IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Општо > Разно > Тоше Проески - IN MEMORIAM
  Активни теми Активни теми RSS - Манастирот Свето Преображение во Крушево
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Манастирот Свето Преображение во Крушево

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
Tanjuska Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 120
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tanjuska Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Манастирот Свето Преображение во Крушево
    Испратена: 08.Јуни.2010 во 11:02
Дали сте биле во Манастирот Свето Пребражение во Крушево ?И какви се вашите впечатоци...ако имате слики може и некоја слика да поставите.
Кон врв
Tanjuska Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 120
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tanjuska Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јуни.2010 во 11:07
Ова е изјавата на премиерот на вчерашното осветлување на манастирот
Ова е едно од оние места кои не поврзуваат со Тоше. Неговите зборови вечно ќе одекнуваат одовде. Манастирот, осветувањето и патот ги чуствуваме како должност кон Тоше. Денешниот ден има голема сомболика. Манастирот ја доби својата светлина, а светлината е симбол на животот и на вечноста, рече Груевски, додавајќи дека манастирот е вечен спомен за неговиот дух.
Кон врв
One_lovE Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Ветеринарка

Регистриран: 10.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 124
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај One_lovE Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2010 во 19:23
Да, ова лето ми пружи конечно можност да отидам за Крушево и секако отидов и до манастирот. Слушав пред тоа многу приказни, како местото е посебно, како се чувствува присуството на Тоше и искрено јас Тоше лично не го знаев, само еднаш го имам гушнато на еден концерт и толку, па затоа не ни очекував дека ќе го доживеам како нешто неверојатно.
Прво патот до таму, делот што го поминуваш низ шумата е прекрасен, јас толку убава и густа шума не сум видела во мојот живот, самото тоа ме тргна од тоа зградите во Скопје и како да се најдов во друг свет..
Стигнавме до манастирот, одма гледаш огромен како билборд со ликот на Тоше и неверојатно чист воздух.. и тишина. И неверојатен мир. Луѓе јас таков мир, таква смиреност не памтам кога последен пат сум почувствувала.. Нешто бев нервозна тој ден, бев вознемирена и наеднаш престанав да сум нерасположена, ми изгледаше беззначајна причината за мојата нервоза.
Отидовме до влезот и не пречека како добри пријатели, чичкото на Тоше. Ни го покажа каменот што Тоше го бакнувал секогаш и ни раскажа до каде се работите со крстот, со манастирот. Му се гледаше тагата во очите, ама сепак толку беше љубезен и непосреден со мене и моите родители, а прв пат не гледа.. Тоа ми остави голем впечаток.
Прошетавме и отидовме до спомен собата и само осетив празнина во мене.. Сакав да останам подолго на манастирот, ама моравме да одиме.. Мирот што таму го осетив, го нема на друго место. Секогаш кога сум нервозна мислам на тоа место и ми помага. Сега едвај чекам во декември да си дојдам во Македонија и обавезно ќе отидам за Крушево. Кој не бил да отиде. Да отиде без никакви очекувања, самиот поглед врз Пелагонија и шумата и чистиот воздух ќе ве воодушеват и ќе ве тргнат од напорното секојдневие!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,438 секунди.