IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Супи и чорби
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Супи и чорби

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 10>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Септември.2010 во 06:22

Минeстра чорба

Минeстра%20чорба
 

Потребни состојки:

  • 50 грама Целер
  • малку   Сол
  • 100 грама Моркови
  • малку   Мешан зачин
  • 100 милилитри Маслиново масло
  • 5 чешниња Лук
  • 1   Кромид/а
  • 400 грама Компир
  • 200 грама Домат
  • 150 грама Грав
  • малку   Црн бибер 

Подготвување:

Гравот измијте го и оставете го да отстои преку ноќта во вода.

Утредента ситно исецкајте го црниот лук, а кромидот и морковот на кругчиња, а компирот и коренот целер на мали парченца, па додадете го исцедениот грав и сè заедно пропржете на малку масло.

Кога зеленчукот ќе омекне, додадете малку бибер, бел лук и излупен и на мали парченца исецкан домат, пржете 5 минути, па посипете со зачински билки и налијте со 1,5 литри вода.

Варете додека зеленчукот не стане мек, посолете по вкус и посипете со сецкани листови целер.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Септември.2010 во 06:24

Ладна чорба од тиквички

Ладна%20чорба%20од%20тиквички
 

Потребни состојки:

  • малку   Црн бибер
  • 900 грама Тиквичка
  • малку   Сол
  • 50 грама Путер
  • 6   Першун страка
  • 3 чешниња Лук
  • 1 лажица/ци Кари
  • 150 грама Кисела павлака
  • 1   Густин лажичка

Подготвување:

Тиквичките исечете ги на коцкички.

Лукот исчистете, па сомелете или изрендајте го.

Першунот измијте го и исчистете го.

Истопете го путерот и динстајте го лукот околу 3 минути.

Додадете го карито и кратко пропржете.

Потоа вмешајте ги исечканите тиквички, 4 шољи вида, сол и бибер.

Поклопете и варете околу 20 минути.

Кога тиквичките ќе омекнат испасирајте чорба во блендер или притиснете ја низ густо сито.

Сипете ја павлаката и додадете сол и бибер по потреба.

Растопете густин во малку вода и вмешајте го во врелата чорба.

Оставете неколку секунди да се згусне, повремено мешајќи.

Убаво измешајте.

Пред послужувањето, оладете најмалку 2 саати во фрижидер.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2010 во 06:15

Супа со грашок и тестенини

3 пакувања инстант супа
1 1/2 чаша замрзнат зелен грашок
3/4 чаша тестенини (ситни)
2 големи лажици исечкан свеж магдонос
3 големи лажици слатко бело вино
2 г. лажици изрендан свеж пармезан

Зовријте ја супата во голема тава на среден оган. Додајте го грашокот, тестенините и магдоносот. Смалете го огнот, крчкајте ги 5 минути или додека не смекнат тестенините. Помешајте го виното. Готовата супа сипајте ја во мали чашки и украсете ја со пармезан.

Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2010 во 17:14

Месна бистра супа со кнедли од шунка


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
малку   Сол
50 грама Маргарин
малку   Магдонос
1   Кромид/а
2   Кришка/ки леб
50 грама Кисела павлака
20 грама Брашно
малку   Бел бибер
1   Јајца/це
1000 милилитри Супа од зеленчук
50 грама Шунка


ПОДГОТОВКА:
Излупете го кромидот и ситно исецкајте го. Шунката исецкајте ја на ситни коцки.

Извадете ја кората од лебот и прелејте ја со павлака. Загрејте го маргаринот и пропржете ги коцките кромид во него. Потоа додадете ја шунката, лебот, јајцето, брашно и исецканиот магдонос.

Посолете го тестото, па наросете го со бибер. Од тестото направете кнедли и лагано спуштете ги во претходно загреана вода со сол (1л.).

Оставете ги да се сварат, но внимавајте да не се преварат (зошто ќе се растурат). Кнедлите извадете ги штом ќе излезат на површината. Зачинете ја месната супа.
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Октомври.2010 во 14:36

Супа од домати

Потребно:

* 600 г домати
* 1 главица црвен кромид
* 4 лажици масло
* 2 лажици шеќер
* 3 чешниња лук
* босилек
* сол
* бибер

Приготвување: кромидот ситно исечкајте го и пропржете го во загреаното масло. Доматите исечете ги на коцкички, босилекот и лукот ситно исечкајте ги, па сето тоа додадете го во пржениот кромид. Смесата зачинете ја со сол, шеќер и бибер, па варете ја 40 минути, додека доматите не омекнат. Сето тоа испасирајте го и продолжете да го варите уште 10 минути. Ако супата е прегуста додадете малку вода.

Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Октомври.2010 во 01:31
СУПА ОД БУКОВКИ

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1000 милилитри Супа од зеленчук
малку   Сол
100 милилитри Масло
2 чешниња Лук
1   Кромид
100 грама Компир
50 грама Грашок
250 грама Буковка печурки
малку   Црн пипер


ПОДГОТОВКА:
На загреаното масло пропржете ги сецканите кромид и лук.

Додајте ја буковката исецкана на листови и продолжете го динстањето.

Кога печурките ќе омекнат додадете 1 лажица брашно и налијте со супата.

Зачинете со сол и црн пипер, додајте ги компирите и грашокот.

Продолжете го варењето додека зеленчукот не омекне.
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Ноември.2010 во 13:56

Супа со сирење

Потребно:

2 коцки за супа
1 главица кромид
40 г путер
2 лажици брашно
1 л вода
2 парчиња зденка
малку рендано морско оревче
сок од лимон
магдонос
бибер

Приготвување: Ситно исечкајте го кромидот и пржете го во загреан путер додека не стане стаклест. Додајте го брашното и прелијте го сето тоа со вода. Откако ќе зоврие, додајте ги коцките за супа и варете го сето тоа околу осум минути. На крај од варењето додајте ја зденката, добро измешајте и зачинете ја супата со рендано морско оревче, бибер, сок од лимони и ситно сечкан магдонос.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Ноември.2010 во 14:41

Супа од праз

Потребно:

* 60 г кромид
* 50 г шунка
* 30 г путер
* 500 г праз
* 1 зеленчукова коцка за супа
* бибер
* 50 мл бело вино
* 1 лажичка нишесте
* 2 лажици кисела павлака
* малку магдонос
* 4 лажици рендан ементалер

Приготвување: кратко пропржете ги исечканите кромид и шунка во загреаниот путер, па додајте го празот исечен на тркалца. Динстајте го сето тоа околу 5 минути. Прелијте го со вриената супа приготвена од зеленчуковата коцка и варете го сето тоа 10 минути. Разматете го нишестето во малку вода и сипете го во супата. Додајте ги виното, киселата павлака и кратко проварете го. Пред крај од варењето, посипете ја супата со биберот, ренданиот ементалер и ситно сечканиот магдонос

Кон врв
Glenn Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Тата-Мата

Регистриран: 14.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3166
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Glenn Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Ноември.2010 во 00:36
Supa od brokuli i karfiol.
Se zagreva lonec so voda. Vo vodata se frla supena kocka, zelncukova, pa se dodavaat kitkite od brokuli karfiol, se vari ubavo dodeka ne se raspadne zelencukot, pa malku brasno se dodava da se zgusne, sol i crn piper i tolku...
Beauty fades, dumb is forever
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Декември.2010 во 06:09

Тортелини во супа

Потребно:

* 200 г тортелини со фил од сирење
* 1.200 мл вода
* 2 говедски коцки за супа
* 30 г путер
* 1 лажица ситно сечкан магдонос
* 1 лажичка ситно сечкан босилек
* рендан пармезан

Приготвување: проварете ги говедските коцки за супа во вода, додајте ги тортелините, па варете го сето тоа околу 15 минути на тивок оган, во полупокриено тенџере. При крај на варењето, во тортелините додајте ги путерот, ситно сечканите магдонос и босилек. Тортелините во супа послужете ги топли, посипани со ренданиот пармезан.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Декември.2010 во 12:36

Крем супа од праз

Потребно:

* 250 г компири
* 2 страка праз
* 2 лажици путер
* 1 л инстант супа (од коцка)
* 3 лажици кисела павлака
* сол
* бибер
* 1 лажица оцет
* 1/2 китка магдонос

Приготвување: компирите излупете ги и исечете ги на тенки тркалца. Во тенџере загрејте една лажица путер и во него издинстајте ги компирите и празот, исечен на тенки тркалца. Сето тоа прелијте го со супата, оставете го да зоврие, а потоа варете го на тивок оган 20-тина минути. Супата измиксирајте ја, но оставете по некое цело парче зеленчук. Во испасираната супа сипајте ги павлаката и остатокот од путерот. Сето тоа зачинете го со сол, бибер и со оцетот. Магдоносот ситно исечкајте го и посипете ја супата пред да ја послужите.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2011 во 17:26

Супа со сирење

Потребно:

* 2 коцки за супа
* 1 главица кромид
* 40 г путер
* 2 лажици брашно
* 1 л вода
* 2 парчиња зденка
* малку рендано морско оревче
* сок од лимон
* магдонос
* бибер

Приготвување: кромидот ситно исечкајте го и во загреаниот путер пржете го додека не стане стаклест. Додадете го брашното и сето тоа прелијте го со водата. Откако ќе зоврие, додадете ги коцките за супа и варете го сето тоа околу осум минути. На крај од варењето додадете ја зденката, добро измешајте и супата зачинете ја со ренданото морско оревче, биберот, сокот од лимони ситно сечканиот магдонос.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јануари.2011 во 20:43

Крем супа од карфиол

Потребно:

* 700 г карфиол
* 800 мл вода
* 1 китка копар
* 3 лажици умебоши оцет
* 150 г тофу сирење
* 1 лажица масло од сусам

Приготвување: карфиолот измијте го, искинете го на цветчиња и варете го во малку солена вода додека не омекне. Пред крај на варењето додадете го тофу сирењето кое претходно сте го пропржиле во загреано масло. Сето тоа испасирајте го. Оставете ја смесата уште еднаш да зоврие, па во супата додадете ги ситно сечканиот копар и умебоши оцетот.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Февруари.2011 во 13:30

Крем супа од ротквици

Потребно:

* 1 китка ротквици
* бибер
* сол
* 1 лажица зачинал
* 200 мл млеко
800 мл вода
* 30 г брашно
* 50 г маргарин
* 40 г ориз
* 2 лажици рендан пармезан

Приготвување: исчистете ги и измијте ги ротквиците заедно со листовите. Ситно исечкајте ги листовите, а ротквиците испасирајте ги со 100 мл вода во пире. Пропржете го брашното во загреаниот маргарин, па додајте ги пирето од ротквиците, зачиналот и оризот. Прелијте го сето тоа со остатокот од водата и варете го 10 минути. Потоа додајте ги млекото и листовите од ротквиците и варете со додека оризот не се свари. Послужете ја крем супата посипана со ренданиот пармезан

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 10>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.