IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - НИКОЛА ПЕТРОВ РУСИНСКИ  (1875-1943)
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

НИКОЛА ПЕТРОВ РУСИНСКИ (1875-1943)

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
Автор
Порака
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Август.2010 во 13:52
Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

Чоли кого умре Русински?



Овоj алманах во коj има издадени спомените на Русински е од 1982 г. И во него пише што Русински е умрел во 1942 г. во Софиjа. Во твоjот извор пише што е умрел во 1943 во родното си Русиново каде е бил погребан.
----
Видно е што имаме две различни версии, и не можеме со категоричност да тврдим коjа е верната. Сам разбираш што неможе априори да приемеш македонската версиjа за истинската, а бугарската - за лажовната (на принципа - Бугарите са фалшификатори).
---
Личното ми мнение, што "бугарската версиjа" е по правдоподобна. Мотиви: на стари години Русински би живеел до местото каде са погребани жена му и двете керки.А тие са погребани во Софиjа. Се знае што Русински много ги е обичал. Во Софиjа е бил и неговиот дом. А што е имал во Русиново кое го бил напуснал отдамна? Ништо. Да се врати заедно со "окупаторите" - не ми се верва...
Сметам што Русински е умрел и погребан во Софиjа. А во 1943 г. е возможно да е препогребан во родното си село. Нема ништо чудно така да е станало - и Гоце Делчев беше погребан во Баница, после во Софиjа, а сега се знае каде е ...
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Август.2010 во 13:54
Нормално за тебе е верна таа која на тебе што ти одговара
Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Август.2010 во 13:57
Originally posted by Boogie Boogie напиша:

Нормално за тебе е верна таа која на тебе што ти одговара


И коjа версиjа на мене ми отговора? Што ме грее фактот де е починал Русински? Просто излагам мотиви. Кажи твоите мотиви во поткрепа на версиjата на Мунгос?
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Август.2010 во 13:59
Моите мотиви е тоа што не се согласувам со тебе и едноставно знам дека си во постојана пропагандистичка заблуда - 1000 пати покажано и докажано - доволно доста за да дам поддршка на мунгос
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Август.2010 во 14:29


127 години од раѓањето на Никола Петров Русински

ЗА ТАТКОВИНАТА ДО ПОСЛЕДЕН ЗДИВ

Пишува: Анита ДИМОВА
Русински се запишал во военото подофицерско училиште во Софија за да ја усоврши воената вештина. Таму се запознал со многу Македонци кои биле врзани со ТМОРО, меѓу кои биле и Гоце Делчев со кој станале големи пријатели.
И покрај тоа што бил против решението за кревање на оружено востание во Македонија, дисциплинираниот војвода на Организацијата и се покорил на волјата на мнозинството и активно учествувал во подготвувањето и во кревањето на Илинденското востание во неговиот револуционерен реон во Мариовско.

Роден сум на 21 ноември 1875 година во с.Русиново, Малешевско (Македонија). Мајка ми се викаше Шекерина Мицова по татко... Татко ми потекнува од најбогатата фамилија во с.Русиново, Чукарци, се викал Петар Стојанов. Татко ми ја наследил омразата кон лошите луѓе и кон лошиот режим во Турција и затоа, тој со уште двајца свои блиски, имено Петар Стојанов Костевски и Костадин Алаѓозов, си поставиле цел да се борат и да ја истребат разбојничката банда и нејзините јатаци Турци. Повеќе од 15 години тие ја воделе борбата. На местото на убиените разбојниците, се јавувале други. Татко ми починал на 25 август 1876 година. Мајка ми живееше уште 18 години по смртта на татко ми и не научи нас, тројцата нејзини синови, силно да ги сакаме добрите луѓе, но и силно да ги мразиме лошите... Мајка ми гледаше дека во мојата душа е насобрана голема омраза кон лошите тирани и ми посака добар пат за Цариград, без да се посомнева дека нема повеќе да се видиме. Мајка ми вложуваше големи грижи за да ни даде писменост. Мојата писменост се должи на моето големо интересирање кон науката, социјалистичките кружоци, беседите и на моето самообразување. За време на мојот мирен живот не го губев времето напразно, туку за време на четничкиот живот си носев помалку леб за мојот стомак, а повеќе книги за читање, главно социјалистичка револуционерна литература, идеалот со кој ќе умрам..." - пишува Никола Петров Русински во неговите спомени во ракопис кои се многу значајно сведоштво за едно херојско време, за времето од крајот на ХIХ век заклучно со крајот на Илинденското востание.

РЕВОЛУЦИОНЕРНО СОЗРЕВАЊЕ

Престојот на Никола во Цариград од 1893 до 1895 година е мошне значаен за осмислување на неговиот иден живот и борба. Така имал можности да ги прошири своите политички хоризонти, да биде во тек со актуелните политички збиднувања, со настаните во Македонија и со активностите на македонските емигранти во Бугарија. Мотивиран од љубовта кон својата татковина, Русински самоиницијативно се вклучил во борбата за нејзиното ослободување. Со заштедените средства од неговата лична заработувачка на 25 јуни 1895 година го напуштил Цариград и се упатил во Софија, каде што купил оружје и се пријавил во Македонскиот комитет, уверен дека веќе е дојден денот за почнување на оружената борба. На седми јули истата година, како што вели самиот, "под туѓо војводство" се вклучил во т.н Мелничко востание, но многу брзо, впрочем како и другите Македонци - учесници во ова оружено навлегување на чети од Бугарија во Македонија, извлекол поука дека борбата за ослободување на Македонија бара опстојна, идејна и воено-организаторска подготовка, и тоа со внатрешни сили.



На 17 септември 1895 година Русински се вратил во Софија и се запишал во военото подофицерско училиште за да ја усоврши воената вештина и како што вели самиот "и да се префлам во Македонија со чета, да го подигнам на бунт понижениот и обесправен христијански народ од султанското ропство". Во училиштето се запознал со многу Македонци кои биле врзани со ТМРО, меѓу кои бил и членот на Задграничното претставништво на Организацијата, Гоце Делчев, со кој Никола станал пријател.

Постепено кај него созревала мислата за префлање во Македонија. Првиот обид го направил на 7 март 1897 година, заедно со неговиот соученик и истомисленик Александар Маринов. Во Малешевијата тие вршеле организаторско-пропагандна и револуционерна дејност заедно со месните револуционерни дејци.

Никола Петров Русински најактивно учествувал во собирањето на луѓе и оружје за првата чета која требало да мине во источниот дел на Македонија. Седумчлена чета во летото 1897 година заминала во Македонија. На оваа чета наскоро и се придружил Гоце Делчев кој застанал на нејзино чело, а за негов заменик го поставил Никола Петров. По иницијатива на Делчев таа извршила два напада за насилно одземање пари за снабдување на Организацијата со оружје. Независно од неповолниот исход на овие акции, нивната работа вродила плод во Кочанско, Малешевско, Струмичко, Радовишко, Пијанец и во други региони. За овие акции голема улога имал Никола Петров Русински. Тоа го потврдила и Виничката афера кога само делумно била разоткриена организационата мрежа. По споменатата афера Русински успеал во остра зима и по голем снег и студ да ја прифли својата чета од Малешевско, преку Горноџумајско во Бугарија, но последиците за неговите четници и за него биле катастрофални.

За време на својот престој во Софија, во 1898 година, Русински се судрил со "вљубениците" на бугарштината. Огорчен до некои состојби во Организацијата по Виничката афера, во март 1898 година се запознал со Васил Главинов, предводникот на Македонската револуционерна социјалистичка група во Софија и станал негов најдоследен идеен соработник.

НА ВИСТИНСКИОТ ПАТ

Во март 1900 година, Русински заминал за Македонија со цел заедно со своите сомисленици-македонски социјалисти да ги шири социјалистичките идеи, но и со готовност истовремено да работи во ТМОРО. Од сите задачи и активности во 1900 година најзначајно место има неговата улога околу организирањето и одржувањето на Првата социјалистичка конференција во Житошкиот синор, близу Крушево.

Набргу по конференцијата тој заминал во Битола и заедно со други членови на Социјалситичката група воспоставил контакти со претставниците на Битолскиот окружен комитет на ТМОРО. По седуммесечното претсојување во Битола и одолговекување на приемот на Социјалистичката група, кон крајот на февруари 1901 година, групата добила позитивен одговор за прифаќање на сите барања-услови за влегување како група во ТМОРО. Битолскиот окужен комитет го назначил Русински за војвода во Демирхисарскиот реон со големи овластувања. Освен како воен раководител и инструктор, Никола Петров се докажал и како идејно-политички агитатор меѓу народот и успешен организатор во привлекување на масите во селата.

Русински бескрајно многу ја сакал својата татковина, за него "цела Македонија му била роден крај". Како делегат од Мариовскиот реон учествувал на Смилевскиот конгрес, одржан од 2 до 7 мај 1903 година, на кој се разгледувало решението за кревање на оруженото востание во Македонија. И покрај тоа што бил против ова решение, дисциплинираниот војвода на Организацијата, & се покорил на волјата на мнозинството и активно учествувал во подготвувањето и во креирањето на Илинденското востание во неговиот револуционерен реон во Мариовско. На Смилевскиот конгрес Никола Петров бил избран за член на Штабот на Прилепското горско начелство, заедно со Петар Ацев и Тале Христов. Во текот на Востанието тој го презел комнадувањето и над леринските чети, кои се нашле во многу тешка положба и преминале на негов терен во Мариовско.

Русински меѓу последните заминал за Битола, каде што некое време престојувал илегално, меѓутоа, огорчен и разочаран од некои раководни кадри во Округот, со помош на австроунгарскиот конзул успеал да добие одобрени и на 28 ноември 1903 година да замине преку Србија за Софија.

Во Софија Русински се венчал со својата свршеница, учителка и револуционерка од Охрид, Константа Бојаџиева, која извонредно многу ја ценел и ја сакал.

За него нови надежи и шанси за поактивна работа на национален и на социјален план предизвикала Младотурската револуција. Заедно со дел од македонските социјалисти во периодот 1908 до 1911 година престојувал во Битола, каде бил секретар на работничкото друштво "Класно сознание", а бил прекупиран и со прашањето за организирање на учителите во Турција, односно Македонија.

Никола Петров Русински како и многу други Македонци и поранешни членови на Организацијата, учестувал во Балканските војни. По нив тој се јавил како можен кандидат на парламентарните избори во пиринскиот дел на Македонија, во 1914 година. За време на Првата светска војна пак бил мобилизиран како војник, а потоа работел во дрводелската работилница во месноста Суви Лаки меѓу Берово и Струмица, која вршела коларски работи за потребите на бугарската војска на Македонскиот фронт, а неговата сопруга била учителка во Берово.

По завршувањето на војната тој заедно со своето семејство останал да живее во родното село Русиново, каде што останал до февруари 1921 година. Русински се вклучил во политичкиот живот во земјта, но притисокот што го вршеле великосрпските власти го натерал да го напушти својот роден крај и заедно со своето семејство да се префли илегално преку границата во Бугарија.

Во Софија, меѓу двете војни, Никола ја дожиевал најголемата семејна трагедија, поради немаштијата и лошите услови за живот се разболеле и умреле жена му и двете ќерки. Настаните во 1941 година ги дочекал скршен од болка, разочаран без никакви средства за живот.

Бугарската окупација на вардарскиот дел на Македонија, со тоа и на неговиот роден крај, не ја доживеал како ослободување, како што ја доживеале некои "илинденци", кои дури учествувале во бурните прослави организирани од бугарските власти во Битола, Крушево и Смилево. Уште истата 1941 година со него се поврзале членови на раководството на народноослободителното движење од пиринскиот дел на Македонија, кои доаѓале за снабдување со оружје во Малешевијата и во Стумичко, или се засолнувале како илегалци во овие краишта пред потерите и репресиите на полицијата во пиринскиот дел на Македонија. Така Русински познат во својот роден крај како "дедо Коле" и во својата седма деценија од животот служел на македонските народни интереси. Тоа е најдобра потврда колку длабоко верувал во смислата на сопствената констатација изречена во врска со задушувањето на Илинденското востание, запишана во неговиот прилог "Организацијата на жените во Охрид": "Трудољубивиот народ веднаш пристапи кон изградување на нови куќи, со надеж ако сега не успеал, ќе дојде време кога ќе успее да се ослободи од ропството". Таква верба во себе носел и стариот Никола во 1941 година, дека времето е дојдено неговиот народ да успее во ослободителното дело. Очекувајќи го успешниот крај на новата борба, Никола Петров Русински починал во пролета 1943 година во своето родно село Русиново, каде е и погребан.

http://www.makedonskosonce.com/broevis/2002/sonce438/Tekst40.htm
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Август.2010 во 14:35
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Август.2010 во 14:44
Статиjата во македонската wiki:

Никола Петров Русински (Русиново, 21 ноември 1875 - Русиново, 14 февруари 1943)
-----
но непосредствено под снимката пише:


Роден     21 ноември 1875
Русиново, Македонија

Починал     14 јуни 1942 Софија, Бугарија    

Никола Русински

Кое од двете е верно?
Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Август.2010 во 14:46
Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:


Ова не е надгробниот паметник на Русински. Ова е современ споменик
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Август.2010 во 15:01
Абре чоли,овој споменик е во селото Русиново,а сега тие градат и во градот Берово,па сигурно повеќе знаат од некој на википедија.А статијата од Анита Димовска?
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Август.2010 во 15:15
Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

Абре чоли,овој споменик е во селото Русиново,а сега тие градат и во градот Берово,па сигурно повеќе знаат од некој на википедија.А статијата од Анита Димовска?


Споменик може да има... ама дали има и гроб? Сепак Анита Димова е журналист, а не историчар. А журналистите са склонни да си измислуват. Еве што е напишал еден историчар:

...Во време на фашизмот во Бугарија Русински помага и крие илегални дејци. Прогонуван од фашистичката полиција, често боледувал и во беднотиjа тој се помина во Софија на 14 јуни 1942 година...
Славе Гоцев


Изменето од чоли - 03.Август.2010 во 15:16
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Август.2010 во 15:34
Originally posted by чоли чоли напиша:

Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

Абре чоли,овој споменик е во селото Русиново,а сега тие градат и во градот Берово,па сигурно повеќе знаат од некој на википедија.А статијата од Анита Димовска?


Споменик може да има... ама дали има и гроб? Сепак Анита Димова е журналист, а не историчар. А журналистите са склонни да си измислуват. Еве што е напишал еден историчар:

...Во време на фашизмот во Бугарија Русински помага и крие илегални дејци. Прогонуван од фашистичката полиција, често боледувал и во беднотиjа тој се помина во Софија на 14 јуни 1942 година...
Славе Гоцев

Не бре каков гроб,па ние го кремиравме
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
AlexanderVII Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 29.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 4
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај AlexanderVII Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Август.2010 во 19:36
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

Наки и Арсо биле србомани, а другите биле гркомани.

За револуционерите кои преживеале прочитај што пишува Катарџиев.





Овие биле ...мани, а тие биле ... мани.
Дали не ме разбра добро. Можеби не го разбираш добро современиот македонски јазик. Ќе повторам.
СО МАНСТВАТА во Република Македонија е завршено!
(освен неколку криминалци што откако ќе ги уапсат стануваат нешто друго)

Што пишува Катарџиев за преживеаните револуционери не знам и не ме интересира. Ама знам што пишувале, што кажувале и како дејствувале тие (нивните деца и нивните внуци - читај НИЕ).

Да сублимирам - Македонија на македонците.
(И така и ќе биде еден ден, обединувањето е неизбежно во рамки на обединета Европа)
По мирен и цивилизиран пат како што им доликува на цивилизирани народи.

Духовите на минатото и на поделбите задржете си ги за вас. Очигледно обожавате да живеете со нив и во тоа време. Во XXI век Македонија и македонците ќе се обединат а манствата ќе отидат еднаш за секогаш по ѓаволите. ;)

Изменето од AlexanderVII - 07.Август.2010 во 19:37
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Август.2010 во 19:44
Ние тука се расправаме за историја. Ако мислиш за сегашноста, пишувај на политика.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Август.2010 во 23:09
Така било така и ке биде - убаво напишал човекот МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕголема%20насмевка
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,313 секунди.