IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Петар Чаулев
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Петар Чаулев

 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
Автор
Порака
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Петар Чаулев
    Испратена: 24.Август.2010 во 18:31
Македонскиот револуционер, војвода, еден од раководителите на ВМРО и потписник на Мајскиот манифест Петар Чаулев се уште го нема добиено заслужното место во македонската историографија. Таа како да заборави дека се уште има заслужни дејци што треба да ги проучува и да ги вреднува, ако не друго, дека постоеле и дејствувале, а некои од нив оставиле и значајно архивско богатство и книжевна оставнина.

Меѓу нив, секако е Петар Чаулев, кој целиот свој животен и револуционерен пат му го посветил на македонското ослободително дело, односно како што забележала редакцијата на Балканска федерација по веста за неговото убиство: „Петар Чаулев ќе остане еден идеалист, пријател на работниот народ и борец за поголема правда и слобода на своите поробени браќа во Македонија“.

Револуционерната врвица на овој охридски револуционер е мошне богата и бурна, преминувајќи низ сите премрежиња и идејни струења во ВМРО. Роден е во Охрид во 1880 година. Се школувал во Охрид и во Битола и на 17 години, како ученик на битолската гимназија, положил заклетва и се вклучил во македонското ослободително движење. По краткото учителствување во охридските села, од 1899 година се јавува како организатор на револуционерните комитети во Охридско, Преспанско и Леринско и како војвода во Охридско за време на Илинденското востание. За време на Младотурската револуција во 1908 година повторно се вратил во својот роден град Охрид, каде што бил уапсен и затворен од новата младотурска власт. Во 1911 година бил избран за член на ЦК на ВМОРО, заедно со Тодор Александров и Христо Чернопеев.

За време на Првата балканска војна во 1912 година, ставајќи се под знамето на балканските сојузници за ослободување на Македонија од турското ропство, со својата чета учествувал во ослободувањето на Охрид, Демирхисарско, Дебарца и Кичево. Во предвечерието на Втората балканска војна, во јуни 1913 година, учествувал во Тиквешкото востание, протерувајќи ги српските воени и административни власти од Тиквешијата и ослободувајќи го Неготино и Кавадарци заедно со другите чети на ВМОРО.

По крвавото задушување на востанието, Петар Чаулев продолжува за Охридско, каде што во септември 1913 година се става на чело на Охридското востание, односно „Востанието во Македонија против Србите“ и „Македонско-албанско востание“ (како што го нарекува во скоро објавените спомени). За мошне кратко време македонските и албанските востанички чети, на чело со Петар Чаулев, ги протерале српските власти од Дебар, Охрид, Струга, Ресен и Кичево и воспоставиле своја револуционерна власт. Притоа, тој ќе запише во своите спомени: „Дебар ликуваше. Македонското знаме се развеваше на секој прозорец“, а во Охрид „Навистина, целиот народ ликуваше. Собрани толпи на прозорците само чекаа да се јави некој од привремената влада или војводите, за да викне ура!“. По жестокото крваво задушување на востанието Петар Чаулев се повлекол во Албанија, а во 1915 година, за време на Првата светска војна, повторно се вратил во Охрид, како окружен началник на градот.

По Првата светска војна заедно со Т. Александров и А. Протогеров ја обновува ВМРО-автономистичка. И уште во првите години ќе дојде до нивно разединување по програмските цели и оружена стратегија на организацијата. Соочен со новонастанатите политички околности во Македонија и на Балканот, патот за извојување на слободата, автономијата и независноста на Македонија Петар Чаулев го гледал „под заштита на Друштвото на народите или на една голема сила“, а како алтернатива предлагал „Автономна Македонија како одделна единица во федерална Југославија“.

Од 1922 година како раководител на Битолскиот револуционерен округ и задолжен за одржување на контактите со албанските и италијанските власти, Петар Чаулев постојано престојува во Албанија и Италија. Стапувајќи во непосреден контакт со претставниците на Коминтерната и Советскиот Сојуз, кај него ќе настапи и извесна еволуција во погледите за ослободување на Македонија и длабоко разочарување од дотогашната политика на бугарската влада и политичките партии. Признавајќи ја само „онаа револуција која единствено се потпира врз сопствените сили и се стреми да постигне целосна победа“, тој во своите писма од Италија, меѓу другото, ќе му напише на својот колега во ЦК на ВМРО, А. Протогеров: „Ние треба да се ослободиме од сите бугарски партии, да работиме само за Македонија и со Македонци, инаку сите ќе не осудуваат и само ќе налеваме вода во нејзините партиски воденици, а Македонија ќе плаче“.

Потпишувањето на Мајскиот манифест во Виена во 1924 година, „за обединувањето на сите македонски сили во еден револуционерен фронт“, чиј потпис ќе го плати со својот живот, Петар Чаулев со огромно воодушевување ќе го прифати Манифестот и ќе го нарече „свештен завет и директива за претстојните борби на македонскиот народ“.

По откажувањето на Т. Александров и А. Протогеров од своите потписи на Манифестот, Петар Чаулев, загрижен за судбината на овој документ, ќе упати јавен „Повик до македонските револуционери и до македонскиот народ“, во кој изјавува дека Манифестот е „ѕвезда-водилка за Македонската организација“ и „нашиот завет за идната дејност на Македонската револуционерна организација“, како и „програма на целокупното македонско движење“. И покрај притисоците и заканите за откажување и објавување на Манифестот, тој му останал верен и достоен на својот потпис. Во тие пресвртни денови на А. Протогеров ќе му напише: „Сега, сега пред мене е прашањето: кавалер или подлец!“, а во писмото до М. Монев (зет на Т. Александров) ќе си го одреди и своето скромно место во организацијата: „Јас немам други амбиции освен делото да напредува и јас да служам во него како обичен борец, а не како началник“.

А во своето писмо до членот на Привременото претставништво на ВМРО и својот сограѓанин, Кирил Прличев, ќе му напише: „Вие заборавате дека ВМРО треба да биде во Македонија, а не во Софија“, давајќи му на знаење дека треба да живеат „со идеалите на една политика, не бугарска, туку македонска“, и дека во Бугарија треба да дејствуваат „непартиски“, за на крајот од писмото да му предочи дека: „Чаулев е син на ВМРО“.

Набргу, во септември 1924 година Петар Чаулев беше отстранет од ЦК на ВМРО, а на 23 декември истата година и убиен во Милано од испратениот терорист на новиот водач на ВМРО, Иван Михајлов, заради тоа, како што ќе напише Д. Влахов: „Чаулев беше убиен зашто сакаше чесно да му служи на својот народ. Чаулев беше убиен зашто сакаше Македонската револуционерна организација да ги продолжи своите стари традиции...“.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Август.2010 во 18:31




Изменето од Македон - 25.Август.2010 во 00:11
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Август.2010 во 18:39



“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Август.2010 во 13:49
Симеон Радев за Петар Чаулев:


...По прогласувањето на Младотурската револуција кога четите слегоа од шумите, Внатрешната организација можеше да се смета како минато во историјата, Тодор Александров ја воскреси. Самиот тој беше со чета во Ениџе-Вардарско при објавувањето на војната и влезе во Кукуш пред бугарската војска. Невообичаена енергија на овој човек се придружуваше од голема амбиција и способност за водителство. Неговата слика на конспиратор се повеќе излегува на покажа и влијанието му се налагаше. Во 1910 година јас напишав во мојот весник "Волја" дека револуционерното движење мора да престане, бидејќи, по Младотурската револуција тоа нема никакви изгледи, а токму тогаш Тодор Александров му даваше нов размер. Така тој гледаше во мене еден противник. Ние не се сретнавме во Штип. Чујам само оддалеку за некои негови иницијативи. [69] се создава чети кои ќе заминат во Западна Македонија, и ако избувне војната, да подигнат востание во тилот на српската армија и на грчката. Овие чети може да се повеќе, но јас знаев само за две. Чекаларов требаше да замине со едната за Костурско и Петар Чаулев со друга за Битолско. Чаулев сака да ме види и како ме посвети во тајната на својата мисија, ми рече: "Откако ќе прогласиме востанието, ние ќе формирање привремено влада. Истата ќе прогласи соединенија на Македонија со Бугарија. Потребен ни е еден човек, познат во странство и искусен во надворешна политика, кој да влезе во сношение со конзулите и да не претставува пред Европа. Затоа вие треба да дојдете со нас. " Предложи ми, еден вид, да станам министер за надворешни работи на востаналата Македонија. Инсистираше на тоа дека тоа било мој долг, и накраj изрази доверба дека јас нема да откажам. Согласност се. Кога отидов да јавам на Атанасов, тој се провикна: "Ти со умот си? Не знаеш кој е Петар Чаулев? Еден фантазер, еден мегаломан...

Симеон Радев
---
После да ни ти е чудно зошто Чаулев е бил стрелан од михаjловистите.

Изменето од Македон - 25.Август.2010 во 14:41
Мунгос - цензорот на Мисирков
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Август.2010 во 14:15
Пред вас е една статија која ми се чини дека ни во бугарија не е позната,затоа што е откриена пред скоро време,се работи за едно интервју на чаулев за руски весник.Па видете добро што тој рекол

Каснаковски што си толку тивок овде,или и овде пробуваш како кај Абраш да вадиш тези од еден збор

подобро е да молчеш
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Август.2010 во 19:00
Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

Пред вас е една статија која ми се чини дека ни во бугарија не е позната,затоа што е откриена пред скоро време,се работи за едно интервју на чаулев за руски весник.Па видете добро што тој рекол

Каснаковски што си толку тивок овде,или и овде пробуваш како кај Абраш да вадиш тези од еден збор

подобро е да молчеш

Каснаковски мислам не е сонце да огрее насекаде.. Ама jас добро знам делото на измислениот хероj Чаулев... Сигурно не знаеш дека е убил една екзархиска учителка коjа била тешка од него? (не му се занимавало со деца). А има додатоци што Чаулев (Чаули) бил Албанец, ама тоа ке го оставим настрана... Ако сакаш - прочети што е написал Георги Баждаров за Петрето Чаулев.
Мунгос - цензорот на Мисирков
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Август.2010 во 19:21
Sega go vidov tvoeto intervju. Nisto interesno, nisto koe moze da te raduva.

Za mene bese interesno ova



Toa ne go znaev.

/mnogu ti golemi slikite, na nacinot po koj vleguvam ovde e nevozmozno da citam tolku golemi sliki, treba da citam kako gost/
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Август.2010 во 19:24
Темата е за Чаулев,не забегувајте
Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Август.2010 во 19:45
Христо Матов обвинува Петар Чаулев за главен виновник за крвопролитбата во ВМРО. Тоj смета Чаулев за Албанец по потекло, додека на други места се вели дека е Влав. Раскажуваа историјата за охридска учителка убиена од Чаулев, бидејќи е забременела од него. Браќата Христо и Милан Матови бегаат од Петар Чаулев, а подоцна Милан Матов опишува случките во "Спомени на Милан Матов". Комитата раскажува: "Определат Чаулев за советски шпион давал пари за кауза на Коминтерната."
Мунгос - цензорот на Мисирков
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Август.2010 во 19:50
Бреееееее - има ли некој што ви одговара бе - што ме мене интересира што Христо Ботев спиел со мажи,вие мислете му тоа
Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Август.2010 во 19:54
За Петар Чаулев и крвопилитиjата во ВМРО


В.: Да се вратиме на историјата. Сакам да прашувам ...

Хр. Матов: Велите сега што има?

В.: Мисли се, Дека ако Милан Матов е најавен во ЦК на ВМРО, наместо ...

Т. Г.: Петар Чаулев

В.: ... Петар Чаулев, нема да има таква крвопролитба потоа.

Хр. Матов: Види што, јас не можам да влијаем на ова прашање, но татко ми никој друг човек не колне колку Петар Чаулев. Петар Чаулев е од Тоските, Албанец е по потекло од Тоските во Охрид. Тој влегува под кожата на Тодор Александров, влегува под кожата на други, на Протогеров -охриганин влегува под кожата. Со Протогеров Петар Чаулев прави својата кариера во ВМРО. Тој стигнува дотаму ... Татко ми го забележува како претседател на Битолскиот револуционерен округ-Чаулев е Охридски војвода-забележува го со убиство на една учителка од регионот на Охрид, која е забременела од него.
интерву со Хр. М. Матов

Изменето од чоли - 25.Август.2010 во 19:56
Мунгос - цензорот на Мисирков
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Август.2010 во 20:00
За Христо Ботев и Бугарските машкољубци од Велчо Македонецот


Х.: Да се бакнеме,братски .....

В: Трипати во обраэ како православците?

Х.: Не не ние Бугарите во уста се бакнуваме!


И ке најде после Бугарин да каже татко имал,или поубаво мајка.
Еден виц у Македонија вика / Што е исходот кога ке се спарат Коњ и Магаре - одговорот е Бугарин
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Август.2010 во 20:02
Kasnakovski vakva sansa da vidis za prv pat intervju,a ti se fati za eden del koj e pre lesen za objasnuvanje.
Pa sudirot na VMORO so vrhovistite ne bil od starite vreminja???
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Август.2010 во 20:04


Се види што Петар Чаули има внашни белези на Албанец
Мунгос - цензорот на Мисирков
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,280 секунди.