IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - НИКОЛА ПЕТРОВ РУСИНСКИ  (1875-1943)
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

НИКОЛА ПЕТРОВ РУСИНСКИ (1875-1943)

 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
Автор
Порака
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: НИКОЛА ПЕТРОВ РУСИНСКИ (1875-1943)
    Испратена: 08.Мај.2010 во 00:16


„Роден сум на 21 ноември 1875 година во с. Русиново, Малешевско (Македонија). Мајка ми се викаше Шекерина Мицова по татко... Татко ми потекнува од најбогатата фамилија во с. Русиново, Чукарци, се викал Петар Стојанов. Татко ми ја наследил омразата кон лошите луѓе и кон лошиот режим во Турција и затоа, тој со уште двајца свои блиски, имено Петар Стојанов Костевски и Костадин Алаѓозов, си поставиле цел да се борат и да ја истребат разбојничката банда и нејзините јатаци Турци. Повеќе од 15 години тие ја воделе борбата. На местото на убиените разбојниците, се јавувале други. Татко ми починал на 25 август 1876 година. Мајка ми живееше уште 18 години по смртта на татко ми и не научи нас, тројцата нејзини синови, силно да ги сакаме добрите луѓе, но и силно да ги мразиме лошите... Мајка ми гледаше дека во мојата душа е насобрана голема омраза кон лошите тирани и ми посака добар пат за Цариград, без да се посомнева дека нема повеќе да се видиме. Мајка ми вложуваше големи грижи за да ни даде писменост. Мојата писменост се должи на моето големо интересирање кон науката, социјалистичките кружоци, беседите и на моето самообразување. За време на мојот мирен живот не го губев времето напразно, туку за време на четничкиот живот си носев помалку леб за мојот стомак, а повеќе книги за читање, главно социјалистичка револуционерна литература, идеалот со кој ќе умрам...“ - пишува Никола Петров Русински во неговите спомени во ракопис кои се многу значајно сведоштво за едно херојско време, за времето од крајот на ХIХ век заклучно со крајот на Илинденското востание.


РЕВОЛУЦИОНЕРНО СОЗРЕВАЊЕ


Престојот на Никола во Цариград од 1893 до 1895 година е мошне значаен за осмислување на неговиот иден живот и борба. Така имал можности да ги прошири своите политички хоризонти, да биде во тек со актуелните политички збиднувања, со настаните во Македонија и со активностите на македонските емигранти во Бугарија. Мотивиран од љубовта кон својата татковина, Русински самоиницијативно се вклучил во борбата за нејзиното ослободување. Со заштедените средства од неговата лична заработувачка на 25 јуни 1895 година го напуштил Цариград и се упатил во Софија, каде што купил оружје и се пријавил во Македонскиот комитет, уверен дека веќе е дојден денот за почнување на оружената борба. На седми јули истата година, како што вели самиот, „под туѓо војводство“ се вклучил во т.н Мелничко востание, но многу брзо, впрочем како и другите Македонци - учесници во ова оружено навлегување на чети од Бугарија во Македонија, извлекол поука дека борбата за ослободување на Македонија бара опстојна, идејна и воено-организаторска подготовка, и тоа со внатрешни сили.

На 17 септември 1895 година Русински се вратил во Софија и се запишал во военото подофицерско училиште за да ја усоврши воената вештина и како што вели самиот „и да се префлам во Македонија со чета, да го подигнам на бунт понижениот и обесправен христијански народ од султанското ропство“. Во училиштето се запознал со многу Македонци кои биле врзани со ТМРО, меѓу кои бил и членот на Задграничното претставништво на Организацијата, Гоце Делчев, со кој Никола станал пријател.


Постепено кај него созревала мислата за префлање во Македонија. Првиот обид го направил на 7 март 1897 година, заедно со неговиот соученик и истомисленик Александар Маринов. Во Малешевијата тие вршеле организаторско-пропагандна и револуционерна дејност заедно со месните револуционерни дејци.


Никола Петров Русински најактивно учествувал во собирањето на луѓе и оружје за првата чета која требало да мине во источниот дел на Македонија. Седумчлена чета во летото 1897 година заминала во Македонија. На оваа чета наскоро и се придружил Гоце Делчев кој застанал на нејзино чело, а за негов заменик го поставил Никола Петров. По иницијатива на Делчев таа извршила два напада за насилно одземање пари за снабдување на Организацијата со оружје. Независно од неповолниот исход на овие акции, нивната работа вродила плод во Кочанско, Малешевско, Струмичко, Радовишко, Пијанец и во други региони. За овие акции голема улога имал Никола Петров Русински. Тоа го потврдила и Виничката афера кога само делумно била разоткриена организационата мрежа. По споменатата афера Русински успеал во остра зима и по голем снег и студ да ја прифли својата чета од Малешевско, преку Горноџумајско во Бугарија, но последиците за неговите четници и за него биле катастрофални.


За време на својот престој во Софија, во 1898 година, Русински се судрил со „вљубениците“ на бугарштината. Огорчен до некои состојби во Организацијата по Виничката афера, во март 1898 година се запознал со Васил Главинов, предводникот на Македонската револуционерна социјалистичка група во Софија и станал негов најдоследен идеен соработник.


НА ВИСТИНСКИОТ ПАТ


Во март 1900 година, Русински заминал за Македонија со цел заедно со своите сомисленици-македонски социјалисти да ги шири социјалистичките идеи, но и со готовност истовремено да работи во ТМОРО. Од сите задачи и активности во 1900 година најзначајно место има неговата улога околу организирањето и одржувањето на Првата социјалистичка конференција во Житошкиот синор, близу Крушево.


Набргу по конференцијата тој заминал во Битола и заедно со други членови на Социјалситичката група воспоставил контакти со претставниците на Битолскиот окружен комитет на ТМОРО. По седуммесечното претсојување во Битола и одолговекување на приемот на Социјалистичката група, кон крајот на февруари 1901 година, групата добила позитивен одговор за прифаќање на сите барања-услови за влегување како група во ТМОРО. Битолскиот окужен комитет го назначил Русински за војвода во Демирхисарскиот реон со големи овластувања. Освен како воен раководител и инструктор, Никола Петров се докажал и како идејно-политички агитатор меѓу народот и успешен организатор во привлекување на масите во селата.


Русински бескрајно многу ја сакал својата татковина, за него „цела Македонија му била роден крај“. Како делегат од Мариовскиот реон учествувал на Смилевскиот конгрес, одржан од 2 до 7 мај 1903 година, на кој се разгледувало решението за кревање на оруженото востание во Македонија. И покрај тоа што бил против ова решение, дисциплинираниот војвода на Организацијата, и се покорил на волјата на мнозинството и активно учествувал во подготвувањето и во креирањето на Илинденското востание во неговиот револуционерен реон во Мариовско. На Смилевскиот конгрес Никола Петров бил избран за член на Штабот на Прилепското горско начелство, заедно со Петар Ацев и Тале Христов. Во текот на Востанието тој го презел комнадувањето и над леринските чети, кои се нашле во многу тешка положба и преминале на негов терен во Мариовско.


Русински меѓу последните заминал за Битола, каде што некое време престојувал илегално, меѓутоа, огорчен и разочаран од некои раководни кадри во Округот, со помош на австроунгарскиот конзул успеал да добие одобрени и на 28 ноември 1903 година да замине преку Србија за Софија.


Во Софија Русински се венчал со својата свршеница, учителка и револуционерка од Охрид, Константа Бојаџиева, која извонредно многу ја ценел и ја сакал.


За него нови надежи и шанси за поактивна работа на национален и на социјален план предизвикала Младотурската револуција. Заедно со дел од македонските социјалисти во периодот 1908 до 1911 година престојувал во Битола, каде бил секретар на работничкото друштво „Класно сознание“, а бил прекупиран и со прашањето за организирање на учителите во Турција, односно Македонија.


Никола Петров Русински како и многу други Македонци и поранешни членови на Организацијата, учестувал во Балканските војни. По нив тој се јавил како можен кандидат на парламентарните избори во пиринскиот дел на Македонија, во 1914 година. За време на Првата светска војна пак бил мобилизиран како војник, а потоа работел во дрводелската работилница во месноста Суви Лаки меѓу Берово и Струмица, која вршела коларски работи за потребите на бугарската војска на Македонскиот фронт, а неговата сопруга била учителка во Берово.


По завршувањето на војната тој заедно со своето семејство останал да живее во родното село Русиново, каде што останал до февруари 1921 година. Русински се вклучил во политичкиот живот во земјта, но притисокот што го вршеле великосрпските власти го натерал да го напушти својот роден крај и заедно со своето семејство да се префли илегално преку границата во Бугарија.


Во Софија, меѓу двете војни, Никола ја дожиевал најголемата семејна трагедија, поради немаштијата и лошите услови за живот се разболеле и умреле жена му и двете ќерки. Настаните во 1941 година ги дочекал скршен од болка, разочаран без никакви средства за живот.


Бугарската окупација на вардарскиот дел на Македонија, со тоа и на неговиот роден крај, не ја доживеал како ослободување, како што ја доживеале некои „илинденци“, кои дури учествувале во бурните прослави организирани од бугарските власти во Битола, Крушево и Смилево. Уште истата 1941 година со него се поврзале членови на раководството на народноослободителното движење од пиринскиот дел на Македонија, кои доаѓале за снабдување со оружје во Малешевијата и во Стумичко, или се засолнувале како илегалци во овие краишта пред потерите и репресиите на полицијата во пиринскиот дел на Македонија. Така Русински познат во својот роден крај како „дедо Коле“ и во својата седма деценија од животот служел на македонските народни интереси. Тоа е најдобра потврда колку длабоко верувал во смислата на сопствената констатација изречена во врска со задушувањето на Илинденското востание, запишана во неговиот прилог „Организацијата на жените во Охрид“: „Трудољубивиот народ веднаш пристапи кон изградување на нови куќи, со надеж ако сега не успеал, ќе дојде време кога ќе успее да се ослободи од ропството“. Таква верба во себе носел и стариот Никола во 1941 година, дека времето е дојдено неговиот народ да успее во ослободителното дело.

Очекувајќи го успешниот крај на новата борба, Никола Петров Русински починал на 14.02.1943 година во своето родно село Русиново, каде е и погребан.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
да бе Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
О’ Дабштајн

Регистриран: 10.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5367
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај да          бе Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Мај.2010 во 00:29
Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:


Бугарската окупација на вардарскиот дел на Македонија, со тоа и на неговиот роден крај, не ја доживеал како ослободување, како што ја доживеале некои „илинденци“, кои дури учествувале во бурните прослави организирани од бугарските власти во Битола, Крушево и Смилево.


зарем имало и вакви - мислех сите биле бригадни генерали во НОБ
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Мај.2010 во 00:38
Оти ви е пишан дека убрел во Софија во 1942 година,и дека таму е закопан.Уште ве лажат комунистите
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
да бе Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
О’ Дабштајн

Регистриран: 10.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5367
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај да          бе Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Мај.2010 во 00:42
мда интересно
треба да се провери
Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Мај.2010 во 16:15
Во наоѓаштите се таму две чисто бугарски села, Големо и Мало Церско не можеше да се влезе за организациска работа со мала чета, затуj направивме собрание со голема охрана во селото Големо Церско.

Спомените на Никола Русински
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Мај.2010 во 17:34
Чоли кого умре Русински?
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Мај.2010 во 22:16
Originally posted by чоли чоли напиша:

Во наоѓаштите се таму две чисто бугарски села, Големо и Мало Церско не можеше да се влезе за организациска работа со мала чета, затуj направивме собрание со голема охрана во селото Големо Церско.

Спомените на Никола Русински


Истотака има и еден интересен дел, каде што Русински вели: Македонија не е српска, не е бугарска, ниту грчка, таа е македонска.

Изменето од Македон - 09.Мај.2010 во 22:16
Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Мај.2010 во 08:29
Уште спомени на Никола Русински

Околу над нас е големото село Гонеш, а во близина на реката две мали бугарски села: Стрежово и Свилишта. До тука се минува низ густ лес.
Кон врв
да бе Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
О’ Дабштајн

Регистриран: 10.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5367
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај да          бе Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Мај.2010 во 08:56
ем емизненадување
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Мај.2010 во 09:06
Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

Чоли кого умре Русински?

Да не ви е тешко прашањето,ајде ги читате документите бугари дај те одговор.А спомените во друга прилика ќе ги видиме и тие што ги оставил во Македонија.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
AlexanderVII Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 29.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 4
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај AlexanderVII Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Август.2010 во 13:42
А Наки и Арсо што биле(оние спомнати во неговите спомени)? Срби?
А сите припадници на Цариградската Патријаршија што биле? Грци?

НЕ

Сите ние сме исто - Македонци.

Истите тие револуционери кои ги пишувале овие спомени, сватиле дека нема потреба еден ист народ да се дели на различни националности, дека станува збор за ЕДЕН ИСТ НАРОД. МАКЕДОНСКИ.

И оние револуционери кои преживеаа (Павел Шатев, Панко Брашнаров, Никола Киров Мајски...) се вклушија во изградбата на современата македонска држава и современата македонска нација. Денеска веќе во Република Македонија е завршено со странските пропаганди, нема веќе српски, грчки или бугарски села и градови. Сите се македонски!

А вие од исток дали ќе го прифатите тоа или не многу не не интересира. Можете да продолжите да вадите цитати од некои спомени колку и да сакате. Македонија е на македонците!
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Август.2010 во 14:43
Наки и Арсо биле србомани, а другите биле гркомани.

За револуционерите кои преживеале прочитај што пишува Катарџиев.



Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Август.2010 во 14:50
А оние неколку биле бугаромани,се останато МАКЕДОНЦИ.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Август.2010 во 15:18
Се останато може да се анонимни личности.
Бугаромани нема! Твоите бугаромани се бореле за „Македонија на Македонците“. Ако биле бугаромани, ќе се бореле за припојување кон Бугарија. Секое манство претпоставува некаква изгода. Како што србоманите придобивале пари, например.



Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.