IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Македонски писатели низ вековите
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Македонски писатели низ вековите

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123>
Автор
Порака
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4329
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Македонски писатели низ вековите
    Испратена: 27.Август.2010 во 21:22
Со оглед дека имаме потреба преку перото на нашите писатели да докажеме какво било времето и односот на соседните држави кон нашите писатели,во една вака,малку гломазна тема би ги претставиле сите Македонци кој твореле без разлика на кој јазик тоа било,дали англиски,бугарски,српски итн.

Ѓорѓи Абаџиев


Ѓорѓи Абаџиев (Дојран, 7 октомври 1910 - Скопје, 2 август 1963), македонски раскажувач, романсиер, историограф, публицист и сценарист.

Средно образование завршил во Горна Џумаја (Благоевград). Студирал на Правниот факултет во Софија каде што зел активно учество во организациите на прогресивната македонска емиграција во Бугарија. Член на Македонскиот литературен кружок (1938-1941) и на Македонскиот литературен кружок „Никола Вапцаров“ во Софија (1946-1947). Бил уредник на весникот „Македонско знаме“ (1945-1947). По враќањето во Македонија, во 1948 година, развива плодна дејност како писател, публицист и историчар. Работел во Институтот за национална историја во Скопје и бил негов директор. Член на Друштвото на писателите на Македонија од 1949 година.

За својата литературна работа добил повеќе награди и признанија. Добитник е на наградите за проза на НР Македонија и „11 Октомври“.

Сценариото за филмот „Мис Стон“ (1958) е неговиот прв чекор во филмската уметност
Ѓорѓи Абаџиев е познат како историски белетрист бидејќи историјата има истакнато место во неговите дела. Автор е на книгите:
„Труд и луѓе“ (уметнички репортажи и раскази, коавторство, 1936),
„Изгрев“ (раскази, 1950),
„Епопејата на Ножот“ (раскази, 1951),
„Последна средба“ (раскази, 1953),
„Арамиско гнездо“ (роман, 1954),
„Пустина“ (роман, 1961),
„Балканските војни во Македонија“ (монографија, 1972).



Коста Абраш (Абрашевиќ) (Охрид, 29 мај 1879 - Шабац, 20 јануари 1898), е македонски и српски пролетерски поет, по убедување социјалист, автор на само една постхумно објавена книга социјална лирика („Песни“, 1903). Се вбројува во групата на дводомни писатели, бидејќи пишувал на српски јазик.

Абрашевиќ книжевната историја го евидентира како еден од предвесниците на литературниот правец што вообичаено се именува како социјална литература.

Абрашевиќ го започнува своето школување во Охрид. По преселувањето на неговото семејство во Шабац, го продолжува образованието таму. Мошне млад почнува да пишува песни, љубовни и патриотски. Во 1894 година се запознава со социјалистичките идеи на кои им останува приврзан до крајот на својот краток живот.

Како спомен на него, неговите другари социјалисти во 1905 година во Белград формираат прво работничко културно-просветно друштво „Абрашевиќ“.



Александар Алексиев е македонски поет, романсиер, критичар, книжевен историчар и театралог.

Роден е во Кочани на 20 август 1929 година. Завршил Филозофски факултет во Скопје. Бил директор на Радио Скопје, на Архивот на Македонија и професор на Факултетот за драмски уметности. Долгогодишен уредник на списанието „Современост“. Член на ДПМ од 1959 година Почина на 23 февруари 2006 година.

Литературно творештво
Песни (1955)
Основоположници на македонската драмска литература (студии, 1972)
Војдан Чернодрински (монографија, 1974)
Антон Панов (монографија, 1974)
Македонската драмска литература (студии, 1976)
Македонската драма меѓу двете светски војни (студија, 1976)
Илинден и македонската драмска литература (студија, 1983)
Низ литературното минато и сегашноста (студии, 1985)
Љубов за љубов (монографија, 1994)
Деветте круга на пеколот (роман, 2000)

Ги уредил собраните дела на:
Војдан Чернодрински, во пет томови (1975)
Васил Иљоски, во три томови (1979)



Изменето од Македон - 27.Август.2010 во 23:32
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4329
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Август.2010 во 21:37
Петре Мито Андреевски (Слоештица, Демирхисарско, 25 јуни 1934 - Скопје, 25 септември 2006) е поет, романсиер, раскажувач и драмски автор. Се вбројува меѓу најдаровитите, а воедно и најпопуларните македонски поети и раскажувачи. Неговите приказни се честопати необични и чудно испреплетени, но во особеноста на својата упатеност кон читателот, раскрилуваат еден познат и близок свет, што го препознаваме како ехо на дамнешни, напати, темни кажувања.

Основно образование завршил во родното село, гимназија во Битола, а студирал на Филозофскиот (сега Филолошки) факултет во Скопје. Работел во Македонската телевизија. Бил уредник на списанието „Разгледи“. Член на Македонската академија на науките и уметностите. Член на Македонскиот ПЕН центар. Член на Друштвото на писателите на Македонија од 1964 година, a во 1983 година бил и негов претседател.

Застапуван е во сите антологии на македонската поезија објавени кај нас и во светот. Негови дела во посебни книги се презентирани на повеќе јазици надвор од Македонија.

На 9 октомври 2007, Претседателот на Република Македонија - Бранко Црвенковски, постхумно му додели Орден за заслуги за Македонија, за исклучителниот придонес во развојот и зацврстувањето на македонскиот дух и националната самобитност.

Литературно творештво

Стихозбирки:
Јазли (1960)
И на небо и на земја (1962)
Дениција (1968)
Дални наковални (1971)
Пофалби и поплаки (1975)
Вечна куќа (1987)
Лакримариј (1999)

Книги со раскази:
Седмиот ден (1964)
Неверни години (1974)
Сите лица на смртта (1994)
Боеми (постхумно)

Романи:
Пиреј (1980)
Скакулци (1983)
Небеска Тимјановна (1988)
Последните селани (1997)
Тунел (2003)
Бежанци (постхумно)


Книгата драми (1984), во која влегуваат:
Време за пеење
Богунемили

Стихозбирки за деца:
Шарам барам
Касни порасни

Томе Арсовски (Косовска Митровица, 23 септември 1928 - Скопје, 22 април 2007) бил македонски поет, раскажувач, романсиер, драмски автор, преведувач. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Работел над 30 години како драматург во Македонската радио-телевизија. Бил претседател на Друштвото на писатели на Македонија. Член на ДПМ од 1959 година, а во еден мандат беше и претседател на Македонската писателска асоцијација.

Борис Бојаџиски е роден во Охрид во 1915 година. Започна да се бави со литература додека беше во учителската академија во Шабац. Подоцна, како учител, напиша неколу приказни за деца.

По ослободувањето на Македонија, Бојаџиски беше еден од првите македонски автори за деца. Тој ги објави следните книги за деца:
Милка
Првите цутови
Чекори што не можеа да запрат
Денес, утре, задутре
Ронки
Галебово крило

Изменето од Македон - 27.Август.2010 во 23:34
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4329
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Август.2010 во 21:59
Никола Јонков Вапцаров (бугарски: Никола Йонков Вапцаров) бил македонски писател од Бугарија , роден во Банско, Пиринска Македонија, Отоманска Империја, (денес Бугарија) на 24 ноември 1909, а починал на 23 јули 1942 во Софија, Бугарија. Тој бил член на Сојузот на бугарските писатели.

Никола Вапцаров бил најсилен поетски талент меѓу Македонците кои создавале на други јазици, освен македонскиот. Неговата единствена стихозбирка со наслов „Моторни пѣсни“ содржи 20 песни напишани на бугарски јазик. Нему му е доделено едно од видните места во бугарската литература, иако тој самиот и во животот и преку својата поезија недвосмислено изјавувал дека е Македонец и дека ништо друго не би можел да биде и покрај тоа што создавал на бугарски јазик. Неговата поезија е изразито патриотска, социјална, револуционерна и хуманистичка.

Бранко Варошлија (роден на 1 јануари 1934 во Вучитрн, СФР Југославија (денес Србија) - почина на 1 јануари 2004 во Скопје) беше македонски писател.
Бранко Варошлија е роден на 1 јануари 1943 година во Вучитрн. Тој бил театарски критичар романтичар и раскажувач. Тој се запишува и завршува Филолошки Факултет во Скопје. По завшувањето на факултетот се вработува во Радио Скопје, потоа во „Млад борец“, потоа неговата кариера ја продолжува во „Разгледи“ и на крајот се вработува како новинар во „Нова Македонија“ каде што работи најдолго. Во 1978 се одлучува да се пишува драми и се приклучува на Македонскиот народен театар каде што работи како драматург до 1996. Починал на 1 јануари 2004 година во Скопје.

Коста Веселинов е македонски национален културен деец, публицист, поет и историчар. Во годините меѓу двете светски војни бил еден од знаменитите македонски новинари и публицисти, кои учествувале во процесот на утврдувањето и афирмацијата на македонската национална мисла.

Роден е во с. Бобошево, Дупница, Бугарија. Живеел и се школувал во Благоевград. Студирал право во Софија и Белград. Бил виден член на ВМРО (Обединета). Во 1931 г. се вклучил во штотуку формираната Македонска народна студентска група. Набрзо станал и нејзин челник. Работел во редакцијата на весниците „Македонски студентски лист“, „Македонска студентска трибина“, „Глобус“, „Македонско знаме“ и „Македонски вести“ во кои ги изложувал на остра критика и потсмев лажните автономисти. Токму од нив бил осуден на смрт, но тој продолжил настојчиво да ја води борбата за автентичноста на македонското национланоослободително движење. Тој бил еден од најблиските пријатели на Македонскиот литературен кружок во Софија. Во 1938 г. ја издал студијата „Национално поробени народи“, во 1939 г. книгата „Преродбата на Македонија и Илинденското востание“ во која македонското прашање го поставува како чин на изразита самобитност. Во 1940 г. го печати трудот „Борци за национална слобода“. Починал во логорот Ени Ќој во Тракија во 1942 г.

Изменето од Македон - 27.Август.2010 во 23:36
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4756
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Август.2010 во 07:23
Ajde sega i za Stojan Hristov pisi.
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4756
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Август.2010 во 07:30
Зошто го нема во Списокот на македонските писатели?

* Ѓорѓи Абаџиев
    * Коста Абраш
    * Душко Аврамов
    * Георги Ајановски
    * Роберт Алаѓозовски
    * Александар Алексиев
    * Никола Алтиев
    * Миле Ангеловски
    * Боро Андов
    * Стојан Андов
    * Венко Андоновски
    * Петре М. Андреевски
    * Цане Андреевски
    * Ивица Антески
    * Зоран Анчевски
    * Борис Апостолов
    * Маја Апостолоска
    * Олга Арбуљевска
    * Славка Арсова
    * Сузана Арсова
    * Георги Арсовски
    * Томе Арсовски
    * Михо Атанасовски
    * Весна Ацевска

Б

    * Стојче Балкански
    * Славе Банар
    * Димитар Башевски
    * Петар Башески
    * Лилјана Белева
    * Бобан Богатиновски
    * Русомир Богдановски
    * Ана Илијоска-Богиќ
    * Ѓоше Бојаџиев
    * Борис Бојаџиски
    * Генади Болиновски
    * Јован Боцевски
    * Петар Т. Бошковски
    * Гордана Михаилова - Бошнакоска
    * Александар Букарски
    * Вера Бужаровска
    * Наташа Бунтеска

В

    * Атанас Вангелов
    * Никола Вапцаров
    * Бранко Варошлија
    * Владан Велков
    * Коста Веселинов
    * Видое Видичевски
    * Борис Вишински
    * Јадранка Владова
    * Марија Воденска

Г

    * Викторија Гаго
    * Јосиф Грезловски - Гандето
    * Ташко Георгиевски
    * Христо Георгиевски
    * Аполон Гилевски
    * Паскал Гилевски
    * Сашо Гигов - Гиш
    * Душан Горенчевски
    * Сотир Гулески

Д

    * Петко Дабески
    * Младен Дилевски
    * Димитар Димитров
    * Љупчо Димитровски
    * Лидија Димковска
    * Гоце Димовски
    * Петре Димовски
    * Славе Ѓорго Димоски
    * Димо Н. Димчев
    * Ангел Динев
    * Ана Динковска
    * Љиљана Дирјан
    * Вецко Домазетовски
    * Елизабета Дончевска - Лушин
    * Симон Дракул
    * Васил Дрвошанов
    * Миодраг Друговац
    * Дејан Дуковски
    * Димитрие Дурацовски
    * Трајко Дурчовски
    * Александра Димитрова

Ѓ

    * Богомил Ѓузел
    * Јован Ѓуровски

Е

    * Александар Ежов
    * Лилјана Ефтимова

Ж

    * Ангел Жаров
    * Саме Лимани - Жарноски
    * Рајко Жинзифов

З

    * Бранко Зарески
    * Митко Зафировски
    * Цане Здравковски

Ѕ
И

    * Благоја Иванов
    * Васил Ивановски
    * Гого Ивановски
    * Србо Ивановски
    * Јован Ивањин
    * Васил Икономов
    * Андреј Илиевски
    * Бранко Илиевски
    * Тоде Илиевски
    * Томе Илиевски
    * Душица Илин
    * Васил Иљоски
    * Игор Исаковски

Ј

    * Чедо Јакимовски
    * Никола Јанев
    * Драган Јаневски
    * Славко Јаневски
    * Михаил Јанушев
    * Даринка Јанушева
    * Ристо Јачев
    * Љупчо Јованов
    * Мето Јовановски (писател)
    * Светлана Христова - Јоциќ
    * Мишо Јузмески

К

    * Емил Калешковски
    * Иван Карадак
    * Стојан Карајанов
    * Ацо Караманов
    * Ангел Каратанчев
    * Васко Караџа
    * Лазо Каровски
    * Трајче Кацаров
    * Блаже Китанов
    * Мишо Китановски
    * Ефтим Клетников
    * Алдо Климан
    * Зоран Ковачевски
    * Славчо Ковилоски
    * Сашо Кокаланов
    * Блаже Конески
    * Саво Костадиновски
    * Игор Крајчев
    * Владимир Костов
    * Јован Котески
    * Данило Коцевски
    * Благоја Кочовски
    * Никола Кочовски
    * Ристо Крле
    * Глигор Крстески
    * Христо Крстевски
    * Трајче Крстески
    * Ангелко Крстиќ
    * Jоаким Крчовски
    * Паско Кузман
    * Александар Кујунџиски
    * Жарко Кујунџиски
    * Разме Кумбароски
    * Васил Куновски

Л

    * Ристо Лазаров
    * Благоја Лактински
    * Ермис Лафазановски
    * Михаил Левенски
    * Милош Линдро
    * Алексо Лозановски
    * Борис Лозановски

Љ
М

    * Крсте Петков Мисирков
    * Методи Манев
    * Магдалена Македонска
    * Славе Македонски
    * Димче Маленко
    * Калина Малеска
    * Владо Малески
    * Коле Мангов
    * Евтим Манев
    * Славка Манева
    * Васе Манчев
    * Венко Марковски
    * Миле Марковски
    * Цветко Мартиновски
    * Виолета Мартиноска
    * Матеја Матевски
    * Кирил Манасиев
    * Соња Манџук
    * Никола Маџиров
    * Митко Маџунков
    * Бистрица Миркуловска
    * Драги Михајловски
    * Константин Миладинов
    * Димитар Миладинов
    * Блаже Миневски
    * Александар Митевски
    * Слободан Мицковиќ
    * Тодор Мицов
    * Ранко Младеноски

Н

    * Тихо Најдовски
    * Драгица Најческа
    * Душко Наневски
    * Сашко Насев
    * Лазо Наумовски
    * Смиле Наумовски
    * Волче Наумчески
    * Велко Неделковски
    * Миле Неделковски
    * Коле Неделковски
    * Ванчо Николески
    * Кирил Николов
    * Оливера Николова
    * Роза Николова
    * Снежана Николовска
    * Васо Николовски

Њ
О
П

    * Блаже Павловски
    * Божин Павловски
    * Јован Павловски
    * Радован Павловски
    * Димитар Пандев
    * Антон Панов
    * Борче Панов
    * Доне Пановски
    * Кирил Пејчиновиќ
    * Бранко Пендовски
    * Радослав Петковски
    * Трајан Петревски
    * Горјан Петрески
    * Христо Петрески
    * Митко Петро
    * Том Пецинис
    * Владимир Плавевски
    * Јордан Плевнеш
    * Благоја Ристески - Платнар
    * Видое Подгорец
    * Ванчо Полазаревски
    * Антон Панов
    * Антон Попов
    * Стале Попов
    * Александар Поповски
    * Анте Поповски
    * Глигор Поповски
    * Лазар Поп-Трајков
    * Григор Прличев
    * Александар Прокопиев
    * Васил Пујовски
    * Бранко Пендовски

Р

    * Науме Радически
    * Кочо Рацин
    * Михаил Ренџов
    * Цане Ризески
    * Стојан Ристески
    * Душко Родев
    * Ката Мисиркова – Руменова

С

    * Св. Кирил и Методиј
    * Св. Климент Охридски
    * Св. Наум Охридски
    * Аврам Садикарио
    * Благој Самоников
    * Мирјанка Р. Селчанец
    * Раде Силјан
    * Благоја Силјаноски
    * Стојмир Симјановски
    * Стево Симски
    * Бошко Смаќоски
    * Михаил Сматракалев
    * Веле Смилевски
    * Гоце Смилевски
    * Димитар Солев
    * Коце Солунски
    * Илинден Спасе
    * Драган Спасески
    * Александар Спасов
    * Владислава Спироска
    * Младен Србиновски
    * Синиша Станковиќ
    * Билјана Станковска
    * Георги Старделов
    * Луан Старова
    * Горан Стефановски
    * Радован Стоилов
    * Горан Б. Стојановски
    * Тихомир Стојановски
    * Тришо Стојановски
    * Дејана Т. Стојковска
    * Глигор Стојковски
    * Санде Стојчевски
    * Страшо Страшевски
    * Јован Стрезоски
    * Ацо Силјаноски

Т

    * Богоја Таневски
    * Стефан Таневски
    * Стојан Тарапуза
    * Димитар Тасевски
    * Јовица Тасевски - Етернијан
    * Гане Тодоровски
    * Добре Тодоровски
    * Васил Тоциновски
    * Иван Точко
    * Васил Толевски

Ќ

    * Оливера Ќорвезировска
    * Катица Ќулавкова
    * Атанас Ќушкоски

У

    * Кочо Урдин
    * Влада Урошевиќ

Ф

    * Методија Фотев

Х

    * Магдалена Хорват
    * Александар Христовски

Ц

    * Радован П. Цветковски
    * Бранко Цветкоски
    * Марко Цепенков
    * Црноризец Храбар

Ч

    * Тодор Чаловски
    * Томо Чаловски
    * Доне Чапарев
    * Иван Чаповски
    * Крсте Чачански
    * Коле Чашуле
    * Вера Чејковска
    * Војдан Чернодрински
    * Живко Чинго

Џ

    * Игор Џамбазов
    * Ненад Џамбазов
    * Илија Џаџев
    * Иван Џепароски

Ш

    * Ристо Шанев
    * Ана Шапкалиска
    * Кузман Шапкарев
    * Елизабета Шелева
    * Виктор Б. Шеќероски
    * Петар Ширилов
    * Ацо Шопов
    * Владимир Шопов
    * Евгенија Шуплинова


Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4756
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Август.2010 во 07:47
Зошто сте го пишале и Црноризец Храбар како македонски писател?
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4329
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Август.2010 во 10:48
Ќе напишам и за Стојан Христов а и за други кој ги нема на тој список,колку што знам јас тој список не е целосен а не е ни официјален за ти да се повикуваш на него.Патем дали знаеш што титула добива Стојан Христов во Македонија???
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4756
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Август.2010 во 13:37
Знам. Мене ме интересира процесот на трансформација кај него.
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4756
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Август.2010 во 14:13
Vo 1938 g. koga izleguva negovata avtobiografija si e uste so bugarska svest.
TIME



NEW YORK TIMES



Изменето од Каснакоски - 28.Август.2010 во 14:14
Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2969
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Август.2010 во 14:31
Чудно ми е... Има го Никола Вапцаров, па го нема Христо Смирненски?
Мунгос - цензорот на Мисирков
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4756
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Август.2010 во 14:41
Сигурно не се слушнале за него. Ако знаеле дека пишува за своите роднини Македонци, а своите тетки ги нарекува Македонки.....
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4756
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Август.2010 во 19:18
Originally posted by чоли чоли напиша:

Чудно ми е... Има го Никола Вапцаров, па го нема Христо Смирненски?


Vo Enciklopedijata go imalo.



/Han Solo/

Изменето од Каснакоски - 28.Август.2010 во 19:19
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4329
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Август.2010 во 00:02
Симеон Радев
Од Википедија, слободната енциклопедија
Непроверена

Симеон Радев (Ресен, 19 јануари 1879 - Софија, 15 февруари 1967) бил истакнат македонски новинар до 1903 година, а потоа виден бугарски публицист, историчар и дипломат. Како студент во Женева и близок до ЦК на ТМОРО, притоа и приврзаник на Борис Сарафов, тој го издава таму (на француски јазик) весникот “L’ Effort” (1900-1901), а по дипломирањето во Париз го редактира весникот „Mouvement Macedonien” (Македонско движење) (1902-1903).

Автор е на една од првите истории на Третата бугарска држава - „Градители на современа Бугарија“. Бил бугарски дипломатски претставник во Бук*решт, Берн, Хаг, Анкара, Вашингтон, Лондон и Брисел, исто така и прв бугарски претставник во Друштвото на народите во Женева. Истакнат член на Македонскиот научен институт.

После Младотурската револуција од 1908 година го поддржува Соjузот на бугарските конституциони клубови.

Симеон Радев е член и на бугарската делегација при потпишувањето на Бук*решкиот договор во 1913 година и при потпишувањето на Солунското примирје во 1918 година.

Умира во Софија во 1967.

Во своите дела Радев се нарекува Бугарин од Македонија, а словенското население во Македонија - бугарско.


Мисли на Симеон Радев
„... решив дека најдобро средство ќе биде да ги опишам моите спомени од младоста, кога се школував во Македонија и во Цариград, живеев со гордоста да кажувам дека сум Бугарин и со радоста дека се школувам
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4329
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Август.2010 во 00:04
Антон Страшимиров

“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,656 секунди.