IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Коктели
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Коктели

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 89101112 13>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јули.2014 во 21:07

ПИЊА КОЛАДА

Потребни состојки:
-50 ml бел рум
-100 ml сок од ананас
-25 ml кокосово млеко
-2 мали шолји издробен мраз

Подготовка:
Состојките ставете ги во блендер и миксирајте додека не се соединат. Сервирајте го во голема чаша и декорирајте по желба.



Изменето од Valerija - 13.Јули.2018 во 08:43
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Август.2014 во 10:28

Летно освежување: Коктел од лубеница и шампањ


Овој коктел е одличен избор за летните попладневни часови или за тивките ѕвездени ноќи.

letno-svezuvanje-koktel-od-lubenica-i-sampanj-1

Тешко дека ќе можете да одолеете на вкусниот, освежувачки вкус на лубеницата во комбинација со шампањот.

Уживајте во летото и изненадете ги вашите најблиски со поинаков коктел.

Состојки:

  • Лубеница;
  • Шампањ;
  • Лимонада;
  • Нане;

leten-desert-brz-i-ednostaven-sladoled-sendvic-2

Начин на подготовка:

Исечкајте ја лубеницита на ситни парчиња и ставете ја во шејкер. Потоа додајте го нането и три кафени лажички лимон и мешајте додека смесата не се соедини. Течноста ставете ја во чаша и дополнете со шампањ.

letno-svezuvanje-koktel-od-lubenica-i-sampanj-3



Изменето од Valerija - 13.Јули.2018 во 08:43
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Август.2014 во 11:49

МАРГАРИТА СО СМРЗНАТА ДИЊА

6

Потребни состојки за два коктели:

-      2 шолји ситно исецкани парченца диња (смрзнати)

-      120 мл текила

-      3 лажици шеќер

-      2 лажици сок од лајм

Подготовка:

Во блендер ставете ја смрзнатата диња, текила, шеќер и сок од лајм. По потреба може да додадете текила и шеќер. Сипете ја течноста во чаша која претходно ја намокривте и потопивте во шеќер. Декорирајте со парчиња овошје.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
BIBI_G_3 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
СТАРОСЕДЕЛЕЦ

Регистриран: 21.Август.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2372
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BIBI_G_3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Август.2014 во 00:06
ЦРВЕНА БОМБА
post cover photo


  • 1 шолја јагоди, малини или друго шумско овошје

  • половина шолја јогурт со намалена масленост

  • половина шолја цеден сок од портокал или грејпфрут

Сите состојки ставете ги во блендер и промешајте. Можете да го служите ладен со неколку коцки мраз. 

НЕПОПРАВЛИВ ОПТИМИСТ
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Август.2014 во 21:44

ЧОКОЛАДЕН ЛИКЕР ОД ВОТКА И МАРС

Потребни состојки:

6 чоколади марс

700 мл. вотка

Припрема:

Истопете ги чоколадите на пареа со постојано мешање. Тргнете го тенџерето од оган и со непрестајно мешање додајте ја воткате. Треба да добиете хомогена смеса.

Процедете ја смесата со цедилка и прелијте ја во шише, па оставете ја да отстои во замрзнувач да отстои преку ноќ.



Изменето од Valerija - 13.Јули.2018 во 08:40
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Април.2015 во 10:11

Поздравете ја пролетта со коктели, ова се 3 од најдобрите во светот!


Кој рекол дека коктели се пијат само на лето? Точно, тоа правило не постои како ниту причината поради која не би ја поздравиле пролетта со коктели во рака.

pozdravete-ja-proletta-so-kokteli-ova-se-3-od-najdobrite-vo-svetot-4

 Ова се 3 од најдобрите во светот, следете ги рецептите и подгответе ги уште денес!

Ладен чај Мохито

Ако сакате нешто класично, ладно и освежувачко, направете го ладниот чај Мохито кој се прави со чаша лимета, 4 листови нане, 2 лажици шеќер, шолја зелен ладен чај и една доза рум.

Помешајте ги лиметата, шеќерот и листовите нане за да можат истите да ја ослободат својата миризба и вкус, а потоа додајте ги чајот и румот.

Сипете во чаша со мраз и декорирајте со неколку листови нане.

pozdravete-ja-proletta-so-kokteli-ova-se-3-od-najdobrite-vo-svetot-1


Американо

Коктелот кој ќе ве воодушеви со својата црвена боја, а потоа со вкусот. Американо ќе стане вашиот омилен коктел после првата голтка.

Се прави со 2 дози Кампари, 2 чашки за ракија ароматизирано црвено вино, чаша тоник или газирана вода и сочно парче портокал.

Сипете ги состојките во чаша со мраз, почнувајќи од Кампарито, виното и на крај тоникот или газираната вода.

На крај ставете го парчето портокал на површината на коктелот.

pozdravete-ja-proletta-so-kokteli-ova-se-3-od-najdobrite-vo-svetot-2

 
Ел Диабло

Самото име на коктелот ви кажува дека се работи за нешто вкусно и опасно. Ел Диабло е привлечен за око, а богами и за пиење.

Се приготвува со 12 ml замрзнат лимета концентрат, 18 ml текила Бланко, 8 ml овошен ликер, 6 ml обична вода и 18 ml пиво.

Состојките измешајте ги во подлабока чаша за виски со мраз и декорирајте со неколку малини.

pozdravete-ja-proletta-so-kokteli-ova-se-3-od-najdobrite-vo-svetot-3

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Април.2015 во 10:33
Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Април.2015 во 10:49

Еве еден рецепт од мене:

КОКТЕЛ ОД МАЛИНКИ, ЈОГУРТ и ЛИКЕР од РИБИЗЛИ

Состојки:

  • 150 g малинки
  • 100 ml водка (може и од оние ароматизираните)
  • 200 g јогурт 
  • 4 капки ликер од црни рибизли (Creme de Cassis)
  • 1 лаж. шеќер

 

 Начин на подготовка:

Малинките ги миеме со ладна вода, се префрлаат во сад и се посипуваат со шеќерот. Се додава ладната водка и се остава да се маринира околу еден саат, без да ги мешаме.

Процедените малинки ги ставаме во блендер и блендираме додека не добиеме кремасто пире и тоа се префрла во мало бокалче. Јогуртот се протресува и се става во друго бокалче.Во чаша за коктел се тура од двата бокали во исто време, со цел двете компоненти да останат одделени една од друга.

На крај се капи со ликерот од црни рибизли и се сервира со цевка.


Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Април.2015 во 12:10

Утрински коктел од јагоди и краставица

Започнете го утрото со освежувачка комбинација на јагоди и краставица. Јагодите се полни со витамин Ц кој ќе ја поттикне детоксикацијата на вашата кожа, но ќе помогне и во хидратацијата и превенцијата на брчките додека минералите од краставицата ќе ги соберат токсините од вашиот организам и ќе ја прочистат кожата.

10-kokteli-za-sovrsena-koza-1

Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Април.2015 во 12:10

Коктел од цреши и кељ

 Додека трае летото задолжително искористете го сезонското овошје и секој ден започнувајте го со овој пијалок. Кељот содржи сулфур кој ја помага детоксикацијата на црниот дроб додека витаминот Ц и влакната од вишната помагаат во хидратацијата на кожата. За да го исфрлите вишокот вода од организмот, во овој шејк додадете и чиа семки.

10-kokteli-za-sovrsena-koza-4

Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Април.2015 во 12:11

Асаи коктел

Асаи топчињата и млекото од бадем се навистина совршен спој. Овој коктел е комбинација на витамин Е кој доаѓа од бадемот, капините се богати со антиоксиданси додека омега-3 масните киселини кои ги добиваме од бобинките асаи овозможуваат длабинска хидратација и детоксикација која видливо ќе се одрази на вашиот тен. Се препорачува да се додаде и масло од авокадо бидејќи тоа е богато со витамин Е и влакна, кои ја поттикнуваат апсорпцијата на хранливите материи и витамини.

10-kokteli-za-sovrsena-koza-9

Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јули.2015 во 16:46
БАРМЕН КОКТЕЛ ОД ПОРТОКАЛ И МАЛИНИ


INSTRUCTIONS

  1. Толчење на малините1.Во поголем сад, ставете ги малините и шеќерот. Со толчник, внимателно истолчете ги.
  2. Сечкан портокал2.Портокалот исечкајте го на кришки и додадете го во садот. Вака подготвеното овошје оставете го во фрижидер минимум 4-5 часа или преку ноќ.
  3. Додавање на минерална вода3.Во садот сипете ладна кисела вода и послужете го коктелот.
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јули.2015 во 08:54

Разладување со вкусни коктели од пиво


Пивото е посебно вкусно во летните денови, кога се што сакате е една голема кригла со совршена доза на пена и меурчиња.

razladuvanje-so-vkusni-kokteli-od-pivo-01.jpg

Но, пивото најчесто се пие чисто, па многумина не се обиделе да го послужат како основа на коктел.

razladuvanje-so-vkusni-kokteli-od-pivo-1.jpeg

За летното разладување да добие поинаква арома, ви ги предлагаме овие пивски коктели:


Пиво со вотка и лимон

Во блендер ставете неколку коцки мраз, додајте 200ml сок од лимон и 350ml вотка и светло пиво. Се измешајте во блендер и послужете во оладени чаши.

razladuvanje-so-vkusni-kokteli-od-pivo-2.jpg


Лубеница со пиво

Исчистете околу 3 килограми лубеница, а потоа измиксирајте ја во блендер. Додајте малку шеќер и мешајте додека не се растопи. Кога ќе биде готово, ставете да отстои 1-2 часа во фрижидер. Додајте овошен ликер по желба и 1,5 литар светло пиво. Послужете со мраз.

razladuvanje-so-vkusni-kokteli-od-pivo-3.jpg


Карипски ликер со јаболко

Измешајте 40ml рум со 30ml сок од јаболко и 15ml сок од лимон. Ставете во чаша и прелијте со светло пиво. Декорирајте со парче јаболко и цимет по желба.

razladuvanje-so-vkusni-kokteli-od-pivo-4.jpg


Muddy Puddle

Земете една чаша за пиво и по страните ставете малку шербет, а потоа на него залепете неколку издробени кикирики. Измешајте 90ml црно кафе со 40ml бурбон и прелијте со 120ml темно пиво.

razladuvanje-so-vkusni-kokteli-od-pivo-5.jpg


Ирска бомба

Ставете 15ml Бејлис ликер и 15ml виски во мала чашка за ракија. Малата чаша ставете ја во една кригла и прелијте со 1 мало темно пиво.

razladuvanje-so-vkusni-kokteli-od-pivo-6.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Август.2015 во 15:20

КОКТЕЛ ЗА ЗАЉУБЕНИ ДВОЈКИ

Потребни состојки:

0,2 дл. вотка

0,2 дл. коњак од крушки

3 дл. швепс

100 гр. замрзнати јагоди

6 коцки мраз

Припрема:

Измиксирајте ги во блендер јагодите со 0.5 дл. од швепсот. Поделете ги во две чаши за коктел. Во секоја чаша ставете по три коцки мраз, 10 мл. вотка, 10 мл. коњак од крушки. Поделете го преостанатиот швепс во чашите. Чашите со коктелот украсете ги со јагоди или црвени стапчиња за коктел.



Изменето од Valerija - 13.Јули.2018 во 08:40
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 89101112 13>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,375 секунди.