![]() |
|
Бугарски ѕверства во Македонија |
Внеси реплика ![]() |
страница 12> |
Автор | ||
Vercingetorix ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 12.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 421 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Испратена: 15.Јуни.2010 во 12:00 |
|
Сведочење на Командантот Ибер Кардал, Р.Н (од вес. “Nation”, од 23 август 1913 год., пренесено и во Извештајот од Карнеги – Додаток Б , под “Аферата во Доксато” бр. 14).
Од ова сведочење, се гледа бугарската ѕверска нарав кон македонскиот народ од Драмско (Егејска Македонија) зафатен од грчката пропаганда со црковната управа на Грците (а дадена од Турците). Затоа и низ текстот Кардал, овие Македонци ги нарекува “Грци” а месностите под управа на грчката црква - “грчки дел“, иако Грци таму и не живееле (и Грците вршат колежи таму но над Македонци под егзархиска црковна пропаганда). Командантот Ибер Кардал е странец во сојузничките сили (грчките), што не го спречило да дава независен опис. Тој како платеник-професионален воин дури е незаинтересиран, но самите настани и прашања од Касавет, го водат да ги опишува неволно трагичните последици. Впрочем, тоа се огледа и во писмото кое го почнува со: “Мој драги Касавет, ја добив твојата телеграма вчера и ми беа потребни 24 часа да размислам за одговорот. Гледаш дека моите извештаи за она што го видов во Доксато се толку унакажувани од известувачите и другите што, природно, прилично сум претпазлив да кажам што било: се разбира, ова не се однесува на случајот со тебе. Исто така, како што можеш да замислиш, хероите на тоа место на крв толку ми одат на нерви што мразам да зборувам за нив. Сепак кога ме прашуваш, ќе ти кажам за се што видов и ја имаш мојата целосна дозвола да користиш се или кој било дел, од ова писмо, што можеби мислиш дека одговара за објавување...“ ![]() Од почетокот на писмото се согледува неволноста и претпазливоста на авторот да пишува воопшто за случувањата, згрозен од како вели “хероите на тоа место на крв“ но и извртувањата кои му ги прават другите известувачи. Пишува заради инсистирањето од пријателот. Понатака вели: “Отидов во Кавала веднаш откако Бугарите го напуштија местото; во моите должности таму не треба да навлегувам. Дејствував по наредба на грчката влада за која, како што знаеш, работам денес. Кога пристигнав таму слушнав многу приказни за ужасни случувања во Доксато и се тврдеше дека, практично, сите жители биле масакрирани од бугарските трупи кои поминувале при повлекувањето. Ти веројатно ќе сфатиш дека, бидејќи презаситен од овие приказни и знаејќи дека војната не се води со кожени ракавици, не поверував во се што слушав и отпрвин мислев дека се работи за лоша среќа и можеби неколку жални инциденти во кои биле убивани неборци во возбудата од повлекувањето. Меѓутоа, откако ги видов ранетите и осакатени лица што ги доведуваа во Кавала од Доксато од ден во ден и слушајќи ги подробните раскажувања од непристрасни лица во Кавала од сите националности, решив да одам во Доксато за да видам самиот што се има случено...“ ![]() Кардал како странец сега ангажиран во грчката војска (што јасно и го кажува) првично само слуша за бугарски ѕверства во Доксато но ги смета за пренадуени и вообичаени во војна та не им придава внимание. Но, по зачестените доаѓања на осакатени лица, како и сведочењата од различни националности, тој се заинтересира, со тројца колеги, тргнува кон Доксато за што пак вели: “...Во секое село низ кое поминувавме на патот кон Доксато наоѓавме по неколку бедни преживеани од масакрот во Доксато, кои беа бездомници но не сакаа да се вратат во своите разурнати домови, по она што го претрпеле. Пристигнувајќи, Доксато го најдовме како град на мртвите, се беше изгорено и опустошено и се ширеше таква смрдеа на крв и распаднати тела каква што, се надевам никогаш повеќе нема да сретнам. Всушност, пет минути пред да влеземе во градот, додека се возевме низ рамнината, реата беше неподнослива. Во оваа рамнина имаше купишта трупови малку покриени со песок, каде што преживеаните се обиделе, од санитарни причини, да ги покријат своите мртви, но биле толку малку да го направат тоа целосно, па и покрај сите практични причини телата беа откопани...” ![]() |
||
"И сам Исус Христос ако слезит од небоно не можит да го уверит Македонеца оти тој е Блгарин иљи Србин" - Темко Попов
|
||
![]() |
||
Vercingetorix ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 12.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 421 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Од ова се надзираат вистинските размери на бугарскиот колеж. Кардал тоа го увидува уште по селата на патот од Кавала кон Драма (т.е градчето Доксато), но уште повеќе во самиот град, каде реата од распаднатите и на купови наредени тела, кажувала се. По ова, вели:
“На влегувањето во Доксато најдовме неколку лица кои се уште живееја меѓу урнатите на своите поранешни куќи и од нив успеавме да добиеме извештај за она што се случувало. Практично, целиот “грчки дел” (з.н) на градот беше изгорен и човек гледаше секаде на улиците јагленосани остатоци од она што биле човечки тела. Закоп во градот бил невозможен, па ги посипувале телата со петролеум и на тој начин се ослободувале од нив. Во некои градини и дворови гледавме детски гробови, секој со по малку полско цвеќе, но изгледаше дека не закопале никого освен децата. Кутрите души! По ужасот од сето тоа, човек се чуди како воопшто закопале некого...” ![]() Jагленисаните тела низ градот се од петролеумот со кој ги палеле бугарските војници а ужасни се и детските гробови по градините и дворовите, но за една друга страна на овој пир, авторот продолжува: “...Турскиот дел, со неколку исклучоци, не беше изгорен. Според кажувањата на преживеаните, таму се вршел најголемиот дел од масакрите. Видов многу соби во кои подовите беа натопени со крв, и простирки, душеци и перници покриени со крв и човечки остатоци. Самите камења во дворовите на овие куќи беа со крвави траги; тажно е дека повеќето од оние што се убиени во овие дворови биле каменувани до смрт. Преживеаните ни покажаа една куќа опкружена со висок ѕид кој затвораше двор и лозје каде што неколкумина “Грци“ (з.н) биле убиени и, се разбира, местото беше обележено со крвави траги секаде во дворот и градината; мотики и други земјоделски алатки попрскани со крв исто така најдовме тука, скалите што водат во една споредна зграда беа покриени со крв, а преживеаните изјавуваа дека децата биле одведувани таму и убивани. Бев информиран во врска со тој двор дека куќата и нејзината околина биле сопственост на некој Турчин кој, кога слушнал за можноста од масакр, испратил да ги известат “Грците” од Доксато дека им нуди засолниште за нивните жени и деца и дека, откако повеќе од 120 се собрале тука, тој и неколкумина негови сонародници, по упатство на еден бугарски офицер, ги заклале сите! Ова, се разбира, е едноставно она што ми го кажуваа преживеаните. Јас можам само да речам, од свое лично согледување, дека местото беше како кланица и, кој и да го направил тоа недело, мора да имало доста голем број убиени во ова место. Всушност, лозјето, дворот и куќата што води надвор од нив силно ме потсетува на приказните што човек ги чита за масакрите во Канпур...“ Кардал се насочува на турскиот дел од градот, негибнат од Бугарите. Јасно е, војната меѓу Бугарија и Грција е за завладување на Македонците, т.е православните кои и полесно би ги “топеле” подоцна во своите нации. Турците се “маши” и на двете, како пред светот би ги скриле колку е можно, маскарите од себе (и во Вардарска Македонија токму Турците ќе бидат “маши” но таму од Бугарите и Србите). ![]() |
||
"И сам Исус Христос ако слезит од небоно не можит да го уверит Македонеца оти тој е Блгарин иљи Србин" - Темко Попов
|
||
![]() |
||
Vercingetorix ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 12.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 421 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
По ова продолжува описот:
“Човек слуша за места што мирисаат на крв; без да сакам да бидам сензационален, овој мал град навистина мирисаше на крв. Ни кажуваа дека бугарската коњица јавала во местото газејќи некои жители и дека пешадијата, која дошла набрзо потоа, убивала се што ќе најде на улиците, но дека потоа поголемиот дел од масакрите ги извршувале турските жители, поттикнати од бугарските офицери. Колку е ова вистина не можам да кажам, бидејќи не бев таму во тоа време за да видам лично, но секако е значајно што турскиот кварт не бил запален, дека изгледа оти многу малку Турци биле убиени и дека сите тукашни турски жители биле избегани, додека нивните куќи негибнати, освен што се попрскани со крв и содржат докази за неискажливите ѕверства...“ ![]() Кардал сака да е непристрасен кога ги кажува сведоштвата и состојбите. Бугарите, во стилот на предците им од татарските коњички орди, ѕверски ги газат жителите со коњицата. Пешадијата пак убива се што наоѓа на улиците, а офицерите ги поттикнуваат Турците на дополнителни маскари. Кардал завршува со овој своевиден заклучок: “Можеби би можел да ви дадам уште подробности од доказите за ѕверствата што се вршеле, но има работи за кои човек не може да се натера себеси да зборува. Побараа од мене да проценам колкав број луѓе се убиени во Доксато. Сосем е невозможно да се направи тоа, бидејќи многумина за кои се претпоставувало дека се убиени, како што разбрав, подоцна се најдени, бидејќи биле избегани кога се случувал масакрот. Со броење на телата што ги видов и купиштата јагленисани остатоци и доказите за масакри во градините и дворовите, проценив дека бројот на убиените е помал од 600 и дека најголем број од нив биле жени и деца; колку повеќе од овој број би можело да ги има не е можно да се каже. Со најубави поздрави, верувај ми, искрено твој, Ибер Кардал Хотел Империјал, Атина 04 август 1913“ Кардал не шпекулира и е внимателен во проценките, дава бројки само на личното согледување. Од тоа се заклучува дека ова македонско гратче е збришано најбрутално и крвнички од бугарските орди и помагачите им. Колежот на мајки и деца е јасна цел-да се уништи македонскиот пород но и она што може да создава нов пород. Има ли поодвратно нешто од ова?! |
||
"И сам Исус Христос ако слезит од небоно не можит да го уверит Македонеца оти тој е Блгарин иљи Србин" - Темко Попов
|
||
![]() |
||
Каснакоски ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Кој ги измислува овие текстови?
д кога и Грците станаа Македонци? Според Васил К`нчов („Македония. Етнография и статистика“) во почетокот на 20 век Доксато има 2 190 жители, од кои 120 Бугари христијани, 850 Турци, 900 Грци, 120 Власи и 200 Цигани. По данни на секретарот на Блгарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година христијанското население на Доксато е составено од 48 Бугари патриаршисти гркомани и 1 100 Грци. |
||
![]() |
||
Каснакоски ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
А што ќе кажеш, ако разбереш дека „татарските коњички орди“ биле всушност македонски?
Капитан Софрониев „Командував два ескадрона от македонската кавалерија.......На 10 Јули, додекато бев на гарнизон во Отолигос на околу 20 км од Доксат, изпратив разузнавачи, кои да ми дојават за состојбата на реонот. ..... Izvorot na chija osnova e napishan ovoj paskvil na Makedonium http://www.promacedonia.org/karnegi/prilozhenie_B.htm I shto sega? Zhrtvite Grci gi napravile Makedonci, a makedonskite kowanici za Macedonium bile TATARSKI KONJACHKI ORDI. Chovekovata glupost nema granici. Изменето од Македон - 15.Јуни.2010 во 16:44 |
||
![]() |
||
Vercingetorix ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 12.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 421 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Како прво,никој не те нарече татарин,не си ја расипувај националноста,да не прочита некој од татарстан па да те тужи
![]() |
||
"И сам Исус Христос ако слезит од небоно не можит да го уверит Македонеца оти тој е Блгарин иљи Србин" - Темко Попов
|
||
![]() |
||
Каснакоски ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Тоа за татарската орда го има во твојот пост од Македониум.
Прочитај ја Карнегиевата анкета, а не само тоа што ти го проповеда некој гуру од Македоним. |
||
![]() |
||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Во Кавала, Драма и другите региони живееле Македонци, имало и Бугари, а и Грци, но барем колку што јас знам, пробугарски чувства таму немало многу, па дури ниту промакедонски, додека точно е тоа дека населението било наклонето кон Грците, од тој дел на исток се до Тракија. За тоа говори и фактот што подоцна, во сите војни, населението се однесува студено кон сите оние кои подоцна дошле во "новоослободените" краишта. Секако, ѕверствата од сите тие војски се факто, кој јасно е дека се случиле, што довело до тоа населението повеќе да страда, отколку да биде "слободно".
Изменето од Македон - 15.Јуни.2010 во 16:49 |
||
![]() |
||
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Значи сето она што не ти одговара за тебе е искривена историја - дали некогаш би признале некое злосторство
![]() на пр. Бугарите го гаѓале споменикот зебрњак во Куманово бидејки е Српски споменик и најискрено не ми е гајле што го погодиле но што ми е гајле е дека при артирелискиот оган за да се погоди споменикот дури 4 гранати го погодиле селото во близината на споменикот.Тоа се мртви Македонски цивили - или тогаш цивилите не биле спознаени Македонци па и не се рачунале за цивилна штета ![]() Не држи вода ова вадење на Бугарите,тие имаат направено скоро исто толку зулум како Турците за 500 год. разликата е што Турците зулумот го правеле 500 год а Бугарите зулумот го правеле помалку од 100 год!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! |
||
![]() |
||
Каснакоски ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Во Доксато си било грчко, а не наклонето кон Грците. Ништо не кажа за македонската кавалерија? |
||
![]() |
||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Не говорев точно за определено место, туку за регион, како што кажав и погоре. Од Кавала,Драма и на исток се до Константинопол (Истанбул) доминирала наклонетост кон Грците. Во однос на војските, сите вршеле злосторства, како бугарската војска, така српската, за грчката и да не говорам. |
||
![]() |
||
Каснакоски ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Заклучокот на комисијата за настаните во Доксат.
До овој момент постои многу мала разлика меѓу описанието на овие настани, дадено од капитан Кардејл, кое се основа на местни грчки извори и сведоштвата на нашите бугарски сведоци. Това, кое сами чувме во селото неколку седмици подоцна, се совпаѓа со това, кое ни го соопшти капитан Кардејл. По жестокиот судир бугарските војски започнале да уббиваат луѓе од мирното население. „Поголемиот дел од убивањата - како што кажува капитан Кардејл, - беа извршени од Турците." Без да го прифаќа за полна вистина, тој цитира изкажување на дел од останатите живи жители, дека турците дејствувале по „наредбата" и „поттикнувањето" на бугарските офицери. Установивме, дека тој не добил никаков убедлив доказ за тоа тврдење, ниту пак се сретнал со човек, којшто лично чул или видел бугарски офицери да дават наредба за убиства. Ете зашто тоа обвинение може да се отфрли како неоснователно. Но, независно од тоа дел од одговорноста за овие убивања паѓа врз бугарските офицери. Тие ги вооружиле Турците и ги оставиле да го контролираат селиштето. Требало да знаат што ќе последва. Исползвањето на турски башибозуци како сојузници против беззаштитни христијански селани представува престап, за кое во некои случаи носат вина и Грци, и Срби, и Бугари. Никој офицер во балканска земја не може да направи таков чекор, без да ги предвиди последиците Справедливо е да се одбележи, дека Бугарите попаднале во тешка положба. Тие немале возможност да го окупираат Доксат со постојан гарнизон, бидејќи били застрашени од грчки колони, кои се приближувале од неколку посоки. А да се остават турците невооружени, е равностојно тие да бидат изложени на грчки издевателства. Од друга страна, да се вооружат Турците, означува да се осудат грчките жители на убивање. Во случајот е извршена една грешка која заслужава порицание при услови, кои даваат возможност само на еден избор меѓу две злини. Подцртувајќи ја тешката отговорност, којашто им паѓа врз бугарските офицери за оваа катастрофа, ни најмалку не се колебаеме да заклучиме, дека колежот во Доксат представува турска, а не бугарска жестокост. Изменето од Македон - 15.Јуни.2010 во 18:49 |
||
![]() |
||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Поттикнување казнено дело се казнува како поттикнувачот да го сторил истото. Јасно е и зошто. Колку што се виновни Турците,толку се и бугарските офицери, кои ги вооружиле и поттикнале на тоа. |
||
![]() |
||
Каснакоски ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Dobro, ama drugata mozhnost koja e? Da ne gi vooruzhime Turcite, a da gi ostavime Grcite da izvrshat kolezh vrz niv.
Togash pak nie ke sme krivi. Makedonskata kavalerija, de. |
||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |