IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Коктели
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Коктели

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 13>
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Април.2014 во 16:11

3 замрзнати коктели кои ќе ве вратат во летните ноќи


Пролетта веќе започна, а со неа го донесе и топлото време кое не може, а да не не потсети на прекрасното лето кое е блиску.

3-zamrznati-kokteli-koi-ke-ve-vratat-vo-letnite-noki-01

Додека уживате во пролетните ноќи, изберете еден од овие 3 замрзнати коктели кои ќе ви помогнат полесно да го дочекате летото кое е пред вас.

Blue Hawaiian

Најдобриот коктел со кој ќе ја замените пролетната со летната вечерна магија. Неговиот овошен, необичен вкус ќе ве направи да се почувствувате како да сте на јахта, а бојата ќе ве потсетува на морето или океанот пред вас.

Се приготвува со една доза рум, две дози сок од ананас, една доза ликер Блу К*ракао, една доза ликер од кокос, сомелен мраз, парче ананас и цреша.

Сите дози ставете ги во блендер и измешајте. Ќе добиете прекрасна сина мешавина. Декорирајте со парчето ананас и цреша. Уживајте!

3-zamrznati-kokteli-koi-ke-ve-vratat-vo-letnite-noki-02


Kiwi Colada

Интересен, кисел коктел кој нема да ве остави рамнодушни. Се приготвува со 5 излупени киви, сомелен мраз, ¼ доза рум,  ¼  доза Мидори, три дози ликер од кокос и сок од ананас.

Прво ставете ги кивите во блендер. Потоа додадете ги дозите и мешајте се додека не добиете изедначена млечно - жолта боја.

Прекрасен коктел кој ќе стане ваш омилен откако ќе го пробате.

3-zamrznati-kokteli-koi-ke-ve-vratat-vo-letnite-noki-03


Black Magic

Покрај неговото необично име, има и необичен вкус кој ќе ве освои со својата обичност.

Се приготвува многу едноставно. Две дози вотка, две дози кофеински ликер и сок од лимон.

Се мешаат заедно во блендер и се додава сомелен мраз доколку сакате. Декорирајте со цреша и уживајте во неговата црна магија.

3-zamrznati-kokteli-koi-ke-ve-vratat-vo-letnite-noki-04



Изменето од Valerija - 13.Јули.2018 во 09:00
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2014 во 17:15
Слатко уживање – најскапите коктели на светот

Нема ништо подобро од скап пијалок на крајот од долг работен ден. А знаеме дека сите сме ги имале тие долги ноќи во кои еден пијалок се претвора во многу, и сметката е поголема од нашата дневница. Но, ако нарачате еден од овие коктели, веројатно ќе ја надминете сметката предвидена за цел месец, а можеби и година!

Винстон

Овој скап австралиски локал тврди дека го нуди најскапиот коктел на светот, кој го нарекуваат Винстон. Во мелбурнскиот клуб 23, еден Винстон ќе ве чини повеќе од 12.000 американски долари. Главната состојка на луксузниот пијалок е коњак, кој датира од 1858 година.


Скапоцениот камен од Пангеа

Технички, овој пијалок е поскап од првиот, но се чини дека креаторите на овој коктел мамат. Со комбинација од фин шампањ и коњак, и украсен со злато и дијаманти, коктелот кој чини скромни 30.000 долари е поскап поради декорацијата, отколку поради вкусот.

Вин Казино

Ако не сте добиле 10 илјади долари на тркалото во Вин Казино и ви треба начин да ги потрошите што побргу, зошто да не се упатите кон првиот шанк и да си нарачате Оно шампањ коктел? Со оглед на тоа што во него има Луј XIII Блек Перл Коњак, едно шише од овој коктел би чинело 90 илјади долари.


Риц коктел

Самото име, Риц хотелот, веднаш ве асоцира на високи цени, зар не? Затоа не би требало да ве изненадува дека барот во Риц-Карлтон во Париз има создадено коктел од околу 1500 долари. Тајната е скап шампањ од 19-тиот век.

Коктелот на богатите

Едно шише од Вудфорд резервиран бурбон ќе ве чини околу 40 долари, зависно од тоа каде ќе го купите. Затоа оваа компанија понудила посебно издание на овој пијалок, кое чини неколку стотина долари. Не поради шеќерот, не поради ментолот... туку поради мразот! Овој пијалок има во себе мраз изваден од исландски глечер, кој чини околу 10.000 долари.



Изменето од Valerija - 13.Јули.2018 во 08:41
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Март.2014 во 19:04

ШЕЈК ОД ЛЕШНИЦИ

Потребно:

н 4 лажици мелени лешници
н 2 лажици шеќер во прав
н 6 лажици еурокрем
н 1 лажица мед
н 8 лажици ликер од бадеми
н 800 мл млеко
н 100 мл слатка павлака
н 3 лажици чоколаден прелив

Приготвување: мелените лешници печете ги во тавче без додавање на маснотии, додека не почнат да мирисаат. Истурете ги во чинија, посипете ги со шеќерот во прав и добро измешајте ги. Во миксер изматете ги еурокремот, медот, ликерот од бадеми и млекото. Потоа изматете шлаг од слатката павлака. Земете четири чаши, рабовите навлажнете ги во малку вода и ставете ги во мелените лешници.

Пијалакот сипајте го во чашите и украсете ги со шлагот и чоколадниот прелив.




Изменето од Valerija - 13.Јули.2018 во 08:42
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Март.2014 во 08:36

Викенд пијачка: Домашен чоколаден ликер

Сладок алкохолен пијалок за секоја прилика!

Ретко кој не сака да пие ликер. Дури и жените кои не преферираат алкохол, не можат да одолеат на прекрасниот и густ, сладок ликер. Чаша или две во комбинација со убав колач, вечера или на некоја убава прослава  - нема ништо поубаво. А кога сакате да се опуштите во домот со добар филм, со пријателите можете да ги изненадите и да го подготвите сами. Погледнете како:

Состојки:

- 500 г. шеќер

- 0,5 л. млеко

- 200 г. чоколадо за готвење

- 0,5 л рум

- 1 ванилин шеќер

Подготовка:

Сварете 500 г. шеќер во еден дел млеко (250 мл. млеко). Варете на тивок оган се додека шеќерот не се стопи сосема. Во преостанатата количина на млекото растопете 200 г. изрендано чоколадо. Промешајте ги чоколадото со шеќерот. Ставете на шпорет да се соединат сите состојки. Тргнете го од оган и додадете ванилин шеќер, па добро промешајте. Кога ќе се олади смесата, домашниот ликер сипете го во шише и оставете го да отстои неколку дена. Пред употребата добро промешајте го, па послужете.

По желба додадете шлаг и уште рендано чоколадо.

Наздравје :)




Изменето од Valerija - 13.Јули.2018 во 08:52
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2014 во 21:46
Највкусните женски коктели

Pink Lagoon (Розова лагуна)

Ова е нешто што потсетува на летна авантура па додека да дојде летото, научете како да го подготвувате и станете вистински мајстори. Клучно е да ги употребите истите пијалаци кои се наведени во потребни состојки. За декорација земете овошје по ваш избор, или пак украсете го со разни украси за летни коктели.
Слика
Состојки:

60 мл Palm feni
3 капки сируп од малини
3 капки зелен лимон измешан со шеќер

Frozen pink lemonade (Замрзната розова лимонада)

Освежителен коктел со вкус на лимонада и ниска количина на алкохол. Доколку ја одберете вистинската декорација, коктелот ќе изгледа феноменално, но исто е многу важно да ја одберете вистинската пригода и да го конзумирате со добро друштво.
Слика
Состојки:

45 мл вотка со вкус на лимон
1 лажичка шеќер
5 мл свежо исцеден лимон
5 мл сируп Gernadine
кршен мраз

Midnight rose cocktail (Полноќен розов коктел)

Заводлив коктел со овошни компоненти. За украсување на коктелот, одберете било какво овошје со црвена или розова боја.
Слика
Состојки:

30 мл ликер Advocaat
15 мл ликер од јагода
15 мл ликер од цреши
30 мл крем (блага хопла)

Ooh La La (У ла ла)

Не толку јак коктел со блага розова боја, соодветен за во друштво со најблиските пријателки. Коктел за оние со изразена женственост.
Слика
Состојки:

15 мл вотка со вкус на лимон
10 мл Triple Sec (жесток, но и сладок ликер со вкус на портокал)
30 мл џус од ананас
30 мл Спрајт
половина свежо исцеден лимон
1 лажичка ликер Grenadine
1 резанка лимон за декорација
1 марачино цреша

Начин на подготовка на коктелите:

Потребните состојки истурете ги мешалка за коктели заедно со една или неколку коцки мраз (зависно од количината на другите состојки, по можност кршен мраз), мешајте долго и приготвениот коктел сипете го во коктел-чаша. За попрецизно мерење, имајте во предвид дека 30 мл се колку малечка чашка за ракија. Дадените состојки се доволни за една чаша коктел. Колку поинтензивна розова боја ќе добие коктелот, зависи од сирупот кој ќе го додадете. Одберете соодветна декорација овошје, цвет или нешто слично, и уживајте сами или со добро друштво.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2014 во 15:44

Лимонада од јагоди – освежителен напиток полн со витамини


Пристигнаа летните горештини, а со нив и очајната потреба за освежување. Во текот на овие денови најважно е редовно да му овозможувате свежина на вашиот организам со течности и неопходни витамини. Еве една интересна комбинација која можете самите да ја испробате. Станува збор за лимонада со јагоди, а рецептот за истата е навистина едноставен.

Состојки:

4-6 лимони
1-1,5 dcl сируп од лимон
200 г. јагоди
неколку листови нане.

Подготовка:

Исцедете ги лимоните, а во блендер измешајте ги јагодите со сирупот. После тоа додадете лимонов сок и минерална вода, и доколку не е доволно слатко, додадете уште сируп. Сервирајте во високи чаши со многу лед и неколку листови нане.



Изменето од Valerija - 13.Јули.2018 во 08:51
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2014 во 15:37

Милкшејк за неподносливи топли денови


Мекдоналдс си отиде, но тоа незначи дека нема да пробаме веќе милкшејк. Овој напиток во суштина е многу едноставен и неговото припремање не одзема повеќе од 3-4 минути. Можете да искористите се што ви се наоѓа во кујната од слатко, сируп, овошје, прелив или само чоколадото за готвење. Основата за добар милкшејк е сладоледот, не е важно од што е(ванилата може да го прими секој вкус со одреден додаток како на пример какао), само да е замрзнат. Малку млеко и мраз во блендерот и веќе имате милкшејк. Предноста на овој напиток е што можете да  ја искористите вашата имагинација и да им го направите топлото попладне на децата весело.

Како се припрема една чаша милкшејк:
Се става пола шолја млеко во блендерот, се додаваат неколку топки сладолед(во зависност колку густ сакате да биде),  исецкано овошје (доколку сакате) или чоколадо и неколку коцки мраз. Оваа смеса се пасира 1 минута во блендерот, најпрво на голема брзина а при крајот на поспора брзина.

Откако ќе го добиете милкшејкот повторно може да ставите чоколаден прелив или сируп, да го наполните со цреши или пак само шлаг како за крај. Израдувајте ги децата и целото ваше семејство!
protein-shake



Изменето од Valerija - 13.Јули.2018 во 09:00
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Февруари.2014 во 21:45
                                                                                   Новогодишен бејлис

Еве еден рецепт како да го подготвите овој идеален пијалак за новогодишната ноќ.
Потребно:
8 дл. + 2дл. млеко
6 лажици шеќер
1 кесичка пудинг од карамела
1 кесичка шлаг
100 г. бело чоколадо Милка
2 дл. виски


Подготовка:
Во тенџере на оган ставете 8 дл. млеко и шеќерот и оставете да проврие. Во останатите 2 дл. млеко додајте го правот за пудинг и за шлаг, и добро промешајте. Потоа, оваа мешавина додајте ја во тенџерето на оганот и варете додека да почне да се згуснува.

Растопете го белото чоколадо, додајте го во претходната смеса и оставете да се излади, на крај, додајте го вискито и добро измешајте.

На здравје!


Изменето од Valerija - 13.Јули.2018 во 08:49
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Февруари.2014 во 21:24
                                                                                   Перверзен коктел од Џејми Оливер

Ако сакате рецепт за коктел со кој саканиот ќе го опиете од љубов, пробајте го следново.
Овој лесен коктел можете да го наречете „безобразен“ или „перверзен“, а важно е да го подготвите со малку шампањ и многу калинка.

Потребно:
3-4 калинки
шеќер по вкус
шише изладен шампањ


Подготовка:
Исчистете ги калинките и извадете ги семките. Измешајте ги семките во блендер, па кашата процедете ја така што ќе добиете убав сок од калинки. Ако е многу кисел, засладете го со шеќер. Во високи чаши за шампањ, сипете 5 см од сокот , па дополнете со изладениот шампањ.

Наместо калинки, можете да користите и пире од кајсии или јагоди, само е важно да користите сезонско овошје.

На здравје!


Изменето од Valerija - 13.Јули.2018 во 08:50
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2014 во 22:22

Бела сангрија



Прекрасен освежителен пијалок… Да се потсетиме на летото во овие ладни зимски денови.
Состојки за 5 личности

- 1 литар бело вино

- овошје по избор: лимон, киви, праски, портокал, ананас…

- 2 лажици шеќер
- коцки мраз

Подготовка

1. Овошјето исечете го на мали парчиња во поголем бокал и посипете го шеќерот за да пуштат сок, а потоа додадете го белото вино и оставете да отстои 1-2 часа во фрижидер.
2. Пред сервирање додадете коцки мраз.



Изменето од Valerija - 13.Јули.2018 во 08:48
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Февруари.2014 во 22:43

Чоколаден Ликер


cokoladen-liker


  • Време на подготовка :
    30 min
  • Вкупно време :
    30 min

Порции

25 лице/а

Состојки

  • 1 и 1/2 л. млеко
  • 500 гр. шеќер
  • 500 гр. рум
  • 2 пудинга од чоколадо
  • 100 гр. какао
  • 1 ванилин шеќер

Упатство

Пудингот и какаото се размешуваат во 300мл. ладно млеко,а преостанатото млеко се става во тенџере на оган да зоврие.
Во млекото што е во тенџерето се додава шеќерот и ванилиниот шеќер.Се меша за да се стопи шеќерот.
Кога ќе зоврие,се додава пудингот и какаото,па се меша со лажица 2-3мин.
Се трга од оган и се додава румот.Се промешува и се остава да се олади.

Изменето од Valerija - 13.Јули.2018 во 08:48
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Февруари.2014 во 22:42

Чоколадно мартини


cokoladno_martini


  • Време на подготовка :
    15 min
  • Вкупно време :
    15 min

Порции

4 лице/а

Состојки

  • 200 мл. џин или водка
  • 50 гр. чоколадо црно
  • 100 мл. чоколаден ликер
  • мраз искршен

Упатство

Стопете го чоколадото и додадете го во алкохолот со мешање додека не се соедини убаво. Додадете го и чоколадниот ликер. Распоредете го пијалокот во 4 чаши со искршен мраз. Украсете со ленти лимонова кора.



Изменето од Valerija - 13.Јули.2018 во 08:47
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јануари.2014 во 15:35

Како се подготвуваат најпознатите коктели

Доколку некогаш ви дојде идеа да правите home cocktail party за вашите најблиски пријатели, еве неколку идеи за коктели. Викендот е добро...

 

...време за коктел - журка! Започнавме со најпознатите коктели правени со виски:

classic_whiskey

1. Класично Виски

Состојки:

- 40 мл сируп
- 20 мл вода
- 8 капачиња Bitter (алкохол на база на тревки, кој најчесто се користи како додаток за правење коктели, има горчливо- кисел вкус)
- 950 мл коцки мраз
- 180 мл бурбон виски
- 4 парчиња портокал
- 4 кандирани цреши



Начин на подготовка

Најпрво ставете го сирупот, водата и bitter-от во чаша за виски. Промешајте за да добро се искомбинираат вкусовите потоа ставете ги коцките мраз. Врз мразот ставете виски, и на крај додајте ги портокалот и црешата.


2. Сазерак
(најстариот коктел кој постои)

Состојки: sazerac

- 5 мл ликер со вкус на анасон
- 8 гр бел шеќер
- 20 мл вода
- 8 капачиња Peychaud bitters
- коцки мраз
- 235 мл бурбон виски
- 55 гр сок од лимон


Начин на подготовка
Пред да се подготви коктелот ставете ги чашите во фрижидер. Ставете го ликерот од анасон во чашата, на тој начин што ќе ги намокрите ѕидовите од чашата. Додајте ја водата, шеќерот и bitter-от во чашата, и мешајте. Додајте ги коцките мраз, ставете го вискито и на крај сокот од лимон.


mint

3. Минт Јулеп

Состојки:
- 235 мл вода
- 200 гр бел шеќер
- 6 гр грубо исецкани листови од нане
- 465 мл Kentucky бурбон
- 4 свежи ливчиња од нане за толчење







Начин на подготовка

Во еден мал сад комбинирајте ги водата, шеќерот и исецканите ливчиња од нане. Ставете ја смесата да се свари, се додека не се стопи шеќерот. Оставете ја смесата да се олади 1 саат , а потоа поминете ја сметата низ цедалка да се отстранат листовите од нане. Потоа додадете ги останатите состојки.

4. Шеги Менхетен sehhy

Состојки:

- 60мл сладок Вермонт
- 175 мл бурбон виски
- 4 капачиња bitter
- 4 кандирани цреши


Начин на подготовка

Наполнете го шејкерот со мраз. Ставете ги вискито , врмоноунтот и bitter-от, мешајте околу пола минута. Ставете ја смесата во чаши и додадете ги црешките.





Изменето од Valerija - 13.Јули.2018 во 08:47
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Декември.2013 во 10:42

bogata-sangrija

Црвено вино не е за во лето? Црвено и бело вино не се мешаат? Оваа сангрија ги побива двете популарни тврдења и ја засладува секоја летна собиранка.

Се прави еден ден однапред и бара повеќе вида алкохол, но сигурно ќе ја цени секој кој сака нешто повеќе од црвена верзија на најобично бунарче.

Потребно:

  • 750 ml суво црвено вино
  • 80 ml суво бело вино
  • 60 ml џин
  • 60 ml бел рум
  • 60 ml бренди
  • 60 ml трипл сек
  • 120 ml сок од ананас
  • 120 ml свежо цеден сок од портокал
  • 2 големи лажици шеќер
  • 200 до 400 грама сецкано свежо овошје како јаболки, портокали, сливи, ананас и грозје


Сите состојки се мешаат во бокал за служење. Се остава во фрижидер најмалку 1 ден, а најмногу 2 цели дена пред да се пие. Се служи со мраз.



Изменето од Valerija - 13.Јули.2018 во 08:45
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 13>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.