IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Коктели
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Коктели

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 91011
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 93844
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Мај.2016 во 08:08

Коктел од Рафаело бомбици и вотка готов за 10 минути


Покрај малите количини на алкохол, веројатно ќе се согласите дека нема ништо подобро и од благ десерт, но зошто да не ги комбинирате заедно?

koktel-od-rafaelo-bombici-i-votka-gotov-za-10-minuti-001.jpg

Предлог за вкусен коктел - Рафаело коктел.

Како да го подготвите?

Потребни состојки:

  • 15 парчиња Рафаело бомбици
  • 300ml млеко
  • 70g шеќер
  • 250g слатка павлака
  • 200ml вотка

Подготовка:

1. Во сад ставете ги Рафаело бомбиците.

2. Додадете ги млекото и шеќерот и добро изматете ги состојките додека не добиете соединета смеса.

3. Додадете ја павлаката, а потоа и вотката.

4. Промешајте добро и ставете ја смесата во поголем сад за сервирање.

5. За да сервирате, употребете коктел чаши, млеко и кокос. Натопете го врвот на чашите во млекото, а потоа и во кокосот и ставете од коктелот.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 93844
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Мај.2016 во 08:13

Алкохолен коктел од џин и јаготки

Состојки за 1 чаша:

  • ½ лажичка шеќер
  • ¼ лајм
  • 3 свежи јагоди, 2 исчистени и ситно исечкани, 1 за украс
  • 50ml џин
  • Кисела вода со вкус по желба
  • Свежо нане

Подготовка:

Во висока чаша измешајте ги 2-те ситно сечкани јагоди со шеќерот и врз нив исцедете го лајмот. Почекајте неколку минути да се растопи шеќерот, измешајте, па истурете го џинот. На крајот додајте ја киселата вода и декорирајте со преостанатата јаготка и свежото нане.

5-recepti-so-jagotki-od-koi-ke-izlizete-prsti-5.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 93844
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јуни.2016 во 17:34

Летото може да почне: Рецепти за 6 коктели со вино


Летото е веќе на прагот, а освежителните коктели се нешто кое секој од нас би сакал да го има до себе во топлите летни денови.

Kokteli-so-vino-za-poubavo-leto-01

Коктелите се одличен начин да ја изгасите жедта и да се освежите, особено ако тие се направени од свежо овошје и вашето омилено вино.

Следните рецепти ќе ви дадат идеи како да направите освежителни коктели од вино и сезонско овошје.

Коктел од јагоди и праска

Kokteli-so-vino-za-poubavo-leto-02

Состојки:

  • 750ml бело вино
  • 2 праски (излупени, без семки, исечени на парчиња и замрзнати)
  • 2 чаши јагоди (исечени на мали парчиња и смрзнати)

Начин на подготовка:

Измешајте во блендер 2 чаши вино и исечените праски.

Потоа истото направете го со јагодите и преостанатото вино.

Ставете ги двете смеси во фрижидер, вадејќи ги и мешајќи ги на секои 15 минути, сè додека не забележите дека станале помалку течни.

Наполнете ја чашата до половина со едната смеса, а потоа додадете ја другата. Декорирајте со малини, капини или парчиња друго овошје.

Белини

Kokteli-so-vino-za-poubavo-leto-03

Состојки:

  • 5 праски
  • 750 ml пенливо вино

Начин на подготовка:

Излупете ги праските и отстранете ги семките.

Ставете ги во блендер и убаво измешајте.

Наполнете ја чашата до пола со смесата и додадете вино или шампањ.

Декорирајте со парче праска.

Коктел од шумско овошје

Kokteli-so-vino-za-poubavo-leto-04

Состојки:

  • 50g замрзнати малини, капини, боровиники...
  • 750ml црвено вино
  • 1 чаша лимонада
  • 1 лажица шеќер (по вкус)

Начин на подготовка:

Ставете ги сите состојки во блендер и мешајте додека не добиете хомогена смеса.

Добиената смеса ставете ја во замрзнувач најмалку 6 часа.

Смрзнатата течност ставете ја кратко во блендер, колку да се исечка и претурете ја во чаша, декорирајќи со малини, капини, боровинки и лист нане.

Коктел од боровинки

Kokteli-so-vino-za-poubavo-leto-05

Состојки:

  • 750ml бело вино
  • 4 чаши смрзнати боровинки
  • 200g сладолед (најдобро одговара ванила)
  • 100ml сируп (по избор)

Начин на подготовка:

Ставете ги во блендер боровинките, виното и сладоледот и мешајте додека не добиете хомогена смеса.

Додадете го сирупот.

Послужете во изладени чаши.

Овошен коктел

Kokteli-so-vino-za-poubavo-leto-06

Состојки:

  • 150g замрзнати јагоди
  • 5 замрзнати праски
  • 150g замрзнато грозје
  • 2 чаши бело вино

Начин на подготовка:

Ставете ги сите состојки во блендер и мешајте додека на добиете хомогена смеса.

Послужете во чаша, украсувајќи со парче овошје.

Сангрија

Kokteli-so-vino-za-poubavo-leto-07

Состојки:

  • 300ml црвено вино
  • 70ml бренди
  • 70ml сок од портокал без пулпа
  • 250g замрзнато овошје или бобинки (праски, ананас или мешавина од шумско овошје)

Начин на подготовка:

Ставете ги сите состојки во блендер и мешајте додека на добиете хомогена смеса.

Послужете во чаша, украсувајќи со свежо нане.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 93844
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2016 во 09:00

Гранд Мимоза


Потребни состојки за 6 чаши:

  • 6 големи лажици ликер од портокал
  • 1 шише шампањско или бело вино
  • 85гр сок од портокал
  • 6 парчиња портокал за декорација

Начин на подготовка:

Во секоја чаша додадете 1 голема лажица ликер од портокал. Дополнете ги чашите со шампањско или вино. На крај додадете по малку сок од портокал. Декорирајте ја чашата со парче портокал.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 93844
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2016 во 09:01

Мадслајд


Потребни состојки за 1 чаша:

  • 3 големи лажици ликер од кафе
  • 3 големи лажици вотка
  • 3 големи лажици ликер од ирски крем, како што е Baileys

Начин на подготовка:

Ставете ги сите состојки во шејкер и протресете ги со многу мраз. Ставете ја течноста во чаша и послужете со многу мраз.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 93844
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2016 во 09:02

Сангрија


Потребни состојки за 4 чаши:

  • 2 големи лажици бренди
  • 2 големи лажици ликер од портокал
  • 5 големи лажици шеќер
  • 1 портокал
  • 2 лимети
  • 1 мала јаболка, излупена и исечена
  • 1 нектарина праска
  • 1 шише вино или шампањско
  • 340гр. Sprite

Начин на подготовка:

Во еден голем бокал истурете го брендито, ликерот од портокал и шеќерот. Истискајте го сокот од една лимета и една половина од портокалот. Мешајте додека шеќерот не се растопи. Исечете ја останатата половина од портокалот на парчиња и додадете ги во бокалот, а потоа додадете ги и парчињата јаболка и праска. Потоа истурете го виното, сокот Sprite и многу смрзнати парчиња грозје, кои се одлична замена за мраз. Сепак, ставете коцки мраз во една чаша, доколку некој сака поладен пијалак.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 93844
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2016 во 09:03

Мохито


Потребни состојки за 1 чаша:

  • Сок од 2 лимети
  • 4 мали лажички шеќер
  • 12 свежи листови од мента
  • 4 големи лажици бел рум
  • 4 големи лажици тоник
  • Искршен мраз

Начин на подготовка:

Во висока чаша ставете ги сокот од лимета и шеќерот и мешајте додека не се растопи шеќерот. Искинете ги листовите мента на половина и ставете ги во чашата. Со дрвено стапче, нежно истискајте ги листовите во течноста за да се испушти малку сок од нив. Додадете го румот, мразот и тоникот. Измешајте и на крај додадете ги останатите ливчиња мента на врвот на чашата.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 93844
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Октомври.2016 во 09:57

Коктел кој ќе ве стопли и расположи: Спој од виски и јаболка


Ако зборуваме за производи карактеристични за тековната сезона, тогаш есенскиот список не може да помине без јаболка.  

Sovrsen-esenski-koktel-so-viski-i-jabolkova-aroma-01.jpg

Овој коктел, чија главна основа е вискито, е совршен за ладните есенски денови. Со него секој час може да го претворите во „happy hour“.

Мешавината со свежи јаболка и јаворов сируп е добитна комбинација за љубителите на коктели и слатки богати вкусови.

Намирниците се лесно достапни, а подготовката едноставна.

Започнува вака:

Потребни состојки:

  • 180ml квалитетно виски
  • 4 лажички свеж лимонов сок
  • 4-6 лажици јаворов сируп
  • 1 шише Somersby со вкус на јаболко
  • Јаболко за декорирање
  • Мраз

Sovrsen-esenski-koktel-so-viski-i-jabolkova-aroma-02.jpg

Како се прави?

Се мешаат сите состојки енергично во шејкер, вклучително и мразот.

Декорирајте со парчиња јаболка.

На здравје.

Sovrsen-esenski-koktel-so-viski-i-jabolkova-aroma-03.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 93844
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Декември.2016 во 08:28
Божиќна сангрија: Совршен пијалок којшто за празниците тече во реки...


Најдобро од сè е тоа што овој пијалок се подготвува многу брзо, за помалку од 20 минути! А вкусот... е тоа е една цела приказна којашто треба да ја доживеете.

Празниците и магичните празнични моменти се сè поблиску, а со нив доаѓаат и плановите за тоа што се ќе се најде на нашите трпези коишто со љубов ги подготвуваме за нашите најсакани.

А покрај најразличните вкусни специјалитети, секако не би требало да заборавите ниту на пијалоците! Па секако дека секоја година не би требало да правите сличен избор. Овојпат наместо класичниот шампањ, пробајте ја Божиќната сангрија, којашто е самата по себе вистински празник во чаша!

Најдобро од сè е тоа што се подготвува многу брзо, за помалку од 20 минути, а е совршена за секаков вид на забава, не само онаа божиќната, при што во неа може да ги додадете и сите ваши омилени состојки, покрај оние коишто оригинално се додаваат според рецептот.

Состојки: 3 зелени јаболки, 1 поголем портокал, 1.5 шолја свежа брусница, шолја свежи малини, 2 шишиња суво бело вино, шолја сок од брусница (бел), ¼ шолја шеќер, 450 мл пиво од ѓумбир, 2-3 гранчиња свеж рузмарин.

Подготовка: Излупете ги и исечете ги јаболките, па ставете ги во поголем бокал. Додадете ги и кришките од портокал (најдобро е да го исечете на кругови), а потоа и малините и брусницата. Измешајте внимателно и лесно со лажица, такашто малините да не се распаднат. На крајот, додадете ги виното, сокот од брусница и шеќерот, па повторно полека измешајте. Оставете ја сангријата да отстои 20 до 30 минути, а непосредно пред да ја послужите, додадете ги и пивото од ѓумбир и рузмаринот.

На здравје!


Изменето од Valerija - 28.Април.2017 во 11:18
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 93844
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2017 во 11:18

Сезоната на коктели е отворена: 6 пролетни рецепти готови за 1 минута


Коктелите се клучни за добра пролетна и летна забава, а што е најважно, тие се првиот предвесник на топлите денови.

sezonata-na-kokteli-e-otvorena-6-proletni-recepti-gotovi-za-1-minuta-001.jpg

Па, со оглед на тоа што имаме сончево време веќе неколку недели, сезоната на освежувачки коктели ја прогласуваме за отворена!

6 пролетни и лесни рецепти за коктели, за кои не ви требаат скапи ликери.

(Количините се дадени по чаша)

1 топка сладолед од малини + свежи малини, прелиени со шампањ

sezonata-na-kokteli-e-otvorena-6-proletni-recepti-gotovi-za-1-minuta-1.jpg

1 или 2 шотови текила, малку сок од грејпфрут + газирана вода

sezonata-na-kokteli-e-otvorena-6-proletni-recepti-gotovi-za-1-minuta-2.jpg

2/3 чаша џин прелијте го со 1/3 засладен сок од лимета + додадете малку газирана вода за да го разредите

sezonata-na-kokteli-e-otvorena-6-proletni-recepti-gotovi-za-1-minuta-3.jpg

Ставете неколку исечени јаготки во чаша, додадете топка сладолед од јагоди и прелијте со сајдер од шумско овошје

sezonata-na-kokteli-e-otvorena-6-proletni-recepti-gotovi-za-1-minuta-4.jpg

¼ чаша исечени јагоди, ¼ чаша сок од лимета, малку нане, малку шеќер, ¼  чаша бел рум, ¼ чаша газирана вода и добивате Мохито со јагоди

sezonata-na-kokteli-e-otvorena-6-proletni-recepti-gotovi-za-1-minuta-5.jpg

¼ чашка бел рум, малку шеќер и дополнете со свежо цеден сок од лимета. По желба, додадете кршен мраз.

sezonata-na-kokteli-e-otvorena-6-proletni-recepti-gotovi-za-1-minuta-6.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 93844
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Мај.2017 во 08:46

Темно мохито

Наместо бел рум, употребете 60 мл. темен рум.

Потребни ви се уште:

  • 8 ливчиња свежо нане,
  • 2 лажички кафеав шеќер,
  • сок од половина лимета и
  • газирана вода.

Ливчињата нане, сокот од лимета и кафеавиот шеќер нежно се гмечат со помош на толчник на дното од поголема чаша. Се додава кршен мраз, рум и газирана вода или Спрајт.

Декорирајте со ливчиња нане и/или парченца зелена лимета.

3-varijacii-na-Mohito-02.jpg

Мохито јагода

Време е да се искористи сезоната на јагодите. Поради слаткоста на вкусното овошје и ликерот, во оваа варијација Мохито пожелно е да ги изоставите кафеавиот шеќер и Спрајтот.

Потребни ви се:

  • 6 свежи јагоди,
  • 15 ml ликер од јагода,
  • 60 ml бел рум,
  • нане, сок од лимета, мраз.

На дното од изладена чаша со поголемо дно се гмечат свежите јагоди со нането, сокот од лимета и ликерот од јагоди.

Се додава мраз, бел рум и газирана вода. Декорирајте со ливчиња нане и парченца јаготки.

3-varijacii-na-Mohito-03.jpg

Мохито кокос

Кога ќе го вкусите неизбежно ќе помислите на плажа, море и сонце. Идеално избалансиран вкус на кокос и основната верзија Мохито, а ова е сé што ви треба за подготовка:

  • 6 ливчиња свежо нане,
  • 3 парчиња лимета,
  • 1 лажичка кафеав шеќер,
  • 40 ml бел рум,
  • 20 ml Малибу кокосов рум (или ликер од кокос во количина од 15 ml.),
  • мраз, газирана вода.

Измешајте ги ливчињата нане со лиметата и кафеавиот шеќер на дното од чашата со гмечење. Додадете бел рум, кокосов рум или ликер од кокос, многу кршен мраз и добро измешајте. На крајот додадете газирана вода и декорирајте по желба.

3-varijacii-na-Mohito-04.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 93844
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Август.2017 во 09:50

Направете сами: Освежувачко мохито со јагоди


Омилениот летен коктел не мора секогаш да биде подготвен во класична варијанта.

Коктелите се пијалоци кои се консумираат во текот на целата година, но летото претставува омилен период за оваа “активност”. Причината е повеќе од едноставна – нѝ треба освежување во текот на вечерните излегувања, а не постои ништо подобро од вкусен коктел со мраз. 


Потребни состојки:

• 30 мл. сируп од јагоди

• 3 свежи јагоди

• 4-5 листови нане

• 30 мл. свеж сок од лимета

• 60 мл. рум

• 90-120 мл. минерална вода

Подготовка:

1. Во висока чаша ставете го сирупот, јагодите и нането и изгмечете ги со лажичка.

2. Додадете го румот и сокот од лимета. Наполнете ја чашата до врвот со лед и лесно промешајте.

3. По желба, украсете со свежи листови нане или парчиња јагоди.



Изменето од Valerija - 23.Август.2017 во 09:50
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 91011
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.