IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - Социјализам или капитализам?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Социјализам или капитализам?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 596061
Автор
Порака
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Септември.2012 во 07:09
Колку јас и ти да дискутриаме по овие теми нема да дојдеме до заеднички заклучок.

Либерализмот е опција која е многу одмана изумрена, либертијанизмот е обична кованица која е измислена од луѓе кои не се спремни за радикални промени на системот.

90% од секторите кои ги наброја погоре се стопански гранки кои немам ниту јас проблем да бидат приватни. Меѓутоа образовнието, здравството и социјалната заштита неможат и несмеат да бидат во приватни раце.

Тоа може да биде само во САД. Здравството е универзална потреба, ако државата сака здрава нација тогаш таа мора да ги регулира тие прашања. Истото важи и за образованието. Во спротивно овие услуги постануваат елитистички и достапни до оние кои само можат да платат. Тоа ја уназадува државата.

Зарем треба да дискутираме каков е здравствениот и образовниот систем во САД?

За жал предолго си изгледа во САД, и тамошното секојденвие веќе има влијание врз твоето убедување.

Во остнатиот свет не е така, од западна Европа па се до далечна Азија и зафрлените Австралија и Нов Зеланд. Значи има подобри начини како да се уредува општеството. Европјаните немаат никакво пробле да бидат повеќе оданочени, но за возврат кога тие услуги ќе им бидат потребни очекуваат да не ги чини многу. Се до свеста!

Во либералниот капитализам пред се влаедееле економските законитости, кои заради непостоење на регулатива за оние кои го продавале својот труд и оние кои располагале со капитал ќе резултира во осцилации каде оди капиталот, штрајкови, глад, експлоатација, мизерни услови за живеење, хиперпродукции на некои производи, недостаток на други...... Непалнираното производство и трчањето по профите ќе бидат основните причини за честите рецесии и катастрофални депресии.

Ради тие причини капиталот морал да прави отстапки. Со оглед дека тој неможе самиот да се регулира, единствен метод кој досега е измислен и давал некави резултати е демократски избраната власт. Нејзе и се дава мадат да ги регулира односите како во општествената свера, така и во креирање позитивна клима за развој на стопанскиот живот.

Сите оние свери за кои капиталот нема интерес треба да и се остават на државата. Во тој смисол зборувам дека државата треба да се грижи за блогосостојбата на сопствениот народ и просперитетот на нацијата.

Мислиш дека туку така капиталистот ќе му ги даде парите на работникот, без да му ја исцица крвта? Па тоа е веќе видено во либералниот капитализам.

Од таа причина се појавува админстрацијата, не да ги вработува луѓето, туку да ја регулира лакомоста на капиталот. Една од тие регулации е и пропишување на минималецот.

Зарем Македонија не го искуси ова, па беше принудена и таа да пропишува одередни праваила на игра.



Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Септември.2012 во 19:38
Originally posted by Platenik Platenik напиша:

Колку јас и ти да дискутриаме по овие теми нема да дојдеме до заеднички заклучок.

Се сложувам.

Само можам да кажам дека досегашниве тешки економски состојби (наскоро ќе следат катастрофални) ги доживуваме во држвано контролираната економија, а не обратно.

И додека можеме од една страна да теоретизираме што би било ако државата се тргне какао диктатор на капиталот и економијата, од друга страна имаме факти на секојдневниот живот кој ни покажуваат до каде не донесува државното контролирање на капиталот и економијата.

За мене ова e case closed.
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Септември.2012 во 04:24
Right, case closed! Сега чекаме да дојдата на власт либертаријанистите и да го променат системот.

Да ја намалат админстрацијата, да ги затворат инситутциите кои се непотребни и создадат вишок на работна сила.

Јас како капиталист ќе го чекам тоа со раширени раце. Ќе молат работници за работа, а ќе прифатат сатнина која јас ќе им ја одредам. Згора на тоа ќе бидат благодарни, затоа што ќе имаат работа и ќе даваат се од себе за да ја задржат работата. А не како сега 20-30-50 долари сатнина. Да незборувам за оние кои се професионалци и наплаќаат по 300-400-500 долари сатнина

Ако ништо друго тие, либертаријанистите, ќе не направат конкурентни со пазарите на работна сила од третиот свет.

Case closed!

Да живее либертаријанизмот! Тријам раце!



Изменето од Platenik - 15.Септември.2012 во 06:04
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 596061
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,234 секунди.