IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Образование > Наука
  Активни теми Активни теми RSS - Научни вести
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Научни вести

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 14>
Автор
Порака
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2010 во 18:23

Сепак остануваме на Земјата

Лоша вест за сите ентузијасти кои се надеваа дека наместо Земјани ќе станат Марсовци. Новата научна студија покажа дека услови за населување на Црвената планета нема.

На научниците им е добро познато дека атмосферата на Марс не е “благопријатна“, но со анализата на најновите податоци од вселенското летало Mars Express, дознаа и зошто е тоа така. Причината лежи во соларните ветрови кои периодично ја уништуваат атмосферата на Марс.

Двојните соларни ветрови се редок феномен кој настанува кога Сонцето шири ветрови со различна брзина. Ако побрзиот ветар се најде зад поспориот, тој се збива во него, па двата бранови се “вртат“ заедно во еден цврсто збиен соларен ветер.

Научниците успеаа да ги поврзат податоците за губењето на атмосферата на Марс со двојните бранови на радијација забележани во 2007. и 2008. година кои ги регистрираше Advanced Composition Explorer. Според тоа откритие, Марс губи една третина од својата атмосфера при влијанието на таквите соларни ветрови, пишува Discovery News.

Причината поради која таквите ветрови не влијаат на Земјата е фактот дека на Марс нема магнетно поле кое би ја одбило соларната радијација, па ветровите едноставно ја “оддувуваат“ атмосферата. Сепак, на своите полови Марс има остаток од атмосфера која ги штити неговите ледени карпи.

Атмосферата на Марс ја создаваат единствено ударите на комети и повременото топење на мраз. За да би можел Марс да се насели потребен е исклучително голем подземен генератор на воздух, а тоа е технологија која човекот се'уште ја нема реалзиирано.

Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2010 во 18:25

Живот на Месечината!

Но, не на онаа која ние “земјаните“ ја гледаме, туку на Сатурновата. Една од 18-те месечини на Сатурн со име Енкелад има поволни услови за развој на живот, покажаа податоците собрани од роботскиот вселенски брод Cassini.

На овој, со ледена кора обвиен, Сатурнов месец би можеле да се одржат некои облици на живот пренесени од Земјата, заклучи тимот на астробиолози и астрономи од истражувачкиот институт Southwestern во Боулдер, Колорадо.

Овој заклучок го донесоа преку истражување на информациите собрани од вселенскиот брод Cassini, кој е опремен со чувствителни лабараториски инструменти и кој околу Сатурн кружи од јули, 2004. година. Особено значајни била анализите на собраните примероци и измерените температури за време на летовите на Cassini низ млазовите ледени кристали на Енклад кои се случиле на 2. и 21. ноември минатата година. Тие покажале дека освен вода, односно лед во гасовите кои ги оформуват Сатурновите прстени има и сложени органски соединенија.

„Тоа што Екланд (одалечен од Сонцето 10 астрономски единици)  е свет богат со вода е неверојатно. Неговите внатрешни процеси пак, го вбројуваат меѓу најперспективните средини за живот кои ги познаваме. Некои океански облици на живот кои живеат на големи длабочини, а се хранат единствено со геотермална енергија, на Екланд би можеле успешно да се одржат“, објаснува Џон Спенсер, член на истражувачкиот тим.  Тој нагласува и дека во базените помеѓу ледената кора и врелото јадро би можел да се случи и спонтан развој на живот.

Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2010 во 18:27

Русија се подготвува да го сруши астероидот Апофис?   голема%20насмевкаголема%20насмевкаголема%20насмевка

Иако звучи како сценарио за сај-фај филм со Брус Вилис, Русија навистина ја разгледува можноста за праќање на вселенски брод кон астероидот Апофис со цел да му ја промени траекторијата за да се спречи можен удар со Земјата, изјави челникот на руската вселенска агенција.

Анатолиј Перминов изјави дека вселенската агенција наскоро ќе одржи состанок за проценување на потребата од мисија на Апофис. За радиото Гласот на Русија додаде дека ќе ја повика и НАСА и Европската вселенска агенција, Кинеската вселенска агенција и другите да се приклучат на проектот.

Кога во 2004. е откриен 270-метарскиот астероид, астрономите изгледите дека ќе удри во Земјата во првото разминување со неа во 2029. ги проценија како 1:37, но оттогаш процентите се „ублажени“. 

Подоцнежните студии ја исклучија можноста на судир во 20209. бидејќи тогаш астероидот нема да дојде на помалку од 29.450 километри оддалеченост од Земјата, но објавено е дека постои мала можност Апофис да се лупне во нас во наредните проаѓања. 

Перминов не ги спомна математиките на НАСА, туку само изјави дека слушнал од еден научник дека Апофис се приближува и дека е можно да удри во Земјата. „Не се сеќавам добро, но ми се чини дека би можел да уди во земјата во 2032“, изјави тој, завршувајќи со тврдењето дека мисијата не би подразбирала употреба на нуклеарна експлозија. 

п.с. Еве и сајтче, кое иако е на шпански, ќе ви заврши работа и ќе ви ги заштеди ѕидовите ако на нив со шкртки ги броите деновите до „апокалипсата“ :)

Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2010 во 19:23
najnova vest od ruska medicina

izmislija apce ako go izedes ne moras da jades cela godina

nedostatok e deka apceto tezi 1 tonголема%20насмевка
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2010 во 14:16
Што се случува на апсолутна нула?
26.03.2010

Физичките и хемиските интеракции што се случуваат на екстремно ниски температури постојано ни приредуваат изненадувања. Пред неколку недели научниците открија дека молекулите на ултра ладен гас хемиски реагираат на растојанија и до 100 пати поголеми отколку при нормална (собна) температура.

Во експрименти на собна температура, хемиските реакции имаат тенденција да успоруваат со зголемување на температурата.  Меѓутоа научниците открија дека молекулите на температури само неколку сто-милионити делови од степен над апсолутната нула (-273,15 °C или 0 Келвини) сѐ уште можат да разменуваат атоми, формирајќи нови хемиски врски при тој процес, благодарејќи на чудниот квантен ефект кој го зголемува нивниот дофат на ниски температури. „Совршено разумно е да очекуваме дека кога одиме кон ултра ладен режим нема да има хемиски реакции за кои ќе зборуваме“, вели Дебора Џин (Deborah Jin) од Универзитетот во Колорадо (University of Colorado), „меѓутоа не е така, ова откритие ни покажува дека доаѓа до создавање на многу нови хемиски врски.“

Иако изгледа логично следен чекор да биде испитување на процеси кои се одвиваат на 0 Келвини, сепак таа темепература е невозможна цел. Причина за ова е дека работата потребна за отстранување на топлината од набљудуваниот систем се зголемува со намалување на температурата, па потребно е бесконечно многу работа за да се излади нешто до апсолутна нула. Кажано со темини од квантната физика, за ова може да се обвини Хајзенберговиот принцип на несигурност, кој вели дека колку попрецизно ја знаеме брзината на честичката, толку помалку знаеме за нејзината позиција и обратно. Ако знаеме дека атомите се дел од експриментот, мора да има некоја непостојаност во нивното забрзување кое ги одржува над апсолутната нула - освен ако експеримент е со големина на целата Вселена.

Со виолетова боја се означени регионите каде е измерена најниската температура




Кое е најладното место во Сончевиот систем?


Најниската температура досега измерена во Сончевиот систем е на нашиот природен сателит. Минатата година, LRO (Lunar Reconnaissance Orbiter) измери температури ниски и до -240 °C на место во постојано засенетите кратери близу до Месечевиот јужен пол. Тоа е околу 10 степени поладно од досега измерените температури на Плутон.




Кој е најладниот природен објект во Вселената?


Најладното познато место во вселената е маглината Бумеранг, која е оддалечена 5000 светлински години во насока насоѕвездието Кентаур (Centaurus). Научниците во 1997 година открија дека гасовите исфрлени од централната ѕвезда која умира се шират и брзо се ладат до температура од еден Келвин, само еден степен над апсолутната нула. Вообичаено, облаците од гас во Вселената се потопли од 2.7 Келвини благодатение на космичкото позадинско зрачење, кое е остаток од Големиот прскот. Меѓутоа ширењето на маглината Бумеранг создава еден вид на космички ладилник, кој им дозволува на гасовите да ја одржат невообичаено ладната температура.
 
Маглината Бумеранг - најладното тело надвор од Сончевиот систем

Која е најниската температура некогаш постигната во лабараторија?

Во септември 2003 година, научниците во Инстутутот за технологија во Масачусец (Massachusetts Institute of Technology) објавија дека успеале да изладат облак од содиумови атоми на рекордни 0.45 нанокелвини (10-9 Келвини). Четири години претходно, научниците во Хелсиншкиот институт за технологија (Helsinki University of Technology) во Финска достигнаа температура од 0.1 нанокелвин во парче од металот Родиум. Сепак, тоа температура беше само за одреден вид на движење - квантна карактеристика наречена нуклеарен спин - а не севкупната температура за сите можни движења.

Какво чудно однесување манифестираат гасовите при температури блиски до апсолутна нула?

Кај макрскопските (секојдневни) објекти и материјали, топлинската енергија произлегува од движењето на атомите и молекулите, односно од нивното движење и меѓусебно одбивање. Меѓутоа на многу ниски температури вaжат правилата на микроскопскиот свет, односно квантната механика. Молекулите не се судираат во конвенционална смисла; наместо тоа, нивните квантно-механички бранови  се растегнуваат и преклопуваат. Поради начинот на кој се преклопуваат, понекогаш формираат таканаречен Бозе- Анјштајнов кондензат, во кој сите атоми се однесуваат идентично како еден „супер-атом“. Првиот чист Бозе-Ајнштајнов кондензат е создаден во Колорадо во 1995 година, со употреба на облак од атоми на рубидиум оладен на помалку од 170 нанокелвини.
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Март.2010 во 15:26
Пронајдена уште една лоза на прачовек

Научниците се на пат да докажат дека во светот постои уште еден вид на до сега непознат прачовек, па така денешниот човек потекнува од уште еден предок. 

 Се работи за фантастично откритие, неверојатно и за научниците, како што изјавија повеќето угледни светски научни институции, како што е Институтот Макс Планк за антрополошка еволуција во Лајпциг, Центарот за гео-генетика при Универзитетот во Копенхаген, Институтот за археологија и етнологија во Новосибирск, Државниот универзитет Кент во Охајо, музеите за историја на природата во Лондон и Њујорк. 

Кога руски научници во летото 2008 година во една изолирана пештера во Сибир нашле коски на човечки прст, се сметало дека се работи за фосилен фрагмент на неандерталец, познат предок на денешниот човек. Фосилниот остаток бил наречен „Денисова“ според пештерата во која бил пронајден. 

 Првата анализа на ДНК материјалот, покажала дека се работи за коски на жена и фосил наречен „Жена X“. Изненадувањето следело по деталната анализа на ДНК на розовиот дел од коската на женскиот прст.

- Според резултатите на ДНК анализата која била направена во Институтот Макс Планк во Германија, а чии резултати се објавени во списанието Природа (Nature), се открило дека се работи за вид кој е во хомо-низата, т.е. дека припаѓа на лозата „хомина“ (суштество слично на човек), но дека нема спој со неандерталец (Homo neadertalicus), ниту со Homo sapiens, туку припаѓа на до сега непозната лоза на прачовек, која веројатно мигрирала од Африка во делот на Централна Азија пред околу 30.000 години. 

 Неандерталецот (Homo neanderthalensis) е изумрен вид на родот хомо, предок на современиот човечки вид Homo sapiens која населувал повеќе европски континенти и дел од југозападна Азија од север на Арапскиот полуостров до пошироката околина на Каспиското Море. 

 Првите карактеристики на неандерталскиот вид се појавиле околу 320.000 години пне., а последните неандерталци живееле околу 30.000 до 48.000 пне. Видот го добил името по долината Неандертал во германската сојузна држава Северна Рајна-Вестфалија, во која се наоѓа пештерата Фелдхофер каде во 1856 година за прв пат биле пронајдени остатоци од тој вид. 

Остатоци од неандерталски човек се најдени и во Франција, Шпанија, на Балканот, Блискиот исток, во северна Африка. Интересни се черепите од подрачјата на Узбекистан, Палестина, Ирак, Кина, Танзанија. 

Научниците долго време претпоставувале дека модерниот човек, чиј директен предок е homo sapiensot, наследил гени од неандерталец, но во XIX век тие истражувања станале сомнителни. Генетските истражувања на фосилните остатоци покажале дека меѓу неандерталецот и хомосапиенсот не дошло до вкрстување, па неандерталецот е изумрена гранка на човештвото. 

Исто така се верува дека хомо сапиенсот потекнал од лозата хомо еректус која стигнала од Африка и дека болестите кои ги донеле довеле до изумирање на неандерталецот. Се до крајот на XIX век научниците верувале дека само две хомо лози - неандерталец и сапиенс - постоеле во последниот период на леденото време, што го негирало откритието во 2003 година. 

Научниците во 2003 година во Индонезија, на островот Флорес, нашле исто така остатоци од прачовек наречен „Homo floresiensis“, или „хобит“, но за сега нема докази дека таа лоза се проширила некаде на друго место во светот. Се смета дека тие се стари околу 17.000 до 12.000 години. 

Најновата анализа на остатокот од прстот на „Жената X“, или „Данисова“, потврдуваат дека три лози на прачовек постоеле на истиот регион и дека се претци на модерниот човек. Анализата на ДНК е базирана на специфичен дел на клетките означен како мтДНК, кој единствено се пренесува по женска т.е. по мајчина линија. 

Со анализата од Институтот Макс Планк биле направени 156 комбинации на споредување на мтДНК геномите со мтДНК геномите на 54 современици, како и со остатоци стари околу 30.000 години кои се најдени во Русија и од 6 кои припаѓале на неандерталците. Откриено е дека „Жената X“ имала многу специфичен геном, т.е. сопствена ДНК линија. 

Научниците објавија дека геномот мтДНК на неандерталецот и хомосапиенсот се разликуваат во 202 нуклеотидни позиции, додека кај „Жената X“ биле откриени 385 такви позиции. 

Научниците заклучиле дека фосилните остатоци од „Жената X“ припаѓаат на до сега непозната лоза во хомо фамилијата. Исто така научниците веруваат дека сите три вида на „хомини“ живееле во исто подрачје во Централна Азија. 

Во тој дел од светот најдени се остатоци од лозата хомо еректус која од Африка дошла во Азија пред 2 милиона години и остатоци од Хомо хајделбергенсис од времето пред околу 650.000 години. Двете лози се во директна врска со хомо сапиенсот. „Жената X“ е млада и генетски поинаква. 

Слични енигматски фосилни остатоци се најдени во Азија: во Нармада (Индија), Јунксијан, Далија и Јинијусан во Кина, но за нив се верува дека се можни азиски „деривати“ од лозата Хомо хеиделбергенсис.

Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2010 во 22:35
Откриени најпримитивните супермасивни црни дупки досега познати


Астрономите дојдоа до нешто што се чини дека се две од најраните и најпримитивните супермасивни црни дупки досега познати. Откритието, базирано главно на набљудувања преку вселенскиот телескоп на НАСА – Спицер, ќе овозможи подобро разбирање на корените на нашиот Универзум и како се создале првите црни дупки, ѕвезди и галаксии. “Најдовме она што би го нарекле прва генерација квазари, создадени во простор каде што нема прав и во најраните фази на еволуцијата”, изјави Линуа Џијанг, научен соработник во опсерваторијата Стујард на Универзитетот во Аризона.

Да разјасниме: вселенска прав (или прашина) е тип на прав чија големина се движи од неколку молекули (нано- и микрометри) до 0,1мм.

Црните дупки се “ѕверски” нарушувања на времето и просторот во кои се наоѓаат. Најмасивните и најактивните можат да се најдат во јадрата на галаксии и обично се опкружени со структури од прав и гас кои ги опкружуваат, “хранат и одржуваат во живот“ растечките црни дупки. Научниите веруваат во фактот дека раниот универзум немал прав, што им кажува дека и најпримитивните квазари исто така не би требало да содржат прав. Но никој не видел такви примитивни квазари – сè до сега. Спицер има идентификувано два такви чисти квазри – најмалите досега забележани квазари – на околу 13 милијарди светлински години оддалечени од Земјата.

Двата квазари, Ј0005-0006 и Ј0303-0019, за прв пат беа објавени од Ксијауи Фан, професор по астрономија и коавтор на трудот. “Како што опкружувачкиот гас е проголтуван од супермасивната црна дупка, емитува огромни количини на светлина, со што ги прави овие квазари видливи на и на крајот од видливата Вселена”, рече Фан.

Кога Џијанг и неговите колеги се посветија на набљудување на квазарите Ј0005-0006 и Ј0303-0019 со Спицер во периодот од 2006 до 2009 година, нивните цели не се издвојуваа скоро по ништо од вообичаената група квазари. Спицер измери инфрацрвена светлина од објектите заедно со 18 други кои припаѓаат на класата најдалечни квазари. Секој квазар е супермасивна црна дупка која тежи повеќе од 100 милиони сончеви маси. Собраните податоци од Спицер покажуваат дека од 20 испитани квазари, само Ј0005-0006 и Ј0303-0019 имаат недостиг од жешка прав. Инфрацрвениот вид на Спицер го прави идеален за детектирање на сјајот на топлиот прав, загреан од црните дупки.

Уметничка претстава за супермасивна црна дупка (центарот на сликата) во јадрото на млада галаксија богата со ѕвезди

Ова е прв проект за набљудување кој ги комбинира податоците од сите три инструменти на Спицер, вклучувајќи го и Повеќепојасниот фотометар за фотографирање (Multiband Imaging Photometer - MIPS), високочуствителна инфрацрвена камера вградена во телескопот која му дава можност да забележува и многу ладни облаци од прав.

“Најинтересното откритие за нас не е тоа што можеме да го видиме туку тоа што не можеме да го видиме. Правта која обично ги опкружува квазарите, овде ја нема. Сметаме дека овие црни дупки се формирале отприлика во времето кога правта за прв пат се формирала во Универзумот, помалку од една милијарда години по Големиот Прасок. Првобитниот Универзум не содржел молекули кои можеле да коагулираат и да формираат прав. Елементите потребни за овој процес биле подоцна создадени од ѕвездите и расфрлени во Универзумот”, рече Фан.

Астрономите, исто така, забележаа дека количината на топла прав во квазарот се зголемува пропорционално со масата на црната дупка. Како црната дупка расте, правта има повеќе време да се материјализира околу неа. Црните дупки во јадрата на Ј0005-0006 и Ј0303-0019 ги имаат најмалите измерени маси досега познати во раниот Универзум, со што се посочува дека тие се особено млади и во фаза кога правта сѐ уште се нема оформено околу нив.
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2010 во 22:36
Ноќта на Јуриј - Drum `n` Bass in Space


На 12-ти април луѓето од целиот свет се здружуваат за заедно да го прослават првиот човечки лет во Вселената.

Ноќта на Јуриј e светска иницијатива за прослава на 12.04.1961, полетувањето на Јуриј Гагарин во Вселената. На тој ден пред 49 години станавме раса која успеа да ја напушти матичната планета. Неговиот вселенски брод, Восток 1, остана во орбита 108 минути.

На истиот ден, 20 години подоцна, полета првиот вселенски шатл, Колумбија. Неговиот екипаж два дена остана во орбита околу Земјата.

По тој повод, на 7 континенти, во периодот од 09 до 12 април, ќе се одржат над 140 вселенски забави. Скопско астрономско друштво се приклучува кој глобалната забава со својата:

 


Ноќта на Јуриј – Drum `n`Bass in Space (кликни за поголема)

Drum `n` Bass in Space
12.04.2010, 21:30
Кафуле Арт Кино Фросина
Младински културен центар
Скопје, Планета Земја
Влез слободен

Оваа година темата на забавата е “Drum `n` bass in space”.

  • Dancehall
  • Jungle
  • Reggae
  • Drum `n` bass

Музика проследена со фотографии и анимации со убавините на Вселената видени од Вселенскиот телескоп Хабл.

Дојдете заедно да ја славиме Вселената!
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
Renatax Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Renatax Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Април.2010 во 11:55

Под мразот на Антарктикот откриени живи суштества

Научниците од НАСА на Антарктикот дошле до фрапантно откритие, кога под 200 метри дебел мраз пронашле две суштества, едно налик на шкампите, додека второто личело на медуза.
 
Научниците не очекувале дека нешто ќе пронајдат во таква непријателска средина, каде што воопшто нема светлина, но кога ја спуштиле камерата 200 метри под ледената кора ги чекало изненадување. Пред камерите им поминала далечна роднина на шкампите и запрела на кабелот на камерата. Снимиле и крак за кој сметаат дека и припаѓа на 30 сантиметри долга медуза.

Научниците сега мислат дека доколку постои живот во толку сурови услови, можно е да постои живот и на другите небески тела, како што е месечината на Јупитер, Европа.
Да се пронајде живот на такво место е како да се пронајде специфична капка вода во морето.
 
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.

Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2010 во 17:25
Како се одредува датумот кога се паѓа Велигден?

*
*         *

„Оче наш кој си на небесата, да се свети името Твое, да дојде царството Твое, да биде волјата Твоја, како на небото така и на земјата. Лебот наш насушен дај ни го денес и прости ни ги на сите долговите наши, како што им ги проштеваме и ние на нашите должници. И не воведувај нѐ во искушение, но избави нѐ од лукавиот.“

Ова е Господовата молитва, која е иста и во православниот и во католичкиот свет. Исти се и 10-те Господови заповеди, кои претежно содржат религиозни  морални човекови обврски. Но, календарот кој го користат овие две христијански религии е различен. Поделбата во Христијанската црква се случува во 1054 година, кога црквата се дели на Источна (православна) и Западна (римокатоличка). Сите светци кои биле востановени до тој период постојат и во двете цркви, а од поделбата па до денес двете цркви посебно си одредуваат свои светци. Пример за тоа се светите Климент и Наум, кои како свети личности не постојат во католичкиот свет.

Но, најголемиот празник кој го прославуваат и двете цркви е празникот Велигден. Велигден се прославува од најстаро време кај целиот христијански свет. Како религиозен празник не се прославуваше само за време на комунизмот во социјалистичките земји. Во тој период не се одредуваше неработен ден, но и самата држава не го попречуваше јавното собирање кај народот. Истото се однесуваше и за празникот на Христовото раѓање - Божиќ.

Велигден различно се прославува во двете поделени цркви. Во Македонија, Србија и Црна Гора и Русија, овој празник се прославува по стариот Јулијански календар, додека останатите православни држави го прославуваат по новиот Грегоријански календар. За определување на датумот кога се прославува Велигден во православниот свет, се земаат предвид неколку работи. Прво, датумот треба да биде после пролетната рамноденица (21 март), после Еврејскиот празник Пасха (Paschal - 14 Нисан по Еврејскиот календар) и во првиот ден недела после полната Месечина. За главен меридијан се зема меридијанот што поминува низ Ерусалим, поточно низ гробот на Исус Христос (околу 35 степени и 15 минути источно од Гринич).

На самиот празник се прославува Христовото воскреснување и празникот секогаш се прославува во недела. Според Евангелието на Матеј, Исус Христос е роден за време на владеењето на Јудејскиот цар Ирод, кој умрел во 4-та година п.н.е. Се претпоставува дека Исус Христос е роден некаде помеѓу 4-та и 7-та година п.н.е. Не е одреден датумот на неговото раѓање, но според некои документи се спомнува 23 октомври. Неговото распнување се случило на 13 Нисан според Еврејскиот календар, еден ден пред големиот Еврејски празник Пасха (празникот Пасха е најголем Еврејски празник, кога се прославува преминувањето на Мојсеј и Евреите преку Црвеното море; тоа се случило во 3761 година п.н.е; во Израел, празникот се прославува седум дена). Воскреснувањето се случило на 15 Нисан според Еврејскиот календар (повеќе за Еврејскиот календар ќе може да прочитате следниот петок).

За долгорочно одредување на денот кога се прославува Велигден, во православната црква се користи Гаусовата формула. Неа ја има добиено Карл Фридрих Гаус (Carl Friedrich Gaus 1777-1855), еден од најголемите светски математичари. Докторирал на 22 години и бил директор и професор по астрономија во Готингем. Ја има одредено патеката на астероидот Церес, го пронашол магнометарот и извршил мерења на магнетното поле на Земјата. Мерката за магнетна индукција го носи неговото име. Неговиот лик беше на банкнотата од 10 германски марки.

Формулата е формирана на следниот начин:

R1 = година мод 19
R2 = година мод 4
R3 = година мод 7
RA = 19 х R1 + 16
R4 = RA мод 30
RB = (2 x R2) + (4 x R3) + (6 x R4)
R5 = RB мод 7
RC = (R4+R5) + 13 Јулијански денови


За пример, ќе го земеме одредувањето на Велигден за 2005 година.

R1 = 2005 / 19 = 105,526 - 105 = 0,526 x 19 = 9,999 = 10
R2 = 2005 / 4 = 501,25 - 501 = 0,25 x 4 = 1
R3 = 2005 / 7 = 286,428 - 286 = 0,428 x 7 = 2,999 = 3
RA = 19 x 10 + 16 = 206
R4 = 206 / 30 = 6,866 - 6 = 0,866 x 30 = 25,999 = 26
RB = (2 x 1) + (4 x 7) + (6 x 26) = 170
R5 = 170 / 7 = 24,285 - 24 = 0,285 x 7 = 1,999 = 2
RC = (26 + 2) + 13 јулијански денови = 28 + 13 = 41

RC = 41 или 1 мај по Грегоријанскиот календар (види ја горната табела)

Празникот Велигден секогаш го менува датумот, но денот секогаш мора да се падне во недела. Затоа доаѓа до поместување и на други верски празници во текот на годината. На пример, постот за празникот Велигден започнува 7 седмици пред самиот празникот и за 2005 година почна на 14 март. Претходниот ден е празникот Прочка (простување на гревовите) и овој празник секогаш го менува датумот во сооднос со Велигден, но и тој секогаш се паѓа во ден недела. 40 дена по Велигден е празникот Спасовден, и овој празник секогаш се паѓа во четврток. Десет дена по овој празник, или 50 дена по Велигден е празникот Духови (Света Тројца) - ден на мртвите, и овој празник секогаш се паѓа во ден недела. Пред празникот Велигден се т.н. посни денови. Постот во православието е воздржување од мрсна и изобилна исхрана и од сите грешни задоволства, наслади и уживања. И самиот Исус Христос постел 40 дена пред да ја започне својата јавна проповед и да биде искушуван. Покајанието е врвен добродетел во животот на христијаните. Тоа е воскресение на душата и победа на гревот. Преку покајанието и исповеста душата се раѓа за нов и свет евангелиски  живот.

Останатите поголеми верски православни празници се:

  •   7 јануари       Божиќ (Христово раѓање);
  •   9 јануари       Свети Стефан;
  • 19 јануари       Богојавление Водици;
  • 31 јануари       Свети Атанас;
  • 15 февруари   Сретение Господово;
  • 22 март            Младенци;
  •   7 април          Свето Благовештение;
  • 24 април          влегувањето на Исус Христос во Ерусалим – Цветници;
  •   6 мај               Свети Ѓорѓиј – Ѓурѓовден;
  • 24 мај               Свети Кирил и Методиј;
  •   3 јули             Наум Охридски чудотворец;
  •   7 јули             раѓањето на Свети Јован Крстител – Иванден;
  • 12 јули             Свети Петар и Павле;
  •   2 август         Свети Илија – Илинден;
  •   9 август         Свети Климент;
  • 19 август         Преображение на Исус Христос;
  • 28 август         Голема Богородица;
  • 21 септември   Мала Богородица;
  • 27 септември   Крстовден;
  • 27 октомври     Петковден;
  •   8 ноември       Митровден;
  • 19 декември    Свети Никола.

Посни денови во годината се секоја среда и петок (освен т.н. редовни седмици), водокрст 18 јануари, Свети Јован Крстител 11 септември, Крстовден 27 септември.

Повеќедневни пости се:

  • Велики пости              од 14.03 до 30.04;
  • Петрови пости            од 27.06 до 11.07;
  • Богородични пости    од 14.08 до 27.08;
  • Божиќни пости           од 28.11 до 06.01.

Во среда и петок не се пости во следниве седмици:

  • седмица на митарот и фарисејот     од 20.02 до 26.02;
  • месопусна седмица                            од 06.03 до 12.03;
  • светла седмица                                  од 01.05 до 07.05;
  • недела Духовденска                        од 19.06 до 25.06 и
  • недела од Божиќ до Водосвет         од 07.01 до 17.01.

Одредени празнични постови го поместуваат датумот во согласност со Велигденските пости.

Во наредните години Велигден се паѓа во следните денови:

  • 2006 година - 23 април;
  • 2007 година - 8 април (се поклопува со католичкиот Велигден);
  • 2008 година - 27 април;
  • 2009 година - 19 април;
  • 2010 година - 4 април (се поклопува со католичкиот Велигден);
  • 2011 година - 24 април (се поклопува со католичкиот Велигден)

За другите години погледнете ја следнава табела.


Напомена: Гаусовата формула важи за периодот од 28 февруари 1900 година до 1 март 2100 година. После тоа, наместо RC = (R4 + R5) + 13 Јулијански денови ќе се пресметува RC = (R4 + R5) + 14 Јулијански денови, поради тоа што 2100-та Јулијанска година ќе биде престапна година, а во Грегоријанскиот календар таа ќе биде проста година. Истото се однесува и за периодот пред 1900 година, кога разликата изнесувала 12 дена.



Изменето од Sunny - 09.Април.2010 во 17:25
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Април.2010 во 16:57
Земјата влезе во нова геолошка ера?!

Имајќи в предвид на промените кои ги предизвикал човекот, дел од светските научници сметаат дека Земјата влегла во нова геолошка ера.

Поради загадената животна средина, неочекувано големиот раст на жители, урбанизацијата, експлоатацијата на природните ресурси и потрошувачката на големиот дел фосилни горива, човекот предизвикал такви промени на Земјата кои ќе се чувствуваат во текот на повеќе милиони години.

Оваа теорија ја изнела група на научници, меѓу кои најпознатиот климатолог Вил Стефен и атмосферскиот хемичар и добитник на Нобеловата награда за хемија, Пол Кручен. Штетите кои ги предизвикал човекот ќе доведат, според нив, до шесто масовно уништување во историјата на Земјата. Тоа ќе предизвика истребување на милиони билни и животински врсти.

Од почетокот на индустриската ера во 19-тиот век многу животински врсти исчезнаа од планетата. Новата ера за која научниците собираат докази ќе биде наречена антропоцен, од старогрчкиот збор Anthropos.

Научниците ќе ги земат в предвид сите промени на планетата кои настанале поради луѓето, под влијание на загадената животна средина и експлоатацијата на минерали. Своите истражувања научниците ќе ги претстават за три години на Меѓународната унија на геолошки науки на која според најавите ќе се одлучи дали Земјата влегла во нова геолошка ера, објавено е во американското списание Environmental Science & Technology.

Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2010 во 18:13
Промена на магнетните полови на Земјата


Зошто магнетното поле на Земјата се менува на неколку милиони години? Дали постои причина или повеќе причини за оваа појава, најдобро е да се проучува состојбата на течното железо во кората на Земјата, неговата структура и неговите долгорочни циклуси.

Главната компонента на магнетното поле на Земјата која ги дефинира магнетните полови е т.н. дипол генериран од конвекцијата на стопен никел и железо во надворешниот дел од кората (внатрешниот дел е цврст, односно се врти секундарно). Тука се поставува прашањето за фината структура, дали надворешната кора е еквивалентна со млазовите струења на Земјата. Неодамнешните истражувања на тим на геофизичари од Јапонија даваат одговор на некои од овие прашања.



На сликата е претставено како замислени суспендирани честички во течното железо во надворешниот дел на земјината кора се насочуваат во зоните, иако условите во геодинамото варираат. Делот кој е обоен претставува состојба на „сума на ротација” на течниот дел, каде што црвениот дел претставува позитивен (исток-запад) тек, додека пак синиот дел го претставува негативниот (запад-исток) тек. Од лево на десно е прикажано како течниот дел реагира на зголемувањето на Рајлиовиот број, кој е поврзан со силата која го одржува пловењето на течноста. Од одозгора па надолу на сликата е претставено како течниот дел реагира на зголемувањето на  брзината на целиот геодинамо систем.

Млазното струење на ветровите кои кружат околу Земјата и оние во атмосферата на гасовитите џинови Јупиер и Сатурн се примери за зонско  струење. „Заедничко за овие зонски струења е тоа што тие се создаваат спонтано во турбулентни системи, каква е и состојбата на  надворешната кора на Земјата, и се претпоставува дека таму постои зонско струење во течното железо на надворешната кора”. Акира Кагејама (Akira Kageyama) и стручниот тим од Кобе Универзитетот истакнуваат дека пронашле обележја на секундарен тек, кога тие направиле модел на геодинамото на Земјата, се со цел да добијат подетална слика од конвекцијата на земјината надворешна кора. Секундарниот тек постои во внатрешниот дел како радијални линии, обиколени со цилиндрични зонски текови кои се вртат во правец исток-запад. Ова истражување беше спроведено преку симулација на суперкомпјутер кој се наоѓа во Јапонија и кој нуди податоци за проучување на овој секундарен ефект.
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Април.2010 во 18:49
За прв пат мапирана темна материја во далечните галаксии


Темната материја единствено може да се забележи преку нејзиното гравитационо дејство. Во јата и групи од галаксии, тоа се манифестира како слаби гравитациски леќи, чие присуство е тешко за утврдување. Еден начин за попрецизно да се измери степенот на гравитациското искривување, а со тоа и на дистрибуцијата на темната материја, е да се користи емисија на X-зраци од топлата плазма во внатрешноста на некое јато за да се лоцира центарот на масата. Токму тоа е целта на COSMOS (Cosmic Evolution Survey) - астрономска студија дизајнирана за да се согледа формирањето и еволуцијата на галаксиите како функција од космичкото време и структурите со голем размер.

Густина на галаксиите во COSMOS полето, каде боите го претставуваат црвеното поместување на галаксиите, во граници од 0,2 (сина) до 1 (црвена). Розевите контури претставуваат долготрајни емисии на X-зраци, набљудувани од XMM-Newton

Разбирањето на природата на темната материја е едно од клучните отворени прашањата во модерната космологија. Еден од начините со кои се пристапува кон прашањата ја користи врската помеѓу масата и луминозноста (сјајот) на галаксиите и јатата, кои се поврзани преку емисијата на X-зраците. Ова е индикација за масата на обичната („барионска“) материја, како и нејзината вкупна маса (барионска плус темна материја) детерминирана од гравитационите искривувања. До денес, ваквата врска е потврдена само за блиските галактички јата. Новиот проект ги вклучува Институтот за вонземска физика Макс Планк (MaxPlanck Institute for Extraterrestial Physics - MPE), Лабораторијата за Астрономија во Марсеј (LAM) и Националната лабораторија Лоренс Беркли (Lawrence Berkeley National Laboratory). Сите овие направиле поголем прогрес во проширување на врската кон многу подалечни и помали структури. Тимот научници искористи еден од најголемите примероци на селектирани групи на јата и галаксии, а податоците се добиени од набљудувањата од опсерваторијата за X-зраци на Европската Вселенска Агенција (ESA), XMM-Newton.

Како резултат на големата ефективна површина на набљудување, XMM Newton е единствениот телескоп за X-зраци кој може да ги детектира слабите нивоа на емисии од далечните групи и јата на галаксии. „Можноста на XMM-Newton да обезбеди голем каталог на групи на галаксии од длабоката Вселена е зачудувачка” вели Алексис Финогуенов (Alexis Finoguenov) од Универзитетот во Мериленд и еден од ко-авторите на трудот кој неодамна беше објавен во Журналот за Астрофизика, во кој се соопштуваат резултатите од истражувањето. За да се пресмета масата на просечното искривување, мора да биде познат нејзиниот центар. Познавајќи го центарот на масата од анализата на емисијата на X-зраците, Алекси Лотò, (Alexie Leauthaud) од Беркли и неговите колеги ќе можат да користат слаби гравитациски леќи за да ја претпостават целата маса на далечните групи и јата со точност поголема отколку претходно. Завршниот чекор е да се определи сјајноста на X-зраците на секое од јатата и да се спореди со определената маса од послабите искривувања.

Објектот COSMOS-XCL095951+014049

Потеклото на галаксиите може да се бара во слабите разлики во густината на топлиот, ран Универзум. Трагите од овие разлики сѐ уште можат да се забележат како занемарливи температурни разлики (топли и ладни точки) во космичкато микробраново позадинско зрачење (CMBR). Една цел во проучувањето на еволуцијата на структурата е да се разбере темната материја и како така реагира со обичната материја која ние ја гледаме. Друга цел е тоа што можеме да научиме многу повеќе за темната енергија, мистериозен феномен кој ја одделува материјата и предизвикува забрзано ширење на Универзумот. Многу прашања остануваат неодговорени: дали темната енергија е константа или динамична? Или пак не е ништо друго освен илузија која е последица од (засега непознато) ограничување во Ајнштајновата Општа теорија на релативноста?

Алатките добиени од истражувањето на врската маса-луминозност ќе овозможат да се одговори на овие прашања за спротивната улога на гравитацијата и темната енергија во оформувањето на Универзумот, сега и во иднината.
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2010 во 20:26
Од примерок на ДНК произведена крв од сибирски мамути

Меѓународен тим научници успеа од примерок на ДНК да произведе крв од истребените сибирски мамути и така да се обиде да открие како овие древни цицачи успеале да  преживеат во условите што владееле на Северниот пол, иако првобитно ја населувале екваторијална Африка, јави Би Би Си. 

Проучувајќи ги примероците стари 25.000 до 43.000 години, истражувачите утврдиле дека овие мамути имале генетска адаптација која на хемоглобинскиот протеин му овозможувала во нивната крв да се ослободува кислород во телото, дури и во време на ниски температури.

Благодарение на овој процес, сибирските мамути биле во состојба во услови на екстремен студ да ја намалат температурата на своите тела и така да го намалат губењето на топлината. 

Такво нешто денешните слонови, кои се директни наследници на мамутите, не се во состојба да изведат, наведуваат научниците. 



Крвта на мамутите е повторно создадена благодарение на примероците од ДНК на три мамути кои беа пронајдени смрзнати во Сибир, каде под покривката од мраз минале неколку десетици илјади години. 

На проектот во последните седум години работеа меѓународен тим истражувачи во соработка со универзитетот во Аделаида, во јужна Австралија.


Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 14>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.