IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Супи и чорби
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Супи и чорби

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 10>
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Супи и чорби
    Испратена: 16.Јануари.2021 во 11:09

Крем чорба од целер која ќе ви ја закрепне душата: Евтина и готова за само половина час



Денеска ви претставуваме рецепт за едноставна чорба за која ви се потребни само 4-5 состојки, во зависност од тоа дали ќе користите некој зачин или не.

Потребни состојки:

- 1 целер со големина на тупаница

- 1 компир со приближно иста големина

- лажичка путер или масло

- околу 1/2 литар вода

- сол и бибер

- зачини по желба

Начин на припрема:

1. Исчистете ги целерот и компирот и исечкајте ги на ситни коцки.

2. Ставете едно тенџере на оган, додајте го путерот да се стопи и кратко пропржете го зеленчукот.

3. Додајте ја водата, солта и биберот (и зачини по желба) и оставете да се вари.

4. Варете со поклопец се додека зеленчукот не се свари, околу 30 минути.

5. Тргнете го тенџерето од шпорет и иситнете го сварениот зеленчук со рачен миксер или во блендер.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Март.2018 во 17:52
Пикантна чорба од домат



Чорбата од домати е старо, но многу вкусно јадење за кое не ви се потребни многу намирници, а вашето семејство и пријатели со сигурност ќе го обожуваат.

Во продолжение, ви ја откриваме тајната за совршената припрема на оваа чорба. Рецептот од искусните готвачи ќе ви покаже како да ја добиете онаа пикантна арома како во рестораните. 

Потребни состојки:

• 500 гр. пасирани домати

• половина чаша пињоли 

• 4-5 лажички маслиново масло 

• една главица црвен кромид 

• 4 чешниња лук 

• една лажичка семки од анасон 

• половина лажичка чили пиперка 

• босилек, бибер, оригано 

• половина чаша бело вино

Припрема:

1. Во пасираните домати додадете ги пињолите и миксирајте сè додека не добиете хомогена смеса.

2. Загрејте го маслото во поголем сад, во кој ќе го додадете ситно исецканиот кромид, лук, семките од анасон и чили пиперката. 

3. Пржете околу 5 минути додека зеленчукот не омекне, а потоа додадете ги и доматите, зачините и виното.

4. Кога чорбата ќе почне да врие, гответе на тивок оган уште 5-6 минути додека аромите не се поврзат.

5. Зачинете ја чорбата со сол и бибер и по желба додадете уште лута пиперка. Пред сервирање, послужете со босилек.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јануари.2017 во 09:22
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Октомври.2016 во 18:15

Чорба од тиква со кисела павлака

corba-od-tikva-so-kisela-pavlaka-naslovna
Дама.мк
Напишано од Дама.мк

Сезоната на тиквата започна па зошто тогаш да не ја искористиме и да направиме вкусна чорба од неа?

Оваа вкусна чорба ќе ве загрее во ладните есенски денови.

Состојки:

  • 2 лажици масло
  • 1 главица кромид
  • 400 грама пире од тиква (значи 600 грама тиква)
  • 500 милилитри вода
  • Сол и бибер
  • 200 милилитри кисела павлака

Подготовка:

Исчистете ја тиквата од кората и семките. Насецкајте ја на коцки и ставете ја во тенџере.

Сипете вода. Сварете ја и кога ќе омекне (односно откако ќе се свари) исцедете ја и изблендирајте ја.
Загрејте масло и на него додадете го исецканиот кромид и убаво издинстајте го.

Издинстаниот кромид додадете го пирето од тиква. Сипете ја водата и варете додека да проврие.

Кога е готова, односно откако ќе проврие и малку се излади додадете во неа 200 милилитри павлака.

И тоа е тоа, имајте добар апетит!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Август.2016 во 15:02

Подгответе вкусна крем супа од тиквички


Искористете ги тиквичките додека ги има. Доколку до сега сте ги пржеле и похувале, овој пат ви предлагаме да ги искористите на малку поразличен начин. Направете вкусна крем супа од тиквички, која ќе ви биде толку вкусна што ќе посакате постојано да ја приготвувате.


Потребни состојки:

  • 400гр тиквички
  • 2дл кравјо млеко
  • 1 лажица солен путер
  • 1 лажица бело брашно
  • 15 лажици магдонос
  • 80гр павлака
  • 8дцл вода
  • 1 лажица суви зачини

Начин на подготовка:

Излупете ги тиквичките и исечкајте ги на ситни парчиња. Прелијте ги со 7дл вода и гответе ги 10 минути на тивок оган. Потоа додадете го млекото и путерот и гответе уште 5 минути, а потоа тргнете ги од оган и измиксајте ја целата содржина во блендер.

Брашното измешајте го со 1дцл вода, додајте ја смесата и зачините и оставете супата да се готви  уште 3-5 минути. Послужете ја со тост лепче.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Октомври.2015 во 18:11

Топла и вкусна супа од брокули и кашкавал


Дождливите денови се идеално време за да се препуштите на вкусно уживање во топла и едноставна супа, а добро би било ако можете да додадете и по некој витамин и протеин во неа.

topla-i-vkusna-supa-od-brokuli-i-kashkaval-01.jpg

Супата од брокула е одлична идеја токму за таа намена.

Како да ја подготвите?

Потребни состојки:

  • 4 чаши готова пилешка супа
  • 2 чаши сечкана брокула
  • ½ главица кромид
  • 400ml павлака за готвење
  • 2 чаши рендан кашкавал
  • Сол и бибер по желба


Подготовка:

Во голем сад ставете ги супата, сечканиот кромид и сето тоа зачинете го по вашиот вкус. Ставете го садот на рингла, потоа додадете ја сечканата брокула и гответе околу 15-ина минути. На крај додадете ги кашкавалот и павлаката и гответе уште 15 минути. Сервирајте топло.

Добар апетит!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јули.2015 во 18:32
11

Супа од целер


  • 2 кафени лажички путер
  • 650 грама (12 до 15 големи стебла) целер, ситно исецкани парчиња, ливчињата се оставаат за гарнир при послужување
  • 1 средно голем кромид, исецкан на покрупни парчиња
  • 1 варен компир, излупен и исецкан на ситни парчиња
  • Сол по желба
  • 1 до 2 кафени лажички свеж сок од лимон

Чекор 1

Загрејте го путерот во големо тенџере (препорака длабок до 4 литра) на средна температура. Додајте го целерот, кромидот и компирот, посолете. Гответе и повремено промешајте се додека зеленчукот не почне да омекнува, 8 до 10 минути.

Чекор 2

Додадете 6 шолји вода во тенџерето. Оставете да зоврие. Температурата нека биде средна и така варете го зеленчукот додека не се згусне, околу 20 минути.

Чекор 3

Изблендирајте додека не добиете пире од смесата. (да се заштитите од прскање, полнете го блендерот до пола, така ќе овозможите и побрзо ладење на супата). Од кога ќе ја изблендирате целата супа вратете ја во тенџерето, додајте го лимоновиот сок и посолете по желба. Послужете со лисја од целер како гарнир.



Изменето од Valerija - 11.Јули.2015 во 18:32
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Март.2015 во 21:51
Француска чорба

9


Уживајте во вкусот како вистинските Парижани!

Состојки:

  • 500 g шампињони
  • 1 кромид
  • 250 ml павлака за готвење
  • Свеж магдонос
  • Сол и бибер
  • Масло по потреба

Подготовка:

На масло пропржете го ситни сецканиот кромид, а потоа додајте ги ситно сецканите шампињони. Сипете литар и половина вода, ставете сол и бибер. Варете 10 минути, а потоа додатете ја павлаката за готвење. Ставете го ситно сецканиот магдонос и тргнете ја од оган.

Совет: Динстаните шампињони ќе дадат потполно нов вкус ако пред крајот ги попрскате со малку коњак.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Декември.2014 во 10:20
2

Богата супа од зеленчук

Состојки:

500 г телешко или свинско месо (исечкано на мали парчиња)

2 лажици масло за готвење

2 гранчиња свеж рузмарин

1 главица кромид

3 лажици брашно

300 мл доматно пире

1 лажица црвен пипер

½ лажичка ким

1 л телешки бујон (супа од коцка)

200 г печурки

2 пиперки

1 мала лута пиперка

2 големи компири

1 морков

100 мл црвено вино

малку сол, црн пипер

Подготовка:

Во подлабок сад, на загреано масло за готвење, запржете две гранчиња рузмарин и додадете сечкан.

Додека кромидот се пржи, исечкајте го месото на ситни парчиња и додадете го во садот со кромид.

Настрана, во доматното пире додадете малку сол, лажица црвен пипер и ким.

Намалете го оганот и ставете брашно. Добро промешајте па додадете ја и смесата од доматното пире.

Сипете еден литар телешки бујон и гответе на тивок оган околу 30 минути.

Во меѓувреме, исечкајте ги компирите, пиперките, печурките и морковот на помали парченца.

Додадете ги во садот со месото заедно со едно чешне лук, сипете вино, зачинете и оставете ја супата да крчка околу половина час или се додека не се свари зеленчукот.

Оставете ја малку да се олади и сервирајте ја. Добар апетит!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Декември.2014 во 16:42
7

Направете вкусна пилешка супа



Состојки:

  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 главица кромид, ситно сецкан
  • 2 чешниња лук, ситно сецкан
  • 1л. пилешка супа од коцка
  • 2 лажички ситно рендана кора од лимон
  • 600гр. компири, излупени и исечени на коцки
  • 400гр. пилешки гради, исечени на тенки ленти
  • 400гр. млад спанаќ, сецкан

Постапка:

Сварете пилешка коцка супа во 1 литар вода.
Загрејте масло во тенџере на среден оган. Пржете ги 5 минути кромидот и лукот. Додадете ја пилешката супа и кора од лимон и оставете ги да зовријат.
Намалете ја јачината на ринглата, додадете ги компирите и варете ја супата 20 минути. Потоа додадете го спанаќот и пилешкото месо и варете ги 15-20 минути додека да се зготви месото.
Зачинете со бибер по вкус и послужете ја супата веднаш.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Октомври.2014 во 21:21
8

Капрезе супа


Состојки:

1кг домати

1 чешне лук

маслиново масло

1 лажица кафеав шеќер

сол и бибер

4 лажици сецкани ливчиња босилек

1 1/2 лажица вински оцет

4 парчиња препечен леб

250гр. моцарела

Постапка:

Загрејте ја рерната на 200 степени. Исецкајте ги доматите и лукот во голема тава и додадете 1 лажица маслиново масло. Печете ги 25 минути. Потоа оставете ги малку да се изладат.

Изматете ги печените домати и лук во блендер заедно со кафеав шеќер, босилек (оставете неколку ливчиња за декорација), оцет, сол и бибер по вкус и 60мл. маслиново масло.

Испечете 4 парчиња леб на скара или на тост.

Послужете ја супата од домати заедно со парчиња моцарела сирење и декорирајте со ливчиња босилек.



Изменето од Valerija - 23.Октомври.2014 во 21:21
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јули.2014 во 22:17
francuska-corba-1371210479-4364
    Француска чорба

Потребни состојки:

  • 500 грама шампињони
  • 1 кромид
  • 250 мл cлатка павлака
  • Свеж магдонос, по желба
  • Сол и бибер по вкус
  • Зејтин по потреба

Чекор 1

Во зејтин испржете го ситно исецканиот кромид, а потоа додајте ги ситно сецканите шамињони.

Чекор 2

Ставете литар ипол вода во длабоко тенџере  и посолете. Додадете ги печурките во зовриената вода и варете 10 минути, додадете ја благата павлака и измешајте. Посипете со ситно сецкан магдонос и тргнете од шпорет.

Екстра совет: Печурките ќе добијат посебен вкус ако пред крај на пржењето им додадете малку коњак.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јули.2014 во 15:44

Летна чорба од зеленчук


Состојки: 1 кромид, 1 тиквичка, 1 келераба, 1 морков, 70 гр целер, 1,5 дл павлака за готвење, 2 лажици густин, 1/2 лимон, 1 жолчка од јајце, масло, мешавина од зачини

Подготовка:

1. Кромидот, тиквичката, келерабата, целерот и морковот излупете ги и исечкајте на коцки.

2. Во малку масло пропржете го кромидот, а потоа додадете ги целерот и морковот, и пржете кратко. Продолжете да пржите со повремено додавање на вода, додека зеленчукот не омекне.

3. Ставете 1,2 л вода и гответе додека не зоврие. Додадете ја келерабата и тиквичките, и продолжете со динстање додека сиот зеленчук не омекне.

4. Посебно изматете густин со малку вода, ставете го во чорбата, додадете зачини по вкус и продолжете со варење додека не згусне.

5. Во готовата чорба додадете ја кремата со павлака за готвење и жолчката.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јуни.2014 во 22:25
Clipboard117

Крем супа од зеленчук

Состојки:

-400 гр. бело месо

-1 морков

-1 кромид

-1/2 китка магдонос

-2 компира

-100 гр. замрзнат грашак

-150 гр. брокула

-1 јајце

-1 дл. павлака

-мешан зачин

-бибер

Подготовка:

1.Во поголем сад сварете го месото, изчистениот морков, кромид и компир. Кога супата ќе почне да врие, одстранете ја пената, додајте ги зачините и варете на умерена температура додека сите состојки не омекнат.

2.Варениот зеленчук и месо извадете ги. Морковот и месото исечете ги на мали парчиња и вратете ги во супата. Кромидот и компирот соединете ги во блендер, па добиената смеса додајте ја во супата. Додајте го и грашокот и цветовите брокула и варете уште 10 минути.

3.Во готовата крем супа додајте ја мешавината од павлака и јајце. На крај врз супата додајте малку сецкан магдонос.



Изменето од Valerija - 14.Јуни.2014 во 22:25
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 10>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.