Испечати | Затвори го прозорот

Манастирот Свето Преображение во Крушево

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Општо
Име на форумот: Тоше Проески - IN MEMORIAM
Опис на форумот: .
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=22666
Датум на принтање: 19.Април.2024 во 19:52
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Манастирот Свето Преображение во Крушево
Постирано од: Tanjuska
Наслов: Манастирот Свето Преображение во Крушево
Датум на внесување: 08.Јуни.2010 во 11:02
Дали сте биле во Манастирот Свето Пребражение во Крушево ?И какви се вашите впечатоци...ако имате слики може и некоја слика да поставите.



Коментари:
Постирано од: Tanjuska
Датум на внесување: 08.Јуни.2010 во 11:07
Ова е изјавата на премиерот на вчерашното осветлување на манастирот
Ова е едно од оние места кои не поврзуваат со Тоше. Неговите зборови вечно ќе одекнуваат одовде. Манастирот, осветувањето и патот ги чуствуваме како должност кон Тоше. Денешниот ден има голема сомболика. Манастирот ја доби својата светлина, а светлината е симбол на животот и на вечноста, рече Груевски, додавајќи дека манастирот е вечен спомен за неговиот дух.


Постирано од: One_lovE
Датум на внесување: 30.Октомври.2010 во 19:23
Да, ова лето ми пружи конечно можност да отидам за Крушево и секако отидов и до манастирот. Слушав пред тоа многу приказни, како местото е посебно, како се чувствува присуството на Тоше и искрено јас Тоше лично не го знаев, само еднаш го имам гушнато на еден концерт и толку, па затоа не ни очекував дека ќе го доживеам како нешто неверојатно.
Прво патот до таму, делот што го поминуваш низ шумата е прекрасен, јас толку убава и густа шума не сум видела во мојот живот, самото тоа ме тргна од тоа зградите во Скопје и како да се најдов во друг свет..
Стигнавме до манастирот, одма гледаш огромен како билборд со ликот на Тоше и неверојатно чист воздух.. и тишина. И неверојатен мир. Луѓе јас таков мир, таква смиреност не памтам кога последен пат сум почувствувала.. Нешто бев нервозна тој ден, бев вознемирена и наеднаш престанав да сум нерасположена, ми изгледаше беззначајна причината за мојата нервоза.
Отидовме до влезот и не пречека како добри пријатели, чичкото на Тоше. Ни го покажа каменот што Тоше го бакнувал секогаш и ни раскажа до каде се работите со крстот, со манастирот. Му се гледаше тагата во очите, ама сепак толку беше љубезен и непосреден со мене и моите родители, а прв пат не гледа.. Тоа ми остави голем впечаток.
Прошетавме и отидовме до спомен собата и само осетив празнина во мене.. Сакав да останам подолго на манастирот, ама моравме да одиме.. Мирот што таму го осетив, го нема на друго место. Секогаш кога сум нервозна мислам на тоа место и ми помага. Сега едвај чекам во декември да си дојдам во Македонија и обавезно ќе отидам за Крушево. Кој не бил да отиде. Да отиде без никакви очекувања, самиот поглед врз Пелагонија и шумата и чистиот воздух ќе ве воодушеват и ќе ве тргнат од напорното секојдневие!



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk