Испечати | Затвори го прозорот

Италијанска Серија А

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Спорт
Име на форумот: Фудбал
Опис на форумот: Лига на шампиони, првенства, репрезентации...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=23128
Датум на принтање: 16.Април.2024 во 12:32
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Италијанска Серија А
Постирано од: Santijago
Наслов: Италијанска Серија А
Датум на внесување: 29.Август.2010 во 16:33
Вчера почна новата сезона во фудбал во Италија ...среќа Како и лани така и годинава (мое мислење) главни фаворити за скудетото се Милан и ланскиот шампион Интер.
Лигата стартување со натпреварот Удинезе - Џенова 0-1 а после нив Рома и Чезена одиграа без голови 0-0 ...
Годинава интересно е што се изменети саатниците на одигрување на натпреварите па така наместо во 15.00 саат во недела како што бевме и научени до лани од годинава неделни утакмици во 20.45 голема%20насмевка а покрај саботните натпревари во 18.00 и 20.45 последниот натпревар од секое коло ќе се игра во понеделник во 20.45


-------------
I'm out bcz of pathetic around here



Коментари:
Постирано од: LiDivio
Датум на внесување: 29.Август.2010 во 16:56
Џабе италијанска, кога нема Премиер лига...тага Треба сега манекениве да ги гледаме.изненадување


Постирано од: емил
Датум на внесување: 29.Август.2010 во 23:06
Форца Лацио.Нека тој сезон да си посакаме пласман во европските турнири и 2 победи над Рома дада

-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 29.Август.2010 во 23:08
Udinese http://www.livescore.com/default.dll/game?comp=italy1&game=448314 - 0 - 1 Genoa
  AS Roma http://www.livescore.com/default.dll/game?comp=italy1&game=448316 - 0 - 0 Cesena
August 29 
  Bari http://www.livescore.com/default.dll/game?comp=italy1&game=448313 - 1 - 0 Juventus
  AC Milan http://www.livescore.com/default.dll/game?comp=italy1&game=448319 - 4 - 0 Lecce
  Chievo http://www.livescore.com/default.dll/game?comp=italy1&game=448321 - 2 - 1 Catania
  Fiorentina http://www.livescore.com/default.dll/game?comp=italy1&game=448320 - 1 - 1 Napoli
  Palermo http://www.livescore.com/default.dll/game?comp=italy1&game=448318 - 0 - 0 Cagliari
  Parma http://www.livescore.com/default.dll/game?comp=italy1&game=448317 - 2 - 0 Brescia
  Sampdoria http://www.livescore.com/default.dll/game?comp=italy1&game=448315 - 2 - 0 Lazio


-------------


Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 29.Август.2010 во 23:09
Емил ти за Лацио сизбунетост

-------------
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.


Постирано од: емил
Датум на внесување: 29.Август.2010 во 23:14
Originally posted by Schatzii Schatzii напиша:

Емил ти за Лацио сизбунетост
 
 
тврдо да да


-------------


Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 29.Август.2010 во 23:23
смеење за ова тврдо секогаш паѓам од смеа...
загубиле твоиве, лош почетоктага


-------------
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 30.Август.2010 во 15:58
ЕЕе Милан(покоен) растура голема%20насмевка ама Јуве мој тага

-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: емил
Датум на внесување: 31.Август.2010 во 11:17

Интер одигра нерешено со Болоња

 

Бранителот на титулата во Серија А Интер од Милано со реми без голови, против Болоња стартуваше во новата сезона.

Шампионот на Италија и Европа немаше решение како да го совлада домашниот голман Вивиан. Најсериозната шанса за Интер ја имаше Ето, камерунецот во 75 минута ја погоди гредата од голот на Болоња.

Во следното коло, кое на програмата ќе биде на 12. септември, Интер ќе го пречека Удинезе, додека Болоња во Рим ќе му гостува на Лацио.

Капитенот на фудбалската репрезентација Горан Пандев веднаш по натпреварот замина за Братислава. Тој од денес ќе му се стави на располагање на селекторот Мирсад Јонуз за натпреварот против Словачка.

Покрај Интер во стартното коло разочараа и екипите на Рома и Јувентус. Рома одигра 0:0 со Чезена, додека Јувентус загуби во Бари 0:1. Од  фаворитите за скудетото само Милан стартуваше според плановите, „росо-нерите“ убедливо со 4:0 го совладаа Лече



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 31.Август.2010 во 11:18

Рафа Бенитес знае како да растури еден тим нене



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 31.Август.2010 во 15:05
http://topsport.ibox.bg/news/id_435202396 - Милан купили и Робињо

-------------


Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 08.Септември.2010 во 18:17
Тим Вкупно Дома Гости Бод
1. Милан 1 1 0 0 4:0 1 0 0 4:0 0 0 0 0:0 3
2. Парма 1 1 0 0 2:0 1 0 0 2:0 0 0 0 0:0 3
3. Сампдорија 1 1 0 0 2:0 1 0 0 2:0 0 0 0 0:0 3
4. Бари 1 1 0 0 1:0 1 0 0 1:0 0 0 0 0:0 3
5. Киево 1 1 0 0 2:1 1 0 0 2:1 0 0 0 0:0 3
6. Џенова 1 1 0 0 1:0 0 0 0 0:0 1 0 0 1:0 3
7. Болоња 1 0 1 0 0:0 0 1 0 0:0 0 0 0 0:0 1
8. Интер 1 0 1 0 0:0 0 0 0 0:0 0 1 0 0:0 1
9. Каљари 1 0 1 0 0:0 0 0 0 0:0 0 1 0 0:0 1
10. Наполи 1 0 1 0 1:1 0 0 0 0:0 0 1 0 1:1 1
11. Палермо 1 0 1 0 0:0 0 1 0 0:0 0 0 0 0:0 1
12. Рома 1 0 1 0 0:0 0 1 0 0:0 0 0 0 0:0 1
13. Фиорентина 1 0 1 0 1:1 0 1 0 1:1 0 0 0 0:0 1
14. Чезена 1 0 1 0 0:0 0 0 0 0:0 0 1 0 0:0 1
15. Јувентус 1 0 0 1 0:1 0 0 0 0:0 0 0 1 0:1 0
16. Катанија 1 0 0 1 1:2 0 0 0 0:0 0 0 1 1:2 0
17. Удинезе 1 0 0 1 0:1 0 0 1 0:1 0 0 0 0:0 0
18. Бреша 1 0 0 1 0:2 0 0 0 0:0 0 0 1 0:2 0
19. Лацио 1 0 0 1 0:2 0 0 0 0:0 0 0 1 0:2 0
20. Лече 1 0 0 1 0:4 0 0 0 0:0 0 0 1 0:4 0
Трите првопласирани екипи директно ќе настапат во Лигата на Шампиони.Чатвртопласираната екипа ќе настапи во квалофокациите на Лигата на Шампиони, а пето и шестопласираните екипи како и победникот од Купот ќе настапат во УЕФА Европа лига. Трите последнопласирани екипи ќе испаднат во понизок ранг на натпреварување.
Во случај на ист број на бодови:
1. Бодови освоени во меѓусебните средби.
2. Гол разлика во меѓусебните средби.
3. Повеќе постигнати голови во меѓусебните средби.
4. Гол разлика
5. Повеќе постигнати голови


-------------
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.


Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 11.Септември.2010 во 21:13
Интер - Удинезе 2-1

-------------
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.


Постирано од: емил
Датум на внесување: 11.Септември.2010 во 21:26
Originally posted by Schatzii Schatzii напиша:

Интер - Удинезе 2-1
  
 

Актуелниот италијански шампион во првиот натпревар од новото коло во Серија А го совлада тимот на Удинезе минимална со 2:1.
Тимот на Рафаел Бенитес уште на почетокот од натпреварот ја презеде иницијативата во свои раце и забележа неколку шанси, а нападите им се исплатија уште во седмата минута, кога Лусио прв ја затресе мрежата на Удинезе за водство на Интер од 1:0.

Во продолжението од натпреварот „нероаѕурите“ постојано се закануваа кон противничкиот гол и забележаа уште неколку шанси.

Прво, Самуел Ето во 12-та минута шутираше кон голот но непрецизно бидејќи неговиот удар заврши надвор од рамките на голот, а потоа Бјабјани се закана кон противничкит гол, но резултатот остана ист.

Во 30-та минута дојде и причина за славје на гостите. Антонио Ди Натале испрати асистенција до Флорес кој со глава го израмни резултатот на 1:1 како што заврши и првиот дел.

Второто полувреме избраниците за Рафаел Бенитес го започнаа со доста поизразени шанси и повеќе закани кон противничкиот гол.

Нашиот најдобар фудбалски репрезентативец Горан Пандев натпреварот го започна на клупата за резерви, но шпанскиот стратег се одлучи да му даде шанса и го стави во игра во 63-та минута, а надвор излезе Џонатан Бјабјани.

Во 66-та минута камерунскиот репрезентативец Самуел Ето имаше фантастична шанса да го зголеми резултатот на 2:1, со удар од белата точка. Главниот арбитар Бриги досуди удар од белата точка, но Ето не успеа да го совлада Хандановиќ, сепак одбиената топка повторно стигна до него и тој во втората шанса успеа да ја затреси противничката мрежа.

До крајот на средбата „нероаѕурите“ имаа уште неколку посериозни прилики за гол, но резултатот остана непроменат со што Интер ги освои новите три бода.

 


-------------


Постирано од: gonzo
Датум на внесување: 11.Септември.2010 во 23:16
A sto slusam nesto strajkovi sprema asocijacijata na fudbaleri vo Italija...збунетост

-------------
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.


Постирано од: емил
Датум на внесување: 12.Септември.2010 во 11:39

Аутсајдерите се радуваа во Серија А

.

Вистинска катастрофа на Сардинија доживеа вицепрвакот Рома. Каљари ги совлада римјаните со 5:1. Двоен стрелец беше Матри, по еднаш за Каљари погодија Конти, Аквафреска и Лазари. Натпреварот го одбележа грубиот фаул на Бурдисо над Конти во 22 минута. Бурдисо заработи црвен картон, а Конти заврши во болница.

Чезена го изненади Милан, во чии редови играа Ибрахимовиќ и Робињо. Стрелци за новиот прволигаш беа Богдани и Џекарини



-------------


Постирано од: mariija
Датум на внесување: 12.Септември.2010 во 11:41
Milanне


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 13.Септември.2010 во 11:10

Бреша - Палермо 3:2

Катанија - Парма 2:1

Џенова - Киево 1:3

Јувентус - Сампдорија 3:3

Лацио - Болоња 3:1

Лече - Фиорентина 1:0

Наполи - Бари 2:2

Киево е единствената екипа со максимални 6 бодови, додека по 4 бодови имаат Каљари, Сампдорија, Чезена, Бари и Интер.



-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: емил
Датум на внесување: 15.Септември.2010 во 06:43
Originally posted by gonzo gonzo напиша:

A sto slusam nesto strajkovi sprema asocijacijata na fudbaleri vo Italija...збунетост
 
 

Нема штрајк во Серија А?


Првиот човек на Фудбалскиот сојуз на Италија, Џанкарло Абате, очекува дека нема да дојде до најавениот штрајк на професионалните играчи во Серија А.

Абате се надева дека до предвидениот рок ќе биде најдено решение кое ќе ги задоволи двете страни.

„Крајно време беше да се разговара на оваа тема. Сепак во овој момент е најважно да се спречи штрајкот“, изјави Абате.

Асоцијацијата на италијанските фудбалери незадоволна од понудените услови за новиот колективен договор, пред неколку дена најави штрајк. Чекор на сопнување е одредбата во договорот, со која клубот може да одбие трансфер на фудбалер кој се наоѓа пред истекот на договорот.

Доколку решението не биде најдено штрајкот ќе се одржи на 25 и 26 септември



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 16.Септември.2010 во 22:51

Пато повторно се повреди


Младиот напаѓач на Милан, Алесандре Пато и оваа сезона нема среќа со повредите.

Пато се соочи со тринеделна пауза откако се повреди на синоќешниот дуел во Лигата на шампионите, против Оксер.

Покрај Пато, дуелот со Оксер, на кој Милан победи со 2:0, пред време го заврши и Масимо Амброзини. Капитенот на екипата надвор од фудбалските терени, поради повреда на коленото ќе биде следните три недели. Од претходно во составот на Милан недостасува дефанзивецот Тијаго Силва.

Овие играчи ќе го пропуштат дуелот од третото коло во Серија А, во сабота на домашен терен, „росонерите“ ќе ја пречекаат Катанија



-------------


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 20.Септември.2010 во 15:22
Наполи со пресврт до првата победа во Калчо лигата оваа сезона
 

По водството на Сампдорија од 1:0, фудбалерите на Наполи направија пресврт и стигнаа до првата овосезонска победа во Серија А. Двата гола за освојување на трите бода синоќа на гостувањето во Џенова во финишот на средбата ги постигнаа Марек Хамшик и Едисон Кавани.

Пресврт победа оствари и Интер на Сицилија против Палермо. Ето беше стрелец на два гола по водството на домаќинот во првото полувреме. Македонскиот интернационалец Горан Пандев го одигра речиси целиот меч и беше еден од подобрите кај „нероазурите“. Пандев кој брзо ја залечи повредата на коленото беше заменет во 88 минута.

Серија А, 3.коло резултати: Фиорентина – Лацио 1:2, Милан – Катанија 1:1, Бари – Каљари 0:0, Киево – Бреша 0:1, Чезена – Лече 1:0, Парма – Џенова 1:1, Рома – Болоња 2:2, Удинезе – Јувентус 0:4, Палермо – Интер 1:2 и Сампдорија – Наполи 1:2.

Табела: Чезена и Интер имаат по 7 бодови, Киево, Лацио и Бреша по 6 бодови...



-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 20.Септември.2010 во 15:23
Милан као по обичај дома ... голема%20насмевка слабо игра...
Интер ... на среќа ... врти утакмица во своја корист плазење
А Јуве почна да растура задоволство


-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 24.Септември.2010 во 15:06
Пораз на Јувентус

Во последниот натпревар од 4.коло од Серија А одигран синоќа во Торино, екипата на Јувентус доживеја нов пораз овојпат пред своите навивачи од Палермо со 3:1.

Гостите водеа со 3:0 со головите на Пасторе во 2.минута, на Иличиќ во 62.минута и на Бово на пет минути до крајот на натпреварот. Почесниот гол за „старата дама“ го постигна Јакинта во 87.та минута.

За екипата на Палермо ова беше прва победа во првенството и со 4 бодови се израмни со вчерашниот ривал Јувентус.




-------------
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.


Постирано од: емил
Датум на внесување: 26.Септември.2010 во 23:40
 Интер остана прв, Лацио послаб со гол-разлика
 
И покрај поразот во Рим во судиското продолжение, фудбалерите на Интер сосе македонскиот репрезентативец Горан Пандев останаа лидери во италијанската Серија А
 

 
 

Интер остана прв поради поразите на двата „најголеми ривали“, Бреша и Киево, кои беа само еден бод зад првакот и имаа по девет бода. Лацио, кој го спречи Киево со победата во Верона од 1-0, сега е ко-лидер со Интер по број на бодови, но со послаба гол-разлика. Лацио е поранешен клуб на Пандев.

Мауро Зарате во средината на второто полувреме го реши победникот во Верона. Бреша, како гостин загуби со 1-2 во Бари, а Фиорентина успеа да ја забележи првата победа во сезоната со триумфот од 2-0 над Парма.

Палермо одигра 2-2 со Лече и се спасуваше од пораз во 93 минута. Гостите имаа водство и речиси сигурна победа поради тоа што водеа со 2-0, но упорните сицилијанци не се прердадоа. Сампдорија не го победи Удинезе и играше 0-0, а ниту Катанија не го искористи домашниот терен, ремизирајќи 1-1 со Болоња.

 



-------------


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 04.Октомври.2010 во 14:11
Лацио на врвот од Серија А,Интер и Јуве ги поделија бодовите

 

Во 181 дерби на Италија, Интер на „Џузепе Меаца“ одигра нерешено 0-0 против Јувентус.

Нашиот интернационалец Горан Пандев не беше во составот на нероазурите за овој натпревар.Нерешениот резултат им оди во прилог на Лацијалите кои се искачија на врвот на табелата со 13 бода ,два повеќе од Интер.

Проблемите за Рома и Фиорентина продолжија и во ова коло. Откако во претходното коло Рома успеа да го совлада Интер,  Наполи со триумфот од 2:0 над римската волчица, ја испрати на претпоследото место на табелата.

Фиорентина пак, во шестото коло го доживеа третиот пораз губејќи на свој терен од Палермо со 1:2.

Резултати  од  6. коло:
Лече - Катанија 1:0
Болоња - Сампдорија 1:1
Киево - Каљари 0:0
Фиорентина - Палермо 1:2
Џенова - Бари 2:1
Лацио - Бреша 1:0
Наполи - Рома 2:0
Интер - Јувентус 0:0

Во саботата:
Удинезе - Чезена 1:0
Парма - Милан 0:1



-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: окик
Датум на внесување: 23.Октомври.2010 во 22:52
Резултати
Денес
Фиорентина - Бари 2-1
Утре
12:30 Парма - Рома
15:00 Болоња - Јувентус
15:00 Киево - Чезена
15:00 Џенова - Катанија
15:00 Лацио - Каљари
15:00 Лече - Бреша
15:00 Удинезе - Палермо
20:45 Интер - Сампдорија
Понеделник
20:45 Наполи - Милан


Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 25.Октомври.2010 во 13:14
Наполи и Милан го играат дербито на осмото коло во Серија А

Со натпреварот меѓу Наполи и Милан што се игра вечерва од 20 часот и 45 минути ќе биде комплетирано осмото коло од италијанското фудбалско првенство.

Шампионот Интер синоќа одигра нерешено 1:1 со Сампдорија на домашен терен, а Горан Пандев во игра влезе во 63-та минута при резултат 0:1.
Водечката екипа Лацио ја продолжи успешната серија резултати, откако во Рим го совлада Каљари со 2:1.

На другите натпревари од оваа рунда беа постигнати следниве резултати: Парма – Рома 0:0, Болоња – Јувентус 0:0, Киево – Чезена 2:1, Џенова – Катанија 1:0, Лече – Бреша 2:1, Удинезе – Палермо 2:1 и Фиорентина – Бари 2:1.

Табела: Лацио 19 бодови, Интер 15, Милан 14 (натпревар помалку), Киево 13, Јувентус 12, Наполи 12 (натпревар помалку),...

-------------
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.


Постирано од: емил
Датум на внесување: 25.Октомври.2010 во 16:49

Бенитез ги обвини судиите за ремито со Сампдорија

Шпанскиот фудбалски стратег на клупата на Интер Рафаел Бенитез по ремито од 1:1 против Сампдорија во осмото коло од Серија А констатираше дека „судијата не си ја вршел својата задача според правилата“.

Спорниот момент за кој порашениот тренер на Ливерпул говори се однесува на воведниот гол на натпреварот, поточно за моментот кога Антонио Касано пред да му асистира на Стефано Губерти, го фаулираше Кристијан Киву.

Го контролиравме текот на натпреварот во кој Сампдорија својата прилика ја бараше низ контранападите. Тогаш примивме гол во кој Касано го фаулираше Киву. Видовте дека и самиот судија го забележа тоа. Знаеше дека тоа е прекршок. Нашиот натпревар го закомплицира тоа што судијата не си ја одработи својата задача.“

Фактот дека тимот постигнува повеќе голови во Лигата на Шампионите отколку во домашниот шампионат, Бенитез го објасни вака:

Италијанските тимови се тактички силни, а со самото тоа потешко е да се стигне до нивниот гол. Освен тоа, не ни помагаат ниту повредените Диего Милито и Горан Пандев. Кога целиот кадар ќе биде расположен, се ќе биде поедноставно.“



-------------


Постирано од: окик
Датум на внесување: 26.Октомври.2010 во 19:49
Копа Италија

Денес
Фиорентина - Емполи
Утре
Фросиноне - Реџина
Удинезе - Падова
Виченца - Асколи
Аталанта - Ливорно
Чезена - Новара
Волоња - Модена
Бреша - Читадела
Каљари - Пјаченца
Кротоне - Албинолефе
Катаниа - Варезе
Лече - Сиена
Лацио - Портогруаро
Четврток
Киево - Сасуоло
Бари - Торино


Постирано од: емил
Датум на внесување: 31.Октомври.2010 во 05:17

Легендарниот Дел Пиеро го замрзна Милан на Сан Сиро


Тимот на Јувентус се врати во борба за титулата во Серија А, откако во деветото коло го совлада својот вечен противник Милан на Сан Сиро со 2-1.

Херој за гостите по кој знае кој пат беше капитенот на тимот Алесандро Дел Пиеро, кој го постигна својот 179. погодок во италијанската елита во 65. минута, станувајќи единствен фудбалер на Јуве со толку погодоци, претекнувајќи ја легендата на Старата Дама, Џампиеро Бониперти.

Фабио Кваљарела го откри резултатот во 24. минута со глава со првиот погодок во својата кариера против росоњерите, а Златан Ибрахимовиќ беше прецизен за домашните во 83. минута исто така со глава.

Шведскиот таран го постигна првиот погодок против поранешниот свој тим но немаше среќа да му донесе поени на својот тим откако во последните моменти од средбата не успеа да израмни во текот на првото полувреме ја погоди и гредата.

Со ова Јувентус веќе има 15 освоени поени и се искачи на четвртата позиција, додека за росоњерите ова беше втор пораз сезонава но сепак останаа на третата позиција со 17 поени.

Во текот на неделата што претстои миланскиот гигант ќе игра против Реал Мадрид во дебито на Европа во Лигата на Шампионите, по што му гостува на Бари.

Од друга страна Јувентус го пречекува тимот на Ред Бул Салцбург во Лига Европа а во недела и гостува на Чезена во 10. коло на калчото.



-------------


Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 01.Ноември.2010 во 13:45
Без голови на последниот натпревар од деветтото коло во Серија А

Рим, 1 ноември 2010 (МИА) - Со натпреварот меѓу Катанија и Фиорентина кој заврши 0:0 синоќа беше комплетирано деветтото коло во италијанското фудбалско првенство.

Лидерот Лацио ја продолжи победничката серија. Тимот од Рим на гостувањето кај Палермо славеше минимална победа од 1:0, со што стигна до четвртиот триумф во низа и направи серија од седум мечеви без пораз.

Во дербито Јувентус славеше победа на гостувањето кај Милан, резултат што му одговараше на актуелниот шампион Интер кој со победата кај Џенова, се проби на второто место на табелата.

Резултати од 9.коло во Серија А: Џенова – Интер 0:1, Рома – Лече 2:0, Милан – Јувентус 1:2, Палермо – Лацио 0:1, Бари – Удинезе 0:2, Бреша – Наполи 0:1, Каљари – Болоња 2:0, Чезена – Сампдорија 0:1, Парма – Киево 0:0 и Катанија – Фиорентина 0:0.

Табела: Лацио 22 бодови, Интер 18, Милан 17, Јувентус и Наполи по 15, ...

-------------
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.


Постирано од: LiDivio
Датум на внесување: 01.Ноември.2010 во 14:22
Зошто Лацио е прв, а Интер втор на табела?
 
Затоа што Интер го има Пандев, а Лацио го нема. изненадување
 
голема%20насмевкаголема%20насмевкаголема%20насмевка


Постирано од: емил
Датум на внесување: 03.Ноември.2010 во 05:34
Тоти нема да игра против Лацио /fudbal/italija/2347-toti-nema-da-igra-protiv-lacio.pdf -   /fudbal/italija/2347-toti-nema-da-igra-protiv-lacio.html?tmpl=component&print=1&layout=default&page= -   /component/mailto/?tmpl=component&link=aHR0cDovL3Nwb3J0c2tvLmluZm8vZnVkYmFsL2l0YWxpamEvMjM0Ny10b3RpLW5lbWEtZGEtaWdyYS1wcm90aXYtbGFjaW8uaHRtbA%3D%3D -  
 

Франческо Тоти е суспендиран на еден дуел во Серија А и ќе го пропушти римското дерби против Лацио, откако Италијанската фудбалска федерација го санкционираше за црвениот картон заработен на дуелот со Лече изминатиот викенд...

Капитенот на Рома заработи исклучување поради вербален дуел со противничкиот фудбалер Рубен Оливеира. Расправијата се случи откако при акцијата за постигнување на вториот гол за "римската волчица", Тоти беше сопнат од Оливера.

Постоеа и стравувања дека Тоти ќе добие поголема казна со оглед на тоа дека по исклучувањето, играчот се стрча кон тунелот што води до соблекувалните за физички да се пресмета со Оливеира. Освен црвен картон Тоти ќе мора да плати и парична казна од 20 000 евра.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 07.Ноември.2010 во 20:31

/sport/fudbal/6965-Penal-pobeda-za-Roma-vo-Rimskoto-derbi - Пенал-победа за Рома во “Римското дерби“

Во градското дерби кое имаше неколку бизарни ситуации, Рома со 2:0 беше подобра од лидерот Лацио, а двата гола беа постигнати од белата точка. Победи и за Милан, Јувентус и Наполи.

Сосема очекувано, сите средби од ова десетто коло во Серие А беа во сенка на 133. римско дерби помеѓу Лацио и Рома. Во крајно интересна и бизарна средба славеа “госитите“ кои по двата прецизно изведени пенали ја однесоа победата од 2:0.

Играчите на Лацио со право имаат основа да жалат за нивниот прв домашен пораз сезонава. Двете најстроги казни можеби беа престрого досудени за Рома, но кога веќе имаше таков критериум главниот судија мораше во најмалку една, а веројатно и две ситуации да досуди пенал и во корист на Лацио.

Најпрво, Рома поведе во 52. минута преку Марко Бориело, кој некако успеа да го совлада од белата точка Фернандо Муслера. Уругвајскиот голман ја имаше топката, но таа некако успеа да се протне под него и да заврши во мрежата. На пеналот претходеше ненамерното играње со рака на Лихштајнер по ударот на Симплисио.

Сите дилеми околу победникот беа решени во 87. минута кога беше досуден вториот пенал за Рома, а прецизен беше Мирко Вучиниќ. Главниот судија оцени дека имало прекршок за пенал од страна на Андре Диас врз Баптиста, а Црногорецот беше многу посигурен изведувач од Бориело.

Но, “бјанкочелестите“ во три спорни ситуации самите бараа пенал и за нив. На два пати Симплисио играше со рака, а во еден дуел пред гол-линијата имаше прекршок над Маури од страна на Рисе. Сепак, судијата не се одлучи да покаже на белата точка и се очекува да биде на удар на медиумите и раководството на Лацио по оваа средба и нееднаквото делење на правдата.

Со оваа победа Рома ја прекина низата од пет победи едноподруго на Лацио, кој и покрај тоа останува лидер на табелата со два бода предност пред вториот Милан.

“Росонерите“ по победата во Бари од 3:2 сега имаат 20 бодови, еден повеќе од градскиот ривал Интер. Стрелци за Милан беа Амброзини уште во четвртата минута, Фламини во 31. и Пато во 72. минута.

Победа оствари и Јувентус, кој по минусот од 0:1 на свој терен против Чезена постигна три гола за конечни 3:1. Најпрво од пенал во 31. минута изедначи Дел Пиеро, 12 минути подоцна Кваљарела му донесе водство на Јуве од 2:1, а Јакинта во 88. минута зголеми на 3:1.

Наполи со двата гола на Кавани со 2:0 беше подобар од Парма. Сега Уругваецот со осум вкупно погодоци сезонава го дели првото место на листата на стрелци со Самјуел Ето.

РЕЗУЛТАТИ И ПАРОВИ НА 10. КОЛО:

Фиорентина - Киево 1:0
(Черчи 10)

Бари - Милан 2:3
(Кутузов 65, Барето 90 - Амброзини 4, Фламини 31, Пато 72)

Јувентус - Чезена 3:1
(Дел Пиеро 31 пен., Кваљарела 43, Јакинта 88 - Хименез 11)

Лацио - Рома 0:2
(Бориело 52 пен., Вучиниќ 87 пен.)

Наполи - Парма 2:0
(Кавани 19, 86)

Сампдорија - Катанија 0:0

Удинезе - Каљари 1:1
(Флорес 44 - Конти 12)

Палермо - Џенова (20:45)

Сабота:
Болоња - Лече 2:0
(Ди Вајо 84, Хименез 85)

Интер - Бреша 1:1
(Ето 73 пен. - Карачоло 14)

ТАБЕЛА: Лацио 22, Милан 20, Интер 19, Јувентус 18, Наполи 18, Сампдорија 15, Рома 15, Киево 14, Удинезе 14, Фиорентина 12, Палермо (-1) 11, Џенова (-1) 11, Болоња 11, Лече 11, Каљари 11, Катанија 11, Бреша 10, Парма 8, Чезена 8, Бари 8.



-------------


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 10.Ноември.2010 во 17:05
Вонредно 11. коло во Серија А!
 

Денеска во Италија се игра вонредното 11. коло во Калчо лигата.

 

Водечкиот Лацио гостува кај Чезена, Росонерите на Сан Сиро го пречекуваат сицилијанскиот гостин Палермо, осакатениот Интер му гостува на Лече, а Рома на домашен терен ја пречекува Фиорентина.

Натпреварите започнуваат во вечерниот термин од 20.45 минути а двојките за денеска се:
Каљари - Наполи
Катанија - Удинезе
Киево - Бари
Џенова - Болоња
Лече - Интер
Милан - Палермо
Рома - Фиорентина 
Чезена - Лацио
Бреша - Јувентус

Колото се комплетира во четврок со натпреварот Парма - Сампдорија



-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 11.Ноември.2010 во 15:39
Милан го презема лидерското место од Лацио во Серија А
 
Со головите на Пато, Ибрахимовиќ од пенал и Робињо, Милан го совлада Палермо и конечно по подолго време се искачи на лидерската позиција во Серија А. Тренерот на тимот од „Сан Сиро“, Масимилијано Алегри призна дека нговиот тим имал доста среќа и како клучен момент на натпреварот го посочи пеналот кој беше досуден во корист на неговиот тим во 77 минута при резултат 1-1. 
 
„Росоњерите“ одлично го искористија киксот на Лацио, кој загуби минимално на гостувањето кај Чезена. Езекиел Лавеци во последните секунди од натпреварот му донесе победа на Наполи на гостувањето кај Каљари и со овие три бода тимот се искачи на третото место на табелата пред Интер и Јувентус, кои остварија идентичен резултат 1-1 на гостувањата кај Лече, односно Бреша.
 
Екипата на Рома врза три победи по ред во http://www.soccerway.com/national/italy/serie-a/2010-2011/regular-season/ - Серија А , и по триумфите над Лече и Лацио, најнова жртва на избраниците на Клаудио Раниери беше тимот на Фиорентина.
 
 
 


-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: емил
Датум на внесување: 15.Ноември.2010 во 07:50
Росоњерите ја добија битката за Милано
 
Милан го доби големото градско дерби против Интер, Росоњерите и по 12то коло останаа на врвот во Серија А.
12. коло во Серија А помина во знакот на големото градско дерби помеѓу Интер и Милан, кое го добија Росоњерите минимално со 1-0.

Интер играше како домаќин, го имаше најголемиот дел од публиката на своја страна, но Рафа Бенитез не успеа да ја најде добитната тактика за овој голем натпревар.

Дербито не понуди многу возбудувања, без ниту една 100% шанса и на двете страни, голот падна уште на стартот.

Марко Матераци направи прекршок за пенал врз Ибрахимовиќ, Швеѓанецот го изведе ударот од белата точка, погоди и му нанесе пораз на својот поранешен тим.

Горан Пандев го одигра вториот дел од натпреварот, беше главниот "виновник" што Интер последните 30 минути ги одигра со фудбалер повеќе откако изнуди втор жолт картон за Абате.

Но, Интер не успеа да ја искористи предноста од фудбалер повеќе, не го загрози сериозно голот на Абиати, Милан беше тимот кој се радуваше на голема победа.

Во ова коло се одигра и големото дерби помеѓу Јувентус и Рома кое заврши без победник 1-1.

Јакинта во 35та и Тоти од пенал десет минути подоцна беа стрелците на погодоците.

Дерби се одигра и во Рим каде што Лацио со 2-0 го победи тимот на Наполи.

Зарате и Флокари погодиција за Лацијалите враќајки го неколку саати тимот на врвот во лигата, се до миланското дерби.

Сицилијанското дерби помеѓу Палермо и Катанија го реши Хавиер Пасторе кој постигна хет-трик во натпревар кој го добија домаќините со 3-1.

Фиорентина со 1-0 ја победи Чезена, идентично како и Болоњ над Бреша, Сампдорија одигра само 0-0 против Киево.

Парма славеше гостинска победа над Бари со 1-0, Џенова со истиот резултат победи кај Каљари, најубедлив беше Удинезе славејќи над Лече со 4-0.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 15.Ноември.2010 во 11:56
Бенитез: Го загубивме дербито но не и Скудетото
Рафа Бенитез вели дека нивните планови биле уништени со раниот погодок на Ибра и додава дека иако Интер го загубил дербито со Милан, до крајот на сезоната има уште многу да се игра
Кризата на Интер продолжува откако актуелниот шампион на Италија и Европа вчера загуби во градското дерби со Милан.

Рафа Бенитез по натпреварот уште еднаш побара ангажман на нови фудбалери во јануари и додава дека клубот треба да започне да победува уште на следната средба со Киево.

“Мислам дека на Интер не му недостасуваше карактер.” – рече Бенитез по натпреварот за Sky Sport Italia.

“Милан одигра добро, но за жал по погодокот од пенал, се се промени.”

“Нашиот противник правеше многу прекршоци, и секогаш е тешко да развиете игра при таква ситуација. Се обидовме да го контролираме натпреварот но ни беше тешко.”

“Потоа, кога имавме играч повеќе, се обидувавме и се обидувавме но бевме нетрпеливи при изградбата на акциите.”

Бенитез потоа објасни каде Интер го загубил натпреварот: “Ја губевме топката на средината од теренот, тие работеа многу добро во одбраната, но потребно е да имаме поголем посед и подобро да се движиме.”

“Дали ова беше правилна формација за тимот? Во првото полувреме Милан имаше повеќе контрола, но во вториот дел напаѓавме во континуитет.”

“Доколку ја движевме топката побрзо ќе имавме повеќе простор, како што беше случајот во второто полувреме.”

“Но на овој натпревар не можевме да најдеме простор, Милан работеше напорно за да ги затвори сите приоди.”

“Целиот натпревар се промени со пеналот што беше досуден по само пет минути.“

За тие што обвинуваат дека Интер игра полошо од минатата сезона, Бенитез одговори: “Верував дека на почетокот од сезоната игравме многу добро, денска не беше така.”

“Минатата сезона тимот победи на голем број натпревари кон финишот на сезоната, најмногу благодарејќи на погодоците на Милито.”

“Тимот секогаш гледа кон него и Снајдер за идеии, играчи кои сеуште не се 100% фит и не се на нивото од минатата сезона.”

За Mediaset Бенитез потоа додаде: “Шест бода зад лидерот не е убаво, но шампионатот е долг, потребно е веднаш да се вратиме на победничките патеки и да славиме на дуелот со Киево.”

“Јасно е дека во јануари ќе треба да направиме нешто но ве меѓувреме треба да започнеме да победуваме.”



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 17.Ноември.2010 во 14:30

http://k*rir.mk/sport/fudbal/8201-Donadoni-na-klupata-na-Kaljari - Донадони на клупата на Каљари

Среда, 17 Ноември 2010 13:48
http://www.facebook.com/sharer.php?u=http%3A%2F%2Fk*rir.mk%2Fsport%2Ffudbal%2F8201-Donadoni-na-klupata-na-Kaljari&t=%D0%94%D0%BE%D0%BD%D0%B0%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%BA%D0%BB%D1%83%D0%BF%D0%B0%D1%82%D0%B0%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%9A%D0%B0%D1%99%D0%B0%D1%80%D0%B8&src=sp - -

Бившиот селектор на Италија од клупата на националната селекција стигна до клупата на калчолигашот од Сардинија.

Во понеделеникот управата на Каљари му врачи отказ Пјерпаоло Бисоли, а еден ден подоцна за негов наследник го именуваше Роберто Донадони.

Ниту оваа сезона Каљари не може да се пофали со добри резултати во Серие А и по 12. кола има само две победи, а во претходните две средби доживеа пораз дома од Наполи во последните секунди и на гостувањето во Џенова.

Жртва мораше да биде Бисоли, кој на почетокот на оваа сезона беше донесен како нов тренер по заминувањето на Масимилијано Алегри на клупата на Милан.

“Сакам да успеам со Каљари. Имам голем мотив и желба и оваа работа ја прифатив по само неколку реченици со претседателот на клубот“ - изјави Донадони, кој потпиша договор до крајот на оваа сезона.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 20.Ноември.2010 во 08:42

Киево прва можност за поправен за Бенитез

Според италијанските медиуми, Интер планира да се раздели со шпанскиот тренер Рафа Бенитез доколку продолжи со лошите резултати и неубедливите игри. Екс-стратегот на Ливерпул доби две средби да ја поправи сликата и да ги врати шампионските амбиции, во спротивно ќе заработи отказ

Првиот тест е Киево, меѓутоа ситуацијата е навистина алармантна бидејќи на ова гостување нема да смета на еден куп на играчи поради повреди. Во "аут" се Диего Милито, Сулеј Мунтари, Мајкон, Тиаго Мота, Џоел Оби, Валтер Самуел и Мекдоналд Марига, а од средата ним им се приклучи и дефанзивецот Кристијан Киву. Романецот се повреди за време на дуелот со Италија во средата, а медицинските прегледи извршени во четвртокот покажаа дека се работи за истегување на мускулот на десната нога и ќе мора да паузира две недели.
Дербито ова коло се игра на Сан Сиро каде Милан ќе ја пречека Фиорентина. Лидерот е во одлична триумфална серија, а Фиорентина грчевито се бори за стабилизирање на формата и резултатите. "Росонерите" одиграа три фантастични натпревари во серија преку кои се искачија на чело на табелата во Калчото. Нивните амбиции се јасни. Да се задржи оваа позиција, а за тоа е потребна победа над тимот од Фиренца.

СЕРИЈА "А" 13.КОЛО
САБОТА

РОМА - УДИНЕЗЕ 18 ч.
МИЛАН - ФИОРЕНТИНА 20:45
НЕДЕЛА
ЏЕНОВА - ЈУВЕНТУС 12:30
БРЕША - КАЉАРИ 15 ч.
КАТАНИЈА - БАРИ
ЧЕЗЕНА - ПАЛЕРМО
КИЕВО - ИНТЕР
ЛЕЧЕ -САМПДОРИЈА
ПАРМА - ЛАЦИО
НАПОЛИ - БОЛОЊА 20:45

Од.

Поб.

Нер.

Пор.

гол-р.

поени

1. Милан

12

8

2

2

21:11

26

2. Лацио

12

8

1

3

15:9

25

3. Наполи

12

6

3

3

18:13

21

4. Интер

12

5

5

2

13:7

20

5. Јувентус

12

5

5

2

23:13

20

6. Рома

12

5

4

3

15:15

19

7. Палермо

12

4

2

5

17:16

14

8. Удинезе

12

4

2

5

9:12

14

9. Џенова

12

4

2

5

9:11

14

10. Сампдорија

12

3

6

2

11:9

15

11. Киево

12

4

3

4

11:10

15

12. Фиорентина

12

3

3

5

12:13

12

13. Катанија

12

3

5

3

9:8

14

14. Парма

12

2

5

4

7:10

11

15. Болоња

12

2

5

3

10:15

11

16. Лече

12

2

6

7

8:18

12

17. Каљари

12

2

5

4

11:10

11

18. Бреша

12

3

2

6

10:14

11

19. Чезена

12

3

2

6

8:14

11

20. Бари

12

2

3

6

9:18

9






-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 21.Ноември.2010 во 17:50

Мизеријата на Интер продолжува, нов пораз на Нероазурите!

Нов пораз на Интер, шампионот загуби на гостувањето кај Киево, Јувентус славеше гостинска победа против Џенова.
Кризата на Интер продолжува, Нероазурите загубија на гостувањето кај Киево со 2-1.

Шампионот се соочува со огромен број на повредени фудбалери, но и оние кои ги има на располагање Рафа Бенитез се доволно силни за да слават против тим како Киево, сепак тоа не се случи.

Интер тргна добро во овој натпревар, Пандев ја имаше првата голема прилика, но ја погоди само стативата од голот на Киево.

Резултатот беше отворен во 29та минута кога Пелисие со глава реализираше за водство на Киево од 1-0.

Во продолжението од натпреварот Интер јалово се обидуваше да го израмни резултатот, Киево создаваше шанси од контра напади.

На осум минути пред крајот на натпреварот, Москардели постигнува погодок и ги решава сите дилеми.

Пред последниот свиреж на судијата, Интер преку Ето успеа само да го намали резултатот на 2-1.

Горан Пандев ги одигра сите 90 минути, но беше под нивото исто како и целиот тим на Интер.

Јувентус славеше на гостувањето кај Џенова, Красиќ уште еднаш ги покажа своите квалитети.

Јуве поведе со автоголот на Едуардо во 18та минута, Красиќ ги постави конечните 2-0 пет минути подоцна.

Лацио одигра без победник на гостувањето кај Парма, натпреварот заврши 1-1.

Креспо во 23та минута постигна гол за водство на Парма, Лацио израмни преку Флокари во 45та.

Палермо забележа гостинска победа кај Чезена, славеше со 2-1.

Иличиќ во 11та минута му донесе водство на Палермо, но 13 минути подоцна Чезена израмни преку Богдани.

Во 51та минута, Миколи биеше прецизно за победа на Палермо од 2-1.

Сампдорија со 3-2 славеше на гостувањето кај Лече.

Пацини со хет-трик беше играчот на натпреварот за гостите, головите кај Лече ги постигнаа Ди Микеле и Диамотене.

Во останатите натпревари Катанија го победи Бари со 1-0, Каљари славеше кај Бреша со 2-1.



-------------


Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 06.Декември.2010 во 12:28
Победи на водечките три екипи во Серија А

Рим, 6 декември 2010 (МИА) - Милан, Лацио и Јувентус постигнаа победи и освоија нови три бода по одигрувањето на 15.коло во Италијанското фудбалско првенство.

Екипата на Јувентус синоќа славеше победа на гостувањето кај Катанија со 3:1, Милан претходно со 3:0 ја победи Бреша, а Лацио беше поуспешен од шампионот Интер и победи со 3:1. Горан Пандев го постигна единствениот гол за „неро-азурите“, а воедно тоа беше негов прв погодок оваа сезона во Серија А.

На другите натпревари беа постигнати следниве резултати: Киево - Рома 2:2, Чезена - Болоња 0:2, Фиорентина - Каљари 1:0, Лече - Џенова 1:3, Парма - Удинезе 2:1 и Сампдорија - Бари 3:0.

За вечерва е закажано сицилијанското дерби Наполи - Палермо, натпревар по кој ќе се комплетира 15.коло.

На табелата води Милан со 33 бодови, пред Лацио со 30, Јувентус 27, и Наполи кој има 24 бодови и наттпревар помалку. По нив од 5-тото до 8-то место, следуваат четири екипи со по 23 бода, Палермо (-1 натпревар), Интер, Сампдорија и Рома.


-------------
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.


Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 13.Декември.2010 во 14:28
Јувентус го доби дербито со Лацио

Во последниот натпревар од 16.коло во Италијанското фудбалско првенство одигран синоќа во Торино, Јувентус го совлада Лацио со 2:1. Победата на домаќините им ја донесе српскиот интернационалец Милош Красиќ со гол во последната минута од натпреварот, а новите три бода го искачија неговиот клуб на второто место на табелата со ист број на бодови како и Наполи и Лацио.

Водечкиот Милан со победата во ова коло кај Болоња има шест бодови повеќе во однос на најблиските конк*ренти за шампионската титулата.

Резултати од 16.коло во Серија А: Палермо - Парма 3:1, Удинезе - Фиорентина 2:1, Џенова - Наполи 0:1, Болоња - Милан 0:3, Бреша - Сампдорија 1:0, Каљари - Катанија 3:0, Лече - Киево 3:2, Рома - Бари 1:0 и Јувентус - Лацио 2:1.

Натпреварот од ова коло, меѓу Интер и Чезена, е закажан за 19 јануари 2011, поради настап на Интер на Светското клупско првенство кое се игра во Обединетите Арапски Емирати.

Прв на табела е Милан со 36 бодови, а по него следуваат Јувентус, Наполи и Лацио со по 30, Палермо и Рома имаат по 26.


-------------
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.


Постирано од: емил
Датум на внесување: 19.Декември.2010 во 11:06

 

Во дербито на 17. коло во Серие А Рома со голот на играчот на Милан на позајмица во Рим, Марко Бориело успеа со 1:0 да слави на Сан Сиро над лидерот Милан.

 

Првенството во Италија стана уште поинтересно откако Рома успеа да го изненади Милан и да слави во гости со 1:0. “Росонерите“ и покрај овој пораз остануваат први со шест бодови предност над Лацио, Наполи и Јувентус, но таа разлика може да се преполови по средбите кои се играат во недела, кога овие три тима ги играат своите натпревари од ова коло.

Дербито беше одлучено во 68. минута, а го реши фудбалерот на Милан кој во Рома се наоѓа на позајмица, Марко Бориело. Во еден обид на Ингасио АбАте да ја испука топката од голманскиот простор десниот бек го погоди Бориело, а топката се одби зад грбот на Кристијан Абиати.

Ова е само втор пораз за МИлан на Сан Сиро оваа сезона, а пред Рома таму славеше и Јувентус. “Римјаните“ со оваа победа стигнаа до 29 бодови и се вклучија во борбата за највисок пласман.

Резултати и парови на 17. коло:

сабота:


Чезена - Каљари 1:0
(Хименез 17)

Милан - Рома 0:1
(Бориело 68)

недела:

Лацио - Удинезе (12:30)
Киево - Јувентус (15:00)
Бари - Палермо
Катанија - Бреша
Парма - Болоња
Наполи - Лече
Сампдорија - Џенова (20:45)

ТАБЕЛА: Милан (+1) 36, Лацио 30, Јувентус 30, Наполи 30, Рома (+1) 29, Палермо 26, Интер 23 ...



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 20.Декември.2010 во 08:46
Лацио и Наполи ја намалија предноста на Милан, Јуве пропушти победа кај Киево
Лацио и Наполи го искористија поразот на Милан и ја намалија предноста на лидерот, Јувентус во последните моменти пропушти победа на гостувањето кај Киево.
Во интересен натпревар на Олимпико, Лацио славеше над Удинезе со 3-2 и се доближи до Милан на три бода откако Росоњерите во саботата загубија од Рома.

Лацио поведе уште во 2та минута со голот на Хернанес, по пет минути игра во вториот дел Удинезе израмни преку Санчез.

Во следниот напад Лацио со погодокот на Биава го врати водството, но во 61та ново израмнување, овој пат Денис стрелец за Удинезе.

На две минути пред крајот на натпреварот, Запата си постигна автогол за победа на Лацио од 3-2.

Три бода помалку од Милан има и Наполи кој минимално со 1-0 го совлада Лече на свој терен.

И овој пат херој на Наполи беше Кавани, тој пред самиот свиреж на судијата постигна убав гол за голема победа на својот тим.

Јувентус во последните моменти пропушти победа на гостувањето кај Киево, натпреварот заврши 1-1.

Домаќините први пропуштија шанса да дојдат во водство, Марколини не реализираше пенал во 16та минута од натпреварот.

Кваљарела постигна убав гол во 31та минута за водство на Јувентус од 1-0.

Можеби клучен момент за конечниот резултат беше 52та минута кога Џиандонато заработи црвен картон и го остави Јуве со 10 фудбалери.

Старата Дама се преорентира на одбрана, а таа пукна во 93та минута кога Пелисие постигна гол за 1-1.

Во останатите неделни натпревари од Серија А, Бари и Наполи одиграа нерешено 1-1, Катанија ја победи Бреша со 1-0, немаше голови на натпреварот помеѓу Парма и Болоња.

Градското дерби помеѓу Сампдорија и Џенова се оддложи.



-------------


Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 23.Декември.2010 во 16:36
Бенитез официјално го напушти Интер

Рафаел Бенитез не е повеќе тренер на Интер. "Нероазурите" издадоа соопштение во кое се вели дека е раскинат договорот по меѓусебна согласност.

"Интер и Рафаел Бенитез се договорија за прекинување на соработката во договор од двете страни. Интер сака да му се заблагодари на Рафаел Бенитез за неговата работа на чело на тимот што доведе до освојување на Суперкупот на Италија и титула во Светското клупско првенство".

"Рафаел Бенитез му благодари на Интер за значајното и професионалното искуство и за заеднички остварените победи", стои во соопштението на клупскиот сајт. Интер сеуште не објави кој ќе биде наследникот на Бенитез, но се шпекулира дека најголеми шанси има поранешниот стратег на Милан, Леонардо.


-------------
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.


Постирано од: Blue Scarlet
Датум на внесување: 07.Јануари.2011 во 00:46
Moram da napisam ... ednostavno moram .... na domasen teren igraa kako bosi .... плазењеголема%20насмевка
 
Juventus vs Parma      1:4
 
 
 


-------------
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!



Постирано од: Marko Polo 1
Датум на внесување: 07.Јануари.2011 во 01:06
aj ne gi precenuvaj... "bosi"...

Ko na stikli igraa... onie najvisokite... so masnicki ozgora, pa pazea da ne gi izvalkaat...

-------------
Incredible Blue


Постирано од: Blue Scarlet
Датум на внесување: 07.Јануари.2011 во 01:09
Hahahahahhahaa ... znaev deka ke se javis .... газење%20од%20смеење
 
... голема%20насмевкада


-------------
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!



Постирано од: Marko Polo 1
Датум на внесување: 07.Јануари.2011 во 01:17
leee... samo da ispadne Milan u LS, kje vidis...

-------------
Incredible Blue


Постирано од: Blue Scarlet
Датум на внесување: 07.Јануари.2011 во 01:20
Originally posted by Marko Polo 1 Marko Polo 1 напиша:

leee... samo da ispadne Milan u LS, kje vidis...
 
 
Milan e vo LS ..... Zar ne ti e dovolno toa? плазењегазење%20од%20смеење


-------------
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!



Постирано од: Marko Polo 1
Датум на внесување: 07.Јануари.2011 во 01:33
aj prebroj titulite, pa izvesti me koga kje gi stignat...

-------------
Incredible Blue


Постирано од: Blue Scarlet
Датум на внесување: 07.Јануари.2011 во 01:37
Ne se zivee od stara slava be ejjjjjjj ... i ne se raspravaj so mene ... sega kje ni vleta Shatz ... голема%20насмевка

-------------
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!



Постирано од: емил
Датум на внесување: 23.Јануари.2011 во 07:03
Серија А: Домаќините без загубен бод, „волчицата“ скокна на второто место
 
Максимален ефект од три победи во три меча имаа италијанските фудбалски екипи на отварањето на 21 коло во Серија А, во кое Рома по победата над Каљари скокна на второто место на табелата
 

 
 

Иако многумина се сомневаа во способностите на „волчицата“ сезонава, особено по лошиот старт, Рома успеа да ја направи лигата уште поинтересна со победата синоќа со 3-0, и со тоа да ги прескокне првакот Интер, потоа градскиот ривал Лацио и Наполи.

Франческо Тоти од пенал во 22 минута, потоа Бразилецот Жуан во 70 минута со глава по еден корнер и на крај Жереми Менез на самиот истек на продолженијата, го постави конечниот резултат, по кој Рома им се одмазди на гостите од Сардинија за поразот на стартот на сезоната.

Парма со 2-0 на свој терен му посака добредојде на Диего Симеоне, легендата на Аргентина и Интер, на клупата на Катанија. Парма за пет минути во првата фаза од вториот дел го реши мечот кога Кандевра во 57 и Џовинко во 62 минута ја погодија мрежата на Сицилијанците.

Вториот тим од Сицилија, Палермо се измачи со Бреша, но успеа да ги освои трите бода со голот на Бово на три минути пред крајот. Денеска, Интер на начиот Горан Пандев ќе ја отвори програмата во колото со пладневниот дуел на „Фриули“ против незгодниот Удинезе, а колото продолжува со дуелите Сампдорија – Јувентус, Бари – Наполи, Болоња – Лацио, Киево – Џенова, Фиорентина – Лече (од 15 ч.) и ќе заврши со пресметката Милан – Чезена во 20:45 часот



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 06.Февруари.2011 во 07:52

Матри го врати Јуве на победничкиот пат

    http://sportdenes.com/media/k2/items/cache/c37dc19a7e5d9f0d200251af9d2db309_XL.jpg">Матри%20го%20врати%20Јуве%20на%20победничкиот%20пат

    Тимот на Јувентус се врати на победничките патеки во Серија А откако успеа да слави со 3-1 на гостувањето кај Каљари во 24. коло.

    Херој на денешниот дуел беше новиот напаѓач на старата дама, Алесандро Матри, кој постигна два од погодоците за  Јувентус во 22. и во 75. минута од натпреварот а асистираше за третиот.

    Така, тој ги постигна првите погодоци за бјанконерите токму против својот поранешен погодок. Третиот погодок за гостите беше дело на Лука Тони во 83. минута од натпреварот. За Каљари прецизен беше Аквафреска во 50. минута.

    Ова претставува прв триумф за Јувентус во последните пет натпревари во сите турнири, во претходните четири дуели старата дама имаше еден нерешен исход и три порази.

    Успехот над Каљари му го доесе седмото место на Јувентус на табелата во Калчото со 38 поени, додека Каљари останува на 9. позиција со 32 поени во својот скор


    -------------


    Постирано од: емил
    Датум на внесување: 07.Февруари.2011 во 08:42
    Супердербито во Милано, Пандев го гледаше од клупа
     
    Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев повторно беше само нем сведок и гледач на дербито на 24 коло и гостувањето на големиот лански ривал на „Џузепе Меаца“, Рома
     

     
     

    Тоа што доаѓањето на Пацини го најави, се оствари на теренот, па Пандев трет меч во низа не доби ниту минута, а Интер со спектакуларен напаѓачки фудбал, стигна до победа со која полека но сигурно се враќа во врвот. Интер ја совлада Рома со 5-3, па дополнително им се посреќи на „нераѕурите“ да ја намалат предноста на градскиот ривал Милан, кој претходно играше 1-1 во Џенова.

    Весли Снајдер со погодок уште во третата минута го отвори суперинтересното дерби, во кое Фабио Симплицио ја врати Рома со израмнувањето десет минути подоцна. Но, следеше клучниот исчекор на Интер ко победата, со три гола, прво на Самуел Ето во 35 минута, па од пенал во 63. минута, и на крај со играч повеќе преку Тиаго Мота.

    Сите веќе видоа сигурна победа, но Рома не се одкажа и со фудбалер помалку, па Мирко Вучиниќ и Лорија, најавија возбудлива завршница. Сепак, „волчицата“ немаше сили за повеќе, а Естебан Камбијасо на самиот крај погоди за конечни 5-3. Интер со триумфот стигна на само пет бода зад Милан и со меч помалку во однос на „росонерите“.

    Наполи профитираше од киксот на „росонерите“ и сега е на три бода зад Милан, откако на „Сан Паоло“, јужноамериканците Кавани и Соса погодија за лесна победа против Чезена. Во другите мечеви вчера беа постигнати следните резултати Бреша - Бари 2-0, Лацио - Киево 1-1, Лече - Палермо 2-4, Парма - Фиорентина 1-1.

    Милан води со 49 бода, следи Наполи со 46, Интер со 44 (-1), Палермо со 40, Удинезе со 40, Рома со 39 (-1), Јувентус со 38...



    -------------


    Постирано од: Santijago
    Датум на внесување: 13.Февруари.2011 во 16:35

    Раниери: Наполи беа подобри од нас

    http://sportdenes.com/media/k2/items/cache/491a4a0327b47b32bd3778bab121ebe0_XL.jpg"> Клаудио%20Раниери 


    Тренерот на италијанскиот вицешампион Рома, Клаудио Раниери сосема логично остана многу разочаран од тешкиот домашен пораз со 0:2 од Наполи.


    Двата тима ги одмерија силите едни против други во средбата од 25-тото коло на Серија А и римјаните бараа по секоја цена нови три поени за да се приближат максимално до лидерот на табелата Милан.

    На крајот сепак неаполитанците го надиграа својот противник и на тој начин сериозно им ги намалија шансите да се борат за титулата.

    „Игравме против многу силен тим кој се бореше со сите сили за победа. Треба да признаеме дека Наполи беше подобриот тим на теренот. Тие стоеја доста подобро од нас и мислам дека заслужено победија.“ - рече на персконференцијата по натпреварот, Клаудио Раниери.

    „По таков пораз треба да се пофали противникот и да признаеме дека тој покажал многу поагресивна и поефикасна игра од нас.“
    - додаде тренерот.

    „Не мислам сепак дека треба да се прават трагедии, до крајот на сезоната останува уште доста време. Имавме доста потешкотии, но успеавме да се справиме со нив. Се фокусираме на претстојните дуели.“
    - заврши поранешниот тренер на Јувентус.

    -------------
    I'm out bcz of pathetic around here


    Постирано од: емил
    Датум на внесување: 14.Февруари.2011 во 01:53
    Јуве го победи Интер /fudbal/italija/3275-juve-go-pobedi-inter.pdf -   /fudbal/italija/3275-juve-go-pobedi-inter.html?tmpl=component&print=1&layout=default&page= -   /component/mailto/?tmpl=component&link=aHR0cDovL3Nwb3J0c2tvLmluZm8vZnVkYmFsL2l0YWxpamEvMzI3NS1qdXZlLWdvLXBvYmVkaS1pbnRlci5odG1s -  

    Јувентус на домашен терен го совлада Интер со резлутат од 1:0 во рамките на Серија А...

    Јувентус поведе во 30. минута преку голот на Алесандро Матри за водство, а воедно и конечен резултат од 1:0 и победа против актуелниот шампион Интер.

    Македонскиот репрезентативец Горан Пандев доби шанса од Леонардо по три натпревари пауза и во 60. минута влезе како измена, но не успеа да ги смени работите на теренот. Ето имаше неколку шанси да израмни, но не успеа да ги реализира.



    -------------


    Постирано од: Santijago
    Датум на внесување: 20.Февруари.2011 во 15:41

    ИНТЕР ПОДОБАР ОД КАЉАРИ, БОЛОЊА ГО ИЗНЕНАДИ ПАЛЕРМО

    slika
    На првите два натпревари од 26 - то коло во Серија А победи оставрија екипите на Интер и Болоња. Интер на Џузепе Меаца го совлада минимално Каљари со 1:0 со голот на Ранокиа во 7 - та минута постигнат од офсајд. Горан Пандев ги одигра комплетните 90 минути на средбата и беше меѓу најдобро оценетите играчи на официјалниот веб сајт на Интер. Болоња го изненади Палермо го совлада со 1:0 со голот на  Папони во судиското продолжение од второто полувреме.

    -------------
    I'm out bcz of pathetic around here


    Постирано од: Santijago
    Датум на внесување: 20.Февруари.2011 во 15:43
    Јувентус поразен на гостувањето кај Лече

    Јувентус%20поразен%20на%20гостувањето%20кај%20Лече
    Јувентус доживеа пораз на гостувањето кај Лече, Старата Дама загуби со 2-0.
    Јуве влезе како фаворит во натпреварот против Лече, но тимот од Торино со пораз се враќа дома.

    Дека Јувентус го очекуваат многу проблеми беше најавено уште во 12та минута кога останаа со фудбалер помалку.

    Џиџи Буфон одбрани една топка со рака надвор од својот шеснаесетник и заслужено доби директен црвен картон.

    Дел Нери го извади Милош Красиќ и на негово место го стави вториот голман, Сторари.

    Лече знаеше како да ја искористи играчката предност, во 32та минута Месбах постигна гол за водство на домаќините од 1-0.

    По само три минути игра, по асистенција од Ди Микеле, Бертолачи го поставува конечниот резултат од 2-0.

    Во 69та минута и Лече остана со 10 фудбалери откако Вивес набрзина заработи два жолти картони, но Јуве не успеа да го искористи тоа.

     



    -------------
    I'm out bcz of pathetic around here


    Постирано од: емил
    Датум на внесување: 01.Март.2011 во 07:58

    /sport/fudbal/20804-Serse-Kozmi-nov-trener-na-Palermo - Серсе Козми нов тренер на Палермо

     

    Зампарини денеска го отпушти Делио Роси, по дебаклот на домашен терен против Удинезе и поразот од 0:7. На негово место, шефот на сицилијанците го доведе Серсе Козми.

     

    Харизматичниот тренер кој стекна репутација предводејќи ја Перуџа, доби шанса да се докаже во калчолигашот.

    - Има карактер кој ќе го однесе Палермо до нови победи, изјави Зампарини.

    После Перуџа, Козми работеше во Џенова, Удинезе, Ливорно и Бреша, но не успеа да остави впечаток никаде.

    Официјалната презентација на Козми ќе се случи утре попладне.



    -------------


    Постирано од: емил
    Датум на внесување: 01.Март.2011 во 11:08
    Касано тука малку претеруваа.....смешен 
     
    -------------------------------------------------------------
     
    Само Меси е подобар од Пато

    Засилувањето за нападот на Милан во јануарскиот преоден рок, Антонио Касано, продолжува со навиките да коментира постојано во медиумите за случувањата во клубот, но и за своите колеги. Овој пат на удар се неговите партнери во нападот Пато и Ибрахимовиќ.

    "Пато е најдобриот играч. Тоа сум му го кажал. Сепак, има само еден кој е подобар од него. Тоа е Меси. Би било неверојатно доколку можеме да ги видиме во иста екипа", вели Касано.

    Прашан за споредба меѓу Ибрахимовиќ и Кавани од Наполи, тој одговара во свој стил.

    "Кавани или Ибрахимовиќ? Се шегувате? Какво прашање е ова? Кавани е дефинитивно добар играч, но Ибрахимовиќ е сосема друга категорија. Тие двајца се неспоредливи. Што се однесува до Наполи, нивниот тренер верува дека ќе освојат титула, но тие не знаат дека Милан е поквалитетниот тим".

    Што се однесува до неговата игра со Ибрахимовиќ и заедничко функционирање, и за тоа има свој коментар.

    "Функционираме одлично. Соработуваме на теренот, а и надвор од него ни оди одлично. Успеавме да најдеме заеднички јазик само поради една работа. И двајцата сме сосема луди", вели Касано.

    http://www.facebook.com/sharer.php?u=http%3A%2F%2Fwww.idividi.com.mk%2Fsport%2Ffudbal%2F666197%2Findex.html&t=IDIVIDI%3A%20%D0%A1%D0%B0%D0%BC%D0%BE%20%D0%9C%D0%B5%D1%81%D0%B8%20%D0%B5%20%D0%BF%D0%BE%D0%B4%D0%BE%D0%B1%D0%B0%D1%80%20%D0%BE%D0%B4%20%D0%9F%D0%B0%D1%82%D0%BE -
     



    -------------


    Постирано од: емил
    Датум на внесување: 01.Март.2011 во 15:57
    Пато: Каква титула, сега размислуваме само на Јувентус

    http://www.netpress.com.mk/sport/vestiimages/17607/tn1_шпато.jpg"> Напаѓачот на Милан, Алесандре Пато беше еден од најзаслужните за победата на неговиот тим над Наполи со 3:0. Тој го 'заработи' пеналот, на вториот гол беше асистент, а третиот беше негово ремек дело. И покрај победата над конк*рентите за титулата, Пато не е многу возбуден. "Не размислуваме за Скудетото. Фокусирани сме на следниот дуел против Јувентус. Сакам да играм во овој клуб, во кој играат големи шампиони. Тоа не се само мој соиграчи, тоа се и мој браќа. Пресреќен сум што одигравме еден одличен натпревар" изјави Бразилецот веднаш по завршувањето на натпреварот на "Сан Сиро".




    -------------


    Постирано од: Santijago
    Датум на внесување: 06.Март.2011 во 05:43
    Гатузо му пресуди на Дел Нери

    gattusoФудбалерите на Милан го совладаа Јувентус во натпревар од 28-мото коло на италијанската Серија А со 1:0, продлабочувајќи ја кризата на "Старата Дама"...

    Новиот пораз на домашен терен во Торино се чини сериозно ја раздрма клупата на Луиџи Дел Нери.

    На десет кола пред крајот Јуве останува на седмото место на табелата, надвор од зоната за излез во Европа и далеку зад водечките тимови, додека Милан барем моментално ја зголеми предноста на осум бодови во однос на второпласираниот Интер.

    Погледнете го видеото со најинтересните моменти од синоќешниот дуел, како и единствениот погодок дело на Џенаро Гатузо во 68-мата минута.




    -------------
    I'm out bcz of pathetic around here


    Постирано од: Santijago
    Датум на внесување: 13.Март.2011 во 08:38

    Јувентус не успеа ни против Чезена


    http://sportdenes.com/media/k2/items/cache/30af13a51cac937c28d30b84e498213a_XL.jpg"> Јувентус%20не%20успеа%20ни%20против%20Чезена

    Тимот на старата дама продолжува да ги разочарува своите фанови откако не успеа да слави над скромнито тим на Чезена на гостувањето во 29. коло на Серија А.

    Бјанконерите завршија 2-2 и така веќе черити натпревари во низа немаат запишано три поени на своето салдо, натпреварот започна одлично за гостите, со водство од 2-0 со двата погодоци на Александро Матри во 19. и во 35. минута.

    Но сепак, за да продолжи традицијата на лоши исходи за Јуве се погрижија Луис Антонио Хименес во 41. минута од пенал и Марко Пароло во 80. минута.

    Ништо нема да биде чудно доколку од утра Јуве има нов тренер, откако Луиџи Дел Нери имаше ултиматум за задолжително освојвуање на трите поени, но тој не успеа да се справи со таа задача.

    Јувентус доминираше на натпреварот, го имаше поседот на топката и создаваше акции пред противничкиот гол, но сепак проблемот за бјанконерите е неефикасниот напад.

    Со поделените по еден поен Чезена останува на 17. позиција со 29 освоени поени додека Јуве го зачува седмото место со 42 поени на своето конто.



    -------------
    I'm out bcz of pathetic around here


    Постирано од: емил
    Датум на внесување: 21.Март.2011 во 10:31

    /sport/fudbal/23191-Kavani-gi-cuva-nadezite-na-Napoli - Кавани ги чува надежите на Наполи

    http://www.facebook.com/sharer.php?u=http%3A%2F%2Fk*rir.mk%2Fsport%2Ffudbal%2F23191-Kavani-gi-cuva-nadezite-na-Napoli&t=%D0%9A%D0%B0%D0%B2%D0%B0%D0%BD%D0%B8%20%D0%B3%D0%B8%20%D1%87%D1%83%D0%B2%D0%B0%20%D0%BD%D0%B0%D0%B4%D0%B5%D0%B6%D0%B8%D1%82%D0%B5%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%9D%D0%B0%D0%BF%D0%BE%D0%BB%D0%B8&src=sp - - - -    

    Со двата гола на Уругваецот Наполи со 2:1 го совлада Каљари во последната средба од 30. коло во Серие А и се доближи на минус три во однос на лидерот Милан.

    Поразот на Милан на Сицилија во саботата и минималната понеда на Интер дома над Лече ја вратија неизвесноста во борбата за Скудетото. Да биде сликата комплетна, и третиот Наполи успеа да им се доближи на “росонерите“ со триумф на домашен терен од Каљари.

    Најзаслужен за триумфот на Наполи над Каљари од 2:1 е нивниот најдобар играч оваа сезона Единсон Кавани, кој беше двоен стрелец во победата со која неговиот тим се доближи на само минус три во однос на Милан и има само еден бод помалку од актуелниот шампион Интер.

    Кавани го отвори резултатот во 49. минута од белата точка, но само осум минути гостите изедначија преку Роберто Аквафреска. Сепак, набргу по изедначувањето на сцена повторно стапи Кавани, кој со својот 22. гол оваа сезона ги постави конечните 2:1.  

    РЕЗУЛТАТИ ОД 30. КОЛО:

    недела:


    Наполи - Каљари 2:1 (0:0)
    (Кавани 49п, 61 - Аквафреска 56)

    Фиорентина - Рома 2:2 (2:1)
    (Муту 22, Гамберини 35 - Тоти 27п, 52)

    Бари - Киево 1:2 (1:1)
    (Гезал 41п - Пелисије 38, Москардели 49)

    Болоња - Џенова 1:1 (1:1)
    (Ди Вајо 28 - Даинели 43)

    Интер - Лече 1:0 (0:0)
    (Пацини 52)

    Јувентус - Бреша 2:1 (1:1)
    (Красиќ 23, Дел Пјеро 68 - Едер 42)

    Сампдорија - Парма 0:1 (0:0)
    (Закардо 65)

    Удинезе - Катанија 2:0 (1:0)
    (Инлер 22, Ди Натале 74п)

    сабота:

    Лацио - Чезена 1:0 (1:0)
    (Зарате 2)

    Палермо - Милан 1:0 (1:0)
    (Гојан 10)

    ТАБЕЛА
    : Милан 62, Интер 60, Наполи 59, Удинезе 56, Лацио 54, Рома 50, Јувентус 45, Палермо 43, Фиорентина 41, Болоња 40, Каљари 39, Џенова 39, Киево 35, Парма 32, Катанија 32, Сампдорија 31, Чезена 29, Лече 28, Бреша 26, Бари 17 бодови



    -------------


    Постирано од: емил
    Датум на внесување: 03.Април.2011 во 07:33
    Милан го понижи Интер   /fudbal/italija/3722-milan-go-ponizhi-inter.pdf -   /fudbal/italija/3722-milan-go-ponizhi-inter.html?tmpl=component&print=1&layout=default&page= -   /component/mailto/?tmpl=component&link=aHR0cDovL3Nwb3J0c2tvLmluZm8vZnVkYmFsL2l0YWxpamEvMzcyMi1taWxhbi1nby1wb25pemhpLWludGVyLmh0bWw%3D -  
     

    Милан го растури Интер со резултат од 3:0 во рамките на италијанската Серија А...

    Милан го победи Интер на градското дерби во Милано и ја зголеми предноста на 5 бода.

    Резултатот се отвори веќе во 1. минута со голот на Пато, а само неколку минути Маикон во шеснаесетникот ја скроти топката со рака, но скандалозно судијата не покажа на белата точка. Во понатамошниот тек од натпреварот Интер скоро и да немаше контакт со топката, додека Милан покажа перфектен фудбал. Росоњерите во второто полувреме продолжија со доминацијата, а Интер пак во 54. минута покрај слабата форма остана и со играч помалку откако Киву го фаулираше Пато и заработи црвен картон. Бразилскиот стратег тактички го извади Пандев и на негово место влезе Кордоба. Потоа во 62. минута Милан ја искористи предонста и преку Пато дојде до водство од 2:0 и продолжи да напаѓа, а Интер преку одличните интервенции на Цезар се спаси од уште поголем срам. Во финишот на натпреварот нероазурите повторно агресивни, во 90. минута Занети го фаулираше Касано во шеснаесетникот по што судијата покажа на белата точка. Касано го реализираше пеналот и заокружи на 3:0 што воедно беше и конечен резултат на натпреварот. Антонио Касано потоа за кратко заработи црвен картон.

    Со овој пораз Интер многу ги намали шансите за освојување на Скудетото оваа сезона.

    Нероазурите ќе пробаат да добијат утеха во следниот натпревар против Шалке во рамките на Лигата на Шампионите.



    -------------


    Постирано од: емил
    Датум на внесување: 10.Април.2011 во 07:55

    Тренерот на клубот од Неапол мисли дека се е можно во непредвидливата трка за титулата во Серие А, па дури и тоа неговиот тим да стане шампион.

     

    Валтер Мацари смета дека неговиот Наполи има одлична шанса оваа сезона да се закити со Скудетото. Во моментов клубот од Неапол се наоѓа на втората позиција во Серие А со само три бодови помалку од лидерот Милан. Според тренерот, со оглед на непредвидливиот тек на оваа сезона во Италија, се може да се случи до крајот.

    Играме над сите очекувања и се може да се случи. Ќе дадеме се од себе и на крајот од сезоната ќе видиме каде тоа ќе не однесе. Ваквата наша позиција не е резултат само на тренерот, туку на сите во клубот“ - изјави Мацари.

    Тој се надева дека ќе успее да му ја донесе првата титула на Наполи по пауза од повеќе од 20 години.



    -------------


    Постирано од: емил
    Датум на внесување: 24.Април.2011 во 06:56
    Милан цврсто чекори кон титулата; Бари се збогува со Серија А
    Милан%20цврсто%20чекори%20кон%20титулата;%20Бари%20се%20збогува%20со%20Серија%20А
    Со победата над Бреша, Милан цврсто чекори кон освојување на Скудетото додека пак екипата на Бари по поразот од Сампдорија се збогуваше од Серија А

    На четири кола до крајот на сезоната Милан има осум бода во однос на второпласираниот Интер па чудо треба да се случи за Росоњерите да освојат без Скудетото.

    Пред почетокот на ова коло, Алегри го посочи дуелот со Бреша како најважен во сезоната на Милан и стратегот сигурно е пресреќен што неговиот тим славеше со 1-0.

    Росоњерите имаа голем број шанси но го постигнаа победоносниот погодок дури во 82та минута кога Робињо реализираше еден успешен контра-напад.

    И додека разврската за врвот станува се појасна, полека се комплетираат и екипите кои се збогуваат со Серија А откако денес Бари стана првата екипа заминува од елитата.

    Сампдорија со 1-0 славеше на гостувањето кај Бари откако Поци во 59та минута прециозно ја реализираше најстрогата казна со што тимот од Сан Паоло ги загуби и теоретските шанси за опстанок во Серија А.

    Дерби средбата помеѓу Интер и Лацио заврши со победа на Нероаѕурите од 2-1 а Бјанкочелестите можат да жалат за пропуштената жанса да обезбедат поволен резултат на Џузепе Меаца.

    Гостите од Рим го отворија резултатот во 24та минута откако Зарате прецизно ја реализираше најстрогата казна а покрај водството, Лацио имаше и фудбалер повеќе на теренот откако голманот на Интер, Жулио Цесар доби црвен картон.

    Сепак на пет минути пред крајот на првото полувреме, Весли Снајдер прекрасно изведе слободен удар од 25 метри и го совлада Муслера за изедначување на резултатот на 1-1.

    Иако со фудбалер помалку, Интер преку Самуел Ето во 53та минута стигна до водство од 2-1 откако интернационалецот од Камерун го искористи киксот на Биава и ја затресе мрежата на Лацио.

    Со овие три бода, Интер се искачи на втората позиција на табелата откако Наполи доживеа пораз на гостувањето кај Палермо.

    Наполитанците имаа одличен старт на средбата и водство уште во втората минута со голот на Кавани од пенал.

    Но во 37та минута Балзарети стрелаше прецизно за 1-1 а во финишот на првото полувреме, Бово со удар од белата точка направи комплетен пресврт и донесе водство од 2-1 за Палермо.

    Поразот на Лацио во Милано не го искористи Удинезе откако Парма славеше со 2-0 на гостувањето на Фриули.

    Двоен стрелец за гостите беше Амаури кој го отвори резултатот во 13та минута а потоа во финишот на средбата го постави и конечниот резултат.

    Рома ги задржа шансите за топ-четири пласман благодарејќи на минималната победа и трите бода во дуелот со Киево остварени со погодокот на Симоне Перота.

    Џенова и Лече одиграа возбудлив натпревар во кој домакините славеа со 4-2.

    Ди Микеле ги донесе гостите во водство во третата минута но седум минути подоцна домакините возвратија преку погодокот на Флоро Флорес.

    По половина час игра, Ди Микеле повторно го врати Лече во водство но непосредно пред одморот Родриго Паласио го изедначи резултатот.

    Истиот фудбалер во 54та минута ја донесе екипата на Џенова во водство од 3-2 а во 62та минута Флоро Флорес ги постави конечните 4-2.

    Чезена си ги зголеми шансите за опстанок откако победи со 2-0 на гостувањето кај Болоња со погодоците во второто полувреме на Цакерини и Малонга.

    Во натпревар во кој резултатот не беше од големо значење, Фиорентина славеше со 2-1 на гостувањето кај Каљари.



    -------------


    Постирано од: Santijago
    Датум на внесување: 08.Мај.2011 во 19:47
    Милан е новиот ’владател’ на Италија

    Милан%20е%20новиот%20’владател’%20на%20Италија

    По ремито без голови на дуелот против Рома, фудбалерите на Милан ја обезбедија шампионската титула во италијанскиот шампионат и тоа е прв трофеј во Серија А по пауза од 2004 година.

    „Ова е голем момент за сите фудбалери во тимот. Освојувањето на титулата е од големо значење за сите, но особено за младите во составот, кои направија голем чекор напред во својата кариера. Сега ни останува да го освоиме Купот и да потврдиме дека сме најдобри во Италија“, изјави холандскиот репрезентативец, Кларенс Сидорф.

    Милан во овој момент има 78 бода и на две кола до крајот на шампионатот има недостижна предност во однос на досегашниот првак, Интер, кој заостанува девет бода.

    „Направивме голема работа, пресреќен сум бидејќи успеавме да се вратиме на тронот во Италија по пауза од седум години, навистина сум презадоволен од постигнатото“, истакна Џенаро Гатузо.

    Инаку ова е прв шампионски трофеј и за тренерот Масимилијано Алегри, кој до титулата стигна во првата година откако го презема тимот на Милан.

    Со триумфот во Серија А, Милан ја прекина доминацијата на Интер, кој во претходните години пет пати по ред беше шампион на Италија, а со оваа титула се израмни по бројот на пехари со вечниот ривал, додека убедливо напред е Јувентус со 27.

    Синоќа плоштадот во Милано беше полн со фанови на ’росонерите’ кои слевеја без своите миленици, бидејќи играчите на Милан отпатуваа за Палермо каде утре ќе го одиграат реванш натпреварот од полуфиналето во италијанскиот Куп.



    Овицијалната церемонија и славеје е закажано за 14 мај, кога Милан го игра последниот натпревар на домашен терен против Каљари.





    -------------
    I'm out bcz of pathetic around here


    Постирано од: емил
    Датум на внесување: 15.Мај.2011 во 05:49
    Лацио граби кон Лигата на Шампионите

    http://www.netpress.com.mk/sport/vestiimages/18604/serie-a.jpg">

    Фудбалерите на Лацио направија голем чекор кон освојување на четвртото место во Сеија А кое води во ЛШ. Со одличната игра во вториот дел тие ја совлада Џенова, која не беше премногу расположена за надигрување и така дојдоа до нови три бода.

    Милан пред свои гледачи ја прослави титулата со огномет против Каљари, решавајќи го прашањето на победникот веќе по триесетина минути игра.

    Лацио - Џенова 4:2 (1:1)
    Биава 7', Роки 52', Ернанес 55', 66' - Паласио 12', Флорес 89'

    Милан - Каљари 4:1 (3:1)
    Робињо 22', 35', Гатузо 24', Седорф 77' - Косу 38'

    Недела, 15. мај:
    12.30ч Фиорентина - Болоња
    15.00ч Чезена - Бреша
    15.00ч Парма - Јувентус
    15.00ч Бари - Лече
    15.00ч Катанија - Рома
    15.00ч Киево - Удинезе
    15.00ч Сампдорија - Палермо.



    -------------


    Постирано од: Santijago
    Датум на внесување: 16.Мај.2011 во 02:05

    Mилан со победа на прославата

    Екипата на Милан ја прослави 18. титула во Серија "А" со победа на домашен терен против екипата на Каљари

    Милан победи со 4:1, а тоа беше доволно само да се потврди трофејот кој и онака беше јасно дека ќе го смени
    само клубот од Милано. Титулата не го смени стадионот, ниту, пак, градот бидејќи и лани првакот на Италија беше од Милано. Интер сега го предаде трофејот на својот најголем ривал кој успеа да се врати во ритам и да дојде до титулата.

    Сампдорија во Серија "Б"
    Екипата на Сампдорија која лани со Касано и Пацини заврши на 4. позиција сезонава се пласираше дури на 18. место, а вчерашниот пораз од Палермо значеше и преселба во Серија "Б". Сампдорија им се придружи на Бреша и Бари кои претходно се знаеше дека ја напуштаат Калчо лигaта, па ова е голем неуспех за екипата од Џенова.

    ВЕЧНА ЛИСТА
    ВО СЕРИЈА "А"
    27 - Јувентус
    18 - Милан, Интер
    9 - Џенова
    7 - Болоња, Торино, Про Верчели
    ПОСЛЕДНИ ДЕСЕТ
    ШАМПИОНИ
    2000/01 Рома
    2001/02 Јувентус
    2002/03 Јувентус
    2003/04 Милан
    2005/06 Интер
    2006/07 Интер
    2007/08 Интер
    2008/09 Интер
    2009/10 Интер
    2010/11 Милан

    СЕРИЈА А, 37.КОЛО
    ЛАЦИО - ЏЕНОВА 4:2
    Биава 7', Роки 52', Хернанес 56', 66' - Паласиос 12', Флоро Флорес 89'
    МИЛАН - КАЉАРИ 4:1
    Робињо 22', 35', Гатусо 24', Сидорф 77' - Косу 38'
    ФИОРЕНТИНА - БОЛОЊА 1:1
    Черчи 20' - Рамирез 50'
    ЧЕЗЕНА - БРЕША 1:0
    Гиачерини 60'
    ПАРМА - ЈУВЕНТУС 1:0
    Џовинко 65'
    БАРИ - ЛЕЧЕ 0:2
    Једа 52', Масиљо 80'(аг)
    КАТАНИЈА - РОМА 2:1
    Бергесио 79', Гомез 90'+4 - Лориа 14'
    КИЕВО - УДИНЕЗЕ 0:2
    Исла 28', Асамоа 75'
    САМПДОРИЈА - ПАЛЕРМО1:2
    Биабиани 50' - Миколи 45', Пинила 86'
    НАПОЛИ - ИНТЕР 1:1
    Зунига 45' - Ето 15'


    Од.

    Поб.

    Нер.

    Пор.

    гол-р.

    поени

    1. Милан

    37

    24

    9

    4

    65:24

    81

    2. Интер

    37

    22

    7

    8

    66:41

    73

    3. Наполи

    37

    21

    6

    10

    57:37

    69

    4. Удинезе

    37

    20

    5

    12

    65:43

    65

    5. Лацио

    37

    19

    6

    12

    51:37

    63

    6. Рома

    37

    17

    9

    11

    56:51

    60

    7. Јувентус

    37

    15

    12

    10

    55:45

    57

    8. Палермо

    37

    17

    5

    15

    57:60

    56

    9. Фиорентина

    37

    12

    14

    11

    47:42

    50

    10. Џенова

    37

    13

    9

    14

    42:45

    48

    11. Катанија

    37

    12

    10

    15

    39:49

    46

    12. Парма

    37

    11

    12

    14

    38:46

    45

    13. Каљари

    37

    12

    8

    17

    43:50

    44

    14. Чезена

    37

    11

    10

    16

    36:47

    43

    15. Киево

    37

    10

    13

    14

    35:39

    43

    16. Болоња

    37

    11

    12

    14

    35:48

    42

    17. Лече

    37

    11

    8

    18

    44:62

    41

    18. Сампдорија

    37

    8

    12

    17

    32:46

    36

    19. Бреша

    37

    7

    10

    20

    32:50

    31

    20. Бари

    37

    4

    9

    24

    23:56

    21



    -------------
    I'm out bcz of pathetic around here


    Постирано од: емил
    Датум на внесување: 23.Мај.2011 во 05:46
    Удинезе во Лигата на Шампионите, Лацио и Рома во Лигата на Европа

    http://www.netpress.com.mk/sport/vestiimages/18739/serie-a.jpg">

    Фудбалерите на Бари на најдобар начин се простија од Серија А, откако со  0:4 ја совладаа Болоња. Палермо очигледно со мислите веќе беше насочен кон финалето од Купот на Италија, кое се игра следната недела, па загуби од Киево на свој терен, додека Интер беше сигурен против Катанија.

    Џенова со 3:2 ја совлада Чезена во особено интересен меч, додека Бреша и Фиорентина односно Каљари и Парма ги поделија бодовите.

    По ремито без голови на мечот со Милан, Удинезе обезбеди квалификации за Лигата на Шампионите, што беше и единственото отворено прашање на вечерашните мечеви од последното коло во Серија А. Бод му беше доволен на Удинезе, додека Лацио и покрај победата над Лече ќе мора да се задоволи со настап во Лигата на Европа. И покрај тоа играчите на Лацио славеа на теренот, а во тоа им се придружија и фудбалерите на Лече кои уште од претходно обезбедија опстанок во друштвото на најдобрите. Рома ја совлада Сампдорија која неславно се прости од Серија А, додека "волчицата" исто така оди во Лигата на Европа. Јувентус одигра само нерешено со Наполи, но поради победата на Рома секако повеќе не можеше да се избори за настап на европска сцена следната сезона.

    Болоња - Бари 0:4 (0:1)
    Грандолфо 28', 47', 54', Хусеклеп 78'

    Палермо - Киево 1:3 (1:1)
    Ночерино 15' - Пелисије 41', Констант 67', Пулцети 80'

    Интер - Катанија 3:1 (1:0)
    Пацини 15', 48', Нагатомо 63' - Ледезма 66'

    Џенова - Чезена 3:2 (3:0)
    Флорес 6', 17', Паласио 45' - Богдани 49'(пен), Хименез 86'

    Бреша - Фиорентина 2:2 (1:1)
    Едер 19', Акарди 88' - Варгас 2', Черчи 75'

    Каљари - Парма 1:1 (0:1)
    Флечер 54'(аг) - Божинов 34'

    Лече - Лацио 2:4 (2:2)
    Копола 33', Пјати 41' - Роки 6', Зарате 35', 54'(пен), Вивес 62'(аг)

    Удинезе - Милан 0:0

    Рома - Сампдорија 3:1 (1:1)
    Тоти 30', Вучиниќ 70', Боријело 86' - Манини 26'

    Јувентус - Наполи 2:2 (0:1)
    Киелини 47', Матри 84' - Маџо 22', Лукарели 70'.




    -------------


    Постирано од: емил
    Датум на внесување: 30.Мај.2011 во 05:11

    Пандев со Интер го одбрани трофејот во Купот на Италија

     

    Македонскиот фудбалски репрезентативец Горан Пандев со својот тим Интер триумфира во Купот на Италија и ја одбрани титулата во ова натпреварување. Финалето се одигра на Олимпико во Рим пред преполн стадион. Пандев ги одигра последните 35 минути и му асистираше на Милито во 93 минута за постигнување на конечниот резултат. За Македонецот ова е трета титула во Купот, две освои со Интер, една со Лацио.

    Првите два гола за Интер за водство од 2:0 ги даде камерунскиот напаѓач Самуел Ето (26 и 76 минута), а стрелец за Палермо беше Муњоз (88 минута). Муњоз веднаш по постигнувањето на голот доби црвен картон.

    За Интер ова е седми трофеј во Купот, најмногу имаат Рома и Јувентус - по девет.



    -------------


    Постирано од: емил
    Датум на внесување: 08.Јуни.2011 во 07:24
    Роси сега меѓу Јувентус и Интер

    http://www.netpress.com.mk/sport/vestiimages/18961/rossi.jpg"> На одличната партија на Роси на мечот со Естонија никој не можеше да остане рамнодушен, а посебно не челниците на Јувентус и Интер. Фактот што Барселона сеуште не постигнала договор со Роси, повторно во прв плас се исфрлија тимовите на Јувентус и Интер. По се изгледа Каталонците повеќе се заинтересирани да го доведат помладиот Санчез. Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер е подготвен да понуди 20 милиони евра + Горан Пандев во замена за Роси. Масимо Морати имаше од поодамна пофални зборови за напаѓачот на Виљареал. "Тој е многу важен и интересен играч за Интер". На друга страна, повторен интерес има и Јувентус за услугите на напаѓачот на Виљареал. Новото засилување на Јувентус, Андреа Пирло би сакал Роси да биде негов соиграч. "Би било убаво Роси да игра заедно со мене во Јувентус, тоа играч од светска класа, кој секој клуб би го направил многу подобар" изјави иконата на италијанскиот фудбал



    -------------


    Постирано од: емил
    Датум на внесување: 11.Јуни.2011 во 06:14
    Доменико ди Карло нов тренер на Киево

    Една година откако си замина од клубот во Верона, Доменико ди Карло се врати повторно како тренер на италијанскиот фудбалски клуб Киево.

    47-годишниот тренер минатото лето го напушти Киево и замина во Сампдорија. Клубот од Џенова, го отпушти во март оваа година по серијата катастрофални резултати, кои на крајот на сезоната резултираше со испаѓање на клубот во Серија Б.

    Ди Карло на клупата во Киево ќе го замени Стефан Пиолио, кој замина во Палермо по заминувањето на Делио Роси.


    -------------


    Постирано од: емил
    Датум на внесување: 11.Јуни.2011 во 06:18
    Монтела потпиша двегодишен договор со Катанија

    Двегодишен договор со италијанскиот фудбалски клуб Катанија вчера потпиша 37-годишниот италијански тренер Винченцо Монтела.

    Минатата сезона, 13-то пласираниот состав од Серија А,Монтела со договор го презеде од Аргентинецот Диего Симоне кој го предводеше тимот од јануари оваа година.

    Монтела последните четири месеци ја водеше Рома во своето деби како тренер на сениорите. До тогаш, тој го водеше младиот тим на Рома.

    Поголемиот дел од успешната играчка кариера како напаѓач Монтела ја помина во Рома, во чиј дрес се пензионираше во 2008 година.


    -------------


    Постирано од: емил
    Датум на внесување: 15.Јуни.2011 во 06:55
    "Калчото" стартува на 28. август

    http://www.netpress.com.mk/sport/vestiimages/19055/serie-a.jpg">

    На состанокот на клубовите во италијанската Серија А потврдено е дека новата сезона ќе започне на 28. август, а ќе заврши на 13. мај. Ждрепката за натпреварувањето дополнително ќе се одржи. Следната сезона зимската пауза ќе биде нешто подолга и ќе трае од 19. декември до 7. јануари.

    Натпреварувањето во Купот на Италија ќе започне на 14. август, прволигашите во него ќе се вклучат во ноември, а осумте најдобри екипи од минатата сезона дури во јануари кога натпреварувањето ќе дојде до осмина финалната фаза



    -------------


    Постирано од: емил
    Датум на внесување: 17.Јуни.2011 во 05:14
    Дејан Стојановиќ во Болоња

    http://www.netpress.com.mk/sport/vestiimages/19107/дејан.jpg">

    Младиот голман Дејан Стојановиќ по успешно минатите лекарски прегледи денеска потпиша договор со италијанска Болоња. За услугите на Стојановиќ, кој има неверојатна градба за неговата позиција -195 сантиметри и 92 килограми, интерес покажаа неколку италијански клуба како Парма, Интер, Болоња и Сампдорија како и германските бундеслигаши Волфзбург и Хановер, но самиот тој одличил дека Болоња е вистинското место да расте и напредува како играч. Стојановиќ се надева дека соработката со првиот чувар на мрежата на Болоња, Емилијано Вивијано ќе допринесе во голема мера тој да созрева како голман.

    Стојановиќ измиантата сезона забележа 23 настапи за австрискиот Лустенау. Неодамна, по неколку повици за настап во националната селекција на Македонија за играчи до 21 година одлучи да го облече дресот со македонскиот грб, но информациите од австриските медиуми говорат дека Стојановиќ кога ќе ја заврши постапката за добивање австриски пасош сепак ќе се определи да застане меѓу стативите од голот на австриската селекција.



    -------------


    Постирано од: емил
    Датум на внесување: 20.Јуни.2011 во 05:30
    Малезани нов тренер на Џенова

    Нов тренер на фудбалерите на Џенова ќе биде Алберто Малезани, кој доби предност пред Делио Роси.

    Малезани на клупата на Џенова ќе го замени Давид Балардини, кој го напушти клубот на почетокот на месецо, а тимот го очекува создавање на нова екипа.

    Новиот тренер се обврзал на едногодишна верност, со можност за продолжување на соработката за уште година дена



    -------------


    Постирано од: емил
    Датум на внесување: 20.Јули.2011 во 16:33

    Палермо го продава Пасторе за 50 милиони евра

    Претседателот на Палермо, Маурицио Ѕампарини, потврди дека во наредните десет дена ќе го продаде Хавиер Пасторе за сума од 50 милиони евра. Иднината на 22-годишниот Аргентинец е предмет на шпекулации подолго време, но Ѕампарини не открива во кој клуб ќе замине тој.
    - Вчера имав разговори со голем европски клуб и ми рекоа дека ќе го купат Пасторе за сума меѓу 45 и 50 милиони евра. Од оваа гледна точка, се ќе биде готово за десет дена - изјави Ѕампарини



    -------------


    Постирано од: емил
    Датум на внесување: 06.Август.2011 во 23:43

    МИЛАН ЈА ОБЕЗБЕДИ РЕКОРДНАТА ШЕСТА ТИТУЛА ВО СУПЕР КУПОТ

     

    По пауза од седум години фудбалерите на Милан станаа најтрофејниот тим во Супер купот на Италија, бидејЌи на 24 издание го обезбедија шестиот рекорден трофеј, откако направија пресврт во триумфот од 2 - 1 против градскиот ривал Интер, бранителот на титулата и победникот на Купот во Италија, на средбата што се одигра во Пекинг, вторпат по 2009 та година.

    Во две различни полувремиња, пред 90-илјадната публика на Олимпискиот стадион „Птичје гнездо“, шампионот на Италија го освои првиот трофеј пред стартот на новата сезона во Калчо лигата, оставајќи ги зад себе „нероаѕурите“ на пет титули, по седмиот Супер куп по ред. 

    Во првото полувреме Интер беше подобар тим и заслужено дојде до предност со погодокот од слободен удар на Снајдер во 22 минута. Во вториот дел иницијативата ја презеде Милан, на кого му беше потребен еден час игра да го израмни резултатот преку Ибрахимовиќ, по асистенцијата на Сидорф. Конечниот резултат беше поставен по девет минути, кога најпрвин Пато не успеа да го совлада несигурниот Жулио Цезар, бидејќи ја погоди стативата, за одбиената топка Боатенг да ја смести во празната мрежа за 2 - 1.

    Ето во последната минута од судиското надоплнување успеа да израмни, но неговиот гол беше поништен поради офсајд.

    Пандев не доби шанса од тренерот Гасперини, остана на клупата за резервни играчи и повторно како во 2009 та година, кога како играч на Лацио, поради тогашните проблеми со тимот, исто така во Пекинг, не заигра во Супер купот.



    -------------


    Постирано од: Santijago
    Датум на внесување: 11.Септември.2011 во 22:31

    РОМА ПОРАЗЕНА ВО РИМ ОД КАЉАРИ


    slika

    Екипата на Рома стартуваше со пораз во новата сезона откако Каљари победи на Олимпико со 2:1 и го направи најголемот изненадување. Вечерва Палермо го пречекува Интер во последниот натпревар од воведното коло во калчото.



    Петок:

    • Милан -Лацио 2:2

    Сабота:

    • Чезена -Наполи 1:3

    Недела:

    • Јувентус - Парма  4:1
    • Рома -Каљари 1:2
    • Киево - Новара 2:2
    • Катанија - Сиена 0:0
    • Фиорентина - Болоња 2:0
    • Џенова -Аталанта 2:2
    • Лече - Удинезе 0:2



    -------------
    I'm out bcz of pathetic around here


    Постирано од: емил
    Датум на внесување: 22.Септември.2011 во 06:23

    http://bumbar.mk/22/inter-go-otpusti-gasperini/ - Интер го отпушти Гасперини

     

    Конечно се случи она што веќе подолго време се очекуваше, да попушти трпението на сопственикот на Интер Масимо Морати и да му врачи отказ на тренерот Џанпјеро Гасперини. Оваа одлука денеска попладнето е соопштена на официјалниот сајт на Интернационале, исто како и онаа дека клубот до назначувањето на новиoт тренер ќе го водат Даниеле Бернацани и Џузепе Барези.

    “Клубот сака да му се заблагодари Џанпјеро Гасперини за неговата работа и изразува жалење за прекинот на соработката”, стои во соопштението на клубот.

    Еден од најтрофејните клубови во Италија, заедно со Јувентус и Милан е последниот италијански претставник кој ја освои Лигата на Шампионите под водство на португалецот Жозе Мурињо. Моментално се наоѓа на 17-то место н аиталијанската серија А со катастрофален скор од два порази и едно ремо во три одиграни средби. Интер со пораз на домашен терен од Трабзонспор ги започна и натпреварите од Лигата на Шампионите од оваа натпреварувачка сезона.

    Името на наследникот на Гасперини ќе биде сопштено во следните неколку денови, стои во соопштението на ителијанскиот вице-шампион.



    -------------


    Постирано од: Santijago
    Датум на внесување: 25.Септември.2011 во 20:02

    Сефте за Милан и Интер со неипресивна игра


    Во Серија А вчера конечно немаше некои поголеми изненадувања на трите натпревари кои беа на програмата. Двата тима кои се најголеми фаворити за освојување на „скудетото“ дури во четвртото коло ја остварија првата победа. Сепак иако дојдоа до првите три бода, загрижува начинот на кој двата тима играат. И Милан и Интер воопшто не импресионираа против Чезена, односно Болоња. Очигледно проблемите со повредите премногу влијаат и на играта и двата тима немаат доволно силни замени за да го одрќат високот ниво на игра.

    Актуелниот шампион Милан со минимални 1-0 славеше против последно пласираната Чезена, која е единствената екипа сезонава без освоен бод. Страшно е тоа што „росонерите“ го постигнаа победничкиот гол уште во 5-тата минута од натреварот преку http://www.dailymotion.com/video/xlae7v_m1-0c_sport?start=14#from=embed - Сидорф , кој се обиде да центрира, а не да погоди во мрежата на гостите. Милан имаше далеку поголем посед на топката, но без Пато, Робињо, Ибрахимовиќ и Боатенг, покажа дека реализацијата ќе биде проблем. Не дека Касано и Ел Шарави одиграа слаб меч, туку против еден потпросечен тим како Чезена едноставно мораше да постигнат уште некој гол. Како и да е Алегри е задоволен од првата победа во сезоната, а се очекува веќе следниот викенд Ибрахимовиќ повторно да се врати во првиот тим на Милан.

    Клаудио Раниери успешно дебитираше на клупата на Интер на гостувањето кај Болоња. „Нероаѕурите“ имаа многу потешка задача од Милан за да дојдат до првата победа, но и тие разочараа со играта. Пацини конечно се најде во првиот тим и му донесе водство на Интер од 1-0 по првото полувреме. Во вториот дел домашниот тим беше далеку подобар противник, а заслуженото израмнување дојде преку Дијаманти, кој реализираше прецизно од белата точка. Болоња дефинитивно сама се победи на овој натпревар откако Морлео направи непромислен прекршок во својот шеснаесетник и заработи црвен картон. Диего Милито беше прецизен од белата точка на девет минути пред крајот на натпреварот, а конечните Болоња - Интер 1-3 ги постави Лусио во самиот финиш од натпреварот. Дуелот помеѓу Наполи и Фиорентина заврши без голови 0-0, а нашиот репрезентативец Горан Пандев одигра дваесетина минути



    -------------
    I'm out bcz of pathetic around here


    Постирано од: Santijago
    Датум на внесување: 25.Септември.2011 во 20:05

    Јуве само до бод на гостувањето кај Катанија


    По двете стартни победи над Парма и Сиена, фудбалерите на Јувентус го одиграа и вториот нерешен резултат во серија. На денешното гостување на Сицилија, се најавуваше и првиот сезонски пораз, меѓутоа „Старата дама“ од Торино ремизираше играјќи http://videa.hu/videok/sport/cat-1-juv-QaiZYInGT5dvw20E - 1:1 против екипата на Катанија. Иако „бјанконерите“, безмалку во текот на целиот натпревар ја имаа топката во свој посед, токму „резервираните“ домаќини први го открија резултатот. По една ветувачка акција одиграна по десната страна, аргентинскиот напаѓач Гонзало Бергесио, ја искористи подзаспаноста на противничката одбрана, и им донесе огромна радост на домашните навивачи во 22 минута од натпреварот. Гостите го возвратија ударот, по само четири минути игра во вториот дел, кога српскиот интернационалец Милан Красиќ, со одмерен удар од 20-тина метри, го пронајде патот до мрежата.
     
    До крајот на мечот играчите на Јувентус одново демонстрираа теренска надмоќ, и контрола над темпото на игра, меѓутоа нивната иницијатива остана без конкретна реализација на дождливиот терен. Тренерот Антонио Конте, можеби загуби два од планираните три бода, меѓутоа веројатно и самиот ја доби поуката дека Красиќ заслужува многу поголема минутажа од онаа што ја доби  на претходните три натпревари од новата сезона во италијанската Серија А. Со освоениот бод, неговата чета и натаму се наоѓа на делба на првото место, каде заедно со тимот на Удинезе имаат по осум освоени бодови. Од друга страна пак, Катанија има три помалку и моментално го зазема средишниот дел од табелата.
     
    Резултати од останатите пладневни натпревари:
     
    Киево - Џенова 2-1
    Аталанта - Новара 2-1
    Каљари - Удинезе 0-0
    Лацио - Палермо 0-0
    Сиена - Лече 3-0



    -------------
    I'm out bcz of pathetic around here


    Постирано од: Santijago
    Датум на внесување: 17.Октомври.2011 во 19:13

    Милан шампионски, мизеријата на Интер продолжува


    Актуелниот италијански шампион полека ја враќа својата стара препознатлива форма од минатата сезона. Синоќа Палермо ја плати сметката за лошите претходни игри на „росонерите“. Сицилијанците треба да бидат задоволни од поразот од http://www.dailymotion.com/video/xlpx8v_milan-back-to-their-impressive-best_sport?start=8#from=embed - 3-0 на „Сан Сиро“, бидејќи доколку Милан ги искористеше сите шанси, тоа ќе беше вистинска катастрофа за нив. Со враќањето на Робињо во составот по повредата, Алегри доби многу повеќе опции во нападот и затоа за прв пат сезонава излезе со формација 4-3-3.
     
    Со Ибрахимовиќ и Касано во нападот, Робињо играше одлично и беше можеби играч на натпреварот. Средниот ред на Милан предводен од Ван Бомел, Аквилани и Ночерино изгледаше одлично, бидејќи во фазата на одбрана ги прекинуваше нападите на Палермо уште на центарот, а во нападот беше креатор на сите поопасни акции на Милан. Одбраната на „росонерите“ на чело со Абијати воопшто немаше работа, бидејќи Палермо ниту еднаш не се закани. Победата на Милан ја најави поранешниот играч на тимот од Сицилија, Ночерино по одличната асистенција на Аквилани. Потоа Робињо во второто полувреме зголеми на 2-0, а точка на победата стави Касано. Единствената негативна работа од овој натпревар за Милан е повредата на Тијаго Силва.
     
    Интер и по доаѓањето на Раниери продолжува со катастрофалните игри во домашното првенство. По победите против Болоња и ЦСКА во Лигата на шампионите, „нероаѕурите“ се вратија на старите губитнички патеки. Вчера Интер иако водеше на гостувањето кај Катанија со 1-0 со голот на Камбијасо, домаќините преку Алмирон и Лоди на стартот на второто полувреме успеаја да направат http://videa.hu/videok/sport/cat-2-1-int-EC04wmWQvhDuEjb2 - пресврт и да дојдат до трите бода. Интер по овој нов пораз останува на дното на табелата во Серија А со само 4 освоени бодови. Вчера и Наполи загубисо http://www.dailymotion.com/video/xlpw9r_parma-surprise-napoli_sport?start=3#from=embed - 2-1 и тоа на домашен терен од Парма. Горан Пандев поради повреда не беше во комбинација за настап.



    -------------
    I'm out bcz of pathetic around here


    Постирано од: Santijago
    Датум на внесување: 30.Октомври.2011 во 22:27

    Ди Натале му донесе три бода на Удинезе

    Удинезе се врати на втората позиција во Серија А откако попладнево со 1-0 на Фриули беше совладан Палермо

    Ди Натале, кој поради ситна повреда го пропушти поразот од 2-0 на гостувањето кај Наполи во средата, се врати во стартниот состав на Гвидолин и напаѓачот уште еднаш беше херојот на Удинезе.

     

    Италијанскиот репрезентативец во 38та минута успешно избегна една офсајд стапицата на гостинските дефанзивци и со волеј удар успеа да ја затресе мрежата на Палермо.

     

    И покрај тоа што Удинезе имаше уште неколку добри шанси, погодокот на Ди Натале на крајот се покажа како победоносен.

     

    Гостите исто така можат да жалат што поразени си заминаа од Удине бидејќи имаа свои прилики за погодок но не успаа да ги искористат.

     

    До минимална победа стигна и Фиорентина во дуелот со Џенова. Единствениот погодок на средбата го постигна Лацари.

     

    Во 41та минута Виолетовите развија брз контра-напад а Лацари беше тој што ја смести топката во мрежата на Себастијан Фреј.

     

    Со оглед на тоа дека притисокот врз тренерот Синиша Михајловиќ беше голем, може да се каже дека фудбалерот од средниот ред го спаси стратегот од отказ.

     

    Но таква среќа немаше тренерот на Чезена, Марко Џампаоло кој ’доби клоца’ по поразот од 2-0 на гостувањето кај Парма.

     

    Џовинко промаши пенал за домакините но фудбалерите на Парма сепак дојдоа во водство во 41та минута. Гостинските фудбалери не успаа да расчистат една топка во петерецот а во целата мешаница најдобро се снајде Габриел Палета кој ја затресе мрежата на Чезена.

     

    Во 71та минута по еден корнер од десната страна, Лукарели се најде осамен на втората статива и рутински го совлада гостинскиот голман за да ја завери победата на Парма.

     

    Чезена е на последното место во Серија А па затоа управата на клубот реши да се раздели со тренерот Марко Џампаоло.

     

    Победа пред своите фанови забележа и Болоња во дуелот со Аталанта.

     

    Герман Денис продолжува да ги тресе противничките мрежи и во 7та минута ги донесе гостите во водство од 1-0.

     

    Но во финишот на првото полу-време, Марко Ди Ваио го изедначи резултатот со удар од белата точка а по само неколку минути игра во вториот дел домакините преку Гастон Рамирез направија комплетен пресврт.

     

    Во 68та минута Симоне Лориа ги постави конечните 3-1 и ја осигура победата на Болоња.

     

    Единствениот натпревар на кој попладнево немаше победник беше дуелот помеѓу Лече и Новара.

     

    Страсер ги донесе домакините во водство од 1-0 во 32та минута но резултатот беше изедначен во 44та минута кога Ригони во погодок го претвори ударот од 11 метри.

     

    Во првиот денешен натпревар, Сиена пред своите фанови со 4-1 славеше над Киево.



    http://www.youtube.com/watch?v=NNsz1Twg7gQ&feature=related - Интер - Јувентус 1-2 голема%20насмевка




    -------------
    I'm out bcz of pathetic around here


    Постирано од: емил
    Датум на внесување: 07.Ноември.2011 во 23:17

    Фиорентина го избрка Михајловиќ

    •  
    http://img.plusinfo.mk/large_pics/2011/11/07/sinisa.jpg

    Синиша Михајловиќ доби отказ од Фиорентина по серијата слаби резултати во Серија А. „Виолетовите“ по 10. одиграни кола во Италија се на 13. место на табелата со 12 бодови, а слабото салдо треба да се подбри со Делио Роси. Поранешниот тренер на Лацио и на Палермо со Фиорентина потпиша до јуни 2013 година



    -------------


    Постирано од: Santijago
    Датум на внесување: 27.Ноември.2011 во 15:40

    ЈУВЕНТУС ТРИУМФИРАШЕ ВО РИМ, НАПОЛИ СЕ СПАСУВАШЕ ОД ПОРАЗ

    slika

    Во дербито на 13 коло во калчо лигата Јувентус го победи Лацио во Рим со голот на Пепе во 35 минута и се искачи на првата позиција во Серија А која ќе ја задржи по сите средби од ова коло. Наполи со Пандев во стартниот состав  се спасуваше од пораз кај Аталанта со голот на Кавани во судиското продолжение додека за Аталанта гол постигна Денис за водство од 1:0. Горан Пандев одигра 62 минути.



    -------------
    I'm out bcz of pathetic around here


    Постирано од: емил
    Датум на внесување: 22.Јануари.2012 во 23:50

    http://www.svastarnik.com/informacii-sport/9802-pandev-go-spasi-napoli-od-poraz-milan-pobedi-na-gostuvanjeto-kaj-novara" rel="nofollow - Пандев го спаси Наполи од пораз, Милан победи на гостувањето кај Новара

     

    1614-pandev.jpg

    Македонскиот интернационалец одигра уште еден одличен натпревар во дресот на Наполи, Пандев постигна нов погодок со кој неговиот тим дојде до бод.  
    Сиена поведе во 67. минута кога Калаио со глава реализираше за водство на домаќините од 1-0.
     
    Голема шанса за израмнување пропушти Кавани кој не реализираше пенал за Наполи.
     
    Во 86. минута по асистенција од Досена, Горан Пандев со глава од 11 метри постигна убав гол за израмнување на 1-1.
     
    Пред самиот свиреж на судијата Пандев имаше фантастична можност да му донесе и победа на Наполи, убаво прими една топка, се ослободи од противничкиот играч, но биеше право во голманот на Сиена.
     
    Милан со 3-0 победи на гостувањето кај Новара.
     
    Росоњерите уште од првата минута атакуваа кон голот на Новара, но отпорот беше скршен во 57. минута кога Златан Ибрахимовиќ реализираше за 1-0.
     
    Во 74. минута Робињо зголемува и на 2-0, а Ибра во 90. постигна интересен гол за конечните 3-0 за Милан.
     
    Удинезе со 2-1 ја победи Катанија, во дуелот со најмногу голови Палермо со 5-3 славеше над Џенова.
     
    Лече и Киево одиграа нерешено 2-2, а Болоња и Парма без голови



    Постирано од: емил
    Датум на внесување: 01.Февруари.2012 во 05:37

    СЕРИЈА А: ЛУД НАТПРЕВАР НА ЏУЗЕПЕ МЕАЦА




    Интер и Палермо одиграа фантастичен натпревар со осум голови, Милан се “сопна“ во Рим, Удинезе немилосрден на домашен терен.


    Во дербито на колото Милан загуби на гости кја Лацио со 2:0. Влегоа доста претпазливо во натпреварот, беа малку подобар ривал, но Лацио одлично се бранеше во текот на сите 90 минути. Немаа никакви проблеми со нападот на Милан, освен неколку полушанси. На крајот тоа им се исшплатеше бидејќи преку Хернанес први постигнаа гол. Тој им побегна на чуварите и прекрасно шутираше, топката помина под раката на Абијати за 1:0. Милан продолжи на се или ништо, а таа ситуација ја искористи Роки во 85.минута за да го дотолчи противникот.


    На Џузепе Меаца, Интер не успеа да слави против Палермо но повторно видовме прекрасен натпревар. Домаќините на два пати губеа, но Милито денес беше сензационален постигнувајќи ги сите четири гола за домаќинот. На спротивната страна Миколи постигна хет-трик за Палермо, што беше доволно за 4:4 и поделба на бодовите.


    Удинесе продлжува да “гази“ на домашен терен. Овој пат жртва беше Лече, а Микеле Пацијенца со гол го прослави враќањето помеѓу “зебрите“. За 1:1 гол постигна Ди Микеле, но за победа повторно тука е Ди Натале. Со својот нов погодок му ја донесе победата на Удинезе.


    Рома падна на Сардинија, каде што Каљари ја победи волчицата со 4:2. Рома има проблеми со одбраната во последно време. Поведоа домаќините со голот на Рибеиро а Жуан и Борини ја доведоа Рома во водство од 1:2. Новото засилување, Пиниља, израмни, а потоа Рибеиро со својот втор гол ги доведе домаќините во водство од 3:2, а триумфот го потврди Екдал со гол во првата минута од судиското продолжение.


    Наполи со Пандев во тимот не успеа да ја совлада Чезена на домашен терен. Изгледа дека тимот е во мала криза. Резултатот остана оној почетниот, 0:0. Предвидувањата дека ќе се борат за врвот на табелата изгледа дека нема да се остварат.


    Натпреварите во Парма, Болоња, Бергамо и Сиена се одложени поради лошото време и поларните услови кои го зафатија северниот дел на Италија.


    Утре играат Новара и Киево.


    Каљари - Рома 4:2

    Интер - Палермо 4:4

    Лацио - Милан 2:0

    Удинезе - Лече 2:1

    Наполи - Чезена 0:0



    Постирано од: емил
    Датум на внесување: 15.Февруари.2012 во 23:02

    СЕРИЈА А: ЈУВЕ СО БОД, АТАЛАНТА ОСВОИ ТРИ







    Во двата натпревара кои беа одложени поради лошите временски услови, Јувентус успеа да освои само бод против Парма. Аталанта ја победи минимално Џенова.


    Заврши без голови во Парма, иако Јувентус беше подобар ривал. Во секој случај гостите ќе имаат многу забелешки за судењето на Мазолени кој се чини ги оштети за два чисти пенала.


    Првиот беше направен над Џакерини, но судијата остана нем, а вториот во последните секунди кога Сантакроче го собори Пирло, но и во таа ситуација судијата не се огласи. Јуве погоди и статива, имаше неколку зрели шанси за гол, но не успеаа да го совладаат Паварини. Резултатот секако му одговара на Милан кој остана на чело на табелата со бод, но и со натпревар повеќе.


    Во вториот дуел попладнево, минимална победа забележа Аталанта над Џенова. Отпорот на гостите беше скршен во финишот на натпреварот кога Денис и Марилунго ја измамија одбраната на гостите, а овој вториот го матираше Фреј.


    Парма - Јувентус 0:0


    Аталанта - Џенова 1:0




    Постирано од: емил
    Датум на внесување: 18.Февруари.2012 во 06:01

    http://www.svastarnik.com/informacii-sport/10407-bolonja-go-posramoti-inter-napoli-ubedliv-protiv-fiorentina" rel="nofollow - Болоња го посрамоти Интер, Наполи убедлив против Фиорентина


    Болоња го шокираше Интер, Нероазурите доживеаа срамен пораз на домашен терен. Интер во натпреварот влезе со негативен скор од последните натпревари, се очекуваше дека Болоња е тимот кој ќе биде победен за враќање на позитивната атмосфера. Но, тоа не се случи, Нероазурите претрпеа убедлив пораз од 3-0. Ди Ваио постигна два гола за две минути, во 37. и 38. ја затресе мрежата на Жулио Цезар.
     
    Конечните 3-0 ги постави Аквафреска на пет минути до крајот на натпреварот. Ова е петти пораз на Интер во последните шест натпревари, столчето на Клаудио Раниери е сериозно разнишано. За разлика од Интер, Наполи имаше фантастична увертира за натпреварот од Лигата на Шампионите против Челзи.
     
    Тимот на нашиот Горан Пандев славеше на гостувањето кај Фиорентина со 3-0. Кавани беше двоен стрелец за Наполи, еден погодок реализираше Лавеци. Горан Пандев од клупата го започна натпреварот, во игра влезе во 73. минута на местото од Кавани.
     
    Со овие три бода Наполи го помина Интер на табелата во Серија А и се искачи на петтата позиција.



    Постирано од: емил
    Датум на внесување: 12.Март.2012 во 10:23
    Порази на Лацио и Удинезе, Милан комотен на врвот

    Аспирантите за пласман во Лигата на шампионите, Лацио и Удинезе, забележаа порази во 27. коло, во италијанската Серија, коло по кое Милан ја зголеми предноста на врвот, на четири бода, во однос на Јувентус. 

    Лацио, на домашен терен, запиша неочекуван пораз од Болоња 1:3. Не координираната одбрана Лацио, предводена од голманот Маркети и дозволи на Болоња да поведе со 0:2, по само 28. минути игра. 

    Работите за Лацио се влошија во финишот на првиот дел кога Матузалем поради удирање на противнички играч доби црвен картон. 

    Трошка надеж за Лацио беше авто-голот на Рубин во 56. минута, но само четири минути подоцна домаќинот остана со уште еден играч помалку, црвен картон доби Гонзалес. Предноста од два гола на Болоња и ја врати Крхин, кој го постави конечниот резултат. 

    Болоња со оваа победа се искачи на деветото место со 35 бодови, Лацио остана на третата позиција со 48 бода. 

    Удинезе, забележа пораз од Новара, екипа која грчевито се бори за опстанок во лигата. Новара до трите бода дојде со голот на Жеда, оваа екипа и покрај победата е претпоследна на табелата со 20 бодови, додека Удинезе е петти со 46 бодови. 

    Милан, максимално го искористи киксот на Јувентус и со победата над Лече од 2:0, се одлепи на четири бода, на врвот. 

    На Јувентус му е попусто тоа што сеуште нема пораз во Серија А, „старата дама “ има ефект од 13 победи и 14 порази. Јуве не губи, но во последно време не успева ниту да победи. Натпреварот против Џенова беше четвртиот во низа на кој екипата на Антонио Конте одигра нерешен



    -------------


    Постирано од: емил
    Датум на внесување: 05.Јуни.2012 во 05:48

    УТВРДЕН РАСПОРЕДОТ ВО СЕРИА А







    Следната сезона во италијанскиот национален шампионат, поточно во најсилната лига, Сериа А ќе започне на 26 Август и ќе заврши на 19 Мај наредната година, потврдија првите луѓе на федерацијата.


    Зимската пауза ќе биде од 30 декември до 6 јануари, и ќе има три паузи за натпреварите на националната селекција.


    Три кола ќе бидат одиграни на во текот на неделата (вторник, среда).


    Финалето на Купот е закажано за 26 мај, додека пак реваншот на 1 јуни.


    Деталниот распоред по кола се очекува да излезе некаде после Европското првенство или кон средината на Јули.




    -------------


    Постирано од: Schatzii7
    Датум на внесување: 22.Септември.2013 во 22:55
    Римското дерби за " волчицата "

    Екипата на Рома го совлада Лацио со 2-0 во големото "римско дерби" и изби на чело на табелата во италијанската Серија А.

    Резултатот го отвори Балзарети во 63. минута, по центаршутот на Тоти, а Адем Љајиќ со гол од пенал во судиското надополнување го постави конечниот резултат.

    Актуелниот шампион Јувентус славеше на домашен терен против Верона со 2-1, иако гостите први поведоа преку Качаторе во 36. минута.

    За пресврт се погрижија Тевез, кој стрелеше во 40. минута и Љоренте, кој ја затресе мрежата во судиското надополнување од првиот дел.

    Фиорентина славеше на гости кај Аталанта со 0-2, со головите на Фернандез во 41. и Роси во 69. минута.

    Резултати 4. коло:

    Сасуоло - Интер 0-7

    Рома - Лацио 2-0

    Аталанта - Фиорентина 0-2

    Болоња - Торино 1-2

    Катанија - Парма 0-0

    Јувентус - Верона 2-1




    -------------
    »Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)


    Постирано од: Schatzii7
    Датум на внесување: 08.Декември.2013 во 17:53
    Рома се врати на победничките патеки

    Фудбалерите на Рома во рамките од 15 коло од италијанското фудбалско првенство забележаа победа против екипата на Фиорентина и со тоа се вратија на негатива од три бода во однос на Јувентус.

    Домаќините добро започнаа водство на домаќините донесе бразилецот Маикон кој по аситенцијата од Флоренци погоди за 1:0.

    Сепак овој брз гол не ја растури играта на „Виолетовите” кои го имаат еден од најдобрите напади во Серија А според бројот на постигнати голови, Фиорентина стигна до изедначување во 27 минута кога погоди Варгас.

    До крајот на првиот дел и двете екипи имаа свои шанси сепак резултатот остана не променет на полувреме се замина со 1:1. Моментот на одлука се случи во 67 минута, кога Жервињо упати корисен центаршут, а на вистински начин го искористи Матија Дестро кој ги постави конечните 2:1. Во 88 минута исклучување заработи Миралем Пјаниќ, но тоа не влијаеше на конечниот резултат.



    Постирано од: Blue Scarlet
    Датум на внесување: 08.Февруари.2014 во 12:34
    Вечерва Наполи ќе ја тестира стратегијата на Сидорф .... замисленост

    Наполи - Милан  ... 20:45 


    -------------
    Lupus non mordet lupum.

    Vulneratus non victus!



    Постирано од: Blue Scarlet
    Датум на внесување: 09.Февруари.2014 во 16:11
    И така Милан си прими 3 гола од Наполи (но дадоа еден де ) затоа што имаат одбрана како ретки заби ...... и пак ќе го обвинат тренерот .... 
    Да, да ... тој е крив .... лутина


    -------------
    Lupus non mordet lupum.

    Vulneratus non victus!




    Испечати | Затвори го прозорот

    Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
    Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk