НИКОЛА ПЕТРОВ РУСИНСКИ (1875-1943)
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Историја
Опис на форумот: Александар, Кирил, Самоил, Мисирков, Делчев
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=22456
Датум на принтање: 12.Декември.2024 во 15:00 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: НИКОЛА ПЕТРОВ РУСИНСКИ (1875-1943)
Постирано од: mungos80
Наслов: НИКОЛА ПЕТРОВ РУСИНСКИ (1875-1943)
Датум на внесување: 08.Мај.2010 во 00:16
„Роден сум на 21 ноември 1875 година во с. Русиново, Малешевско (Македонија). Мајка ми се викаше Шекерина Мицова по татко... Татко ми потекнува од најбогатата фамилија во с. Русиново, Чукарци, се викал Петар Стојанов. Татко ми ја наследил омразата кон лошите луѓе и кон лошиот режим во Турција и затоа, тој со уште двајца свои блиски, имено Петар Стојанов Костевски и Костадин Алаѓозов, си поставиле цел да се борат и да ја истребат разбојничката банда и нејзините јатаци Турци. Повеќе од 15 години тие ја воделе борбата. На местото на убиените разбојниците, се јавувале други. Татко ми починал на 25 август 1876 година. Мајка ми живееше уште 18 години по смртта на татко ми и не научи нас, тројцата нејзини синови, силно да ги сакаме добрите луѓе, но и силно да ги мразиме лошите... Мајка ми гледаше дека во мојата душа е насобрана голема омраза кон лошите тирани и ми посака добар пат за Цариград, без да се посомнева дека нема повеќе да се видиме. Мајка ми вложуваше големи грижи за да ни даде писменост. Мојата писменост се должи на моето големо интересирање кон науката, социјалистичките кружоци, беседите и на моето самообразување. За време на мојот мирен живот не го губев времето напразно, туку за време на четничкиот живот си носев помалку леб за мојот стомак, а повеќе книги за читање, главно социјалистичка револуционерна литература, идеалот со кој ќе умрам...“ - пишува Никола Петров Русински во неговите спомени во ракопис кои се многу значајно сведоштво за едно херојско време, за времето од крајот на ХIХ век заклучно со крајот на Илинденското востание.
РЕВОЛУЦИОНЕРНО СОЗРЕВАЊЕ
Престојот на Никола во Цариград од 1893 до 1895 година е мошне значаен за осмислување на неговиот иден живот и борба. Така имал можности да ги прошири своите политички хоризонти, да биде во тек со актуелните политички збиднувања, со настаните во Македонија и со активностите на македонските емигранти во Бугарија. Мотивиран од љубовта кон својата татковина, Русински самоиницијативно се вклучил во борбата за нејзиното ослободување. Со заштедените средства од неговата лична заработувачка на 25 јуни 1895 година го напуштил Цариград и се упатил во Софија, каде што купил оружје и се пријавил во Македонскиот комитет, уверен дека веќе е дојден денот за почнување на оружената борба. На седми јули истата година, како што вели самиот, „под туѓо војводство“ се вклучил во т.н Мелничко востание, но многу брзо, впрочем како и другите Македонци - учесници во ова оружено навлегување на чети од Бугарија во Македонија, извлекол поука дека борбата за ослободување на Македонија бара опстојна, идејна и воено-организаторска подготовка, и тоа со внатрешни сили.
На 17 септември 1895 година Русински се вратил во Софија и се запишал во военото подофицерско училиште за да ја усоврши воената вештина и како што вели самиот „и да се префлам во Македонија со чета, да го подигнам на бунт понижениот и обесправен христијански народ од султанското ропство“. Во училиштето се запознал со многу Македонци кои биле врзани со ТМРО, меѓу кои бил и членот на Задграничното претставништво на Организацијата, Гоце Делчев, со кој Никола станал пријател.
Постепено кај него созревала мислата за префлање во Македонија. Првиот обид го направил на 7 март 1897 година, заедно со неговиот соученик и истомисленик Александар Маринов. Во Малешевијата тие вршеле организаторско-пропагандна и револуционерна дејност заедно со месните револуционерни дејци.
Никола Петров Русински најактивно учествувал во собирањето на луѓе и оружје за првата чета која требало да мине во источниот дел на Македонија. Седумчлена чета во летото 1897 година заминала во Македонија. На оваа чета наскоро и се придружил Гоце Делчев кој застанал на нејзино чело, а за негов заменик го поставил Никола Петров. По иницијатива на Делчев таа извршила два напада за насилно одземање пари за снабдување на Организацијата со оружје. Независно од неповолниот исход на овие акции, нивната работа вродила плод во Кочанско, Малешевско, Струмичко, Радовишко, Пијанец и во други региони. За овие акции голема улога имал Никола Петров Русински. Тоа го потврдила и Виничката афера кога само делумно била разоткриена организационата мрежа. По споменатата афера Русински успеал во остра зима и по голем снег и студ да ја прифли својата чета од Малешевско, преку Горноџумајско во Бугарија, но последиците за неговите четници и за него биле катастрофални.
За време на својот престој во Софија, во 1898 година, Русински се судрил со „вљубениците“ на бугарштината. Огорчен до некои состојби во Организацијата по Виничката афера, во март 1898 година се запознал со Васил Главинов, предводникот на Македонската револуционерна социјалистичка група во Софија и станал негов најдоследен идеен соработник.
НА ВИСТИНСКИОТ ПАТ
Во март 1900 година, Русински заминал за Македонија со цел заедно со своите сомисленици-македонски социјалисти да ги шири социјалистичките идеи, но и со готовност истовремено да работи во ТМОРО. Од сите задачи и активности во 1900 година најзначајно место има неговата улога околу организирањето и одржувањето на Првата социјалистичка конференција во Житошкиот синор, близу Крушево.
Набргу по конференцијата тој заминал во Битола и заедно со други членови на Социјалситичката група воспоставил контакти со претставниците на Битолскиот окружен комитет на ТМОРО. По седуммесечното претсојување во Битола и одолговекување на приемот на Социјалистичката група, кон крајот на февруари 1901 година, групата добила позитивен одговор за прифаќање на сите барања-услови за влегување како група во ТМОРО. Битолскиот окужен комитет го назначил Русински за војвода во Демирхисарскиот реон со големи овластувања. Освен како воен раководител и инструктор, Никола Петров се докажал и како идејно-политички агитатор меѓу народот и успешен организатор во привлекување на масите во селата.
Русински бескрајно многу ја сакал својата татковина, за него „цела Македонија му била роден крај“. Како делегат од Мариовскиот реон учествувал на Смилевскиот конгрес, одржан од 2 до 7 мај 1903 година, на кој се разгледувало решението за кревање на оруженото востание во Македонија. И покрај тоа што бил против ова решение, дисциплинираниот војвода на Организацијата, и се покорил на волјата на мнозинството и активно учествувал во подготвувањето и во креирањето на Илинденското востание во неговиот револуционерен реон во Мариовско. На Смилевскиот конгрес Никола Петров бил избран за член на Штабот на Прилепското горско начелство, заедно со Петар Ацев и Тале Христов. Во текот на Востанието тој го презел комнадувањето и над леринските чети, кои се нашле во многу тешка положба и преминале на негов терен во Мариовско.
Русински меѓу последните заминал за Битола, каде што некое време престојувал илегално, меѓутоа, огорчен и разочаран од некои раководни кадри во Округот, со помош на австроунгарскиот конзул успеал да добие одобрени и на 28 ноември 1903 година да замине преку Србија за Софија.
Во Софија Русински се венчал со својата свршеница, учителка и револуционерка од Охрид, Константа Бојаџиева, која извонредно многу ја ценел и ја сакал.
За него нови надежи и шанси за поактивна работа на национален и на социјален план предизвикала Младотурската револуција. Заедно со дел од македонските социјалисти во периодот 1908 до 1911 година престојувал во Битола, каде бил секретар на работничкото друштво „Класно сознание“, а бил прекупиран и со прашањето за организирање на учителите во Турција, односно Македонија.
Никола Петров Русински како и многу други Македонци и поранешни членови на Организацијата, учестувал во Балканските војни. По нив тој се јавил како можен кандидат на парламентарните избори во пиринскиот дел на Македонија, во 1914 година. За време на Првата светска војна пак бил мобилизиран како војник, а потоа работел во дрводелската работилница во месноста Суви Лаки меѓу Берово и Струмица, која вршела коларски работи за потребите на бугарската војска на Македонскиот фронт, а неговата сопруга била учителка во Берово.
По завршувањето на војната тој заедно со своето семејство останал да живее во родното село Русиново, каде што останал до февруари 1921 година. Русински се вклучил во политичкиот живот во земјта, но притисокот што го вршеле великосрпските власти го натерал да го напушти својот роден крај и заедно со своето семејство да се префли илегално преку границата во Бугарија.
Во Софија, меѓу двете војни, Никола ја дожиевал најголемата семејна трагедија, поради немаштијата и лошите услови за живот се разболеле и умреле жена му и двете ќерки. Настаните во 1941 година ги дочекал скршен од болка, разочаран без никакви средства за живот.
Бугарската окупација на вардарскиот дел на Македонија, со тоа и на неговиот роден крај, не ја доживеал како ослободување, како што ја доживеале некои „илинденци“, кои дури учествувале во бурните прослави организирани од бугарските власти во Битола, Крушево и Смилево. Уште истата 1941 година со него се поврзале членови на раководството на народноослободителното движење од пиринскиот дел на Македонија, кои доаѓале за снабдување со оружје во Малешевијата и во Стумичко, или се засолнувале како илегалци во овие краишта пред потерите и репресиите на полицијата во пиринскиот дел на Македонија. Така Русински познат во својот роден крај како „дедо Коле“ и во својата седма деценија од животот служел на македонските народни интереси. Тоа е најдобра потврда колку длабоко верувал во смислата на сопствената констатација изречена во врска со задушувањето на Илинденското востание, запишана во неговиот прилог „Организацијата на жените во Охрид“: „Трудољубивиот народ веднаш пристапи кон изградување на нови куќи, со надеж ако сега не успеал, ќе дојде време кога ќе успее да се ослободи од ропството“. Таква верба во себе носел и стариот Никола во 1941 година, дека времето е дојдено неговиот народ да успее во ослободителното дело.
Очекувајќи го успешниот крај на новата борба, Никола Петров Русински починал на 14.02.1943 година во своето родно село Русиново, каде е и погребан.
------------- “Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
Коментари:
Постирано од: да бе
Датум на внесување: 08.Мај.2010 во 00:29
mungos80 напиша:
Бугарската окупација на вардарскиот дел на Македонија, со тоа и на неговиот роден крај, не ја доживеал како ослободување, како што ја доживеале некои „илинденци“, кои дури учествувале во бурните прослави организирани од бугарските власти во Битола, Крушево и Смилево. |
зарем имало и вакви - мислех сите биле бригадни генерали во НОБ
------------- http://www.youtube.com/watch?v=cG_uWZxKaoU - ¡ʎɐp ʎɯ ǝʞɐɯ 'pɐǝɥɐ oƃ
|
Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 08.Мај.2010 во 00:38
Оти ви е пишан дека убрел во Софија во 1942 година,и дека таму е закопан.Уште ве лажат комунистите
------------- “Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
Постирано од: да бе
Датум на внесување: 08.Мај.2010 во 00:42
мда интересно треба да се провери
------------- http://www.youtube.com/watch?v=cG_uWZxKaoU - ¡ʎɐp ʎɯ ǝʞɐɯ 'pɐǝɥɐ oƃ
|
Постирано од: чоли
Датум на внесување: 09.Мај.2010 во 16:15
Во наоѓаштите се таму две чисто бугарски села, Големо и Мало Церско не можеше да се влезе за организациска работа со мала чета, затуj направивме собрание со голема охрана во селото Големо Церско.
http://macedonia-history.blogspot.com/2006/10/nikola-rusinski.html - Спомените на Никола Русински
|
Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 09.Мај.2010 во 17:34
Чоли кого умре Русински?
------------- “Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 09.Мај.2010 во 22:16
чоли напиша:
Во наоѓаштите се таму две чисто бугарски села, Големо и Мало Церско не можеше да се влезе за организациска работа со мала чета, затуj направивме собрание со голема охрана во селото Големо Церско.
http://macedonia-history.blogspot.com/2006/10/nikola-rusinski.html - Спомените на Никола Русински |
Истотака има и еден интересен дел, каде што Русински вели: Македонија не е српска, не е бугарска, ниту грчка, таа е македонска.
-------------
|
Постирано од: чоли
Датум на внесување: 10.Мај.2010 во 08:29
Уште http://www.promacedonia.org/ilpr1968/ilpr1968_a1.html - спомени на Никола Русински
Околу над нас е големото село Гонеш, а во близина на реката две мали бугарски села: Стрежово и Свилишта. До тука се минува низ густ лес.
|
Постирано од: да бе
Датум на внесување: 10.Мај.2010 во 08:56
ем ем
------------- http://www.youtube.com/watch?v=cG_uWZxKaoU - ¡ʎɐp ʎɯ ǝʞɐɯ 'pɐǝɥɐ oƃ
|
Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 10.Мај.2010 во 09:06
mungos80 напиша:
Чоли кого умре Русински? |
Да не ви е тешко прашањето,ајде ги читате документите бугари дај те одговор.А спомените во друга прилика ќе ги видиме и тие што ги оставил во Македонија.
------------- “Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
Постирано од: AlexanderVII
Датум на внесување: 02.Август.2010 во 13:42
А Наки и Арсо што биле(оние спомнати во неговите спомени)? Срби?
А сите припадници на Цариградската Патријаршија што биле? Грци?
НЕ
Сите ние сме исто - Македонци.
Истите тие револуционери кои ги пишувале овие спомени, сватиле дека нема потреба еден ист народ да се дели на различни националности, дека станува збор за ЕДЕН ИСТ НАРОД. МАКЕДОНСКИ.
И оние револуционери кои преживеаа (Павел Шатев, Панко Брашнаров, Никола Киров Мајски...) се вклушија во изградбата на современата македонска држава и современата македонска нација. Денеска веќе во Република Македонија е завршено со странските пропаганди, нема веќе српски, грчки или бугарски села и градови. Сите се македонски!
А вие од исток дали ќе го прифатите тоа или не многу не не интересира. Можете да продолжите да вадите цитати од некои спомени колку и да сакате. Македонија е на македонците!
|
Постирано од: Каснакоски
Датум на внесување: 02.Август.2010 во 14:43
Наки и Арсо биле србомани, а другите биле гркомани.
За револуционерите кои преживеале прочитај што пишува Катарџиев.
-------------
|
Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 02.Август.2010 во 14:50
А оние неколку биле бугаромани,се останато МАКЕДОНЦИ.
------------- “Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
Постирано од: Каснакоски
Датум на внесување: 02.Август.2010 во 15:18
Се останато може да се анонимни личности.
Бугаромани нема! Твоите бугаромани се бореле за „Македонија на Македонците“. Ако биле бугаромани, ќе се бореле за припојување кон Бугарија. Секое манство претпоставува некаква изгода. Како што србоманите придобивале пари, например.
-------------
|
Постирано од: чоли
Датум на внесување: 03.Август.2010 во 13:52
mungos80 напиша:
Чоли кого умре Русински? |
Овоj алманах во коj има издадени спомените на Русински е од 1982 г. И во него пише што Русински е умрел во 1942 г. во Софиjа. Во твоjот извор пише што е умрел во 1943 во родното си Русиново каде е бил погребан.
----
Видно е што имаме две различни версии, и не можеме со категоричност да тврдим коjа е верната. Сам разбираш што неможе априори да приемеш македонската версиjа за истинската, а бугарската - за лажовната (на принципа - Бугарите са фалшификатори).
---
Личното ми мнение, што "бугарската версиjа" е по правдоподобна. Мотиви: на стари години Русински би живеел до местото каде са погребани жена му и двете керки.А тие са погребани во Софиjа. Се знае што Русински много ги е обичал. Во Софиjа е бил и неговиот дом. А што е имал во Русиново кое го бил напуснал отдамна? Ништо. Да се врати заедно со "окупаторите" - не ми се верва...
Сметам што Русински е умрел и погребан во Софиjа. А во 1943 г. е возможно да е препогребан во родното си село. Нема ништо чудно така да е станало - и Гоце Делчев беше погребан во Баница, после во Софиjа, а сега се знае каде е ...
|
Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 03.Август.2010 во 13:54
Нормално за тебе е верна таа која на тебе што ти одговара
------------- http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство
|
Постирано од: чоли
Датум на внесување: 03.Август.2010 во 13:57
Boogie напиша:
Нормално за тебе е верна таа која на тебе што ти одговара |
И коjа версиjа на мене ми отговора? Што ме грее фактот де е починал Русински? Просто излагам мотиви. Кажи твоите мотиви во поткрепа на версиjата на Мунгос?
|
Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 03.Август.2010 во 13:59
Моите мотиви е тоа што не се согласувам со тебе и едноставно знам дека си во постојана пропагандистичка заблуда - 1000 пати покажано и докажано - доволно доста за да дам поддршка на мунгос
------------- http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство
|
Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 03.Август.2010 во 14:29
127 години од раѓањето на Никола Петров Русински
ЗА ТАТКОВИНАТА ДО ПОСЛЕДЕН ЗДИВ
Пишува: Анита ДИМОВА
Русински се запишал во военото подофицерско училиште во Софија за да ја усоврши воената вештина. Таму се запознал со многу Македонци кои биле врзани со ТМОРО, меѓу кои биле и Гоце Делчев со кој станале големи пријатели.
И покрај тоа што бил против решението за кревање на оружено востание во Македонија, дисциплинираниот војвода на Организацијата и се покорил на волјата на мнозинството и активно учествувал во подготвувањето и во кревањето на Илинденското востание во неговиот револуционерен реон во Мариовско.
Роден сум на 21 ноември 1875 година во с.Русиново, Малешевско (Македонија). Мајка ми се викаше Шекерина Мицова по татко... Татко ми потекнува од најбогатата фамилија во с.Русиново, Чукарци, се викал Петар Стојанов. Татко ми ја наследил омразата кон лошите луѓе и кон лошиот режим во Турција и затоа, тој со уште двајца свои блиски, имено Петар Стојанов Костевски и Костадин Алаѓозов, си поставиле цел да се борат и да ја истребат разбојничката банда и нејзините јатаци Турци. Повеќе од 15 години тие ја воделе борбата. На местото на убиените разбојниците, се јавувале други. Татко ми починал на 25 август 1876 година. Мајка ми живееше уште 18 години по смртта на татко ми и не научи нас, тројцата нејзини синови, силно да ги сакаме добрите луѓе, но и силно да ги мразиме лошите... Мајка ми гледаше дека во мојата душа е насобрана голема омраза кон лошите тирани и ми посака добар пат за Цариград, без да се посомнева дека нема повеќе да се видиме. Мајка ми вложуваше големи грижи за да ни даде писменост. Мојата писменост се должи на моето големо интересирање кон науката, социјалистичките кружоци, беседите и на моето самообразување. За време на мојот мирен живот не го губев времето напразно, туку за време на четничкиот живот си носев помалку леб за мојот стомак, а повеќе книги за читање, главно социјалистичка револуционерна литература, идеалот со кој ќе умрам..." - пишува Никола Петров Русински во неговите спомени во ракопис кои се многу значајно сведоштво за едно херојско време, за времето од крајот на ХIХ век заклучно со крајот на Илинденското востание.
РЕВОЛУЦИОНЕРНО СОЗРЕВАЊЕ
Престојот на Никола во Цариград од 1893 до 1895 година е мошне значаен за осмислување на неговиот иден живот и борба. Така имал можности да ги прошири своите политички хоризонти, да биде во тек со актуелните политички збиднувања, со настаните во Македонија и со активностите на македонските емигранти во Бугарија. Мотивиран од љубовта кон својата татковина, Русински самоиницијативно се вклучил во борбата за нејзиното ослободување. Со заштедените средства од неговата лична заработувачка на 25 јуни 1895 година го напуштил Цариград и се упатил во Софија, каде што купил оружје и се пријавил во Македонскиот комитет, уверен дека веќе е дојден денот за почнување на оружената борба. На седми јули истата година, како што вели самиот, "под туѓо војводство" се вклучил во т.н Мелничко востание, но многу брзо, впрочем како и другите Македонци - учесници во ова оружено навлегување на чети од Бугарија во Македонија, извлекол поука дека борбата за ослободување на Македонија бара опстојна, идејна и воено-организаторска подготовка, и тоа со внатрешни сили.
На 17 септември 1895 година Русински се вратил во Софија и се запишал во военото подофицерско училиште за да ја усоврши воената вештина и како што вели самиот "и да се префлам во Македонија со чета, да го подигнам на бунт понижениот и обесправен христијански народ од султанското ропство". Во училиштето се запознал со многу Македонци кои биле врзани со ТМРО, меѓу кои бил и членот на Задграничното претставништво на Организацијата, Гоце Делчев, со кој Никола станал пријател.
Постепено кај него созревала мислата за префлање во Македонија. Првиот обид го направил на 7 март 1897 година, заедно со неговиот соученик и истомисленик Александар Маринов. Во Малешевијата тие вршеле организаторско-пропагандна и револуционерна дејност заедно со месните револуционерни дејци.
Никола Петров Русински најактивно учествувал во собирањето на луѓе и оружје за првата чета која требало да мине во источниот дел на Македонија. Седумчлена чета во летото 1897 година заминала во Македонија. На оваа чета наскоро и се придружил Гоце Делчев кој застанал на нејзино чело, а за негов заменик го поставил Никола Петров. По иницијатива на Делчев таа извршила два напада за насилно одземање пари за снабдување на Организацијата со оружје. Независно од неповолниот исход на овие акции, нивната работа вродила плод во Кочанско, Малешевско, Струмичко, Радовишко, Пијанец и во други региони. За овие акции голема улога имал Никола Петров Русински. Тоа го потврдила и Виничката афера кога само делумно била разоткриена организационата мрежа. По споменатата афера Русински успеал во остра зима и по голем снег и студ да ја прифли својата чета од Малешевско, преку Горноџумајско во Бугарија, но последиците за неговите четници и за него биле катастрофални.
За време на својот престој во Софија, во 1898 година, Русински се судрил со "вљубениците" на бугарштината. Огорчен до некои состојби во Организацијата по Виничката афера, во март 1898 година се запознал со Васил Главинов, предводникот на Македонската револуционерна социјалистичка група во Софија и станал негов најдоследен идеен соработник.
НА ВИСТИНСКИОТ ПАТ
Во март 1900 година, Русински заминал за Македонија со цел заедно со своите сомисленици-македонски социјалисти да ги шири социјалистичките идеи, но и со готовност истовремено да работи во ТМОРО. Од сите задачи и активности во 1900 година најзначајно место има неговата улога околу организирањето и одржувањето на Првата социјалистичка конференција во Житошкиот синор, близу Крушево.
Набргу по конференцијата тој заминал во Битола и заедно со други членови на Социјалситичката група воспоставил контакти со претставниците на Битолскиот окружен комитет на ТМОРО. По седуммесечното претсојување во Битола и одолговекување на приемот на Социјалистичката група, кон крајот на февруари 1901 година, групата добила позитивен одговор за прифаќање на сите барања-услови за влегување како група во ТМОРО. Битолскиот окужен комитет го назначил Русински за војвода во Демирхисарскиот реон со големи овластувања. Освен како воен раководител и инструктор, Никола Петров се докажал и како идејно-политички агитатор меѓу народот и успешен организатор во привлекување на масите во селата.
Русински бескрајно многу ја сакал својата татковина, за него "цела Македонија му била роден крај". Како делегат од Мариовскиот реон учествувал на Смилевскиот конгрес, одржан од 2 до 7 мај 1903 година, на кој се разгледувало решението за кревање на оруженото востание во Македонија. И покрај тоа што бил против ова решение, дисциплинираниот војвода на Организацијата, & се покорил на волјата на мнозинството и активно учествувал во подготвувањето и во креирањето на Илинденското востание во неговиот револуционерен реон во Мариовско. На Смилевскиот конгрес Никола Петров бил избран за член на Штабот на Прилепското горско начелство, заедно со Петар Ацев и Тале Христов. Во текот на Востанието тој го презел комнадувањето и над леринските чети, кои се нашле во многу тешка положба и преминале на негов терен во Мариовско.
Русински меѓу последните заминал за Битола, каде што некое време престојувал илегално, меѓутоа, огорчен и разочаран од некои раководни кадри во Округот, со помош на австроунгарскиот конзул успеал да добие одобрени и на 28 ноември 1903 година да замине преку Србија за Софија.
Во Софија Русински се венчал со својата свршеница, учителка и револуционерка од Охрид, Константа Бојаџиева, која извонредно многу ја ценел и ја сакал.
За него нови надежи и шанси за поактивна работа на национален и на социјален план предизвикала Младотурската револуција. Заедно со дел од македонските социјалисти во периодот 1908 до 1911 година престојувал во Битола, каде бил секретар на работничкото друштво "Класно сознание", а бил прекупиран и со прашањето за организирање на учителите во Турција, односно Македонија.
Никола Петров Русински како и многу други Македонци и поранешни членови на Организацијата, учестувал во Балканските војни. По нив тој се јавил како можен кандидат на парламентарните избори во пиринскиот дел на Македонија, во 1914 година. За време на Првата светска војна пак бил мобилизиран како војник, а потоа работел во дрводелската работилница во месноста Суви Лаки меѓу Берово и Струмица, која вршела коларски работи за потребите на бугарската војска на Македонскиот фронт, а неговата сопруга била учителка во Берово.
По завршувањето на војната тој заедно со своето семејство останал да живее во родното село Русиново, каде што останал до февруари 1921 година. Русински се вклучил во политичкиот живот во земјта, но притисокот што го вршеле великосрпските власти го натерал да го напушти својот роден крај и заедно со своето семејство да се префли илегално преку границата во Бугарија.
Во Софија, меѓу двете војни, Никола ја дожиевал најголемата семејна трагедија, поради немаштијата и лошите услови за живот се разболеле и умреле жена му и двете ќерки. Настаните во 1941 година ги дочекал скршен од болка, разочаран без никакви средства за живот.
Бугарската окупација на вардарскиот дел на Македонија, со тоа и на неговиот роден крај, не ја доживеал како ослободување, како што ја доживеале некои "илинденци", кои дури учествувале во бурните прослави организирани од бугарските власти во Битола, Крушево и Смилево. Уште истата 1941 година со него се поврзале членови на раководството на народноослободителното движење од пиринскиот дел на Македонија, кои доаѓале за снабдување со оружје во Малешевијата и во Стумичко, или се засолнувале како илегалци во овие краишта пред потерите и репресиите на полицијата во пиринскиот дел на Македонија. Така Русински познат во својот роден крај како "дедо Коле" и во својата седма деценија од животот служел на македонските народни интереси. Тоа е најдобра потврда колку длабоко верувал во смислата на сопствената констатација изречена во врска со задушувањето на Илинденското востание, запишана во неговиот прилог "Организацијата на жените во Охрид": "Трудољубивиот народ веднаш пристапи кон изградување на нови куќи, со надеж ако сега не успеал, ќе дојде време кога ќе успее да се ослободи од ропството". Таква верба во себе носел и стариот Никола во 1941 година, дека времето е дојдено неговиот народ да успее во ослободителното дело. Очекувајќи го успешниот крај на новата борба, Никола Петров Русински починал во пролета 1943 година во своето родно село Русиново, каде е и погребан.
http://www.makedonskosonce.com/broevis/2002/sonce438/Tekst40.htm
------------- “Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 03.Август.2010 во 14:35
------------- “Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
Постирано од: чоли
Датум на внесување: 03.Август.2010 во 14:44
Статиjата во македонската wiki:
Никола Петров Русински (Русиново, 21 ноември 1875 - Русиново, 14 февруари 1943)
-----
но непосредствено под снимката пише:
Роден 21 ноември 1875
Русиново, Македонија
Починал 14 јуни 1942 Софија, Бугарија
http://mk.wikipedia.org/wiki/Никола_Петров_Русински - Никола Русински
Кое од двете е верно?
|
Постирано од: чоли
Датум на внесување: 03.Август.2010 во 14:46
mungos80 напиша:
|
Ова не е надгробниот паметник на Русински. Ова е современ споменик
|
Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 03.Август.2010 во 15:01
Абре чоли,овој споменик е во селото Русиново,а сега тие градат и во градот Берово,па сигурно повеќе знаат од некој на википедија.А статијата од Анита Димовска?
------------- “Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
Постирано од: чоли
Датум на внесување: 03.Август.2010 во 15:15
mungos80 напиша:
Абре чоли,овој споменик е во селото Русиново,а сега тие градат и во градот Берово,па сигурно повеќе знаат од некој на википедија.А статијата од Анита Димовска? |
Споменик може да има... ама дали има и гроб? Сепак Анита Димова е журналист, а не историчар. А журналистите са склонни да си измислуват. Еве што е напишал еден историчар:
...Во време на фашизмот во Бугарија Русински помага и крие илегални дејци. Прогонуван од фашистичката полиција, често боледувал и во беднотиjа тој се помина во Софија на 14 јуни 1942 година...
http://www.kroraina.com/knigi/sg/sg_2_2b.html - Славе Гоцев
|
Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 03.Август.2010 во 15:34
чоли напиша:
mungos80 напиша:
Абре чоли,овој споменик е во селото Русиново,а сега тие градат и во градот Берово,па сигурно повеќе знаат од некој на википедија.А статијата од Анита Димовска? |
Споменик може да има... ама дали има и гроб? Сепак Анита Димова е журналист, а не историчар. А журналистите са склонни да си измислуват. Еве што е напишал еден историчар:
...Во време на фашизмот во Бугарија Русински помага и крие илегални дејци. Прогонуван од фашистичката полиција, често боледувал и во беднотиjа тој се помина во Софија на 14 јуни 1942 година...
http://www.kroraina.com/knigi/sg/sg_2_2b.html - Славе Гоцев
|
Не бре каков гроб,па ние го кремиравме
------------- “Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
Постирано од: AlexanderVII
Датум на внесување: 07.Август.2010 во 19:36
Каснакоски напиша:
Наки и Арсо биле србомани, а другите биле гркомани.
За револуционерите кои преживеале прочитај што пишува Катарџиев.
|
Овие биле ...мани, а тие биле ... мани.
Дали не ме разбра добро. Можеби не го разбираш добро современиот македонски јазик. Ќе повторам.
СО МАНСТВАТА во Република Македонија е завршено!
(освен неколку криминалци што откако ќе ги уапсат стануваат нешто друго)
Што пишува Катарџиев за преживеаните револуционери не знам и не ме интересира. Ама знам што пишувале, што кажувале и како дејствувале тие (нивните деца и нивните внуци - читај НИЕ).
Да сублимирам - Македонија на македонците.
(И така и ќе биде еден ден, обединувањето е неизбежно во рамки на обединета Европа)
По мирен и цивилизиран пат како што им доликува на цивилизирани народи.
Духовите на минатото и на поделбите задржете си ги за вас. Очигледно обожавате да живеете со нив и во тоа време. Во XXI век Македонија и македонците ќе се обединат а манствата ќе отидат еднаш за секогаш по ѓаволите. ;)
|
Постирано од: Каснакоски
Датум на внесување: 07.Август.2010 во 19:44
Ние тука се расправаме за историја. Ако мислиш за сегашноста, пишувај на политика.
-------------
|
Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 07.Август.2010 во 23:09
Така било така и ке биде - убаво напишал човекот МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ
------------- http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство
|
|