IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Забава > Филм
  Активни теми Активни теми RSS - Филмски вести ...
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Филмски вести ...

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 5>
Автор
Порака Обратен редослед
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44574
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Филмски вести ...
    Испратена: 16.Септември.2015 во 23:09
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44574
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Декември.2014 во 22:20
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44574
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Септември.2014 во 19:12
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Април.2014 во 17:00

Новиот македонски филм “До балчак“ на Столе Попов

Многу жестоки сцениразмислување




Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Декември.2013 во 08:57

 Што нè чека во 2014-та?


Jane Got a Gun - женски вестерн во кој Натали Портман гледачите ќе може да ја видат како акциона хероина.

Two Days, One Night - Филм на браќата Дарден кои се занимаваат со рецесијата. Од содржината: жена со помош на мажот бара колеги кои ќе се одречат од бонусот за таа да ја задржи работата.

True Story - Адаптација на мемоарите на Мајкл Финкел, човекот кој се најде на ФБИ листата на најбарани убијци.

Inherent Vice - Хоакин Феникс игра детектив во Лос Анџелес во 70-те, кој го истражува исчезнувањето на бившата девојка.

Winter's Tale - Колин Фарел во улога на модерен човек со амнезија.

Men, Women and Children - филм кој е адаптација ан романот на Чад Култген за ефектите на порнографијата и интернетот врз врските денес.

Rudderless - Во Овој филм се зборува за ужален татко кој формира бенд инспириран од демо снимките на покојниот син.

The Judge - Драма за адвокат (Роберт Дауни Јуниор) кој се враќа дома на погреб на својата мајка и открива нешто во врска со неговиот татко.

Grace of Monaco - Филм во кој Никол Кидман ќе ја видиме како Грејс Кели.

Кон врв
d4 b3 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

не можам да си дозволам неактуеленпотпис

Регистриран: 19.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 4384
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај d4 b3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Септември.2012 во 03:57
Значи, кога би требало да замислам на кој фестивал овој филм најмногу му личи или му доликува, веројатно би рекол - на Берлинале. Прво, затоа што мене Берлин ми е симпатија, а второ - затоа што овој филм зборува за еден полугермански фудбалски тренер, кој во една запуштена балканска касаба донесува германска технологија, во време кога неговите сонародници на светот му донесувале само војна и страдања. На еден чуден начин, „Трето полувреме” е страшно прогермански филм, бидејќи порачува дека германството не се мери според бројот на ариевските крвни зрнца на одреден поединец (како што тврделе нацистите), туку според неговата ментална и менталитетска припадност на германската цивилизација.



eeeee Darko

oti  Berlin be

e pa ova e film za bugarskiot fudbol

vo Sofija treba




Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Септември.2012 во 01:13


Од интервјуто со Дарко Митревски - промоција на “Трето полувреме“ на 15ти септември на отварањето на “Браќа Манаки“.

И најава за нов филм. Е многу е јак предлогот од другарка му Ружа голема насмевка

Анцелина Џоли како мис Стоун

И што сега, пак идеја за филм или?

Во моментов работам на ново сценарио. Работниот наслов е „Аферата мис Стоун”, а поднаслов: „Првата заложничка криза во модерната американска историја”. Станува збор за филмски обид целата оваа историска приказна за војводата Јане Сандански и грабнувањето на госпоѓицата Елен Стоун да се согледа од американска перспектива, која има два аспекта - едниот аспект е тој на жртвата, грабната од луѓе чиишто идеали се труди да ги разбере; другиот е на тогашната политика на Белата куќа, која со оваа афера првпат посакала да се наметне како одлучувачки фактор во решавањето на балканските превирања. Kај нас тоа е непознато, но во тие осум месеци, колку што траела оваа афера, во Соединетите Американски Држави на таа тема и биле посветени повеќе новински статии и биле испишани повеќе страници отколку што ние, Турците и Бугарите топтан ќе напишеме за истата таа работа во наредните сто години.

За крај, морам со вас да го споделам планот што другарка ми Ружа го нуди за овој проект. Вели вака: „Ќе го замолиш Раде Шербеџија да те спои со Анџелина Џоли. Kога ќе те спои, на Анџелина ќе и кажеш дека ова е филм за Македонија. Таа ќе те праша што е тоа Македонија, а ти ќе и кажеш - тоа е онаа земја што мака мачи со Грците! Е сега, бидејќи Џенифер Анистон е Гркинка по потекло, Анџелина ќе се идентификува со македонските маки, па ќе го натера Бред Пит да го игра Сандански - а тој нема да смее да одбие, за да не испадне дека уште гаи симпатии кон Џенифер. И не само тоа, туку ќе ти го донесе и Џорџ Kлуни да го игра Гоце Делчев!”. И така, јас се смеам, а Ружа мртва-ладна ме гледа, па вели: „А бе, што се кезиш? Џабе ти е сета твоја режија кога не можеш да сконташ што се` една жена е во состојба да направи за Македонија - само за пакост да и направи на соперничката!”.

ѓавол


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Април.2012 во 23:25

Хју Грант не снима повеќе


Холивудската ѕвезда Хју Грант ја завршува својата актерска кариера и повеќе не прифаќа нови проекти бидејќи му здосадило да биде пред камера.
"Завршив со тоа. Повремено ќе се појави проект кој ќе ми ја разбуди фантазијата, но начелно завршив. Иако не работам многу, ми се допаѓаат одредени аспекти од работата на глумецот. Ми се допаѓат односите кои ги развивам со луѓето за време на снимањето, но самото стоење пред камерите не ми се допаѓа", вели 51-годишниот актер.

Популарниот Британец вели дека е најтажно да се видат луѓе во доцните 30-ти или 40-ти години како се борат да добијат улога на морков во обична ТВ-реклама.
"Некои луѓе тоа мораат да го прават, бидејќи едноставно се фасцинирани од глумата", изјавил Грант.


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Април.2012 во 05:38

Kомедијата „Глупав и поглупав“ ќе добие продолжение

Хит-комедијата од 1994 година „Глупав и поглупав“ ќе добие продолжение. Ова го откри 

Питер Фарели, корежисерот на авантурите на двајцата пријатели со сомнителен коефициент на интелигенција. Според него, новиот филм, кој ќе почне да се снима во септември, ќе биде уверливо продолжение на она што публиката можеше да го види претходно и ќе нема никаква врска со оној што излезе во 2003. 

Имено, пред неколку години беше продуцирано продолжението „Глупав и поглупав: Kога Хари го сретна Лојд“, но во него не играше оригиналната актерска екипа. 

Потврдено е дека ѕвездите од оригиналниот филм, Џим Kери и Џеф Даниелс, ќе играат во новиот проект. Фарели и остатокот од екипата долг период сакале да го снимат продолжението, но с` почнало да се развива кога и Kери и Даниелс пројавиле интерес.

- Џим беше зафатен со други проекти, но се јави и рече дека мора да го повториме тоа искуство. Го гледал филмот и си рекол дека би можеле да снимиме совршен втор дел.

Фарели, пак, ќе го режира филмот со својот брат Боб, а Шон Андерс и Џон Морис работат на сценариото.

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Декември.2011 во 20:08

Кои се најдобрите филмови за 2011 година?


Црно-белиот нем филм „The Artist“ (Уметник), драмата „The Descendants“ (Потомци), Бред Пит, Мартин Скорсезе и Теренс Малик беа големите победници на синоќешното доделување на наградите на филмските критичари и здруженија.

Бостонското здружение на филмски критичари, Здружението на критичарите од Лос Анџелес и Њујоршкото здружение на онлајн критичари ги соопштија синоќа своите избори за најдобри филмови и актерски остварувања во 2011 година, отворајќи ја клучната седмица во Холивуд, за време на која ќе бидат соопштени и номинираните за Златни глобуси и наградите на Здруженијата на актери.

Американскиот филмски институт (АФИ) од Лос Анџелес исто така синоќа ја објави нивната листа од десет најдобри филмови за 2011.

Во Бостон, критичарите го избраа немиот филм за Холивуд - „Уметник“ за најдобар. Филмот не се најде на листата на АФИ, само поради тоа што не е американски, туку француски, но заедно со серијата „Хари Потер“ се најде во групата „специјални награди“.

Меѓу десетте најдобри, според АФИ, се „Потомци“ со Џорџ Клуни во главната улога, „Иго“ на Скорсезе, „Полноќ во Париз“ на Вуди Ален, „Воен коњ“ на Стивен Спилберг и комедијата „Деверуши“.

Бостонските критичари го прогласија Пит за најдобар актер за неговата улога во филмот „Формула на успехот“ и Мишел Вилијамс за најдобра актерка за нејзината улога на Мерилин Монро во филмот „Мојата недела со Мерилин“.



Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2011 во 19:42

Награда за Панкот не е мртов на Фестивалот на медитерански филм во Копер

Ова е четврта награда во последниве неполни пет месеци за Панкот не е мртов, кој е македонски кандидат за најпрестижната светска филмска награда Оскар. 

Панкот не е мртов доби награда на 46. Филмски фестивал во Карлови Вари во Чешка за најдобар филм во програмата Исток на Западот (East of the West) во која се натпреваруваа уште 11 филмови.

За улогата на Мирса во Панкот не е мртов, македонскиот актер Јордан Симонов ја доби наградата Златна мимоза на Филмскиот фестивал во Херцег Нови.

Панкот не е мртов ја освои специјалната награда од жирито на третото издание на интернационалниот филмскиот фестивал ПриФилмФест во Приштина.


 



Изменето од Valerija - 29.Октомври.2011 во 19:42
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2011 во 19:39

Клинт Иствуд најверојатно се враќа на глумата

Иствуд е во преговори за улогата во филмот Trouble with the Curve.

Сценариото го напиша Ренди Браун, а приказната на филмот го следи безбол ветеранот кој тргнува на пат со својата ќерка во потрага по млади талентирани играчи.

На долгогодишниот соработник на Иствуд, Роберто Лоренцо наводно овој филм ќе му биде режисерско деби, наведува сајтот со вести од шоу бизнисот Deadline.

Лоренцо му бил асистент на режија на Иствуд во некои филмови како што се Девојка од милион долари и Мистична река, кои ги режираше овој актер.

Иствуд последен пат е виден на филмското платно во улогата на Вол Ковалски во 2008 година во филмот Гран Торино. Тој своевремено изјави дека се откажува од глумата и дека сака да се посвети на продукцијата и режијата.

Тој требаше да режира римејк на филмот Ѕвездата е родена, во кое би играла пејачката Бијонсе, но заради нејзината бременост идејата за проектот моментално е одложена.

 



Изменето од Valerija - 29.Октомври.2011 во 19:39
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2011 во 19:38
Гран при за аматерскиот документарен филм „Човекот лета“  да
 
 
Меѓународното стручно жири на Фестивалот за аматерски документарен филм „Камера 300“ што се одржува во Битола одлучи највисокото признание на фестивалот, наградата гран-при плакета „Милтон Манаки“ да му ја додели на Франк Бекер од Англија, автор на документарниот филм „Човекот лета“.

На вечерашната проекција на најдобрите, од пристигнатите 47 документарни филмови од 12 држави во Европа, меѓу нив 23 од Македонија, ќе биде прикажан и најдобриот македонски документарен филм „Временски патник“ на авторката Марина Трајковска, кој ја доби наградата златна „Камера 300“.

На 19.издание на Интернационалниот фестивал на аматерски документарен филм „Камера 300“ во категоријата „авторски награди“ жирито за најдобар камерман го прогласи Валентин Иванов од Бугарија, наградата за режија годинава му припадна на Ролф Мандолеси од Италија, наградата за монтажа ќе ја добие Франц Копич од Словенија, а наградата за најдобра идеја Јетон Селими од Македонија за филмот „Златна белегзија“.

I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2011 во 19:37

Холивуд и порача: Изгуби ги мускулите!

Камерон Дијаз ќе мора да го смени својот режим на вежбање доколку сака да го задржи статусот на дама.

Извори блиски до актерката велат дека мускулестиот изглед на Камерон го намалил интересот на продуцентите за неа, кои пак не се сигурни дека нејзиниот нов изглед ќе биде добро прифатен од публиката.

- Камерон е екстремно посветена на здравиот изглед и живот, а сега вежба повеќе од кога и да е. Таа е свесна дека годините ја стигнуваат и оти сега уште повеќе мора да се грижи за својот изглед, но дури и таа самата признава дека малку забегала со вежбањето. Имаше неколку улоги каде нејзиниот мускулест изглед преставуваше проблем. Никој не сака  главната женска стерлета да има поголеми бицепси од нејзиниот филмски партнер, вели изворот.

 



Изменето од Valerija - 29.Октомври.2011 во 19:38
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 5>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.