IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Дневник - во малку поинаква форма...
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Дневник - во малку поинаква форма...

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1617181920 22>
Автор
Порака
 Оцена: Оцена на тема: 1 Гласови, Просечно 5,00  Тема Пребарувај Тема Пребарувај  Опции за темата Опции за темата
Joshua_Tree Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6471
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Joshua_Tree Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Март.2014 во 21:03
Frižider


Samo sam hteo biti sam
pio jeftino vino,bio pijan
Misija lepote nije priča
ljubiti lepost nije gadost

Nije to odvajanje od društva
niti jeftina priča o sreči
Želiš mi reći da pljujem sve
ili ljubim sve što na putu dođe?

Moguće da sam lud
moguće je isto tako da sam glup
Kad se polnost digne kao ledeni breg
ostaješ hladan...nije greh biti običan

Seksualnost za publiku
običnost za sebe kao tihi glas
Nije prostor negacija postojanja
samo jedan delič tla gde može da nas ima

Pustih dušu u nebo
ostalo telo da lebdi kao sivi zrak
Kad nestanem,nemoj tugu
grizi usne kao prvi put

“Talk, talk, talk: the utter and heartbreaking stupidity of words.”
― William Faulkner, Mosquitoes
Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2014 во 13:12

„Чекајќи го дождот“

 

Имав визија во успон за падови,

Доживеани, преживеани а сепак идни,

Како дождот во најава под темното небо

На кој се радувам како мало дете.

 

Си мислам само дека те оставив зад себе,

Си давам изговор за да се свртам и да те побарам,

Таму некаде на средината на вжештено лето,

Кога престанав да дишам чекајќи го дождот.

 

Кој ми е крив што на секој чекор барам есен,

Пожолтени лисја и соголени дрвја како мојата душа,

Таа пишува поезија со магичен маркер,

Никој не може да чита, никој не сака да слуша.

 

Твојот здив го чувствувам на темето,

Над мене, зад мене, далеку и блиску,

Подголтнувам да го вратам срцето назад,

Во празнината на левата страна со вакум.

 

Чекајќи го дождот како на разлигавена сцена

Во романтичен филм без место за некој свој,

Без место за моето ЈАС, без НАС,

Кога немиот раскажува за љубов без страст.

Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
којсумјас Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4539
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај којсумјас Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2014 во 19:37
Денес...
го слушав свештеникот...
јасен глас...
молитва за покојната душа...
утеха...

на момент...
слики од минатото...
мирис на...
нечиста совест...
грч во стомакот...
вкус на вина...
времето не менува ништо...

знам душо...
боли...
ама...
исплачи се...
ќе ти олесни...
можеби...

и...
незнам колку...
трае...
вечноста...




Кон врв
Joshua_Tree Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6471
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Joshua_Tree Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2014 во 20:35
Сто исти


Кога го ставам нема поезија
претворен во копје немам лице
Фурна си,имаш оган за сто исти
убави како еден здив,убави како ти

Бајки
витези
бели фустани

Анѓели
К*рви
страсти од љубови

Кога гледам како умирам
немам ништо од себе...само давање
Скапувам од секој млаз среќа
не гледам ништо,само чекорење

Ќе ме жалиш кога свршуваш?








“Talk, talk, talk: the utter and heartbreaking stupidity of words.”
― William Faulkner, Mosquitoes
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 13610
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2014 во 21:52
Оф....  кога гледам и јас како да умирам
ама ако замижам...Живеам....
Неќам скапани работи
лошо мирисаат 
а таа миризба ми е неподнослива...
Слушам чекори...
.. негови...нивни.... нејасни и тапи....
јас се жалам 
но тебе  не,  тебе не те жалам....
Кон врв
Joshua_Tree Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6471
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Joshua_Tree Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Март.2014 во 21:32
Кругови од убавини


Во едно друго време
кога сите рибчиња водат љубов на суво
Бело платно од груб лен ќе постелам
за тебе да заспиеш кога те сакам

Сите радости за ништо
оти не знаат да живеат...умирачко!

Отворот на лицето е дупка
без ниеден смисол за стварност самата себе се отвора
Има уште многу такви исти
како мојата...јаде говна

Сите радости за ништо
оти не знам да умирам...животе!

Некогаш ќе ме облечиш како џемпер
оти дупката на лицето не ја викам како ти
Колку глупаво се смеам не знаеш
оти сме исти,нели?

Во тоа време ќе ме нема
рибчињата ќе умрат од глад
Како воздух кругови од убавини на твојот врат
за тебе да спиеш кога те сакам




“Talk, talk, talk: the utter and heartbreaking stupidity of words.”
― William Faulkner, Mosquitoes
Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Март.2014 во 17:17

„Знаеш..“

 

Ќе се препознаеш ако ти кажам

Дека поради тебе видов божествена убавина

Таму во одраз на обично стакло на затворен прозорец,

Кога се обидував да дишам со тебе заедно?

 

Ќе се препознаеш ако кажам

Дека ги голтав сите горчини  собрани во една реченица

Како да ми зависеше животот од нив

Кога моите демони излагуваа надвор да си играат?

 

Ќе се препознаеш ако кажам

Дека одбивам да давам објаснувања зошто ми недостигаш

Кога не можам да ти го најдам трагот

Затоа што само немо сакав да знам дека си тука?

 

Ќе ме препознаеш кога ќе кажам

Дека тврдоглаво одбивам да ја наведнам главата

Дури и кога желбата ја покорува свеста

Кога знам дека не постоиме повеќе?

 

Ќе ме препознаеш ако некогаш напишам

Дека ништо нема да се смени никогаш

Дури и кога се е сменето и не нема нас

Како да сме родени без роденден .... 



Изменето од Blue Scarlet - 17.Март.2014 во 17:18
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
Joshua_Tree Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6471
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Joshua_Tree Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Март.2014 во 21:14
........


Ги соблековме телата
душите лебдеа некаде горе
Убави,слободни и проѕирни
гледаа во купот од коски и месо

...колку робија за ништо

“Talk, talk, talk: the utter and heartbreaking stupidity of words.”
― William Faulkner, Mosquitoes
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 13610
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Март.2014 во 22:31
Ги соблековме алиштата
останавме голи
душите  тажни и празни
времето не гази и прегазува 

... толку пишување  за  ништо..... !!!
Кон врв
Joshua_Tree Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6471
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Joshua_Tree Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Март.2014 во 15:40
Геометрија

Светот со многу луѓе
не е наш.не заспиваш
Очи за сништа
кули од бакнежи...сами во сите

Алиби за секој стих
историја од многу животи и нешто твое
Прсти и многу болка
геометрија во секој здив








“Talk, talk, talk: the utter and heartbreaking stupidity of words.”
― William Faulkner, Mosquitoes
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 13610
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Март.2014 во 23:59
 
Многу луѓе  со светов 
и пак секој за себе...
Сништа за очи или очи за сништа...?!?
Нешто мое нешто твое
заедничко  ништо....
нема веќе болка
сега завладеа  рамнодушноста...
Кругот  сеуште постои....здивот  не запира.... 

Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Март.2014 во 17:14
Споро.... 
Времето како непризнаена единица
Во мојата глава поминува болно споро .... 
Тишина...
На прагот на вратата ме замисли
Дали ова значи - Добредојде дома- ...
Темнина ... 
Поинаква од онаа на затворени очи
Таму барем имаше понекоја сенка .... 
Брзо .... 
Дишење сече парчиња застојан воздух
Ќе ја убие воздишката на половина пат .... 
Звуци....
Животински крици со предупредување
Исти како оние кога страста ми ја гори кожата... 
Светлина .... 
Таму надвор кристално чиста мириса на багрем
А јас сеуште сум толку многу изморена ....

Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
Joshua_Tree Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6471
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Joshua_Tree Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Март.2014 во 19:27
Тогаш почна се
моето пијанство во љубов се претвори
Како во убав филм со пуканки
...го чекав среќниот крај

Стопен од убавини
гледав како се дави во длабоки води
Испушташе крици како ранет делфин
бојата на површината...исчезна

Беше таму и ти
едвај дочека да се облечиш
Остатокот од ноќта
е само осамено време за сон

“Talk, talk, talk: the utter and heartbreaking stupidity of words.”
― William Faulkner, Mosquitoes
Кон врв
SVOJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Мај.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2147
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај SVOJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2014 во 15:47
зјаам во таванот морничав, ко склопен од лица, без очи и усти, а ладност слатка се прелева на тоа што остана од мекава кожа... повикува, шушти, ко зборови шепка и име ми вреска. Гребливо колне ко вештерска жена, и врти околу, подалеку од вкочанетиов поглед... Било ти сенка, без домакин жива, ко дете си игра со умов сонлив... Се покажа коса, и насмеани очи... црвени! Блештат и заедно се смеат... со назабената челуст и отровни лиги, со шилести заби долги ко копја... Се видоа канџи, разиграни по ветре, почна да прета и погласно смее! Прска крвта моја црна, засирена, мртва... Гласот не гласи, а воздивнува болно... Створ што носи сенка од детска створена песна, ситно сече и боде по коските мои и месо што скапува, пробува да стенка...DP
RODENA SREDE PURPURNI VODOPADI,DETE NA ZVEZDITE,GOSPODARKA NA ZELBITE,RATNIK,TRAGAC TAINSTVEN OSAMENIK.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1617181920 22>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,359 секунди.