IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Супи и чорби
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Супи и чорби

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 10>
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Март.2014 во 19:59

КРЕМ-СУ­ПА ОД ТИК­ВА СО ФСТА­ЦИ

Пот­реб­но:
500 г тик­ва
60 г пав­ла­ка за гот­ве­ње
20 г фста­ци
сол

Под­го­тов­ка:

Из­лу­пе­те ја тик­ва­та, ис­чис­те­те ја и, исеч­ка­на на коц­ки, ва­ре­те ја во во­да што врие до­де­ка не омек­не. Пре­це­де­те ја во­да­та и чу­вај­те ја. Ис­па­си­рај­те ја тик­ва­та. Ис­па­си­ра­но­то ме­со од тик­ва вра­те­те го во тен­џе­ре­то и про­ва­ре­те го со пав­ла­ка­та за гот­ве­ње, до­да­вај­ќи од во­да­та спо­ред жел­ба­та за гус­ти­на на су­па­та. Исеч­кај­те ги фста­ци­те и на­ро­се­те врз су­па­та пред пос­лу­жу­ва­ње



Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 17:57
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Март.2014 во 19:41

КРЕМ СУПА ОД КОМПИРИ

Потребно:

н 1 комплет зеленчук за супа
н 2 компира
н 1 лажица путер
н 250 мл инстант супа (од коцка)
н 2 лажици павлака
н сол
н бибер
н 1 кренвиршла
н крупно мелен бибер

Приготвување: комплетот зеленчук за супа и компирите измијте ги, исчистете ги, излупете ги и исечете ги на коцкички.


Стоплете го путерот и кратко пропржете го зеленчукот. Прелијте го со супата, оставете го да зоврие, а потоа намалете ја температурата и сето тоа варете го во поклопено тенџере 15-тина минути, односно додека зеленчукот не омекне. Извадете три лажици зеленчук и оставете го на страна, а остатокот испасирајте го во миксер или во блендер. Коцкичките зеленчук вратете ги во супата, па зачинете ја со сол и бибер. Исечете ја кренвиршлата на тркалца и сварете ја во супата. Крем супата од компири сервирајте ја топла, посипана со крупно мелен бибер и украсете ја со ситно сечкан магдонос или, по желба, додајте 2 лажички павлака.



Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 17:56
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Март.2014 во 05:24

Полска супа

1. Водата ја ставаме на оган, заедно да две лажици сол, половина лажичка шеќер и малку оцет да зоврие.
2. Кога водата ќе почне да врие, се додава исецканото цвекло и две лажици вегета.
3. Се остава на оган 10-тина минути. Се трга супата од оган да се олади. Откако ќе се олади, се става во фрижидер да отстои неколку часа.
4. Откако супата ќе се олади убаво, во чинија го истураме киселото млеко и ставаме една црпалка од супата. Пробркуваме додека не се соединат и потоа киселото млеко од чинијата го додаваме во супата. Повторно пробркуваме.
5. Супата се сервира ладна.




Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Февруари.2014 во 21:43
Густа супа од зеленчук



Вратете ја енергијата со оваа хранлива и лековита супа од зеленчук.
Потребно:
100 г.брокула
100 г.карфиол
100 г.морков
100 г.праз исечен на кругови
100г.тиква исецкана на коцки
1 дл.павлака за готвење
3 лажици маслиново масло
сол,бибер


Подготовка:
Во тенџерето во кое ќе ја варите супата ставете го маслиновото масло, а потоа додајте го празот и кратко пржете. Потоа додајте го морковот исечен на кругови, додајте малку вода и оставете да крчка.

Потоа додајте го останатиот зелечук, ставете вода колку да го прекрие зеленчукот и варете на умерен оган околу половина час.

Пред крајот на варењето зачинете со сол и бибер. Иситнете го зеленчукот со миксер додека да добиете изедначена смеса и додајте ја павлаката за готвење.

Добар апетит!


Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 17:55
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2014 во 17:13

Јагнешка чорба

 

Месото и зеленчукот се сечат на коцки . во садот во кој ке се вари чорбата се запржува светла запршка . Во запршката исечкани се додаваат кромидот,месото и зеленчукот .Се додаваат зачинките ,се налева малку вода и се остава да се души. потоа се додава црвен пипер,се додава вода и се вари додека не омекне месото. пред да се служи ,во чорбата се додава жолчката изматена во павлака. По желба чорбата се закиселува и се додава копра.




Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2014 во 17:12

Медитеранска рибја чорба

На даската за сечење кромидот ситно го сечкаме. Потоа ситно го сечкаме празот. На пиперката и ја отсекуваме рачката. Потоа и го отстрануваме семето. Исчистената пиперка ја сечкаме на коцки.
Во тенџере на оган ставаме масло да се загрее. Во друго помало тенџере налеваме вода. Тенџерето го ставаме на оган. Исечканиот кромид го собираме на чинија. Потоа кромидот го ставаме да се пржи во тенџерето. На чинијата ги собираме парчињата праз и пиперки. Парчињата праз и пиперки ги додаваме во тенџерето. Промешуваме.
Во помалото тенџере ја ставаме коцката за супа. На ситната страна од рендето ја рендаме кората од портокал. Изренданата кора ја оставаме во сад настрана. На доматите им ги отстрануваме рачките. Потоа доматите ги лупиме во круг.
Во тенџерето во кое се пржи зеленчукот промешуваме. Излупените домати ги сечкаме на коцки. Повторно промешуваме. Во тенџерето ја додаваме изренданата кора од портокал. Промешуваме. Исечканите домати ги собираме во сад. Потоа парчињата домати ги додаваме во тенџерето. Промешуваме. Во тенџерето ги додаваме ловоровите листови. Зачинуваме со мајооран. Повторно промешуваме. Во тенџерето го додаваме белото вино. Чешнињата лук ситно ги сечкаме. Исечканиот лук го додаваме во тенџерето. Промешуваме. Во тенџерето го додаваме и доматното пире. Промешуваме. Со црпалка во тенџерето додаваме од супата.
На даската за сечење филетите ги сечкаме на парчиња. Парчињата риба ги собираме на чинија. Потоа и парчињата риба ги додаваме во тенџерето на оган. Промешуваме. Магдоносот ситно го сечкаме. Содржината во тенџерето со црпалка ја промешуваме. Во тенџерето го додаваме исечканиот магдонос. Повторно промешуваме. Наросуваме мелен црн пипер. Промешуваме. Го тргаме тенџерето од оган и го ставаме на работната маса. Со црпалка чорбата ја претураме од тенџерето во чорбалок. Потоа од чорбалокот од чорбата ставаме во чинија за супа. Врз чорбата наросуваме ситно сечкан магдонос.

Со ова предјадење ви предлагам да се напиете бело вино.

Добар апетит.




Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2014 во 09:20

Бела чорба



Како предјадење наместо вообичаената супа ви предлагаме да подготвите бела чорба. Исто така, ви ја препорачуваме во зимските денови како заштита од грипот затоа што содржи зеленчук и витамини.

Состојки: 4 моркови, 1 пашканат, 2 корени першун, мал целер, 1 главица кромид, црвена пиперка, тиквица, лимон, 200 мл. кисела павлака, 2 лажици зејтин, бибер, мешан зачин, сол, ловоров лист.

Подготовка:
Ситно исецкајте го кромидот, додадете го биберот и ловоровиот лист, посолете и динстајте во зејтин. Кога кромидот ќе омекне, додадете ја ситно исечканата пиперка и пржете неколку минути. Додете ги исечканите морков, першун и пашканат, па додадете вода. Кога зеленчукот ќе омекне, испасирајте го и додадете вода по желба колку сакате да ви биде густа чорбата. Додадете ја тиквицата исечена на ситни коцки и оставете да врие уште 20 минути. Во готовата чорба додадете го сокот од лимон и додадете ја павлакта постојано мешајќи.

Добар апетит!




Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 17:53
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Февруари.2014 во 19:05

Вкусна чорба со копани и ориз


1кг копани
100 грама ориз
50 грама соини трошки ( не мора ) по вкус
1 лажица мешан зачин
1 лажичка сол
1 главица кромид,мелен црн пипер,магдонос,
5 чешниња лук
1 лажичка црвен пипер
7 лажици зејтин
околу 1/2 л вода 

Подготовка:

Копаните ги вариме во посолена вода.
Оризот го плакнеме добро. 
Кога ќе се сварат копаните правиме запршка. Кромидот го запржуваме со зејтин, додека малку не зарумени. Го додаваме оризот и го пржиме неколку минути. Ги додаваме сите зачини и лукот и добро промешуваме. Сето тоа го истураме во тенџерето во кое ги варевме копаните. Копаните ги оставаме цели или по желба го раскинуваме месото на парчиња. Зависно од вкусот можете да ставите и повеќе ориз, ако сакате погуста манџа. Проверувајте одвреме навреме да не ви се превари оризот. Ќе ви бидат потребни околу 30 минути.
Кога е сварен оризот ги вадиме чешнињата лук, ги пасираме и ги враќаме во манџата. Се надевам дека ќе ви се допадне оваа моја идеја за брз и вкусен ручек. Ви посакувам добар апетит.

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Јануари.2014 во 15:45

Вкусно: Домашна телешка чорба

Нема човек кој не сака телешка чорба, освен тоа ова е едно од најздравите јадења кои можете да ги подготвите дома со месо. Таа одговара на сите годишни времиња и може да ја јадете во било кое време, а не само кога сте мамурни.

Потребни состојки (за 6 луѓе):

  • 500 g телешки врат со коски
  • 1 кромид
  • Зеленчук (морков и магдонос)
  • 1 мал корен од целер
  • половина китка магдонос
  • 30g путер
  • 2 лажици масло
  • 100g павлака
  • 1 жолчка од јајце
  • сол и бибер

Подготовка

Ситно исецкајте го кромидот, посолете го со лажица сол, па варете ја мешавината од путер и масло, на тивок оган, додека не се стопи, но да остане смесата бела. За тоа време месото одвојте го од коската и исечете го на поситни коцки. Спуштете го месото и коските во садот каде што е кромидот, ставете една чаша вода, додадете две лажици сол и половина лажица бибиер, а потоа на најтивок оган варете околу час и половина во поклопен сад, со повремено мешање. Ако забележите дека водата испарува, тогаш додадете уште малку, со цел постојано да има вода на дното.

Исчистете го морковот, исечете го на кружни парчиња и коцки. Исчистете го и магдоносот, а целерот откако ќе ги излупите исечете го на најситни коцки. Кога месото ќе биде готово, додадете го зеленчукот и малку вода, па заедно варете уште половина час во поклопеното тенџере. Потоа дадете 1,5 или 2 литри вода.

Кога водата ќе проврие, варете десетина минути и потоа садот тргнете го од ринглата. Пробајте, додадете сол и бибер по желба. Киселата павлака изматете ја со едната жолчка и малку течност од чорбата, па потоа смесата сипете ја во чорбата и измешајте. На крајот додадете ситно сецкан магдонос. По желба може да се додаде и малку сок од лимон, веднаш или при сервирањето.

Пријатен апетит!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Октомври.2013 во 17:24

Крем-супа од брокула

Потребни состојки:

  • 350г брокула (свежа или замрзната)
  • 400мл зеленчукова основа за супа (може и од инстант коцка)
  • 1 врзулка млад кромид
  • 200мл кисела павлака
  • Маслиново масло
  • Сол
  • Бибер (свежо мелен)

Начин на приготвување:

  1. Во длабок сад, пропржете го ситно исечканиот кромид.
  2. Додајте ја брокулата и основата за супата. Варете додека не зоврие, а потоа на потивок оган уште 15-20 минути, додека не омекне брокулата.
  3. На крај ставете ја сварената супа во блендер за да добие кремаста структура и послужете ја додека е топла. При послужувањето, ставете 1-2 лажици кисела павлака  и наросете свежо мелен бибер во секоја од чиниите, како и тостирано лепче од страна.
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Октомври.2013 во 17:22

Крем-супа од целер со шкампи (за 4 лица)

Потребни состојки:

  • 3 корени целер со средна големина
  • 2 поголеми компира
  • 2 главици кромид
  • 10-12 парчиња нечистени шкампи
  • 1 филџан слатка павлака за готвење
  • 1 чешне лук
  • Сол
  • Бибер
  • Сок од лимон
  • Маслиново масло
  • Магдонос

Начин на приготвување:

  1. Излупете ги целерот, компирот и кромидот и исечете ги на ситни коцки.
  2. Пропржете го прво кромидот на маслиново масло во длабок сад, а потоа додајте ги целерот и компирот и пржете ги додека не ја променат бојата.
  3. Додајте 1,5 литри вода и варете го зеленчукот додека не омекне.
  4. Сварениот зеленчук извадете го од водата во која се варел и ставете го во блендер. Така измиксираниот зеленчук вратете го во течноста во која се варел и додајте слатка павлака за готвење, сол и бибер. Варете додека супата не зоврие.
  5. Измијте ги шкампите и ставете ги на алуминиумска фолија. Попрскајте ги со маслиново масло, малку сол и додајте едно чешне лук.
  6. Завиткајте ја фолијата и печете ги околу 10 минути на температура од 200°C.
  7. Исчистете ги готовите шкампи и исечкајте ги на помали парчиња.
  8. Во длабока чинија ставете дел од шкампите и прелијте ги со врелата супа. Декорирајте ја супата со малку магдонос и сервирајте ја топла.

Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
Ninja 35 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ninja 35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 22:36
 

ТЕЛЕШКА ЧОРБА

4 компири
3 средни моркови
1 телешка коска
300 грама чисто телешко месо (кртина)
1 гранка целер
2 пашканати
1 главичка лук 
1 лимон
10тина нишки шафран (опционално)
4-5 гранчиња ловоров лист
неколку гранчиња магдонос

Во голем лонец ставете 3 литри води и коската од телешко месо. Кога водата ке зоврие намалете на тивко да кркори и оставете ја коската 1 час. Отстранете ја коската од водата и додадете го шафранот за да ја обои водата. Кртината телешко месо засечете го за да може полесно топлината да влезе во него и да го свари како на сликата подоле.


Ставете го месото заедно со пашканатот во лонецот и оставете го поклопен на тивко да се вари отприлика 2 часа односно се додека месото не почне да се распаѓа. Извадете го месото и додадете го компирот и морковот искцкан на ситни коцкички во водата заедно со гранката целер и 4 до 5 ловорови листови. 



Додека компирот и морковот да се варат раздробете го месото со две вилушки на многу ситни парчиња. Одвреме навреме пробајте коцкичка компир, доколку мислите дека компирот е доволно сварен извадете две третини од мешавината од компир и морков и испасирајте ги во блендер. Тоа е тајната на згуснување на чорбата. Откако ке ги испасирате ставете две до три кутлачи од водата во блендерот и пасирајте повторно за да се добие потечна смеса која полесно ќе се врзе со водата во чорбата. Додадете го пасираниот компир со морков назад во чорбата. Исто така вратете го и иситнетото месо а извадете го пашканатот и целерот. 
Додадете две до три супени лажици зејтин и еден грст магдоност, посолете со многу сол и бибер односно по вкус. И варете уште 10 до 15 минути. На крај исцедете сок од половина лимун.

На страна исечкајте многу ситно две поголеми чешниња лук и еден грст листови од магдонос. Ставете ги во еден сад и промешајте ги со две до три супени лажици јаболков или вински оцет и исто толку вода за разблажување.



Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 10:44

Крем супа со кашкавал


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 1   Нишесте
  • 200 грама Кисела павлака
  • 300 грама Кашкавал
  • 3   Жолчка/ки
  • 800 милилитри Вода
  • 2 лажица/ци Дафинка


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 40 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Крем супа со кашкавал

ПОДГОТОВКА:

Во водата што врие додајте ја вегетата и оставете да се вари, на ниска температура, 10 минути. Во меѓувреме измешајте ги жолчките, нишестето и киселата павлака. Тргнете ја супата од ринглата и вмешајте ја павлаката, кашкавал исечан на ситно коцки, оставете лесно да се вари.

Подготвената супа послужете ја со препечен леб или со колбас исечен на коцки и пропржен, или пак пропржени печурки.


Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 17:53
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 10:43

Крем чорба од костени


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 500 милилитри Супа од зеленчук
  • малку   Сол
  • малку   Магдонос
  • 500 грама Костени
  • 200 грама Кисела павлака


  • Време за подготовка: 30 мин.
  • Време за готвење: 60 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Крем чорба од костени

ПОДГОТОВКА:

Костените ги варите првин додека омекнат (околу 30 половина час), потоа ги лупите и ги ставате во тенџере со супа од зеленчук да се варат на тивок оган уште половина час.

Супата потоа ја процедувате, костените ги пасирате со миксер, сето тоа го враќате во супата, додавате павлака, зачинувате со сол и магдонос.


Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 17:53
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 10>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,281 секунди.