IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Свети рамноапостолни цар Константин и царица Елена
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Свети рамноапостолни цар Константин и царица Елена

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 141516
Автор
Порака Обратен редослед
ahmar1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 712
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ahmar1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јуни.2010 во 15:12
Мислам дека редно време беше да се отвори ваква тема за ликот и делото на еден човек(светител во Црквата ) кон кој не престануваат да се фрлаат дрва и камења до ден денес.

Краток коменар за претходниот пост.Делот со лепрата и со крштевањето на Царот е покасно додадено и е апокрифен податок затоа што што цар констатин се крстил многу кратко пред својата смрт а не на самиот почеток на своето владеење.

Св.Цар Константин не бил официален христијанин додека владеел за да не ги возмутува паганите кои сепак сеуште биле мнозинство во империјата.Ставал христијани на одговорни функции но не претерувал во тоа и сепак он се сметал за цар над сите и пагани и христијани затоа работел да има мир и согасување секогаш дури понекогаш и по цена на борба во црквата.

Сепак не треба многу строго да се суди за неговите постапки зашто он бил прв официален покровител на христијанството и немал пример на кој би ослонил.

Затоа на почетокот и не го земал многу за серизоно прашањето за ариј.Дури откако се консултирал со епископот Осиј кордобски(кој бил строго правоверен) се ангажирал за свикување на првиот собор на кој триумфирал прават вера а лагата и ереста на ариј биле анатемисани.

По соборот аријаните пак се избориле да добијат влијание поради нивнат лукавштиона во која предначел Евсевиј Никодимиски кој со задршка(за да не го изнервира Царот) го потпишал никејскиот симбол на верата,и кој за жал бил негов советник.(евсевиј по убедување бил полуаријанин)и бил најодговорен за заштита на ариј дури и негово рехабилитирање.
Тука до израз дошлата политичката улога на СВ.Цар Константин кој пред се бил владетели,он сакал да биде МИРОТВОРЕЦ во сите сфери.Но неговото тежнеење кон мир по секоја цена, го довело несакајќи во судир со Црквата која требало да го трпи насилието од силници од дворот во престолнината.

Но сепак слава му на Бога Светиот Дух ја заштитил своја Црква.Сепак Св.Цар константин бил најревносен промотор на никејското исповедање на верата и покрај што бил жртва на еден куп лицемери и дворски интриганти на чело со Евсевиј Никодимиски ,кој и покрај обидот да ги презентира православните како демек прават смут во царството(целата теолошка дебата ја сведувал на политичко недоразбирање) немал смелост и во лице на царот да му ја исповеда својат проклета ерес.
Иако Царот умрел како правоверен за жал тоа не можеме да го речеме за неговите наследници на престолот кои биле убедени полуаријани.

Но тоа на ја намалува позитивната улогата на Цар Константин за Црквата како нејзин заштитник и покровител




Изменето од ahmar1 - 16.Јуни.2010 во 15:26
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јуни.2010 во 14:01
Бидејќи на една од темите, со Мајкл започнавме да говориме и за свети Константин и неговиот живот, кој многумина сметаат дека не е во согласност со учењата на Христијанството, чинам дека една ваква тема дополнително ќе придонесе за разјаснување на некои недоречености околу животот на св.Константин, а секако и на неговата мајка света Елена, за која чинам и нема спор дека била посветена Христијанка. Еве и дел од животот на Свети Константин:



Светиот цар Константин и Светата царица Елена



Родители на Константин му беа царот Констанциј Флор и царицата Елена. Флор имаше уште деца и други жени, но од Елена го имаше само овој Константин. Три големи борби имаше Константин кога се зацари: една против Максенциј, тиранин во Рим, друга против Скитите на Дунав и трета против Византинците. Пред борбата со Максенциј, кога Константин имаше голема грижа и се сомневаше во својот успех, му се јави сред бел ден блескав крст на небото, сиот закитен со ѕвезди, а на крстот стоеше напишано: „Со ова победувај!“ Восхитен царот нареди да му исковаат голем крст, сличен на тој што му се јави и да го носат пред војската. Со силата на Крстот тој стекна славна победа над бројно надмоќниот непријател. Максенциј се удави во реката Тибар. Веднаш потоа Константин го издаде прочуениот Едикт, во Милано, 313 година, за престанок на гонењата на христијаните. Откако ги победи Византинците, тој изгради прекрасна престолнина на Босфор, којашто оттогаш се нарече Константинопол. Но пред ова Константин западна во тешка проказна болест (лепра). Жреците и лекарите го советуваа да се бања во крв од заклани деца, но тој тоа го одби. Тогаш му се јавија Светите апостоли Петар и Павле и му рекоа да го побара епископот Силвестер, којшто ќе го излечи од страшната болест. Епископот го поучи во христијанската вера и го крсти и проказата исчезна од телото на царот. Кога во Црквата настана раздор заради смутливиот еретик Ариј, царот го свика Првиот Вселенски Собор во Никеја, во 325 година. Овде се осуди ереста, а се утврди Православието. Благочестивата мајка на царот, Света Елена, ревнуваше усрдно за верата Христова. Таа го посети Ерусалим и го пронајде Чесниот Крст Господов и на Голгота ја изгради црквата на Воскресението и уште многу други цркви по Светата Земја. Во својата осумдесетта година оваа света жена се престави кај Господ, во 327 година. А царот Константин ја надживеа мајка му за десет години и се упокои во својата шеесет и петта година, во 337 година, во градот Никомидија. Неговото тело беше погребано во црквата на Светите апостоли во Цариград.



Изменето од Македон - 16.Јуни.2010 во 14:01
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 141516
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,109 секунди.