IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - СКОПЈЕ 2014 или ЛУНА ПАРК '14
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

СКОПЈЕ 2014 или ЛУНА ПАРК '14

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 229>
Автор
Порака
fichot Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Ноември.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 783
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fichot Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Февруари.2010 во 19:21
Originally posted by Zajcef Zajcef напиша:

Триумфалнава капија не знаат дека по повод некој триумф се прави-онака ќе ја кренат тие...


Па, триумфиравме во глупоста, невкусот и кичот.
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Февруари.2010 во 19:57
Ploshtadot na Skopje vakov kakov shto e iskreno ne e ni bash nekoj ploshtad. No za zal i idejata na negovo pretrupuvanje ne e neshto po sjajna. Restavriranje na gradbite koi postojat vo gradot  e dobra ideja bidejki im treba toa. Izgradba na spomenici,  kolku i kako treba da odlucat gradskite arhitekti, ne gradonacalnikot Todorovik.
Sinokja go slusham Vangel Bozinovski koj objasnuva deka triumfalna kapija e gradba od rimsko vreme koja mu dava golemina na imperatorot. So nejzinata izgradba se proslavuva pobedata nad neprijatelite i ubistvoto na najmalku 30 000 neprijatelski vojniciзбунетост.
Spored nego nie treba da ja restavrirame portata na Kale, a ne da radime triumfalni kapii.
Кон врв
Lithium Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9407
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Lithium Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Февруари.2010 во 20:07
Триумфалната капија е тоа во видеото или мене очите ме лажат....

Ту бре, се само како Париз да бидеме, мал Париз поточно смеење
Коце ги видел коцките во Париз - ајде тоа
Ја видел триумфалната капија изгледа- ајде и тоа

Не се чудете ако од некаде никне кула смеење

You think you are perfect? Well, try walking on water...
Кон врв
volkswagen Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Знам, комшивка ми е!

Регистриран: 18.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 4820
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај volkswagen Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Февруари.2010 во 20:09
џамија ќе никне, не кулаплазење
Кон врв
МАРШАЛ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ГРОБАР ДО ГРОБА

Регистриран: 06.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 44396
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај МАРШАЛ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Февруари.2010 во 20:11
со архитектонскиот ентузијазам кој се претвора во опсесија кај “ возљубениот “ , ништо чудо да скопје биде прогласен за своевидно издание на дизниленд голема%20насмевка
Кон врв
Lithium Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9407
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Lithium Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Февруари.2010 во 20:13
Сакаш да кажеш дека постои можност да го има и Мики Маус, Плуто, Пајо Паторот и слични такви изненадување

задоволство
You think you are perfect? Well, try walking on water...
Кон врв
МАРШАЛ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ГРОБАР ДО ГРОБА

Регистриран: 06.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 44396
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај МАРШАЛ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Февруари.2010 во 20:14
што те чуди ? .......... пајо паторот веќе го имаме на чело на една институција газење%20од%20смеење
Кон врв
Polar Bear Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Декември.2007
Локација: Канада
Статус: Офлајн
Поени: 1152
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Polar Bear Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Февруари.2010 во 20:30
Originally posted by volkswagen volkswagen напиша:

џамија ќе никне, не кулаплазење
 
Така, па ќе можеме да ги лажеме децата од предшколска возраст дека тоа се рекетите со кои македонците прррррви стигнале на месечината.
 
голема%20насмевка


Изменето од Polar Bear - 05.Февруари.2010 во 20:31
Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Февруари.2010 во 22:00
Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

Кога некој многу вреска за патриотизмот,се прашувам колку му се чисти рацете


Spremni se tie. Si imaat narakvici dodeka gji rabotatat prljavite raboti. Odkako seto toa kje go zavrshat gi siminjaat narakvicite i racete im se chisti.......... no, dushata dali im e chista?......

,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Февруари.2010 во 22:44
јас лично останав со уста отворена........без коментар..........
маскембал од споменици и натрупани објекти кои не соодвествува со околината....
а за спомениците?? срамота некои да си поигрува со нивната историска важност.....
па само колку губат од вредноста поставени во несоодветна околина ....
дури се смешни така поставени.....
леле зарем ова ќе биде реалност??
лично повеќе би се срадувала.......
да видам низа на стамбени згради за  социјала.....
низа на објекти за пензионери и старачки дом.....
низа на спортски објекти за специфични екстремни спортови..
низа на производствени објекти , нови фабрики .....
низа на студентски домови .....
тоа нас ни треба........
леле како ќе биде споменикот со контајнер со ѓубре од страна.....
скршени плочници и дупки ...
и легнати под споменикот безкуќници и питачи??
и ОК Скопје ......а што со градовите во провинцијата??
дали некој ги посети  да види какви се?? не
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 13622
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Февруари.2010 во 23:12
 
 
  Фали уште некоја слика од шутка да ставеше некој... како и вообичаено....секогаш кога ќе се предложи нешто убаво.... мора
да се засенува со ... прљавштини....тага
 
Се  финансираа рекламни спотови... за претставување на земјава...
овде ..не чинеа....  сега  ... Скопје 2014 ... пак не чини.....
 
Излезе Бранко да коментира... да бара референдум .... сешто  ...плазење%20злонамерно
 
Никој до сега не финансираше во културата, како оваа влада... никој
ништо не направи....и сега  ... некој ќе лечел ..комплекси.... не можам
да се изначудам......
 
Мене  ме бендисува.... ептен ми се допаѓа.... само би сакала да си
достојат на зборот и во  2014  да го видиме Скопје ..вака како што е
замислено........
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Февруари.2010 во 02:40
Originally posted by ninja_34 ninja_34 напиша:

ова е Скопје  ....а не Грујо, Коце берберот и Владо Тинекс.....голема%20насмевка
 
И ова ќе ги чека на ставање на темелите на секоја нивна глупост....да


...................смеење

Абе гледам, многу се исплашија од деца без работа....

кај бевте 2001 ...

кај сте да се буните за безбројните ЏАМИИ - ДИВОГРАДБИ ВО СКОПЈЕ...

кај сте да се буните  за БАЛИСТИЧКИТЕ СПОМЕНИЦИ НА ТЕРОРИСТИТЕ,...
(за ова секој нека размисли и тие од видеото нека идат по џамиите и спомениците да бараат налог и легална документација)

Кај бевте да се буните за безбројните урбанистички афери и корупцијата во време на БЦ и бандата кимунистичка...  еееее на тоа време му дојде крајот. Тоа вас ве боли!!!

Ах бе нинџа... лесно да се пее со гитарата...

Се чудам на вашиот однос - како не може да разберете со тоа што го правите суштински, какви интереси застапувате, и кого го подржувате....,,,


Кај бевте сите вие да се побуните за: “по еден вработен од секое семејство“..., ако станува збор за криза и корупција. Сакате да кажете дека тогаш кога БЦ беше на власт, Скопје беше поубаво...не
 
Кај бевте сите вие овие години кога тој не знам со какви погрдни зборови да го наречам (мислам на БЦ) ја водеше оваа држава... па денес уште има лице јавно да излезе и да “јаде бурек“ за овој народ и оваа власт... п.с. добро му одговори министерката, нека се засрами.

Треба сите да се замислите, (мислам на овие изманипулираниве, зашто како што гледаме сите; и самите не знаат за што се бунат, што сакаат и на кого несвесно служат); ја лично ве ценам и не сакам да бидете во исти кош со Б.Ц. ....

Кога некој сака нешто да направи - не е добар...
кога имаше војна... сите со пивата и џоинтот по парковите...
сега некој сака да гради и да работи за државата... оп...он не чини!

Како бреее... така преку ноќ сите станувате способни, сите станувате “студенти“ , сите станавте “архитекти“, па сите преку ноќ почна да ве “боли“ за Скопје!!!

http://www.youtube.com/watch?v=OUDn4BuEIxg

http://www.youtube.com/watch?v=UHjQEZqnxpY

http://www.youtube.com/watch?v=PLg0avo2cDY

ОВИЕ КЛИПОВЕ НЕ ВИ СЕ ГЛЕДААТ ИЛИ ВИ БОДАТ ОЧИ....


Кажав и ќе повторам... не го сакам Груевски но после ова што се случува со овие безр’бетњаците комуњарски што се креваат против него - до последно ќе бидам со него. Па срамота е човек да се става во ист кош со овие комуњарите... и да биде “ист“ со БЦ. -




Изменето од Анастеа - 06.Февруари.2010 во 03:04
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Февруари.2010 во 04:01
Ова е најискрено од кич по кич... Изгледа креаторот на идејава премногу си играл стратегии од типот Цезар, Фараон, Рим, Египет и сл.
Па добро бре.. сите градови се стремат кон модернистички градби а ние се враќаме илјадници години наназад.. Триумфална капија... за кој триумф ние тоа ќе градиме таква капија? Јас сум само за да се возобноват старите градби разурнати од земјотресот во 1963 како што се Народниот театар, Офицерскиот дом, и зградата на Народна Банка.. Евентуално да се средат фасадите околу самиот плоштад и доволно е... Ок... да се постават споменици? Ама на кој начин и каде? Не е само да се расфрлаат насекаде на кој како му стигне...
Триумфална капија, црква.... а зградата на лумикс што е тука... дали некој размислил дали воопшто ќе има проток на воздух... или ќе монтираат вентилатори да овозможат воздух помеѓу тие 3 колосални градби... нели некој размислил дека е тоа премногу градби на еден простор... Сосема е доволно 2 фонтани, измена на фасадите и возобновување на градбите околу плоштадот што некогаш постоеле...Во тој дел се согласувам...
Е сега... зошто од друга страна сум против...!!!
Па не е само центарот на Скопје на кој му треба разубавување... Ако некој сака да добие убава слика за самиот град, потребно е влезот на тој град да биде убаво изграден... потоа... нема решено ниеден проблем со сообраќајниот метеж во градот (подразбирам сообраќајници, сигнализација, проодност, паркинзи и сл)... Водоводната и канализационата мрежа одамна се дотраени и работат под полн капацитет бидејќи Скопје рапидно расте..Јавниот превоз во Скопје е ужас...
А најголем проблем за изработка и реализација на ова идејно решение ќе бидат финансиите.... Па Македонија е толку презадолжена што неможе да се одглави во наредниот цел милениум, а не па камоли да гради градби од ваков карактер...Со чии пари тоа е замислено да се гради? Со народни.. повеќе од јасно е...
А кога убаво ќе размислам.... па сето ова е една коска повеќе фрлена на народот, за да се лаже и да не мисли на вистинските проблеми што всушност ги засегаат, едноставно да им се одвлече вниманието..

Значи....

1. Премногу е натрупан овој проект
2. Премногу е кич и е вон секаква помисла да се враќа градот цел милениум наназад.
3. Подобро е ако се започнува со градби и слични зафати да се оди на модернистички пристап.
4. Постојат побитни работи и проблеми за кои треба да се зафати градоначалникот и владата.
5. Економски е неиздржано, држава која кубури на работ на пропаста да се расфрла со пари на вакви проекти, а притоа да не го решава проблемот со невработеноста, беспарицата кај народот...



The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Февруари.2010 во 04:06
Ајде на здравје, Скопје



За изградбата на новите објекти и споменици во центарот на Скопје власта ќе потроши народни пари доволни за изградба на трамвајска мрежа и на градските автопати, кои се од извонредно значење за граѓаните на метрополата. Грубите пресметки покажуваат дека за изградбата на десетината објекти, споменици и за обновата на фасадите околу плоштадот Македонија ќе бидат потрошени 200 милиони евра.

Процените на инженерите и градителите, давани со години се дека 100 милиони евра ќе бидат потребни за да се изгради примарната сообраќајна мрежа, без која во 2020 година не само потесниот, туку и поширокиот центар ќе доживее тотален сообраќаен колапс. Толку пари би биле доволни и да се изгради поголем дел од планираната трамвајска мрежа, а ова се два значајни инфраструктурни проекта, кои реално ќе ја зголемат функционалноста на градот и ќе ги подобрат стандардот и секојдневното живеење на скопјани.

Забетонирани 200 милиони евра

Според информациите од Министерството за култура, кое учествува во дел од проектите за разубавување на центарот, за објектите што тие ги градат досега потрошиле 17,5 милиони евра, односно последниве три буџетски години 5,5 милиони евра се потрошени за обнова на Стариот театар, два милиона евра за изградба на Музејот на македонската револуционерна борба и 10 милиони евра за досегашната изградба на Филхармонијата. Се очекува дека за довршувањето и за внатрешното уредување на овие три објекти ќе бидат потребни барем уште 20 милиони евра. Изградбата на Уставен суд ќе чини 25 милиони евра, а на објектот на МНР - 13 милиони евра. Владата ќе гради уште два објекта на левиот брег, за Агенцијата за електронски комуникации и канонада од столбови, а двата хотела на плоштадот ќе ги гради приватен инвеститор. За надградба на Собранието со уште еден кат и три стаклени куполи ќе отидат 10 милиони евра.

За леење на спомениците досега Владата потроши 17 милиони евра, а во парите не се пресметани трошоците за постаментите. Овие 17 милиони се за спомениците на Александар Македонски, Даме Груев, Гоце Делчев, Никола Карев, цар Самуил, Јустинијан, Ченто и за четирите лава, а се' уште не е познато колку ќе чинат другите предвидени споменици, како обелискот во Паркот на жената-борец, гемиџиите, просветителите, Карпош и другите што беа презентирани. За изградба на мостот „Око“ се предвидени 1,5 милион евра, а за поставување на скулптури на неговата ограда Општина Центар ќе потроши 600.000 евра. Се очекува дека и Мостот на уметноста ќе има слична цена сосе скулптурите, околу 2 милиона евра. Не е познато колку ќе чини изработката на триумфалната капија, изградбата на фонтаната на плоштадот, обновата на фасадите. Но, грубите пресметки покажуваат дека за изградбата на објектите на плоштадот ќе бидат потрошени 200 милиони евра народни пари, а во оваа сума не се влезени изградбата на црквата „Свети Констатин и Елена“, чиј инвеститор ќе биде МПЦ, и трите хотела на плоштадот.

Според Општината Центар парите за реализацијата на проектите не се големи во споредба со користа што ќе ја има градот.

- Парите искористени за изградба на објекти и споменици изнесуваат 0,037 проценти од буџетот за 2007 година, 0,27 проценти од буџетот за 2008 година и 0,58 проценти од буџетот за 2009 година. За годинава за реализација на овие проекти се предвидени 0,5 отсто од буџетот, а сличен обем ќе биде инвестиран и во наредните години - велат во Општина Центар.

Нереален третман на реални проблеми

Не стивнуваат реакциите по презентацијата на новиот изглед на Скопје во 2014 година, кои ги преплавија интернет-форумите, страниците за дружење и блоговите. Позитивните коментари се движат главно во насока дека Скопје конечно ќе добие оформен плоштад и доизграден центар по примерот на европските метрополи, а негативните критики најмногу се однесуваат на естетската вредност на објектите, на неразумното трошење на парите, на пренатрупаноста на центарот, на скратената можност пред светот да излеземе со наша автентична архитектура наместо со копии итн.

- Не може мене некој Скопје да ми го направи град од кој ќе се срамам! Да не зборуваме што ниедна од овие згради не носи никаква продуктивност и не го олеснува живеењето на граѓаните. Како ова би придонело за подобар живот? Незамисливо и недопустливо е парите да се фрлаат на вакви работи при ситуација кога во Скопје нема јавен превоз, а градот се задуши во сообраќај. Зборуваме за десетици згради, мостови, фонтани и споменици, кои чинат неколку стотици милиони евра! - коментира *Андреј_Љ. на специјализираниот интернет-форум за градежништво и урбанизам *буилд.цом.мк.

Неговиот соговорник Архитектон додава дека тоа што подземните сообраќајници и трамвајот не нашле место во видеопрезентацијата, а има место за двокатниот автобус е трагедија сама по себе, што укажува на третманот што го има власта кон реалните проблеми во градот.

- Сакам да додадам дека е особено интересно што вакво извонредно видео, кое бара многу време за изработка, се лансира нецела недела по усвојувањето на последните измени на Детаљниот план за Малиот ринг. Значи, видеото ги има сите градежни маркички од последните измени, со разработени објекти во рамките на тие маркички. Или имаме ѕверови аниматори или некој веќе конечно треба јавно да каже дека се укинуваат урбанизмот и архитектурата - пишува тој.

И граѓаните што ги анкетиравме на плоштадот се незадоволни од енормното трошење народни пари.

- Да бидам искрен, ми се допаѓаат сите градби што ги предвидува Владата. Но, имам морална дилема, а тоа е кога гледам на телевизија дека луѓето немаат греење во болниците, кога за децата немаат место по градинките, кога пензионерите немаат пари ниту бонбонче да купат за внуците. За жал, нашата Влада не го гледа тоа - вели пензионерот Михајло Мишев.

Студентката Рада Стојановска смета дека граѓаните од другите делови на Македонија треба да се побунат, зашто се' се вложува во Скопје, а во другите градови, особено во источниот дел на земјава, има цели гратчиња без улици, вода, канализација.

- Потекнувам од едно гратче и искрено мака ми е да гледам како во Скопје никнува и се гради на големо, а моите блиски со години немаат работа. Одат во Грција амали да бидат, берат по плантажите или ги чистат апартманите по грчките летувалишта. Спомениците им ги наполнија џебовите само на уметниците, но со парите од сиромасите. Оваа држава не е социјална, не знам каква е - вели Стојановка.

Нов дух на просторот

Општина Центар, која изминатиов период служи како портпарол на проектите на Владата за Скопје, вели дека придобивките од овие проекти се нов имиџ на главниот град, физиономија карактеристична за европските цивилизации и квалитативни синоними за препознатливост.

- Во секој главен град централното подрачје изобилува со културно-историски споменици кои го епитетираат државно-правниот развој и етаблирањето на мапата на државите. Центарот и содржините кои ќе бидат конципирани во него ќе бидат синоним за распознавање на Скопје во светот. Најголем дел од туристите од странство ќе ги овековечуваат своите посети фотографирајќи се токму пред содржините во центарот. Со тоа, од друга страна, се обезбедува зголемување на интензитетот и фреквенцијата на туристи во центарот на градот - се вели во матетеријалите кои меѓу другото беа поделени од страна на Општина Центар за време на презентацијата на новиот изглед на Скопје.

Покрај ова, според Општината, придобивка е и обновувањето на голем дел од содржините кои од различни историски или природни причини биле уништени во различни историски фази, со што во исто време се врши и облагородување на центарот и комплетно пополнување на плоштадот.

- Тоа е израз на конструктивната и сериозна урбанистичка мисла. Скопје, засега е единствениот главен град во Европа во кој централното градско подрачје не е комплетно заокружено и пополнето. Новите објекти даваат нов дух и амбиент на просторот, со што на позитивен начин се подобрува перцепцијата за центарот, и општо перцепцијата за Скопје и Македонија - потенцираат општинските власти.

Во нивните поенти со кои го оправдуваат проектот се вели

дека се решава и горливиот проблем за соодветен работен простор за голем број државни институции.

- Досега голем број од државните институции немаа сопствени објекти и простории. Тоа предизвикуваше финансиски импликации. Во моментов за сите државни институции за кои се плаќа кирија, од Буџетот се издвојуваат околу 1,5 милион евра годишно - образлагаат од Општината Центар.

Оттаму сметаат дека со проектот „Скопје 2014 година“ значително би се зголемиле прометот и економската добивка за големиот број локали кои се наоѓаат во строгиот центар, а ќе се создадат и услови за отворање нови работни места.

Според општинските власти, се пополнува една значајна историска празнина во развојот на културно-уметничката и културно-урбанистичката мисла во Македонија.

- Во Скопје е скокната една голема историско-урбанистичка фаза, во која се чувствува отсуство на градби карактеристични за тој период на европската цивилизација. Сме биле под Отоманската Империја и под влијание на таа култура која има свои квалитети што ги почитуваме, но треба да го дополниме со изгубениот период, да направиме симбиоза од стилови. Во времето на Југославија, Скопје не бил приоритет при градбите, како што биле Белград или Загреб. Дополнително со земјотресот се уништија сите содржини што беа синоними за распознавање на градот. Во светот и денес се градат градби во овие стилови, зошто да не се градат и во Македонија.

(екипа на Дневник)

Со месеци без плоштадот


Од Општина Центар велат дека прават подготовки за дислокација на подземната инфраструктура за потребите за изградба на фонтаната на плоштадот Македонија. Тие не прецизираат колку пари ќе потрошат за овој зафат.

- За три месеци треба да заврши дислокацијата на подземната инфраструктура, а плоштадот ќе биде заграден се' додека се завршат сите градежни работи - велат во Општина центар.

Фонтаната ќе се гради цела година, а лизгалиштето на плоштадот ќе остане до април, што значи дека скопјани со месеци ќе останат без централното шеталиште.
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 229>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.