Испечати | Затвори го прозорот

Шпанска Примера

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Спорт
Име на форумот: Фудбал
Опис на форумот: Лига на шампиони, првенства, репрезентации...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=23132
Датум на принтање: 26.Април.2024 во 10:54
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Шпанска Примера
Постирано од: Schatzii
Наслов: Шпанска Примера
Датум на внесување: 29.Август.2010 во 23:30

Шампионатот на земјата, која е актуелен светски и европски првак започна овој викенд.  И оваа сезона Алфа ТВ ќе ви овозможи следење на се што е најинтересно на терените во Шпанија и тоа не само низ директни преноси туку и со редовниот преглед на колото.



-------------
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.



Коментари:
Постирано од: LiDivio
Датум на внесување: 29.Август.2010 во 23:34
А, и тука има опасни манекенчиња...изненадувањеизненадувањеизненадување


Постирано од: емил
Датум на внесување: 29.Август.2010 во 23:35
Originally posted by LiDivio LiDivio напиша:

А, и тука има опасни манекенчиња...изненадувањеизненадувањеизненадување
 
 
да
 
Реал М оваа вечер ми растурија тотото лутина


-------------


Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 29.Август.2010 во 23:41
изненадување тага
ах повеќе среќа следниот патда


-------------
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.


Постирано од: aLbaneso
Датум на внесување: 30.Август.2010 во 01:14
Barsa e povtorno Champion ovie od Real pravi manekeni hahahha

-------------
Љаеш НЕ касаш !


Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 30.Август.2010 во 12:04
РЕЗУЛТАТИ

ХЕРКУЛЕС - АТЛЕТИК Б. 0:1

Љоренте 46'

МАЛАГА - ВАЛЕНСИЈА 1:3

Фернандез 45' - Адуриз 9', Жоакин 70', 74'

ЛЕВАНТЕ - СЕВИЉА 1:4

Рубен 10'(п) - Конко 12', 62', Негредо 28'(п), Ренато 88'

ЛА КОРУЊА - САРАГОСА 0:0

ЕСПАЊОЛ - ГЕТАФЕ 3:1

Освалдо 33', 54', Датоло 90' - Галан 61'(аг)

СОСИЕДАД - ВИЉАРЕАЛ 1:0

Прието 57'

ОСАСУНА - АЛМЕРИЈА 0:0

САНТАНДЕР - БАРСЕЛОНА 0:3

Меси 4', Иниеста 31', Виља 63'

МАЈОРКА - РЕАЛ М. 0:0

ПОНЕДЕЛНИК

АТЛЕТИКО М. - ХИХОН 22 ч

-------------
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.


Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 30.Август.2010 во 12:06
Originally posted by aLbaneso aLbaneso напиша:

Barsa e povtorno Champion ovie od Real pravi manekeni hahahha
 
и јас сум за барса од шпанскава лигазабава


-------------
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 30.Август.2010 во 15:57
Па и самиот Мурињо изјави дека Реал ке биде клуб од 2012 па натамо голема%20насмевка и дека успех за нив е ако бидат во првите 3 годинава во Шпанија

-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: емил
Датум на внесување: 30.Август.2010 во 20:15

Кристијано во аут три недели

Кристијано Роналдо поради повреда на глуждот од фудбалските терени ќе отсуствува три недели.

Португалецот со повредата се здоби на синоќешниот натпревар против Мајорка, кој заврши со резултат 0:0.

Поради повредата, Роналдо нема да биде во составот на својата репрезентација за квалификацските натпревари против Кипар и Норвешка. Тој, исто така, ќе ги пропушти натпреварите на Реал против Осасуна во првенството на Шпанија, и против Ајакс во Лигата на шампионите



-------------


Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 30.Август.2010 во 20:28
Originally posted by Santijago Santijago напиша:

Па и самиот Мурињо изјави дека Реал ке биде клуб од 2012 па натамо голема%20насмевка и дека успех за нив е ако бидат во првите 3 годинава во Шпанија
 
реал ќе биде клуб откако ќе си замине роналдо оттамухи,%20хи... 


-------------
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.


Постирано од: емил
Датум на внесување: 30.Август.2010 во 20:36
Значи сега според твојта логика Шатци, треба да типуваме за Реал затоа што Кристијано е повреден..........среќасреќа

-------------


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 30.Август.2010 во 22:32
Која ѕвезда што ќе отиде во Реал дали првата или втората сезона....се повредува...шо е работата збунетост
Арно вели ЛиДивио .... све манекени беее плазење не се игра балет...него фудбал голема%20насмевка


-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 07.Септември.2010 во 13:59
Мурињо веќе влезе во конфликт со шпанските медиуми

Медиумите беа најголемата причина Жозе Мурињо да си замине од Интер на крајот од минатата сезона, но како што стојат сега работите, најверојатно, ништо нема да се смени ниту во Мадрид. Новиот тренер на Реал е изненаден од критички настроените мадридски новинари кои го следат секој негов чекор и не се задоволни од формата во која се наоѓа најтрофејниот шпански клуб.

Воопшто не е задоволен од написите во врска со Реал, но Мурињо призна дека најмногу го изненадиле критиките по слабото реми без голови меѓу Реал и Мајорка во првото коло од Примера, инаку меч одигран минатата недела.

"Во последните години во Реал поминаа многу тренери: Капело, Шустер, Рамос и Пелегрини. Нам ни треба стабилност. Опкружувањето и медиумите не му помагаат на Реал да ја пронајде вистинската рамнотежа и да се упати во посакуваната насока", вели трофејниот стручњак кој додека беше во Италија речиси секоја недела имаше по еден конфликт со медиумите, па дури во еден период и воопшто не комуницираше со нив ризикувајќи притоа да добие парични казни и суспензии. Освен со медиумите, тој веќе имаше кавга со судиите и тоа на дуелот со Мајорка кога протестираше на неколку одлуки на главниот арбитар и неговите помошници.

Тој не заборави да повтори дека Реал на мечот со Мајорка бил многу блиску до победата, а причина за ремито без голови бил голманот на домашниот тим кој одбранил седум чисти шанси за гол. Во исто време, Мурињо откри дека првпат во својата кариера не се грижи за трофеите.

"Во овој момент не сум опседнат со трофеите. Ако бев, ќе останев во Интер", додаде Португалецот.

Инаку, од оваа сезона Реал почнува една нова етапа од својата историја. Освен што го донесе трофејниот стручњак, летово се ослободи од две легенди на клубот: Раул и Гути, а во екипата донесе неколку млади фудбалери кои треба да бидат иднина на Реал Мадрид.


-------------
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.


Постирано од: mariija
Датум на внесување: 07.Септември.2010 во 14:39
даAtletik B.


Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 08.Септември.2010 во 18:14
Тим Вкупно Дома Гости Бод
1. Атлетико М. 1 1 0 0 4:0 1 0 0 4:0 0 0 0 0:0 3
2. Барселона 1 1 0 0 3:0 0 0 0 0:0 1 0 0 3:0 3
3. Севиља 1 1 0 0 4:1 0 0 0 0:0 1 0 0 4:1 3
4. Валенсија 1 1 0 0 3:1 0 0 0 0:0 1 0 0 3:1 3
5. Еспањол 1 1 0 0 3:1 1 0 0 3:1 0 0 0 0:0 3
6. Билбао 1 1 0 0 1:0 0 0 0 0:0 1 0 0 1:0 3
7. Сосиедад 1 1 0 0 1:0 1 0 0 1:0 0 0 0 0:0 3
8. Алмерија 1 0 1 0 0:0 0 0 0 0:0 0 1 0 0:0 1
9. Депортиво 1 0 1 0 0:0 0 1 0 0:0 0 0 0 0:0 1
10. Мајорка 1 0 1 0 0:0 0 1 0 0:0 0 0 0 0:0 1
11. Осасуна 1 0 1 0 0:0 0 1 0 0:0 0 0 0 0:0 1
12. Реал М. 1 0 1 0 0:0 0 0 0 0:0 0 1 0 0:0 1
13. Сарагоза 1 0 1 0 0:0 0 0 0 0:0 0 1 0 0:0 1
14. Виљареал 1 0 0 1 0:1 0 0 0 0:0 0 0 1 0:1 0
15. Херкулес 1 0 0 1 0:1 0 0 1 0:1 0 0 0 0:0 0
16. Малага 1 0 0 1 1:3 0 0 1 1:3 0 0 0 0:0 0
17. Хетафе 1 0 0 1 1:3 0 0 0 0:0 0 0 1 1:3 0
18. Леванте 1 0 0 1 1:4 0 0 1 1:4 0 0 0 0:0 0
19. Сантандер 1 0 0 1 0:3 0 0 1 0:3 0 0 0 0:0 0
20. Хихон 1 0 0 1 0:4 0 0 0 0:0 0 0 1 0:4 0
Трите првопласирани екипи директно одат во Лигата на Шампиони. Четвртопласираната екипа ќе учествува во квалификациите за Лигата на Шампионите. Петто и шестопласираната екипа директно ќе настапа во УЕФА Европа Лига како и победникот на Купот. Трите последнопласирани екипи ќе испаднат во понизок ранг на натпреварување.
Во случај на ист број на бодови:
1. Бодови освоени во меѓусебните средби.
2. Гол разлика во меѓусебните средби.
3. Повеќе постигнати голови во меѓусебните средби.
4. Гол разлика
5. Повеќе постигнати голови


-------------
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.


Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 11.Септември.2010 во 21:05
Барселона - Херкулес 0-2не
 
Валенсија - Сантандер 1-0


-------------
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.


Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 12.Септември.2010 во 11:52
Реал Мадрид - Осасуна 1-0
Билбао - Атлетико М. 1-2


-------------
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.


Постирано од: mariija
Датум на внесување: 12.Септември.2010 во 11:55
Zaragoza 1


Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 12.Септември.2010 во 14:52
Севиља 1

-------------
http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 13.Септември.2010 во 11:08

Шпанските примералигаши одиграа ефикасно 2.коло, а гледачите на натпреварот Сарагоса - Малга имаа можност да видат дури осум голови за победа на гостите од 5:3.

Покрај овој натпревар пет голови беа постигнати и на дуелот Хетафе - Леванте 4:1.

Единствено на синоќешниот дуел меѓу Севиља и Депортиво немаше голови.

На другите вчерашни натпревари постигнати се следниве резултати:

  • Спортинг - Мајорка 2:0
  • Виљареал - Еспањол 4:0

Во саботата:

  • Барселона - Херкулес 0:2
  • Валенсија - Расинг 1:0
  • Реал Мадрид - Осасуна 1:0
  • Атлетик Билбао - Атлетико Мадрид 1:2

Колото ќе биде комплетирано со вечерашниот дуел меѓу Алмерија и Реал Сосиедад.



-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 20.Септември.2010 во 15:28

Барса славеше на Висенте Калдерон

 

Во шпанската Примера вчера се одиграа пет натпревари. Во дербито на колото Барселона славеше на гостувањето кај Атлетико Мадрид со 2:1.

Во вечерниот термин од 21 часот Севиља со истиот резултат освои три бода на гостувањето кај Малага. Изненадувањето од минатото коло Херкулес беше поразен од Валенсија на домашен терен со 2:1, Сантандер – Сарагоса 2:0 а домонацијата на гостинските екипи ја комплетираше Виљареал со триумфот кај Леванте со 2:1.

Потсетуваме на резултатите од саботата Еспањол – Алмерија 1:0, Мајорка – Осасуна 2:0, Спортинг Хихон – Атлетик Билбао 2:2 и Реал Соиедат – Реал Мадрид 1:2.Третото коло ќе се комплетира денес со мечот меѓу Депортиво и Гетафе.


-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 21.Септември.2010 во 10:44
Без победник во последниот натпревар од 3.коло во Примера

Двата пенала не беа доволни екипата на Депортиво да ја постигне првата победа во новиот шампионат, синоќа пред своите навивачи оваа екипа во рамките на 3.коло одиграа 2:2 со Хетафе.

Гуардадо во 49-та и 56-та минута ги постигна двата гола за домашните, додека Колото во 33-та (автогол) и Аризменди во 69-та беа стрелци за гостинскиот тим.

Ова беше трет нерешен резултат за Депортиво и први погодоци постигнати во новата сезона.

Со освоениот бод Хетафе се наоѓа на 8.место на табелата со вкупно 4 бода, а Депортиво е 14-ти со 3 бода во исто толку одиграни кола. 

На чело на табелата е Валенсија со максимални 9 бодови, пред Севиља и Реал Мадрид кои имаат по 7, а следат Атлетико Мадрид, Виљареал, Барселона и Еспањол со по 6,...

Од денеска до четврток ќе се одиграат и натпреварите од 4.коло.

Вечерва на програмата се дуелите:
Атлетик Билбао – Мајорка,
Осасуна – Реал Сосиедад и 
Реал Мадрид – Еспањол.

Утре играат:
Алмерија – Леванте,
Барселона – Спортинг Хихон,
Сарагоса – Херкулес
и дербито меѓу Валенсија и Атлетико Мадрид,
 
додека в четврток играат:
Хетафе – Малага,
Виљареал – Депортиво и
Севиља – Расинг.


-------------
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.


Постирано од: gogic
Датум на внесување: 21.Септември.2010 во 11:26
real ke gazi ovaa sezona i toa ke go dokaze na prvoto el-clasico


Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 22.Септември.2010 во 12:48
Домашни победи во шпанска Примера

Со трите победи на домашните екипи во воведните натпревари синоќа стартуваше 4.коло од Примера Дивизија.

На „Сантијаго Бернабе“ фудбалерите на Реал Мадрид беа подобри од Еспањол и победија со 3:0, а со истиот резултат Атлетик Билбао славеше над Мајорка.
Осасуна ја постигна првата овосезонска победа откако со 3:1 беше подобра од Реал Сосиедад.

Вечерва од 20 часот се играат натпреварите: Барселона – Спортинг Хихон, Сарагоса – Херкулес, Алмерија – Леванте, додека во 22 часот е почетокот на дербито на колото меѓу Валенсија и Атлетико Мадрид.

Утре на програмата се дуелите: Хетафе – Малага, Виљареал - Депортиво и Севиља – Расинг.

Со натпревар повеќе Реал Мадрид со 10 бодови е прв на табелата, Валенсија има 9, Севиља 7,...


-------------
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.


Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 24.Септември.2010 во 15:09
Во шпанска Примера синоќа се одиграа три дуели  за комплетирање на 4.коло.

Севиља одигра нерешено дома со Расинг 1:1, Виљареал минимално со 1:0 го победи Депортиво, додека Хетафе и Малга освоија по еден бод играјќи 1:1.

Виљареал со трите бодови е на третата позиција со вкупно 9 колку што има и Барселона, а зад Реал Мадрид и Валенсија кои имаат по 10.


-------------
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.


Постирано од: LiDivio
Датум на внесување: 24.Септември.2010 во 15:37
Originally posted by Schatzii Schatzii напиша:

Во шпанска Примера синоќа се одиграа три дуели  за комплетирање на 4.коло.

Севиља одигра нерешено дома со Расинг 1:1, Виљареал минимално со 1:0 го победи Депортиво, додека Хетафе загуби од Малага со 0:2

Виљареал со трите бодови е на третата позиција со вкупно 9 колку што има и Барселона, а зад Реал Мадрид и Валенсија кои имаат по 10.
 
Мала исправка...да


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 04.Октомври.2010 во 14:09

Конечно ефикасен напад на Реал Мадрид

 

Во послдниот натпревар од вчерашната понуда во Шпанскиот фудбалки шампионат, Реал Мадрид со 6:1 славеше над Депортиво.

На кралевите им беа потребни дури шест кола за да ги наместат својте нишани кон противничкиот гол бидејќи по предходните пет круга гол разликата гласеше токму 6 дадени и еден примен погодок.

Со оваа победа Реал Мадрид на табелата се искачи пред Барселона со еден поен повеќе бидејќи каталонците одиграа 1:1 на Камп Ноу против Мајорка. На вчерашните мечеви Алмерија и Малага ремизираа 1:1, Гетафе – Херкулес 3:0, Осасуна – Леванте 1:1. Во дербито Севиља славеша над Атлетико Мадрид со 3:1 и Виљареал со победата од 2:0 против Сантандер освои нови три бода. 

Во  саботата Сарагоса – Спортинг Хихон 2:2, Реал Сосиедат – Еспањол 1:0 и Валенсија – Атлетик Билбао 2:1. На врвот и натаму е Валенсија со 16 поени еден повеќе од Виљареал па следуваат Реал Мадрид со 14 и Барселона со 13 бода.


-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 06.Октомври.2010 во 14:09
Барселона има шест проблеми

Многу работи не одат - Пеп Гвардиола...

Иако пред почетокот на сезоната прв фаворит за титулите и во Примера и во Лигата на шампионите, Барселона на стартот од новата кампања се соочува со големи проблеми, многу поголеми отколку лани. Каталонскиот клуб е далеку од убедлив во домашното првенство иако сите познавачи на фудбалот беа сигурни дека ќе се прошета до 21. титула во Примера и четврта во елитното европско натпреварување. Еден месец по почетокот на сезоната Барселона веќе има два "кикса", двата на домашен терен и шпанските медиуми веќе најдоа шест проблеми кои го мачат тимот на Гвардиола во досегашниот дел од сезоната.

1. НОУ КАМП ПОВЕЌЕ НЕ Е ТВРДИНА

Минатата сезона Барселона имаше само едно реми на 19 натпревари на домашен терен и ги доби другите 18. Сега е далеку од тоа. По само три натпревари, Барса веќе загуби пет бода и тоа доживеа и еден пораз пред своите гледачи од новиот член на Примера, Херкулес.

2. ПОВРЕДИ НА МУСКУЛИТЕ

Дури шестмина повредени фудбалери имаше Гвардиола досега и сите со проблеми со мускулите. Карлес Пујол и Жефрен Суарез се повредија играјќи за репрезентацијата, додека Хозе Пинто, Адриано Кореја, Чави и Педро за време на натпреварите за својот тим.

Лео Меси исто така имаше потреба од пауза, но не поради замор, туку како последица на бруталниот старт на Томаш Ујфалуши во дербито против Атлетико во третото коло. На ниеден натпревар досега Пеп Гвардиола не можеше да смета на сите фудбалери и тоа се одрази на резултатите.

3. ЛОШ ТЕРЕН НА НОУ КАМП

И Давид Виља во својата вчерашна изјави го посочи теренот на Ноу Камп како најголем проблем. Барселона игра фудбал за око, а за да се исполнат условите за такво нешто потребно е теренот да биде како тепих. Тревата на Ноу Камп се оштети во текот на летото како последица на високите температури и се уште не може да се доведе во ред.

4. НАМАЛЕН РАСТ

Во летниот преоден рок од Барселона си заминаа "џинови" како: Дмитро Чигрински, Јаја Туре, Тиери Анри и Златан Ибрахимовиќ, сите играчи над 185 сантиметри. Сега просечната висина е намалена од 180 на 177 сантиметри и против Мајорка најдобро се забележа колкав проблем е тоа во воздушните дуели. Единствениот гол противникот го постигна со глава, а потоа имаше уште неколку шанси и за втор погодок на истиот начин.

5. ГОЛГЕТЕРСКА НЕМОЌ

Шпанскиот првак е екипата со најмал број постигнати голови на домашен терен во досегашниот дел од сезоната (со Ла Коруња, Сантандер и Леванте) - само два. "Каталонците" не успеаја да реализираат повеќе од еднаш и тоа во дуели со далеку послаби тимови како Херкулес, Хихон и Мајорка.

Колку и да звучи чудно, евидентен е недостатокот на Златан Ибрахимовиќ, кој во првите седум кола од првенството лани имаше шест погодоци. Беше донесен Виља за кого се претпоставуваше дека брзо ќе се снајде на играта на Барселона, но тој досега има само два гола. Мора да се потенцира и тоа дека од почетокот на сезоната во катастрофална форма се Кркиќ и Педро, двајцата млади фудбалери од школата на Барса кои лани со своите голови на почетокот и крајот на сезоната беа меѓу најзаслужните што титулата остана на Ноу Камп.

6. КРАТКА КЛУПА

За да се скратат трошоците за плати на фудбалерите и со тоа да се намалат долговите на клубот, Барселона пред почетокот на сезоната одлучи да продаде голем број фудбалери, а се засили само со Маскерано, Виља и Адриано. Сега, бројот на првотимци изнесува 19 место 21 колку што Гвардиола имаше на располагање минатата сезона.

Тоа значи дека нема доволен број играчи во ротацијата, а кај дел од главните фудбалери полека се јавува замор по напорното лето во кое настапуваа за шпанската репрезентација на Светското првенство. За мечот против Мајорка, Гвардиола мораше да ангажира и фудбалери од Б-екипата кои од "немајкаде" дури и заиграа во второто полувреме.


-------------
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.


Постирано од: окик
Датум на внесување: 23.Октомври.2010 во 22:36
Резултати
Денес
Сарагоса - Барселона 0-2
Реал Мадрид - Сантандер 6-1
35' Валенсија - Мајорка 0-2
Утре
17:00 Алмериа - Херкулес
17:00 Еспањол - Леванте
17:00 Гетафе - Спортинг Хихон
17:00 Осасуна - Малага
19:00 Севиља - Атлетик Билбао
21:00 Виљареал - Атлетико Мадрид
Понеделник
21:00 Сосиедад - Депортиво Ла Коруња


Постирано од: емил
Датум на внесување: 24.Октомври.2010 во 10:03

Реал го декласира Расинг

 
Извор: Макфакс

Реал Мадрид го декласира Расинг, Барселона очекувано победи во Сарагоса, а Мајорка направи вистински подвиг со победата во Валенсија. Ова е епилогот на првите средби од осмото коло во Примера дивизија.



-------------


Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 25.Октомври.2010 во 13:11
Виљареал продолжува со добрите игри во Примера Дивизија

Екипата на Виљареал го задржува чекорот на врвот на табелата откако во синоќешниот натпревар од 8.коло на Примера Дивизија славеше победа пред своите навивачи со 2:0 против Атлетико Мадрид.

Белег на колото во шпанската фудбалска лига сепак се четирите голови на Кристијано Роналдо во победата на Реал Мадрид против Сантандер од 6:1.

На другите натпревари беа постигнати следниве резултати: Сарагоса – Барселона 0:2, Валенсија – Мајорка 1:2, Хетафе – Хихон 3:0, Алмерија – Херкулес 1:1, Осасуна – Малага 3:0, Еспањол – Леванте 2:1 и Севиља – Атлетик Билбао 4:3.

Вечерва од 21 часот во последниот натпревар од колото играат Реал Сосиедад и Депортиво.

Табела: Реал Мадрид 20 бодови, Виљареал и Барселона по 19, Валенсија 16, Еспањол 15, Севиља 14,...
 
@ Конечно се разиграл Роналдоизненадување


-------------
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.


Постирано од: окик
Датум на внесување: 26.Октомври.2010 во 19:58
Копа Дел Ре

Двојки
Денес
Мурчиа - Реал Мадрид
Сеута - Барселона
Утре
Логронес - Валенсија
Реал Унион - Севиља
Кордоба - Расинг Сантандер
Херкулес - Малага
Мајорка - Спортинг Хихон
Поли Ехидо - Виљареал
Португалете - Гетафе
Ваљадолид - Еспањол
Ксерез - Леванте
Бетис - Сарагоса
Универсидад - Атлетико Мадрид
Четврток
Алкоркон - Атлетик Билбао
Осасуна - Депортиво Ла Коруња
Сосиедад - Алмериа


Постирано од: емил
Датум на внесување: 31.Октомври.2010 во 05:19

Кристијано ги спласна надежите на херојскиот Херкулес


Реал Мадрид доста потешко од очекуваното со 3-1 го совлада тимот на Херкулес во натпревар од деветото коло на Примера кој се одигра на стадионот Хозе Рико Перес.

Трезеге го донесе во предност новајлијата во Примера со погодок во третата минута по што домаќините успешно оддолеваа на нападите на кралевите во текот на целото прво полувреме.

Но сепак големината на Реал се докажа во вториот дел кога најпрво Анхел ди Мариа во 52. минута а потоа и Кристијано Роналдо на два пати во 82 и 86. минута ја донесоа победата на белите по што Реал продолжува да биде лидер во Примера.

На денешниот натпревар уште еднаш се виде големината на Специјалниот, имено тој при резултат 1-1 го извади од игра Пепе, најслабата алка во белиот дрес и на негово место го пушти во игра Бензема.

Токму французинот беше творец на победата на кралевите со оглед на тоа што токму тој му асистираше на Роналдо на два пати за победничките погодоци.

При постигнувањето на првиот погодок на Кристијано Роналдо, специјалниот изведе уште еден специјален потег, во игра пушти двајца дефанзивци со што ја отстрани секоја можност за пробив кон Икер Касиљас.

На овој начин тимот на Реал Мадрид се справи со кошмарот на Барселона и продолжува да биде тимот без пораз на овој стадион во сите 20 натпревари, Херкулес покрај солидниот тим со кој располага сеуште се наоѓа во долниот дел на табелата.



-------------


Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 02.Ноември.2010 во 14:04
Победа на Мајорка во Примера Дивизија

Мадрид, 2 ноември 2010 (МИА) - Во последниот натпревар од деветтото коло во Шпанското фудбалско првенство, Мајорка синоќа пред своите навивачи ја совлада екипата на Леванте со 2:1 иако на полувремето губеше со 1:0.

Со новите три бодови Мајорка сега има вкупно 14 и се наоѓа на седмото место на табелата, а ист број имаат и шестиот Атлетико Мадрид и осмата Севиља.

Тимот на Леванте остана во долниот дел на табелата со 8 бодови на 17-тата позиција.

На чело на табелата се Реал Мадрид со 23 бодови, пред Барселона со 22, Виљареал 20, Валенсија 17,...


-------------
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.


Постирано од: емил
Датум на внесување: 21.Ноември.2010 во 13:11
Алмерија го отпушти тренерот по катастрофалниот пораз од Барса
  
Алмерија го отпушти тренерот Хуан Мануел Лиљо веднаш по високиот пораз од Барселона од 8-0.
Барселона синоќа ја посрамоти екипата на Алмерија победувајќи ја на нејзин терен со фантастични 8:0.

По овој пораз Алмерија падна во зоната за испаѓање со само една победа и вкупно девет бода по првите 12 кола од Примера.

По катастрофалниот пораз од Барса, клубот се одлучи на експресен отказ за тренерот Хуан Мануел Лиљо.

"Причината е чисто спортска и доаѓа по лошите резултати на Алмерија во изминатите кола кој доведоа до тоа тимот да падне во зоната за испаѓање" - стои во соопштението на Алмерија.

Хуан Мануел Лиљо на клупата на Алмерија седна во декември минатата сезона кога отпуштен беше Хуго Санчез, со серија од добри резултати ја однесе екипата на 13 место и обезбеди опстанок.

 


-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 19.Декември.2010 во 10:56
Ла Лига: Барса потврди дека е машина за голови
 
Шпанскиот шампион Барселона потврди уште еднаш дека е машина за голови и тоа на најтешкото гостување во изминатите пет години, кај градскиот ривал Еспањол, кој го сомле со 5-1
 

 
 

Каталонското дерби имаше поинаква најава, поради традиционално незгодните гостувања за Барса во последен период, како и ефективните седум од седум дома на Еспањол. Но сето тоа падна во вода, а Барса со по два гола на Педро и Давид Виља и еден на Чави покажа кој е кој во Ла Лига.

Барселона со победата, која беше обезбедена по само половина час игра, сега има пет бода повеќе од Реал Мадрид, чиј одговор се чека денеска од 21 часот на „Сантијаго Бернабе“ против Севиља.

Синоќа Валенсија се избори за победа на гости кај Реал Сосиедад во Сан Себастијан со победата од 2-1 со пресврт во 90 минута, кога Адуриз погоди за радост на „љиљаците“. Атлетик Билбао беше третиот гостин што се радуваше вчера по победата кај Леванте со 2-1, додека Ла Коруња на минута пред крајот испушти победа против Спортинг Лисабон, играјќи 1-1.

Честа на домаќините ја спаси Виљареал со победата над Мајорка на „Ел Мадригал“ со 3-1. Денеска покрај дербито во мадрид се играат и мечевите Алмерија - Гетафе, Осасуна - Сарагоса и Малага - Атлетико Мадрид, додека во понеделник играат Расинг Сантандер и Херкулес.



-------------


Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 25.Декември.2010 во 12:39

Афелај, четири години во Барса

Фудбалерот на ПСВ Ајндховен, Ибрахим Афелај дефинитивно е нов член на екипата на Барселона и ќе го носи дресот на Каталонците во следните четири години. Афелај вчера го потпиша договорот така што е веќе јасно дека е првото засилување за лидерот во шпанскиот шампионат.

Афелај пристигна уште в четвртокот и тогаш ја имаше првата средба со новинарите. Сепак, откако ги мина прегледите можеше и официјално да биде претставен пред јавноста и веќе ги подели првите автограми во дресот на Барселона.

Афелај ќе биде член на барса во следните четири сезони. Тој потпиша договор на кој стои клаузула од 100 милиони евра така што е јасно дека оние што ќе сакаат ќе мора добро да платат за да го ангажираат.

"Свесен сум дека доаѓам во тим каде има неверојатно добри играчи. Сите позиции се одлично покриени и ќе биде навистина тешко да се изборам за место. Меѓутоа, јас не се откажувам и подготвен сум за работа. Ќе тренирам напорно и ќе се обидам да добијам колку е можно поголема минутажа. Јас сум задоволен што сум во овој клуб бидејќи кога ми се јавија понудата ја прифатив без размислување. Веднаш реков 'да' бидејќи вакво нешто не се одбива", изјави Афелај на прес-конферанцијата.

Холанѓанецот е свесен дека пред него е голем предизвик бидејќи тој треба да покаже дека е добар наследник на Коку, Клајверт, браќата Де Бур... Воедно и сите во Барселона веруваат дека Афелај може да покаже добри партии и да биде на нивото на другите ѕвезди од составот на Каталонците.

Број 20 на дресот

На вчерашната презентација беше соопштено и дека Ибрахим Афелај на својот грб ќе го има носи бројот 20.



-------------
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.


Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 28.Декември.2010 во 12:33
Ех, да не беше Барса... ќе имаше човекот помалку главоболкигазење%20од%20смеење

И кога нема натпревари во Примера, секогаш е интересно бидејќи сезонава во Лигата работи Жозе Мурињо, кој никогаш не знае за доста и постојано коментира и го привлекува вниманието на јавноста.

Овој пат коментарите се за 2010 година и за она што го разочара, посебно откако се пресели во Шпанија и седна на клупата на Реал Мадрид.

"Ех, да не беше Барселона се ќе беше далеку поубаво. Ако не загубевме на средбата на Ноу Камп годината ќе беше навистина перфектна за мене. Едноставно се друго сработивме одлично. Тој пораз ни остави 'црна дамка' на целата година", вели Мурињо.

Сепак, ова не е единствениот момент бидејќи има уште еден кој го стави на истото место како и големиот пораз од Барселона.

"Второто разочарување се случи во моментот кога не добив шанса да бидам селектор на Португалија на двете средби од квалификациите за ЕП во септември. Имав голема желба да се најдам на клупата, но клубот не ми дозволи. Сепак, не жалам премногу поради тоа бидејќи во принцип ова беше добра година за мене со само два лоши моменти", заврши Мурињо.


-------------
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.


Постирано од: емил
Датум на внесување: 18.Јануари.2011 во 12:30

Атлетико како шестти ја завршува полусезоната

Со натпреварот на Винсенте Кладерон каде Атлетико Мадрид ја пречека Мајорка, се колплетираше 19 коло во шпанското фудбалско првенство.

Трите бода ги освоиа домаќините откако по деведесет минути резултатот гласеше 3-0.

За домаќините погодуваа Валера во 12-тата, Форлан во 33-тата и Рејес во 93 минута од средбата.
Со вчерашниот триумф Атлетико се искачи едно место погоре на табелата во Примера и полусезоната ја завршува на шестата позиција


-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 23.Јануари.2011 во 12:24

http://www.facebook.com/sharer.php?u=http%3A%2F%2Fk*rir.mk%2Fsport%2Ffudbal%2F16125-Barsa-ne-znae-za-dosta-drama-vo-Valensija&t=%D0%91%D0%B0%D1%80%D1%81%D0%B0%20%D0%BD%D0%B5%20%D0%B7%D0%BD%D0%B0%D0%B5%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%B4%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B0%2C%20%D0%B4%D1%80%D0%B0%D0%BC%D0%B0%20%D0%B2%D0%BE%20%D0%92%D0%B0%D0%BB%D0%B5%D0%BD%D1%81%D0%B8%D1%98%D0%B0&src=sp - - - -    

Барселона со головите на Педро, Иниеста и Меси со 3:0 го совлада Расинг.

Барселона многу брзо се опорави од поразот во Купот на Кралот од Бетис и практично се истури врз Расинг во Примера славејќи со 3:0. Стрелци за Барса беа Педро, Иниеста и Меси.

Каталонците сега имаат седум бодови предност во однос на Реал кој својот натпревар од ова коло го игра вечерва против Мајорка.

Уште во првото полувреме, Барселона ја најави убедливата и сигурна победа. Веќе во втората минута Педро го доведе својот тим во водство, а во 33.минута веќе беше 2:0, откако Меси беше прецизен од ударот од белата точка. По само десетина минути игра во вториот дел од мечот, Барселона го постигна и третиот гол преку Иниеста со што ги постави конечните 3:0.

Триесетгодишниот Баск Адуриз, кој во летниот преоден рок ја засили Валенсија од Мајорка, му донесе на својот тим несекојдневна победа на Местаља на дуелот со Малага. Гостите на овој меч два пати водеа, а потоа и губеa, за да на крајот имаa и бод во „џебот“, но сепак со погодокот во 90.минута Адуриз и донесе три бода на Валенсија за конечни 4:3.

Резултати и парови за 20.коло

Севиља – Леванте 4:1

(Фабиано 28п, 43, 68, Ескуде 39-Циско 58)

Барселона – Расинг 3:0

(Педро 2, Меси 33п, Иниеста 56)

Валенсија – Малага 4:3

(Мата 16п, Солдадо 53, Банега 67, Адуриз 90 – Рондон 10, 35, Баптиста 79)

Недела:

Хетафе – Еспањол

Сарагоса – Депортиво

Хихон – Атлетико

Алмерија – Осасуна

Реал – Мајорка

Виљареал – Сосиедат

Понеделник:

Билбао – Херкулес

Табела: Барселона /+1/ 55, Реал 48, Валенсија /+1/ 40, Виљареал 39, Еспањол 34, Атлетико 30, Севиља /+1/ 29, Билбао 29, Хетафе 27, Мајорка 27



-------------


Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 01.Февруари.2011 во 16:54
Валенсија избегна пораз против Расинг Сантандер

Фудбалерите на Валенсија успеаја да останат непоразени на последниот натпревар од 21.коло во шпанската Примера. По негативата во првото полувреме, тие на гостувањето кај Расинг Сантандер со голот на аргентинскиот интернационалец Коста Тино изедначија во 78.минута за конечни 1:1.

Аргентинец го постигна голот и за домашната екипа. Ариел Нахуелпан во 33.минута му донесе водство на Расинг Сантандер од 1:0.

На овој дуел беа покажани вкупно три црвени картони, еден за домашните и два за гостите.

Со освоениот бод Валенсија остана на четвртото место со 41 бод, зад Барселона која води со 58, Реал Мадрид со 51 и Виљареал со 45.

Сантандер е на 17.место со 21 бод, три повеќе од Леванте и четири повеќе од Алмерија и Малага кои се наоѓаат во зоната на испаѓање.

-------------
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.


Постирано од: емил
Датум на внесување: 06.Февруари.2011 во 07:50

Барселона полесно од очекувањата го совлада тимот на Атлетико на домашен терен со што оствари нов рекорд 16 победи по ред во шпанската Примера.

 

Благодарение на својот најдобар фудбалер Лионел Меси кој три пати се запиша во листата на стрелците, лидерот на табелата во Шпанија со својата претпознатлива игра лесно го совлада тимот на Атлетико. Со 16 победа по ред Барса го помина Реал Мадрид во рекордот по најмногу триумфи по ред од 1961 година кој изнесуваше 15. Барселона ќе има плус десет бодови предност пред Реал кој својот дуел го игра во недела на домашен терен со Сосиедат.

Од другите поинтересни дуели во Шпанија, Виљареал е непријатно поразен дома од Леванте со 0:1 со погодокот на Валдо на стартот на вториот дел, додека висок пораз доживеа тимот на Депортиво на гостувањето кај Гетафе со 4:1.

 

Шпанска лига, Примера - 22 коло

Сабота:

Атлетик Б. - Хихон 3:0 (Лопез а.г. 15', Токуеро 27', Љоренте 74')

Сарагоса - Расинг 1:1 (Бутахар 40' - Кристијан 14')

Гетафе - Депортиво 4:1 (Колунга 19', 26', Мику 45', Риос 57' - Рики п. 68')

Алмерија - Еспањол 3:2 (Силва 5', Уче 7', Бернардељо 18' - Верду 34', Алваро 49')

Осасуна - Мајорка 1:1 (Флањо 8' - Кастро 37')

Виљареал - Леванте 0:1 (Валдо 48')

Барселона - Атлетико М. 3:0 (Меси 17', 28', 84')

Недела:

Севиља - Малага (17 ч.)

Реал М. - Сосиедат (19 ч.)

Валенсија - Херкулес (21 ч.)

Табела: 1. Барселона 61, 2. Реал Мадрид 51 (-1), 3. Виљареал 45, 4. Валенсија 41 (-1), 5. Билбао 38, 6. Еспањол 37, 7. Атлетико М. 30, 8. Севиља 30 (-1), 9. Гетафе 30, 10. Сосиедат 28 (-1), 11. Мајорка 28, 12. Сарагоса 23, 13. Хихон 22, 14. Осасуна 22, 15. Херкулес 22 (-1), 16. Сандандер 22, 17. Депортиво 22, 18. Леванте 21, 19. Алмерија 20, 20. Малага 17 (-1).



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 13.Февруари.2011 во 04:46

Само 10 минути ја делеа екипата на Барселона од пораз на гостувањето кај Спортинг Хихон, но Давид Виља успеа да донесе еден бод на својот тим играјќи само 1:1.

Неочекувано, домашните поведоа во првиот дел, поточно во 16. минута кога Давид Барал успеа да го совлада Виктор Валдез. Барселона е тимот кој жестокот нападна во вториот дел, но и Хихон беше опасен од контра нападите.

По неколку пропаднати шанси, во 80. минута по асистенција на Меси, Виља од 20 метри го лобуваше Куељар и успеа конечно да го скрши "бункерот" на противникот. Во следниот напад Педро имаше прилика за целосен пресврт, но не успеа да погоди, по што Барселона дојде само до бод од ова за нив тешко гостување.

Со ова "реми" е прекината победничката серија на Барса која траеше цели 15 кола во Примера. Последен пат тимот на Гвардиола не победи на еден натпревар во Шпанија во октомври минатата година и тоа дома со Мајорка кога играше само 1:1.

ШПАНИЈА ПРИМЕРА-ДИВИЗИОН

Двојки и резултати 23. коло

Сабота

Атлетико - Валенсија 1:2

Рејес 3' - Жоакин 41', 86'

Хихон - Барселона 1:1

Барал 16' - Виља 80'

Сантандер - Севиља 3:2

Кирстијан 12', Ракитиќ (а.г.) 19', Арана 90' - Фаџио 40', Фабиано 83'

Недела:

Херкулес - Сарагоса (17 ч.)

Малага - Гетафе

Леванте - Алмерија

Сосиедат - Осасуна

Депортиво - Виљареал (19 ч.)

Еспањол - Реал М. (21 ч.)

Табела: 1. Барселона 62, 2. Реал М. 54 (-1), 3. Валенсија 47, 4. Виљареал 45 (-1), 5. Атлетик Б. 38 (-1), 6. Еспањол 37 (-1), 7. Севиља 31, 8. Атлетико М. 30, 9. Гетафе 30 (-1), 10. Сосиедат 28 (-1), 11. Мајорка 28 (-1), 12. РАсинг 25, 13. Хихон 23, 14. Сарагоса 23 (-1), 15. Осасуна 22 (-1), 14. Херкулес 22 (-1), 15. Депортиво 22 (-1), 18. Леванте 21 (-1), 19. Алмерија 20 (-1), 20. Малага 18 (-



-------------


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 20.Февруари.2011 во 15:47
Реал го победи Леванте, Валенсија одигра без голови против Спортинг Хихон


Реал%20го%20победи%20Леванте,%20Валенсија%20одигра%20без%20голови%20против%20Спортинг%20Хихон
Реал Мадрид со 2-0 го победи тимот на Леванте, Валенсија одигра без голови против Спортинг Хихон, Атлетико Мадрид славеше на гостувањето кај Сарагоса.
Реал Мадрид без големи проблеми, рутинирано со 2-0 го победи тимот на Леванте и дојде до нови три бода.

Натпреварот беше отворен по само седум минути игра кога Ди Мариа изведе еден одличен соло пробив, асистираше до Бензема кој ја смести топката во мрежата на Леванте.

Вториот гол се случи во 41та минута кога, Кристијано Роналдо нафрли, Рикардо Карваљо се најде на вистинското место, непречен од никого, погоди за 2-0.

Со оваа победа Реал Мадрид се доближи на два бода до Барселона, но Каталонците вечерва го пречекуваат тимот на Атлетик Билбао.

Валенсија влезе како голем фаворит во дуелот против Спортинг Хихон но не успеа да дојде до трите бода, натпреварот заврши 0-0.

Атлетико Мадрид славеше гостинска победа кај Сарагоса, Кун Агуеро во 66та минута реализираше за триумф од 1-0.




-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 06.Март.2011 во 05:50

http://brkajrabota.mk/sport/fudbal/5279-barsa-konecno-so-minimalna-pobeda - Барса конечно со минимална победа


Фудбалерите на Барселона на домашен терен ја совладаа Зарагоза со 1-0. Голот на одлука го постигна Сеиду Кеита по асистенцијата на Лео Меси. 

Тоа се случи во 43-та минута, кога во гужвата пред голот на гостите најдобро се снајде репрезентативецот на Мали. Ова претставува 21-ва асистенција на Меси на сите натпреварувања, за оваа сезона. До сега, Меси има одиграно 39 натревари на кои постигна 43 голови. 

Освен тоа што Гвардиола успеа да победи на овој натпревар, тој ги одмори и неговите клучни фудбалери кои не беа во неговиот состав, на овој натпревар, во пресрет на возвратниот натпревар од Лигата на Шампиони против Арсенал, кој ќе се одигра идната недела.



-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 13.Март.2011 во 08:37

Стартуваше 28. коло во Примера




Алмерија успеа да обезбеди бод на денешната средба со Атлетико Мадрит откако по 90 минути резултатот гласеше 2-2.Реал Мадрид пак очекувано славеше против Херкулес со 2-0.И двата погодоци ги постигна Бензема.




-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: емил
Датум на внесување: 16.Март.2011 во 04:43
Фабиано продаден во Бразил

Екипата на Севиља изненадувачки реши да го продаде бразилскиот репрезентативец Луис Фабиано во неговиот поранешен клуб Сао Паоло за 7,6 милиони евра. Бразилскиот клуб се обврза да му ја исплати целата плата за оваа сезона која изнесува шест милиони евра, а фудбалерот потпиша четиригодишен договор.

Иако за него се интересираа многу клубови меѓу кои Тотенхем, Монако, Марсеј, Милан, сепак, желбата на 30-годишниот фудбалер е кариерата да ја заврши во родната татковина. Инаку, Фабиано мина три години во Сао Паоло каде даде 118 гола во 160 натпревари пред да премине во Порто во 2004 година. По краткиот престој во Португалија се пресели во Севиља за која даде 106 погодоци. Интересно во август минатата година потпиша двегодишен договор со Севиља според кој требаше да остане до 2013.

"Му должам многу на Сао Паоло. Тука многу научив за фудбалот и затоа решив да се вратам", изјави Фабијано, кој ќе биде претставен во новиот клуб на 30 март.


-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 21.Март.2011 во 10:33

/sport/fudbal/23194-Rakitik-ja-zamolkna-Mestalja - Ракитиќ ја замолкна Местаља

Со единствениот гол на средбата на Иван Ракитиќ, Севиља успеа да ја изненади Валенсија во дербито на неделната програма во Примера.

Тимот на Валенсија по се изгледа се уште не се опоравил од елиминацијата во Лигата на шампионите од Шалке. По дебаклот во Сарагоса минатата недела од 0:4, Валенсија загуби и на својата Местаља, каде Севиља се радуваше на победа од минимални 1:0.

Меч-винер за гостите од Андалузија беше Хрватот Иван Ракитиќ со својот погодок во 70. минута. На голот му претходеше една грешка во одбраната на домаќините и изблокираниот обид на Алваро Негредо по кои на топката налета Ракитиќ и ја смести во мрежата на домашниот голман.

Овој втор пораз во низа на Валенсија го искористи Виљареал, кој исто така со 1:0 славеше во Билбао со голот на Рубен. Со овие три бода “жолтата подморница“ се искачи на третото место со ист број на бодови, но подобра гол-разлика од Валенсија.

РЕЗУЛТАТИ ОД 29. КОЛО:

недела:


Валенсија - Севиља 0:1 (0:0)
(Ракитиќ 70)

Атлетик Билбао - Виљареал 0:1 (0:0)
(Рубен 58)

Депортиво - Леванте 0:1 (0:0)
(Суарез 90)

Херкулес - Осасуна 0:4 (0:2)
(Камуњас 10, Нелсон 36, Валдоч 60, Сола 66)

Малага - Еспањол 2:0 (2:0)
(Рондон 7, 25)

Расинг - Сосиедад 2:1 (1:0)
(Кенеди 42, Дос Сантос 77 - Гризман 72)

Спортинг - Алмерија 1:0 (1:0)
(Де лас Куевас 13)

сабота:

Мајорка - Сарагоса 1:0
(Де Гузман 67)

Барселона - Хетафе 2:1
(Алвеш 17, Кркиќ 50 - Ману 88)

Атлетико Мадрид - Реал 1:2
(Агуеро 86 - Бензема 11, Озил 32)

ТАБЕЛА:
Барселона 78, Реал 73, Виљареал 54, Валенсија 54, Еспањол 43, Атлетик Б. 42, Севиља 42, Атлетико М. 39, Мајорка 38, Осасуна 35, Сосиедад 35, Леванте 35, Хетафе 34, Расинг 33, Спортинг 32, Депортиво 31, Сарагоса 30, Малага 29, Алмерија 26, Херкулес 26 бодови.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 24.Април.2011 во 06:51

Реал ја прегази Валенсија 

 

Жозе Мурињо со резервен состав ја совлада Валенсија со 3-6. На клупата кај „Мадриѓаните“ останаа Роналдо, Пепе, Ди Мариа, Марсело, Озил...

Реал Мадрид во среда ќе го одигра првиот натпревар од полуфиналето во Лигата на Шампиони против Барселона. Токму поради тоа, Мурињо реши да ги одмори своите клучни фудбалери. На овој натпревар добија шанса Гарај, Фернандес, Диара, Гранеро и Каналес. Но, Местаља е среќен стадион за Реал Мадрид. Пред неколку дена на овој стадион „Кралскиот Клуб“ ја освои долго очекуваната титула во Купот на Шпанија. Во финалето тие го совладаа лутиот ривал, Барселона.

Серијата голови во Валенсија ја започна Бензема во 23-та минута. До крајот на полувремето, Игуаин постигна два погодоци, а од игра погоди и Кака. На почетокот на второто полувреме, Игуаин запиша хет-трик со голот во 53-та минута. Првиот гол за домашните го постигна Солдадо, по еден час игра. Својот втор гол го постигна и Кака, а до крајот на натпреварот Реал потполно се опушти и прими два гола, за конечни 6-3!

Како што се ближи крајот на сезоната, „Кралскиот Клуб“ игра се подобро. Сепак, треба да се случи чудо за Барселона да им ја препушти титулата на фудбалерите од Мадрид.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 01.Мај.2011 во 05:33
Порази на Реал Мадрид и Барселона!
Порази%20на%20Реал%20Мадрид%20и%20Барселона!
Коло во Примера во кое се поразени и Реал Мадрид и Барселона, Кралевите загубија дома од Сарагоса, Каталонците неуспешни на гостувањето кај Реал Сосиедад.
Гигантите на шпанскиот фудбал, Реал Мадрид и Барселона, екипите кои во последните години се далеку пред другите во Примера, загубија во исто коло.

Реал Мадрид доживеа пораз на свој терен од Сарагоса со 3-2, нов пораз на Жозе Мурињо на домашен терен во лига натпревар.

Првиот шок на полупразниот Сантијаго Бернабеу се случи во 41та минута кога по еден огромен кикс на Икер Касиљас кој ја промаши топката, Лафита постигна гол за водство на Сарагоса од 1-0.

По осум минути игра од второто полувреме, Карваљо прави прекршок за пенал во својот шеснаесетник, сигурен реализатор на ударот од белата точка беше Габи за водство на гостите од 2-0.

Во 62та минута од натпреварот, Серхио Рамос постигнува гол со глава за намалување на водството на 2-1.

Кралевите тргнаа со сите сили кон нови погодоци, Сарагоса беше опасна од контри, при една таква акција во 77та минута Лафита зголемува на 3-1.

До крајот на натпреварот Реал Мадрид со голот на Бензема во 85та минута ги постави конечните 2-3.

Барселона не ја зголеми предноста над ривалот, бидејќи загуби на гостувањето кај Реал Сосиедад со 2-1.

Каталонците поведоа во 29та минута со голот на Тиаго по асистенција од Чави.

Во 70та минута грешка на одбраната на Барселона, Ирфан користи и го израмнува резултатот на 1-1.

На седум минути пред крајот, Маскерано прави фаул за пенал во сопствениот шеснаесетник, Прието постигнува гол од белата точка за комплетен пресврт и победа на Реал Сосиедад од 2-1



-------------


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 09.Мај.2011 во 00:12
Роналдо: Жално е што не сме шампиони


Португалецот постигна четири гола во победата на Реал на гостувањето во Севилја (6:2) и изби на листата на стрелци, оставајќи го зад себе Меси


Реал (М) со убедливиот триумф на гостувањето во Севилја (6:2) го одложи за уште една недела крунисувањето на Барселона во шпанската Примера. Кристијано Роналдо втор пат сезонава нанижа четири гола, претходно и со Расинг, па сега со 33 погодоци е лидер меѓу голгетерите, оставајќи го зад себе Лео Меси (31 гол). На Реал ова му е втора победа на гости со шест гола, откако славеше и над Валенсија на Месталја (6:2).

Херојот на "кралевите" изрази жалење што и покрај одличната сезона Реал нема да може да ја освои титулата во Примера.
- Да постигнеш 4 гола не е лесно и заслугата за тоа е на моите соиграчи. Без нивна помош немаше да постигнам ништо. Сите игравме добро. По она што се случи во Лигата на шампиони имавме потреба од добар резултат и го постигнавме. Колку подоцна Барселона стане шампиони, толку подобро. Жално е што титулата нема да биде наша, но тоа е фудбалот. Ни остануваат уште неколку натпревари и мотивирани сме да победиме и на нив. Не сакам да мислам дали ќе станам голгетер на првенството, изјави Роналдо

Португалецот постига и нов рекорд во кариерата, сега веќе има 46 голови на сите турнири од стартот на сезонава и на тој начин го надмина досегашното најдобро постигнување - 42 гола со Манчестер Јунајтед во сезоната 2007/2008.
Атлетико со поразот дома од Малага (0:3) значително си ги намали шансите за место во ЛШ, но затоа пак за гостите овие три бода значат многу во борбата за опстанок.

Резултати: Гетафе - Алмерија 2:0 (Колунга 4', Риос 53'), Валенсија - Сосиедад 3:0 (Солдадо 16', 37', Хонас 25'), Атлетик Б. - Леванте 3:2 (Токеро 31', Лопез 47' пен, Љоренте 63' - Стуани 77', Нано 85'), Спортинг - Депортиво 2:2 (Ајосе 35' пен, Барал 90' пен - Адријан 8', 40'), Херкулес - Расинг 2:3 (Сендоа 40', Гомеш 43' - Дос Сантос 14', 41', Енрике 45'), Атлетико М. - Малага 0:3 (Рондон 29', Баптиста 35', Мареска 84'), Севилја - Реал М. 2:6 (Негредо 61', 84' - Рамос 21', Роналдо 31', 65', 70', 75', Кака 42').


Табела:

1. Барселона

34

28

4

2

89:19

88

2. Реал (М)

35

26

5

4

87:31

83

3. Валенсија

35

20

6

9

60:42

66

4. Вилјареал

34

18

6

10

53:40

60

5. Атлетик (Б)

35

17

3

15

55:51

54

6. Атлетико (М)

35

15

7

13

55:47

52

7. Севилја

35

15

7

13

54:55

52

8. Еспањол

34

15

3

16

42:47

48

9. Спортинг Х.

35

10

13

12

33:39

43

10. Леванте

35

12

7

16

39:49

43

11. Сантандер

35

11

10

14

37:51

43

12. Мајорка

34

12

6

16

35:47

42

13. Малага

35

12

6

17

50:64

42

14. Сосиедад

35

13

2

20

45:61

41

15. Гетафе

35

11

7

17

46:55

40

16. Сарагоса

34

10

9

15

35:47

39

17. Депортиво

35

9

12

14

29:44

39

18. Осасуна

34

10

8

16

38:41

38

19. Херкулес

35

9

6

20

33:56

33

20. Алмерија

35

5

11

19

32:61

26



Мурињо и Реал ќе се жалат
Тренерот на Реал (М) Жозе Мурињо реши да не реагира во својот препознатлив стил и не им се обрати на новинарите по суспензијата од пет натпревари што му ја додели УЕФА. Португалецот за исклучувањето на 1/2-финалето во ЛШ, но и поради своите критички изјави упатени на сметка на европската куќа на фудбалот ќе плати и 50.000 евра. Сепак, наместо Мурињо пред новинарите се појави неговиот помошник Ајтор Каранка.
- Мурињо не сака да зборува со новинарите додека не ги дознае конкретните причини поради кои е казнет. Свесен е дека ја има поддршката на клубот и навивачите, но тешко ја прими веста, бидејќи не знае со што заслужил таква санкција. И нашиот тренер и клубот најавија жалби на одлуката на Дисциплинката комисија на УЕФА, изјави Кранка.
Мурињо еден натпревар веќе одработи, а петтиот е условен, односно ќе биде активиран ако во следните три години повтори сличен инцидент.

-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: pajser
Датум на внесување: 13.Мај.2011 во 13:10
 

-------------
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 16.Мај.2011 во 02:10
Барса го крена шампионскиот пехар

Барса%20го%20крена%20шампионскиот%20пехар
Барселона го крена пехарот, Каталонците ја прославија новата титула во Примера.
Шампионот во Примера беше решен во минатото коло, но пехарот на Барса и беше врачен вечерва по одигрувањето на натпреварот со Депортиво на Камп Ноу.

Натпреварот помеѓу Барса и Депортиво Ла Коруња заврши без погодоци, а по последниот свиреж на судијата следуваше големата прослава.

Во останатите денешни натпревари од претпоследното коло Реал Мадрид дојде до нова победа, овој пат на гостувањето кај Виљареал со 3-1, Атлетико Мадрид го победи Херкулес со 2-1, Валенсија и Леванте одиграа без голови.

Севиља со 3-1 на свој терен го победи Реал Сосиедад, Сарагоса заблежа важна победа против Еспањол од 1-0.

Алмерија ја победи Мајорка со 3-1, Алтеик Билбао и Малага ремизираа 1-1, Гетафе беше подобар од Осасуна со 2-0, Спортинг Хихон славеше над Сантандер со 2-1.




-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: емил
Датум на внесување: 22.Јуни.2011 во 05:34
Шпанскиот фудбал на работ на банкрот!

http://www.netpress.com.mk/sport/vestiimages/19176/bankrot.jpg"> Ситуацијата е критична? Долговите на шпанските клубови се проценува на 4 милијарди евра, а повеќе од 300 фудбалери од првата и втората шпанска лига изјавија дека клубовите не ги плаќаат. Ситуацијата е толку сериозна што штрајкот на фудбалерите е реална опција. Сигурно е дека неколку третолигашки екипи ќе се спуштат во понизок ранг на натпреварувањето поради тоа што немаат пари да ги подмират долговите. Оваа ситуација не е само во шпанскиот фудбал, веќе и во останатите спортови завладува кризата. Во кошарката исто така е алармантна ситуацијата. Естудиантес, Хувентуд, Менорка, Ваљадолид и Гранада им се блокирани сметките, а Аликанте е на работ на згаснување.



-------------


Постирано од: pecok
Датум на внесување: 22.Јуни.2011 во 05:39
The rise and fall of an empire...

-------------
http://foto.evolucija.mk - Мои Фотки на foto.evolucija.mk


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 14.Август.2011 во 21:51
Вечерва “Ел Класико“ Суперкуп на Шпанија

Време е за ново „Ел Класико“. Вечерва од 22 часот на „Сантијаго Бернабеу“ ќе биде одигран првиот натпревар од Супер купот на Шпанија, а тоа значи нов судар на гигантите, нов дуел на супер ѕвездите. Реал против Барселона, Кристијано Роналдо против Лионел Меси.

Овие две екипи влегуваат во двомечот со желба новата сезона да ја започнат со трофеј, а тоа е да победат во Супер купот што само ќе ја зголеми самодовербата кај ѕвездите на двете екипи пред стартот на новата сезона.




Барселона го брани овој трофеј од минатата година кога ја победи Севиља, а Реал последен пат се радувал на еден супер куп во 2007 година. Традицијата е на страна на Реал Мадрид кој има 4 победи во дуелите со Барселона во Супер купот, кој е вовед во Примера.

Реал во пред сезоната оствари подобри резултати, но во редовите на Барселона на пријателските средби не настапуваше нивниот главен играч, Меси кој сега се враќа во клубот, пренесува Спортското радио 90,3 ФМ.

Голем мотив во екипата на Реал Мадрид има Кристијано Роналдо кој токму на оваа средба би можел да го постигне својот 100-ти гол во дресот на Реал, тој досега има постигнато 99 гола. Исто така, креаторот на играта на Барселона, Чави доколку го подигне пехарот од Супер купот ќе се израмни според бројот на освоени трофеи со поранешниот играч на Барса, Џелермо Аморо кој има освоено дури 17 пехари. Во двете екипи нема повредени играчи, па така треберите Мирињо и Гвардиола ќе може да сметаат на најсилните состави.

Еве ги и веројатните состави за двете екипи на вечерашниот натпревар:

Реал Мадрид (4-2-3-1): Касиљас, Рамос, Пепе, Карваљо, Марсело, Кедира, Чаби Алонсо, Ди Марија, Озил, Роналдо, Бензема.

Барселона (4-3-3): Валдес, Алвеш, Пике, Абидал, Адриано, Бускетс, Чави, Иниеста, Меси, Виља, Педро.

И покрај тоа што неколку фудбалери се жалеле на повреди сигурно дека ќе напраат напори да заиграат на вечерашниот натпревар

-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: Орка
Датум на внесување: 19.Август.2011 во 11:26
Нека му ја мисли Барса сега


Постирано од: Marko Polo 1
Датум на внесување: 19.Август.2011 во 22:03
Ova ne e Chuck Noris... Ovoj na slikava se smee...

-------------
Incredible Blue


Постирано од: Орка
Датум на внесување: 20.Август.2011 во 15:32
Како велеше шпенди шпонди во филмон со Лепа Брена
-Колико кошта ова куча?
-Није на продаји.
-Све је на продаји...
Па и насмевката на Чак имала добра цена изгледа


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 28.Август.2011 во 19:44

Фантастичен пресврт на Валенсија

Во првиот натпревар од шпанската Примера, Реал Сосиедад на гости го победи Спортинг Хихон, а стрелец на двата голови беше напаѓачот Иманол Агириче.

Валенсија беше пред пораз но на крај успеа да го совлада Сантандер кои имаа водство од 1:3. Солдадо ги донесе домаќините во водство уште во втората минута, но по неколку минути си постигна и автогол, а веќе по 14 минут Сантандер водеше со 1:2. Адриај во 56-та минута го постигна и третиот гол за гостите, но бргу возврати Рами. Во самиот финиш од натпреварот, Солдадо постигна уште два гола за голем пресврт и прва победа за Валенсија во новата сезона.

Бетис на гостувањето кај Гранада победи со единствениот гол на Кастро во финишот од натпреварот.

Спортинг Хихон - Реал Сосиедад 1:2
Де лас Куевас 69'п - Агириче 35', 65'
Валенсија - Расинг Сантандер 4:3
Солдадо 2', 88', 90', Рами 58' - Солдадо 6'аг, Акоста 14', Адријан 56'
Гранада - Бетис 0:1

Недела:
Атлетико Мадрид - Осасуна 12:00
Атлетик Билбао - Ваљекано 16:00
Хетафе - Леванте 18:00
Мајорка - Еспањол
Сарагоса - Реал Мадрид
Севиља - Малага

Понеделник:
Барселона - Виљареал 21:00



http://www.youtube.com/watch?v=8FhAIwlhhxk - Валенсија - Расинг 4:3 да



-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 29.Август.2011 во 00:08
Реал славеше со убедливи 6-0 кај Сарагоса

Реал%20славеше%20со%20убедливи%206-0%20кај%20Сарагоса
Реал Мадрид имаше блескав старт во новата сезона од Ла Лига и славеше со 6-0 на гостувањето кај Сарагоса, натпревар на кој Кристијано Роналдо постигна хет-трик
Роналдо, кој минатата сезона ја освои Златната Копачка на Европа благодарејќи на 40те погодоци во Ла Лига, ја започна новата сезона со ист стил.

Португалецот го отвори резултатот на гостувањето кај Сарагоса во 24та минута по асистенцијата на Месут Озил. Воедно ова беше 100от погодок на CR7 во дресот на Реал Мадрид.

Четири минути подоцна Марсело го донесе Реал во водство од 2-0, резултат со кој се отиде на полувреме.

Во 64та минута Чаби Алонсо упати прецизен удар по земја од околу 25 метри и го совлада голманот на Сарагоса за зголемување на предноста на Реал на 3-0.

Кристијано Роналдо во 71та минута се најде на вистинското место и по додавањето на Ди Мариа ја смести топката во празната мрежа.

Новолезениот Кака во 82та минута прецизно стрелаше за водство од 5-0 а во финишот на средбата Бразилецот му асистираше на Кристијано Роналдо за конечните 6-0.

Мајорка исто така забележа победа во воведниот натпревар, славејќи со минимални 1-0 во дуелот со Еспањол.

Де Гузман беше стрелец на единствениот погодок.

Атлетик Билбао во дуелот со новајлијата Рајо Ваљакано одигра само 1-1. Баскијците дојдоа во водство во 56та минута преку Итураспе но пет минути подоцна резултатот го изедначи Мовиља.

Со ист резултат заврши и средбата помеѓу Хетафе и Леванде.

Федор во 62та минута ги донесе домакините во водство но Хуналу во 77та минута се избори за бод за Леванте.

Во првиот натпревар што се одигра денеска, Атлетико Мадрид и Осасуна ремизираа 0-0.




-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 11.Септември.2011 во 22:35

Победа на Реал (М) против Гетафе, Барселона одигра само 2:2 со Реал Сосиедад


“Машинеријата“ на Барселона, “зариба“ во вториот дел од натпреварот со Реал Сосиедад. Избраниците на Пеп Гвардиола, после десет минути игра со погодоците на Чави и Фабрегас имаа водство од 2-0. Како го направи водството Барса, така и го прокоцка во само две минути Агире и Гризман ја анулираа предноста и успеаја да и “скинат“ планирани бодови на актуелниот првак.

Киксот на конк*рентот беше добре дојден за фудбалерите на Реал Мадрид, кој со нови три бода остварени на домашен терен совладувајќи го Гетафе со 4-2 изби на чело на табелата. Французинот во дресот на “кралевите“ Карим Бензема два пати ја затресе противничката мрежа, Роналдо и Угаин по еднаш додека погодоците за Гетафе беа дело на Федор.

Резултати: Сосиедад - Барселона 2-2, Виљареал - Севиља 2-2, Реал Мадрид - Гетафе 4-2, Валенсија - Атлетико Мадрид 1-0.

Табела: Реал Мадрид 6 бодови, Валенсија 6, Барселона 4, Реал Сосиедад 4. . .




-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 25.Септември.2011 во 19:58

Барселона и Реал Мадрид покажуваат сила на домашен терен

По непријатните резултати, односно ремијата минатото коло, двата најдобри шпански клубови им се вратија на победничките патеки и тоа со убедливи триумфи пред своите гледачи. Иако сега засега изненадувачки Бетис е лидер на табелата во Примера, тоа набрзо би требало да се смени. Иако Реал Мадрид и Барселона она стартот од оваа сезона на два пати непријатно не изненадија, вчерашните нивни престави покажаа дека имаат намера повторно да се бидат најдоминантните сили во шпанскиот фудбал.

Барселона можеби на гостувањата постојано игра 2-2, но затоа на домашен терен на трите одиграни натпревари има гол разлика од 18-0. По Вилјареал и Осасуна, нова жртва на „Камп Ноу“ синоќа беше Атлетико Мадрид. „Јорганџиите“ водени од добрата форма на последните два натпревари се надеваа на добра игра и позитивен резултат и во Барселона, но домаќинот не мислеше така. Беше испукана нова „ http://www.dailymotion.com/video/xlags3_barcelona-5-0-atletico-madrid_sport?start=3#from=embed - петарда “, која ја почна Вилја, потоа помогна Миранда со автоголот, а Меси ја заврши со хет-трик.

Реал Мадрид го пречека својот далеку помал градски ривал, кој добро го испоти фаворитот особено во првото полувреме. Гостите интересно поведоа уште во петнаесетата секудна од мечот, но во последните 7 минути од првото полувреме „кралевите“ направија пресврт преку Роналдо и Игуаин. Португалецот погоди од белата точка за 3-1, но гостите не се предадоа и постигнаа гол за намалување на негативата. Откако Ди Марија заработи втор жолт картон некои помислија дека ќе се повтори натпреварот против Леванте, кога Реал го доживеа првиот пораз сезонава. Сепак Французите Фаран и Бензема не дозволија никакво изненадување на „Сантијаго Бернабеу“. Точка на натпреварот и конечните http://www.dailymotion.com/video/xlafbb_footyroom-com-real-madrid-6-2-rayo-vallecano_creation?start=3#from=embed - 6-2 ги постави Кристијано Роналдо со неговиот втор гол од 11 метри.




-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 17.Октомври.2011 во 19:15

Нови победи за Реал и Барселона

Реал Мадрид со 4-1 славеше во дуелот со Бетис; Барселона рутински стигна до нови три бода по победата над Расинг

Бетис успеа да ја зачува својата мрежа во првото полувреме но веќе на стартот на вториот дел Реал Мадрид дојде во водство.

 

Марсело упати длабочинска топка за Кристијано Роналдо кој несебично го проигра Игуиан а напаѓачот не можеше да погреши и само рутински ја смести топката во небранетата мрежа.

 

По еден час игра Реал веќе имаше предност од 2-0. Роналдо одново асистираше но овој пат сите заслуги одат на адреса на Кака кој прекрасно ја пласираше топката на подалечната статива.

 

Во 69та минута гостите ја намалија предноста на Реал преку Молина но по само една минута Гонзало Игуан со својот втор гол на средбата ја врати предноста од два погодоци за домакините.

 

Аргентинецот потоа во 73та минута со мајсторски лоб удар одново се запиша во листата на стрелците и ги постави конечни 4-1.

 

Ова беше втор хет-трик во низа на Гонзало Игуаин откако напаѓачот три погодоци му даде и на Еспањол во минатото коло.

 

По оваа победа Реал Мадрид само неколку часа се најде на врвот во Ла Лига бидејќи Барселона лесно стигна до триумф од 3-0 над Расинг.

 

Вообичано Каталонците имаат проблеми по паузата за репрезентативни средби но Меси уште во 10та минута најави дека трите бода остануваат на Камп Ноу.

 

Напаѓачот на Барса најпрво двојно проигра со Иниеста, се протна помеѓу дефанзивците на Расинг а потоа го помина и голманот на гостите за на крајот рутински да ја смести топката во мрежата.

 

Чави го зголеми водството во 27та минута откако постигна за него невообичаен погодок со глава по нафрлената топка на Педро.

 

Конечните 3-0 беа поставени во 69та минута кога ударот на Андрес Иниеста заврши во стативата а прв до одбиената топка стигна Лео Меси и без проблем одново ја затресе мрежата на гостите.

 

Валенсија пропушти добра можност да прокнижи нови три бода и одигра 1-1 на гостувањето кај Мајорка и покрај тоа што имаше предност се до самиот финиш.

 

Во 38та минуга Лос Че дојде во водство преку Адил Рами. Беше изведен корнер од левата страна а во мешаницата најдобро се снајде францускиот интернационалец кој немаше тешка задача од само еден метар да ја турне топката во мрежата на домакините.

 

’Островјаните’ се изборија за бод во екстра периодот од вториот дел кога судијата покажа на белата точка а реализатор на најстрогата казна беше Хемад.

 

Средбите Хетафе-Виљареал и Гранада-Атлетико Мадрид завршија со почетниот резултат 0-0


-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 30.Октомври.2011 во 22:22

Леванте конечно загуби, Реал Мадрид лидер во Примера


 

Веќе нема непоразена екипа во шпанската прва лига. Фудбалскиот клуб Леванте од Валенсија конечно “падна“ во 10. коло, откако беше поразен од Осасуна во Памплона со 2:0.

До вечерва Леванте беше лидер во Примера со 7 победи и две ремија, но по вечерашниот пораз, сега Реал Мадрид го превзема лидерското место со 25 бодови, пред Барселона со 24 и Леванте со 23. Вчера Реал минимално со 0:1 го совлада Реал Сосиедад во Сан Себастијан, додека Каталонците со 5:0 лесно се справија со Мајорка на Камп Ноу.

Осасуна “го реши“ Леванте уште во првиот дел со головите на Сехудо во 39. и Нино во 42. минута. Иако, во 59. минута беше исклучен стрелецот Сехудо, Леванте немаше сили за пресврт.




-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: емил
Датум на внесување: 19.Ноември.2011 во 06:26

/informacii-sport/8416-iniesta-so-12-mil-evra-go-spasuva-albasete-" rel="nofollow - Иниеста со 1,2 мил. евра го спасува Албасете

 
 

Еден од ретките шпански репрезентативци, кој е добредојден на сите стадиони во Ла Лига - Андрес Иниеста, уште еднаш го покажа своето големото срце. Фудбалски волшебник решил да го спаси својот матичен клуб Албасете со тоа што лично извадил од џеб сума од 1,2 милиони евра ви ја уплатил во касата на тимот.

Иниеста како дете во периодото од 1994 до 1996 година настапуваше во оваа екипа, каде беше забележан од Барса која го зема во нивните редови. Веќе 15 години по овој момент Андрес се уште се сеќава на добрите моменти во екипата каде почна да игра фудбал и реши да стане главен акционер во тимот, кој испадна од втората во третата шпанска лига.

Информацијата беше потврдена од потпретседателот на Албасете, Аурелио Миа. 27-годишниот фудбалер не сакал да зборува за износот на средства вложени во Албасете, но медиумите во Шпанија велат дека станува збор за сума од 1,2 милиони евра



-------------


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 27.Ноември.2011 во 15:41

http://sky.mk/sport/8044-%D0%8F%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D1%82-%D0%91%D0%B0%D1%80%D1%81%D0%B0-%D0%BC%D1%83-%D1%81%D0%B5-%D0%BF%D0%BE%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BD%D0%B8-%D0%BD%D0%B0-%D0%BC%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D0%A5%D0%B5%D1%82%D0%B0%D1%84%D0%B5.html" rel="nofollow - Барселона му се поклони на малиот Хетафе. Во синоќешниот последен неделен натпревар од шпанската Примера "џинот" Барселона на гостувањето кај малиот мадридски тим од предградието Хетафе си замина без нити еден освоен поен.

Среќата беше сојузник на Хетафе кој во својата игра повеќе наликуваше на италијански катанаџо тим кој се бранеше со 10 играчи при константите напади на Барселона.

Во 67 минута од корнер Хетафе ги шокираше каталонците со погодок кој му донесе значајна победа а Барса сега заостанува 6 поени зад Реал Мадрид кој пак во градското дерби го победи Атлетико Мадрид со 4-1.



-------------
I'm out bcz of pathetic around here



Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 14.Јануари.2012 во 23:40

Тешка победа на Реал Мадрид на гостувањето кај Мајорка


Реал Мадрид се изнамачи за да дојде до трите бода на гостувањето кај Мајорка.
 
Кралевите со пресврт во финишот од натпреварот славеа со 2-1.
 
Тимот на Мурињо не блескаше, играше борбено, но имаше потешкотии да биде опасен кон голот на домаќините.
 
Во 39. минута Хмад постигнува гол за водство на Мајорка од 1-0.
Пред крајот на првото полувреме, Серхио Рамос по удар со глава ја погоди пречката од голот на Мајорка.
 
Во вториот дел Жозе Мурињо додаде на офанзива, фрли се на една карта и на крајот тоа се исплатеше.
 
Натпреварот не помина без судиски грешки, во една ситуација Калехон беше соборен во шеснаесетникот на Мајорка, судијата не сметаше дека тоа е доволно за пенал, домаќините изведоа контра која беше прекината поради неправедно досуден офсајд.
 
Во 72. минута Реал Мадрид конечно израмнува на 1-1, асистенција на Озил, Игуаин реализира.
 
Реал Мадрид продолжуваше со нападите, Кристијано Роналдо со прекрасен шут ја погоди пречката од голот на домаќините.
 
На пет минути до крајот, по една мешаница топката дојде до Калехон кој ја смести во мрежата на Мајорка за водство и победа на Реал Мадрид од 2-1.
 
Во останатите денешни натпревари од Примера, Севиља одигра 0-0 на домашен терен против Еспањол, Ваљекано со 2-1 победи на гостувањето кај Гранада, Гетафе и Сарагоса одиграа 1-1.


-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: емил
Датум на внесување: 02.Февруари.2012 во 09:44

КОПА ДЕЛ РЕЈ: РЕМИ НА МЕСТАЉА







Иако не победија, повеќе причини за радост имаат Каталонците.


Валенсија и Барселона одиграа интересен прв натпревар во полуфиналето од Купот на Кралот. Барселона имаше повеќе шанси за гол, но може да биде задоволна што голманот Пинто не доби црвен картон во првото полувреме, откако играше со рака надвор од шеснаесетникот.


Како и да е први во водство дојдоа домаќините откако по центаршутот на Матје од левата страна, Жонас од околу 10-ина метри го совлада голманот на Барселона.


Водството на домаќините траеше само осум минути, кога Пујол, слично како и на натпреварот со Реал Мадрид, по еден корнер со глава го совлада голманот на Валенсија, Диего Алвеш.


До крајот Барселона имаше уште неколу убави можности за гол, а Меси ја пропушти најубавата кога промаши удар од белата точка. И Дани Алвес имаше убава шанса после асистенцијата од Меси, но неговиот удар заврши во стативата.




Постирано од: емил
Датум на внесување: 13.Февруари.2012 во 06:16

http://kurir.mk/sport/fudbal/60592-Real-ja-zamrzna-Barsa-na-minus-10" rel="nofollow - Реал ја „замрзна“ Барса на минус 10

http://www.facebook.com/sharer.php?u=http%3A%2F%2Fwww.kurir.mk%2Fsport%2Ffudbal%2F60592-Real-ja-zamrzna-Barsa-na-minus-10&src=sp" rel="nofollow -
ronaldo 

Реал славеше со 4:2, најмногу благодарение на хет-трикот на Кристијано Роналдо, а неочекувано први до водство стигнаа гостите.

Сепак, Леванте им пружи отпор на „кралевите“ само четириесеттина минути, кога Ибора играше со рака во шеснаесетникот, доби втор жолт картон, а Кристијано Роналдо беше немилосрден од белата точка за 1:1.

Во второто полувреме набрзина се беше решено. Португалецот повторно стапи на сцена и со погодоците во 50-та и 57-та минута му донесе предност на Реал од 3:1.

До крајот на мечот Леванте успеа да намали на 3:2 со погодокот на Аруна Коне, но веќе во 66-та минута Бензема ги реши сите дилеми околу победникот кога ги постави конечните 4:2.



Постирано од: Schatzii7
Датум на внесување: 20.Февруари.2012 во 15:51
Ни Чак Норис не може да им помогне на Реалци плазењехи, хи...

-------------
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)


Постирано од: емил
Датум на внесување: 04.Март.2012 во 07:39

Најскапи се влезници во шпанската Примера

Шпанската економија е во драстичен пад, невработеноста на Пиринејскиот полуостров е голема, но истовремено цените на влезниците за првенствените фудбалски натпревари се високи.


Најскапи се влезници во шпанската Примера


Втора најскапа лига за гледање натпревари во живо е на стадионите во Италија, каде просечна карта изнесува 48 евра.Според истражувањето на Марка, шпанскиот фудбал просечно е најскап за гледање со просечна цена на билет од 53 евра.

На третото место е најквалитетната фудбалска лига на светот, англиската Премиер лига (44 евра), додека по многумина најинтересната лига за гледање, Бундеслигата го држи четвртото место со скромни 30 евра во просек.

Со исклучок на убедливо најевтините влезници во Шпанија кои по цена од 10 евра ги продава Валенсија за последните редови на Местаља, најниската цена која на своите навивачи им ја нудат шпанските клубови е 25 евра за одредени зони на стадионот.

Неверојатен е податокот дека најниски цени на карти во Шпанија, оние за домашните натпревари на Хетафе и Рајо Ваљекано се идентични со најскапите на Етихад (Манчестер Сити) и Бај арената (Баер Леверкузен) и изнесуваат 25 евра.

Интересно е што шпанскиот второлигаш Овиедо на својот стадион наплатува влезници од 25 евра, додека натпреварот од Лигата на шампиони во Леверкузен меѓу Баер и Барселона можеше да се следи за 15 евра.

Најголеми несразмерни цени на влезниците има во Италија. Домашните мечеви на Наполи, каде настапува Горан Пандев може да се гледаат за 9,50 евра, додека да се следи Интер на Сан Сиро чини и до 160 евра.

Специјалност во Примера е клубовите драстично да ги зголемуваат цените пред гостувањето на најсилните клубови. Така на пример, цената за билет за мечевите на Осасуна изнесува од 36 до 60 евра, а при доаѓањето на Барселона и Реал Мадрид се зголемува за повеќе од двојно (90-110 евра).

Во Германија, каде стадионите се модерни шопинг центри и места за излегување и забава, евтините цени во просек се движат околу 18 евра. Најскапите се од 37,50 (Хановер) до 70 евра (Баерн).

Натпреварите на Вердер може да се гледаат за 11 евра, додека домашните дуели на Борусија Мехенгладбах чинат само шест евра.
 



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 22.Март.2012 во 05:38
6 точки е веќе предноста на Барса .Победа во директниот двубој и стануват 3 

надежот на Барса за титула е жив кул


-------------


Постирано од: Schatzii7
Датум на внесување: 02.Април.2012 во 17:10
На натпреварите одиграни во текот на викендот беа постигнати следниве резултати:
Атлетико Мадрид - Хетафе 3:0,
Валенсија - Леванте 1:1,
Реал Сосиедад - Рајо Ваљекано 4:0,
Виљареал - Еспањол 0:0,
Расинг Сантандер - Гранада 0:1,
Спортинг - Сарагоса 1:2,
Осасуна - Реал Мадрид 1:5,
Барселона - Атлетик Билбао 2:0 и
Малага - Бетис 0:2.

Табела: Реал Мадрид 78 бодови, Барселона 72, Валенсија 48, Малага 47, Леванте 45, Осасуна 43, Атлетико Мадрид 42, Еспањол 41, Севиља 39 (еден натпревар помалку),...

-------------
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)


Постирано од: емил
Датум на внесување: 09.Април.2012 во 06:32

ВАЛЕНСИЈА ЈА ДОНЕСЕ БАРСА НА -4







Во дербито на Примера, вечерва, Валенсија успеа да остане непоразена на Сантијаго Бернабе, со што предноста на Реал во однос на Барселона се “стопи“ на -4.


Убав и динамичен натпревар одиграа прво и третопласираната екипа во Примера вечерва. Иако не беа постигнати погодоци возбудувањата не изостанаа.


Реал ја имаше иницијативата во текот на целиот натпревар, ја контролираше играта, но Валенсија на чело со голманот Гуаита одлично се бранеше. Веднаш на почетокот на натпреварот Роналдо имаше можност да го доведе Реал во водство но стативата беше сојузник на голманот на гостите.


И Валенсија имаше свои моменти и беше многу опасна од брзи контранапади. Два пати ја погодуваа рамката од голот на “кралевите“, еднаш во првото и еднаш во второто полувреме, а во три случаи Касиљас одбрани одлично и спречи комплетен шок на “Сантијаго Бернабе“. Последната шанса во 94-тата минута ја имаше Ди Марија за да ги донесе трите бода за Реал, но по акцијата со Кака шутираше очајно од 12-13 метри, па така резултатот остана оној почетниот 0:0. 

Со обој бод Реал остана на првото место со 79 бода, Барселона има 4 помалку на втората позиција. Валенсија со овој бод остана на третото место со 49 бода, само еден бод предност во однос на Леванте кој има 48, Малага е следна со 47.



-------------


Постирано од: Schatzii7
Датум на внесување: 14.Април.2012 во 17:39
Табела: Реал Мадрид 82 бода, Барселона 78, Валенсија 50, Малага 50 (натпревар помалку), Леванте 48, Осасуна 46,...

сршено срце


-------------
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)


Постирано од: емил
Датум на внесување: 14.Април.2012 во 17:48
Originally posted by Schatzii7 Schatzii7 напиша:

Табела: Реал Мадрид 82 бода, Барселона 78, Валенсија 50, Малага 50 (натпревар помалку), Леванте 48, Осасуна 46,...

сршено срце
 

Што си тажна бе Шатци ?Титулата оваа година е во Каталунија . Барса ќе ги здроби Реал во директниот натпревар и сè некаде ќе згрешат уште една Кралевите . Сè е по план среќа


-------------


Постирано од: Schatzii7
Датум на внесување: 14.Април.2012 во 17:53
Па што знам, предноста е кај Реалци.
А уште колку натпревари остануваат до крај во Шпанскава лига?


-------------
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)


Постирано од: емил
Датум на внесување: 14.Април.2012 во 17:56
8 и имат натпревар меѓу себе

-------------


Постирано од: Schatzii7
Датум на внесување: 14.Април.2012 во 17:58
Уф, уф уште многу...само да губат Реал во наредните натпреваримолитва или во некој од нив.

-------------
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)


Постирано од: Schatzii7
Датум на внесување: 17.Август.2013 во 19:10
http://makfax.com.mk/316596/startuva_primera" rel="nofollow - Стартува Примера

Викендов стартува новата сезона во шпанската Примера, а како и во минатите сезони, единствени кандидати за титулата се големите ривали Барселона (ја брани титулата) и Реал Мадрид.





-------------
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 22.Август.2013 во 09:48
По високата победа од 7-0 над Леванте се покажа кој од големите ѕвезди на Барса е и голем човек ... 

El grande Pique голема насмевка




-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: Schatzii7
Датум на внесување: 08.Декември.2013 во 17:49
Куп на Кралот -  Атлетико без милост, Реал без " муниција" 

Во саботата се одиграни уште пет меча од шеснаесет финалето на шпанскиот Куп на Кралот, а најголемото изненадување е ремито на Реал против нискорангираниот Олимпик.

Иако без првите ѕвезди во екипата, Роналдо и Бејл, фудбалерите на мадридски Реал непријатно ги изненадија своите навивачи со реми без голови, 0:0, на гостувањето кај третолигашот Олимпик де Хативи.

Се очекуваше лесна работа на тимот на Анчелоти, но наместо тоа, домашниот тим се радуваше на големо, историско реми против скапоцените мадридски ѕвезди.

Тоа што не му успеа на Реал, му успеа на градскиот ривал Атлетико, кој им спакува „четири комада“ на нискорангираната екипа на Сен Андреуа. Два гола постигна Арда Туран, а по еден Гарсија и Виља за конечни 0:4.

Селта оствари минимална победа над Билбао со голот на Мине, додека Леванте потклекна на гостувањето во Хуелва. Двата меча завршија со победа на домаќините од 1:0.

Со шокантното реми на Реал, победник немаше ни во дуелот меѓу Џирона и Гетафе 1:1.

Денеска се играат уште пет натпревари, а реванш мечевите се на програмата од 17 до 19 декември.

Куп на кралот: шеснаесет финале први мечеви:

Сабота:

Сант – Андреу – Атлетико Мадрид 0:4

Џирона – Гетафе 1:1

Селта – Билбао 1:0

Олимпик – Реал Мадрид 0:0

Рекреативо – Леванте 1:0



Постирано од: LiDivio
Датум на внесување: 02.Март.2014 во 21:00
Атлетико не успеа да го совлада потпомогнатиот од судиите Реал Мадрид... натпреварот заврши 2:2

како не го затепа судијата оној од клупата (150 кг) на Атлетико, штета... ... Симеоне го спаси...


Постирано од: fiks
Датум на внесување: 02.Март.2014 во 21:53
Ама последните 25 минути Атлетико беше натеран во шише од Реал.
Нека се среќни со тој бод освоен.


-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: Blue Scarlet
Датум на внесување: 10.Март.2014 во 11:52
По неверојатниот пораз на Барса од Ваљадолид, кои го совладаа големиот каталонски ривал на домашен терен со минимални 1:0, се чини дека овој пат шампионската титула ќе ја освои некој од ривалите од Мадрид. 
Атлетико го совлада тимот на Селта Де Виго на гости со 0:2 и се искачија на втората позиција, зад Реал кој со победата од 3:0 над Леванте успеа да остане лидер на табелата. 

Убаво би било да се види Атлетико на врвот за промена ... голема насмевка


MATCHESHOMEAWAYGOALS
 PTSGPWONDRAWNLOSTWONDRAWNLOSTWONDRAWNLOSTGSGA
Legend: PTS: Points    WON: Games Won    DRAWN: Games Drawn    LOST: Games Lost    GP: Games Played    GS: Goals Scored    GA: Goals Allowed
1 http://www.goal.com/en/teams/spain/124/real-madrid-cf" rel="nofollow"> http://www.goal.com/en/teams/spain/124/real-madrid-cf" rel="nofollow - Real Madrid CF 6727214212019417626
2 http://www.goal.com/en/teams/spain/129/atletico-madrid" rel="nofollow"> http://www.goal.com/en/teams/spain/129/atletico-madrid" rel="nofollow - Atletico Madrid 6427204311309136321
3 http://www.goal.com/en/teams/spain/125/fc-barcelona" rel="nofollow"> http://www.goal.com/en/teams/spain/125/fc-barcelona" rel="nofollow - FC Barcelona 6327203412018337422
4 http://www.goal.com/en/teams/spain/128/athletic-bilbao" rel="nofollow"> http://www.goal.com/en/teams/spain/128/athletic-bilbao" rel="nofollow - Athletic Bilbao 5127156610315355031
5 http://www.goal.com/en/teams/spain/131/villarreal" rel="nofollow"> http://www.goal.com/en/teams/spain/131/villarreal" rel="nofollow - Villarreal 442713597436164733
6 http://www.goal.com/en/teams/spain/138/real-sociedad" rel="nofollow"> http://www.goal.com/en/teams/spain/138/real-sociedad" rel="nofollow - Real Sociedad 432612778314464636
7 http://www.goal.com/en/teams/spain/130/sevilla" rel="nofollow"> http://www.goal.com/en/teams/spain/130/sevilla" rel="nofollow - Sevilla 412711886345544742
8 http://www.goal.com/en/teams/spain/126/valencia-cf" rel="nofollow"> http://www.goal.com/en/teams/spain/126/valencia-cf" rel="nofollow - Valencia CF 3627106117343373938
9 http://www.goal.com/en/teams/spain/140/espanyol" rel="nofollow"> http://www.goal.com/en/teams/spain/140/espanyol" rel="nofollow - Espanyol 3627106117253463233
10 http://www.goal.com/en/teams/spain/295/levante" rel="nofollow"> http://www.goal.com/en/teams/spain/295/levante" rel="nofollow - Levante 36279995534462634


-------------
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!



Постирано од: Schatzii7
Датум на внесување: 24.Март.2014 во 12:29
Примера, 29-то коло:

Граната 1-0 Елче
Еспањол 0-0 Леванте
Ваљадолид 1-1 Ваљекано
Атлетик Билбао 1-0 Гетафе
Осасуна 1-2 Севиља
Бетис 0-2 Атлетико Мадрид
Валенсија 2-1 Виљареал
Реал Мадрид 3-4 Барселона

Табела:

1. Реал Мадрид 70 бода
2. Атлетико Мадрид 70
3. Барселона 69
4. Атлетик Билбао 55
...

-------------
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)


Постирано од: Blue Scarlet
Датум на внесување: 27.Март.2014 во 11:05
Реал изгуби од Севиља и падна на третата позиција. 
Барселона со сигурна победа над Селта.
Атлетико со еден гол ја победи Гранада. 

Резултати од 30 коло:

Барселона - Селта 3:0

(Нејмар 6 ’, 67’, Меси 30’)

Атлетико Мадрид - Гранада 1:0

(Диего Коста 63’/)

Рајо Ваљекано - Осасуна 1:0

(Ларивеј 90’)

Севиља - Реал Мадрид 2:1

(Бака 19’, 72’- Роналдо 14’)


Табела: Атлетико Мадрид 73 бодови, Барселона 72, Реал Мадрид 70, Атлетик Билбао 56, Севиља,...


Реков дека ќе биде убаво Атлетико Мадрид да се види на првата позиција .... голема насмевка



-------------
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!



Постирано од: LiDivio
Датум на внесување: 30.Март.2014 во 10:03
Ако не можеш по магарето, удри по самарот...

Реал - Ваљекано 5:0

Класично пуштање 3 бода од страна на Билбао на Атлетико Мадрид...

Билбао - Атлетико 1:2


Постирано од: LiDivio
Датум на внесување: 15.Април.2014 во 21:28
се откри зошто Диего Кошта промаши пенал против Хетафе...



Постирано од: Blue Scarlet
Датум на внесување: 05.Мај.2014 во 14:18
По изминатиов викенд во Шпанската Примера трката е уште отворена за титулата оваа година. 
Барса и Реал ремизираа и извлекоа по еден бод а Атлетико изгуби од Леванте и за нив нема бодови. 

Табелата изгледа вака:

1. Атлетико Мадрид 36 одиграни, 88 поени
2. Барселона 36 одиграни, 85 поени
3. Реал Мадрид 35 одиграни, 83 поени 

Е сега весела математика: голема насмевка

- Атлетико Мадрид е единствениот кандидат кој зависи само од себе. Потребни му се четири бода за освојување на титулата. Последните два меча ги игра со Малага и Барселона. Следниот викенд Реал моѓе да му направи услуга ако киксне на еден од двата натпревара и ако Барса изгуби од Елче титулата ќе им биде обезбедена.

- Барселона на преостанатите два натпревара игра со Елче и Атлетико. Тие се во потешка позиција за освојување на титулата затоа што им е потребно да ги добијат двата натпревара и Реал да киксне на еден од преостанатите три кои ги игра.

- Реал Мадрид има уште три натпревара до крајот и тоа со Ваљадолид, Селта у Еспањол. За да ја освојат титулата треба да победат во сите три но и да се надеваат дека Атлетико ќе изгуби барем еден натпревар ( барем оној со Барса голема насмевка


-------------
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!



Постирано од: емил
Датум на внесување: 05.Мај.2014 во 14:25
Драмата в Примера е полна .... , но сепак очекувам Реал да тепат во среда Ваљадолид кој што им домакинство на Гранада ( прек конК*рент ) и визита на изпадналиот веќе Бетис

-------------


Постирано од: Blue Scarlet
Датум на внесување: 08.Мај.2014 во 15:01
Реал си ја прокоцка шансата (каква - таква, шанса имаше плазење) по вчерашниот натпревар на кој изиграа 1:1 со Ваљадолид. Голот на Рамос не беше доволен (а таман се разигра на крајот на сезоната) и како јагода на шлагот Кики се повреди и излезе жалејќи се на бутниот мускул. 
Само да се надеваме дека ќе биде во ред за финалето на ЛШ.

Сега се е во рацете на каталонците ... голема насмевка


-------------
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!



Постирано од: Blue Scarlet
Датум на внесување: 20.Мај.2014 во 12:42
Атлетико Мадрид ја осигура титулата по нерешениот резултат со Барселона. Сосема заслужено и баш ми е мило. Според мене Диего Симеоне е дефинитиво тренер на годината. Но дали оваа титула ќе ги чини титула помалку во ЛШ? 
Диего Коста се повреди и има официјална изјава дека нема да настапува во финалето на ЛШ. И Арда Туран се повреди на истиот натпревар но за него сеуше нема официјална изјава ... 


-------------
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!




Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk