IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Коктели
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Коктели

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 13>
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Мај.2016 во 08:08

Коктел од Рафаело бомбици и вотка готов за 10 минути


Покрај малите количини на алкохол, веројатно ќе се согласите дека нема ништо подобро и од благ десерт, но зошто да не ги комбинирате заедно?

koktel-od-rafaelo-bombici-i-votka-gotov-za-10-minuti-001.jpg

Предлог за вкусен коктел - Рафаело коктел.

Како да го подготвите?

Потребни состојки:

  • 15 парчиња Рафаело бомбици
  • 300ml млеко
  • 70g шеќер
  • 250g слатка павлака
  • 200ml вотка

Подготовка:

1. Во сад ставете ги Рафаело бомбиците.

2. Додадете ги млекото и шеќерот и добро изматете ги состојките додека не добиете соединета смеса.

3. Додадете ја павлаката, а потоа и вотката.

4. Промешајте добро и ставете ја смесата во поголем сад за сервирање.

5. За да сервирате, употребете коктел чаши, млеко и кокос. Натопете го врвот на чашите во млекото, а потоа и во кокосот и ставете од коктелот.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
marchi.be Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 08.Март.2016
Статус: Офлајн
Поени: 30
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај marchi.be Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2016 во 15:48
ih...na coek samo apetit da mu otvorite :)
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2016 во 13:32

Коктели од 3 состојки кои секој може да ги направи


Постои златен однос за правење совршени коктели, а потребни се само три состојки. Соодносот е 2:1:1 или две дози ликер или џин, една доза сок од лимон и една нешто благо, како медот. Постојат повеќе од 100 рецепти кои секој домашен бармен може да ги научи без проблем. Еве неколку инструкции за тоа како едноставно да направите коктели од три состојки.

Менхетен

Коктели од 3 состојки кои секој може да ги направи

  • 80 милилитри ‘рж
  • 40 милилитри благ вермут
  • 40 милилитри швепс или тоник

Комбинирајте ги состојките и послужете го коктелот со мраз.

Солено куче

Коктели од 3 состојки кои секој може да ги направи

  • 250 милилитри сок од грејпфрут
  • 120 милилитри вотка
  • 1 лажица морска сол

Растурете ја солта во плитка чинија. Навлажнете го работ од чашата со вода и ставете го во солта, така што целиот раб да биде прекриен со неа. Измешајте го сокот од грејпфрут со вотката и турете ги во чашата.

Негрони

Коктели од 3 состојки кои секој може да ги направи

  • 80 милилитри џин
  • 80 милилитри Кампари
  • 80 милилитри благ вермут

Измешајте ги состојките заедно и турете ги во чаша со мраз. Декорирајте со парче портокал.

Матадор

Коктели од 3 состојки кои секој може да ги направи

  • 250 милилитри текила
  • 80 милилитри сок од ананас
  • 60 милилитри зелен лимон

Измешајте ги состојките и послужете ги со мраз.

Даикири

Коктели од 3 состојки кои секој може да ги направи

  • 120 милилитри бел рум
  • 80 милилитри зелен лимон
  • 40 милилитри безбоен сируп

Работ од чашата навлажнете го и ставете го во шеќер. Ставете мраз, а потоа турете рум, сок од зелен лимон и сируп.



Изменето од Valerija - 16.Март.2016 во 13:32
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Март.2016 во 08:20

5 одлични коктели со пиво за љубителите на овој освежителен пијалак

За овие коктели ќе ви бидат потребни само неколку секунди, а тие без сомнение ќе бидат главна тема на разговор помеѓу вашите пријатели. Најдобриот дел е што сигурно сите состојки веќе ги имате во вашиот фрижидер, па не мора воопшто да излегувате од вашиот доколку сакате да ги направите. Исто така, овие рецепти лесно можат да се дуплираат, ако сакате да направите поголема количина за вашите најблиски. Сериозно, кој вели дека пивото мора да биде здодевно?

Биргарита

(1) 5 одлични коктели со пиво за љубителите на овој освежителен пијалак

  • 1 шише пиво
  • 160 милилитри џус од лимета
  • 14 милилитри нектар од агаве или мед
  • 1 кора од лимета
  • За декорација: 1 парче лимета

Комбинирајте ги сите состојки заедно и уживајте!

Бирмоза

(2) 5 одлични коктели со пиво за љубителите на овој освежителен пијалак

  • 1 шише пиво
  • 60 милилитри џус од портокал
  • 120 милилитри шампањ
  • За декорација: 1 парче портокал

Комбинирајте ги сите состојки заедно и уживајте!

Ледено ирско кафе

(4) 5 одлични коктели со пиво за љубителите на овој освежителен пијалак

  • 60 милилитри свежо филтер кафе
  • 40 милилитри ирско виски
  • 1 лажица шеќер
  • 60 милилитри Гинис
  • 15 милилитри млеко

Комбинирајте ги сите состојки заедно и уживајте!

Лимоново колаче

(5) 5 одлични коктели со пиво за љубителите на овој освежителен пијалак

  • 1 лажица шеќер
  • 3 лимони, свежо исцедени
  • 1 шише пиво

Комбинирајте ги сите состојки заедно и уживајте!

Сангрија со пиво

(3) 5 одлични коктели со пиво за љубителите на овој освежителен пијалак

  • 15 грама малини
  • 15 грама зелена јаболка, исечкана
  • 15 грама портокали, исечкани
  • 60 милилитри вотка
  • 1 шише пиво

Комбинирајте ги сите состојки заедно и уживајте!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Декември.2015 во 17:54
5 коктели кои оваа зима ќе ве згреат подобро и од градското парно

Ладните и дождливи зимски денови кои ни следат не треба да не примораат да седиме стуткани под јорганот бидејќи добрата забава не бира годишно време. Доброто друштво, музиката и секако пијалокот се главните состојки кои ја прават една навидум обична собиранка да биде несекојдневна и незаборавна.

Токму од таа причина ние ви предлагаме 5 коктели кои оваа зима ќе ве згреат подобро и од градското парно, а доброто друштво и музиката одберете ги сами.




Продолжено уживање со зачинет и освежувачки вкус, совршено за долги опуштени седенки со пријателите или семејството. 

JOHNNIE WALKER® GINGER е пијалок сервиран во висока чаша исполнета со мраз, цеден лајм и сода пијалок со вкус на ѓумбир. Декорирано со тенко исечено парче свеж ѓумбир.

Индивидуалниот успех носи задоволство кое споделено со драгите луѓе е крунисано со здравица направена со виски пијалак. Денот носи емоција, успехот носи задоволство,задоволството те носи чекор подалеку.

Johnnie Walker Ginger




Совршен пијалок за нов бран продолжено уживање со освежувачки киселкаст вкус. Богато кадифен вкус за крунисување на денот.

JOHNNIE WALKER® SOUR кремасто и нежно доживување за уживателите на виски со цитрусен и освежувачки вкус. Суптилните вкусови на Johnnie Walker во хармоничен микс со слаткиот вкус на праската и киселкав допир на лимоновиот сок, совршена комбинација за нагласување на задоволството, а задоволството те носи чекор подалеку. 

Smirnoff Caipiroska

 - Уживање во Слатко - горко искуство 


Идеален пијалок за сите љубители на слатко-горкиот вкус.. Избалансирани вкусови на Смирноф водката со парчиња лимета и шеќерен сируп, сервиран во т.н tumbler ниска чаша со дробен мраз. 

Препуштете ја вечерта во рацете на бармените а тие ке ја направат магијата наречена Смирноф Caipiroshka за вас... 

Smirnoff Cranbery passion


Овој коктел е вистинско уживање за дамите кои преферираат полесни пијалоци. Смирноф водката во комбинација со боровинката и лиметата дава еден совршен спој за слатко доживување со киселкаст вкус. 

CAPTAIN & COLA™


Тајната комбинација на зачини и природни вкусови на Captain Morgan Original Spiced се совршено направени за взаемно да се надополнат и унапредат со останатите вкусови во коктелот. Особено се истакнува вкусот на ванила од миксот со Кола пијалокот. Captain Morganot е дефинитивно пијалок кој го буди детето во секој од нас, бунтовен, забавен, со желба за долги луди ноќи. Бидете капетанот, водете го вашиот екипаж во незаборавна авантура. 

Задоволството те носи чекор подалеку - Joy will take you further е новата маркетинг кампања на Johhnie Walker која се заснова на фактот дека се што правиме ќе ни донесе успех доколку го правиме со задоволство.


Изменето од Valerija - 13.Јули.2018 во 08:41
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Август.2015 во 23:03

МОХИТО СО ЛУБЕНИЦА

Потребни намирници:

Свежи листови од нане

1 лајм

Коцки мраз

2 кафени лажички шеќер(или по вкус)

600 гр лубеница без лушпа и семки

100 мл рум

100 мл газирана вода

Во блендер ги мешаме лубеницата, румот и шеќерот и мешаме се додека течноста не се изедначи добро. Цедиме низ ситна цедилка.

Полниме 2/3 од две високи чаши со мраз, после што додаваме по 4-5 листови нане и неколку парчиња лајм.

Мешаме добро со лажица за да може вкусовите да се измешаат.

Додаваме малку газирана вода и на крај од смесата со лубеница. Сервираме со цевка.

Мохито с диня

 



Изменето од Valerija - 13.Јули.2018 во 08:39
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Август.2015 во 15:20

КОКТЕЛ ЗА ЗАЉУБЕНИ ДВОЈКИ

Потребни состојки:

0,2 дл. вотка

0,2 дл. коњак од крушки

3 дл. швепс

100 гр. замрзнати јагоди

6 коцки мраз

Припрема:

Измиксирајте ги во блендер јагодите со 0.5 дл. од швепсот. Поделете ги во две чаши за коктел. Во секоја чаша ставете по три коцки мраз, 10 мл. вотка, 10 мл. коњак од крушки. Поделете го преостанатиот швепс во чашите. Чашите со коктелот украсете ги со јагоди или црвени стапчиња за коктел.



Изменето од Valerija - 13.Јули.2018 во 08:40
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јули.2015 во 08:54

Разладување со вкусни коктели од пиво


Пивото е посебно вкусно во летните денови, кога се што сакате е една голема кригла со совршена доза на пена и меурчиња.

razladuvanje-so-vkusni-kokteli-od-pivo-01.jpg

Но, пивото најчесто се пие чисто, па многумина не се обиделе да го послужат како основа на коктел.

razladuvanje-so-vkusni-kokteli-od-pivo-1.jpeg

За летното разладување да добие поинаква арома, ви ги предлагаме овие пивски коктели:


Пиво со вотка и лимон

Во блендер ставете неколку коцки мраз, додајте 200ml сок од лимон и 350ml вотка и светло пиво. Се измешајте во блендер и послужете во оладени чаши.

razladuvanje-so-vkusni-kokteli-od-pivo-2.jpg


Лубеница со пиво

Исчистете околу 3 килограми лубеница, а потоа измиксирајте ја во блендер. Додајте малку шеќер и мешајте додека не се растопи. Кога ќе биде готово, ставете да отстои 1-2 часа во фрижидер. Додајте овошен ликер по желба и 1,5 литар светло пиво. Послужете со мраз.

razladuvanje-so-vkusni-kokteli-od-pivo-3.jpg


Карипски ликер со јаболко

Измешајте 40ml рум со 30ml сок од јаболко и 15ml сок од лимон. Ставете во чаша и прелијте со светло пиво. Декорирајте со парче јаболко и цимет по желба.

razladuvanje-so-vkusni-kokteli-od-pivo-4.jpg


Muddy Puddle

Земете една чаша за пиво и по страните ставете малку шербет, а потоа на него залепете неколку издробени кикирики. Измешајте 90ml црно кафе со 40ml бурбон и прелијте со 120ml темно пиво.

razladuvanje-so-vkusni-kokteli-od-pivo-5.jpg


Ирска бомба

Ставете 15ml Бејлис ликер и 15ml виски во мала чашка за ракија. Малата чаша ставете ја во една кригла и прелијте со 1 мало темно пиво.

razladuvanje-so-vkusni-kokteli-od-pivo-6.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јули.2015 во 16:46
БАРМЕН КОКТЕЛ ОД ПОРТОКАЛ И МАЛИНИ


INSTRUCTIONS

  1. Толчење на малините1.Во поголем сад, ставете ги малините и шеќерот. Со толчник, внимателно истолчете ги.
  2. Сечкан портокал2.Портокалот исечкајте го на кришки и додадете го во садот. Вака подготвеното овошје оставете го во фрижидер минимум 4-5 часа или преку ноќ.
  3. Додавање на минерална вода3.Во садот сипете ладна кисела вода и послужете го коктелот.
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Април.2015 во 12:11

Асаи коктел

Асаи топчињата и млекото од бадем се навистина совршен спој. Овој коктел е комбинација на витамин Е кој доаѓа од бадемот, капините се богати со антиоксиданси додека омега-3 масните киселини кои ги добиваме од бобинките асаи овозможуваат длабинска хидратација и детоксикација која видливо ќе се одрази на вашиот тен. Се препорачува да се додаде и масло од авокадо бидејќи тоа е богато со витамин Е и влакна, кои ја поттикнуваат апсорпцијата на хранливите материи и витамини.

10-kokteli-za-sovrsena-koza-9

Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Април.2015 во 12:10

Коктел од цреши и кељ

 Додека трае летото задолжително искористете го сезонското овошје и секој ден започнувајте го со овој пијалок. Кељот содржи сулфур кој ја помага детоксикацијата на црниот дроб додека витаминот Ц и влакната од вишната помагаат во хидратацијата на кожата. За да го исфрлите вишокот вода од организмот, во овој шејк додадете и чиа семки.

10-kokteli-za-sovrsena-koza-4

Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Април.2015 во 12:10

Утрински коктел од јагоди и краставица

Започнете го утрото со освежувачка комбинација на јагоди и краставица. Јагодите се полни со витамин Ц кој ќе ја поттикне детоксикацијата на вашата кожа, но ќе помогне и во хидратацијата и превенцијата на брчките додека минералите од краставицата ќе ги соберат токсините од вашиот организам и ќе ја прочистат кожата.

10-kokteli-za-sovrsena-koza-1

Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Април.2015 во 10:49

Еве еден рецепт од мене:

КОКТЕЛ ОД МАЛИНКИ, ЈОГУРТ и ЛИКЕР од РИБИЗЛИ

Состојки:

  • 150 g малинки
  • 100 ml водка (може и од оние ароматизираните)
  • 200 g јогурт 
  • 4 капки ликер од црни рибизли (Creme de Cassis)
  • 1 лаж. шеќер

 

 Начин на подготовка:

Малинките ги миеме со ладна вода, се префрлаат во сад и се посипуваат со шеќерот. Се додава ладната водка и се остава да се маринира околу еден саат, без да ги мешаме.

Процедените малинки ги ставаме во блендер и блендираме додека не добиеме кремасто пире и тоа се префрла во мало бокалче. Јогуртот се протресува и се става во друго бокалче.Во чаша за коктел се тура од двата бокали во исто време, со цел двете компоненти да останат одделени една од друга.

На крај се капи со ликерот од црни рибизли и се сервира со цевка.


Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Април.2015 во 10:33
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 13>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.