IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - Социјализам или капитализам?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Социјализам или капитализам?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 61>
Автор
Порака Обратен редослед
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Социјализам или капитализам?
    Испратена: 15.Септември.2012 во 04:24
Right, case closed! Сега чекаме да дојдата на власт либертаријанистите и да го променат системот.

Да ја намалат админстрацијата, да ги затворат инситутциите кои се непотребни и создадат вишок на работна сила.

Јас како капиталист ќе го чекам тоа со раширени раце. Ќе молат работници за работа, а ќе прифатат сатнина која јас ќе им ја одредам. Згора на тоа ќе бидат благодарни, затоа што ќе имаат работа и ќе даваат се од себе за да ја задржат работата. А не како сега 20-30-50 долари сатнина. Да незборувам за оние кои се професионалци и наплаќаат по 300-400-500 долари сатнина

Ако ништо друго тие, либертаријанистите, ќе не направат конкурентни со пазарите на работна сила од третиот свет.

Case closed!

Да живее либертаријанизмот! Тријам раце!



Изменето од Platenik - 15.Септември.2012 во 06:04
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Септември.2012 во 19:38
Originally posted by Platenik Platenik напиша:

Колку јас и ти да дискутриаме по овие теми нема да дојдеме до заеднички заклучок.

Се сложувам.

Само можам да кажам дека досегашниве тешки економски состојби (наскоро ќе следат катастрофални) ги доживуваме во држвано контролираната економија, а не обратно.

И додека можеме од една страна да теоретизираме што би било ако државата се тргне какао диктатор на капиталот и економијата, од друга страна имаме факти на секојдневниот живот кој ни покажуваат до каде не донесува државното контролирање на капиталот и економијата.

За мене ова e case closed.
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Септември.2012 во 07:09
Колку јас и ти да дискутриаме по овие теми нема да дојдеме до заеднички заклучок.

Либерализмот е опција која е многу одмана изумрена, либертијанизмот е обична кованица која е измислена од луѓе кои не се спремни за радикални промени на системот.

90% од секторите кои ги наброја погоре се стопански гранки кои немам ниту јас проблем да бидат приватни. Меѓутоа образовнието, здравството и социјалната заштита неможат и несмеат да бидат во приватни раце.

Тоа може да биде само во САД. Здравството е универзална потреба, ако државата сака здрава нација тогаш таа мора да ги регулира тие прашања. Истото важи и за образованието. Во спротивно овие услуги постануваат елитистички и достапни до оние кои само можат да платат. Тоа ја уназадува државата.

Зарем треба да дискутираме каков е здравствениот и образовниот систем во САД?

За жал предолго си изгледа во САД, и тамошното секојденвие веќе има влијание врз твоето убедување.

Во остнатиот свет не е така, од западна Европа па се до далечна Азија и зафрлените Австралија и Нов Зеланд. Значи има подобри начини како да се уредува општеството. Европјаните немаат никакво пробле да бидат повеќе оданочени, но за возврат кога тие услуги ќе им бидат потребни очекуваат да не ги чини многу. Се до свеста!

Во либералниот капитализам пред се влаедееле економските законитости, кои заради непостоење на регулатива за оние кои го продавале својот труд и оние кои располагале со капитал ќе резултира во осцилации каде оди капиталот, штрајкови, глад, експлоатација, мизерни услови за живеење, хиперпродукции на некои производи, недостаток на други...... Непалнираното производство и трчањето по профите ќе бидат основните причини за честите рецесии и катастрофални депресии.

Ради тие причини капиталот морал да прави отстапки. Со оглед дека тој неможе самиот да се регулира, единствен метод кој досега е измислен и давал некави резултати е демократски избраната власт. Нејзе и се дава мадат да ги регулира односите како во општествената свера, така и во креирање позитивна клима за развој на стопанскиот живот.

Сите оние свери за кои капиталот нема интерес треба да и се остават на државата. Во тој смисол зборувам дека државата треба да се грижи за блогосостојбата на сопствениот народ и просперитетот на нацијата.

Мислиш дека туку така капиталистот ќе му ги даде парите на работникот, без да му ја исцица крвта? Па тоа е веќе видено во либералниот капитализам.

Од таа причина се појавува админстрацијата, не да ги вработува луѓето, туку да ја регулира лакомоста на капиталот. Една од тие регулации е и пропишување на минималецот.

Зарем Македонија не го искуси ова, па беше принудена и таа да пропишува одередни праваила на игра.



Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Септември.2012 во 02:27
Originally posted by Platenik Platenik напиша:



Зарем дерегулацијата во финасиско-банкарскиот систем не ги ги донесе економиите пред колапс?


Не е токму така. 

Вистинскиот либертеријанизам Америка го живееше во периодот по своето востанување како суверена конфедерацја на држави. Тогаш беше и најголемиот економски процут на оваа држава.

Оноа за што ти говориш се случува во период во кој уште далеку пред него државата имаше многубројни регулативи од сите страни на банкарскиот систем. Тогаш, поради слабата светска и американска економија владата (Клинтонова) ги смени регулативите во однос на должничко доверителните односи и им порача на банките да делат кредити капом и шаком на шуто и рогато. Идејата беше да се избегне рецесија со вештачко стимулирање на еконимијата преку позајмување пари на корисници кои според економските закони не би смееле да ги добијат.

Фактички поради мешањето на државата во економијата се дојде до економскиот крах во САД. Па затоа ниту еден од банкарите не беше осуден и казнет. С'е помина само со многу театаризам пред јавноста, нешто како reality show.



Originally posted by Platenik Platenik напиша:

Историски е докажано дека економските законитости, без регулатива и интервенција не функционитраат на општеството да му обезбедат долгорочен и стабилен просперитет. Цикличните кризи, рецесии и депресии стануваат многу чести и со секој нареден пат покатастрофални.

Кој го докажал тоа ??? голема насмевка

Циклички кризи, рецесии и депресии се дел од економирањето и се должат на многу комплексните економски односи и со мешањето на државата од идеолошко-политички аспект, а не на недостаток на државните регулативи. Па најголемите економски катастрофи се случија токму во времињата кога имаше државни мешања и регулативи! Тоа само го потврдува спортивното од твоето тврдење.

Originally posted by Platenik Platenik напиша:

Капиталот во основа нема интерес да влезе во свери кои се капитало интензивни, неисплатливи на долг временски период и за несоодветен надоместок. 

Kапиталот влегува онаму каде што може да се оплоди, онаму каде што дава резултати.

Ако има потреба од него, тогаш тој се јавува, ако нема, тогаш не се јавува. 

Ниту еден инвеститор не е будала да не инвестира таму каде што гледa дека ќе има профит и никој не е будала да фрла пари во дупка. 

Што има тука чудно или нејасно, уште повеќе спротивно од основните економски законитости ?

Originally posted by Platenik Platenik напиша:

Капиталот нема интерес ниту да плаќа соодветен надомсеток за вложениот труд, ниту пак даноци. Што помалку тоа подобро.


Токму така! Затоа либертеријаните се залагаат за минимална влада и бирократија во државата. Тоа ќе ги намали трошоците и даноците. Сите други даноци треба да се укинат. Tака луѓето ќе имаат повеќе пари во джебот за трошење и инвестицијско располагање.

Истите тие луѓе ќе гледаат каде да го оплодат тој сочуван капитал. Така економијата вигиризно се движи напред , а не како денес кога граѓание не трошат бидејќи немаат, ошурени од огромните даноци, или ги стискаат парите во джебот затоа што не знаат кога ќе им притребаат. тага 

Originally posted by Platenik Platenik напиша:

Тоа се пред се сверите на социјалната заштита, здравството, образованието, инфраструктура, јавниот транспорт.... сите така наречени непродуктивни дејности.

Ќе ми дозволиш и тука да не се сложам со кажаното. Секојденвието го побива ова со отворените приватни школи и универзитети, приватни болници, приватни фабрики за лекови, приватни институти, приватни транспортни системи, приватни осигурателни друштва, приватни аеродроми, привани пристаништа, приватни автопатишта... неброено пати се докажало дека приватните организации во било која сфера се поефикасни, поефтини, поуслужни и повитални од државните, Каде се фатила државата да отвара работни организации и работни места за извесно време с'е пропаднало како прескапо за одржување, нефлексибилно и неефикасно.

Originally posted by Platenik Platenik напиша:

Од тие причини, дојдено е до сознание, дека интервенционизмот од страна на државната администрација и нејзините институции е нешто што мора да постои. Државата е таа што треба да биде ГАРДИЈАН, чувар на севкупната благосостојба на секој еден нејзин граѓанин. Капиталот може да биде само инструмент преку кој, менаџиран совесно, ќе ги постигне саканите резултати.

Од претходно реплицираното се гледа дека денес е општопозната работа оти државата треба да излезе од секаква "заштита" на севкупната благосостојба на граѓаните бидејќи тоа се докажа како промашена идеолошка инвестиција. За с'е што се фатила државата пропаднало. 

Државата не е во бизнис да отвара бизниси, ниту е во бизнис да запослува. Тоа е одговорност на самите граѓани.

Originally posted by Platenik Platenik напиша:

До кој степен треба да оди регулативата, какви се овластувања треба да има државната адмистрација и какви се инструменти треба да постојат со цел да се контролира работата на тие на кои им е даден мандат да управуваат со општеството е друга тема за дискусија. 

Регулативата, да, по мене, мора да постои. Зарем сите ние не се залагаме за правна, демократска држава, каде секој еден ќе ги знае правилата на игра, вклучувајќи го и капиталот?

Се спротивно на погорново, доведува до хаос, безредие! 

Тоа е една од главните теми на дискусијава. Државата мора да има свое место во општетсвото и нејзината улога треба да биде минимизирана и лимитирана само на одржување на јавниот ред и мир преку кривичниот Закон и обезбедувањето на државните граници.









Изменето од Messenger - 14.Септември.2012 во 02:28
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Септември.2012 во 01:26

Меси,

Точно така, тоа е мое мислење дека капиталот неможе самиот себе да се регулира. Меѓутоа тоа го зборувам како од теоретски аспект така и од свое сопствено лично искуство.

Кога работев за друг и заработував 120000 годишно, ми беа малку. Сега кога работам за себе многу ми се и 30000 да му дадам на некој работник.
Држам до пропишаниот минимум ако несакам да ми го растурат задникот. На тој начин администрацијата го полни буџетот (преку личните даноци на вработените), а и влијае на стапката на невработеност.


Зарем дерегулацијата во финасиско-банкарскиот систем не ги ги донесе економиите пред колапс?

Историски е докажано дека економските законитости, без регулатива и интервенција не функционитраат на општеството да му обезбедат долгорочен и стабилен просперитет. Цикличните кризи, рецесии и депресии стануваат многу чести и со секој нареден пат покатастрофални.

Капиталот во основа нема интерес да влезе во свери кои се капитало интензивни, неисплатливи на долг временски период и за несоодветен надоместок. Капиталот нема интерес ниту да плаќа соодветен надомсеток за вложениот труд, ниту пак даноци. Што помалку тоа подобро.

Тоа се пред се сверите на социјалната заштита, здравството, образованието, инфраструктура, јавниот транспорт.... сите така наречени непродуктивни дејности.

Од тие причини, дојдено е до сознание, дека интервенционизмот од страна на државната администрација и нејзините институции е нешто што мора да постои. Државата е таа што треба да биде ГАРДИЈАН, чувар на севкупната благосостојба на секој еден нејзин граѓанин. Капиталот може да биде само инструмент преку кој, менаџиран совесно, ќе ги постигне саканите резултати.

Еден од факторите што далечниот исток доминира е ниската и нерегулирана работна сила. Меѓутоа, тоа се должи на бројноста на населението, квалитетот на работната сила и желбата за останок. Спремни да се жртвуваат да учат и работат за помалку, колку да опстанат. Кога еднаш ќе го достигнат посакуваниот степен на развиток, тогаш работната сила нема да остане толку ефтина. Зарем за тоа не ни се пример, Јапонија и Кореја.

До кој степен треба да оди регулативата, какви се овластувања треба да има државната адмистрација и какви се инструменти треба да постојат со цел да се контролира работата на тие на кои им е даден мандат да управуваат со општеството е друга тема за дискусија.

Регулативата, да, по мене, мора да постои. Зарем сите ние не се залагаме за правна, демократска држава, каде секој еден ќе ги знае правилата на игра, вклучувајќи го и капиталот?

Се спротивно на погорново, доведува до хаос, безредие!



Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Септември.2012 во 18:46
Originally posted by Platenik Platenik напиша:


Капиталот неможе сам да се регулира, ниту пак пазарот тоа може да го стори. Тоа не е во приордата на капиталот.

Тоа е твое мислење, јас воопшто не се сложувам со цитираново.

Originally posted by Platenik Platenik напиша:

Ова им стана многу јасно и на самите американци кога со Новиот дил го напуштија либералзимот и почнааа да воведуваат државен интевенционизам, меѓутоа идеолошки обременет.

Не постои идеолошки необременето државно интервенирање во економските закони.

Вистинското неидеолошко делување е оставање на економските закони и капиталот самите да се регулираат. 

Originally posted by Platenik Platenik напиша:

Затоа имаме луѓе кои ќе ја користат својата политчка моќ да го вратат светот пред повеќе од 80 години.


Originally posted by Platenik Platenik напиша:

Далечниот ориент веќе почнува ите како да доминара!

Поради ефтината работна рака, непостоењето на закони за заштита на работниците, човековата околина... 








Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
којсумјас Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4543
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај којсумјас Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Септември.2012 во 16:35
Пред да збориме за социјализам или капитализам...
да излезем од феудализмов...
пошто на крај сме веќе од робовладетелство...
збунетост...
бар мислам...збунетост
Кон врв
Alekxandar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Јули.2012
Статус: Офлајн
Поени: 1029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Alekxandar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Септември.2012 во 12:40
Западот си го продаде газето и сексот им стана многу болен пошто не се користи лубрикант,а кога е групен секс во прашање:
whole that mess comes from your ass


http://www.globalresearch.ca/doomsday-for-the-us-dollar-post-mortem-for-the-world-s-reserve-currency/

http://www.gfmag.com/tools/global-database/economic-data/11859-international-reserves-by-country.html#axzz269SxTcsY
Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Септември.2012 во 09:50
Либерализам, неолиберализам или либретијанизам се се тоа варијации на тема.

Ништо ново и ништо што досега небило дискутирано или на овај или онај начин спроведено од некои земји, влади. До одреден степен, се разбира!

Тоа е утопија која се наметнува од одреден број на луѓе кои, чувствуваат дека треба нешто да се промени, но незнаат како. Неможат да излезат од рамката во која функционирале или се оформиле како личности.

Едноставно не се спремни за драстични, радикални општествени промени.
Во таа група ги ставам и либетијанистите. Тие не нудат промени, тие нудат модификации. Patch up job! Барем јас така мислам.

Капиталот неможе сам да се регулира, ниту пак пазарот тоа може да го стори. Тоа не е во приордата на капиталот.

Ова им стана многу јасно и на самите американци кога со Новиот дил го напуштија либералзимот и почнааа да воведуваат државен интевенционизам, меѓутоа идеолошки обременет.

За жал и после толку години, се појавуваат стручњаци и експерти кои живеат во минатото и сметаат дека преоблемот не е во системот, туку во државната интервенција. Затоа имаме луѓе кои ќе ја користат својата политчка моќ да го вратат светот пред повеќе од 80 години. Корист од тоа нема општеството туку поединци. Зарем не е тоа случај со САД и волците блиски да Бол стрит и владите на Реган, Буш и силните полтрони како Рамсфелд, Чејни, Вулфовиц.....и силните лобисти?!

Резултатот ни е познат нема што да се дискутира.

На западот му се потребни, крупни општествени промени, доколку сака да опстане и има понатаму влијание на севкупните светски движења.

Далечниот ориент веќе почнува ите како да доминара!



Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Септември.2012 во 05:28


Од оноа што го знам и што сум имал прилика да дискутирам со либертариани заклучувам дека не е така црно како што опишуваш.среќа Напротив, секое манипулирање со економските законитости од страна на државата доведува до врзување чворови кои подоцна се рефлектираат со неочекувани економски кризи. Една таква од светски размери доживуваме токму сега, нели ? 

Точно е дека економијата се базира на побарувачка, понуда и евтино производство (евтина работна рака). Но евтината работна рака не значи и дотерување до просјачки стап. среќаСекогаш постои баланс меѓу оноа што се нуди како надница и оноа што се прифаќа како таква. намигнувањеОдносот меѓу овие две контрадикторни сили ја одредува реалната цена на платата. На крајот од краиштата, доколку сите работатат за грст денари тогаш кој ќе ги купува сите оние производи, нели ? голема насмевка

Нема логика, така?

Либертаријаните велат - административната држава треба да биде сведена на апсолутен минимум. Така трошоците на непродуктиваната бирократија ќе бидат сведени на најниско можно  ниво што ќе резултира со максимално намалување на даноците. Законите треба да бидат минимални и во основа треба само да ги гарантираат основните човекови права и слободи, да ја дефинираат сувереноста на државата и да го регулираат кривичниот Закон и основната Армија за одбрана на земјата. Скоро сето останато треба да биде оставено на слободни меѓусебни догoвори меѓу граѓаните. Слободната понуда на капиталот, услужните дејности и работната рака самите ќе го регулираат меѓусебниот однос во однос на моментните услови и потреби во општеството. Секоe мешање од страна на државата само ќе предизвика дебаланс на природните меѓучовечки односи, па едни ќе ги стави во позиција на посебно протектирани субјекти во однос на другите, што во основа претставува неправда која во иднина ќе произведе проблеми кои уште повеќе ќе го искомплицираат и отежнат животот на граѓаните. Таквите нови ситуации ќе бараат натамошно мешање на државата и сиот процес ќе се развива во непрекината нагорна спирала која само навидум изгледа како некаков напредок во политичко-социјално-економскиот живот, но во основа само креира мултиплицирање на проблемите без нивно реално решавање.

Досегашната историја тоа го потврди, нели ? тага

За радикални социјално-економски промени потребни се радикални опшествени промени. Денес само Либертаријанизмот го нуди тоа. Токму затоа станува с'е попопуларен меѓу граѓаните на запад, а во САД по масовноста веќе е на трето место. 





Изменето од Messenger - 11.Септември.2012 во 05:44
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Септември.2012 во 04:04
Неможам да разберам или поточно да прифатам дека и денеска во 21 век некој би се залагал за анархизам или либертијанизам, кој пак е само блага отстапка на неолибералситите и следбениците на учењето на Милтон Фридман.

Светската економска криза го потврдува тоа, дека тие учења се главната причината за претстоечкиот финасиски колапс.

Сите оние кои се поборници дека пазарот и самиот капитал ќе ги регулира односите или дека во дерегулацијата и лимитираната интервенција на владите е спасот, само се залажуваат!

Капиталот нема општествена свест и оди таму каде најлесно и најбрзо може да се оплоди. Тоа пордразбира и експлоатација на работната сила.

Таквите услови се вештачки, политички исконструирани со цел да во одредени земји има недостаток на капитал и вишок на работна сила. Во тој случај цената на трудот принудно се дампира. Таквите земји, со владините стратегии за даночни и фискални олеснувања, а згора на тоа и евтината работна рака ќе ги направи пококурентни. Значи да се работи ко вол за слама, затоа што без таквите стратегии, нема да има ниту слама. Тоа го сака капиталот.

Па вие, мои драги Македонци, видете и сами проценете!

Да капиталот имаше општествена свест, тој немаше да ги остави на цедило луѓето во матичните земји и ги принуди да живеат во шатори.

Према тоа владини интервенции, субвенции, регулативи... мора да постојат. Тие се тие кои ќе треба да ги балансираат негативните и позитвините појави во општеството во името на сите, а не во името на демократијата од кои ќе профитираат поединци.

Прашање е колкави треба да бидат овластувањата на владите и какви механизми треба да се има со цел да се контролира нивното работење.

Изменето од Platenik - 11.Септември.2012 во 04:06
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Септември.2012 во 17:12
Најблиску до оној денес прифатлив позитивниот аспект на анархијата е движењето кое зема с'е поголем залет во америкиве, а тоа е Либертаријанизам.

Додека Анархизмот учи на потполно елиминирање на државата, Либертаријанизмот се залага само за најосновна и најминимална егзистенција на правната држава, минимална или никаква регулација на пазарот (внтарешно и меѓународно), силни основни човечки права, одделување на црквата од државата, неутралност во дипломатските релации и слобода на тргување и патување.

Либертаријанската партија денес е трета партија по големина во САД. Нејзин наголем пропонент е кандидатот за претседател Ron Paul.
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Септември.2012 во 15:59
Originally posted by Milko01 Milko01 напиша:

Само анархија...признавам.....
технички гледано на хартија, анархијата е најдобар општествен систем, затоа што воопшто не е систем на прво место, нема луѓе кои контролираат, нема општествени групи и формации, нема закони и правил, сите ја величат индивидуата и своите лични права и желби
проблемот е само што на човекот секогаш му треба контрола, а тоа го пружаат политичките и правните системи...
технички гледано всушност, сите системи се во ред, проблемот е што сите едноставно не можат да прекинат да ги злоупотребуваат
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
Milko01 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 19.Март.2012
Статус: Офлајн
Поени: 180
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Milko01 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Септември.2012 во 01:08
Само анархија...признавам.....
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 61>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,266 секунди.