на гостувањето кај Реал Сосиедад.
Гигантите на шпанскиот фудбал, Реал Мадрид и Барселона, екипите кои во последните години се далеку пред другите во Примера, загубија во исто коло.

Реал Мадрид доживеа пораз на свој терен од Сарагоса со 3-2, нов пораз на Жозе Мурињо на домашен терен во лига натпревар.

Првиот шок на полупразниот Сантијаго Бернабеу се случи во 41та минута кога по еден огромен кикс на Икер Касиљас кој ја промаши топката, Лафита постигна гол за водство на Сарагоса од 1-0.

По осум минути игра од второто полувреме, Карваљо прави прекршок за пенал во својот шеснаесетник, сигурен реализатор на ударот од белата точка беше Габи за водство на гостите од 2-0.

Во 62та минута од натпреварот, Серхио Рамос постигнува гол со глава за намалување на водството на 2-1.

Кралевите тргнаа со сите сили кон нови погодоци, Сарагоса беше опасна од контри, при една таква акција во 77та минута Лафита зголемува на 3-1.

До крајот на натпреварот Реал Мадрид со голот на Бензема во 85та минута ги постави конечните 2-3.

Барселона не ја зголеми предноста над ривалот, бидејќи загуби на гостувањето кај Реал Сосиедад со 2-1.

Каталонците поведоа во 29та минута со голот на Тиаго по асистенција од Чави.

Во 70та минута грешка на одбраната на Барселона, Ирфан користи и го израмнува резултатот на 1-1.

На седум минути пред крајот, Маскерано прави фаул за пенал во сопствениот шеснаесетник, Прието постигнува гол од белата точка за комплетен пресврт и победа на Реал Сосиедад од 2-1

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2011 во 06:51

Реал ја прегази Валенсија 

 

Жозе Мурињо со резервен состав ја совлада Валенсија со 3-6. На клупата кај „Мадриѓаните“ останаа Роналдо, Пепе, Ди Мариа, Марсело, Озил...

Реал Мадрид во среда ќе го одигра првиот натпревар од полуфиналето во Лигата на Шампиони против Барселона. Токму поради тоа, Мурињо реши да ги одмори своите клучни фудбалери. На овој натпревар добија шанса Гарај, Фернандес, Диара, Гранеро и Каналес. Но, Местаља е среќен стадион за Реал Мадрид. Пред неколку дена на овој стадион „Кралскиот Клуб“ ја освои долго очекуваната титула во Купот на Шпанија. Во финалето тие го совладаа лутиот ривал, Барселона.

Серијата голови во Валенсија ја започна Бензема во 23-та минута. До крајот на полувремето, Игуаин постигна два погодоци, а од игра погоди и Кака. На почетокот на второто полувреме, Игуаин запиша хет-трик со голот во 53-та минута. Првиот гол за домашните го постигна Солдадо, по еден час игра. Својот втор гол го постигна и Кака, а до крајот на натпреварот Реал потполно се опушти и прими два гола, за конечни 6-3!

Како што се ближи крајот на сезоната, „Кралскиот Клуб“ игра се подобро. Сепак, треба да се случи чудо за Барселона да им ја препушти титулата на фудбалерите од Мадрид.



Изменето од емил - 24.Април.2011 во 06:53
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Март.2011 во 10:33

Со единствениот гол на средбата на Иван Ракитиќ, Севиља успеа да ја изненади Валенсија во дербито на неделната програма во Примера.

Тимот на Валенсија по се изгледа се уште не се опоравил од елиминацијата во Лигата на шампионите од Шалке. По дебаклот во Сарагоса минатата недела од 0:4, Валенсија загуби и на својата Местаља, каде Севиља се радуваше на победа од минимални 1:0.

Меч-винер за гостите од Андалузија беше Хрватот Иван Ракитиќ со својот погодок во 70. минута. На голот му претходеше една грешка во одбраната на домаќините и изблокираниот обид на Алваро Негредо по кои на топката налета Ракитиќ и ја смести во мрежата на домашниот голман.

Овој втор пораз во низа на Валенсија го искористи Виљареал, кој исто така со 1:0 славеше во Билбао со голот на Рубен. Со овие три бода “жолтата подморница“ се искачи на третото место со ист број на бодови, но подобра гол-разлика од Валенсија.

РЕЗУЛТАТИ ОД 29. КОЛО:

недела:


Валенсија - Севиља 0:1 (0:0)
(Ракитиќ 70)

Атлетик Билбао - Виљареал 0:1 (0:0)
(Рубен 58)

Депортиво - Леванте 0:1 (0:0)
(Суарез 90)

Херкулес - Осасуна 0:4 (0:2)
(Камуњас 10, Нелсон 36, Валдоч 60, Сола 66)

Малага - Еспањол 2:0 (2:0)
(Рондон 7, 25)

Расинг - Сосиедад 2:1 (1:0)
(Кенеди 42, Дос Сантос 77 - Гризман 72)

Спортинг - Алмерија 1:0 (1:0)
(Де лас Куевас 13)

сабота:

Мајорка - Сарагоса 1:0
(Де Гузман 67)

Барселона - Хетафе 2:1
(Алвеш 17, Кркиќ 50 - Ману 88)

Атлетико Мадрид - Реал 1:2
(Агуеро 86 - Бензема 11, Озил 32)

ТАБЕЛА:
Барселона 78, Реал 73, Виљареал 54, Валенсија 54, Еспањол 43, Атлетик Б. 42, Севиља 42, Атлетико М. 39, Мајорка 38, Осасуна 35, Сосиедад 35, Леванте 35, Хетафе 34, Расинг 33, Спортинг 32, Депортиво 31, Сарагоса 30, Малага 29, Алмерија 26, Херкулес 26 бодови.



Изменето од емил - 21.Март.2011 во 10:33
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2011 во 04:43
Фабиано продаден во Бразил

Екипата на Севиља изненадувачки реши да го продаде бразилскиот репрезентативец Луис Фабиано во неговиот поранешен клуб Сао Паоло за 7,6 милиони евра. Бразилскиот клуб се обврза да му ја исплати целата плата за оваа сезона која изнесува шест милиони евра, а фудбалерот потпиша четиригодишен договор.

Иако за него се интересираа многу клубови меѓу кои Тотенхем, Монако, Марсеј, Милан, сепак, желбата на 30-годишниот фудбалер е кариерата да ја заврши во родната татковина. Инаку, Фабиано мина три години во Сао Паоло каде даде 118 гола во 160 натпревари пред да премине во Порто во 2004 година. По краткиот престој во Португалија се пресели во Севиља за која даде 106 погодоци. Интересно во август минатата година потпиша двегодишен договор со Севиља според кој требаше да остане до 2013.

"Му должам многу на Сао Паоло. Тука многу научив за фудбалот и затоа решив да се вратам", изјави Фабијано, кој ќе биде претставен во новиот клуб на 30 март.
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2011 во 08:37

Стартуваше 28. коло во Примера




Алмерија успеа да обезбеди бод на денешната средба со Атлетико Мадрит откако по 90 минути резултатот гласеше 2-2.Реал Мадрид пак очекувано славеше против Херкулес со 2-0.И двата погодоци ги постигна Бензема.




Изменето од Santijago - 13.Март.2011 во 08:37
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2011 во 05:50

Фудбалерите на Барселона на домашен терен ја совладаа Зарагоза со 1-0. Голот на одлука го постигна Сеиду Кеита по асистенцијата на Лео Меси. 

Тоа се случи во 43-та минута, кога во гужвата пред голот на гостите најдобро се снајде репрезентативецот на Мали. Ова претставува 21-ва асистенција на Меси на сите натпреварувања, за оваа сезона. До сега, Меси има одиграно 39 натревари на кои постигна 43 голови. 

Освен тоа што Гвардиола успеа да победи на овој натпревар, тој ги одмори и неговите клучни фудбалери кои не беа во неговиот состав, на овој натпревар, во пресрет на возвратниот натпревар од Лигата на Шампиони против Арсенал, кој ќе се одигра идната недела.

I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Февруари.2011 во 15:47
Реал го победи Леванте, Валенсија одигра без голови против Спортинг Хихон


Реал%20го%20победи%20Леванте,%20Валенсија%20одигра%20без%20голови%20против%20Спортинг%20Хихон
Реал Мадрид со 2-0 го победи тимот на Леванте, Валенсија одигра без голови против Спортинг Хихон, Атлетико Мадрид славеше на гостувањето кај Сарагоса.
Реал Мадрид без големи проблеми, рутинирано со 2-0 го победи тимот на Леванте и дојде до нови три бода.

Натпреварот беше отворен по само седум минути игра кога Ди Мариа изведе еден одличен соло пробив, асистираше до Бензема кој ја смести топката во мрежата на Леванте.

Вториот гол се случи во 41та минута кога, Кристијано Роналдо нафрли, Рикардо Карваљо се најде на вистинското место, непречен од никого, погоди за 2-0.

Со оваа победа Реал Мадрид се доближи на два бода до Барселона, но Каталонците вечерва го пречекуваат тимот на Атлетик Билбао.

Валенсија влезе како голем фаворит во дуелот против Спортинг Хихон но не успеа да дојде до трите бода, натпреварот заврши 0-0.

Атлетико Мадрид славеше гостинска победа кај Сарагоса, Кун Агуеро во 66та минута реализираше за триумф од 1-0.


I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Февруари.2011 во 04:46

Само 10 минути ја делеа екипата на Барселона од пораз на гостувањето кај Спортинг Хихон, но Давид Виља успеа да донесе еден бод на својот тим играјќи само 1:1.

Неочекувано, домашните поведоа во првиот дел, поточно во 16. минута кога Давид Барал успеа да го совлада Виктор Валдез. Барселона е тимот кој жестокот нападна во вториот дел, но и Хихон беше опасен од контра нападите.

По неколку пропаднати шанси, во 80. минута по асистенција на Меси, Виља од 20 метри го лобуваше Куељар и успеа конечно да го скрши "бункерот" на противникот. Во следниот напад Педро имаше прилика за целосен пресврт, но не успеа да погоди, по што Барселона дојде само до бод од ова за нив тешко гостување.

Со ова "реми" е прекината победничката серија на Барса која траеше цели 15 кола во Примера. Последен пат тимот на Гвардиола не победи на еден натпревар во Шпанија во октомври минатата година и тоа дома со Мајорка кога играше само 1:1.

ШПАНИЈА ПРИМЕРА-ДИВИЗИОН

Двојки и резултати 23. коло

Сабота

Атлетико - Валенсија 1:2

Рејес 3' - Жоакин 41', 86'

Хихон - Барселона 1:1

Барал 16' - Виља 80'

Сантандер - Севиља 3:2

Кирстијан 12', Ракитиќ (а.г.) 19', Арана 90' - Фаџио 40', Фабиано 83'

Недела:

Херкулес - Сарагоса (17 ч.)

Малага - Гетафе

Леванте - Алмерија

Сосиедат - Осасуна

Депортиво - Виљареал (19 ч.)

Еспањол - Реал М. (21 ч.)

Табела: 1. Барселона 62, 2. Реал М. 54 (-1), 3. Валенсија 47, 4. Виљареал 45 (-1), 5. Атлетик Б. 38 (-1), 6. Еспањол 37 (-1), 7. Севиља 31, 8. Атлетико М. 30, 9. Гетафе 30 (-1), 10. Сосиедат 28 (-1), 11. Мајорка 28 (-1), 12. РАсинг 25, 13. Хихон 23, 14. Сарагоса 23 (-1), 15. Осасуна 22 (-1), 14. Херкулес 22 (-1), 15. Депортиво 22 (-1), 18. Леванте 21 (-1), 19. Алмерија 20 (-1), 20. Малага 18 (-

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Февруари.2011 во 07:50

Барселона полесно од очекувањата го совлада тимот на Атлетико на домашен терен со што оствари нов рекорд 16 победи по ред во шпанската Примера.

 

Благодарение на својот најдобар фудбалер Лионел Меси кој три пати се запиша во листата на стрелците, лидерот на табелата во Шпанија со својата претпознатлива игра лесно го совлада тимот на Атлетико. Со 16 победа по ред Барса го помина Реал Мадрид во рекордот по најмногу триумфи по ред од 1961 година кој изнесуваше 15. Барселона ќе има плус десет бодови предност пред Реал кој својот дуел го игра во недела на домашен терен со Сосиедат.

Од другите поинтересни дуели во Шпанија, Виљареал е непријатно поразен дома од Леванте со 0:1 со погодокот на Валдо на стартот на вториот дел, додека висок пораз доживеа тимот на Депортиво на гостувањето кај Гетафе со 4:1.

 

Шпанска лига, Примера - 22 коло

Сабота:

Атлетик Б. - Хихон 3:0 (Лопез а.г. 15', Токуеро 27', Љоренте 74')

Сарагоса - Расинг 1:1 (Бутахар 40' - Кристијан 14')

Гетафе - Депортиво 4:1 (Колунга 19', 26', Мику 45', Риос 57' - Рики п. 68')

Алмерија - Еспањол 3:2 (Силва 5', Уче 7', Бернардељо 18' - Верду 34', Алваро 49')

Осасуна - Мајорка 1:1 (Флањо 8' - Кастро 37')

Виљареал - Леванте 0:1 (Валдо 48')

Барселона - Атлетико М. 3:0 (Меси 17', 28', 84')

Недела:

Севиља - Малага (17 ч.)

Реал М. - Сосиедат (19 ч.)

Валенсија - Херкулес (21 ч.)

Табела: 1. Барселона 61, 2. Реал Мадрид 51 (-1), 3. Виљареал 45, 4. Валенсија 41 (-1), 5. Билбао 38, 6. Еспањол 37, 7. Атлетико М. 30, 8. Севиља 30 (-1), 9. Гетафе 30, 10. Сосиедат 28 (-1), 11. Мајорка 28, 12. Сарагоса 23, 13. Хихон 22, 14. Осасуна 22, 15. Херкулес 22 (-1), 16. Сандандер 22, 17. Депортиво 22, 18. Леванте 21, 19. Алмерија 20, 20. Малага 17 (-1).

Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Февруари.2011 во 16:54
Валенсија избегна пораз против Расинг Сантандер

Фудбалерите на Валенсија успеаја да останат непоразени на последниот натпревар од 21.коло во шпанската Примера. По негативата во првото полувреме, тие на гостувањето кај Расинг Сантандер со голот на аргентинскиот интернационалец Коста Тино изедначија во 78.минута за конечни 1:1.

Аргентинец го постигна голот и за домашната екипа. Ариел Нахуелпан во 33.минута му донесе водство на Расинг Сантандер од 1:0.

На овој дуел беа покажани вкупно три црвени картони, еден за домашните и два за гостите.

Со освоениот бод Валенсија остана на четвртото место со 41 бод, зад Барселона која води со 58, Реал Мадрид со 51 и Виљареал со 45.

Сантандер е на 17.место со 21 бод, три повеќе од Леванте и четири повеќе од Алмерија и Малага кои се наоѓаат во зоната на испаѓање.
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јануари.2011 во 12:24

  

Барселона со головите на Педро, Иниеста и Меси со 3:0 го совлада Расинг.

Барселона многу брзо се опорави од поразот во Купот на Кралот од Бетис и практично се истури врз Расинг во Примера славејќи со 3:0. Стрелци за Барса беа Педро, Иниеста и Меси.

Каталонците сега имаат седум бодови предност во однос на Реал кој својот натпревар од ова коло го игра вечерва против Мајорка.

Уште во првото полувреме, Барселона ја најави убедливата и сигурна победа. Веќе во втората минута Педро го доведе својот тим во водство, а во 33.минута веќе беше 2:0, откако Меси беше прецизен од ударот од белата точка. По само десетина минути игра во вториот дел од мечот, Барселона го постигна и третиот гол преку Иниеста со што ги постави конечните 3:0.

Триесетгодишниот Баск Адуриз, кој во летниот преоден рок ја засили Валенсија од Мајорка, му донесе на својот тим несекојдневна победа на Местаља на дуелот со Малага. Гостите на овој меч два пати водеа, а потоа и губеa, за да на крајот имаa и бод во „џебот“, но сепак со погодокот во 90.минута Адуриз и донесе три бода на Валенсија за конечни 4:3.

Резултати и парови за 20.коло

Севиља – Леванте 4:1

(Фабиано 28п, 43, 68, Ескуде 39-Циско 58)

Барселона – Расинг 3:0

(Педро 2, Меси 33п, Иниеста 56)

Валенсија – Малага 4:3

(Мата 16п, Солдадо 53, Банега 67, Адуриз 90 – Рондон 10, 35, Баптиста 79)

Недела:

Хетафе – Еспањол

Сарагоса – Депортиво

Хихон – Атлетико

Алмерија – Осасуна

Реал – Мајорка

Виљареал – Сосиедат

Понеделник:

Билбао – Херкулес

Табела: Барселона /+1/ 55, Реал 48, Валенсија /+1/ 40, Виљареал 39, Еспањол 34, Атлетико 30, Севиља /+1/ 29, Билбао 29, Хетафе 27, Мајорка 27



Изменето од емил - 23.Јануари.2011 во 12:24
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јануари.2011 во 12:30

Атлетико како шестти ја завршува полусезоната

Со натпреварот на Винсенте Кладерон каде Атлетико Мадрид ја пречека Мајорка, се колплетираше 19 коло во шпанското фудбалско првенство.

Трите бода ги освоиа домаќините откако по деведесет минути резултатот гласеше 3-0.

За домаќините погодуваа Валера во 12-тата, Форлан во 33-тата и Рејес во 93 минута од средбата.
Со вчерашниот триумф Атлетико се искачи едно место погоре на табелата во Примера и полусезоната ја завршува на шестата позиција
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 7>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.