Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Забава
Име на форумот: Филм
Опис на форумот: Хитови, преводи, DVD, DivX, оскари & актери...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=23038 Датум на принтање: 23.Ноември.2024 во 23:13 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Филмски вести ...Постирано од: XStrongAngelX
Наслов: Филмски вести ...
Датум на внесување: 16.Август.2010 во 13:35
Izleze nov film Dolina na volcite Irak vo koi glavni ulogi se Seherezad od 1001 nok i Polat od Dolina na volcite ne e laga ako postoi vakva tema slobodno izbrisete ja
eve video http://www.youtube.com/watch?v=RUUZi9tjnbI&feature=related
------------- Дедо мраз злато
мое љубов неверна
неможам без тебе за нова година
Дедо мраз злато мое
жива превара
сал не моташ пак не заеба
Коментари: Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 16.Август.2010 во 19:26
Еве нека има и една ваква тема ....во која би
ги ставале најновите вести од областа на филмот...
... актери..актерки ..кој, која, и каква улога има ....кој со кого снима .................
.............
Betsy Russell.... глумицата која играше во последните пет филмови
од областа на хорор жанрот ..најавува дека е можно снимање и на
осмиот дел од ... Saw .....серијалот ....
..Сепак сценаристите кажуваат нешто друго .. двете последни
приказни ќе ги спојат во ..... 'Saw 3D' .... и тоа ќе биде последниот
филм од овој серијал ..... барем сега за сега .....а во кино салите ќе
биде пуштен Октомври месец 2010 ....
-------------
Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 17.Август.2010 во 16:10
..Една трач..вест за ... ... Мојот Омилен Актер .....
Во последно времеMel Gibsonе во центарот на внимание поради препукувањата со својата поранешна женаOksana Grigorievaсо која се бори за старателството над нивната 9 месечна ќеркаLucia.
Покрај многуте конфликти со полицијата, и со неговите расистички изјави сега повторно е на првите страни на медиумите поради сообраќајната несреќа во која го искрши своетоMaseratiво Малибу!
Актерот кој има 54 години бил сам во автомобилот кога ја загубил контролата во еден од опасните свиоци и излетал во надвор од патот во карпите.
Иако автомобилот го искршил тој е неповреден, полицијата направила алхо-тест на кој се покажало декаGibsonе трезен, поради неговото минато кога често возеше под дејство на алхокол.
-------------
Постирано од: brza
Датум на внесување: 17.Август.2010 во 17:42
filmot,..t.e....bioskopite,...odamna se izumreni,....tuka!
ochigledno deka ,..na ovdeshnava maldina,..vishe im lezi tegnebje coca-cola ili malo pivo,..dva saati,...
...otkolku gledanje film ,..
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Постирано од: XStrongAngelX
Датум на внесување: 17.Август.2010 во 18:03
nov film na TV1000 sniman vo 2009 god a pusten 2010(nezz tocno koj datum)
------------- Дедо мраз злато
мое љубов неверна
неможам без тебе за нова година
Дедо мраз злато мое
жива превара
сал не моташ пак не заеба
Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 23.Август.2010 во 23:44
Една од најубавите жени на светот, популарната американска актерка Анџелина Џоли не изгледа лошо ни како маж.
Холивудската ѕвездаАнџелина Џолипоминувала неколку часови пред огледало, маскирајќи се во маж со помош на лажни уши, нос и врат од латекс за потребите на филмот ’Salt’.
Ефектот бил толку уверлив што ни нејзиниот синМедоксне ја препознал за време на снимањето на филмот, а нејзиниот сопругБред Питодбил да ја бакне, пишува Дејли меил.
Го викнав Медокс да се поздрави, а не му кажав која сум. Кога дојде, не ме препозна. Дури кога го повикав со прекарот ’Мед’, тој сфати која сум и беше избезумен. А Бред одби да ме бакне. Не се осуди“, вели Џоли.
Во акциониот трилер 35-годишната актерка го глуми оперативецот на ЦИА,Евелин Солт, која е обвинета дека е руски шпион. Во еден момент, таа се преправа во маринец, за чија улога беше неопходна успешната трансформација.
-------------
Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 28.Август.2010 во 13:31
Филмот „Мајки“ наМилчо Манчевски, којсо работен наслов „Какобебе“ се снимаше ланиво Скопје, Мариово,Кичево, Тетово и воГостивар, светскатапремиера ќе ја доживеена 13 септември наИнтернационалниот филмскифестивал во Торонто,еден од најголемите
во светот од А категорија. Филмот се најде во престижната програма „Специјални презентации“ на јубилејното 35-то издание кое се одржува од 9 до 19 септември, откако за делото на Манчевски лично се заинтересирал директорот на фестивалот, легендарниот Пирс Хендлинг, кој го гледал филмот и го ставил во програмата. Според Хендлинг, „Мајки“ е еден од најдобрите филмови што ги видел во последните години, како поради храбрата, експериментална синематска структура, така и поради содржината. Тој е автор и на текстот за „Мајки“ во каталогот на фестивалот, а и лично ќе го претстави филмот пред светската премиера во Торонто.
-------------
Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 04.Септември.2010 во 10:38
..Невозможната Мисија ...Продолжува ....
Официјално е потврдено дека ќе има и четврт дел од шпионскиот серијал „Мисија: Невозможна“, повторно со Том Круз во главната улога.
Официјалната изјава гласи дека во четвртиот дел, наводно и последниот, Том Круз ќе ја репризира својата улога како агентот Итан Хант. Повторно ќе го видиме и Винг Рејмс како експертот за технологија, Меги Кју, Џонатан Рајс Маерс и Сајмон Пег (сите имаа улога и во третиот дел).
Новите членови на екипата ќе бидат Џереми Рајнер, кој имаше главна улога во оскаровецот „The Hurt Locker“ , додека пак за женскиот дел од екипата се шпекулира помеѓу Пола Патон од „Deja Vu“ и (преубавата) Кристин Крук, која најдобро ја паметиме од серијата „Smallvile“. Но, најверојатно улогата ќе ја добие Пола....
Сè уште не е потврдено, но ова може да биде сосема нов „Мисија: Невозможна“ филм - акцентот во филмот да не е на Итан Хант, туку на ликот на Џереми Рајнер, кој би требало да ја продолжи „традицијата“. А како да го направат тоа? Па, со нов наслов. Имено, насловот на четвртиот дел ќе нема да пишува „Мисија: Невозможна“, туку нешто сосема друго, исто како во случајот на „Dark Knight“ - во насловот го немаше зборот „Batman“.
Сè уште нема информации за заплетот на филмот, но се вели дека одново ќе се измисли шпионскиот жанр - со идеи какви што досега немаме видено. Со оглед на успехот на претходните филмови, не би се сомневале во тоа. Четвртиот дел ќе се снима во Ванкувер, Прага, Дубаи и некои делови на САД.
На режисерското столче ќе биде Бред Бирд, режисерот на „The Incredibles“, на кому ова е му е прв акционен проект. Но, мислењето на овој автор е дека Џон Ву бил бил подобар во таа улога - тој и Том Круз беа одличен тим во вториот дел на „Мисија: Невозможна“. Тука е и Џ.Џ. Абрамс (креаторот на феноменот „LOST“), кој беше режисер на третиот дел - овојпат во улога на продуцент.
Тоа што четвртиот дел го прави толку очекуван е екипата. Имено, овојпат агентот Итан Хант ќе има и машки и женски помошници - како и што треба да биде. Во првиот филм екипата на Итан беше убиена, па наредните два дела тој најчесто беше соло агент, со помош на Винг Рејмс, кој во овој филм ќе има многу поголема улога. Сега, повторно ќе имаме чест да гледаме шпионска екипа - како во старите сериски филмови.
Старите „Мисија: Невозможна“ филмови почнаа да се емитуваат во 1966 па се до 1973, со Питер Грејвс во главната улога (освен во првата сезона). Заштитен знак на серијата беше главниот агент, Џим Фелпс, каде добиваше инструкции на касета која се самоуништува. Заплетот во сериите беше Impossible Missions Force (IMF) тимот, мал тим на тајни агенти кои се впуштаат во опасни операции. По успехот на серијата, во 90-тите почнаа да се снимаат и филмовите кои ние ги знаеме.
Премиерата на најновата мисија ќе биде на 16 декември 2011.
-------------
Постирано од: FANTASMA
Датум на внесување: 06.Септември.2010 во 01:05
SALT - Премиера: 23.Јули.2010
Улоги: Анџелина Џоли,Лив Шрајбер...
Евелин Салт (Анџелина Џоли) е ЦИА агентка која се заколнала на должност,чест и служба на татковината.Кога еден бегалец ја оптужува дека таа е руски шпион,Салт започнува битка за да докаже дека е верна на татковината и дека не ешпионка.
Но за тоа мора да ги употреби сите свои способности и искуство на таен агент за да притоа го заштити и својот сопруг,бидејќи во спротивност и најмоќните сили ќе ја избришат секоја трага од нејзиното постоење.
филмот „SALT„ е преведен на македонски како „Солт„ и на страницата на кино „Милениум„ пишува дека ќе започне со прикажување од 10.Септември.
Јас го гледав дома пред некој ден на ДВД снимка,и филмов премногу ми се допадна и едвај чекам во кино да го гледам.А дали ќе ви се допадне и на вас - сами погледнете.
http://www.youtube.com/watch?v=z41H8J4k-jM
Незнам зошто не се појавува ова од you tube промото на САЛТ.Али како и да е ако не сте го погледнале филмов,според мене многу сте пропуштиле.
А тие што го имаат изгледано филмов и што се воодушевени, им препорачувам да одат во Милениум на 10 Септември до го доживеат филмов целосно.
Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 09.Септември.2010 во 02:03
TITANIC ВО 3Д РЕАЛИЗАЦИЈА
Филмот Titanic на James Cameron конечно ќе добие и своја 3Д верзија. Се очекува да излезе во април 2012 година со што и ќе ја одбележат 10 -годишнината од реалното тонење на бродот. Според извештајот Los Angeles Times филмот е веќе официјално во изработка. Критичарите и публиката не се секогаш задоволни од фимовите кои имале 3Д римејк. Иако “Clash of the Titans“ и “Alice in Wonderland“ поминаа добро во кино салите, имаше поплаки дека не се баш по мерка на 3Д фимовите, за разлика од “Аvatar“.
Cameron изјавил дека снимањето на некој филм со 3Д камери е супериорно во однос на конвертирањето на филм во 3Д во пост-продукција. Всушност тој сака комплетно да го отфрли процесот на конвертирање, но ете сепак веќе работи на Titanic 3Д а можеби и на “Terminator“ 3Д. Cameron не е еднинствениот кој конвертира филмови во 3Д. Peter Jackson неодамна откри дека и тој работи на трилогијата "Lord of the Rings" исто така и Christopher Nolan изјавил дека ќе го конвертира "Batman 3"
-------------
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 10.Септември.2010 во 10:54
http://www.time.mk/read/NONE/606aa73b59/index.html%20 - Легендарниот актер, продуцент и режисер Клинт Иствуд откри дека во текот на својата кариера одбил да ги игра...
... едни од најпознатите улоги на филмското платно.
Холивудската
легенда открива дека му било понудено да го замени Шон Конери во
улогата на "агентот 007", откако тој во 1976 година се откажал од
снимање на следното продолжение.
Иствуд за "Los Angeles Times"
изјавил дека му била понудена солидна сума за да го одигра ликот на
Џејмс Бонд, но тој одбил сметајќи дека тоа не е вистинската улога за
него.
"За мене овој лик беше препознатлив за некој друг, тоа беше
улога на Шон. Не сметав дека е правилно јас да го заменувам", изјавува
актерот.
Но, освен оваа улога 80-годишниот актер открива дека не
сакал да биде ни Супермен, улогата која подоцна му припаднала на
Кристофер Рив.
Клинт Иствуд вели дека не се чувствувал пријатно во
хеланки и наметка, па така решил дека и оваа улога не е доволно добра
за него.
"Отсекогаш повеќе ми се допаѓале ликови кои се поврзани
со реалноста", додава актерот, кој свесно ги одбил светски познатите
улоги.
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
Постирано од: Орка
Датум на внесување: 16.Септември.2010 во 00:48
http://ruskifilmovi.wordpress.com/ - Еве добра манифестација...за кој сака Руски филмови
Вториот дел од "Ние сме од иднината" го изгледав пред некој ден вреди да се види интересно филмче...
Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 21.Септември.2010 во 08:43
ВЕЧЕРВА ВО КИНОТЕКАТА ФИЛМ НА РЕЖИСЕР СО ЗЛАТНА ПАЛМА
"Цар" од Лунгин во Неделата на руски филмови
На Неделата на руски филмови во Кинотеката на Македонија, вечерва (20 ч.) е филмот "Цар", произведен минатата година, од режисерот Павел Лунгин. Лунгин Павел Семјонович (61) е руски сценарист и режисер, добтник на Златна палма во Кан во 1990 година за режија на "Такси блуз". Тој е роден во Москва, каде што на Државниот универзитет завршил на одделот кинематографија. Од почетокот на 90-тите живее во Франција каде што снима филмови, но работи и во Русија.
-------------
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 01.Октомври.2010 во 13:47
http://www.time.mk/read/45e868e058/030699c482/index.html - “Мајки“ селектиран за Берлинскиот филмски фестивал
Уште еден огромен успех на филмот “Мајки“
на Милчо Манчевски по светската премиера на филмскиот фестивал во
Торонто, филмот е селектиран за Берлинале, еден од трите најголеми
филмски фестивали од А класа во светот (покрај Кан и Венеција). 61-то
издание на Берлинале ќе се одржува од 10 до 20 февруари 2011 година.
“Мајки“ на Берлинале ќе има европска премиера и тоа во
престижната програма Панорама, која заедно со програмата Кензен во Кан е
убедливо најсилната селекција за авангарден уметнички филм во светот.
Фактот
дека “Мајки“ е уште сега избран за Берлинале особено добива на значење
ако се има предвид дека селекцијата се врши меѓу 3.000 филмови од целиот
свет и дефинитивниот избор ќе биде објавен во периодот декември до
јануари.
Откако пред 30 години на Берлинале е создадена
програмата Панорама, во неа биле прикажани филмовите на најголемите
светски филмски автори, од Жан Лик Годар до Оливер Стоун. Програмата
Панорама нема натпреварувачки карактер, туку единственото признание е
Наградата на публиката за која гласаат и која ја доделуваат гледачите.
Бидејќи
веќе имаше светска премиера во Торонто, “Мајки“ не може да конк*рира и
во натпреварувачката селекција за Златната мечка на Берлинале.
Учеството
на “Мајки“ на Берлинале е од огромно значење не само за македонската
кинематографија туку и за културата на Македонија воопшто, зашто овој
голем фестивал лани, на јубилејното 60-то издание, имаше над 300.000
гледачи и над 20.000 акредитирани гости и новинари од 120 земји во
светот.
Согласно регулативите на Берлинскиот филмски фестивал,
“Мајки“ не може да се прикажува на другите европски фестивали до
февруари следната година. Но “Мајки“ доби посебно одобрение за
прикажување на Меѓународниот фестивал на филмска камера Браќа Манаки во
Битола, како и за редовна дистрибуција и киноприкажување во Македонија.
“Мајки“ ќе го отвори фестивалот Браќа Манаки на 16 октомври во Битола, а
истовремено во Скопје ќе игра на редовниот репертоар во киното
Милениум.
“Мајки“ е четврт филм на Милчо Манчевски и е
македонски кандидат за оскар. Филмот е македонско-француско-бугарска
копродукција. Главните улоги ги толкуваат Ана Стојановска, Димитар
Ѓорѓиевски, Владимир Јачев, Ратка Радмановиќ, Салаетин Билал, Диме
Илиев, Марина Поп Панкова, Петар Мирчевски, Горан Трифуновски, Благоја
Спиркоски, Борис Чоревски, а за прв пат на филм се појавуваат Емилија
Стојковска и Милијана Богдановска.
Директор на фотографија е Владимир Самоиловски, продукциски дизајнер
Дејвид Манс, костимограф Елизабета Монталдо, дизајнер на маска Марио
Микисанти, монтажер Жаклина Стојчевска, дизајнер на тонот Питер Балдок,
кастинг директор Маја Младеновска, а музиката е на Игор Василев
Новоградска. Продуцент е Кристина Калас, а копродуценти се Тиери
Ленувел, Мари-Пјер Масиа и Методиус Петриков.
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
Постирано од: DarlinG
Датум на внесување: 03.Октомври.2010 во 22:13
Во светот на филмот се шушка за најновиот филм на Дарен Ароновски "Black Swan" каде главна улога има Натали Портман и Мила Кунис. Откако ги имаше своите премиери на Венецијанскот филм фестивал и Торонто филм фестивалот, овој филм добива се повисока и повисока оценка. Се шушка дека е можно овој филм да добие неколку номинации за оскар како Најдобар филм и Најдобра главна улога.
Имено, филмот не внесува во светот на балетот, каде балерината Нина(Натали Портман) ја добива улогата на белиот лебед во Лебедово езеро, а нејзината противничка ја добива улогата на црниот лебед. Ривалството, претварајќи се во бизарно пријателство, и ја открива на Нина темната страна.
http://www.youtube.com/watch?v=5jaI1XOB-bs - Black Swan trailer
-------------
Постирано од: Ninja 35
Датум на внесување: 14.Октомври.2010 во 00:47
http://www.time.mk/read/3689d2f84e/f022de65e4/index.html - Дерил Хана доаѓа на "Браќа Манаки"
------------- Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
Постирано од: емил
Датум на внесување: 14.Октомври.2010 во 07:21
Леонардо Дикаприо во најновиот филм на Клинт Иствуд
Извор: Блиц
Клинт Иствуд навести дека Леонардо Дикаприо би можел да го толкува ликот на штитеникот Едгар Хувер во неговиот филм за првиот директор на Федералното истражно биро (ФБИ).
Претходно се шпекулираше дека „во игра“ за улогата на Клајд Толсон е Хоакин Финикс, но Иствуд тоа го демантираше, пишува интернет сајтот Диџитал спај.
„Не знам од каде произлегла таа приказна... Зарем тој не стана рапер?“, прашал Иствуд.
„Тоа би била одлична улога за него“, одговорил тој на прашањето дали Дикаприо би можел да го игра миленикот на Хувер и прецизирал дека преговорите се во тек, но договор се уште не е потпишан.
Филмот ќе го следи животот на Хувер од подемот, до местото прв директор на ФБИ, па се до контроверзите во врска со неговите сексуални склоности, кои во јавноста излегоа дури по неговата смрт
-------------
Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 17.Октомври.2010 во 00:25
Започна филмскиот фестивал „БРАЌА МАНАКИ„ во Битола. Фестивалот го отвори американскиот кинематограф(инаку од Унгарија) Вилмош Жигмонд а гостинка на фестивалот е и Дерил Хана.
Има некој информација кога и каде ќе ги даваат филмовите во Скопје?
Постирано од: brza
Датум на внесување: 17.Октомври.2010 во 00:36
daril hana ...........gostinka?!
...a shto majka pa bara tuka vo ovaa...pustelija?
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 17.Октомври.2010 во 23:36
Не беше во пустелија.... Хана беше во градот на Конзулите ...
а Битола овие денови беше .... како Холивуд...
звездите газеа по црвен тепих.....
И многу битно ...ептен и се бендисал нашиот Македонски ајвар...
Изјави дека го имала најубавиот доручек во својот живот.....
-------------
Постирано од: brza
Датум на внесување: 17.Октомври.2010 во 23:55
lelel..lelel..lele..holivud,a?
..a da ne "postavile" i avenija na zvezdite?
, znachi,...imame ..las vegas,..sega holivud...minhen vo oktomvri..maliot monmartr..pa, pariz ...
...a, be...svet u malo izdanje e,..golemava makedonija!
...sledniot pat , strumica ke bide ...se kladam ,
..i venecija na balkanot!
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 18.Октомври.2010 во 01:11
Не бе Брза, Струмица е Рио на Балканот...
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
Постирано од: brza
Датум на внесување: 18.Октомври.2010 во 01:22
a?
aaa... toa e sigurno koga ne e ...poplaveno !
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 19.Октомври.2010 во 19:03
http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=65786 - Грци снимаат документарец за Македонците бегалци ....
-------------
Постирано од: сашо
Датум на внесување: 29.Октомври.2010 во 12:12
a ova e komentarot na edna "ugledna" bitolska faca za Manaki, gostite, labina i Josip Broz.... audioto e od negova radio emisija http://www.youtube.com/watch?v=BvCgM1bj4u4 - http://www.youtube.com/watch?v=BvCgM1bj4u4
------------- objektiv pred aparat, subjektiv pozadi
Постирано од: емил
Датум на внесување: 05.Февруари.2011 во 04:56
/showbiz/film/7200-najlos-od-losite.html - Во најлошите филмови - најмногу пари
Johnny Depp има главни улоги во најлошите филмови, а сепак е најдобро платен актер во Холивуд.
Пред него се најде само режисерот James Cameron кој благодарение на "Avatar" заработи 257 милиони долари. На трето место по мнатогодишната заработка е Steven Spielberg со 80 милиони долари.
Режисерот на филмот "Inception", Christopher Nolan се наоѓа на четвртото место со заработка од 71 милиони долари.
И покрај тоа што филмот "Tourist" е прогласен за најлош во 2010 година, актерот Johnny Depp има причина да слави, тој заработи најмногу од своите колеги минатата година, или 100 милиони долари.
За филмот "Alice in Wonderland" на режисерот Tim Burton заработи 40 милиони долари, за третото продолжение на филмот "Pirates of the Caribbean" доби 35 милиони долари, а за "Tourist" 20 милиони долари.
Кај девојките најплатена актерка е Kristen Stewart, на која улогата во филмот "Twilight" и донесе заработка од 27 милиони долари.
-------------
Постирано од: емил
Датум на внесување: 11.Февруари.2011 во 12:21
Шварци се враќа на сцена
Славниот акционен актер и екс калифорниски гувернер Арнолд Шварценегер најави враќање во Холивуд..
Од политика му е доста, па решил да и се врати на својата прва љубов.
"Мојот агент веќе седум години ме прашува кога ќе може да почне да ги прифаќа понудите кои стигаат. Сега, му дадов зелено светло", објави 63-годишниот актер на својот Твитер профил, пренесува "Daily Telegraph"
Шварценегер неодамна го заврши својот втор мандат како гувернер на Калифорнија, и веднаш почна да се шпекулира за неговото враќање на филмските екрани.
За време на политичката кариера, Шварценегер си дозволи неколку излети во седмата уметност.
Му го исполни ветувањето на Сталоне, и минатата година на кратко се појави во неговиот филм "The Expendables".
Арнолд Шварценегер својот прв филм "Hercules in New York" го снимил далечната 1970 година, но секако, бодибилдерот кој своевремено беше и најсилен човек на светот, светската слава ја стекна со улогата во "Terminator".
Токму во првиот дел на "Terminator", 1984. година, ја кажа својата http://en.wikipedia.org/wiki/Ill_be_back - позната фраза : "I'll be back".
Очигледно дека го исполни своето ветување, со оглед на тоа што конечно го потврди своето враќање во светот на филмот
-------------
Постирано од: емил
Датум на внесување: 02.Март.2011 во 08:32
Ренесанса на вестернот преку браќата Коен
Наслов: „Вистинска храброст“ (True grit)
Режија: Џоел и Итан Коен
Сценарио: Џоел и Итан Коен
Главни улоги: Џеф Бриџис, Хејли Стејнфилд, Мет Дејмон и Џош Бролин
Жанр: вестерн
Времетраење: 110 мин.
Година на издавање: 2010
Вестерн жанрот, веќе одамна не е на листата на омилени филмови на публиката, а реално само мал дел од нив можат да се стават во кошницата на одлични филмови. Би ги издвоиле „Butch Cassidy and the Sundance kid“ (кој успешно ја вметна и комедијата како под-жанр) и „The Unforgiven “ но, името на овој жанр го извалка „ Jonah Hex“ . Но, браќата Коен со римејкот на истоимениот филм од 1969 година, успешно ја вратија почитта која овој жанр ја изгуби низ годините.
Џеф Бриџис во „True grit“ е Маршал Рустер Когбурн, остарен платеник специјализиран за пронаоѓање криминалци, кој го бие глас дека е најбезмилосен од сите, а токму таа карактеристика ќе биде пресудна за 14-годишната Мати Рос (Хејли Стансфилд) да го ангажира со цел да го пронајде Том Чејни (Џош Бролин) убиецот на нејзиниот татко. „Ќе го фатам Чејни, жив или мртов“ вели младата Мати Рос. На патувањето до територијата на Индијанците каде што се крие Чејни, ќе им се придружи и тексашкиот ренџер Ла Бјуф (Мет Дејмон) кој исто така сака да го види Чејни обесен но за многу поголема парична награда.
Неколку нешта во римејкот веднаш паѓаат во очи кога го гледате. Прво одличната глума од 14-годишната Хејли Стенсфилд која во филмот покажува вистинска зрелост, интелигенција и цврстина иако ова и е првиот игран филм во кариерата. Џеф Бриџис има 40 години искуство зад себе, но таа е навистина одлична, без разлика што ова е дебитантски филм за актерката. Второ, одличната фотографија од Роџер Декинс која му дава доза на мистерија на овој филм и која го прави интересен за гледање од визуелен аспект, наспроти сцените на терор кои ни се претставени. И трето брилијантните режија и сценарио за кои се погрижија Итан и Џоел Коен.
Во нивната верзија на овој класик променети се неколку нешта, но промените вродиле со плод, бидејќи го доближија филмот до мејнстрим публиката а, сепак го има нивниот печат. За разлика од првиот филм, кога централната фигура во филмот беше маршалот Когбурн (а со тоа и Џон Вејн) тука товарот на филмот преку сценариото е пренесен на ликот на Мати Рос (Стејнфилд), па се добива чувство како тој да има споредна, а Рос да ја има главната улога, но актерката совршено се снаоѓа со одговорноста која и е дадена. Од режисерски аспект римејкот е помрачен, а зимата, снегот и мрачното време во кое е сниман филмот само го надополнуваат тој впечаток. Присутна е и техничката карактеристика која станаа заштитен знак за браќата, а која ја има во повеќето нивни филмови како: „ No country for old men“, или „The big Lebowsky“. Нарацијата во True Grit доаѓа од возрасната Мати Рос (Елизбет Марвел) со која и филмот завршува, па во финалните сцени таа ја објаснува нејзината судбина по патувањето, но и таа на Когбурн и Лабјуф. Пријатно изненадување во сценариото е и татковската заштитничка врска која ќе се роди кај Когбурн. Таа ќе му даде топлина на ликот , нетипична за човек со репутација на безмилосен убиец и контрадикторна на неговиот физички изглед. Џош Бролин во улогата на Чејни е совршен избор на негативец, и ова е втората соработка на актерот со браќата Коен, но се добива впечаток дека неговиот лик е недоволно развиен и недоволно застапен во минутажа. Сепак, за поздравување е неговиот кастинг. True Grit е одличен филм кој успешно ја поврати репутацијата на овој жанр, а фановите за тоа треба да се заблагодарат на двајца талентирани филмаџии. Браќата Коен.
Гледајте го True grit (2010) ако ви се допаднале: „True grit“ (1969), „The quick and the dead“ (1995), „The missing“ (2003) „3:10 to Yuma“(2007) „High Noon“ (1952).
-------------
Постирано од: емил
Датум на внесување: 13.Март.2011 во 00:05
Анистон ќе глуми во посериозни филмови
Актерката Џенифер Анистон за во иднина најави неколку филмови кои не се комедии, меѓу кои и филм базиран на вистинската приказна за женскиот кантри-вестерн бенд, формиран во 1940-тите во затвор во Тексас. Анистон додаде дека бендот бил сличен на "Дикси чикс" во тоа време. Нема точен датум за промоцијата на филмот со наслов "Девојките од Гори". По улогите во неколку романтични комедии како "Само така", Анистон се сврте кон посериозни филмови. Уште еден иден проект е и "Спротивно од стрелките на часовникот" кој ќе се фокусира на проучувањата на Елен Лангер, позната професорка по психологија на "Харвард". Анистон беше во Мексико Сити за да го промовира својот нов парфем кој го носи нејзиното име.
-------------
Постирано од: емил
Датум на внесување: 21.Март.2011 во 15:37
Сандра Булок ги поминува деновите во Њујорк на снимање на новиот филм "Extremely Loud and Incredibly Close".
Откако дојде до малку слободно време, убавата оскаровка веднаш го искористи за да го помине со својот син Луис.
И на 46 години, без шминка и во обично издание, Булок докажа дека изгледа совршено.
Улогата на Сандра во новиот филм е прва после добиениот Оскар за „Приказната за првакот“.
Трилерот ја следи приказната за 9-годишниот аматер изумител кој по Њујорк бара брава за која има клуч.
Клучот му го оставил неговиот татко пред да загине во нападите на 11 септември. Филмот е во режија на Stephen Daldry, а би требало да излезе следната година.
-------------
Постирано од: kokomoko81
Датум на внесување: 25.Март.2011 во 07:47
Prviot makedonski amaterski film ...
http://www.youtube.com/watch?v=0uZZAhqyMno
sepak e samo trailer ... se nadevam deka do Maj ke uspeat so planiranite aktivnosti ...
samo napred i prodolzete decki !!!
Love or something like it ... like
------------- ......
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 01.Април.2011 во 15:21
Приказната за кризата на Британската монархија отсекогаш била
фасцинантна, па до сега се снимени безброј филмови за абдикацијата на
кралот Едвард. Зошто? Затоа приказната е романтична. Кралот се откажува
од тронот за да биде со жената која ја сака. Минатата година беше снимен
филм за кралот кој ќе го наследи кралот. Човекот кој не требаше да биде
крал. Кралот Џорџ Шести.
Со дејствие пред почетокот на Втората Светска војна, King’s speech ја
раскажува приказната за Алберт помладиот син на кралот Џорџ Петти и
неговата говорна маана, за која очајно бара лек да ја излечи. Секогаш во
сенка на својот плејбој брат Едвард, (Гај Пирс), Алберт (подоцна Џорџ
Шести) живее повлечен семеен живот, но со ненадејната абдикација, тој ја
превзема круната. Несигурен поради мааната смета дека не е компетентен
да ја води државата во тешките времиња, па неговата сопруга (Хелена
Бонам Картер) ќе побара помош од австралискиот логопед и несуден актер
Лајнус Лоуг (Џефри Раш).
King’s speech е одличен филм кој само го побива правилото дека е
потребен огромен буџет за да се сними брилијантен филм. Буџетот на
филмот е 15 милиони долари, сума која во друг случај ќе беше потрошена
само на хонорарот на Џулија Робертс. Се што е потребно е надежен и
талентиран режисер, одлично сценарио и брилијанти актери. Ништо повеќе.
Што и да се напише за глумата на Колин Фирт ќе биде премалку. Не
постојат доволно епитети да го опишат неговото портретирање на кралот
Џорџ. И кога би се обиделе да го објасниме, не би можеле во целост тоа
да го направиме. Потребно е само да се погледне. Подеднакво одлични се
споредните улоги од Хелена Бонам Катер и Џефри Раш кои покрај Фирт ќе си
го најдат патот до оскаровските номинации, но Фирт е тој што ја
заслужува статуетката.
Постојат контрасти во самиот филм кој го прават необичен, но топол за
гледање. Низ целиот филм доминира темната маглива атмосфера на Лондон,
ликовите се облечени во црна или сива облека, но хуморот кој го има во
филмот и покрај сериозноста на темата не дозволува да потонете во
меланхолија. Хуморот доаѓа од сцените помеѓу Лоуг и Џорџ , поточно од
моментите кога двајцата работат на вежбите за надминување на говорната
маана. Кралот се превртува на подот како шише, пцуе како кочијаш но тоа
ќе даде резултат. На доста интелигентен начин ни е прикажана врската на
Лоуг со кралот. Со доза на резервираност и анимозитет на почетокот, меѓу
двајцата ќе се развие пријателство кое ќе трае, но сепак во процесот е
задржана дистанцата меѓу двајцата. Тој е се уште кралот, а тој докторот и
никој не отстапува од строгите линии и покрај заемната почит.
Постојат три сцени во филмот кои вреди да се споменат, а од кои ќе ви
надојдат солзи на очите. Толку едноставно изведени од технички аспект,
но брилијантни во доловување на поентата. Првата во која на Џорџ му е
изгласана доверба. Семејството се пакува, а двете ќерки наместо да го
гушнат татко си, формално му се поклонуваат само изговарајќи „Ваше
височество“. Тој а ние остануваме стаписани. Втората следи веднаш потоа,
кога очигледно не знаејќи што прави на новата позиција, тој бледо гледа
во документи и стоицизмот за момент го напушта па липајќи како дете на
Елизабета тивко и вели: „Јас не сум крал. Јас сум офицер на
морнарицата“. Со тоа сфаќате како му било кога брат му го оставил на
цедило. И финалната кога и треба да го даде првиот говор со кој се
обраќа на нацијата пред војната. „ Лоуг како и да заврши ова не знам
како да ти се заблагодарам за се што стори“ . Лоуг само ќе се насмевне. А
со него ќе се насмевнете и вие.
Никол Кидман отсекогаш била фасцинантна актерка. Аристократска
убавина, став, манири кои се претопуваат во нејзината глума. Еден мој
пријател доста прецизно и реално ја опиша Кидман: „Таа не припаѓа во
секакви улоги. Едноставно не може и не треба да глуми обични ликови.
Самата убавина а и талент не го дозволуваат тоа.“
Во последниот филм Rabbit hole Никол Кидман глуми токму тоа. Таа е
Ребека, обична сопруга од предградието која заедно со сопругот Хауи
(Арон Екхарт) се справува со болката по смртта на четиригодишен син
Дени. Секој на својот начин се обидува да се врати во нормала, но
единствено во што успеале по осум месеци од несреќата е да се претворат
во емоционално темпирани бомби.
Никол Кидман е брилијанта и во Rabbit hole прикажува одлична глума
која обожавателите долго ја очекуваа. Поточно од „The hours“. Заслужена е
номинацијата за Оскар но сепак, мали се шансите таа да го освои оскарот
оваа година. Но, тоа што најмногу фасцинира во оваа улога е што и
покрај значителните количини на ботокс инјектирани во нејзиното лице,
Кидман успева да прикаже одличен перформанс . Лицето на актерката
изгледа здрвено, но таа успева да ја долови тагата, вината на мајката
која жали по својот син. Одлични се и Дајан Вист како мајката на Ребека и
Арон Екхарт како Хауи нејзиниот сопруг. Rabbit hole не е одличен, но е
солиден филм кој е изненадувачки интересен и покрај сензибилноста на
темата.
Велат, децата треба да ги закопаат родителите, а не обратно. Еден од
непишаните закони на животот. Во „Rabbit hole“ ни е прикажано
спротивното. Искуството кое ниту еден родител не треба да го доживее.
Ребека по смртта на синот живее во стаклено ѕвоно и има мал контакт со
надворешниот свет. Успешно ги сокрива емоциите под навидум веселата
фасада, и полека ги брише сите спомени од Дени во куќата. Хауи пак се
уште не може да се прости од синот. Се уште навечер ги гледа видео
снимките од Дени, се уште седиштето на синот е во неговиот автомобил,
детската соба е идентична како и пред несреќата.
Одличното сценарио постепено ни ја доловува транзициската фаза на
брачниот пар која трае веќе речиси година. Секој се обвинува себе си, но
никој не сака да го признае тоа. И двајцата сметаат дека паднале на
испитот по родителство па сега се обидуваат да заборават и не бираат
начини за тоа. Хауи почнува да пуши марихуана и оформува платонска врска
со Габи (Сандра О), дел од групата за поддршка на родители кои ги
изгубиле децата. Ребека станува Марта Стјуарт и оформува чудно
пријателство со Џејсон, средношколецот кој го прегазил нејзиниот син на
улица. Но дома двајцата се претворени во роботи кои го преживуваат секој
нареден ден во тивка мизерија
. Ова е третиот филм на режисерот Мичел, снимен по контроверзниот
Shortbuts, но не може да се каже дека напредувал во техничка смисла.
Сценариото и глумата го спасуваат Rabbit hole од медиокритетот бидејќи
неиновативната режија го претвора во мелодрама, а не припаѓа во тој
жанр. (Непотребни се и кратките сцени со колаж кои немаат смисла во
генералната порака). Сепак, Rabbit hole и покрај недостатоците е добар
филм . „Дали некогаш ќе исчезне тагата?“ прашува Ребека. „ Не . Во еден
момент станува поднослива па се претвора во нешто што можеш да го носиш
како цигла во џебот и некое време да заборавиш, но потоа пак се
појавува“ одговара мајката на Ребека.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 01.Април.2011 во 15:28
Кратката историја на еден брак
Наслов: „Син Валентајн“ (Blue Valentine)
Режија: Дерек Клејфранс
Сценарио: Дерек Клејфранс, Ками Деливанг и Џој Кертис
Главни улоги: Рајан Гослинг, Мишел Вилијамс
Жанр: романтична драма
Времетраење: 112 мин.
Година на издавање: 2010
Вуди Ален ја доведе темата за пропаднати бракови и дисфункционалните
врски во своите филмови речиси до совршенство. Всушност таа фаза траеше
до „Husbands and wives“ од 1992 година и аферата со неговата поќерка, а
од тогаш како да „омекна“ во прикажувањето на песимизмот . Но по пауза
од речиси 20 години, постои голема можност младиот режисер Дерек
Клејфранс да го замени Ален, со неговиот последен филм „Blue valentine“.
„Blue Valentine“ е филм за пропаста на бракот меѓу Синди (Мишел
Вилијамс) и Дин (Рајан Гослинг) млад пар од Пенсилванија. Филмот
нелинеарно низ сцените ја прикажува состојбата во која е нивната врска
од запознавањето па се до распадот.
Всушност почетокот на филмот доаѓа од крајот на бракот. Кога
единственото нешто што е заедничко за парот е ќерката Френки (која иако
не е биолошка ќерка на Дин, тој сепак ја прифатил и изгледал како
своја). Двајцата живеат во прифатен медиокритет исполнет со тензија и
фрустрација. Живот каков што не ни замислувале и брак каков што не ни
посакувале. Во сцените од развивањето на филмот, ни е прикажан и животот
кој го имале пред да се запознаат. Дин е смотан , неамбициозен млад
човек кој се откажал од средното училиште и работи во компанија за
селење, а Синди е промискуитетна студентка по медицина која живее со
нејзините родители и се грижи за баба си во старечкиот дом. По шест
години, таа се презира себе си за немањето упорност во намерата да стане
доктор, немањето поддршка од сопругот алкохоличар и улогите на мајка и
сопруга кои не знае да ги балансира.
Мало предупредување за сите кои очекуваат од Blue valentine,
срцепарателна љубовна приказна во стилот на Notebook, иако Рајан Гослинг
глуми и во двата филма. Ова е најреалниот филм за врската меѓу двајца
луѓе што е направен до сега, со можеби најреалната глума од двајца
актери. Филм без клише романса, без фикција, со ликови кои имаат
вистински проблеми. Бракот каков што е, постои денес кај луѓе со
вистински професии од „средната класа“ како молери и медицински сестри, а
не успешни милијардери што е честа појава во романтичните филмови.
Гослинг и Вилијамс се апсолутно прекрасни во портретирањето на Дин и
Синди. Сепак несфатливо е зошто младиот Канаѓанец не беше номиниран за
оскар покрај Вилијамс. Ова е можеби најголемиот грабеж во номинациите за
оскар од 1997 година кога Леонардо ди Каприо не беше номиниран за
Titanic, но... Талентот на двајцата актери е огромен и ќе го препознаете
речиси секаде во филмот. За издвојување се сцените каде Синди со срам
ги изнесува деталите од својата интима на медицинската сестра пред
закажаниот абортус и веднаш потоа кога ќе се премисли во средина на
процедурата. По излегувањето од ординацијата Дин само ќе изусти: „Да го
сториме тоа. Ајде да бидеме семејство“.
Режисерот Клејфанс својата доза на реалност во филмот ја дава преку
доминантните кадри во гро-план на лицата на актерите и нестабилната
камера, што само одат во прилог во доловувањето на ликовите. „Blue
valentine“ не е прв избор на филм за романтична вечер иако насловот тоа
го наговестува. Тоа е тивок филм кој е анти-реклама на сите романтични
филмови кои се снимени од Sleepless in Seattle па наваму, но далеку
подобар од сите нив. Филм кој или ќе ве остави збунети или ќе ве
воодушеви во зависност од вашите очекувања за филмовите или пак врските и
љубовта . Но вреди да се погледне.
(С. Лазаревска)
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: емил
Датум на внесување: 12.Мај.2011 во 06:00
Три македонски филма на маркетот во Кан
Од денес, па во наредните 10 дена, Македонскиот филмски фонд ќе се претстави на 64. Кански филмски фестивал и како и лани, македонскиот штанд ќе биде во рамки на павилјонот на Југоисточна Европа, заедно со: Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Бугарија, Кипар, Србија. Оваа година наместо Албанија, за прв пат, со штанд, ќе биде претставена Црна Гора. Фондот, во соработка со продуцентите на маркетот, ќе ги прикаже "Панкот не е мртов" на Владимир Блажевски, "Ова не е американски филм" на Сашо Павловски и "Д Скопје", омнибус на 10-мина млади режисери. Во рамки на програмата на претставување продуценти, а во организација на Еуропијан филм промушн, ќе биде претставен продуцентот Дарко Попов, продуцент на "Панкот". На штандот, како што јавуваат од Фондот, како и лани, секој ден попладне ќе се одржуваат отворени коктели, на кои ќе бидат канети познати филмски имиња, а македонската вечер ќе биде одржана в недела.
-------------
Постирано од: емил
Датум на внесување: 18.Мај.2011 во 06:05
Филмот на Џоли со премиера на 23 декември
Режисерското деби на Анџелина Џоли доби дистрибутер за САД. Нејзиниот филм за војната во Босна "Во земјата на крв и мед" ќе има премиера на 23 декември преку "ФилмДистрикт", огранок на "Џи-Кеј Филмс". Соопштувајќи ја зделката на Канскиот филмски фестивал, основачот на "Џи-Кеј Филмс"Греам Кинг изјави дека дебито на Џоли "е знак дека доаѓа еден инстиктивен раскажувач кој ќе ве освои". Во филмот играат локални босански актери, од кои повеќето биле деца за време на војната во 90-тите, како и македонската актерка Јелена Јованова. Џоли дојде на годинашното издание на фестивалот во Кан за промоцијата на "Кунг фу панда 2" и драмата на нејзиниот партнер Бред Пит, "Дрвото на животот", кој вчера имаше премиера .
-------------
Постирано од: емил
Датум на внесување: 19.Мај.2011 во 05:27
Ал Пачино ќе го глуми мафијашот Делакроче
Откако се прослави со улогата на фиктивниот мафијаш Мајкл Корлеоне во познатата филмска трилогија "Кум", актерот Ал Пачино сега ќе глуми вистински мафијаш. Седумдесет и едногодишниот актер, кој беше анонимен пред да глуми во "Кум" во 1972 година, се придружи на актерската група на "Готи: Три генерации", во улога на Нил Делакроче вториот шеф на мафијата Гамбино и партнер на Готи, соопштија продуцентите на филмот. Пачино беше номиниран за оскар за "Кум" и за "Кум 2", но освои оскар дури две години подоцна за филмот од 1992 година "Мирисот на жената". Во "Готи" Пачино ќе глуми заедно со Џон Траволта, кој ќе го глуми починатиот Џон Готи, Џо Пеши како блискиот пријател на Готи Анџело Руџеро и Линдзи Лохан како Ким Готи, жената на синот на Готи. Сопругата на Траволта Кели Престон и нивната ќерка Ела Блу ќе ги глумат сопругата на Џон Готи Викторија и нивата ќерка Ејнџел. Филмот ќе ја прикаже приказната за Џон Готи, озлогласениот американски мафијаш кој стана шеф на њујоршката мафија Гамбино, како и односите со неговото семејство и син му, Џон Готи Помладиот, кој подоцна стана главен на мафијата Гамбино и ги продаде правата за животната приказна на неговиот татко. Готи познат како Елегантниот дон почина од рак во 2002 година додека отслужуваше доживотна затворска казна за убиство, рекет, изнудување и затајување на данок. Сè уште не се знае кој ќе го глуми Џон Готи Помладиот. Снимањето на филмот ќе почне кон крајот на 2011 година во режија на Бери Левинсон.
-------------
Постирано од: емил
Датум на внесување: 19.Мај.2011 во 20:24
УТРЕ, СО ЦЕЛИОТ СВЕТ ВО ИСТО ВРЕМЕ, ВО "МИЛЕНИУМ"
Премиера на "Пиратите од Карибите 4" во Скопје
Магијата од светската премиера на авантуристичката драма "Пиратите од Карибите 4", закажана за утре, ќе ја почувствува и македонската јавност со скопската премиера во градското кино "Милениум" во 20 ч. Филмот за легендарниот капетан Џек Спароу продолжува на редовниот репертоар со две проекции во "Милениум". Четвртото продолжение на "Пиратите", актуелно по неодамнешната промоција на Канскиот фестивал, го режираше Роб Маршал, а на Џони Деп, како Капетанот Спароу, му се приклучува ѕвездата Пенелопе Круз, која ја игра таинствената Анџелика, жена од неговото минато, за која тој не е сигурен дали е неговата љубов или некој што сака да го искористи. Почнува непредвидлива авантура за Спароу, во која тој не знае од кој попрво да стравува. Од Црнобрадестиот или од Анџелика. Во филмот, снимен на повеќе локации, меѓу кои и на егзотичните Хаваи и Порторико, се појавуваат и Џефри Раш, како и Кевин Мекнали, и младата Астрид Бергес Фризби.
"Вест" и "Милениум" доделуваат 102 гратиси
Киното "Милениум" и веб-порталот на "Вест" њњњ.вест.мк доделуваат 102 бесплатни билети за утрешната премиера на "Пиратите од Карибите 4", од 20 часот, во "Милениум". Билетите ќе може да се добијат со испраќање и-мејл на следниов начин. Со влез во контакт-формата (на дното од насловната страница на порталот), внесувате свои податоци: име и презиме, адреса, мобилен телефон, заради идентификација, а на местото за коментар пишувате: "Две карти за кино". Еден читател може да испрати само еден и-мејл и да добие две влезници. Аплицирањето за карти е најдоцна до утре, до 14 часот. Наградените ќе добијат повратен, потврден и-мејл. Некомплетните апликации нема да се земат предвид. Гратис-картите ќе може да се земат на билетарницата на градското кино "Милениум", пред проекцијата.
-------------
Постирано од: ARTE
Датум на внесување: 02.Јуни.2011 во 15:04
"ЧОВЕКОТ НАРЕЧЕН ХРАБРОСТ" - "TRUE GRIT"
* Почеток на проекциите: 12:000; 14:00; 16:00; 18:00; 20:00 и 22:00 часот - САЛА 1 Kino Ramstor - distribucija Manaki film
pgledajte te go vo Kino Ramstor obavezno remek delo vestern na brakata koen. Bese i nominiram za oskari na poslednoto dodeluvanje.Sramota da nema nikoj na proekcii pa morav da kupam 4 karti za da go pustat posto moralo minimum 4 dusi da ima na proekcija pa da go pustat inace ne go pustaat a nie bevme dvajca.i go gledavme samo nie dvajta vo prazna sala kako da si parime privatna proekcija.sramota da se utepame site a se praime ovde nesto kultura ova ona evropa.
ma ovoj narod ne zasluzuva da ima nisto najubavo da se zatvorat i ova malce kina sto ima namesto da se otvorat novi i mnogu malce filmovi sto stigaat da nema nisto najdobo.pa vaka ako nema publika i toa ke se desi.znam deka e siromastija vo ovaa skapana kvazi drzava ali za 150 denari ima do tolku da se najdat ako ne puna sala barm 20 dusi na edna proekcia barem.znaci ne e samo do parite nego i do svesta i obrazovanieto.znam deka nema ni reklama kako treba nigde ni na mediumi a toa moze se dolzi i na stanjeto vo mediumite koe e mnogu loso ali sepak. Ima i ljuge sto imaat pa ne odat a mozat da davat za kavici i pienje itn..I ne samo na vakvi raboti ke reces po umeticki ne razbira ovoj narod nego na nisto nema publika ni na losi filmvi i eve da kazeme takvi kako sto saka ovoj da ne recam ali moram prost narod ni na takvi nema publika sramota mnogu se proseljaci i mu spadna nivo na ovoj narod.pa posle da ne se cudime sto sme do ovdeka. i da ne odam politicki ali moram i ke glasa vaka kako glasa za ovie budali sto se na vlast i ke si ima samo kic glupi spomenici i nisto drugo.
Постирано од: емил
Датум на внесување: 11.Јуни.2011 во 06:05
Актери кои детската слава не ги уништи
Кога зборуваме за деца кои уште од младите денови станале славни во Холивуд, сите веднаш би помислиле на тешко детство, зависности, секс скандали... Каков само беше случајот со Дру Баримор, или пак со сестрите Олсен... Иако многу родители настојуваат да ги држат нивните талентирани деца надвор од блескавиот Холивуд, некои и понатаму пробуваат да ги турнат нивните најмлади пред камерите. Дека нивниот труд не е секогаш залуден докажуваат и примерите со актерите кои успешно стоеја на страна од сите проблеми кои ги носи славата во нивните детски денови.
Кристијан Бејл
Актерот Кристијан Бејл се прослави на само тринаесет години, а започнувањето на неговата слава се должеше на улогата што ја одигра во филмот „Империја на Сонцето“, на Стивен Спилберг. И покрај тоа што и претходно имал мали улоги во некои филмови и реклами, Бејл не бил спремен за големата слава. Неговото нормално детство исчезна преку ноќ, па тогаш тој одлучи да ја напушти глумата засекогаш. Тоа секако не се случи, но доволен беше лошиот вкус на детската слава за да го зачува Бејл од пропаст во младите денови. Неговиот татко внимателно му помагаше во изборот на улогите, а со тоа го чуваше од сите примамливи замки во Холивуд. На крај, сето тоа резултираше во изградување на еден одличен зрел актер со успешна кариера. Зад себе има одлични филмски улоги, како оние во „American Psycho“ и „Batman“, а имајќи предвид дека има 36 години, него допрва го чекаат блескави славни денови.
Даница Меккелар
Младата Даница Меккелар одлично ја одигра својата улога во хит серијата „ The Wonder Years“, но откога истата заврши, а Даница дојде во своите зрели години, таа сфати дека продуцентите не се заинтересирани да и' дадат дополнителни ангажмани на некогашната детска ѕвезда. Иако некои би се депримирале, би се откажале од сè и би се препуштиле на пороците, Даница имаше друг план. Таа студираше математика на угледен универзитет и напиша книга која стана многу популарна. И понатаму глуми повремено, најчесто го позајмува гласот во анимирани филмови, а сега, со своите 36 години, зад себе има дури три книги. Паметна е, убава и успешна, стоејќи со нозете цврсто на земја.
к*рт Расел
Славниот к*рт Расел исто така уште како дете тргна во светот на познатите и славата. к*рт стана светски познат во седумдесеттите, кога потпиша договор со Дизни. Набрзо стана тинејџерски идол и се здоби со многубројни улоги во филмовите за млади. Кога порасна, продложи да се занимава со глумата и стана многу ценет актер.
Дакота Фенинг
Оваа девојка покажа извонреден талент со нејзината глума, и тоа во одлични филмови, уште од нејзината петта година. Денес, со нејзините седумнаесет, тој тренд успешно го продолжува. Во раната кариера почна да се појавува во реклами, а набрзо во серии, за да потоа се префрли на високобуџетни филмови. Одглуми силување на само единаесет години, а тогаш и зрело ги поднесе критиките. Пред неколку години донесе одлука дека нема да глуми додека не заврши средо училиште, но нејзината кариерата заради тоа не пати ни малку. Од оваа импресивна млада дама се очекува многу.
Ширли Темпл
Легендарната Ширли Темпл во раните триесетти години беше најголемата ѕвезда на својата доба, и тоа не само меѓу нејзините врсници. Сите се топеа пред преслатката мала Ширли. Носеше пари на секоја благајна, а кога порасна, нејзината популарност почна да опаѓа. Многумина би биле погодени од оваа ситуација, но Темпл тогаш се омажи, основа семејство и стана амбасадорка и дипломат. Ги претставуваше Америка и Обединетите Нации во Гана и Чехословачка. Издаде и книги и работеше за многу компании.
Сет Грин
Сет Грин е име кое сигурно ви е познато од некои тинејџерски филмови и серии. За време на неговиот успех и слава, Сет навистина уживаше и не допушти да стане познат како препотентен кретен. Отсекогаш сметаше дека е среќник бидејќи има прилика да ги смее луѓето.
Кристина Ричи
Успешната актерка Кристина Ричи е една од оние кои освојуваат со своето слатко лице. Има глумено во доста познати филмови и серии, а после големиот залет од детските денови, кариерата и стивна. Сепак, таа самата е свесна за својата вредност, заради што не се деградира, туку работи на своето враќање на филмското платно.
Џозеф Гордон Левит
Џозеф Гордон Левит е лице кое несомнено ви е познато од хумористичните серии. После улогата во „Третиот камен од Сонцето“, Џозеф исчезна од екраните. Одигра улога на машка проститутка во еден филм, но оттогаш немаше ништо импресивно. Сепак, тој не прифаќаше било какви улоги, туку чекаше на вистинска прилика. Тоа навистина му се исплатеше, особено со улогите во оскаровецот од 2010 година, „Inception“, како и за одличната романтична комедија „(500) Days of Summer“, која исто така се здоби со награди и номинации.
Кирстен Данст
Талентираната Кирстен Данст стана славна многу рано, занимавајќи се со манекенство и глума уште од мали нозе. Со оглед на фактот што нејзината првата голема улога беше заедно со Бред Пит и Том Круз, тешко дека можеше да и тргне на лошо. Сепак, после неколку звучни филмови и тинејџерски хитови, нејзината кариера малку замре. Како и да е, неодамна во Кан доби награда за најдобра женска актерка за филмот „Меланхолија“. Кирстен улогите ги бира полека и промислено, па нејзиниот талент сигурно ќе го гледаме во одлични филмови уште долго време.
Рон Хауард
Рон Хауард се прослави во шеесеттите години на минатиот век, кога имаше само шест години, со серијата „ Andy Griffith Show“. Кога ангажманите со таа серија му завршија, тој одби неколку улоги, а потоа во средината на седумдесеттите се врати во светот на глумата. Потоа, го напушти и актерството со цел да стане режисер. Времето си го направи своето, а Хауард режираше многубројни хитови и се здоби со Оскар.
-------------
Постирано од: Andjelina
Датум на внесување: 11.Август.2011 во 11:18
http://www.vest.com.mk/?ItemID=ECB6EE7290DFD047A2F37A5A72F7519F - ke se snima rimejk na VALKAN TANC
------------- Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 14.Август.2011 во 23:56
Трет дневник на Бриџит Џонс
Холивудската актерка Рене Зелвегер наскоро ќе може повторно да се појави во улогата на симпатичната Бриџит Џонс, која во првите два дела од филмот измами насмевки на публиката од целиот свет.
Третото продолжение на филмот ’Бриџит Џонс’, снимен според книгата наХелен Филдинг, ќе биде прикажан во кината следната година.
Продолжението се подготвува уште од 2009 година, а според холивудските медиуми, филмот за авантурите опишани во дневникот на Бриџит Џонс ќе биде готов до крајот на оваа година.
Главната женска улога повторно ќе и припадне наРене Зелвигер,Колин Фиртќе се појави во улога на нејзиниот маж, додекаХју Грантќе го толкува ликот на нејзината поранешна и непреболена љубов.
Актерот Колин Фирт откри некои детали. „Бриџит и Марк нема да можат да имаат деца, па таа ќе направи голема грешка и ќе му се врати на Даниел, со кого ќе остане бремена“, открива тој дел од приказната.
Магазинот „Сан“ објавува дека Рене веднаш ја прифатила улогата, кога дознала дека нема да мора да се здебелува, како што беше потребно за претходните два дела. На почетокот од овој дел, Бриџит ќе застане на вага и ќе се воодушеви од губењето на килограмите.
-------------
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 29.Октомври.2011 во 19:21
Еден од најпосакуваните ергени, Џерард Батлер, откри дека за време на снимањето на неговиот нов филм „Machine Gun Preacher“ два пати бил погоден во лицето со дијабола.
- Бев погоден два пати во лицето за време на снимањето на „Machine Gun Preacher“. Снимавме голема акциона сцена и една дијабола ме погоди по веѓата. Крварев толку многу што моравме да престанеме со снимањето. Десет минути подоцна, на следното снимање, повторно се случи истото и тоа на истото проклето место!, изјавил Батлер.
- Кога бев помлад неколку пати имам завршено во затвор. Бев навистина бесно дете, патував низ САД, пиев додека возев и правев разни глупости. За среќа, од деструктивно дете што се бори да си најде свое место на светов, се ориентирав кон глумата и си го средив животот, се надоврзал актерот.
Батлер открил и дека повторно почнал да пуши, откога една вечер излегол со неговиот холивудски другар Расел Кроу. Пред да се случи тоа, шкотскиот актер успеал да ги откаже цигарите после 40 обиди, по кои четири години апстинирал од лошата навика.
- Ми требаа 40 обиди за да се откажам од пушењето. Бев на хипнотизирање 23 пати, примав инјекции со содиум пентанол, ми ги имаат електролизирано ушите и имав ласерска терапија на рацете. Конечно успеав и не пушев цели четири години. Но, пред три месеци, излегов со неколку пријатели, меѓу кои беше и Расел Кроу. Од вкупно 12 луѓе, 11 пушеа и едноставно тоа беше тоа, открил Батлер.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 29.Октомври.2011 во 19:29
Мускулестиот холивудски актер Арлонд Шварценегер, кој стана гувернер на Калифорнија се враќа на филмското платно. Тој е во Њу Мексико, каде што се снима филмот "The Last Stand" во кој тој ја игра главната улога на шериф во еден мал град.
Актерот постирал порака на неговиот Твитер профил во понеделникот во која вели дека одлично поминал на првиот ден од снимањето на филмот. Тој во пораката им се заблагодарува на целата екипа и вели само така да се продолжи и поманатму.
Филмот во кој глуми Шварценегер е модерен вестерн, каде тој ја игра улогата на поранешен полицаец во Лос Анџелес. После неупешната полициска операција во Лос Анџелес тој е во затвор во Лас Вегас, од каде бега и почнува да работи како шериф во малиот пограничен град во Њу Мексико.
Режисер на филмот е Ким Џи Вун.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 29.Октомври.2011 во 19:30
Кој е новиот негативец во Џејмс Бонд?
http%3A%2F%2Fwww.idividi.com.mk%2Fshowbiz%2Ffilm%2F717762%2Findex.html&show_faces=false&layout=button_count&locale=mk_MK">Во најновиот филм за славниот британски таен агент Џејмс Бонд, со работен наслов Bond 23, во улога на главен негативец ќе се појави шпанскиот оскаровец Хавиер Бардем . Хавиер го потврди ова во разговорот со новинарката Кристин Аманпоур, во емисијата на ABC, Nightline.
Ги изгледав сите филмови за Џејмс Бонд, а сега се надевам дека учеството во снимањето на филмот за тајниот агент ќе биде забавно, изјави Бардем, додавајќи дека не смее да открива повеќе детали.
Последната улога на негативец која Хавиер ја одиграл беше онаа на манијакалниот убиец во драмата No Country for Old Men на браќата Џоел и Итан Коен, која му донесе Оскар за најдобра споредна улога.
Новиот Бонд во кината доаѓа во ноември 2012-та година.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 29.Октомври.2011 во 19:32
Мики Манојловиќ добитник на Златна камера 300
http%3A%2F%2Fwww.idividi.com.mk%2Fshowbiz%2Ffilm%2F717663%2Findex.html&show_faces=false&layout=button_count&locale=mk_MK">Српскиот актер Предраг Мики Манојловиќ е добитник на специјалната награда Златна камера 300 за особен придонес во светската филмска уметност на 32. издание на Браќа Манаки, објавија денеска во Битола организаторите на фестивалот.
Мики Манојловиж е еден од најискусните и најангажирани актери од Србија и поранешна Југославија, со филмографија од речиси сто наслови во различни категории и добитник на низа високи награди и признанија.
Сите национални кинематографии на Балканот се обележани од неговите богати актерски перформанси. Покрај српски, на филм говорел и македонски (Како лош сон), албански (Беса), бугарски (Светот е голем а спасението демне отсекаде), хрватски (Нека остане меѓу нас), ромски (Џипси меџик). Манојловиќ е омилениот лик на најголемите режисерски брендови од регионот, Кустурица, Грлиќ, Карановиќ, Паскаљевиќ, Бајиќ, Тановиќ, помладите Матаниќ, Драгојевиќ, Кољевиќ и нашите Попов и Митриќески.
По распадот на Југославија почнува и неговата интензивна кариера на меѓународен план, играјќи во огромен број француски и италијански наслови. Се одвојуваат впечатливите и забележани улоги во Ослободи ме (1998) на Леа Пул, Криминални љубовници (1999) на Франсоа Озон, Земи ме (2000) на Ариет Мари, Смртен трансфер (2001) на Жан Жак Бене, филмот за стрип јунакот Ларго Винч (2008) на Жером Сале, хит-комедијата Ирина Палм (2009) на Сем Гарбарски. Има глумено покрај сите најголеми имиња од поранешните југословенски простори, но и покрај Емануел Беар, Одри Тату, Чулпан Кхаматова, Винсент Перес, Мишел Сера, Валерија Бруни Тедески, Мариен Феитфул, а во Битола пристигнува од сетот на Бурманска завера, филм во кој главната улога ја толкува Шерон Стоун.
Генерации гледачи ќе го паметат и по улогите во популарните серии Отпишаните и Бос по трње (Грлом у јагоде), незаборавниот лик на Мики Рубироза. Светски познатиот театарски режисер Питер Брук во 1987 година доаѓа во Југославија специјално да го сретне со него.
Во чест на Мики Манојловиќ, на 21 октомври на церемонијата на свечено затворање на Фестивалот ќе биде прикажан контроверзниот филм Беса. Освен Манојловиќ, на затворањето ќе присуствува и режисерот Срѓан Карановиќ, култен автор на просторите на екс-Југославија кој го потпишува овој филм.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 29.Октомври.2011 во 19:33
Кидман присилена да го откаже својот конторверзен филм
Проектот за снимање на „The Danish Girl“, биографски филм кој требаше да биде тежок 20 милиони долари, базиран на популарната книга за уметникот Lili Elbe, кој бил роден како маж со име Einar Wegener, се откажа.
Никол Кидман беше ангажирана за улогата на Lili/Einar, но режисерот Lasse Hallström, а потоа и актерката Рејчел Вајс, која требаше да толкува споредна улога, се повлекоа од филмот, кој требаше да започне со снимање во Германија, минатиот месец.
Позади овој проект беше продуцентската куќа на Кидман, Blossom Films, но финансиските проблеми, како и проблемите со актерската екипа, ја оневозможија неговата реализација.
- Никол најпрво и’ се обрати на Гвинет Полтроу за да ја игра жената на Einar, Gerda Gottlieb, но таа веќе имала премногу ангажмани. Шарлиз Терон потоа прифати да ја игра таа улога, но мораше и да ја откаже, заради проблеми со распоредот, вели изворот.
- Рејчел Вајс се пријави минатата година, но потоа, заради нејзиното повлекување, целата продукција падна во безредие. И покрај сè, Никол сепак е решена да го направи овој филм и ќе започне сè одново
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 29.Октомври.2011 во 19:34
Хју Џекмен понижен од љубовните сцени со Џенифер Гарнер
Хју Џекмен вели дека снимањето на љубовните сцени со Џенифер Гарнер било „понижувачко“.
Австралискиот актер, кој зедно со сопругата на Бен Афлек ќе играат на големото платно во филмот „Butter“, и покрај тоа што уживал во снимањето на филмот, се засрамил заради невообичаениот начин на којшто требало да ги сними интимните моменти.
- Има една сцена на која водиме љубов во кола, но таа нема да се гледа, туку само ќе ни се слушаат гласовите. Никогаш нема да го заборавам моментот кога во колата Џен и јас испуштавме звуци како оние при секс, изјави познатиот актер.
- Беше на некој начин понижувачки кога откривме дека нема да можат да нè снимаат и двајцата одеднаш, така што требаше да се снима прво едниот, па потоа другиот. Драго ми е што таа беше прва. Никогаш немаше да можам да отидам толку далеку колку што отиде таа ако не го направеше тоа пред мене. Мислам дека не сум бил позасрамен во мојот живот.
Покрај таа непријатност, Хју бил многу среќен што е дел од филмот бидејќи тоа било многу забавно искуство.
- Многу се забавував на снимањето на овој филм и среќен сум што Џен ме избра мене – и таа беше дел од продуцентскиот тим. Навистина уживав, тоа беше благослов , додаде Хју, кој е прогласен за еден од најубавите мажи на планетата.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 29.Октомври.2011 во 19:36
Која е новата Бонд девојка?
На шпекулациите во врска со новата Бонд девојка конечно им се стави крај. Официјално се потврди дека новата Бонд девојка ќе биде Bérénice Marlohe, која заедно со Даниел Крег ќе игра во 23 – тото продолжение на славниот серијал за тајниот агент 007.
Француската актерка, на која ова ќе и’ биде прв англиски филм, ги исфрли од конк*ренција бразилската манекенка Ана Паула Арахо и британската актерка Наоми Херис.
Се очекува филмот премиерно да биде прикажан на 26 октомври 2012 година, а се шират гласини дека неговото име ќе биде Skyfall.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 29.Октомври.2011 во 19:37
Холивуд и порача: Изгуби ги мускулите!
Камерон Дијаз ќе мора да го смени својот режим на вежбање доколку сака да го задржи статусот на дама.
Извори блиски до актерката велат дека мускулестиот изглед на Камерон го намалил интересот на продуцентите за неа, кои пак не се сигурни дека нејзиниот нов изглед ќе биде добро прифатен од публиката.
- Камерон е екстремно посветена на здравиот изглед и живот, а сега вежба повеќе од кога и да е. Таа е свесна дека годините ја стигнуваат и оти сега уште повеќе мора да се грижи за својот изглед, но дури и таа самата признава дека малку забегала со вежбањето. Имаше неколку улоги каде нејзиниот мускулест изглед преставуваше проблем. Никој не сака главната женска стерлета да има поголеми бицепси од нејзиниот филмски партнер, вели изворот.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 29.Октомври.2011 во 19:38
Гран при за аматерскиот документарен филм „Човекот лета“
Меѓународното стручно жири на Фестивалот за аматерски документарен филм „Камера 300“ што се одржува во Битола одлучи највисокото признание на фестивалот, наградата гран-при плакета „Милтон Манаки“ да му ја додели на Франк Бекер од Англија, автор на документарниот филм „Човекот лета“.
На вечерашната проекција на најдобрите, од пристигнатите 47 документарни филмови од 12 држави во Европа, меѓу нив 23 од Македонија, ќе биде прикажан и најдобриот македонски документарен филм „Временски патник“ на авторката Марина Трајковска, кој ја доби наградата златна „Камера 300“.
На 19.издание на Интернационалниот фестивал на аматерски документарен филм „Камера 300“ во категоријата „авторски награди“ жирито за најдобар камерман го прогласи Валентин Иванов од Бугарија, наградата за режија годинава му припадна на Ролф Мандолеси од Италија, наградата за монтажа ќе ја добие Франц Копич од Словенија, а наградата за најдобра идеја Јетон Селими од Македонија за филмот „Златна белегзија“.
------------- I'm out bcz of pathetic around here
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 29.Октомври.2011 во 19:39
Клинт Иствуд најверојатно се враќа на глумата
http%3A%2F%2Fwww.idividi.com.mk%2Fshowbiz%2Fcelebrity%2F715684%2Findex.html&show_faces=false&layout=button_count&locale=mk_MK">Клинт Иствуд кој последните години е посветен на режирање филмови, најверојатно се враќа на глумата.
Иствуд е во преговори за улогата во филмот Trouble with the Curve.
Сценариото го напиша Ренди Браун, а приказната на филмот го следи безбол ветеранот кој тргнува на пат со својата ќерка во потрага по млади талентирани играчи.
На долгогодишниот соработник на Иствуд, Роберто Лоренцо наводно овој филм ќе му биде режисерско деби, наведува сајтот со вести од шоу бизнисот Deadline.
Лоренцо му бил асистент на режија на Иствуд во некои филмови како што се Девојка од милион долари и Мистична река, кои ги режираше овој актер.
Иствуд последен пат е виден на филмското платно во улогата на Вол Ковалски во 2008 година во филмот Гран Торино. Тој своевремено изјави дека се откажува од глумата и дека сака да се посвети на продукцијата и режијата.
Тој требаше да режира римејк на филмот Ѕвездата е родена, во кое би играла пејачката Бијонсе, но заради нејзината бременост идејата за проектот моментално е одложена.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 29.Октомври.2011 во 19:42
Награда за Панкот не е мртов на Фестивалот на медитерански филм во Копер
http%3A%2F%2Fwww.idividi.com.mk%2Fshowbiz%2Ffilm%2F718616%2Findex.html&show_faces=false&layout=button_count&locale=mk_MK">Филмот Панкот не е мртов по сценарио и режија на Владимир Блажевски, доби награда од критика на Фестивалот на медитерански филм што се одржа од 12 до 16 октомври годинава во Копер, Словенија.
Ова е четврта награда во последниве неполни пет месеци за Панкот не е мртов, кој е македонски кандидат за најпрестижната светска филмска награда Оскар.
Панкот не е мртов доби награда на 46. Филмски фестивал во Карлови Вари во Чешка за најдобар филм во програмата Исток на Западот (East of the West) во која се натпреваруваа уште 11 филмови.
За улогата на Мирса во Панкот не е мртов, македонскиот актер Јордан Симонов ја доби наградата Златна мимоза на Филмскиот фестивал во Херцег Нови.
Панкот не е мртов ја освои специјалната награда од жирито на третото издание на интернационалниот филмскиот фестивал ПриФилмФест во Приштина.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 12.Декември.2011 во 20:08
Кои се најдобрите филмови за 2011 година?
Црно-белиот нем филм „The Artist“ (Уметник), драмата „The
Descendants“ (Потомци), Бред Пит, Мартин Скорсезе и Теренс Малик беа големите
победници на синоќешното доделување на наградите на филмските критичари и
здруженија.
Бостонското здружение на филмски критичари, Здружението на
критичарите од Лос Анџелес и Њујоршкото здружение на онлајн критичари ги
соопштија синоќа своите избори за најдобри филмови и актерски остварувања во
2011 година, отворајќи ја клучната седмица во Холивуд, за време на која ќе бидат
соопштени и номинираните за Златни глобуси и наградите на Здруженијата на
актери.
Американскиот филмски институт (АФИ) од Лос Анџелес исто така
синоќа ја објави нивната листа од десет најдобри филмови за 2011.
Во Бостон, критичарите го избраа немиот филм за Холивуд
- „Уметник“ за најдобар. Филмот не се најде на листата на АФИ, само поради тоа
што не е американски, туку француски, но заедно со серијата „Хари Потер“ се
најде во групата „специјални награди“.
Меѓу десетте најдобри, според АФИ,
се „Потомци“ со Џорџ Клуни во главната улога, „Иго“ на Скорсезе, „Полноќ во
Париз“ на Вуди Ален, „Воен коњ“ на Стивен Спилберг и
комедијата „Деверуши“.
Бостонските критичари го прогласија Пит за
најдобар актер за неговата улога во филмот „Формула на успехот“ и Мишел Вилијамс
за најдобра актерка за нејзината улога на Мерилин Монро во филмот „Мојата недела
со Мерилин“.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: емил
Датум на внесување: 04.Април.2012 во 05:38
Kомедијата „Глупав и поглупав“ ќе добие продолжение
Хит-комедијата од 1994 година „Глупав и поглупав“ ќе добие продолжение. Ова го откри
Питер Фарели, корежисерот на авантурите на двајцата пријатели со сомнителен коефициент на интелигенција. Според него, новиот филм, кој ќе почне да се снима во септември, ќе биде уверливо продолжение на она што публиката можеше да го види претходно и ќе нема никаква врска со оној што излезе во 2003.
Имено, пред неколку години беше продуцирано продолжението „Глупав и поглупав: Kога Хари го сретна Лојд“, но во него не играше оригиналната актерска екипа.
Потврдено е дека ѕвездите од оригиналниот филм, Џим Kери и Џеф Даниелс, ќе играат во новиот проект. Фарели и остатокот од екипата долг период сакале да го снимат продолжението, но с` почнало да се развива кога и Kери и Даниелс пројавиле интерес.
- Џим беше зафатен со други проекти, но се јави и рече дека мора да го повториме тоа искуство. Го гледал филмот и си рекол дека би можеле да снимиме совршен втор дел.
Фарели, пак, ќе го режира филмот со својот брат Боб, а Шон Андерс и Џон Морис работат на сценариото.
-------------
Постирано од: емил
Датум на внесување: 05.Април.2012 во 23:25
Хју Грант не снима повеќе
Холивудската ѕвезда Хју Грант ја завршува својата актерска кариера и повеќе не прифаќа нови проекти бидејќи му здосадило да биде пред камера. "Завршив со тоа. Повремено ќе се појави проект кој ќе ми ја разбуди фантазијата, но начелно завршив. Иако не работам многу, ми се допаѓаат одредени аспекти од работата на глумецот. Ми се допаѓат односите кои ги развивам со луѓето за време на снимањето, но самото стоење пред камерите не ми се допаѓа", вели 51-годишниот актер.
Популарниот Британец вели дека е најтажно да се видат луѓе во доцните 30-ти или 40-ти години како се борат да добијат улога на морков во обична ТВ-реклама. "Некои луѓе тоа мораат да го прават, бидејќи едноставно се фасцинирани од глумата", изјавил Грант.
-------------
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 03.Септември.2012 во 01:13
Од интервјуто со Дарко Митревски - промоција на “Трето полувреме“ на 15ти септември на отварањето на “Браќа Манаки“.
И најава за нов филм. Е многу е јак предлогот од другарка му Ружа
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=2C399B1FAD43244F8BC49529FBDF5BDF" rel="nofollow - - Анцелина Џоли како мис Стоун
И што сега, пак идеја за филм или?
Во моментов работам на ново
сценарио. Работниот наслов е „Аферата мис Стоун”, а поднаслов: „Првата
заложничка криза во модерната американска историја”. Станува збор за
филмски обид целата оваа историска приказна за војводата Јане Сандански и
грабнувањето на госпоѓицата Елен Стоун да се согледа од американска
перспектива, која има два аспекта - едниот аспект е тој на жртвата,
грабната од луѓе чиишто идеали се труди да ги разбере; другиот е на
тогашната политика на Белата куќа, која со оваа афера првпат посакала да
се наметне како одлучувачки фактор во решавањето на балканските
превирања. Kај нас тоа е непознато, но во тие осум месеци, колку што
траела оваа афера, во Соединетите Американски Држави на таа тема и биле
посветени повеќе новински статии и биле испишани повеќе страници отколку
што ние, Турците и Бугарите топтан ќе напишеме за истата таа работа во
наредните сто години.
За крај, морам со вас да го споделам планот
што другарка ми Ружа го нуди за овој проект. Вели вака: „Ќе го замолиш
Раде Шербеџија да те спои со Анџелина Џоли. Kога ќе те спои, на Анџелина
ќе и кажеш дека ова е филм за Македонија. Таа ќе те праша што е тоа
Македонија, а ти ќе и кажеш - тоа е онаа земја што мака мачи со Грците! Е
сега, бидејќи Џенифер Анистон е Гркинка по потекло, Анџелина ќе се
идентификува со македонските маки, па ќе го натера Бред Пит да го игра
Сандански - а тој нема да смее да одбие, за да не испадне дека уште гаи
симпатии кон Џенифер. И не само тоа, туку ќе ти го донесе и Џорџ Kлуни
да го игра Гоце Делчев!”. И така, јас се смеам, а Ружа мртва-ладна ме
гледа, па вели: „А бе, што се кезиш? Џабе ти е сета твоја режија кога не
можеш да сконташ што се` една жена е во состојба да направи за
Македонија - само за пакост да и направи на соперничката!”.
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
Постирано од: d4 b3
Датум на внесување: 03.Септември.2012 во 03:57
Значи, кога би требало да замислам на кој фестивал овој филм најмногу му
личи или му доликува, веројатно би рекол - на Берлинале. Прво, затоа
што мене Берлин ми е симпатија, а второ - затоа што овој филм зборува за
еден полугермански фудбалски тренер, кој во една запуштена балканска
касаба донесува германска технологија, во време кога неговите
сонародници на светот му донесувале само војна и страдања. На еден чуден
начин, „Трето полувреме” е страшно прогермански филм, бидејќи порачува
дека германството не се мери според бројот на ариевските крвни зрнца на
одреден поединец (како што тврделе нацистите), туку според неговата
ментална и менталитетска припадност на германската цивилизација.
eeeee Darko
oti Berlin be
e pa ova e film za bugarskiot fudbol
vo Sofija treba
------------- Go ahed be! Mejk maj dej!
Постирано од: емил
Датум на внесување: 26.Декември.2013 во 08:57
http://on.net.mk/zabava/film/film-shto-ne-cheka-vo-2014-ta" rel="nofollow - Што нè чека во 2014-та?
Jane Got a Gun - женски вестерн во кој Натали Портман гледачите ќе може да ја видат како акциона хероина.
Two Days, One Night - Филм на браќата Дарден кои се занимаваат со рецесијата. Од содржината: жена со помош на мажот бара колеги кои ќе се одречат од бонусот за таа да ја задржи работата.
True Story - Адаптација на мемоарите на Мајкл Финкел, човекот кој се најде на ФБИ листата на најбарани убијци.
Inherent Vice - Хоакин Феникс игра детектив во Лос Анџелес во 70-те, кој го истражува исчезнувањето на бившата девојка.
Winter's Tale - Колин Фарел http://www.theguardian.com/film/2013/dec/25/2014-film-preview-drama-movies" rel="nofollow - во улога на модерен човек со амнезија.
Men, Women and Children - филм кој е адаптација ан романот на Чад Култген за ефектите на порнографијата и интернетот врз врските денес.
Rudderless - Во Овој филм се зборува за ужален татко кој формира бенд инспириран од демо снимките на покојниот син.
The Judge - Драма за адвокат (Роберт Дауни Јуниор) кој се враќа дома на погреб на својата мајка и открива нешто во врска со неговиот татко.
Grace of Monaco - Филм во кој Никол Кидман ќе ја видиме како Грејс Кели.
-------------
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 03.Април.2014 во 17:00
Новиот македонски филм http://www.mkd.mk/kultura/trejlerot-na-do-balchak-gi-zagrea-ochekuvanjata-na-publikata-video" rel="nofollow - “До балчак“ на Столе Попов
Многу жестоки сцени
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
Постирано од: Орка
Датум на внесување: 15.Септември.2014 во 19:12
http://www.youtube.com/watch?v=6E5tR7cgbuI" rel="nofollow - Среќа нема тема...Нека си помине вака,колку да се знае до каде сме.
Постирано од: Орка
Датум на внесување: 12.Декември.2014 во 22:20
http://www.smh.com.au/entertainment/movies/james-bond-finally-falls-for-a-woman-his-own-age-20141208-122k7h.html" rel="nofollow - Бондо запијал се у кафаничката со другарите,и като Ицката од Босилово заљубил се право у Моника Белучи.
Постирано од: Орка
Датум на внесување: 16.Септември.2015 во 23:09
https://www.youtube.com/watch?v=W45zu-WJo3U" rel="nofollow - Ова ќе вреди да се почека.Па уште ако за брзо време дојде во некое наше кино...