IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - Италијанска Серија А
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Италијанска Серија А

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789>
Автор
Порака
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Септември.2011 во 20:02

Сефте за Милан и Интер со неипресивна игра


Во Серија А вчера конечно немаше некои поголеми изненадувања на трите натпревари кои беа на програмата. Двата тима кои се најголеми фаворити за освојување на „скудетото“ дури во четвртото коло ја остварија првата победа. Сепак иако дојдоа до првите три бода, загрижува начинот на кој двата тима играат. И Милан и Интер воопшто не импресионираа против Чезена, односно Болоња. Очигледно проблемите со повредите премногу влијаат и на играта и двата тима немаат доволно силни замени за да го одрќат високот ниво на игра.

Актуелниот шампион Милан со минимални 1-0 славеше против последно пласираната Чезена, која е единствената екипа сезонава без освоен бод. Страшно е тоа што „росонерите“ го постигнаа победничкиот гол уште во 5-тата минута од натреварот преку Сидорф, кој се обиде да центрира, а не да погоди во мрежата на гостите. Милан имаше далеку поголем посед на топката, но без Пато, Робињо, Ибрахимовиќ и Боатенг, покажа дека реализацијата ќе биде проблем. Не дека Касано и Ел Шарави одиграа слаб меч, туку против еден потпросечен тим како Чезена едноставно мораше да постигнат уште некој гол. Како и да е Алегри е задоволен од првата победа во сезоната, а се очекува веќе следниот викенд Ибрахимовиќ повторно да се врати во првиот тим на Милан.

Клаудио Раниери успешно дебитираше на клупата на Интер на гостувањето кај Болоња. „Нероаѕурите“ имаа многу потешка задача од Милан за да дојдат до првата победа, но и тие разочараа со играта. Пацини конечно се најде во првиот тим и му донесе водство на Интер од 1-0 по првото полувреме. Во вториот дел домашниот тим беше далеку подобар противник, а заслуженото израмнување дојде преку Дијаманти, кој реализираше прецизно од белата точка. Болоња дефинитивно сама се победи на овој натпревар откако Морлео направи непромислен прекршок во својот шеснаесетник и заработи црвен картон. Диего Милито беше прецизен од белата точка на девет минути пред крајот на натпреварот, а конечните Болоња - Интер 1-3 ги постави Лусио во самиот финиш од натпреварот. Дуелот помеѓу Наполи и Фиорентина заврши без голови 0-0, а нашиот репрезентативец Горан Пандев одигра дваесетина минути

I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Септември.2011 во 20:05

Јуве само до бод на гостувањето кај Катанија


По двете стартни победи над Парма и Сиена, фудбалерите на Јувентус го одиграа и вториот нерешен резултат во серија. На денешното гостување на Сицилија, се најавуваше и првиот сезонски пораз, меѓутоа „Старата дама“ од Торино ремизираше играјќи 1:1 против екипата на Катанија. Иако „бјанконерите“, безмалку во текот на целиот натпревар ја имаа топката во свој посед, токму „резервираните“ домаќини први го открија резултатот. По една ветувачка акција одиграна по десната страна, аргентинскиот напаѓач Гонзало Бергесио, ја искористи подзаспаноста на противничката одбрана, и им донесе огромна радост на домашните навивачи во 22 минута од натпреварот. Гостите го возвратија ударот, по само четири минути игра во вториот дел, кога српскиот интернационалец Милан Красиќ, со одмерен удар од 20-тина метри, го пронајде патот до мрежата.
 
До крајот на мечот играчите на Јувентус одново демонстрираа теренска надмоќ, и контрола над темпото на игра, меѓутоа нивната иницијатива остана без конкретна реализација на дождливиот терен. Тренерот Антонио Конте, можеби загуби два од планираните три бода, меѓутоа веројатно и самиот ја доби поуката дека Красиќ заслужува многу поголема минутажа од онаа што ја доби  на претходните три натпревари од новата сезона во италијанската Серија А. Со освоениот бод, неговата чета и натаму се наоѓа на делба на првото место, каде заедно со тимот на Удинезе имаат по осум освоени бодови. Од друга страна пак, Катанија има три помалку и моментално го зазема средишниот дел од табелата.
 
Резултати од останатите пладневни натпревари:
 
Киево - Џенова 2-1
Аталанта - Новара 2-1
Каљари - Удинезе 0-0
Лацио - Палермо 0-0
Сиена - Лече 3-0

I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2011 во 19:13

Милан шампионски, мизеријата на Интер продолжува


Актуелниот италијански шампион полека ја враќа својата стара препознатлива форма од минатата сезона. Синоќа Палермо ја плати сметката за лошите претходни игри на „росонерите“. Сицилијанците треба да бидат задоволни од поразот од 3-0 на „Сан Сиро“, бидејќи доколку Милан ги искористеше сите шанси, тоа ќе беше вистинска катастрофа за нив. Со враќањето на Робињо во составот по повредата, Алегри доби многу повеќе опции во нападот и затоа за прв пат сезонава излезе со формација 4-3-3.
 
Со Ибрахимовиќ и Касано во нападот, Робињо играше одлично и беше можеби играч на натпреварот. Средниот ред на Милан предводен од Ван Бомел, Аквилани и Ночерино изгледаше одлично, бидејќи во фазата на одбрана ги прекинуваше нападите на Палермо уште на центарот, а во нападот беше креатор на сите поопасни акции на Милан. Одбраната на „росонерите“ на чело со Абијати воопшто немаше работа, бидејќи Палермо ниту еднаш не се закани. Победата на Милан ја најави поранешниот играч на тимот од Сицилија, Ночерино по одличната асистенција на Аквилани. Потоа Робињо во второто полувреме зголеми на 2-0, а точка на победата стави Касано. Единствената негативна работа од овој натпревар за Милан е повредата на Тијаго Силва.
 
Интер и по доаѓањето на Раниери продолжува со катастрофалните игри во домашното првенство. По победите против Болоња и ЦСКА во Лигата на шампионите, „нероаѕурите“ се вратија на старите губитнички патеки. Вчера Интер иако водеше на гостувањето кај Катанија со 1-0 со голот на Камбијасо, домаќините преку Алмирон и Лоди на стартот на второто полувреме успеаја да направат пресврт и да дојдат до трите бода. Интер по овој нов пораз останува на дното на табелата во Серија А со само 4 освоени бодови. Вчера и Наполи загубисо 2-1 и тоа на домашен терен од Парма. Горан Пандев поради повреда не беше во комбинација за настап.

I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2011 во 22:27

Ди Натале му донесе три бода на Удинезе

Удинезе се врати на втората позиција во Серија А откако попладнево со 1-0 на Фриули беше совладан Палермо

Ди Натале, кој поради ситна повреда го пропушти поразот од 2-0 на гостувањето кај Наполи во средата, се врати во стартниот состав на Гвидолин и напаѓачот уште еднаш беше херојот на Удинезе.

 

Италијанскиот репрезентативец во 38та минута успешно избегна една офсајд стапицата на гостинските дефанзивци и со волеј удар успеа да ја затресе мрежата на Палермо.

 

И покрај тоа што Удинезе имаше уште неколку добри шанси, погодокот на Ди Натале на крајот се покажа како победоносен.

 

Гостите исто така можат да жалат што поразени си заминаа од Удине бидејќи имаа свои прилики за погодок но не успаа да ги искористат.

 

До минимална победа стигна и Фиорентина во дуелот со Џенова. Единствениот погодок на средбата го постигна Лацари.

 

Во 41та минута Виолетовите развија брз контра-напад а Лацари беше тој што ја смести топката во мрежата на Себастијан Фреј.

 

Со оглед на тоа дека притисокот врз тренерот Синиша Михајловиќ беше голем, може да се каже дека фудбалерот од средниот ред го спаси стратегот од отказ.

 

Но таква среќа немаше тренерот на Чезена, Марко Џампаоло кој ’доби клоца’ по поразот од 2-0 на гостувањето кај Парма.

 

Џовинко промаши пенал за домакините но фудбалерите на Парма сепак дојдоа во водство во 41та минута. Гостинските фудбалери не успаа да расчистат една топка во петерецот а во целата мешаница најдобро се снајде Габриел Палета кој ја затресе мрежата на Чезена.

 

Во 71та минута по еден корнер од десната страна, Лукарели се најде осамен на втората статива и рутински го совлада гостинскиот голман за да ја завери победата на Парма.

 

Чезена е на последното место во Серија А па затоа управата на клубот реши да се раздели со тренерот Марко Џампаоло.

 

Победа пред своите фанови забележа и Болоња во дуелот со Аталанта.

 

Герман Денис продолжува да ги тресе противничките мрежи и во 7та минута ги донесе гостите во водство од 1-0.

 

Но во финишот на првото полу-време, Марко Ди Ваио го изедначи резултатот со удар од белата точка а по само неколку минути игра во вториот дел домакините преку Гастон Рамирез направија комплетен пресврт.

 

Во 68та минута Симоне Лориа ги постави конечните 3-1 и ја осигура победата на Болоња.

 

Единствениот натпревар на кој попладнево немаше победник беше дуелот помеѓу Лече и Новара.

 

Страсер ги донесе домакините во водство од 1-0 во 32та минута но резултатот беше изедначен во 44та минута кога Ригони во погодок го претвори ударот од 11 метри.

 

Во првиот денешен натпревар, Сиена пред своите фанови со 4-1 славеше над Киево.



Интер - Јувентус 1-2 голема%20насмевка


I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Ноември.2011 во 23:17

Фиорентина го избрка Михајловиќ

  •  
http://img.plusinfo.mk/large_pics/2011/11/07/sinisa.jpg

Синиша Михајловиќ доби отказ од Фиорентина по серијата слаби резултати во Серија А. „Виолетовите“ по 10. одиграни кола во Италија се на 13. место на табелата со 12 бодови, а слабото салдо треба да се подбри со Делио Роси. Поранешниот тренер на Лацио и на Палермо со Фиорентина потпиша до јуни 2013 година



Изменето од емил - 07.Ноември.2011 во 23:17
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Ноември.2011 во 15:40

ЈУВЕНТУС ТРИУМФИРАШЕ ВО РИМ, НАПОЛИ СЕ СПАСУВАШЕ ОД ПОРАЗ

slika

Во дербито на 13 коло во калчо лигата Јувентус го победи Лацио во Рим со голот на Пепе во 35 минута и се искачи на првата позиција во Серија А која ќе ја задржи по сите средби од ова коло. Наполи со Пандев во стартниот состав  се спасуваше од пораз кај Аталанта со голот на Кавани во судиското продолжение додека за Аталанта гол постигна Денис за водство од 1:0. Горан Пандев одигра 62 минути.

I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јануари.2012 во 23:50

Пандев го спаси Наполи од пораз, Милан победи на гостувањето кај Новара

 

1614-pandev.jpg

Македонскиот интернационалец одигра уште еден одличен натпревар во дресот на Наполи, Пандев постигна нов погодок со кој неговиот тим дојде до бод.  
Сиена поведе во 67. минута кога Калаио со глава реализираше за водство на домаќините од 1-0.
 
Голема шанса за израмнување пропушти Кавани кој не реализираше пенал за Наполи.
 
Во 86. минута по асистенција од Досена, Горан Пандев со глава од 11 метри постигна убав гол за израмнување на 1-1.
 
Пред самиот свиреж на судијата Пандев имаше фантастична можност да му донесе и победа на Наполи, убаво прими една топка, се ослободи од противничкиот играч, но биеше право во голманот на Сиена.
 
Милан со 3-0 победи на гостувањето кај Новара.
 
Росоњерите уште од првата минута атакуваа кон голот на Новара, но отпорот беше скршен во 57. минута кога Златан Ибрахимовиќ реализираше за 1-0.
 
Во 74. минута Робињо зголемува и на 2-0, а Ибра во 90. постигна интересен гол за конечните 3-0 за Милан.
 
Удинезе со 2-1 ја победи Катанија, во дуелот со најмногу голови Палермо со 5-3 славеше над Џенова.
 
Лече и Киево одиграа нерешено 2-2, а Болоња и Парма без голови



Изменето од емил - 22.Јануари.2012 во 23:51
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Февруари.2012 во 05:37

СЕРИЈА А: ЛУД НАТПРЕВАР НА ЏУЗЕПЕ МЕАЦА




Интер и Палермо одиграа фантастичен натпревар со осум голови, Милан се “сопна“ во Рим, Удинезе немилосрден на домашен терен.


Во дербито на колото Милан загуби на гости кја Лацио со 2:0. Влегоа доста претпазливо во натпреварот, беа малку подобар ривал, но Лацио одлично се бранеше во текот на сите 90 минути. Немаа никакви проблеми со нападот на Милан, освен неколку полушанси. На крајот тоа им се исшплатеше бидејќи преку Хернанес први постигнаа гол. Тој им побегна на чуварите и прекрасно шутираше, топката помина под раката на Абијати за 1:0. Милан продолжи на се или ништо, а таа ситуација ја искористи Роки во 85.минута за да го дотолчи противникот.


На Џузепе Меаца, Интер не успеа да слави против Палермо но повторно видовме прекрасен натпревар. Домаќините на два пати губеа, но Милито денес беше сензационален постигнувајќи ги сите четири гола за домаќинот. На спротивната страна Миколи постигна хет-трик за Палермо, што беше доволно за 4:4 и поделба на бодовите.


Удинесе продлжува да “гази“ на домашен терен. Овој пат жртва беше Лече, а Микеле Пацијенца со гол го прослави враќањето помеѓу “зебрите“. За 1:1 гол постигна Ди Микеле, но за победа повторно тука е Ди Натале. Со својот нов погодок му ја донесе победата на Удинезе.


Рома падна на Сардинија, каде што Каљари ја победи волчицата со 4:2. Рома има проблеми со одбраната во последно време. Поведоа домаќините со голот на Рибеиро а Жуан и Борини ја доведоа Рома во водство од 1:2. Новото засилување, Пиниља, израмни, а потоа Рибеиро со својот втор гол ги доведе домаќините во водство од 3:2, а триумфот го потврди Екдал со гол во првата минута од судиското продолжение.


Наполи со Пандев во тимот не успеа да ја совлада Чезена на домашен терен. Изгледа дека тимот е во мала криза. Резултатот остана оној почетниот, 0:0. Предвидувањата дека ќе се борат за врвот на табелата изгледа дека нема да се остварат.


Натпреварите во Парма, Болоња, Бергамо и Сиена се одложени поради лошото време и поларните услови кои го зафатија северниот дел на Италија.


Утре играат Новара и Киево.


Каљари - Рома 4:2

Интер - Палермо 4:4

Лацио - Милан 2:0

Удинезе - Лече 2:1

Наполи - Чезена 0:0



Изменето од емил - 02.Февруари.2012 во 07:22
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Февруари.2012 во 23:02

СЕРИЈА А: ЈУВЕ СО БОД, АТАЛАНТА ОСВОИ ТРИ







Во двата натпревара кои беа одложени поради лошите временски услови, Јувентус успеа да освои само бод против Парма. Аталанта ја победи минимално Џенова.


Заврши без голови во Парма, иако Јувентус беше подобар ривал. Во секој случај гостите ќе имаат многу забелешки за судењето на Мазолени кој се чини ги оштети за два чисти пенала.


Првиот беше направен над Џакерини, но судијата остана нем, а вториот во последните секунди кога Сантакроче го собори Пирло, но и во таа ситуација судијата не се огласи. Јуве погоди и статива, имаше неколку зрели шанси за гол, но не успеаа да го совладаат Паварини. Резултатот секако му одговара на Милан кој остана на чело на табелата со бод, но и со натпревар повеќе.


Во вториот дуел попладнево, минимална победа забележа Аталанта над Џенова. Отпорот на гостите беше скршен во финишот на натпреварот кога Денис и Марилунго ја измамија одбраната на гостите, а овој вториот го матираше Фреј.


Парма - Јувентус 0:0


Аталанта - Џенова 1:0


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Февруари.2012 во 06:01

Болоња го посрамоти Интер, Наполи убедлив против Фиорентина


Болоња го шокираше Интер, Нероазурите доживеаа срамен пораз на домашен терен. Интер во натпреварот влезе со негативен скор од последните натпревари, се очекуваше дека Болоња е тимот кој ќе биде победен за враќање на позитивната атмосфера. Но, тоа не се случи, Нероазурите претрпеа убедлив пораз од 3-0. Ди Ваио постигна два гола за две минути, во 37. и 38. ја затресе мрежата на Жулио Цезар.
 
Конечните 3-0 ги постави Аквафреска на пет минути до крајот на натпреварот. Ова е петти пораз на Интер во последните шест натпревари, столчето на Клаудио Раниери е сериозно разнишано. За разлика од Интер, Наполи имаше фантастична увертира за натпреварот од Лигата на Шампионите против Челзи.
 
Тимот на нашиот Горан Пандев славеше на гостувањето кај Фиорентина со 3-0. Кавани беше двоен стрелец за Наполи, еден погодок реализираше Лавеци. Горан Пандев од клупата го започна натпреварот, во игра влезе во 73. минута на местото од Кавани.
 
Со овие три бода Наполи го помина Интер на табелата во Серија А и се искачи на петтата позиција.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Март.2012 во 10:23
Порази на Лацио и Удинезе, Милан комотен на врвот

Аспирантите за пласман во Лигата на шампионите, Лацио и Удинезе, забележаа порази во 27. коло, во италијанската Серија, коло по кое Милан ја зголеми предноста на врвот, на четири бода, во однос на Јувентус. 

Лацио, на домашен терен, запиша неочекуван пораз од Болоња 1:3. Не координираната одбрана Лацио, предводена од голманот Маркети и дозволи на Болоња да поведе со 0:2, по само 28. минути игра. 

Работите за Лацио се влошија во финишот на првиот дел кога Матузалем поради удирање на противнички играч доби црвен картон. 

Трошка надеж за Лацио беше авто-голот на Рубин во 56. минута, но само четири минути подоцна домаќинот остана со уште еден играч помалку, црвен картон доби Гонзалес. Предноста од два гола на Болоња и ја врати Крхин, кој го постави конечниот резултат. 

Болоња со оваа победа се искачи на деветото место со 35 бодови, Лацио остана на третата позиција со 48 бода. 

Удинезе, забележа пораз од Новара, екипа која грчевито се бори за опстанок во лигата. Новара до трите бода дојде со голот на Жеда, оваа екипа и покрај победата е претпоследна на табелата со 20 бодови, додека Удинезе е петти со 46 бодови. 

Милан, максимално го искористи киксот на Јувентус и со победата над Лече од 2:0, се одлепи на четири бода, на врвот. 

На Јувентус му е попусто тоа што сеуште нема пораз во Серија А, „старата дама “ има ефект од 13 победи и 14 порази. Јуве не губи, но во последно време не успева ниту да победи. Натпреварот против Џенова беше четвртиот во низа на кој екипата на Антонио Конте одигра нерешен

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јуни.2012 во 05:48

УТВРДЕН РАСПОРЕДОТ ВО СЕРИА А







Следната сезона во италијанскиот национален шампионат, поточно во најсилната лига, Сериа А ќе започне на 26 Август и ќе заврши на 19 Мај наредната година, потврдија првите луѓе на федерацијата.


Зимската пауза ќе биде од 30 декември до 6 јануари, и ќе има три паузи за натпреварите на националната селекција.


Три кола ќе бидат одиграни на во текот на неделата (вторник, среда).


Финалето на Купот е закажано за 26 мај, додека пак реваншот на 1 јуни.


Деталниот распоред по кола се очекува да излезе некаде после Европското првенство или кон средината на Јули.


Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7055
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2013 во 22:55
Римското дерби за " волчицата "

Екипата на Рома го совлада Лацио со 2-0 во големото "римско дерби" и изби на чело на табелата во италијанската Серија А.

Резултатот го отвори Балзарети во 63. минута, по центаршутот на Тоти, а Адем Љајиќ со гол од пенал во судиското надополнување го постави конечниот резултат.

Актуелниот шампион Јувентус славеше на домашен терен против Верона со 2-1, иако гостите први поведоа преку Качаторе во 36. минута.

За пресврт се погрижија Тевез, кој стрелеше во 40. минута и Љоренте, кој ја затресе мрежата во судиското надополнување од првиот дел.

Фиорентина славеше на гости кај Аталанта со 0-2, со головите на Фернандез во 41. и Роси во 69. минута.

Резултати 4. коло:

Сасуоло - Интер 0-7

Рома - Лацио 2-0

Аталанта - Фиорентина 0-2

Болоња - Торино 1-2

Катанија - Парма 0-0

Јувентус - Верона 2-1


»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7055
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Декември.2013 во 17:53
Рома се врати на победничките патеки

Фудбалерите на Рома во рамките од 15 коло од италијанското фудбалско првенство забележаа победа против екипата на Фиорентина и со тоа се вратија на негатива од три бода во однос на Јувентус.

Домаќините добро започнаа водство на домаќините донесе бразилецот Маикон кој по аситенцијата од Флоренци погоди за 1:0.

Сепак овој брз гол не ја растури играта на „Виолетовите” кои го имаат еден од најдобрите напади во Серија А според бројот на постигнати голови, Фиорентина стигна до изедначување во 27 минута кога погоди Варгас.

До крајот на првиот дел и двете екипи имаа свои шанси сепак резултатот остана не променет на полувреме се замина со 1:1. Моментот на одлука се случи во 67 минута, кога Жервињо упати корисен центаршут, а на вистински начин го искористи Матија Дестро кој ги постави конечните 2:1. Во 88 минута исклучување заработи Миралем Пјаниќ, но тоа не влијаеше на конечниот резултат.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.