IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Свети рамноапостолни цар Константин и царица Елена
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Свети рамноапостолни цар Константин и царица Елена

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 16>
Автор
Порака
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Свети рамноапостолни цар Константин и царица Елена
    Испратена: 16.Јуни.2010 во 14:01
Бидејќи на една од темите, со Мајкл започнавме да говориме и за свети Константин и неговиот живот, кој многумина сметаат дека не е во согласност со учењата на Христијанството, чинам дека една ваква тема дополнително ќе придонесе за разјаснување на некои недоречености околу животот на св.Константин, а секако и на неговата мајка света Елена, за која чинам и нема спор дека била посветена Христијанка. Еве и дел од животот на Свети Константин:



Светиот цар Константин и Светата царица Елена



Родители на Константин му беа царот Констанциј Флор и царицата Елена. Флор имаше уште деца и други жени, но од Елена го имаше само овој Константин. Три големи борби имаше Константин кога се зацари: една против Максенциј, тиранин во Рим, друга против Скитите на Дунав и трета против Византинците. Пред борбата со Максенциј, кога Константин имаше голема грижа и се сомневаше во својот успех, му се јави сред бел ден блескав крст на небото, сиот закитен со ѕвезди, а на крстот стоеше напишано: „Со ова победувај!“ Восхитен царот нареди да му исковаат голем крст, сличен на тој што му се јави и да го носат пред војската. Со силата на Крстот тој стекна славна победа над бројно надмоќниот непријател. Максенциј се удави во реката Тибар. Веднаш потоа Константин го издаде прочуениот Едикт, во Милано, 313 година, за престанок на гонењата на христијаните. Откако ги победи Византинците, тој изгради прекрасна престолнина на Босфор, којашто оттогаш се нарече Константинопол. Но пред ова Константин западна во тешка проказна болест (лепра). Жреците и лекарите го советуваа да се бања во крв од заклани деца, но тој тоа го одби. Тогаш му се јавија Светите апостоли Петар и Павле и му рекоа да го побара епископот Силвестер, којшто ќе го излечи од страшната болест. Епископот го поучи во христијанската вера и го крсти и проказата исчезна од телото на царот. Кога во Црквата настана раздор заради смутливиот еретик Ариј, царот го свика Првиот Вселенски Собор во Никеја, во 325 година. Овде се осуди ереста, а се утврди Православието. Благочестивата мајка на царот, Света Елена, ревнуваше усрдно за верата Христова. Таа го посети Ерусалим и го пронајде Чесниот Крст Господов и на Голгота ја изгради црквата на Воскресението и уште многу други цркви по Светата Земја. Во својата осумдесетта година оваа света жена се престави кај Господ, во 327 година. А царот Константин ја надживеа мајка му за десет години и се упокои во својата шеесет и петта година, во 337 година, во градот Никомидија. Неговото тело беше погребано во црквата на Светите апостоли во Цариград.



Изменето од Македон - 16.Јуни.2010 во 14:01
Кон врв
ahmar1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 712
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ahmar1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јуни.2010 во 15:12
Мислам дека редно време беше да се отвори ваква тема за ликот и делото на еден човек(светител во Црквата ) кон кој не престануваат да се фрлаат дрва и камења до ден денес.

Краток коменар за претходниот пост.Делот со лепрата и со крштевањето на Царот е покасно додадено и е апокрифен податок затоа што што цар констатин се крстил многу кратко пред својата смрт а не на самиот почеток на своето владеење.

Св.Цар Константин не бил официален христијанин додека владеел за да не ги возмутува паганите кои сепак сеуште биле мнозинство во империјата.Ставал христијани на одговорни функции но не претерувал во тоа и сепак он се сметал за цар над сите и пагани и христијани затоа работел да има мир и согасување секогаш дури понекогаш и по цена на борба во црквата.

Сепак не треба многу строго да се суди за неговите постапки зашто он бил прв официален покровител на христијанството и немал пример на кој би ослонил.

Затоа на почетокот и не го земал многу за серизоно прашањето за ариј.Дури откако се консултирал со епископот Осиј кордобски(кој бил строго правоверен) се ангажирал за свикување на првиот собор на кој триумфирал прават вера а лагата и ереста на ариј биле анатемисани.

По соборот аријаните пак се избориле да добијат влијание поради нивнат лукавштиона во која предначел Евсевиј Никодимиски кој со задршка(за да не го изнервира Царот) го потпишал никејскиот симбол на верата,и кој за жал бил негов советник.(евсевиј по убедување бил полуаријанин)и бил најодговорен за заштита на ариј дури и негово рехабилитирање.
Тука до израз дошлата политичката улога на СВ.Цар Константин кој пред се бил владетели,он сакал да биде МИРОТВОРЕЦ во сите сфери.Но неговото тежнеење кон мир по секоја цена, го довело несакајќи во судир со Црквата која требало да го трпи насилието од силници од дворот во престолнината.

Но сепак слава му на Бога Светиот Дух ја заштитил своја Црква.Сепак Св.Цар константин бил најревносен промотор на никејското исповедање на верата и покрај што бил жртва на еден куп лицемери и дворски интриганти на чело со Евсевиј Никодимиски ,кој и покрај обидот да ги презентира православните како демек прават смут во царството(целата теолошка дебата ја сведувал на политичко недоразбирање) немал смелост и во лице на царот да му ја исповеда својат проклета ерес.
Иако Царот умрел како правоверен за жал тоа не можеме да го речеме за неговите наследници на престолот кои биле убедени полуаријани.

Но тоа на ја намалува позитивната улогата на Цар Константин за Црквата како нејзин заштитник и покровител




Изменето од ahmar1 - 16.Јуни.2010 во 15:26
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јуни.2010 во 15:21
Originally posted by ahmar1 ahmar1 напиша:



Св.Цар Константин не бил официален христијанин додека владеел за да не ги возмутува паганите кои сепак сеуште биле мнозинство во империјата.Ставал христијани на одговорни функции но не претерувал во тоа и сепак он се сметал за цар над сите и пагани и христијани затоа работел да има мир и согасување секогаш дури понекогаш и по цена на борба во црквата.


Во 325 година, во времето на Соборот, веќе бил Христијанин. Има еден податок, кој говори за тоа што го кажал додека шетал во паганските храмови, со кој јасно се дистанцирал од паганската религија. Сега ќе го побарам тоа.
Кон врв
ahmar1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 712
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ahmar1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јуни.2010 во 15:27
Originally posted by Македон Македон напиша:

Во 325 година, во времето на Соборот, веќе бил Христијанин. Има еден податок, кој говори за тоа што го кажал додека шетал во паганските храмови, со кој јасно се дистанцирал од паганската религија. Сега ќе го побарам тоа.


Можно е,мојот податок го црпев од документарец од BBC.Но додека си жив учиш
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јуни.2010 во 15:59


Sakav da napisam nesto za carot Konstantin, no da ne bidam sfaten pogresno se predomisliv.


Bi sakal da naucam malku povekje za ovoj , bez somnenie interesen covek i eden od najgolemite istoriski licnosti.. Bravo sto ja otvorivte ovaa tema . да
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јуни.2010 во 16:00
Originally posted by ahmar1 ahmar1 напиша:

Originally posted by Македон Македон напиша:

Во 325 година, во времето на Соборот, веќе бил Христијанин. Има еден податок, кој говори за тоа што го кажал додека шетал во паганските храмови, со кој јасно се дистанцирал од паганската религија. Сега ќе го побарам тоа.


Можно е,мојот податок го црпев од документарец од BBC.Но додека си жив учиш


Најдов за што станува збор.
Имено, при влегувањето во Рим, по победата над Максенциј на Милвискиот мост, кога секој Император, по воена победа требало да принесе жртва на Јупитер, Константин наместо тоа, го изложил христијанскиот знак намето орелот кој традиционално го носела римската војска и одбил да принесе жртва на паганските божества.
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јуни.2010 во 16:05
Originally posted by KINGDAVID KINGDAVID напиша:

Sakav da napisam nesto za carot Konstantin, no da ne bidam sfaten pogresno se predomisliv.Bi sakal da naucam malku povekje za ovoj , bez somnenie interesen covek i eden od najgolemite istoriski licnosti.. Bravo sto ja otvorivte ovaa tema . да


На вистинското место сме да научиме.
Навистина има многу извори,многу кажувања, легенди и слично кои се однесуваат на Светиот Рамноапостолен Цар Константин, која навистина бараат сеопфатна анализа. Првпат се сретнав со историскиот св.Константин во една книга посветена на Јудаизмот, Исламот и Христијанството, напишана од археолог, па оттогаш истражувам колку што можам повеќе.
Секако, темава се однесува и на св.Царица Елена, иако за неа изворите се јасни, нема толку многу извори, затоа што сепак, за разлика од св. Константин, не била цел на напад од неговите наследници, независно дали тие биле аријанци или пак пагани. За неа чинам и никој не спори дека била посветена Христијанка. Единствено се спори само колу тоа до кога била венчана со таткото на св. Константин, со огледа на фактот дека тој подоцна си земал друга жена,а св.Елена ја оставил.
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јуни.2010 во 17:43
Свети Константин, прв дел

Св.Константин втор дел

Свети Константин трет дел

Св.Константин четврт дел

Св.Константин петти дел

Иако не е комплетна, сепак е доста интересна претставата за Св. Константин во овој документарен филм.
Св. Елена малку се споменува, само кај разоктивањето на интригите на Фауста, втората сопруга на св.Константин, иако токму св.Елена е онаа која дел од својот живот патува во Светата земја и ги урива паганските светилишта изградени врз светите места за Христијаните.
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јуни.2010 во 23:14
Originally posted by Македон Македон напиша:

Пред борбата со Максенциј, кога Константин имаше голема грижа и се сомневаше во својот успех, му се јави сред бел ден блескав крст на небото, сиот закитен со ѕвезди, а на крстот стоеше напишано: „Со ова победувај!“ Восхитен царот нареди да му исковаат голем крст, сличен на тој што му се јави и да го носат пред војската. Со силата на Крстот тој стекна славна победа над бројно надмоќниот непријател.
Токму оваа случка за мене дава најсилно сведоштво дека тој не бил и не се залагал за христијанството во вистинска смисла на зборот. Како што веќе реков во другата тема, таа визија сигурно не пристигнала од чистите небесни светови. Исус не отфрлал никого, па ни војниците но никогаш не им се приклонил на нивните дејностиа а имаше можност за тоа(на пр. да повика на борба против римскиот освојувач или да му се приклучи и да ја спаси својата кожа и сл.)

Згора на тоа христијанството станувало се попогодно за оддалечување на луѓето од Христа па затоа не случајно в него и се инвестирало и сетоа тоа давало таков „успех„(мислам на ширењето под капа на властите).
Originally posted by Македон Македон напиша:

Веднаш потоа Константин го издаде прочуениот Едикт, во Милано, 313 година, за престанок на гонењата на христијаните.
Тоа не е случајно. Тоа што останало од христијанството 3 века по Исус веќе не било трн во окото на демоните бидејчи тоа христијанство се повеќе полагаше важност врз надворешната форма отколку врз внатрешниот духовен развој и потребата од практицирање на Христовите упатства.
Originally posted by Македон Македон напиша:

Таа го посети Ерусалим и го пронајде Чесниот Крст Господов и на Голгота ја изгради црквата на Воскресението и уште многу други цркви по Светата Земја.
За мене ова е легенда, но дури и да го нашла вистинските дрвени столбови за кои бил закован Исус ништо не менува. Исус од апстолите пред и по воскресението не побарал да прават фетиш од крстот и од местот каде бил срамно погубен.

Исто така, нема свети земји. Свет е само Бог. Зарем не е чудно тоа што постојано таму на блискиот исток се водат војни и владее немир? Тоа укажува дека таму постојат моќни негативни енергетски полиња а таквите места не гледам како можат да бидат свети.
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јуни.2010 во 00:38
Originally posted by Majkl Majkl напиша:

Originally posted by Македон Македон напиша:

Пред борбата со Максенциј, кога Константин имаше голема грижа и се сомневаше во својот успех, му се јави сред бел ден блескав крст на небото, сиот закитен со ѕвезди, а на крстот стоеше напишано: „Со ова победувај!“ Восхитен царот нареди да му исковаат голем крст, сличен на тој што му се јави и да го носат пред војската. Со силата на Крстот тој стекна славна победа над бројно надмоќниот непријател.
Токму оваа случка за мене дава најсилно сведоштво дека тој не бил и не се залагал за христијанството во вистинска смисла на зборот. Како што веќе реков во другата тема, таа визија сигурно не пристигнала од чистите небесни светови. Исус не отфрлал никого, па ни војниците но никогаш не им се приклонил на нивните дејностиа а имаше можност за тоа(на пр. да повика на борба против римскиот освојувач или да му се приклучи и да ја спаси својата кожа и сл.)
Згора на тоа христијанството станувало се попогодно за оддалечување на луѓето од Христа па затоа не случајно в него и се инвестирало и сетоа тоа давало таков „успех„(мислам на ширењето под капа на властите).


Зошто да не пристигне? Зошто св.Константин да не е инструмент за остварување на Божјиот план за Христијаните и избавување од големите прогони. св.Константин и пред тоа не ги прогонувал Христијаните поради своите верувања, па можеби Бог го наградил со тоа што му дарил победа, а од друга страна им дарил спасение на сите оние, а особено на Христијаните кои биле жестоко прогонувани, од тиранинот и нелегитимен Император Максенциј.
Како станало оддалечување на луѓто од Христа, кога токму во времето на Диоклеција, најголемиот број маченици ги положиле животите за Христос.


Originally posted by Majkl Majkl напиша:

Originally posted by Македон Македон напиша:

Веднаш потоа Константин го издаде прочуениот Едикт, во Милано, 313 година, за престанок на гонењата на христијаните.
Тоа не е случајно. Тоа што останало од христијанството 3 века по Исус веќе не било трн во окото на демоните бидејчи тоа христијанство се повеќе полагаше важност врз надворешната форма отколку врз внатрешниот духовен развој и потребата од практицирање на Христовите упатства.


Значи ли тоа дека сите тие маченици кој во тој период го положиле животот за Христос, било само израз на некој вид на надворешност и формалност, а не вистинска вера?


Originally posted by Majkl Majkl напиша:

Originally posted by Македон Македон напиша:

Таа го посети Ерусалим и го пронајде Чесниот Крст Господов и на Голгота ја изгради црквата на Воскресението и уште многу други цркви по Светата Земја.
За мене ова е легенда, но дури и да го нашла вистинските дрвени столбови за кои бил закован Исус ништо не менува. Исус од апстолите пред и по воскресението не побарал да прават фетиш од крстот и од местот каде бил срамно погубен.


Посетата на св.Елена на Ерусалим е историски докажано, не е прашање на верување или не, туку е факт, факт е и наредбата да им се даде на Христијаните тоа место, како и наредбата да се изгради црква на тоа место. Во однос на Чесниот крст Господов, не верувам дека Императорот и Императорката ќе дозволат да бидат излажани. Сепак, св.Елена била посветена Христијанка.

Originally posted by Majkl Majkl напиша:


Исто така, нема свети земји. Свет е само Бог. Зарем не е чудно тоа што постојано таму на блискиот исток се водат војни и владее немир? Тоа укажува дека таму постојат моќни негативни енергетски полиња а таквите места не гледам како можат да бидат свети.


Не е чудно, никаква енергија и слични нешта не е во прашње. Во прашање е територија, имот, желба за влст и слично. А тоа не доаѓа од некакви енергетски полиња, или комсички сили и нешто слично, туку од човекот.

Изменето од Македон - 17.Јуни.2010 во 00:39
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јуни.2010 во 17:05
Кој е овој рамноапостол и свет Константин? Дали станува збор за оној истиот паган и симпатизер на аријанините царот Константин од 4 век кој го исперверзирал христијанството и од чистата Христова вера направил христијанска религија водена од власта наместо од Христос?
Ма дај ви се молам, каков рамноапостол, каков светец...

Прво, Константин бил паган кој од христијанската вера направил "христијанска" религија кога потоа ја злоупотребувал за своите политичко-воени цели. Тој е првиот крстоносец кој наредил убивање во Имет

Второ, Константин, и покрај заповедта на Исус Христос, одбивал да се крсти до последниот ден од својот живот. А кога дошол тој ден, бил крстен од Аријевскиот епископ Евзебије Никомедијски.

Трето, Константин го свикал еретичкиот собор во градот Тир (335г.) каде што било негирано Никејското верување и на кој собор бил осуден Атанасие Велики.

Четврто, Константин го прогонил Атанасие во Триер, далеку од Цариград.

Петто, Константин (со свечена церемонија) го примил назад во "црквата" еретикот Арије, оној истиот еретик кој го негирал Христовото божество. Но, Бог не дозволил оваа пародија да оди до бескрај, и еретикот починал на самата поворка, а по една година починал и неговиот приврзаник - Константин.

Шесто, Константин првиот крстоносец (во воедна смисла на зборот). Тој заповедал војниците да ставаат на штитовите крст и да војуваат во "Христовото Име", иако Новозаветното Христово учење не познава "војување во името на Христос", туку вели: "Љубете ги своите непријатели, молете се и благословувајте ги оние што ве гонат"!

Оттука гледаме дека тој воопшто не бил христијанин, а камо ли пак свет и рамен на мирољубивите и нелицемерни апостоли. Но сепак тој  е основоположник на источната црква која по шизмата ќе премине во комплекс на православни цркви и затоа православните едноставно немаат избор и принудени се да прават од овој човек светец како би можеле да дадат една света димензија на нивните историски корени кои неминовно водат до Константин.
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јуни.2010 во 17:42
Onoa preku shto jas ne mozham da minam e faktot shto Konstantin od pregolemo vlastoljubie i srebroljubie gi otema zhena si i svojot roden sin.

Togash gi mina site rimski svetilishta barajki proshka i paganskite sveshtenici mu rekoa deka ne postoi bog shto kje mu go prosti toj krvnichki grev. Se razbira, koga im se obrati na hristijanite tie mu rekoa "ne se sekiraj, samo pokaj se i nashiot bezgranichno milosrden Bog kje ti prosti".

Hristijanstvoto stana vozljubena Konstantinova vera i melem za negovata sovest. Pa duri i togash, od strav da ne go izgubi prestolot, do krajot sedeshe na dve stolici i oficijalno beshe pagan, a prekjutno takanarechen hristijanin.

Zoshto e slaven denes od hristijanite? Zatoa shto ovoj krvnik ja postavi nivnata religija na nivo na drzhavnost.







Изменето од Messenger - 17.Јуни.2010 во 18:42
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јуни.2010 во 17:53
Точно така, православните го слават паганот Константин денес затоа што тој ја институционализира црквата и ја венча со државата. Според многу христијани ова е најголемото зло што му се случи на христијанството и го оцрни неговото име.
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јуни.2010 во 01:37
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Кој е овој рамноапостол и свет Константин? Дали станува збор за оној истиот паган и симпатизер на аријанините царот Константин од 4 век кој го исперверзирал христијанството и од чистата Христова вера направил христијанска религија водена од власта наместо од Христос?Ма дај ви се молам, каков рамноапостол, каков светец...


Не ни се моли, наведувај историски извори, за да си ги потврдуваш кажувањата.

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:


Прво, Константин бил паган кој од христијанската вера направил "христијанска" религија кога потоа ја злоупотребувал за своите политичко-воени цели. Тој е првиот крстоносец кој наредил убивање во Имет


Како влијаел св. Константин догматски на Христијанството, те молам? Која догма ја изменил? Како го изменил Христијанството св.Константин? Напротив, Евсевиј Кесариски сведочи дека св.Константин бил доста збунет од сите тие дебати, не ги разбирал совршено, па затоа ине гласал на Никејскиот собор.

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:


Второ, Константин, и покрај заповедта на Исус Христос, одбивал да се крсти до последниот ден од својот живот. А кога дошол тој ден, бил крстен од Аријевскиот епископ Евзебије Никомедијски.


Да, св.Константин се крстил неколку дена пред својата смрт, пред се затоа што тогаш постоел обичај многумина да се крштеваат пред својата смрт, со цел да ги исчистат своите гревови.
Точно е дека бил крстен од Аријанецот Евсевиј Никодимиски, но согласно никејскиот символ на верата. Свсевиј Кесариски, инаку и самиот соработник на Евсевиј Никодимиски, историчар на Црквата ни сведочи: Eпископот ги изврши светите церемонии согласно обичајот".

(Eusebius, Vita Constantini 4.62.4.)

Kaко што можеш да видиш, св.Константин бил крштеван согласно тогашниот обичај, а тогашниот обичај бил Никејското исповедање на верата. Евсевиј Никодимиски, независно од тоа што длабоко во себе бил Аријанец, официјално останал Православен Христијанин, за што сведочи и неговиот потпис на Никејскиот симбол на верата. Како што кажа ahmar1 погоре, никогаш официјално не застанал против Никејскиот Собор.

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:


Трето, Константин го свикал еретичкиот собор во градот Тир (335г.) каде што било негирано Никејското верување и на кој собор бил осуден Атанасие Велики.


Соборот во Тир бил свикан со цел да се утврди вината на св.Атанасиј Велики, а не да се преиспита Никејскиот Символ на верата. на Соборот не претседавал Константин, туку Евсевиј Кесариски, аријанец и св.Атанасиј бил прогласен за виновен. Но, св.Атанасиј отишол во Константинопол и се соочил со св.Константин, по што самиот Император ја преиначил одлуката и го ослободил од сите обвиненија, освен од тоа дека се обидувал да го саботира транспортот на жито од Египет до Константинопол, па за тоа и го прогонил. Повели изнеси доказ дека Никејскиот симбол на верата бил отповикан,прогласен за ништовен, или било што на Соборот во Тир.

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:


Четврто, Константин го прогонил Атанасие во Триер, далеку од Цариград.


Ја објаснив причината погоре.

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:


Петто, Константин (со свечена церемонија) го примил назад во "црквата" еретикот Арије, оној истиот еретик кој го негирал Христовото божество.
Но, Бог не дозволил оваа пародија да оди до бескрај, и еретикот починал
на самата поворка, а по една година починал и неговиот приврзаник - Константин.


Да, св.Константин, откако бил уверен од Евсевиј Никодимиски дека Аријанството не се разликува многу и не е такво какво што го претставиле Православните Христијани, го помилувал Ариј и решил повторно да го постави како свештеник во Црквата, секако семтајќи дека така ќе се зацврсне самата Црква. Доволно му било тоа што Свсевиј Никодимиски и останатите кои го подбуцнале на тој чекор, не ги повлекле потписите од Никејскиот симбол, па со тоа сметал дека доволно ќе придонесе за мирот. Но, како што кажа ти, Ариј починал во Константинопол, пред да може да стане повторно презвитер. Добил стомачни болки и умрел наместо.

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:


Шесто, Константин првиот крстоносец (во воедна смисла на зборот). Тој заповедал војниците да ставаат на штитовите крст и да војуваат во "Христовото Име",
иако Новозаветното Христово учење не познава "војување во името на
Христос", туку вели: "Љубете ги своите непријатели, молете се и
благословувајте ги оние што ве гонат"!
Оттука гледаме дека тој воопшто не бил христијанин, а камо ли пак свет и рамен на мирољубивите и нелицемерни апостоли.


Битката на која бил насликан крст на штитовите на војниците е битката кај Милвискиот мост кај Максенциј, кога св.Константин видел крст а небото и слушнал глас кој му кажал: "Со овој знак победувај". Со тој знак св.Константин марширал против Максенциј, отфрлајќи ги симболите на Јупитер, под кои марширала дотогаш римската војска. Не случајно, кога го победил Максенциј и влегол во Рим, не принел жртва на Јупитер, како што дотогаш се правело по секоја победа од страна на сите римски Императори на ридот Капитол, каде што се наоѓал храмот ја Јупитер, ниту пак го поставил орелот како симбол некаде во градот, наместо тоа, стоел крстот, кој всушност и не е крст во строгата смисла на зборот туку е вакво нешто:





Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:


Но сепак тој  е основоположник на источната црква која по шизмата ќе премине во комплекс на православни цркви и затоа православните едноставно немаат избор и принудени се да прават од овој човек светец како би можеле да дадат една света димензија на нивните историски корени кои неминовно водат до Константин.


Се додека не приложиш извори за сето ова, јас нема да коментирам, само можам да кажам дека ова е една голема глупост. Не би сакал да се доведам до тоа да ја расипувам темата, па да постирам светци, кои ги основале Ерусалимската, Константинополската,Александриската и Антиохиската Црква, затоа што тоа самиот го знаеш.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 16>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,235 секунди.