Македонски писатели низ вековите
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Историја
Опис на форумот: Александар, Кирил, Самоил, Мисирков, Делчев
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=23119
Датум на принтање: 12.Декември.2024 во 15:34 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Македонски писатели низ вековите
Постирано од: mungos80
Наслов: Македонски писатели низ вековите
Датум на внесување: 27.Август.2010 во 21:22
Со оглед дека имаме потреба преку перото на нашите писатели да докажеме какво било времето и односот на соседните држави кон нашите писатели,во една вака,малку гломазна тема би ги претставиле сите Македонци кој твореле без разлика на кој јазик тоа било,дали англиски,бугарски,српски итн.
Ѓорѓи Абаџиев
Ѓорѓи Абаџиев (Дојран, 7 октомври 1910 - Скопје, 2 август 1963), македонски раскажувач, романсиер, историограф, публицист и сценарист.
Средно образование завршил во Горна Џумаја (Благоевград). Студирал на Правниот факултет во Софија каде што зел активно учество во организациите на прогресивната македонска емиграција во Бугарија. Член на Македонскиот литературен кружок (1938-1941) и на Македонскиот литературен кружок „Никола Вапцаров“ во Софија (1946-1947). Бил уредник на весникот „Македонско знаме“ (1945-1947). По враќањето во Македонија, во 1948 година, развива плодна дејност како писател, публицист и историчар. Работел во Институтот за национална историја во Скопје и бил негов директор. Член на Друштвото на писателите на Македонија од 1949 година.
За својата литературна работа добил повеќе награди и признанија. Добитник е на наградите за проза на НР Македонија и „11 Октомври“.
Сценариото за филмот „Мис Стон“ (1958) е неговиот прв чекор во филмската уметност
Ѓорѓи Абаџиев е познат како историски белетрист бидејќи историјата има истакнато место во неговите дела. Автор е на книгите:
„Труд и луѓе“ (уметнички репортажи и раскази, коавторство, 1936),
„Изгрев“ (раскази, 1950),
„Епопејата на Ножот“ (раскази, 1951),
„Последна средба“ (раскази, 1953),
„Арамиско гнездо“ (роман, 1954),
„Пустина“ (роман, 1961),
„Балканските војни во Македонија“ (монографија, 1972).
Коста Абраш (Абрашевиќ) (Охрид, 29 мај 1879 - Шабац, 20 јануари 1898), е македонски и српски пролетерски поет, по убедување социјалист, автор на само една постхумно објавена книга социјална лирика („Песни“, 1903). Се вбројува во групата на дводомни писатели, бидејќи пишувал на српски јазик.
Абрашевиќ книжевната историја го евидентира како еден од предвесниците на литературниот правец што вообичаено се именува како социјална литература.
Абрашевиќ го започнува своето школување во Охрид. По преселувањето на неговото семејство во Шабац, го продолжува образованието таму. Мошне млад почнува да пишува песни, љубовни и патриотски. Во 1894 година се запознава со социјалистичките идеи на кои им останува приврзан до крајот на својот краток живот.
Како спомен на него, неговите другари социјалисти во 1905 година во Белград формираат прво работничко културно-просветно друштво „Абрашевиќ“.
Александар Алексиев е македонски поет, романсиер, критичар, книжевен историчар и театралог.
Роден е во Кочани на 20 август 1929 година. Завршил Филозофски факултет во Скопје. Бил директор на Радио Скопје, на Архивот на Македонија и професор на Факултетот за драмски уметности. Долгогодишен уредник на списанието „Современост“. Член на ДПМ од 1959 година Почина на 23 февруари 2006 година.
Литературно творештво
Песни (1955)
Основоположници на македонската драмска литература (студии, 1972)
Војдан Чернодрински (монографија, 1974)
Антон Панов (монографија, 1974)
Македонската драмска литература (студии, 1976)
Македонската драма меѓу двете светски војни (студија, 1976)
Илинден и македонската драмска литература (студија, 1983)
Низ литературното минато и сегашноста (студии, 1985)
Љубов за љубов (монографија, 1994)
Деветте круга на пеколот (роман, 2000)
Ги уредил собраните дела на:
Војдан Чернодрински, во пет томови (1975)
Васил Иљоски, во три томови (1979)
------------- “Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
Коментари:
Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 27.Август.2010 во 21:37
Петре Мито Андреевски (Слоештица, Демирхисарско, 25 јуни 1934 - Скопје, 25 септември 2006) е поет, романсиер, раскажувач и драмски автор. Се вбројува меѓу најдаровитите, а воедно и најпопуларните македонски поети и раскажувачи. Неговите приказни се честопати необични и чудно испреплетени, но во особеноста на својата упатеност кон читателот, раскрилуваат еден познат и близок свет, што го препознаваме како ехо на дамнешни, напати, темни кажувања.
Основно образование завршил во родното село, гимназија во Битола, а студирал на Филозофскиот (сега Филолошки) факултет во Скопје. Работел во Македонската телевизија. Бил уредник на списанието „Разгледи“. Член на Македонската академија на науките и уметностите. Член на Македонскиот ПЕН центар. Член на Друштвото на писателите на Македонија од 1964 година, a во 1983 година бил и негов претседател.
Застапуван е во сите антологии на македонската поезија објавени кај нас и во светот. Негови дела во посебни книги се презентирани на повеќе јазици надвор од Македонија.
На 9 октомври 2007, Претседателот на Република Македонија - Бранко Црвенковски, постхумно му додели Орден за заслуги за Македонија, за исклучителниот придонес во развојот и зацврстувањето на македонскиот дух и националната самобитност.
Литературно творештво
Стихозбирки:
Јазли (1960)
И на небо и на земја (1962)
Дениција (1968)
Дални наковални (1971)
Пофалби и поплаки (1975)
Вечна куќа (1987)
Лакримариј (1999)
Книги со раскази:
Седмиот ден (1964)
Неверни години (1974)
Сите лица на смртта (1994)
Боеми (постхумно)
Романи:
Пиреј (1980)
Скакулци (1983)
Небеска Тимјановна (1988)
Последните селани (1997)
Тунел (2003)
Бежанци (постхумно)
Книгата драми (1984), во која влегуваат:
Време за пеење
Богунемили
Стихозбирки за деца:
Шарам барам
Касни порасни
Томе Арсовски (Косовска Митровица, 23 септември 1928 - Скопје, 22 април 2007) бил македонски поет, раскажувач, романсиер, драмски автор, преведувач. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Работел над 30 години како драматург во Македонската радио-телевизија. Бил претседател на Друштвото на писатели на Македонија. Член на ДПМ од 1959 година, а во еден мандат беше и претседател на Македонската писателска асоцијација.
Борис Бојаџиски е роден во Охрид во 1915 година. Започна да се бави со литература додека беше во учителската академија во Шабац. Подоцна, како учител, напиша неколу приказни за деца.
По ослободувањето на Македонија, Бојаџиски беше еден од првите македонски автори за деца. Тој ги објави следните книги за деца:
Милка
Првите цутови
Чекори што не можеа да запрат
Денес, утре, задутре
Ронки
Галебово крило
------------- “Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 27.Август.2010 во 21:59
Никола Јонков Вапцаров (бугарски: Никола Йонков Вапцаров) бил македонски писател од Бугарија , роден во Банско, Пиринска Македонија, Отоманска Империја, (денес Бугарија) на 24 ноември 1909, а починал на 23 јули 1942 во Софија, Бугарија. Тој бил член на Сојузот на бугарските писатели.
Никола Вапцаров бил најсилен поетски талент меѓу Македонците кои создавале на други јазици, освен македонскиот. Неговата единствена стихозбирка со наслов „Моторни пѣсни“ содржи 20 песни напишани на бугарски јазик. Нему му е доделено едно од видните места во бугарската литература, иако тој самиот и во животот и преку својата поезија недвосмислено изјавувал дека е Македонец и дека ништо друго не би можел да биде и покрај тоа што создавал на бугарски јазик. Неговата поезија е изразито патриотска, социјална, револуционерна и хуманистичка.
Бранко Варошлија (роден на 1 јануари 1934 во Вучитрн, СФР Југославија (денес Србија) - почина на 1 јануари 2004 во Скопје) беше македонски писател.
Бранко Варошлија е роден на 1 јануари 1943 година во Вучитрн. Тој бил театарски критичар романтичар и раскажувач. Тој се запишува и завршува Филолошки Факултет во Скопје. По завшувањето на факултетот се вработува во Радио Скопје, потоа во „Млад борец“, потоа неговата кариера ја продолжува во „Разгледи“ и на крајот се вработува како новинар во „Нова Македонија“ каде што работи најдолго. Во 1978 се одлучува да се пишува драми и се приклучува на Македонскиот народен театар каде што работи како драматург до 1996. Починал на 1 јануари 2004 година во Скопје.
Коста Веселинов е македонски национален културен деец, публицист, поет и историчар. Во годините меѓу двете светски војни бил еден од знаменитите македонски новинари и публицисти, кои учествувале во процесот на утврдувањето и афирмацијата на македонската национална мисла.
Роден е во с. Бобошево, Дупница, Бугарија. Живеел и се школувал во Благоевград. Студирал право во Софија и Белград. Бил виден член на ВМРО (Обединета). Во 1931 г. се вклучил во штотуку формираната Македонска народна студентска група. Набрзо станал и нејзин челник. Работел во редакцијата на весниците „Македонски студентски лист“, „Македонска студентска трибина“, „Глобус“, „Македонско знаме“ и „Македонски вести“ во кои ги изложувал на остра критика и потсмев лажните автономисти. Токму од нив бил осуден на смрт, но тој продолжил настојчиво да ја води борбата за автентичноста на македонското национланоослободително движење. Тој бил еден од најблиските пријатели на Македонскиот литературен кружок во Софија. Во 1938 г. ја издал студијата „Национално поробени народи“, во 1939 г. книгата „Преродбата на Македонија и Илинденското востание“ во која македонското прашање го поставува како чин на изразита самобитност. Во 1940 г. го печати трудот „Борци за национална слобода“. Починал во логорот Ени Ќој во Тракија во 1942 г.
------------- “Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
Постирано од: Каснакоски
Датум на внесување: 28.Август.2010 во 07:23
Ajde sega i za Stojan Hristov pisi.
-------------
|
Постирано од: Каснакоски
Датум на внесување: 28.Август.2010 во 07:30
Зошто го нема во Списокот на македонските писатели?
* Ѓорѓи Абаџиев
* Коста Абраш
* Душко Аврамов
* Георги Ајановски
* Роберт Алаѓозовски
* Александар Алексиев
* Никола Алтиев
* Миле Ангеловски
* Боро Андов
* Стојан Андов
* Венко Андоновски
* Петре М. Андреевски
* Цане Андреевски
* Ивица Антески
* Зоран Анчевски
* Борис Апостолов
* Маја Апостолоска
* Олга Арбуљевска
* Славка Арсова
* Сузана Арсова
* Георги Арсовски
* Томе Арсовски
* Михо Атанасовски
* Весна Ацевска
Б
* Стојче Балкански
* Славе Банар
* Димитар Башевски
* Петар Башески
* Лилјана Белева
* Бобан Богатиновски
* Русомир Богдановски
* Ана Илијоска-Богиќ
* Ѓоше Бојаџиев
* Борис Бојаџиски
* Генади Болиновски
* Јован Боцевски
* Петар Т. Бошковски
* Гордана Михаилова - Бошнакоска
* Александар Букарски
* Вера Бужаровска
* Наташа Бунтеска
В
* Атанас Вангелов
* Никола Вапцаров
* Бранко Варошлија
* Владан Велков
* Коста Веселинов
* Видое Видичевски
* Борис Вишински
* Јадранка Владова
* Марија Воденска
Г
* Викторија Гаго
* Јосиф Грезловски - Гандето
* Ташко Георгиевски
* Христо Георгиевски
* Аполон Гилевски
* Паскал Гилевски
* Сашо Гигов - Гиш
* Душан Горенчевски
* Сотир Гулески
Д
* Петко Дабески
* Младен Дилевски
* Димитар Димитров
* Љупчо Димитровски
* Лидија Димковска
* Гоце Димовски
* Петре Димовски
* Славе Ѓорго Димоски
* Димо Н. Димчев
* Ангел Динев
* Ана Динковска
* Љиљана Дирјан
* Вецко Домазетовски
* Елизабета Дончевска - Лушин
* Симон Дракул
* Васил Дрвошанов
* Миодраг Друговац
* Дејан Дуковски
* Димитрие Дурацовски
* Трајко Дурчовски
* Александра Димитрова
Ѓ
* Богомил Ѓузел
* Јован Ѓуровски
Е
* Александар Ежов
* Лилјана Ефтимова
Ж
* Ангел Жаров
* Саме Лимани - Жарноски
* Рајко Жинзифов
З
* Бранко Зарески
* Митко Зафировски
* Цане Здравковски
Ѕ
И
* Благоја Иванов
* Васил Ивановски
* Гого Ивановски
* Србо Ивановски
* Јован Ивањин
* Васил Икономов
* Андреј Илиевски
* Бранко Илиевски
* Тоде Илиевски
* Томе Илиевски
* Душица Илин
* Васил Иљоски
* Игор Исаковски
Ј
* Чедо Јакимовски
* Никола Јанев
* Драган Јаневски
* Славко Јаневски
* Михаил Јанушев
* Даринка Јанушева
* Ристо Јачев
* Љупчо Јованов
* Мето Јовановски (писател)
* Светлана Христова - Јоциќ
* Мишо Јузмески
К
* Емил Калешковски
* Иван Карадак
* Стојан Карајанов
* Ацо Караманов
* Ангел Каратанчев
* Васко Караџа
* Лазо Каровски
* Трајче Кацаров
* Блаже Китанов
* Мишо Китановски
* Ефтим Клетников
* Алдо Климан
* Зоран Ковачевски
* Славчо Ковилоски
* Сашо Кокаланов
* Блаже Конески
* Саво Костадиновски
* Игор Крајчев
* Владимир Костов
* Јован Котески
* Данило Коцевски
* Благоја Кочовски
* Никола Кочовски
* Ристо Крле
* Глигор Крстески
* Христо Крстевски
* Трајче Крстески
* Ангелко Крстиќ
* Jоаким Крчовски
* Паско Кузман
* Александар Кујунџиски
* Жарко Кујунџиски
* Разме Кумбароски
* Васил Куновски
Л
* Ристо Лазаров
* Благоја Лактински
* Ермис Лафазановски
* Михаил Левенски
* Милош Линдро
* Алексо Лозановски
* Борис Лозановски
Љ
М
* Крсте Петков Мисирков
* Методи Манев
* Магдалена Македонска
* Славе Македонски
* Димче Маленко
* Калина Малеска
* Владо Малески
* Коле Мангов
* Евтим Манев
* Славка Манева
* Васе Манчев
* Венко Марковски
* Миле Марковски
* Цветко Мартиновски
* Виолета Мартиноска
* Матеја Матевски
* Кирил Манасиев
* Соња Манџук
* Никола Маџиров
* Митко Маџунков
* Бистрица Миркуловска
* Драги Михајловски
* Константин Миладинов
* Димитар Миладинов
* Блаже Миневски
* Александар Митевски
* Слободан Мицковиќ
* Тодор Мицов
* Ранко Младеноски
Н
* Тихо Најдовски
* Драгица Најческа
* Душко Наневски
* Сашко Насев
* Лазо Наумовски
* Смиле Наумовски
* Волче Наумчески
* Велко Неделковски
* Миле Неделковски
* Коле Неделковски
* Ванчо Николески
* Кирил Николов
* Оливера Николова
* Роза Николова
* Снежана Николовска
* Васо Николовски
Њ
О
П
* Блаже Павловски
* Божин Павловски
* Јован Павловски
* Радован Павловски
* Димитар Пандев
* Антон Панов
* Борче Панов
* Доне Пановски
* Кирил Пејчиновиќ
* Бранко Пендовски
* Радослав Петковски
* Трајан Петревски
* Горјан Петрески
* Христо Петрески
* Митко Петро
* Том Пецинис
* Владимир Плавевски
* Јордан Плевнеш
* Благоја Ристески - Платнар
* Видое Подгорец
* Ванчо Полазаревски
* Антон Панов
* Антон Попов
* Стале Попов
* Александар Поповски
* Анте Поповски
* Глигор Поповски
* Лазар Поп-Трајков
* Григор Прличев
* Александар Прокопиев
* Васил Пујовски
* Бранко Пендовски
Р
* Науме Радически
* Кочо Рацин
* Михаил Ренџов
* Цане Ризески
* Стојан Ристески
* Душко Родев
* Ката Мисиркова – Руменова
С
* Св. Кирил и Методиј
* Св. Климент Охридски
* Св. Наум Охридски
* Аврам Садикарио
* Благој Самоников
* Мирјанка Р. Селчанец
* Раде Силјан
* Благоја Силјаноски
* Стојмир Симјановски
* Стево Симски
* Бошко Смаќоски
* Михаил Сматракалев
* Веле Смилевски
* Гоце Смилевски
* Димитар Солев
* Коце Солунски
* Илинден Спасе
* Драган Спасески
* Александар Спасов
* Владислава Спироска
* Младен Србиновски
* Синиша Станковиќ
* Билјана Станковска
* Георги Старделов
* Луан Старова
* Горан Стефановски
* Радован Стоилов
* Горан Б. Стојановски
* Тихомир Стојановски
* Тришо Стојановски
* Дејана Т. Стојковска
* Глигор Стојковски
* Санде Стојчевски
* Страшо Страшевски
* Јован Стрезоски
* Ацо Силјаноски
Т
* Богоја Таневски
* Стефан Таневски
* Стојан Тарапуза
* Димитар Тасевски
* Јовица Тасевски - Етернијан
* Гане Тодоровски
* Добре Тодоровски
* Васил Тоциновски
* Иван Точко
* Васил Толевски
Ќ
* Оливера Ќорвезировска
* Катица Ќулавкова
* Атанас Ќушкоски
У
* Кочо Урдин
* Влада Урошевиќ
Ф
* Методија Фотев
Х
* Магдалена Хорват
* Александар Христовски
Ц
* Радован П. Цветковски
* Бранко Цветкоски
* Марко Цепенков
* Црноризец Храбар
Ч
* Тодор Чаловски
* Томо Чаловски
* Доне Чапарев
* Иван Чаповски
* Крсте Чачански
* Коле Чашуле
* Вера Чејковска
* Војдан Чернодрински
* Живко Чинго
Џ
* Игор Џамбазов
* Ненад Џамбазов
* Илија Џаџев
* Иван Џепароски
Ш
* Ристо Шанев
* Ана Шапкалиска
* Кузман Шапкарев
* Елизабета Шелева
* Виктор Б. Шеќероски
* Петар Ширилов
* Ацо Шопов
* Владимир Шопов
* Евгенија Шуплинова
-------------
|
Постирано од: Каснакоски
Датум на внесување: 28.Август.2010 во 07:47
Зошто сте го пишале и Црноризец Храбар како македонски писател?
-------------
|
Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 28.Август.2010 во 10:48
Ќе напишам и за Стојан Христов а и за други кој ги нема на тој список,колку што знам јас тој список не е целосен а не е ни официјален за ти да се повикуваш на него.Патем дали знаеш што титула добива Стојан Христов во Македонија???
------------- “Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
Постирано од: Каснакоски
Датум на внесување: 28.Август.2010 во 13:37
Знам. Мене ме интересира процесот на трансформација кај него.
-------------
|
Постирано од: Каснакоски
Датум на внесување: 28.Август.2010 во 14:13
Vo 1938 g. koga izleguva negovata avtobiografija si e uste so bugarska svest.
TIME
NEW YORK TIMES
-------------
|
Постирано од: чоли
Датум на внесување: 28.Август.2010 во 14:31
Чудно ми е... Има го Никола Вапцаров, па го нема http://mk.wikipedia.org/wiki/Христо_Смирненски - Христо Смирненски ?
------------- Мунгос - цензорот на Мисирков
|
Постирано од: Каснакоски
Датум на внесување: 28.Август.2010 во 14:41
Сигурно не се слушнале за него. Ако знаеле дека пишува за своите роднини Македонци, а своите тетки ги нарекува Македонки.....
-------------
|
Постирано од: Каснакоски
Датум на внесување: 28.Август.2010 во 19:18
чоли напиша:
Чудно ми е... Има го Никола Вапцаров, па го нема http://mk.wikipedia.org/wiki/Христо_Смирненски - Христо Смирненски ? |
Vo Enciklopedijata go imalo.
/Han Solo/
-------------
|
Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 29.Август.2010 во 00:02
Симеон Радев
Од Википедија, слободната енциклопедија
Непроверена
Симеон Радев (Ресен, 19 јануари 1879 - Софија, 15 февруари 1967) бил истакнат македонски новинар до 1903 година, а потоа виден бугарски публицист, историчар и дипломат. Како студент во Женева и близок до ЦК на ТМОРО, притоа и приврзаник на Борис Сарафов, тој го издава таму (на француски јазик) весникот “L’ Effort” (1900-1901), а по дипломирањето во Париз го редактира весникот „Mouvement Macedonien” (Македонско движење) (1902-1903).
Автор е на една од првите истории на Третата бугарска држава - „Градители на современа Бугарија“. Бил бугарски дипломатски претставник во Бук*решт, Берн, Хаг, Анкара, Вашингтон, Лондон и Брисел, исто така и прв бугарски претставник во Друштвото на народите во Женева. Истакнат член на Македонскиот научен институт.
После Младотурската револуција од 1908 година го поддржува Соjузот на бугарските конституциони клубови.
Симеон Радев е член и на бугарската делегација при потпишувањето на Бук*решкиот договор во 1913 година и при потпишувањето на Солунското примирје во 1918 година.
Умира во Софија во 1967.
Во своите дела Радев се нарекува Бугарин од Македонија, а словенското население во Македонија - бугарско.
Мисли на Симеон Радев
„... решив дека најдобро средство ќе биде да ги опишам моите спомени од младоста, кога се школував во Македонија и во Цариград, живеев со гордоста да кажувам дека сум Бугарин и со радоста дека се школувам
------------- “Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 29.Август.2010 во 00:04
Антон Страшимиров
------------- “Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 29.Август.2010 во 00:06
Димитар Талев (бугарски: Димитър Талев) бил македонски и бугарски писател со потекло од Македонија. По доаѓањето на комунистите на власт во Бугарија, тој е затворен под обвинение дека ширел великобугарски шовинизам. Ослободен во 1948 година тој продолжува да живее и работи во Бугарија. Умира на 20 октомври 1966 год. во Софија. Признаен е за еден од класичните бугарски автори од 20 век[1], а во 2009 година неговиот роман „Железниот светилник“ е избран на 4 место од 12 наjсакани книги од бугарските читачи.
Димитар Талев беше славен од УНЕСКО во 1998 за придонес кон светската култура.
Романи
„Железниот светилник“ (бугарски: „Железният светилник“) 1952)
„Илинден“ (бугарски: „Илинден“) (1953)
„Преспанските камбани“ (бугарски: „Преспанските камбани“) (1954)
„Самоил“ (бугарски: „Самуил“) (1958)
„Хилендарскиот монах“ (бугарски: „Хилендарският монах“)
„Гласовите ви ги слушам“ (бугарски: „Гласовете ви чувам“) (1966)
„Преспанските камбани“ од Димитар Талев преведена на македонски
Издавачката куќа „Арлекин“ од Прилеп ја издаде втората книга од четирилогијата „Преспански камбани“ на бугарскиот писател со прилепско потекло Димитар Талев. Преводот е на писателот Трајче Крстески.
Преведувачот вели дека судбината на Талев, кој се родил во Прилеп, била да биде дводомен писател.
- Прилепчанец е, а живеел и творел во Бугарија. По „Железниот светилник“ беше предизвик да се преведува раскошниот опус на Талев на македонски јазик, затоа што тој го идентификува творештво со родната земја и родниот град - вели Крстески.
На македонски не се преведени уште „Илинден“, „Гласовите ви ги слушам“ и трилогијата „Самоил“.
Прилепскиот театар ја изведе претставата „Светилникот“, по текстот на „Железниот светилник“, во режија на Владо Цветановски.
Антон Николов Попов (Попово маало, село Игуменец (денес Гега), Пиринска Македонија, Бугарија 20 октомври 1915 - Софија, 23 јули 1942), македонски револуцонер, публицист, писател, познат активист на БКП и учесник во илегалниот отпор против фашистичкиот режим во Бугарија.
Неговиот прадедо поп Стојан се доселил од Берово. Тој, како соборец на Иљо Малешевски и учесник во Кресненското востание, бил убиен од Турците. Истата судбина го снашла и дедо му Костадин Попстојанов, војвода на чета, заедно со неговите двајца браќа. Татко му, учителот Никола Попов, зема активно учество во револуционерните борби, и во 1922 г. бил обесен од разбојниците на Алеко паша.
Христо Смирненски
Христо Димитров Измирлиев, познат со псевдонимот Христо Смирненски (17 септември, 1898 – 18 јуни, 1923) бил македонски и бугарски поет со македонско потекло.
Биографија
Христо Смирненски е роден на 17 септември 1898 во Кукуш, Егејска Македонија (денес во составот на Грција). Неговиот татко бил занаетчија, поточно слаткар. Во 1913 година градот Кукуш бил разорен до темели како резултат на одмазда на завојуваните страни заради Македонија. Петнаесетгодишниот Христо се нашол меѓу илјадниците бегалци на пат кон Бугарија. Целото семејство се населило во Софија, каде Христо започнал да учи во техничкото училиште, а подоцна се префрлил во јункерската школа за млади офицери. Христо потоа студирал право, но неговата вистинска преокупација била книжевноста. За сето време се стремел да се здобие со што посолидно марксистичко образование, засновајќи на страната на обесправените пролетери. Христо Смирненски се разболел од тифус, но набргу ја надминал оваа болест. Веднаш после тифусот, Христо се разболел од туберкулоза и починал на 18 јуни 1923 година.
Книжевно творештво
Во период од пет години пред својата смрт, Христо Смирненски создал едно импозантно литературно дело. Тој пишувал претежно поезија, но и проза, главно хумористично-сатирична тематика.
Автор е на една единствена книга на поетско-револуционерна поезија - „Да биде ден“ (1922), која се смета за неповторлива во својата творечка автентичност.
Неговата поезија е социјално-револуционерна. Слично како и Никола Вапцаров, и Христо Смирненски пее со восхит, со занес за револуционерните настани, за експлоатираниот работник и за самите револуционери. Поважни песни со ваква тематика се: „Левски“, „Христо Ботев“, „Јохан“, „Да биде ден“, „Кон висините“, „Роза Луксембург“, „Низ бурата“, „Први мај“, „Смртта на Делеклуз“ и други.
Од друга страна пак имал напишано песни инспирирани од Октомвриската револуција, и такви песни се: „Москва“, „Црвените ескадрони“, „Советска Русија“, „Северниот Спартак“ и други.
„Автономна Македонија“
Текстот „Автономна Македонија“ потекнува од 1922 година. Тој е за прв пат објавен во весникот „Маскарад“ на 10 декември 1922 во Софија. Овој весник е формиран по иницијатива на самиот Смирненски и на неговиот брат Тома Измирлиев и се печато неполни две години (1922-1923).
„Автономна Македонија“ е напишана на македонски јазик, поточно на еден од источните дијалекти на македонскиот јазик од кој доминира кукушкиот говор. Написот е потпишан со псевдоним „Баш-комита“.
Исто така треба да се забележи дека во текстот Смирненски се подбива со акциите на лажните македонски автономисти во редовите на емиграцијата во Бугарија (се мисли на следбениците на Тодор Александров и Протогеров) кои во тој период почнуваат со масовни убиства и терористички акции. Зад грбот на овие квази патриоти стои мрачната сенка на крупната бугарска буржоазија. Ова е период кога братоубиствените борби помеѓу македонците во Бугарија земаат страшен замав. Споменатиот „Стамболија“ е Александар Стамболиски, кој во неомври 1922 година го посетува Белград и бара конструктивни патишта кон решавање на македонското прашање. Тој бил убиен потоа.
Тесктот
Ќеф е бе, браќа жими Ристос. Еве ти нагантот или парабелот, еве ти бомби, еве ти пушка- карај да ја ослободиме. Прескочи граница, утепај еден српски џандар, па се качи на планината да гледаш сеир. Ама доле сељнуријата ќе види зорт сетне- да види , да е јунак да се качи на планината и раат да биде. Србине се лутат на нас. Чудат се што ни дошло на ум, та не кандисем. Па и Стамболијата ги еди вакви трици Белград, ама ќе му се види тесен и Стамбол. Зашто бе, браќа. Али е лошо да имаше еден ваков занајаткако нашиот - ни работа работиш, ни вергија платиш, ќеф ти гори на планината, ќеф ти доле во селото, за ручање- шо дал Господ, сè ќе се најде. Нели си комита. Ако те каздиса некој, дигни му парабелот- бум, ајде со здравје. Хеле какво матно е времето - да ти е ќеф да тепаш. Па колко за Македонија, ќе бидит автономна. Ќе стреламе, ќе дигаме ѓурултија, ќе бегаме кога потребе, па Грци и Срби ќе колат, ќе бесат, ќе палат куќите- што ќе чиниш: ова е автономија. Не е шега работа! Автономијата значи да се изравни Македонија, та да може автомобил да оди по неа. Ене го Тането. Во ѓурултијата во Тракија минал границата од турско во грчката како на дунунма. Бре пиштоли, бре бомби- да каздиса грчуљата. Кога се собрале многу - ќе бега што ќе чини. А па Грците удриле една автономија над бугарските куќи - да ти е драго да гледаш. Ушче ми е ќеф за Неврокоп. Ја направивме автономијата шарена како велигденско јајце. Ама ќе речеш, ти не во Солун или во Битола, ами во Неврокоп. Вака можеме, вака правиме. Еве ти сега во Ќустендил. Ќе му удриме тамо една автономија, па и дечињата ќе поминат. Елбете и правителство ќе каздиса мало, ама кај ќе ни фати? Па много да се не закача, оти ќе направиме една автономија во Софија, па ќе го видиме тогај. Оти како ни е дошло до гуша, ќе се предвикнеме некое сабајле: -Ураа, да живеј автономна Македонија во Добруџа биле!
------------- “Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 29.Август.2010 во 00:09
Атанас Далчев
Атанас Далчев (бугарски: Атанас Далчев) е македонски и бугарски поет, философ и преведувач со потекло од Македонија. Во Бугарија е почитуван како класичен автор на модерната поезија и философска проза.
Атанас Далчев е роден на 12 јуни 1904 во Солун во Отоманската империја во фамилијата на Христо Далчев, адвокат од Кукуш и учител во Солунската бугарска машка гимназија "Св. Кирил и Методиј", и Викторија Дишмова од Прилеп. Во 1908 година таткото станува пратеник во Отоманското собрание од левата Народна федеративна партија (бугарска секција). Во периодот 1908-1912 Далчеви престојуваат во Истанбул, а во текот на Балканските војни во Солун и Дедеагач, денешниот Александруполис. По краjот на Балканските воjни фамилиjата се иселува во Бугарија и останува да живее во Софија. Таму Далчев учи во престижната Прва машка гимназиjа. За прв пат публикува свои стихови во 1921 година уште како ученик. Студира философиjа во Софискиот универзитет. Во наредните години активно публикува стихови во многу бугарски медиуми. Првиот сопствен зборник го издава во 1926 година, а малку подоцна станува учесник во познатиот литературен круг "Стрелец". Во периодот 1927-1929 патува во Западна Европа и посетува лекции во некои европски универзитети. Се импресионира од стилот на експресионизмот и се интересира од модерните трендови во науката, психологиjа и психоанализа. Почнува работа како учител и продолжува да публикува. Во периодот по создавањето на комунистичката диктатура во 1944 година е ставен под притисоци од страна на властите и го прекинува пишувањето. До 1952 година се издржува како преведувач, а потоа почнува работа како редактор во литературни медиуми. Не пишува дури до 1956 година, кога се враќа кон сопственото творештво. До краjот на своjот живот издава уште неколку книги со уметност и еден зборник со мали философски фрагменти. Во доцниот период го добива признанието на читателите и власта, добитник е на редица државни и меѓународни награди. Продолжува да работи и како преведувач на световни класични автори. Одделни книги на Далчев се преведени на француски, словачки, чешки, унгарски, руски, германски, италијански, полски, фински и шпански jазици, а општо негови творби се преведени на повеќе од 15 jазици. Умира на 17 јануари 1978 во Софија.
Вениамин Миланов Тошев, познат под псевдонимот Венко Марковски (Скопје, 15 март 1915 - Софија, 7 јануари 1988) е македонски и бугарски поет, академик од БАН, драмски писател и еден од основоположниците на современата македонска литература.
Биографиja
Марковски е роден во Скопје на 15 март 1915 година. Гимназија завршил во Скопје, а словенска филологија студирал во Софија. Бил член на Македонската литературна група основана во Скопје (1931) и на Македонскиот литературен кружок (1938-1941). Бил во затвор во Гонда Вода и Ениќоj (1941-1942). Учесник во НОБ, член на Главниот штаб на НОВ и ПОЈ, член на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ и делегат на заседанието.
Во периодот 1944-1945 активно учествува во работата на трите комисии за нострификација на македонскиот литературен јазик. Буквата "Ъ" (ер-голем), за коjа тој се бори да биде дел од македонската азбука не се одобрува од ЦК на КПЈ.
Во 1948 година ја поддржува Резолуцијата на Информбирото. Во конфликтот со Тито е затворен во Идризово, а фамилиjата му е интернирана во Кичево.
На 17 март 1956 година, под името Вениамин Миланов Тошев, за поемата „Сувремени парадокси“ е осуден на петгодишна робија на Голи Оток, а во 1965 година оди на лекување и останува во Бугарија. Во 1968 син му Миле Марковски и неговата фамилиjа биле протерани од Македониjа во Бугариjа.
Во Бугариjа Венко Марковски е примен за пратеник во Народното собрание, за член на Соjузот на бугарските писатели, за член на Бугарската акадeмиjа на науките. Има награди: „Херој на Бугариjа“, „Херој на социјалистичкиот труд“, „Георги Димитров“ и др.
Заради творештвото на бугарски jазик Титова Jугославиjа го прогласува за предавник на македонскиот народ. По 1975 бил обезбедуван од бугарските тајни служби, бидејќи имало информација дека му е загрозен животот од УДБ.
Творештво
Во „Народни бигори“ (1938) и „Огинот“, песните на Марковски се под влијание на народната песна и по карактер се љубовни песни, испреплетени со национално-ослободителни мотиви и национално-ослободителни песни. Подоцна, Марковски потпаднал под силно влијание на социјалистичкиот реализам и пишувал песни во социјал-реалистички стил посветени на Тито, додека бил на македонска страна, и некои песни посветени на Бугарската Комунистичка Партија, откако преминал на бугарска страна.
Освен поезија, Марковски ги напишал историските книги „Преданија заветни“ (историјата на Бугарија од 681 до 9 септември 1944 година во стихови), „Крвта вода не станува“ и други. Преданијата се издадени и на руски јазик во Москва во 1981.
На македонски јазик
Во Бугарија
"Народни бигори" (1938 г., издадена во Софија)
"Огиноть" (1938, издадена во Софија)
"Илиндень" (1940, издадена во Софија)
"Луня" (1940, издадена во Софија)
Во Македониjа
"Елегии"
"Гоце"
"Чудна е Македонија",
"Гламји"
"Климе",
"Над пламнати бездни"
"Сказна за резбарот".
На бугарски jaзик
"Орлицата" (1941)
"Истината е жестока" (1968)
"Легенда за Гоце" (драма, изведена во Народниот театар „Иван Вазов“)
"Крвта вода не станува" (1971, 1981, 2001 - одговор на книгата „Историjа на македонскиот народ“)
"Преданиjа заветни" (1979), ,
Сонетните венци "Бунтовни воштеници", "Вековни врволици" и "Судбовни маченици"
"Голи оток - островот на смртта" (1984, на англиски jазик, издадена во САД)
Стојан Христов
Стојан Христов (англиски: Stoyan Christowe, 18 август 1898, Кономлади, Костур, Егејска Македонија − 24 јануари 1996, Томпсон Хаус, Вест Довер, САД) бил американски писател, новинар, публицист со македонско потекло[1] и сенатор на сојузната држава Вермонт. Стојан Христов бил избран за член на МАНУ и почесен член на ДПМ
Биографија
Стојан Христов е роден во селото Кономлади во близина на градот Костур во Егејска Македонија на 18 август 1898 година. На својата четиринаесетта годишна возраст тој заминува за САД на печалба поради така наречената „америкоманија“ која ја чувствувал и поради тешката политичко-економска ситуација во Македонија една година пред Првата балканска војна. Во САД бил физички работник во ложарницата на градот Сент Луис, а потоа и работел на изградбата на железничката линија Монтана - Вајоминг. Во периодот од 1918 до 1922 година тој успеал да ги заврши своите студии на универзитетот „Валпаризо“ во Индијана. Своите студии ги завршил со прекини поради тешката материјална положба и услови на живеење.
Откако се стекнал со американското државјанство се вработил како уредник во весникот „House Organ“ во Чикаго, а потоа се префрлил како новинар во редакцијата на веникот „Daily News“. Две години, од 1927 до 1929 година бил специјален дописник од Балканот. Едно време дури и бил слободен писател во Њујорк. За време на Втората балканска војна бил аналитичари предавач по балканско партизанско движење во воениот департман, Оддел за воени известувања на Пентагон. Во текот на 1952 и 1953 година тој повторно допатувал на Балканскиот Полуостров како дописник северноамериканското новинарско здружение „НАНА“. Тогаш ја посетил Југославија и Македонија како гостин мна Друштвото на писателите на Македонија. По враќањето станал сенатор на американската сојузна држава Вермонт со која должност и се пензионирал. Успеал уште еднаш да ја види својата татковина како специјален и драг гостин на македонската држава
Стојан Христов бил раскажувач и романсиер. Романите и расказите можете да ги видите подолу и сите романи се преведени на македонски јазик. Прозата на Христов е реалистична и целата е свртена кон „стариот крај“. Неколку од неговите романи се со историска тематика преку кој се согледува страдалничкиот живот на македонскиот народ под ропство, но и неговите борби и востанија.
Романи
Стојан Христов е автор на следните романи[4]:
„Мара“ (1937 г.),
„Оваа е мојата таковина “(1938 г.)
„Мојот Американски аџилак “(1947 г.)
„Орелот и штркот“ (1976 г.)
„Лавот од Јанина “ (1941 г.)
[уреди]
Раскази
Покрај романите, автор е и на следните раскази :
„Стариот пчеларник “ (1926 г.)
„Камбана “ (1927 г.)
„Два роја пчели “ (1927 г.)
„Сечко “ (1928 г.)
„Кукери “ (1940 г.)
„Мечка игра на сред село “ (1930 г.)
„Чочек “ (1930 г.)
„Таро тапанџијата “ (1930 г.)
„Орли на ливадата “ (1929 г.)
„Пазарен ден во главниот град на Бугарија“ (1928 г.)
„Новата жена на Истамбул “ (1928 г.)
„Балканските бездомни веселковци“ (1928 г.)
„Црните бегалци на Балканот“ (1929 г.)
„Со циганите на Балканот“ (1930 г.)
„Низ долината на Балканот“ (1930 г.)
„Полуамериканец“ (1929 г.)
„Америкоманија“ (1930 г.)
„Мојот пријател Слободата“ (1930 г.)
„Неприродна натурализација“ (1930 г.)
„Зеленоглавец во Сент Луис“ (1947 г.)
„Групата од железничката линија на Монтана“ (1947 г.)
„Неприродна натурализација“ (1930 г.),
------------- “Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 29.Август.2010 во 00:11
Ганчо Хаџипанзов
Ганчо Хаџипанзов (Велес, 1900 - Мадрид, 18 ноември[1] 1936) е македонски револуционер и поет, учесник во Шпанската граѓанска војна.
Ганчо Хаџипанзов е роден во Велес, во едно од најбогатите велешки семејства на почетокот на 20-от век. Уште како ученик се вклучува во револуционерното движење на Велес, поради што е исклучен од велешката гимназија. Во 1920 година се вклучува во предизборната кампања на КПЈ за општинските и парламентарните избори. Истата година, заедно со Никола Оровчанец, Бане Андреев, Ѓорѓи Шоптрајанов и други, членува во Литературно-уметничкото друштво „Нада“. По Обзнаната, заедно со други комунисти од Велес, го издава нелегалниот весник „Искра” (на велешки дијалект). Наскоро заминува за Скопје каде го продолжува своето школување и го отслужува воениот рок, истовремено продолжувајќи со револуционерните активности.
Постојано следен и прогонуван, во ноември 1923 година илегално ја преминува бугарската граница со намера да студира новинарство во Софија. Есента 1924 година преку Грција заминува за Париз. Таму се вклучува во работата на синдикатите и станува член на Комунистичката партија на Франција. Се вклучува и во работата на македонската емиграција, станувајќи член на Македонската народна федеративна група и ВМРО (Обединета).
По избувнувањето на Шпанската граѓанска војна, Хаџипанзов веднаш се вклучува во активностите на КП Франција за помош на Шпанската република. Вклучен е во прифаќањето на доброволците кои преку Франција заминуваат за Шпанија да се борат на страната на Републиката и самиот заминува да се бори во Шпанија со првата група доброволци кои заминуваат за Шпанија. По воената обука во која се стекнува со чин водник, Хаџипанзов станува дел од Првата меѓународна бригада што е формирана во октомври 1936 година. Бригадата, набрзо по формирањето, на почетокот од ноември е испратена да помогне во одбраната на Мадрид, каде веќе се во тек жестоки битки со франкистичките сили. Првиот напад на франкистите е одбиен, а при офанзивата на републиканските сили на 19 ноември на фронтот кај Универзитетскиот град трагично загинува Ганчо Хаџипанзов, како еден од првите Македонци жртви на војната. Во моментот на неговата смрт до него се неговите соборци Трајко Мишковски и Борис Атков, кои подоцна и го погребуваат.
Творечката активност на Хаџипанзов е поврзана со периодот на неговиот престој во Париз. Пишувал на француски јазик, а од неговото творештво сочувана е поемата „Ќе се вратам” и неколку песни: „Детството на еден град“, „Сирени“, „Бал на вентилаторите“, „Поема за родниот град“ и „Алказар“.
На шестмесечниот помен во родната куќа на Хаџипанзов, неговите другари и почитувачи ќе организираат пригоден собир. Во таа прилика Кочо Рацин, добар пријател со сестра му на Ганчо, Румена Хаџи Панзова, ја чита песната „Испанска балада“ посветена на трагичната смрт на Ганчо. Собирот прераснал во отворен и гласен бунт против тиранијата, на што веднаш реагирала полицијата и прекинувајќи го поменот, ги однела присутните на сослушување.
Во 1961 година во книгата „На шпанската земја“ која содржи сеќавања на Македонци учесници во Шпанската граѓанска војна, во превод на Кирил Ќамилов, првпат е објавена поемата на Хаџипанзов „Ќе се вратам“. Во 1986 година Перо Коробар ја издава монографијата „Ганчо Хаџипанзов“.
http://www.marxists.org/makedonski/tematska/poezija/ke_se_vratam.htm - Ќе се вратам
------------- “Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 29.Август.2010 во 00:15
Атанас Раздолов
Атанас Раздолов е роден 1872 година во Берово, малешевско, во семејството Топаловци. Уште млад тој го напушта родното место и оди во Софија. Задоен со преродбенските и ослободителните борби во малешевскиот крај и наоѓајќи се во работничка средина во Софија, ослободителните идеи кај младиот Раздолов се издигнуваат на повисоко ниво. Тој ја поврзува националноослободителната борба со револуционерната борба на работничката класа. Познат е под псевдонимот „дедо Раздолчо“. Членува во Македонскиот револуционерен социјалдемократски сојуз, основан од страна на Васил Главинов.
Во 1901 година е затворен поради неговите пишувања за бугарскиот кнез Фердинанд.
Раздолов е автор на 15 книги, "Крвавиот исток и бездушна Европа" (1889), "Пред министерските врати" (1907), "Иднината на балканскиот полуостров" (1914), повеќе статии, стихови и брошури со револуционерна содржина. Дел од неговите брошури по к*рири биле испраќани во внатрешноста на Македонија, за потребите на Организацијата.
За време на Балканските војни, тој бил доброволец во втората бригада од Седмата кумановска дружина на Македонско-одринскиот доброволен корпус на бугарската армија, со командирот подпоручник Георги Светогорски.
Атанас Раздолов самиот си го одзема животот во Софија во 1931 година.
Следната поема е извадок од "Песните на востаникот" издадена во 1895 година.
Так в срцето македонско
да в‘згласим ниј борбата
срешту племе анадолско
да развием знамената
Нек покажем на турчина
на цинцарја и на грка
на б‘лгарина, на србина
и на всеки што ни брка
Че не ламптим за корони
за царштина и за слава
не штем да сме ниј барони
в македонската држава
Но се трудим да в‘ведем
братство, равенство, свобода!
трудим се да с‘здадем
љубов мила в народа!
Трудим се и верваме
че в борбата ште успеем:
надеждата не губиме
скоро песен ште запеем.
------------- “Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 29.Август.2010 во 00:34
Македонски преродбеник,поет,конзул.Роден во 1826 год. во Башино село во близина на Велес,умира во 1897 год. во Русија.
------------- “Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
Постирано од: Каснакоски
Датум на внесување: 29.Август.2010 во 11:59
Мунгосе, која ти е целта со темата не ми е јасно.
Ако е да се префрли Википедијата на Идивиди - нема смисла.
Дали е темата за етнички Македонци, или воопшто за сите писатели кои имаат некаква врска со Македонија?
-------------
|
Постирано од: чоли
Датум на внесување: 29.Август.2010 во 12:09
mungos80 напиша:
Антон Страшимиров
|
Чудев се што праи http://bg.wikipedia.org/wiki/Антон_Страшимиров - Антон Страшимиров во твоjата колекциjа, па погледнав и верно: макар и роден во Варна, коренот му бил од Разлог, Пиринска Македониjа. Бил е четник на Jане Сандански, редактор на в. "Реформи" и т. н.
------------- Мунгос - цензорот на Мисирков
|
Постирано од: Каснакоски
Датум на внесување: 29.Август.2010 во 12:29
За Аристотел од Стагира ќе видиме ли нешто?
Види и тука
http://bg.wikipedia.org/wiki/%D0%9A%D0%B0%D1%82%D0%B5%D0%B3%D0%BE%D1%80%D0%B8%D1%8F:%D0%91%D1%8A%D0%BB%D0%B3%D0%B0%D1%80%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%BF%D0%B8%D1%81%D0%B0%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%B8_%D0%BE%D1%82_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%8F - http://bg.wikipedia.org/wiki/%D0%9A%D0%B0%D1%82%D0%B5%D0%B3%D0%BE%D1%80%D0%B8%D1%8F:%D0%91%D1%8A%D0%BB%D0%B3%D0%B0%D1%80%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%BF%D0%B8%D1%81%D0%B0%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%B8_%D0%BE%D1%82_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%8F
-------------
|
Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 29.Август.2010 во 12:43
чоли напиша:
mungos80 напиша:
Антон Страшимиров
|
Чудев се што праи http://bg.wikipedia.org/wiki/Антон_Страшимиров - Антон Страшимиров во твоjата колекциjа, па погледнав и верно: макар и роден во Варна, коренот му бил од Разлог, Пиринска Македониjа. Бил е четник на Jане Сандански, редактор на в. "Реформи" и т. н. |
Секој Македонец без разлика на каков јазик пишувал ќе си го најде местото во историјата.
------------- “Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 29.Август.2010 во 13:53
mungos80, гледам дека некои работи не се јасни, па време да ги појаснам.
Ова е форум, не е блог, па еден да отвори тема и во рок од пет минути да постави милион постови, собрани од некаде. Тука сме за дискусија, не за собирање податоци и создавање блог-теми.
Затоа ќе ве замолам сите, да внимавате, затоа што доколку видам блог-теми, ќе ги скусувам и ќе ги преобразувам во форумски, како што и доликува.
-------------
|
Постирано од: Каснакоски
Датум на внесување: 29.Август.2010 во 14:00
mungos80 напиша:
Како тоа за некој велите овој е Македонец а за некој овој е Бугарин,по која логика ги одредувате етничките особини на личноста. |
Spored samoopredeluvanjeto. Nie go pocituvame pravoto na samoopredeluvanje.
Еве да го земеме за пример Атанас Раздолов кај вас пиши дека тој да ти бил македонист??? |
I sto ako bil makedonist?
Znaci bil nekoj koj se zalagal za separacija na Makedoncite od ostanatite Bugari.
PS Samo ne znam zosto nekoj go opredelil kako makedonist na Vikpedijata.
-------------
|
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 29.Август.2010 во 14:09
Каснакоски напиша:
За Аристотел од Стагира ќе видиме ли нешто?
Види и тука
http://bg.wikipedia.org/wiki/%D0%9A%D0%B0%D1%82%D0%B5%D0%B3%D0%BE%D1%80%D0%B8%D1%8F:%D0%91%D1%8A%D0%BB%D0%B3%D0%B0%D1%80%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%BF%D0%B8%D1%81%D0%B0%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%B8_%D0%BE%D1%82_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%8F - http://bg.wikipedia.org/wiki/%D0%9A%D0%B0%D1%82%D0%B5%D0%B3%D0%BE%D1%80%D0%B8%D1%8F:%D0%91%D1%8A%D0%BB%D0%B3%D0%B0%D1%80%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%BF%D0%B8%D1%81%D0%B0%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%B8_%D0%BE%D1%82_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%8F
|
Аристотел од Стагира се самоопределувал како Грк, не е македонски писател. Тој е грчки философ.
-------------
|
Постирано од: Каснакоски
Датум на внесување: 29.Август.2010 во 14:15
Македон напиша:
Аристотел од Стагира се самоопределувал како Грк, не е македонски писател. Тој е грчки философ. |
Dvojni arshini? I Konstantin Petkovic se samoopredeluval kako Bugarin, duri recnikot mu e rusko-bolgarski, ama Mungosot go pisuva Makedonec.
-------------
|
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 29.Август.2010 во 14:42
Каснакоски напиша:
Македон напиша:
Аристотел од Стагира се самоопределувал како Грк, не е македонски писател. Тој е грчки философ. |
Dvojni arshini? I Konstantin Petkovic se samoopredeluval kako Bugarin, duri recnikot mu e rusko-bolgarski, ama Mungosot go pisuva Makedonec. |
Вие ќе говорите за двојни аршини?!
Многумина кои се самоопределиле како Македонци вие ги нарекувате македонисти и не ви пречи да напиеше дека има "блгарско" потрекло од Македонија.
-------------
|
Постирано од: Каснакоски
Датум на внесување: 29.Август.2010 во 14:47
Primer moze?
-------------
|
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 29.Август.2010 во 15:01
Каснакоски напиша:
Primer moze?
|
http://bg.wikipedia.org/wiki/%D0%92%D0%B0%D1%81%D0%B8%D0%BB_%D0%98%D0%B2%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8 - Васил Ивановски
Ако во 1926 година минува на македонистички позиции, каде до 1926 година, имал бугаромански позиции? Доказ имате ли?
-------------
|
Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 29.Август.2010 во 15:03
Каснакоски напиша:
Македон напиша:
Аристотел од Стагира се самоопределувал како Грк, не е македонски писател. Тој е грчки философ. |
Dvojni arshini? I Konstantin Petkovic se samoopredeluval kako Bugarin, duri recnikot mu e rusko-bolgarski, ama Mungosot go pisuva Makedonec. |
Да го пишувам како Македонец зошто е роден во велешко село,а и од изнесеното од неговата книга која исто како и книгата на Прличев не ја објавувате зошто Петровиќ изнесува многу поинаково гледишта на јазикот,па не е толку близок со вашиот замислен јазик кој бил под руско влијание,па така во речникот на Петровиќ се гледа и привиот речник за македонски зборови.
------------- “Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
Постирано од: чоли
Датум на внесување: 29.Август.2010 во 16:14
Да пишем во сметката и http://mk.wikipedia.org/wiki/Натанаил_Кучевишки - Натанаил Охридски . И тоj е составил некаква http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/1/15/Natanail-Zografski-Bukvar-Slaveno-Balgarski.JPG/369px-Natanail-Zografski-Bukvar-Slaveno-Balgarski.JPG - граматика.
------------- Мунгос - цензорот на Мисирков
|
Постирано од: Каснакоски
Датум на внесување: 29.Август.2010 во 17:12
Македон напиша:
Каснакоски напиша:
Primer moze?
|
http://bg.wikipedia.org/wiki/%D0%92%D0%B0%D1%81%D0%B8%D0%BB_%D0%98%D0%B2%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8 - Васил Ивановски
Ако во 1926 година минува на македонистички позиции, каде до 1926 година, имал бугаромански позиции? Доказ имате ли? |
Jas ne pisuvam na Vikipedijata. Ivanovski e poznat so "Zasto nie Makedoncite sme oddelna nacija" od 1934 g.
VMRO /ob/ gi prifatila ideite za posebna nacija vo 1932 spored Smatrakalev.
Ne veruvam Ivanovski da bil izklucok od ostanatite.
Godinata na sozrevanjeto na idejata za posebna nacija e 1932.
Zboruvam za povrzanite so BKP.
Od 1934 veke se zapocnuva so realizacijata.
-------------
|
Постирано од: Каснакоски
Датум на внесување: 29.Август.2010 во 17:16
mungos80 напиша:
во речникот на Петровиќ се гледа и привиот речник за македонски зборови. |
koi se bugarski spored Petkovic.
Eden od moderatorite tuka ima taktika - brisi bugarski, pisi makedonski i se e vo red.
-------------
|
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 29.Август.2010 во 17:16
Каснакоски напиша:
Македон напиша:
Каснакоски напиша:
Primer moze?
|
http://bg.wikipedia.org/wiki/%D0%92%D0%B0%D1%81%D0%B8%D0%BB_%D0%98%D0%B2%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8 - Васил Ивановски
Ако во 1926 година минува на македонистички позиции, каде до 1926 година, имал бугаромански позиции? Доказ имате ли? |
Jas ne pisuvam na Vikipedijata. Ivanovski e poznat so "Zasto nie Makedoncite sme oddelna nacija" od 1934 g.
VMRO /ob/ gi prifatila ideite za posebna nacija vo 1932 spored Smatrakalev.
Ne veruvam Ivanovski da bil izklucok od ostanatite.
Godinata na sozrevanjeto na idejata za posebna nacija e 1932.
Zboruvam za povrzanite so BKP.
Od 1934 veke se zapocnuva so realizacijata.
|
Па ниту јас,ниту некој оттука пишува таму, но ти затоа нам не прашуваше за Аристотел зарем не?
"Не верувам" е одговор е во недостаток на доказ. Впрочем, сета статија за Ивановски таму е пишувана според некакво верување.
-------------
|
Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 01.Септември.2010 во 22:45
Никола И. Чудов, македонски учител, револуционер и писател. Беше писар во Охридската митрополија, учител во Охрид и Охридско, во Струшко и во Дебарско. Особено е значаен неговиот придонес во работата на охридското друштво „Свети Климент“ и во неговиот Траен револуционерен кружок, како и во дејноста во ВМРО во Охридско. Меѓу другото ја напиша спомен-песната за дрвото Чинарот во Охрид, засадено на 19 април 1983 година, а по повод илјадагодишнината од смртта на Свети Методиј. Роден е во Охрид, околу 1865 година.
------------- “Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|