IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - Поплави и одрони во Македонија
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Поплави и одрони во Македонија

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 16>
Автор
Порака
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Поплави и одрони во Македонија
    Испратена: 20.Февруари.2010 во 15:33

Нивото на Охридското Езеро не се спушта, поплавени објекти во Пештани


Коментари (0)   
20.02.2010 15:10
 

 

Нивото на Охридското Езеро денеска не е променето во однос на вчера, односно изнесува 693,88 и е за 13 сантиметри над горната утврдена граница.

Силниот ветер од југозападен правец предизвика силно бранување на водата која под налетите на ветрот се излева врз крајбрежните делови на езерото.

Од силните удари на брановите се урна и дел од пешачкиот „Мост на желбите“ што од Света Софија водеше кон населбата Канео.



Црна и Треска се излеваат


20.02.2010 15:05

Водите на Црна река ги поплавија плодните ниви и кај демирхисарските села Единаковци и Света, уништувајќи ги површините засеани со пченица и јачмен. Црна, тука многу пати ја уништувала летнината и жителите ги завивала во црно.

„Само беше прашање на време, кога Црна ќе се излее во горниот тек на своето корито. Претходните години, ова се случуваше на почетокот на пролетта, сега, два месеца порано“, рече денеска Ване Велевски, земјоделец од с. Света.

Нова лавина го блокира патот Маврово - Дебар

Зоран Јованоски Коментари (3)   
18.02.2010 09:55
 

 

Патот Маврово - Дебар е во целосна блокада. Нови одрони од земја, карпи и дрва, лавини од снег, постојано се спуштаат од планината Бистра, затрупувајќи се што досега беше расчистувано.


Одрони во Вевчани и кај Македонски Брод

20.02.2010 - 11:02 |

Одрон земја широк меѓу 150 и 200 метри и висок два метра синоќа се урнаа во Вевчани, на потегот од игралиштето кон Здравствениот дом, информира Центарот за управување со кризи.

Сител


Каква срамота ќе заврне малку снег или дожд и толку, полави и одрони на секаде...

Незнам само што би правеле кога времето кај нас би било како во Словенија, Австрија, Германија или Холандија....Веројатно она што е високо би било затрупано од карпи а она пониското под вода...

Секоја година иста песна и никој не превзема ништо...А штетите се многу поголеми отколку инвестициите во превентивна заштита , најпосле подобро да се спречи отколку да се лечи...




Изменето од Анастеа - 20.Февруари.2010 во 16:40
Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Февруари.2010 во 15:37

Формиран Кризен штаб во ЈП Македонија пат за одроните

20.02.2010 - 14:02 |

Владата внимателно ја следи состојбата со одроните што се случија во изминатите денови и преку надлежните субјекти презема мерки за нивно санирање, информира министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

Одговорајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција во Владата, Јанакиески рече дека  е формиран кризен штаб во ЈП Македонија пат и координативно тело на ниво на Влада.
 
- Внимателно ги следиме сите активности и случувања. Видовте дека за многу кратко време беше исчистен патниот правец Скопје - Велес. Во однос на патниот првец околу Дебар кога ќе се смири малку земјиштето договорени сме со Градежниот факултет да излезат на терен, да направат увид и доколку се покаже дека е активно свлечиште ќе се направи проект и ќе се санира состојбата, изјави министерот за транспорт и врски. 
 
За тоа дали ќе се бара одговорност од некои од раководителите во Макеоднија пат бидејќи работниците без заштита ги расчистувале одроните, одговори дека секој што ќе го прекрши законот ќе одговара. - Но, можам да кажам дека Македонија пат во последниот период многу активно работи и брзо ги отстрани одроните на патиштата во Република Македонија, посочи Јанакиески.

Сител


А од кој да бара одговорност? Од партиските војници кои без грам образование и искуство се поставени на многу важни функции?



Изменето од kultuzin - 20.Февруари.2010 во 15:38
Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Февруари.2010 во 16:08
Каква комедија:

Градоначалникот на Охрид, Алекасандар Петрески, и денеска упати забелешка до надлежните институции во државата, да излезат на терен и да се уверат дека се работи за реални закани и проблеми.

„Ситуацијата е навистина критична. Проблеми има секаде, а не само на крајбрежјето. Скребатска река веќе е излеана, неколку куќи се поплавени. Меѓународниот пат кон Свети Наум е поткопан и во секој момент може да се урне“, предупреди Петрески.

Тој истакна дека надојдената вода директно се заканува да ги поткопа и цевките на колекторот за заштита на Охридското Езеро, што се сместени во крајбрежјето и се на директен удар на брановите.

„Постои опасност и по водоводниот цевковод и подземните електрични и поштенски кабли, кои веќе наместа се излезени на површина. Ги повикувам надлежните да излезат на терен и да видат“, рече Петрески.

Пратеникот во Собранието на РМ од Охрид, Александар Николовски, пак, со смирувачки тон за актуелната состојба со високиот водостој на езерото.

Опасност од прелевање на езерото и поплавување во овој момент не постои. Ситуацијата внимателно се следи од страна на координативно тело, составено од повеќе ресорни министри и директори на институции задолжени за оваа проблематика, раководени од министерот за транспорт и врски, кое на дневна основа ја следи ситуацијата“, истакна Николоски.

Потсетувајќи дека нивото на Охридското Езеро е седум сантиметри пониско од највисоката точка регистрирана во 1986 година, кога и покрај толку високиот водостој немало поплави во Охрид.

Во однос со ситуацијата со Црн Дрим, Николоски рече во овој миг не постои опасност од поплави ниту за градовите Струга и Дебар, оттаму што според информациите од акумулациите со кои раководи ЕЛЕМ, во двете езера Глобочичко и Дебарско, има доволно место за водата што во овој миг се испушта од Охридското Езеро.

Според податоците од Центарот за управување со кризи, забележано е покачување на водостојот на Дебарското Езеро, како последица на се поголемиот доток на вода од сливот на реката Црн Дрим.


А1



Се поплавува струшкото крајбрежје

published - 20/02/2010 14:36:00
Големина на текст: Decrease%20font Enlarge%20font
image

И покрај максималниот испуст на водата од Езерото во реката Црн Дрим во Струга, струшкиот дел од крајбрежјето на Охридското езеро денес почна да се поплавува. Според експертите настанатите поплави се последица и на високите подземни води и прекинатата абсорптивна моќност на Охридското Езеро.

Езерото почна да си ги враќа плажите назад, а вода достигна и до блиските улици.

Брановите достигнуваа височина и до еден метар.

И понатаму во најголема опасност се жителите од селото Луково.

Мештаните со страв гледаат во надојдената вода, а веќе се забележуваат и првите посериозни штети. На  луковчанецот Милутин Урошоски водата му навлегла во рибникот кој го имал со години.

“Луѓето од ЕЛЕМ, требаше на време да го пуштат Дримот, а не сега, кога дојдоа во опасност Охрид и Струга. Видете езеро е внатре, не можам да влезам во подрумот. Постои опасност да се сруши рибникот. Навлезе вода внатре, целата риба за да ја спасам ја однесов кај еден пријател. Што ќе биде и како ќе биде не знам. Цевките што се поставени не функционираат, бидејќи веќе се внатре во реката. Реката е на патот, сè е веќе под вода. Никој до сега не дошол да нè праша дали имаме некоја мака“, вели Урошоски.

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески од Скопје изјави дека по подобрување на временските прилики ќе се замине на терен.


Под вода се и стотина куќи во охридското село Пештани. Таму денес беше градоначалникот на Охрид Александар Петрески кој рече дека поради сегашната ситуација не може да се предвиди кога ќе биде пуштен во употреба колекторскиот систем. Локалната власт формира кризен штаб за следење на состојбата.

“Ако не ги заштитевме цевките од колекторот со тампон и со песок, досега водата ќе ги однесеше“, вели Петрески.

Охриѓани и стружани во последните 50 години не паметат ваков водостој на Охридското Езеро, а неговото ниво е во постојан пораст. Од Центарот за управување со кризи соопштија оти  денеска нови поплави има во демирхисарско, кичевско и во околината на Македонски брод.
Реката Треска е излеана од коритото во атарот на кичевските села Пласница и Лисичани. Поплавени се околу 10 хектари ливади и необработена земјоделска површина. Делумно е поплавен и дворот во училиштето во Лисичани, но наставата се одвивала нормално.
Излевање на Треска има и во Македонски брод. Во струмичкиот крај, под вода се околу 60 хектари во атарот на Богородица.

Кризниот центар соопшти дека во наредните денови се очекува браната Калиманци да ја достигне критичната точка, а опасност од поплави има во општините Зрновци и Чешиново – Облешево

Мики Трајковски


Алсат


Кон врв
aLbaneso Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Септември.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 933
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај aLbaneso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Февруари.2010 во 16:19
Navistina ako prodolzi vaka toplovo vreme ke ima golemi POPLAVI
Љаеш НЕ касаш !
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Февруари.2010 во 17:41
Природата нема партиска припадност и за жал не бира кого и каде  удира. Партиските несогласувања, препукувања и покажувања патриотизам во Скопје а не онаму каде треба не им помагаат на обичните смртници. Каналите изградени во  младинските акции после ослобудувањето одамна требало да се исчестат, да се средат. Парите од патарините требало да с енаменат за заштитни зидишта, столбови и метални конструкции. Луѓето тунели под мориња подигнале и функциониаат кај нас со мрежи за селски бавчи автопатишта заштитуваат од одрони.
Охридското езеро поплавува куќи а партиските војници филозофираат дека се спремни или неспремни зависи кој од која партија е. Бруката се повеќе излегува на виделина. Борбата за власт им зема се што значи рационално размислување и работење за она што с еизбрани и за што народот им даде  доверба.
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Февруари.2010 во 17:52
A konkreten predlog sto bi mozelo da se stori vo vrska so Ohridskoto ezero ima li nekoj tuka ili samo da se pluka po lokalnite i drzavnite vlasti...

Ezeroto ne po prv pat (niz godinite) ja nadminuva maksimalno dozvolenata kota i za zal tuka ne moze da se stori mnogu, a toa sto lugeto si gradele kuki na rabot od ezeroto, trebalo so vreme da razmisluvaat, priroda e toa, a ne covecki faktor i za zal tuka ne moze nikoj da im pomogne. среќа
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Февруари.2010 во 18:02
Владата (на некои луѓе им е) е за се виновна
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Февруари.2010 во 18:09
Tragichno e toa vo se' da se mesha politika. тага 
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Февруари.2010 во 18:24
И за ова дан се криви властите збунетост

Карпа убила пет туристи на плажа во Португалија

Пет лица загинале кога голема карпа се одронила на плажа во популарната туристичка дестинација Алгарва во Португалија.

„Можеме да потврдиме дека загина еден маж и четири жени“, изјавил претставник на локалната власт за Ројтерс и додал дека уште тројца се повредени.  Несреќата се случила на популарната плажа Албуфеира, една од најпознатите плажи во Португалија.
 
Одронот на карпи на плажите на Атлантскиот океан во Португалија е релативно честа појава и секое лето има информации за повреди, посебно во август кога голем број на Португалци го користат годишниот одмор.

Сепак, смртните случаи се ретки, а оваа несреќа е најтешка во последните неколку години. Трагедијата веднаш предизвикала расправа за безбедноста на португалските плажи. На карпата што се одронила имало натпис со предупредување на пристапот до неа бил слободен.


Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Февруари.2010 во 20:20
Originally posted by Sunny Sunny напиша:

A konkreten predlog sto bi mozelo da se stori vo vrska so Ohridskoto ezero ima li nekoj tuka ili samo da se pluka po lokalnite i drzavnite vlasti...

Ezeroto ne po prv pat (niz godinite) ja nadminuva maksimalno dozvolenata kota i za zal tuka ne moze da se stori mnogu, a toa sto lugeto si gradele kuki na rabot od ezeroto, trebalo so vreme da razmisluvaat, priroda e toa, a ne covecki faktor i za zal tuka ne moze nikoj da im pomogne. среќа

Луѓето да размислуваат ама власта (било која да е ) никако да не ја чепкаме. Кој издава дозволи за градбазбунетост Кој треба да води грижа да не дојде до ’’изненадување на снегот во сред декември или пожарите во сред лето’’?
Медаљата секогаш има две страни- секој нека моли бога да не се најде на местото на тие што ги снашло. Тогаш мислам дека дискусиите и одобрувањето/осудувањето ќе биде поинакво.
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Февруари.2010 во 20:43
И не ова мислење на обичните смртници, туку на стручните лица. Зошто некој не седне не размисли да направи нешто да се искористат капацитетите до максимум.збунетост
Поплавите ни најавуваат суша
ГОЛЕМИТЕ ВОДИ СЕ НЕИСКОРИСТЕНИ


Во Македонија има вкупно 50 вештачки акумулации и сите се со комбинирана намена. Најмногу се користат за снабдување со вода за пиење, потоа за наводнување на земјоделските површини, а само од некои се произведува електрична енергија. Сите тие деновиве се преполни, поради наглото топење на снегот, што според познавачите, не е добро за годината.

- Наглото топење на снегот не придонесува за да имаме добра хидролошка година. За жал, сега надоаѓа многу вода која немаме капацитет ниту да ја искористиме, ниту да ја задржиме, па единствено што можеме и што мораме да направиме е да ја пуштиме да истече, за да не не загрози. Но токму овие огромни количества од кои сега се ослободуваме ќе ни бидат потребни во посувите периоди. А ако снегот се топи постепено, многу е поголема веројатноста дека во секој период од годината ќе имаме доволно вода - смета Раде Неделковски од јавното претпријатие „Студенчица“, кое управува со истоимениот хидросистем што ги снабдува со вода Кичево и Прилеп.

Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Февруари.2010 во 20:53
Originally posted by mamamd mamamd напиша:

Originally posted by Sunny Sunny напиша:

A konkreten predlog sto bi mozelo da se stori vo vrska so Ohridskoto ezero ima li nekoj tuka ili samo da se pluka po lokalnite i drzavnite vlasti...

Ezeroto ne po prv pat (niz godinite) ja nadminuva maksimalno dozvolenata kota i za zal tuka ne moze da se stori mnogu, a toa sto lugeto si gradele kuki na rabot od ezeroto, trebalo so vreme da razmisluvaat, priroda e toa, a ne covecki faktor i za zal tuka ne moze nikoj da im pomogne. среќа

Луѓето да размислуваат ама власта (било која да е ) никако да не ја чепкаме. Кој издава дозволи за градбазбунетост Кој треба да води грижа да не дојде до ’’изненадување на снегот во сред декември или пожарите во сред лето’’?
Медаљата секогаш има две страни- секој нека моли бога да не се најде на местото на тие што ги снашло. Тогаш мислам дека дискусиите и одобрувањето/осудувањето ќе биде поинакво.



Пред некоја година на господата од Македонија пат ги изненади снегот кој падна во Јануари...
Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Февруари.2010 во 20:55
Originally posted by Sunny Sunny напиша:

Tragichno e toa vo se' da se mesha politika. тага 



Точно е тоа САНИ , но тоа е како резултат на тоа што политиката се меша во се...
На народот ќе му треба време да свати дека политичарите не се криви што во Македонија падна снег и сега се топи...Но и политичарите треба да сватат дека во државните институции ни треба способни луѓе а не партиска војска...Така да едното без другото неодат...
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Февруари.2010 во 22:36
Originally posted by mamamd mamamd напиша:


Луѓето да размислуваат ама власта (било која да е ) никако да не ја чепкаме. Кој издава дозволи за градбазбунетост Кој треба да води грижа да не дојде до ’’изненадување на снегот во сред декември или пожарите во сред лето’’?
Медаљата секогаш има две страни- секој нека моли бога да не се најде на местото на тие што ги снашло. Тогаш мислам дека дискусиите и одобрувањето/осудувањето ќе биде поинакво.


Za kukite kraj Ohridsko ezero ne znam, poveketo se od tursko vreme, podocna renovirani, a za vo toa vreme koj daval dozvoli ne znam голема%20насмевка
Za snegot i pozarite celosno se soglasuvam, megutoa za nadoaganjeto na Ohridskoto ezero ne ni e kriva ni vladata niti pak "gradskiot tatko".

I pak ke kazam na starite ohrigani nikoj ne im e kriv sem samite sto se "catalele" i gradele kuki na obala i sakale plazata da im e v dvor намигнување
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 16>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.