Испечати | Затвори го прозорот

Научни вести

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Наука
Опис на форумот: Астрономија, Генетика, Физика...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=21594
Датум на принтање: 21.Ноември.2024 во 16:42
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Научни вести
Постирано од: Sunny
Наслов: Научни вести
Датум на внесување: 25.Јануари.2010 во 18:03
Мислам дека на подфорумов му фалеше една тема, каде ќе можеме да ги постираме „најновите“ откритија во науката и да ги продискутираме. 


Ко за почеток, најдов една статија со неколку научни откритија во 2009:

Научни откритија во 2009

Креативните научни умови минатата година беа особено вредни, на сите полиња, но сепак само дел од нив успеаја да се истакнат во своето поле на експертиза.

Нашиот најстар предок – „Арди“


Научниците годинава го најдоа скелетот на најстариот предок на човекот – женката „Арди“, стара 4,4-милиони години. „Арди“ била висока 1,2 метри со долги раце и прсти, кратки нозе и мала глава. Арди (Ardipithecus ramidus), која е најблизок познат предок на шимпанзата и на луѓето, понуди нови докази за потеклото на човечката раса. Кусата Арди, тешка околу 50 килограми, живеела во шумски предели, одела исправено на две нозе, а благодарение на долгите раце била способна да се качува по дрвја. Скелетот на Арди, кој е откриен во Етиопија, е повеќе милиони години постар од досега познатиот најстар предок на човекот, женскиот фосил „Луси“.

Декодиран човечкиот геном

Три години откако научниците соопштија дека ја составиле мапата на човечкиот генетски код, годинава обелоденија дека конечно ја составила целата комплексна сложувалка. Декодираниот човечки геном отвора една нова ера во лекувањето на болестите. Геномот е збир на гени, кои пак ја формираат ДНК-та во која се содржат сите информации и инструкции за животот на организмот. Секој ген содржи одредена информација, односно насока за формирањето на живот. При мутација на гените доаѓа до појава на болести. Истражувачите се надеваат дека откако ќе се прочитаат сите информации во генетскиот код ќе можат да ги поправат грешките во гените и да ги излечат болестите. Сепак драстични промени во областа на медицината можеме да очекуваме за неколку децении.


Вода на Месечината

Научниците открија вода на Месечина, која ја создаваат соларните ветрови. Водата активно се движи по површината на Месечината, формирајќи се и разделувајќи се при мешање со честичките прашина. Научниците пронајдоа спектографски доказ за постоење вода, за која се чини дека е погуста на половите. Сепак кога се вели „вода на Месечината“ не станува збора за езера, океани, па дури ни бари.

Докажана теоремата на Ленглендс

Во 1979 канадско-американскиот математичар Роберт Ленглендс разви амбициозна и револуционерна теорема која поврзува две гранки од математиката, теорија на бројки и теорија на групи. Теоремата на Ленглендс ја опфаќа длабоката сразмерност со равенките со цели броеви. Ленглендс бил свесен дека идните генерации ќе имаат задача да ги докажат неговите претпоставки. Триесет години подоцна виетнамскиот математичар Нго Бао Чаи, кој во моментов  работи во Paris-Sud универзитетот и Институтот за напредни науки (IAS) во Принстон, пред неколку години успеал да ја докаже теоремата на Ленглендс, но годинава неговиот доказ е потврден.

Телепортирање

Нашата реалност се повеќе се доближува до онаа од Star Trek (Ѕвездени патеки). Научниците на Универзитетот во Мериленд успешно телепортираат (пренесоа) податоци од еден атом на друг, ставен во сад оддалечен еден метар. Оваа е особено важно достигнување во областа позната како квантната обработка на информации. Сепак експериментот можеби не е толку возбудлив како што е телепортирање тело од едно на друго место, пред се затоа што едниот атом само го трансформира другиот атом, кој пак почнува да се однесува како првиот. Сепак телепортиорањето од атом на атом има голема важност за создавање на супербезбедни и ултра брзи компјутери.

Акцелераторот го пушти првиот сноп протони

Тоа е најголемиот научен експеримент кој воопшто досега е направен. Големиот хадронски акцелератор (LHC) на ЦЕРН (Европската организација за нуклеарно истражување) беше внимателно планиран четврт век, а за негова изградба беа потребни 10 милијарди долари да се изгради. Акцелераторот е сместен во 17-километарски подземен прстен. LHC е дизајниран да ги забрзува честичките на температура пониска од онаа длабоко во Вселената, притоа постигнувајќи брзина приближно до онаа на светлината. По серијата проблеми и одложувања, научниците на ЦЕРН на 29 ноември го пуштија првиот сноп протони преку најголемиот акцелератор на честички. Ова е голем чекор на патот кон големите научни откритија кои се очекуваат во 2010 година. Уредот, вреден шест милијарди евра, служи за разорување на честиците со катаклизмичка сила со што би се создале услови најблиски на оние кои настанале непосредно по „Големата експлозија“. Истражувачите се надеваат дека со помош на хадронскиот акцелератор ќе пронајдат траги од „црната материја“ од која теоретски е створен 96 отсто од универзумот.

Откриен планетовиден објект

Меѓународен тим од астрономи соопшти дека забележале објект кој наликува на планета како орбитира околу ѕвезда слична на нашето сонце. Ѕвездата се наоѓа на околу 50 светлосни години од Земјата, а планетовидниот објект е 10 до 40 пати поголем од Јупитер. Користејќи се со новиот инструмент за откривање планети Субару телескопот на Хаваи, научниците успеале да добијат директни слики од новиот објект – кафено џуџе (згасната ѕвезда). Иако директни слики од други соларни системи се снимани и претходно, ова е прв случај да се сними ѕвезда слична на Сонцето и по големина и по температура. Научниците велат дека се изненадени од положбата на планетовидното небесно тело GJ 758 B, бидејќи досега се сметало дека големите планети се наоѓаат најдалеку од ѕвездите. GJ 758 B од својата ѕвезда е оддалечено колку што Нептун е оддалечен од Сонцето.


-------------
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    



Коментари:
Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 27.Јануари.2010 во 13:53
Откриено зошто астероидите ја менуваат бојата

Научниците конечно ја разрешија мистеријата со различната боја на астероидите. Според нивните докази Земјата ја „менува бојата“ на астероидите така што ги „размрдува“ додека тие поминуваат покрај неа и влегуваат во нејзината атмосфера, пренесува BBC. Со ова откритие конечно знаеме зошто метеорите кои паѓаат на Земјата или поминуваат блиску до неа имаат различна боја отколку во Вселената.

Истражувањето беше опишано во најновиот број на магазинот Nature, а професорот Ричард Бинзел од Институтот за технологија во Масачусетс објасни како неговиот тим со телескопи ја следел бојата на астероидите во вселената и лабораториски ги споредил со оние кои паднале на земјата.

- Многу астероиди се црвенкасти. Соларниот ветер ги оштетува нивните минерали и ги претвора во црвени, како да изгореле на сонцето, изјави Ричард.

Сепак, некои астероиди кои поминуваат близу Земјата и паѓаат на неа немаат црвенкаста боја како што научниците објаснуваат кога ги гледаат во Вселената.

- Како се приближуваат до Земјата, така тие доживуваат потрес. Земјата едноставно ги раздрмува и им ја менува површината, а со тоа и бојата, додаде Ричард Бинзел.



-------------
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    


Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 27.Јануари.2010 во 15:18
Oбјавена точната вистина за јаболкото на Њутн

Текстот во кој се говори за јаболкото и за гравитацијата и кој беше повод за една од најпознатите анегдоти во историјата на науката, сега на сите им е достапен на интернет.

Станува збор за познатата приказна дека кога една јаболко му паднало на главата на британскиот физичар Исак Њутн (1643-1727), го поттикнало да го постави општиот закон за гравитацијата кој ги реши многуте тајни што им создаваа главоболки на научниците пред него.

Бегајќи од чумата која во 1666 година го зафатила Лондон, младиот Њутн се засолнил на селски имот во родниот Вулсторп во Линконшир. Анегдотата вели дека додека се одморал во дворот размислувајќи за мистериите на универзумот, врз главата му паднало јаболко и истиот момент му „светнала“ идејата за теоријата на гравитација.

Оваа приказна, несомнено со текот на времето ја „разубавиле“, како самиот Њутн, така и генерациите научници и професори по него со цел учениците полесно да го запомнат еден од основите закони на физиката.

Сега, меѓутоа, секој кој има пристап до интернет може да го види ракописот во кој се опишува како славниот британски научник, благодарејќи на падот на јаболкото ја развил теоријата за гравитација.

Ракописот, кој во дигитална форма ја објави Кралството здружение од Лондон, е напишан  во 1726 година од современикот на Њутн, Вилијам Стакли, археолог и автор на првата биографија на најголемиот британски научник („Мемоарите на сер Исак Њутн), по заедничката вечера на која  Њутн ја раскажал анегдотата за јаболкото.

Ракописот, кој соддржи најдетална верзија на познатата приказна, најверојатно ќе разочара многумина затоа што во него никаде не се споменува дека јаболкото го погодило Њутн по глава туку само се зборува за начинот на кој падот на овошјето го навело на размислување.

Њутн оваа анегдота му ја раскажал на Стакли 50 години по настанот, па многумина веруваат дека ја измислил за да го разоноди својот соговорник.

- Приказната сигурно е вистинита, но со време е разубавена, вели Кит Мур, директор на архивата на Краското здружение.

На имотот Вулсторп, кој денес е под заштита на државата, и натаму расте истиот вид јаболка како и во времето на Њутн - сортата „Цветот на Кент“, која е најмногу употребувана за изработка на компоти и џемови.

Анегдотата, макар и да е плод на фантазија на еден старец, остана запишана во историјата на науката како една од најдобрите. Меѓу нив се и не помалку славната приказна за тоа како Архимед го открил законот за силата додека се капел во када, како и анегдотата врзана за австралискиот физиолог и нобеловец Ото Леви, кој наводно во сон дошол до докази за начинот на пренесување на нервни импулси преку невротрансмитер.


-------------
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    


Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 29.Јануари.2010 во 01:20
NASA лансира радари за испитување на аномалиите на Земјата

NASA објави дека ќе лансира радар кој ќе треба да ги испита грешките и деформациите кои се случија по разорниот земјотрес во Хаити.

Американската вселенска асоцијација планира да лансира серија на летала кои ќе бидат опремени со современи воздушни радари за испитување на аномалиите и грешките на Земјината кора.

Научниците ги завршија подготовките околу тромесечното воздушно истражување на Централна Америка, а додадоа и серија летови над островите во океанот.

Радарите ќе ги сликаат деформациите кои настанале на Земјината површина и оставиле геолошки промени кои се неминовни по земјотресите, а кои можат да се забележат само од воздух.



-------------
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    


Постирано од: fiks
Датум на внесување: 30.Јануари.2010 во 10:49
Северниот магнетен пол бега во Сибир

Минатата година магнетниот северен пол се поместил за 64 километри и практично побегнал од Канада кон Сибир, создавајќи им на научниците уште една главоболка. Магнетните полови и Земјиното магнетно поле постојано се поместуваат, но толку големо движење не е забележано од кога започнале да се следат тие движења, дури ни во последните две децении, колку што траат екстремните настани на тоа поле.


Движењето на магнетното поле на Земјата секако зависи од настаните во нејзиното јадро, но тие промени не можат лесно да се протолкуваат. Едно е јасно: северниот (магнетен) пол од 1800 до 1900 година се поместувал за 15 километри годишно, потоа полека се забрзувал, додека во 80-те години не се зголемила брзината од 55 до 60 километри годишно и така стигна до минатогодишниот рекорд. Истовремено е забележано и значајно слабеење на магнетното поле на Земјата од други пореметувања на полињата.

Дански научници од Центарот за вселенски истражувања дојдоа до заклучок дека за тоа се виновни движењата во течниот дел на Земјиното јадро и веруваат дека сето тоа означува и почеток на свртување на магнетното поле - наопаку. Тоа значи дека магнетизмот на сегашното северно магнетно поле преминува на јужниот географски пол и обратно.

- Варијациите во магнетното поле сосема се непредвидливи и на некои делови на Земјата можат посебно да се забележат. На пример, во 2003 година биле многу изразени во Австралија, во 2004 година се појавиле и во Јужна Африка. Последните месеци и над Бразил се отворила тркалезна „дупка“ каде магнетното поле било многу послабо. Сето тоа може да значи почеток на свртување на магнетното поле на Земјата, објаснува геофизичарот Нилс Олсен.

Свртувањето на магнетното поле на Земјата не значи уништување на светот, туку нормален процес низ кој планетата поминала веќе десет пати. Во историјата на Земјата магнетните полови ја менувале положбата на секои 600.000 години, па последната промена доцни - од претходната поминале веќе 750.000 години.

Сепак, треба да се каже дека никој не знае, колку трае тој процес, ниту точно какви последици може да има. Ако промената трае 100 или 1000 години, слабеењето на магнетизмот на Земјата може да има лоши ефекти, бидејќи тој не заштитува од вселенското и сончевото зрачење. Исто така, можно е магнетните аномалии, ако се зголемат, да ја пореметат  работата на сателитите, летовите на авионите, целиот систем на ГПС - па и животот на многу животински видови, како што се пчелите или птиците преселници, кои се раководат според „вградени компаси“...

Формирање на магнетно поле

Магнетното поле на Земјата се формира во течниот дел во јадрото на планетата.

Железото во течна состојба постојано се поместува и така создава електрична струја која го произведува магнетното поле.

Слабеење

Магнетното поле на Земјата е се послабо. Од 1900 година до денес драстично е ослабено, но причината не е позната.


-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: ManushkA
Датум на внесување: 30.Јануари.2010 во 15:47
Најладното место во Сончевиот систем е -249 степени?!

Иако претходно се веруваше дека на најладното место на Месечината температурата е 238 степени под нулата, научниците пронајдоа ново најладно место во Сончевиот систем. На него најверојатно е неверојатни -249 степени Целзиусови.

Орбитерот на NASA користејќи ги своите мерни инструменти ја измерил најниската температура во кратер на Месечината. Американските научници утврдиле дека кратерот се наоѓа на северната полутопка на Месечината.

- Месечината има најекстремни термални услови од сите тела во Сончевиот систем. Средната температура преку денот се подигнува за 127 Целзиусови степени на екваторот, а на половините навечер е многу ладно, изјави еден од истражувачите од Универзитетот во Лос Анџелес.

Своите достигнувања научниците ги претставија на годишниот собир на Американската унија на геофизичари.



Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 30.Јануари.2010 во 17:53
brrrrrrrrrrrrr... abe ladno bilo na Mesecinata изненадување
Se premisliv ne sakam da sedam na polna mesecina голема%20насмевка


-------------
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    


Постирано од: fiks
Датум на внесување: 30.Јануари.2010 во 18:10
Чудна работа,најстудено место во Сончевиот систем Месечината???
 
А многу подалечни објексти има,како ли е ова можно.
 
Сани ај пробај некако ова разјасни го,не ми иде идеја што би била причина за ова???


-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 30.Јануари.2010 во 18:42
Да малку е чудно, како што се доближуваме до Сонцето некако логично е да имаме повисоки температури, а најладните места да се наоѓаат во најоддалечените предели од Сонцето, ама истата вест ја најдов и на http://dsc.discovery.com/news/2009/09/18/coldest-moon.html - Discovery News .

Ова е до сега најниската измерена температура во Сончевиот систем, но тоа не ја исклучува можноста на Плутон, на пример, да има пониски температури или на некој негов соседен објект. Сигурно и тамошните објекти имаат некој кратер, како овој на месечината, но нивната оддалеченост и нашата технологија не ни дозволуваат да го регистрираме тоа, бар за сега. среќа



Еве ја веста  и од http://www.astronomija.com.mk/vest.asp?id=1936 - www.Astronomija.com.mk :


Месечината - најладно место во Сончевиот Систем


Според најновите мерења направени од Лунарниот орбитер за извидување (Lunar Reconnaissance Orbiter - LRO), најладното место во Сончевиот систем се наоѓа во кратерот Хермит, на северниот пол на Месчината. Измерената температура на тлото во кратерот е дури -249°C, додека на јужниот пол е само малку потопло т.е. -238°C.

Локацијата на кратерот Хертмит на компјутерски генерирана мапа на Месечината

Месечината нема сопствена атмосфера, а наклонетоста на оската е незначително мала, 1.54°. Таа речиси и да нема годишни времиња. Температурните разлики помеѓу ноќта и денот се многу големи и се движат од 150°C во период од денот кога Сонце директно го грее тлото на Месечината, па до  -150°C кога почвата е во сенка. Заради ова сите екипажи на мисијата Аполо слетувале кога на Месечината било утро, за техника да може да гииздржи овие температури кои се двиеле околу  80°C.

Кратерот Хермит има димензија од 114x114 km и се наоѓа речиси на полот: 87.3° западно и 86.4° северно. Ѕидовите на овој кратер можат да се видат и со аматерски телескоп во период погоден за негово набљудување. Неговата површина никогаш не е изложена на Сончевите зраци и нема никаква геолошка активност, па затоа измерените температури се толку ниски.

LRO со своите инструменти, фотографиран непосредно пред неговото лансирање кон Месечината

Леталото LRO е прво во низата американски летала, како дел од програмата за повраток на Месечина. LRO е опремен со многу софистицирани иструменти меѓу кои е и "Diviner", кој прецизно мери температура на почвата на Месечина. Во комбинација со други инструменти задача на "Diviner" е да најде вода во цврста состојба на нашиот природен сателит. Овакви места како што е кратерор Хермит  се потенциални места за пронаоѓање на водениот мраз и каде би се стационирале евентуалните идни бази на Месечина. Леталото LRO ќе остане забележано и по успехот во тоа по прв пат да ги забележи остатоците од мисиите Аполо на Меcчината и така конечно да ги замолкне творците на теориите на заговор.


-------------
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    


Постирано од: fiks
Датум на внесување: 30.Јануари.2010 во 18:54
Значи не ја грее сонце никогаш таа точка.
Прво да го замислам малку како оди,после ќе прајме муабет.голема%20насмевка


-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 30.Јануари.2010 во 19:36
Па и не е чудно, Месечината како небесен објект без сопствена атмосфера, се што се случува на нејзината површина зависи од надворешни услови.
Бидејќи нема извори на внатрешно затоплување, како Земјата на пример, нејзината температура директно зависи од Сончевата енергија,  апсорпцијата на сон. зраци ќе ја диктираат моменталната температура, неможноста таа температура да се задржи, поради немањето сопствена атмосфера, доведува до драстични промени на деноноќната разлика во температурите.

Површинската структура на Месечината е од минерална природа, со што „преносот“ на температурата е минимална и местата кој немаат директно влијание од Сонцето се со се' помала температура. Просто кажано, Месечината нема своја прекривка, како другите планети и нема што да ја здржува топлината на неа, па и дополнително да ја загрева.

Поради ова мислам дека е можно Месечината да има помала температура од останатите планети во нашиот Сончев систем, кој колку толку поради сопствената атмосфера успеваат да ја избалансираат некако таа температурна разлика.

Но пак ќе кажам, не е сопрно дека може да има објект без атмосфера во крајните делови на нашиот Сончев систем, кој исто би имал кратери како Месечината, на кој нема директни Сончеви влијанија и каде температурите се помали, но токму нивната таква положба ни ја отежнува можноста ние да го забележиме тоа. среќа

-------------
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    


Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 02.Февруари.2010 во 01:02
НЕАНДЕРТАЛЦИТЕ БИЛЕ МЕТРОСЕКСУАЛЦИ? трепкање

Научниците тврдат дека пронашле убедливи докази дека неандерталците пред 50.000 години цртале по своите тела, а пронајдените школки со остатоци од пигменти им служеле како садови за „шминка“. 

Школките се пронајдени на две археолошки локации во југот на Шпанија. Истражувачите велат дека ваквото откритие ги побива тврдењата  дека неандерталците биле со плиток ум, туку напротив биле способни своите размислувања да ги искажат симболички. 

Предводникот на истражувањето, професорот Жоао Зилао вели дека со својот тим ги прегледал школките кои служеле како садови за мешање и чување пигменти. Претходно во Африка откриени се црни стапчиња со пигменти на манган, кој неандерталците веројатно ги користеле за бојадисување на телото. 

- Ова се први сигурни докази дека користеле козметика. Употребата на овие комплексни средства е нешто сосема ново. Станува збор за нешто повеќе од бојадисување на телата, вели Жилао. 

Научниците откриле грутчиња жолт пигмент, кој веројатно е користен како основа. Исто така пронајдена е и црвена пудра, измешана со честички од сјаен, црн минерал. Истражувачите сметаат дека некои од јарко обоените школки неандерталците ги носеле како накит.

Досега многумина научници сметаа дека само модерните луѓе користеле шминка за разубавување и вршење ритуални обреди. Имајќи предвид дека во еден временски период, доцен палеолит, неандерталците и луѓето живееле заедно, Жилао истакнува дека ова откритие датира околу 10.000 години пред овој контакт.


-------------
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    


Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 02.Февруари.2010 во 01:07
ЗАТОПЛУВАЊЕТО НА КЛИМАТА НЕ Е ВИНОВНО ЗА СÈ! 


Снежните бури го отежнуваат сообраќајот
Велика Британија се соочува со најдолгиот студен бран досега. Во Пекинг беше измерено најстуденото утро од пред 40 години. На југот од САД владеат невидени мразови. Луѓето се прашуваат: каде е затоплувањето на климата? 

Студената зима во многу делови од нашава планета како да не одговара на предупредувањата на научниците дека штетните гасови во атмосферата ја затоплуваат климата на земјата. Меѓутоа, експертите уверуваат дека моменталните рекордни студови не го доведуваат во прашање глобалното затоплување, туку тие се исклучоци од еден долгорочен тренд. „Студовите се дел од т.н. климатски варијации“, објаснува научникот Гералд Мел од Националниот центар за истражување на атмосферата во Колорадо. И покрај затоплувањето на земјата „и во иднина ќе има рекордни студови, но поретко“. Деке Арндт од американскиот Центар за климатски податоци укажува на тоа дека, сепак, 2009 година ќе се вброи меѓу десетте најтопли години од 1880 година наваму. 

Снегот добредојден за љубителите на скијањето
Како последица на затоплувањето на климата од страна на луѓето многу почесто и посилно ќе се јавуваат временски екстреми како топлотни бранови, суши, невремиња, па дури и студени периоди. Меѓутоа, според научниците, сегашниве студови не се вбројуваат во овие екстреми, затоа што во принцип над населените области во северната хемисфера се наталожиле само големи арктички воздушни маси, објаснува научникот Арндт. „Арктичкиот воздух едноставно вее врз одредени делови на светот.“ Во атмосферата кружат силни воздушни стурења, односно од запад кон исток, меѓу Арктикот и тропските делови на Земјината полутопка, кои како еден вид мрежа го одвраќаат поларниот воздух. Во последно време, меѓутоа, овие струења добиваат цик-цак форма и се движат од север кон југ, а потоа се враќаат назад. Кога воздух доаѓа од југ, времето е потопло. Од оваа причина, минатата недела во Вашингтон и Аљаска беа забележани рекордни температури. Меѓутоа, врз источниот дел од САД и голем број други региони од исток вееше студен поларен возрух. Затоа во Пекинг температурите се спуштија до минус 16 степени, во Норвешка беа измерени дури минус 41 степен Целзиусови. Делови од Велика Британија потонаа во речиси половина метар снег. 

Летото во Австралија, сега во јануари, најтопло како никогаш до сега
Според научниците и експертите, ова цик-цак движење на воздухот е сосема нормално и може да се случува одвреме-навреме, објаснува метеорологот Мишел Ле Ро. Нејасно е, меѓутоа, зошто токму сега е толку многу изразено ова движење. Според метеоролозите, ова воздушно движење ќе почне да ослабува во наредните една до две недели. Ова особено ќе ги израдува луѓето на југот од САД, кои се обидуваат да ги спасат бербите на јагоди и друго овошје со милионска вредност. Во Мајами, изминативе денови туристите се шетаа во дебели пуловери и капути. 

За разлика од САД и Европа, во Австралија во моментов се измерени највисоки температури во последниве неколку децении. Изминативе десет години просечната температура изнесуваше 22,3 степени Целзиусови, соопшти метеоролошката служба во вторникот. Ова е највисоката температура од почетокот на мерењето на температурата во 1910 година. Просечната температура, во изминатите десет години, се наоѓаше половина степен над средната температура во периодот од 1961 до 1990 година. Поради високите температури дојде до суши, песочни бури и пожари. Инаку, 2009 година беше втора најтопла година од почетокот на мерењето во 1910 година. Според експертот за клима Дин Колинс причина за топлото време е затоплувањето на Земјината топка. „Во изминатите 60 години, секоја деценија е се’ потопла“, изјави Колинс за агенцијата АФП. Според него, ваков феномен не може да се нарече случајност, туку тоа е резултат на она што се случува во светот. 


-------------
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    


Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 02.Февруари.2010 во 01:09
Огромна експлозија ја откри најмасивната ѕвезда досега позната
28.01.2010

Сите супернова експлозии се насилни настани, но овој е најекстремен. Астрономите забележаа нов тип на екстремно светли космички експлозии за кои сметаат дека потекнуваат од исклучително масивни ѕвезди. Овој тип на експлозии е одамна предвиден, но досега беше незабележан. Како и сите супернови, и оваа експлозијата се верува дека го обележува крајот на животот на една ѕвезда. Но, во овој случај, таа ѕвезда можеби започнала со 200 пати поголема маса од масата на Сонцето.

Суперновата за која станува збор - SN2007bi, била забележана во 2007 во близина на една џуџеста галаксија. Научниците знаеле веднаш дека таа била поинаква бидејќи била 50 до 100 пати посветла од типичната супернова. Била видлива за набљудување и по две години, што е невообичаено подолг период споредено со други супернова експлозии. По анализите, астрономите објавија статија во научниот журнал Nature, потврдувајќи дека се поклопува со теоретските предскажувања за таканаречената пар-нестабилна супернова. Постоеа строги сомневања дека толку масивни ѕвезди би можеле некогаш да се формираат во Универзумот. Но, после ова откритие, веројатноста е уште поголема дека постоела ѕвезда со 200 Сончеви маси.

Уметничка претстава за  http://astronomija.com.mk/vest.asp?id=1195 - овој вид  супернови

Во пар-нестабилна супернова, ѕвездата се доближува до крајот на нејзиниот живот и ги дотрошува главните резерви на водород и хелиум, останувајќи со јадро составено најмногу од кислород. Во помали ѕвезди, во јадрото се одвиваат термонуклеарни реакции сѐ додека целата материја не премине во железо, а потоа колабира во Тип 2 супернова, оставајќи во сеќавање неутронска ѕвезда или црна дупка. Но, во случај на екстремно масивна ѕвезда, додека кислородот сѐ уште фузира во јадрото, се ослободуваат гама фотони кои се толку енергични што креираат парови електрони и нивната античестичка - позитрони. Што помасивна е ѕвездата, толку поголемо е производството на гама зрачење, а тоа од своја страна предизвикува почесто формирање на паровите електрон - позитрон, со што доаѓа до намалување на притисокот во јадрото на ѕвездата. Кога доаѓа до нарушување на балансот помеѓу притисокот од термонуклеарните реакции, кој делува во насока од јадрото нанадвор, од една страна и силата на гравитацијата, која делува кон јадрото, од друга страна, ѕвездата станува нестабилна, по што доаѓа до супернова експлозија. Единствената разлика со другите супернови е тоа дека кај супермасивните ѕвезди по експлозијата не останува ништо. Токму нестабилноста и формирањето на парот електрон - позитрон, е она што го дефнира името на овој тип супернова.

Откритието на ваков редок тип на супернова сугерира дека некои ѕвезди можат да пораснат во толку големи “ѕверови”, што долго беше тема на дебата.


-------------
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    


Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 02.Февруари.2010 во 01:14
Црните дупки сами ја регулираат својата маса


Црните дупки чија маса се движи помеѓу 7 и 25 сончеви маси и кои исфрлаат силни млазеви од честички и зрачење се нарекуваат микро-квазари. Најниско на мерната скала на црни дупки според масата се црните дупки со стеларни маси, додека на спротивниот крај се супермасивните црни дупки, каде спаѓаат и оние во квазарите кои имаат милиони до милијарди пати поголема маса од сончевата. Новите истражувања од областа на црните дупки, укажуваат на тоа дека млазевите од микро-квазарите е можно да претставуваат дел од некакво нивно „тајно оружје“ за одржување на нивните облици одн. големини.

Опсерваторијата на НАСА за детектирање на рентгенско зрачење, Чандра (Chandra), за првпат забележа ваква интеракција во еден микро-квазар, лоциран во насока на созвездието Орел и оддалечен од нас околу 40 000 светлински години. Овој систем, со ознака GRS 1915+105 (или само GRS 1915), содржи црна дупка која има околу 14 пати поголема маса од онаа на Сонцето и која се храни со материјалот од соседната ѕвезда придружничка. А со процесот на спирализирање на материјалот кон црната дупка се формира и акрециониот диск.


Оптичко-инфрацрвената слика направена од страна на Digitized Sky Survey укажува на густото поле околу GRS 1915, лоцирано во близина на рамнината на нашата Галаксија. Зумирано во квадратот горе лево е сликата направена до страна на Чандра на GRS 1915, еден од најсветлите извори на рентгенско зрачење во Млечниот Пат.
чниот Пат.
Новото откритие ја открива битката помеѓу млазевите, од една страна, и врелите ветрови од материјата од друга, која спирализира надолу кон црната дупка формирајќи го таканаречениот акреционен диск. Така и млазевите и врелиот ветер исфрлаат материја од протокот (движењето на материјата од ѕвездата придружничка кон црната дупка) кој во спротивно би придонесол за растење на црната дупка. Во овој повторувачки процес, кога ветерот исчезнува, млазот се појавува повторно.

Стапката на акреција одн. забрзување е променлива, но поради содејството стапката на изливање на материјата останува константна. Набљудувањето на целиот овој процес ни дава за право да се посомневаме дека црната дупка е способна сама да контролира колку материја да конзумира (или да не конзумира) во секој даден момент. 

Иако само-регулацијата е честа тема во дебатите за супермасивните црни дупки, ова откритие претставува првиот јасен доказ дека таа е својствена и за црните дупки со стеларни маси како и за микро-квазарите. Иако микро-квазарите и квазарите се разликуваат во маса со фактори од милиони, се смета дека и тие би требало да покажуваат слично однесување кога ќе се земат во предвид нивните различни физички величини.

Временскиот интервал во кој се случува промената во однесувањето на една црна дупка би требало да варира во пропорционалност со нејзината маса. Така на пример, едночасовниот интервал на промена во GRS 1915 би кореспондирал со околу 10 000 години за супермасивна црна дупка која тежи милијарда пати повеќе од Сонцето. 

Со оглед на тоа дека е невозможно да се направат толку детални истражувања во единечен систем на супермасивна црна дупка, со проучувањето на црните дупки со стеларни маси како во овој случај, можеме да научиме исклучително многу за црните дупки во целина.


-------------
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    


Постирано од: vlad0
Датум на внесување: 02.Февруари.2010 во 10:21

http://en.wikipedia.org/wiki/Large_Magellanic_Cloud - Large Magellanic Cloud

еве нешто од на википедија, а еве и дел од соддржината:


The Large Magellanic Cloud (LMC) is a nearby http://en.wikipedia.org/wiki/Irregular_galaxy - irregular http://en.wikipedia.org/wiki/Galaxy - galaxy , once thought to be a http://en.wikipedia.org/wiki/Satellite_galaxy - satellite of our own. http://en.wikipedia.org/wiki/Large_Magellanic_Cloud#cite_note-2 - [3] http://en.wikipedia.org/wiki/Large_Magellanic_Cloud#cite_note-3 - [4] At a distance of slightly less than 50 http://en.wikipedia.org/wiki/Kiloparsec - kiloparsecs (≈160,000 http://en.wikipedia.org/wiki/Light-year - light-years ), the LMC is the third closest galaxy to the http://en.wikipedia.org/wiki/Milky_Way - Milky Way , with the http://en.wikipedia.org/wiki/Sagittarius_Dwarf_Spheroidal - Sagittarius Dwarf Spheroidal (~ 16 kiloparsecs) and http://en.wikipedia.org/wiki/Canis_Major_Dwarf_Galaxy - Canis Major Dwarf Galaxy (~ 12.9 kiloparsecs) lying closer to the center of the Milky Way. It has a mass equivalent to approximately 10 billion times the mass of our Sun (1010 solar masses), making it roughly 1/10 as massive as the Milky Way, and a diameter of about 14,000 light-years. http://en.wikipedia.org/wiki/Large_Magellanic_Cloud#cite_note-4 - [5] The LMC is the fourth largest galaxy in the http://en.wikipedia.org/wiki/Local_Group - Local Group , the first, second and third largest places being taken by http://en.wikipedia.org/wiki/Andromeda_Galaxy - Andromeda Galaxy (M31), our own Milky Way Galaxy, and the http://en.wikipedia.org/wiki/Triangulum_Galaxy - Triangulum Galaxy (M33), respectively.



Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 04.Февруари.2010 во 21:27
Originally posted by Sunny Sunny напиша:


Вода на Месечината

Научниците открија вода на Месечина, која ја создаваат соларните ветрови. Водата активно се движи по површината на Месечината, формирајќи се и разделувајќи се при мешање со честичките прашина. Научниците пронајдоа спектографски доказ за постоење вода, за која се чини дека е погуста на половите. Сепак кога се вели „вода на Месечината“ не станува збора за езера, океани, па дури ни бари.




Не дигајте галама непотребно, тоа е урината на Нил Амстронг голема%20насмевка



-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.


Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 04.Февруари.2010 во 21:32
mozno e газење%20од%20смеење

-------------
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    


Постирано од: brza
Датум на внесување: 04.Февруари.2010 во 21:36
ma si igra majtap!....ne e samo na nil....i od drugite posle nego e.намигнување

-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 05.Февруари.2010 во 00:09
Брза големо%20гушкање, не те познав, си се маскирал со тоа шеширчињата голема%20насмевка

-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.


Постирано од: brza
Датум на внесување: 05.Февруари.2010 во 10:36
ooo,изненадување evancho, pa kazi ti samo,...ke go skinam ednoto sheshirche.....za da me poznaesh !намигнувањеголема%20насмевка

-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 10.Февруари.2010 во 17:35
Плутон ја менува бојата

Астрономите останаа вчудоневидени откако Плутон, последната планета во Сончевиот систем , започна да го менува својот изглед и местоположбата на нејзините замрзнати делови.

Новите фотографии од Хабл телескопот покажуваат дека бојата на „планетата-џуџе“ се менува, исто како и ледените слоеви.

Фотографиите кои во четвртокот, беа објавени од НАСА, покажуваат дека Плутон е поцрвен отколку што беше во последните неколку декади. Замрзнатиот нитроген на површината од планетата расте и се смалува, осветлува на северниот дел, а потемнува на јужниот.

-Малку е чудно да се видат овие промени кои се толку големи и толку брзи, вели астрономот Марк Биуе.

Од 1954-та до 2000-та година Плутон, не ја менуваше својата боја, но потоа црвените нивоа се зголемија за 20 до 30 отсто. Во периодот помеѓу 2000-та и 2002-ра нивоата повторно се стабилизираа.


P.S. Od 2007 godina navaka Pluton veke ne se smeta za planeta. голема%20насмевка


-------------
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    


Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 10.Февруари.2010 во 17:40
Атмосферата на Земјата е вонземска
08.02.2010

Новото истражување откри дека гасовите кои ја формирале земјината атмосфера и океаните не потекнале од внатрешноста на Земјата туку од кометите и метеорите од кои таа била опсипана за време на Доцното обилно бомбардирање. До овие нови докази е дојдено преку тестирање на вулканските гасови, при што истражувачкиот тим откри јаснa метеоритскa трага во составот на вулканските гасови. Ваквите нови сознанија ги доведоа до зклучокот дека вулканските гасови, всушност, немале значителен удел во формирањето на земјината атмосфера и дека нејзиното потекло, а со тоа и потеклото на океаните, е поинакво, односно најверојатно можеме да го најдеме во периодот на доцното бомбардирање од гас и материја која била богата со вода и која по составот била многу слична со кометите.

Според зборовите на лидерот на проектот, научникот Др. Грег Холанд (Greg Holland), сликите во учебниците на кои е прикажана прастарата Земја со големи вулкани кои исфрлаат гас во атмосферата ќе треба да бидат ревидирани.

Според теоријата на Доцното обилно бомбардирање, внатрешноста на нашиот Сончев Систем, околу 700 милиони години по неговиот настанок, била затекната од ненадеен силен дожд од отпадоци материја од неговото формирање кој несомнено имал огромно влијание врз Земјата која тогаш штотуку се формирала. Доказите кои ги имаме за да ја поткрепиме оваа теорија засега потекнуваат главно од определувањето на староста на примероците од Месечината, што укажува на тоа дека најголемиот дел од камењата стопени при судари со метеорити (impact-melt rocks), се имаат формирано токму во овој тесен временски интервал. А поддршка за теоријата на Доцното обилно бомбардирање даваат и заклучоците од новото истражување за потеклото на земјината атмосфера.

Уметничка претстава на периодот на Доцното обилно бомбардирање

Истражувачите го анализираа криптонот и ксенонот во гасовите од горните обвивки на Земјата до кои дојдоа со земање на примерок од гасовитото поле Браво Доум (Bravo Dome) во Ново Мексико. Тие открија дека двата благородни гасови имаат изотопски траги карактеристични на материјата од раниот сончев систем која е слична со меторитите, а не со материјата која ја наоѓаме во денешните атмосфера и мориња. Со ова се дошло до заклучок дека благородните гасови кои изобилувале во внатрешноста на раната Земја не придонеле во подоцнежното формирање на нејзината атмосфера. На значењето на ова истражување додава и фактот дека тоа е прво кое го утврдува точниот состав на криптонот присутен во обвивката на Земјата поради употребата на специјалните инструменти кои можат да ги забележат суптилните траги во примероците од внатрешноста на Земјата, а кои досега не им биле на располагање на научниците.


-------------
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    


Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 11.Февруари.2010 во 21:09
МЕСИНЏЕР ја направи првата глобална мапа на Мерк*р


Глобалната мапа на Мерк*р направена од сондата МЕСИНЏЕР

Првата глобална мапа на Мерк*р објавена од тимот на МЕСИНЏЕР ќе биде клучна при набљудувањата на планетата кога МЕСИНЏЕР ќе влезе во нејзина орбита во 2011. Мапата е направенa со помош на сликите кои ги направи опсерваторијата при трите прeлетувања покрај Мерк*р, последното од нив во Септември 2009, како и фотографии од сондата Маринер 10 во 1970. Правењето на овој глобален мозаик претставува главно постигнување за сите во тимот на МЕСИНЏЕР. Со ова се отвора можност сондата повеќе да не биде само мисија во прелет туку да стане постојана опсерваторија на највнатрешната планета на Сончевиот систем.

Иако правењето на ваква мозаична мапа изгледа лесно, сепак е вистински предизвик да се направи картографски точна мапа од слики со различна резолуција (од 100 до 900 метри по пиксел) и услови на осветлување при прелетувањето на леталото со брзина од 2 km/ѕ. Мали несогласувања при насочувањето на камерата и променливоста на големината на сликите може да придонесат за помали грешки. Правењето на една ваква мапа бара високо специјализиран софтвер. Повеќе картографски експерти од Центарот за астрогеолошки науки работеле на одбирањето на контролните точки потребни за конструирање на финалниот мозаик користејќи го Софтверот за слики и спектрометри (ISIS). За оваа конкретна мапа биле одбрани 5301 контролни точки, секоја од нив се наоѓа на најмалку 3 слики (18 834 мерења) од вкупно 917 слики. По крајните проверки е заклучено дека грешките се многу мали и прифатливи и изнесуваат 1/5 од пиксел на 100 метри што е одлична точност. Штом леталото влезе во орбита околу Мерк*р тимот ќе има можност да направи подобрувања и целата планета ќе биде картографирана во уште поголема резолуција. Оваа глобална мапа е достапна за спуштање од интернет на сајтовите на http://www.mapaplanet.org/ - USGS Map-a-planet и http://messenger.jhuapl.edu/ - МЕСИНЏЕР .


-------------
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    


Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 11.Февруари.2010 во 21:12
Русија ќе испрати живот на Фобос

Незадоволни од потрагата по живот на Марс, Руската вселенска агенција Роскосмос и Планетарното здружение (The Planetary Society) наскоро ќе испратат живот од Земјата на една од Марсовите месечини, Фобос. Малите меѓупланетарни патници би вклучиле бактерии, спори, семиња, ракови, инсекти и габи, сè со цел да се дојде до сознанија како биолошкиот живот во различни форми ќе се справи со вселенското патување во период од три години.

http://astronomija.com.mk/images/uploaded/egzobiologija/2009/phobos-grunt.jpg">
Профил на мисијата Фобос-Грант. За поголема резолуција кликни на фотографијата.

Русија веќе подолго време врши најразлични биолошки вселенски тестови со иста цел. Еден од експериментите изведен во соработка со јапонски научници, вклучуваше прилепување на комарец за трупот на Меѓународната вселенска станица (ISS). Комарецот беше составен дел на проектот Biorisk при што научниците веќе имаа сознанија за способноста на инсектот да влезе во одредена хибернирачка состојба за време на сушите во Африка. Имено, африканскиот комарец може да ја претвори својата телесна течност во трикалорен шеќер, успорувајќи ги своите функции безмалку до комплетен застој. Кога повторно почнува да врне, кристализираното суштество се рехидрира и продолжува со својот животен циклус. При овој експеримент, Biorisk комарецот опстана 18 месеци на температура која варира од -150°C до +60°C. По враќањето на комарецот, научниците му извршија здравствен преглед при што заклучија дека е “жив и нозете му мрдаат”.


Biorisk комарецот, прилично задоволен со животот во Вселената

Овој експеримент, како и идните планирани од овој тип би овозможиле подобро разбирање на тоа како луѓето би преживеале во Вселената во подолг период (можност за ставање на идните меѓупланетарни астронаути во одредена биолошка состојба слична на кома), како и тоа дали е можно одгледување на храна, одн. различни култури за прехранување на астронаутите, надвор од Земјата.


Нашиот меѓупланетарен амбасадор и еден од најпознатите екстремофили - воденото мече (тип Tardigrada)

Американски-основаното Планетарно здружение планира да испрати мал пакет со 10 различни видови вклучувајќи водени мечиња, семе и бактерии. Главната цел на овој експеримент е тестирање на хипотезата за панспермија, според која се смета дека животот може да патува од планета на планета транспортирајќи се притоа со фрагменти од планетарен материјал. Најголемиот дел на биолошкиот примерок би се наоѓал во состојба на биолошко мирување, а тестовите би се извршувале по враќањето на Фобос-Грант на Земјата доколку примерокот се врати жив.

Русија, пак од друга страна, има многу поамбициозни цели со овој проект. Вселенската агенција планира да испрати цела мини зоолошка градина на Фобос. Руските експерименти би вклучиле ракчиња, ларви од комарци, бактерии и габи и би биле посебно насочени кон набљудување на влијанието на космичката радијација врз сите овие различни видови на живот за време на меѓупланетарното патување.



Секако, освен прашањата за етичноста за вршењето на вакви тестови врз животински примерок, постојат и одредени грижи за контаминација на месечината (во случајот Фобос-Грант да не се врати успешно од мисијата). Сепак шансите примерокот да опстане на месечината без атмосфера се минимални до никакви. Во секој случај, идејата за овој експеримент е револуционерна и од огромно значење за астробиологијата.


-------------
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    


Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 11.Февруари.2010 во 21:14
Нови размислувања за она што се случувало пред Големиот прасок

Со публикацијата на новиот математички модел, дело на физичарот Шон Керол (Sean Carroll) и професор Марк Камионковски (Marc Kamionkowski), може слободно да се зборува за она што постоело пред Големиот прасок (Биг Бенг) без тоа да звучи како лудост.

 
приказ на временската лента на космичката микробранова позадина (Cosmic Microwave Background односно CMB)


Според теоријата на инфлација (за првпат предложена во 1980), Вселената почнала да се шири експоненцијално веднаш по Големиот прасок. Меѓутоа недостатокот на оваа теорија е тоа што таа предвидува униформен почеток на Вселената. А со помошта на Wilkinson Microwave Anisotropy Probe (WMAP) се откриени и флуктуациите во космичката микробранова позадина, односно електромагнетното зрачење со кое била “поплавена” Вселената 400 000 години по Големиот прасок (во понатамошниот текст CMB), кои се околу 10% посилни на една страна на небото отколку на друга.

 
Мапа на CMB направена со помош на WMAP

Со тоа се потврдува аномалијата која се појавила во раната Вселена. Затоа наместо отфрлање на теоријата на инфлација, работено е на математичкото објаснување за нерамномерната “тежината на Вселената”. Едно објаснување, секако, е дека овие флуктуации се структура останата од нешто што претходно постоело во нашата Вселена.

Направени се математички обиди за проверка дали вредноста на единечното енергетско поле (за кое се претпоставува дека е предизвикувач на инфлацијата) се разликува на едната и на другата страна на Вселената. Овие обиди се завршени без поголеми резултати, бидејќи тимот научници откри дека со промена на средната вредност на инфлацијата доаѓа до промена и на температурата и на амплитудата на енергетските варијациите во просторот. Затоа се извршени и истражувања на второ енергетско поле, наречено искривување, чие влијание врз флуктуациите на CMB е претходно предложено како објаснување на аномалијата. Тимот го додаде и елементот на пертурбација кон искривувањето кое се покажа дека влијае само на варијациите на температурата варира од точка во точка низ просторот, додека нејзината просечна вредност останува иста.
Новиот модел предвидува повеќе ладни отколку топли предели во CMB што ќе биде и тестирано со Планковиот сателит (меѓународната мисија предводена од Европската вселенска агенција во соработка со НАСА која треба да стартува во април 2009).

Резултатите на тимот се клуч за подобро разбирање на инфлацијата со која е опишано ширењето на Вселената. Предвидувањата за него се потврдени, меѓутоа не се знае како е тоа започнало и колку долго ќе трае. Новите пресметувања се поглед во она што се случило во времето на инфлацијата, кое не е потполно објасниво, но во исто време и поглед во она што веќе постоело пред Големиот прасок, затоа што самата аномалија можеби е остаток и следи на она што се случило пред инфлацијата.

-------------
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    


Постирано од: емил
Датум на внесување: 11.Февруари.2010 во 21:23

                                                               Откриена риба - вонземјанин?

Локалните жители од кинеското село Далуо во езерото пронајдоа риба за која се смета дека е вонземјанин. Експертите не можат да одредат за кој тип на риба која беше пронајдена во пештера под површината на водата станува збор.

Рибата има уста во вид на клун и црвени долги тенки мустаќи. Најчудно е тоа што очите и се наоѓаат во близина на устата.

Еден од раководните луѓе во селото изјави дека постарото локално населени во минатото раскажувало за чудните риби, но никој од помладата генерација ги немал видено.

Но, според него, длабоко во пештерата, позната како „Пештера на среќата“ биле фатени неколку примероци од оваа риба.

Мострите биле испратени да се испитаат во најблиската научна институција, но до сега никој не потврдил за каква риба станува збор. Сепак, постои и сомневање дека рибата не е дел од живиот свет на Земјата.

Наводно, водата од езерото овозможува долговечност, па поради тоа во неа можат да се забележат чудни креации.

Во оваа планинска област на јужниот дел на Кина според пописот од 2000 година имало 238.000 жители со над 74 години.



-------------


Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 14.Февруари.2010 во 08:33

Прва вселенска прошетка во новата година

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=118652#komentari - Коментари (0)    
14.01.2010 13:52
 
 

Екипажот на Меѓународната вселенска станица излезе денеска во прва вселенска прошетка во 2010 година, јавија руските медиуми.

За време на вселенската прошетка, која ќе трае пет часа и 40 минути, руските астронаути Максим Сурајев и Олег Котов ќе постават кабли неопходни за интеграција на новиот модул Поиск на рускиот дел на Меѓународната вселенска станица.

Нивните колеги - Јапонецот Соичи Ногучи и американските астронаути Џефри Вилијамс и Тимоти Крејмер ќе ги надгледуваат „вселенските шетачи“ од станицата.

Новиот руски модул Поиск, кој има маса над 4.000 килограми, димензии 2,6 на 4,6 метри и зафатнина од 12,6 кубни метри, лансиран е во ноември 2009 година, осум години по лансирањето на модулот Пирс.



-------------
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.



Постирано од: fiks
Датум на внесување: 15.Февруари.2010 во 14:10
Револуционерно откиртие: Траги од темната материја?

Научниците од Универзитетот Флорида во САД, објавија дека постои можност да ги откриле првите темни траги на црната материја, односно мистериозна супстанција што го сочинува три четвртини од вселенскиот простор.

Потенцијалните трагови на темната материја се откриени на длабочина од 610 метри со помош на осетливи детектори во рудникот за железо во Минесота. Научниците изјавуваат дека шансите се три наспроти четири дека станува збор за автентична честичка од темната материја.

Темната материја отсекогаш била една од најголемите мистерии во физиката, така да ова откритие може да биде една од најголемите во последните 100 години.

Во триесеттите години од минатиот век астрономите открија дека ѕвездите, гасовите и прашината се само дел од вкупната вселенска материја. Тие дошле до заклучок дека галаксијата се распаднала и дека не постои некоја невидлива супстанца која не држи сите во целост.

Последните девет години, истражувачите се обидуваат да најдат траги од овие честички на дното на рудниците за железо. Во експериментот биле користени 30 детектори, специјално дизајнирани за откривање на траги од WIMP. Експериментот е работен под земјата затоа што овие честички имаат способност да поминуваат низ дебели слоеви и камења.

Во магазинот Science е објавено дека се пронајдени две траги од овие честички. Како што пренесува Daily Mail, научниците ќе продолжат со студијата, со цел со сигурност да го потврдат присуството на честичките од темната материја.



-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 20.Февруари.2010 во 01:35
Откриена тајната за смртта на Тутанкамон

Фараонот Тутанкамон, кој умрел пред 3.000 години, најверојатно починал од маларија во комбинација со наследната болест на коските - некроза.

Ова сознание е резултат на деталните ДНК и радиолошки истражувања спроведени врз неговата мумија, две мумии пронајдени во гробницата на фараонот, како и врз сите познати мумии од 18-та династија, на кој Тутанкамон и припаѓал.

Научниците со истражувањето успеаја да ги утврдат патолошки значајните и наследни заразни болести во семејството.

Дијагнозата за смртта на фараонот е поставена благодарение на генетските испитувања кои ги откриле низата малформации во семејството на Тутанкамон, како што се Кохлеровата болест, која посебно го погодила младиот фараон. Станува збор за ретка  болест на коските на стапалата кај децата, поради кои овој дел од телото го губи снабдувањето со крв.

Анализата, исто така, покажала трага од паразитот Пласмодиум фалципарум, предизвикувач на маларијата кај Тутанкамон и уште четири испитани мумии, пренесуваат француските медиуми, не наведувајќи од каде го добиле извештајот пред неговото објавување.

Резултатите на истражувањето, во среда, во Каиро, официјално ќе ги соопшти д-р Захи Хавас, главен секретар на египетскиот врховен совет за старини.

Истовремено, резултатите ќе ги објави и американската медицинска асоцијација.

Научниците со истражувањето успеаја да ги утврдат и семејните врски, односно досега не сосема познатото потекло на фараонот. Така, утврдено е дека таткото на Тутанкамон, кој умрел на возраст од 19 години по кратко владеење, бил фараонот Аменхотеп- познат и како Ехнатон. Но, анализите покажаа дека е исклучено негова мајка да е легендарната кралица Нефертити.

Мајка на фараонот е мумијата КВ35ЅЛ чие име останува непознато.




-------------
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    


Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 20.Февруари.2010 во 01:37
Научници ги прекршија законите на природата

Американските научници успеаја да постигнат температура од четири трилиони Целзиуса, што е рекорд за лабораториски услови.

Оваа температура е доволна да ја претвори материјата во смеса каква што постоела во микросекундите по големата прашина и настанокот на светот.

Научниците го користеле гигантскиот разбивач на честички во Националната лабораторија „Brооkheven“ во Њујорк, а високата температура ја достигнале со судирање на златните јони и предизвикале ултра жешки експлозии кои траеле по неколку милисекунди.

Ова достигнување ќе им помогне на физичарите да го разберат процесот кој се случил по настанувањето на светот.

- Оваа температура е доволна да ги стопи протоните и неутроните, изјави на конференцијата на новинари Стивен Видгор, научник од Бруклин.

Научниците се надеваат дека ќе можат да ги искористат новите сознанија во практични цели, на пр. за производство на мали, брзи и силни компјутери.

Температурата на Сонцето е 50 милиони степени, додека просечната температура на вселената е 0,7 степени над апсолутната нула.



-------------
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    


Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 20.Февруари.2010 во 03:31
Originally posted by Sunny Sunny напиша:

Оваа температура е доволна да ја претвори материјата во смеса каква што постоела во микросекундите по големата прашина и настанокот на светот.


Кој бил тогаш во тие микросекунди на почетокот па да ни каже каква била и дали воопшто постоела таа прашина тогаш? среќа

Многу се романтични ова научнициве, ама сепак треба малку да се призејмат.



-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.


Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 27.Февруари.2010 во 20:03
Нов хемиски елемент копернициум

Научниците го избраа името копернициум за новиот хемиски елемент во чест на полскиот астроном Никола Коперник.

Симболот на новиот, 112-ти хемиски елемент ќе биде „Cn“, наместо првично предложениот „Cr“, кој има и други научни значења, со цел да се избегне конфузија.

Елементот е откриен пред 14 години, а неодамна е ставен во периодичниот систем на елементите.

Меѓународната унија за чиста и применета хемија го даде називот копернициум на овој елемент наместо првобитно користениот унубијум.

Новиот хемиски елемент е 227 пати потежок од водородот и најтежок елемент кој официјално го признала Меѓународната унија за чиста и применета хемија.

Унијата официјално го објави прифаќањето на новото име на овој елемент на 19 февруари на денот на раѓањето на Никола Коперник, творецот на модерниот хелиоцентричен систем, кој е роден во 1473 година во Торун во Полска.

Коперник утврдил дека планетите кружат околу Сонцето и дефинитивно го поби учењето дека Земјата се наоѓа во центарот на вселената.

Меѓународниот тим научници, кој го предводеше Сигурд Хофман, успеа да го произведе елементот копернициум првпат уште на 9 февруари 1996 година.



-------------
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    


Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 02.Март.2010 во 19:28
Zemjotresot vo Chile ja pomestil zemjinata oska na rotacija i go napravil denot pokratok  збунетостизненадување

http://news.yahoo.com/s/space/20100302/sc_space/chileearthquakemayhaveshorteneddaysonearth - statijata e na angliski pa morav samo linkce da stavam трепкање


-------------
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    


Постирано од: fiks
Датум на внесување: 02.Март.2010 во 19:37
Баш ме интересира на кој начин ги измерија тие 1,26 мили секунди?


-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: емил
Датум на внесување: 02.Март.2010 во 19:44
Originally posted by Sunny Sunny напиша:

Zemjotresot vo Chile ja pomestil zemjinata oska na rotacija i go napravil denot pokratok  збунетостизненадување

http://news.yahoo.com/s/space/20100302/sc_space/chileearthquakemayhaveshorteneddaysonearth - statijata e na angliski pa morav samo linkce da stavam трепкање
 
 
Земјотресот во Чиле е намалило должината на земниот ден со 1,26 микросекунди, објави Лента.ру, повикувајки се на информации на Лабораторијата за реактивни мотори, чиј помошник Ричард Грос извршил пресметки.

Грос е категоричан дека чилеанскиот земјотрес довел до редистрибуција на земната маса и изместило со околу 8 сантиметри оста, кон која е балансирана Земјата. Оваа ос се разликува од оста на ротација на планетата. На северниот пол, пример, точката на преминување на осите на површината на Земјата се на растојание од околу 10 метри една од друга.

Покрај тоа Грос е споредил земјотресот во Чиле со тоа, во Суматра во 2004 година. Иако подземните трусове пред 6 години се посилни, поместување на оста тогаш е 7 сантиметри. Причините се кријат во фактот дека Епицентарот на чилеански земјотрес се наоѓа во средните Широчина (а во случајот на Суматра - во екваторијалниот), а исто така во тоа што разломот во областа на Чиле влезе во земјината кора под голем огол. 



-------------


Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 02.Март.2010 во 23:15

http://www.selotejp.com/2009/06/blog-post_4180.html - Откриена првата планета надвор од нашата галаксија

Астрономите веруваат дека ја откриле првата планета која се наоѓа во друга галаксија. Планетата се наоѓа во Messier 31, огромна галаксија во близина на Млечниот Пат, во соѕвездието Андромеда.

Планетата е оддалечена од земјата околу 2,5 милиони светлосни години. Новото небесно тело е откриено благодарение на феноменот наречен „микроленсинг“, кога гравитационото поле на некој објект близу нашата планета се однесува како лупа.

На астрономите им беа потребни пет години да сфатат дека веројатно забележале планета која не припаѓа на нашата галаксија. Тие уште во 2004 година го набљудувале необичниот феномен „микроленсинг“, додека ја проучувале галаксијата Андромеда, која со голо око може да се види како замаглена дамка.

Меѓународниот научен тим тогаш мислеше дека користејќи го телескопот на Канарските острови, забележал неколку ѕвезди кои кружат една околу друга.

Но, компјутерските симулации и другите експерименти и пресметки ги убедија научниците дека всушност забележале ѕвезда и планета, која е шест пати поголема од Јупитер, како кружи околу неа.

Повеќе од 300 таканаречени „егзопланети“, кои кружат околу ѕвезда се откриени во нашата галаксија, но досега не е потврдено откривање на планета во друга галаксија.


-------------
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.



Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 03.Март.2010 во 00:29
Originally posted by fiks fiks напиша:

Баш ме интересира на кој начин ги измерија тие 1,26 мили секунди?


Се работи за 1.26 микросекунди. 1 микросекунда е еден милионити дел од секундата.
Точноста на најпрецизните часовници (штоперици) на планетава е од редот на 10^(-34) или со зборови: десет на степен минус триесет и четврта, или во децимали: 0.0000000000000000000000000000000001 секунди. среќа Станува збор за атомски часовници кои работат на одреден период од зрачењето на атомот Цезиум.

Многумина се прашуваат како е можно еден земјотрес да го намали денот т.е. деноноќието. Затоа ќе објаснам на кратко.
При земјотресот, дел од површината на Земјата пропаѓа т.е. се поместува кон центарот на Земјата. Како последица на тоа, се намалува инерцијалниот момент на Земјата, а пак од законот за запазување на ротациониот импул, следува и зголемување на ротационата брзина на Земјата. Со тоа се намалува и Земјината ротација (времето за кое таа се завртува околу својата оска). Нормално ова намалување е од редот на микросекунди затоа што станува збор за релативно многу мала количина на маса што се поместува релативно малку кон центарот на планетата.

Доколку бев малку сложен погоре, еве ви поедноставно. Завртете се на едно канцелариско столче со раширени раце. Во моментот на вртењето соберете ги рацете кон вас и ќе приметите како брзината на вашето вртење ќе се зголеми, а времето за кое вртите еден цел круг ќе се намали. Оваа разлика ќе биде повоочлива доколку држите некои тешки предмети во раката.
Ете што се случило со Земјата среќа


-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.


Постирано од: brza
Датум на внесување: 03.Март.2010 во 01:01
bravo be evanаплауз,..mozeshe da kazesh i kako onie ,....vo umetnichko lizganje ,...koga gi sobiraat racete otkako gi rashiruvaat , i pochnuvaat da se vrtat se pobrzo !намигнување

-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 03.Март.2010 во 01:56
Ми текна и мене прво на тоа, ама ретко кој може да прави такви пируети, па затоа мислев дека овој експеримент е поедноставен среќа

-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.


Постирано од: fiks
Датум на внесување: 04.Март.2010 во 16:17
Ок е бе Евангелос,знам јас како оди тоа намалување,туку види ги овие сегаголема%20насмевка
 
 
http://on.net.mk/default-MK.asp?ItemID=DAC7BDC2C83BD1468C0B185970E81E9B - На оската не и чуе
Тврдењата на НАСА дека земјотресот во Чиле бил толку силен што успеал да ја помести Земјината оска и да го скрати денот, се комплетно апсурдни и без никаква научна основа, се огласија германските научници.

Неколку дена по потресот со јачина од 8,8 степени, геофизичарите од американската вселенска агенција објавија дека како резултат на катастрофата сега денот е пократок за 1,26 микросекунди а оската на Земјата е поместена за цели 8 сантиметри.

Спротивно на ова тврдење, професор Рајнер Кинд од Германскиот истражувачки центар за геонауки објаснува дека промените на оската предизвикани од земјотрес би биле толку мали, што не би можеле ни да се измерат. Затоа е невозможно тие воопшто да се откријат.

“Кога ја прочитав веста се фатив за глава. Со тоа тврдење НАСА може само да ги полни насловните страни. Бројката од 8 сантиметри е апсолутно непроверлива”, со http://www.bild.de/BILD/news/bild-english/world-news/2010/03/03/chile-quake-axis-shifted/german-scientists-put-planet-earth-back-on-track.html - иста доза на сомнеж е и проф. Карл-Хајнс Гласмаер од Германската геофизичка асоцијација.

Ова го потврдува и доктор Моџиб Латиф од институтот Лајбниц, кој вели дека влијанието на еден земјотрес врз накосеноста на Земјата во секој случај би било многу слабо.

“Небесните тела околу нас се најмногу одговорни за накосеноста на планетава. Гравитацијата на големите планети ја одредува стрмнината на Земјината оска. Тоа не може да го промени земјотрес, дури и кога е толку силен како оној во Чиле”, изјавил за Билд, др. Латиф.


-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: brza
Датум на внесување: 04.Март.2010 во 20:02
....istoto i jas go mislam ,...i go potvrdiv duri,...samiot!намигнување

-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: blagorodna
Датум на внесување: 04.Март.2010 во 20:29
nesco ko da podrazbrav zemnjava se pomerila ot osiloto i sea ne se znajt dan dojt negovo udolu pa ni bida nogite ugore


Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 04.Март.2010 во 23:30
Originally posted by fiks fiks напиша:


Спротивно на ова тврдење, професор Рајнер Кинд од Германскиот истражувачки центар за геонауки објаснува дека промените на оската предизвикани од земјотрес би биле толку мали, што не би можеле ни да се измерат. Затоа е невозможно тие воопшто да се откријат.



Во право е професорот погоре. Бројката од 8 см е апсолутно непроверлива. Дури и да се помести земјината оска за 8 сантиметри, тоа е невозможно да се измери, докаже.
Додека за должината на деноноќието (ротацијата) е друг случај. Постојат атомски часовници кои можат да мерат време со неверојатна точност. Исто така целото завртување (од точно 360 степени) на планетата може да се измери преку некој референтен светлински зрак кој доаѓа од некоја фиксна ѕвезда (ѕвезда чие поместување во однос на Земјата е занемарливо т.е. помало од редот на микросекунда).


-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.


Постирано од: емил
Датум на внесување: 05.Март.2010 во 05:23
Диносаурусите биле убиени од астероид, велат научници 
 
 
Околу 65 милиони години по смртта на динозаурусите колектив од едни од најпознатите светски научници конечно стигна до дното на прашањето, пишува британскиот весник "Гардијан". Диносаурусите биле убиени од голем астероид удрил Земјата. По студии траеја 20 години тим од 41 научници достигна до заклучок што звучи познато на повеќето ученици, кои се внимавале во часовите по наука.
Новото откритие се противи на теориите на други научници, за тоа дека измирането на динозаурусите  било предизвикано од силна вулканска активност. Според новото меѓународно истражување, астероид се соочи со Земјата под агол од 90 степени и со брзина околу 12,4 милји во секунда - околу 20 пати побрзо од летящ к*ршум.


-------------


Постирано од: brza
Датум на внесување: 05.Март.2010 во 09:59
dobro utro , emile!изненадување....toa , kolku shto pamtam ,...odamna, bila najverojatnata teorija za nivnoto ischeznuvanje!...shto znachi dek ae od...."vchera",...a ne neshto novo!

-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: емил
Датум на внесување: 05.Март.2010 во 10:04
Добар вечер.Сите знаеме дека динозаурусите са умрели од глобалното затоплување.
 
Затоа тоа е нова теорија.
 
Освен ако ти си еден од теа научници и не си го кажал на нас ,а си ја чуваш новината. 


-------------


Постирано од: brza
Датум на внесување: 05.Март.2010 во 10:17
koga tuka nekoj ke kaze ...dobro utro...moze da znachi i,..deka ne si otkril nishto novo. ...inache ,..ne e nova taa  ":najnova" teorija be,...изненадувањеja imalo ushte ,...kojznae od koga!

-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 05.Март.2010 во 11:39
Мене ништо не ми значи бројката "21 година", ниту "41 научник", поучен од минатото дека многу научници трескале глупости на кои сега децата им се смеат.
Мене многу ме интересираатаргументите кои стојат зад оваа теорија доколку има такви?
Има ли некое парче од тој фамозен астероид?
Има ли некакви знаци на некаков кратер каде што удрил тој?
Како дошле до тој агол од 90 степени? Како ја измериле неговата брзина од 12.4 милји во секунда? (па уште и "запирка четири" голема%20насмевка)
Би ви бил благодарен доколку ме удостоите со некој аргумент кој стои зад оваа теорија, а искрено давам награда за оној кој ќе ми ја ископа методата (равенката) со која се доаѓа до некоја од бројките погоре.
Поздрав!


-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.


Постирано од: brza
Датум на внесување: 05.Март.2010 во 11:44
zarem ke ostane teorijata ...teorija ,...ako ima nekoj argument za nea!збунетост

-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 05.Март.2010 во 12:34
Теоријата мора да има аргументи ако сака да се нарекува теорија. Хипотезата е таа што се базира само на бујната фантазија на научниците, филмски режии, цртани филмови и сл. По се ми изгледа дека овде станува збор за таков случај среќа

-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.


Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 05.Март.2010 во 21:03
Teorijata za izceznuvanjeto na dinosaorusite ne e nova, taa potekuva uste od 1980 godina, ja dale tatkoto i sinot Alvarez, fizicari. Tie predlozile scenario spored koe izceznuvanjeto na dinosaorusite se dolzi na karastrofalen udar na telo so golemi dimenzii i Zemjata. Iako klucen dokaz za toj udar ne bil najden, teorijata bila prifatena kako hipoteza. Vo 1990 (ne sum bas sigurna za godinava), so satelitsko snimanje bil otkrien kraterot, na okolu 1 km pod zemjata, pomegu poluostrovot Jukatan i Meksikanskiot zaliv i e narechen Chiksalab i se procenuva deka e pomal od 120 km.  Toa e najgolem krater za koj e potvrdeno deka e nastanat so sudar so objekt od Vselenata. среќа

-------------
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    


Постирано од: brza
Датум на внесување: 05.Март.2010 во 21:10
im vikam jas deka ne e nova,...ama , ovie ne sakaat da slushaat , shto im se vika.

-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 07.Март.2010 во 02:23
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Хипотезата е таа што се базира само на бујната фантазија на научниците, филмски режии, цртани филмови и сл. По се ми изгледа дека овде станува збор за таков случај среќа


Originally posted by Sunny Sunny напиша:

Tie predlozile scenario...


Нели ви реков среќа


-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.


Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 07.Март.2010 во 09:49
Нормално дека ќе предложат сценарио (хипотеза), впрочем сите теории започнуваат како хипотези (додека не се докажат). Во тоа време не биле во можност да откријат каде удрил вселенскиот објект, со што доказот бил оставен за подоцна.

Хемиската анализа од Земјиниот слој на КТ (креда-терциер) границата , земена од преку 100тина места на Земјата (значи не од 1-2 места само), укажува на зголемено количество на металот иридиум, кој во земјината кора е многу дефицитен, но го има обилно во метеорите, додека слична варијација на концентрацијата на овој метал, во слоевите на границите во други геолошки ери нема. Што јасно ни укажува дека на крајот од Креда периодот (144-65 милиони години п.н.е.) од Мезозојската ера, на Земјата паднал метеор од поголеми размери.

Со тоа што остатоците (фосилите) од диносаорусите потекнуваат од тој период, и само до тогаш се срентуваат, сакале ние или не, ни укажува дека во тој период изумреле, дека нешто довело до нивно исчезнување. Фактот дека баш тогаш на Земјата паднал метеорот и дека во понатамошниот период (од геолошките ери) не се јавуваат фосилни остатоци од диносаорусите не наведува на заклучокот дека тоа било причина за нивно исчезнување. намигнување


-------------
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    


Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 07.Март.2010 во 11:34
Значи, првично предложиле едно сценарио како хипотеза, а потоа ја докажале таа хипотеза преку други исто така сценарија среќа
Очекувајте на сличен начин утре да ја исценираат и планетата Криптон од каде што дошол Супермен


-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.


Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 07.Март.2010 во 12:55
600 милиони тони вода на Месечината


Научниците користејќи го инструментот Mini-SAR на индиската сонда Чандрајаан-1 (Chandrayaan-1) открија остатоци од воден мраз во близина на северниот пол на Месечината. Синтетичкиот радар Mini-SAR пронајде повеќе од 40 мали кратери во кои има воден мраз. Кратерите се со димензии од 2 до 15 км во дијаметар. Иако целосната количина на вода зависи од дебелината на мразот во секој од кратерите, се проценува дека може да има околу 600 милиони метрички тони на воден мраз.

Кратери на северниот пол на Месечината. Црвените кругови се нови кратери, зелените кратери од аномалии

По опсежните мерења и информациите кои беа собрани за време на мисијата се заклучи дека создавањето на вода, миграција и задржување на Месечината навистина постојат. Mini-SAR континуирано ги мапираше деловите на Месечината кои се во постојана сенка на половите и кратерите кои што не се видливи од Земјата. Радарот ги користеше поларизациските карактеристики на рефлектираните радио бранови за да може да ги карактеризира елементите на површината. Резултатите потврдија дека остатоците се слични на мраз.

Резултатите се слични со други инструменти од сондата на НАСА Lunar Reconossaince Orbiter и само уште повеќе докажуваат за постоењето на вода во разни форми на Месечината.

Месечината е пред нас, а ова е уште една добра причина за да ја посетиме и уште повеќе да ја истражиме.


-------------
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    


Постирано од: brza
Датум на внесување: 07.Март.2010 во 13:19
bash 600....nema ni +...ni -.изненадување..kako li presmetale ?збунетост

-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 12.Март.2010 во 11:37
Chestitki za Zlatnik za III-to mesto na natprevarot po Astronomija големо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкање

-------------
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    


Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 12.Март.2010 во 15:21
Ајде Златник,честитки и од менеда
Само да прашам дали натпреварот беше на ниво на земјава или на меѓународно ниво?


-------------
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.



Постирано од: Lithium
Датум на внесување: 12.Март.2010 во 18:18
Честитки златник, нека ти се множат успесите големо%20гушкање

-------------
You think you are perfect? Well, try walking on water...


Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 12.Март.2010 во 23:33
Originally posted by renatax renatax напиша:

Ајде Златник,честитки и од менеда
Само да прашам дали натпреварот беше на ниво на земјава или на меѓународно ниво?


Na republichko nivo so nesto poveke od stotina natprevaruvachi среќатрепкање


-------------
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    


Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 13.Март.2010 во 00:14
Баш ми е мило,тоа е голем успехда

-------------
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.



Постирано од: емил
Датум на внесување: 13.Март.2010 во 16:55
Антарктикот некогаш било пријатно и топло место
 

Најладното место на земјата, Антарктик, некогаш имало блага суптропска клима, тврдат научниците. Додуша, тоа било пред 53 милиони години, тврди тимот од меѓународни научници по 57-дневното истражување на океанот.

Тимот чиj брод беше укотвен во Хобарт во Тасманија, копаше 1.000 метри под дното на океанот и врз основа на 3.000 примероци е проценето дека климата навистина се променила.

Наместо ископување на самиот Антарктик, од океанот добија докази кои водат во далечното минато.

Хенк Бринкхуис од Холандија, еден од водачите на експедицијата, изјави дека очекувале да утврдат каква била климата пред 37 милиони години, но со проучувањето на карпите, фосилите и микробите успеаjа да дознаат каква била климата пред повеќе од 50 милиони години.

„Ова е спектакуларно откритие. Ние практично ја читаме книгата на историјата која е напишана на некој чуден јазик“, рече Хенк.

Тој додаде дека истражувањето на овие геолошки ископувања би можело да помогне како настанал мразот и промената на климата.

„Тоа е како филм кој го пуштате наназад. Зошто Земјата се изладила и ладела, ладела и во еден момент била толку ладна што на неа се направиле првите слоеви од мразот?

Бродот JOIDES Resolution кој научниците го користат има 143 метри и е специјализиран за ископување на морското дно. На него работат 50 научници и 65 членови на посадата.


-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 16.Март.2010 во 16:41
Откриени статуи на фараони стари 3 милениуми
 
Египетските археолози открија две статуи на фараони од 18-тата династија од Новото царство стари повеќе од три милениуми, јавија светските медиуми.

Статуите се откриени на западниот брег на реката Нил во Луксор, околу 600 километри јужно од египетската престолнина во близина на храмот на дедото на Тутанкамон, Аменотеп Трети (1410-1372 г.п.н.е).

„Неопходни се повеќе проекти за зачувување на древните храмови и гробници на западниот брег на реката Нил“, изјави еден од членовите на Високиот Совет за античко богатство на Египет.

Поголемата од двете статуи која е изработена од гранит и е висока четири метри, била пронајдена во неколку делови, додека помалата статуа на фараонот Аменотеп Трети е мошне добро зачувана.

Археолозите ги продолжија ископувањата во овој регион на Луксор со надеж дека ќе пронајдат уште статуи од овој антички период.

 



-------------


Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 18.Март.2010 во 19:53
Откриена нова планета слична на Земјата

Планетата CoRoT-9b која беше откриена од страна на мисија предводена од француската вселенска агенција, Centre National d'Études Spatiales може да биде првата планета колонизирана од страна луѓето. Научниците открија дека на планетата која 1.500 светлосни години е оддалечена од Земјата владее умерена клима, со површинска температура од 20 и 160 степени Целзиусови.

- Оваа е првата планета каде што има смисла да се примени моделот кој што го применуваме за планетите во нашиот Сончев систем, вели др. Диг, кој работи во Instituto de Astrofisica de Canarias на Канарските Острови.

CoRoT-9b e екстра соларна планета која се наоѓа во орбитата како ѕвезда. Таа беше изучувана со користење на методот транзит, кој вклучува проучување на планетата со поминување покрај неа. Светлината од ѕвездата го прави методот возможен, а научниците ја проучуваат планетата во длабочина.

Др. Диг изјави дека CoRoT-9b има сличности со Јупитер и Мерк*р.



-------------
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    


Постирано од: емил
Датум на внесување: 19.Март.2010 во 14:33
Откриени отисоци на стапала од диносаурус од 20 метри и 10 тони

Капачите кои во летниот период ги посетуваат плажите крај Пула најверојатно не знаат дека се сончаат на карпи кои се стари стотици милиони години. Многу од тие плажи во древното минато биле калливо крајбрежје на плиткото тропско море, по кое чекореле диносауруси од сите видови и големини. По игра на природата, некои од овие траги во калта успеале да се скаменат и да се зачуваат под дебелите карпести слоеви, се додека дејството на морето и другите природни сили повторно не ги открија.

За пронаоѓање на траги од диносауруси на Златните карпи крај Пула потребна е поголема „индијанска“ вештина за читање на траги, отколку кај подобро зачуваните отисоци на тие животни на блискиот остров Бриони. Имено, тука се изложени на отворено море, кое немилосрдно прави ерозија, ги оштетува трагите и ги прави непрепознатливи.

Во еден разговор со д-р Златан Бајрактаревиќ од Геолошко-палеонтолошкиот завод на ПМФ, за поставување на скулптура на диносаурус на островот Бриони, професорот ми покажа многу добри фотографии со траги на диносауруси на Златните карпи. Знаев дека таму уште има стари траги, но сега повторно се заинтересирав и одлучив сам да одам и да го истражам тоа наоѓалиште. Да споменеме дека гранката палеонтологија која се бави со траги се нарекува ихнологија.


Скриени траги

Д-р Александар Мезга од Геолошко-палеонтолошкиот завод и неговите соработници за сега новото откритие на траги од диносауруси во Пула го опишаа само во кусо научно известување: Ново наоѓалиште на траги од диносауруси од доцниот алби период на Истра, Хрватска. Очигледно е дека ова богато наоѓалиште треба детално да се истражи. Во текот на мојата посета на Пула во 2009, веќе по дваесет минути барање на плажите успеав да најдам една поголема карпеста плоча веднаш до брегот, на која имаше траги на мали тероподи (диносаурус месојад) и нешто поголеми сауроподи (диносауруси со долг врат кои биле тревопасни).

Тука имаше и оддели траги на поголеми тероподи, кои беа долги околу три до четири метри. Меѓутоа, ми се причини дека гледам и остатоци од многу поголеми тропрсти стапала, подолги од половина метар, што би значело дека животното било долго околу 9 до 10 метри.


Продолжив понатаму низ брегот и најдов уште поинтересни траги. Малку подалеку открив траги од голем сауропод и слабо зачувани остатоци од траги на голем теропод. Меѓутоа, не бев сигурен дали се работи за дејство од ерозијата или тие траги навистина се од диносаурус. Веќе заморен од скокањето по карпите решив да се спуштам низ грубите бетонски столбови до брегот и таму зинав од зачуденост. Голема водена локва исполнуваше длабочина во карпата која одговараше на познатиот облик на тропрста трага од нога на теропод. Но, каков бил тој теропод! Се прашував како оваа трага до сега никој не ја забележал. Одговорот беше едноставен: тој отисок е толку голем па веројатно никој не помислил на тоа дека е траг од животно. Земав метро и измерив 135 сантиметри! Должината на стопалото беше малку покуса, бидејќи диносаурусот извлекувајќи ја ногата од калта, средниот најдолг прст го влечел по калта. Одземајќи 15-20 сантиметри од првобитната мерка, се уште останале остатоци од траг од 115 до 120 сантиметри од должината на стопалото.

За споредба, најголемата трага на светот е на познатиот северно американски вид на диносаурус Тираносаурус рекс, кој изнесува „само“ 86 сантиметри. Според моите груби проценки, „пулското чудовиште“ било долго 20 метри и тежело 10 тони и повеќе!

Да се заштити наоѓалиштето

Постои само еден кандидат кој одговара на тие мерки. Тоа е античкиот Spinosaurus aegyptiacus. Неодамна италијанскиот палеонтолог Кристијано дал Сашо врз основа на фосилите на вилицата на еден голем спиносаурус открил дека „должината на тој теропод многу ја надминува должината на останатите грабливци“. Својот примерок го оценил најмалку 17 метри и 9 тони. Заборавив да споменам дека Истра и Далмација со островите за време на периодот креда биле дел од африканскиот континент, т.е. дел од стариот суперконтинент Годван. Фотографиите и описот на откритието веднаш ги испратив на пријателот, познатиот американски палеонтолог и специјалист за траги на теропод Џејмс Фарлоу, кој работи на универзитетот во Индијана, барајќи негово мислење.


Тој ми одговори: „Трагата е еродирана, но формата е вистинска и веројатно се работи за вистинска трага. Би сакал да видам барем уште една трага од истото животно во близина“. Истата година во декември повторно отидов во Пула и се случи чудо. Најдов отисок и на другото стопало! Беше со вистински пропорции и големина и се наоѓаше на вистинското место, како животното да стоело мирно на местото држејќи ги нозете паралелно. Штета тој отисок од десната нога беше послабо зачуван. Сепак, имајќи ги предвид и другите траги кои ги најдов долж таа плажа, како и неверојатното поклопување со формата и пропорциите на трагите од Бриони, не се сомневам дека трагите се вистински. Се надевам дека во некоја од следните посети на Пула ќе најдам уште подобро зачувана трага со отисоци, а сосем е сигурно дека наоѓалиштето наскоро ќе го посетат и експерти од Геолошко-палеонтолошкиот завод.

Во секој случај, наоѓалиштата на трагите од диносауруси на пулските плажи, согласно одредбите на Законот за заштита на природата, на соодветен начин треба да се заштитат од понатамошно уништување и да се искористат во промоција на туристички и научни цели.



-------------


Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 21.Март.2010 во 12:34
Дали ѕвездата-вампир крие одговори на некои од нашите прашања за темната енергија?


Многу големиот телескоп (Very Large Telescope) на Европската организација за астрономски истражувања на јужната хемисфера (ЕЅО) за прв пат произведе снимка во time-lapse техниката на една многу ретка обвивка од материја исфрлена од ѕвезда-вампир. Ѕвездата-вампир е дел од двојниот ѕвезден систем познат под ознаката V445 (кој се наоѓа во соѕвездието Крма (Puppis) на јужното небо) и таа, во моментот на набљудување, растргнува дел од својата ѕвезда придружничка вшмукувајќи гас.

Голема е веројатноста овој двоен ѕвезден систем да е долго-бараниот претходник на експлодирачките ѕвезди познати како супернови од типот Ia, кои се, пак, клучни при проучувањето на темната енергија. Во ноември 2009 научниците можеа да ја набљудуваат експлозијата на нова која се случи во внатрешноста на овој ѕвезден систем која предизвика исфрлање на огромни количини материја од него во вселената и која го направи 250 пати посветол од порано.

Еден од проблемите во современата астрофизика е фактот што научниците сѐ уште не знаат кој вид на ѕвездени системи експлодираат во супернова од типот Ia, што е прилично голем хендикеп со оглед на тоа што знаеме дека овие супернови играат клучна улога во поддршка на теоријата за моменталното забрзано ширење на Вселената кое е потпомогнато од темната енергија.

Објектот V445 во соѕвездието Крма е првата и за сега единствената нова која е забележана досега кај која немаме најдено докази дека во нејзиниот состав се наоѓа водород. Кај овој објект ги имаме првите докази за површинска експлозија кај бело џуџе во кое доминира хелиумот. А со оглед на претходните претпоставки, односно сознанија дека суперновите од типот Ia немаат водород во својот состав, ова откритие е од огромно значење. И ѕвездата придружничка во овој систем убаво се вклопува во целата оваа теорија со тоа што и кај неа не е нејдено присуство на водородот, а она кое таа го исфрла кон белото џуџе е главно хелиумски гас.

Самата обвивка на објектот, за разлика од оние на досега-набљудуваните нови, се движи со брзина од околу 24 милиони километри на час, а дебелиот диск од прав, кој најверојатно бил формиран за време на последниот излив на материја, ги подзакриваа двете централни ѕвезди. Длабочината со која можеме да ги набљудуваме тие детаљи е неверојатна и изнесува околу сто милиарксекунди, што може да се спореди набљудување на паричка од едно евро од далечина од 40 километри. Сето тоа е возможно благодарение на адаптибилната оптичка технологија која е достапна кај големите земјени телескопи, како што е Многу големиот телескоп на ЕЅО.

Инаку, фазата супернова е еден од можните крајни стадиуми на животот на една ѕвезда, при што таа умира во грандиозна експлозија. Фамилијата супернови од типот Ia се од особен интерест во космологијата зашто тие служат како мерка за далечините во Вселената, а тоа може да ни користи за калибрирање на нејзиното забрзано ширење кое, пак, е водено од темната енергија.

Една од карактеристикита на суперновите од типот Ia е недостатокот на траги на водород во нивниот спектар, и покрај факто што тој е најзастапениот хемиски елемент во Вселената. Таквите супернови најверојатно се јавуваат во системи составени од две ѕвезди од кои едната се наоѓа во крајната фаза од својот живот, позната како бело џуџе. Кога масата на таквите бели џуџиња, кои се однесуваат како ѕвезди-вампири и кои што ја цицаат материјата од своите придружници, премине одредна граница, тие постануваат нестабилни и експлодираат.

Со комбинирање на сликите од NACO (NAOS/CONICA Science Verification Programs) и податоците добиени од неколку други телескопи, астрономите ги утврдија оддалеченоста на системот, која изнесува околу 25 000 светлосни години од сонцето, и неговата апсолуна магнитуда, која е над 10 000 пати поголема од онаа на сонцето. Тоа укажува на фактот дека белото џуџе-вамир во системот има висока маса која е блиску до фаталната граница, а дополнително на тоа, продолжува да голта материја од својот придружник со огромна брзина.

Дали V445 од соѕвездието Крма ќе експлодира како супернова или пак моменталниот излив на нова го блокира тој развој на настани со исфрлувањето на преголемо количество материја во вселената, сѐ уште не е јасно. Меѓутоа она што научниците претпоставуваат дека моментално го гледаат во овој систем е идна супернова експлозија од типот Ia.

Izvor: http://www.astronomija.com.mk/vest.asp?id=1960 - http://www.astronomija.com.mk


-------------
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    


Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 23.Март.2010 во 19:35
Снежно слетување за Сојуз ТМА-16
22.03.2010

Командантот Џеф Вилијамс (Jeff Williams) и инжињерот Максим Сураев (Maxim Suraev) од Експедиција 22, во четвртокот го слетаа вселенското летало Сојуз ТМА-16 на степата во Казахстан, со што заврши нивниот пет-месечен престој на Меѓународната вселенска станица. Астронаутите слетаа на 18 март во 7:24 часот, северноисточно од градот Аркалик во Казахстан.

http://www.nasa.gov/images/content/434252main_201003180001HQ.jpg">
Работејќи на студени температури, руски тимови беа на местото на слетување за да му помогнат на екипажот да излезе од возилото Сојуз и да се прилагодат на Земјината гравитација. Членовите на екипажот се вратија во тренинг центарот за космонаути „Јуриј Гагарин“ во Ѕвездениот Град североисточно од Москва. За поголема резолуција, кликнете на фотографијата

Вилијамс и Сураев полетаа со Сојуз ТМА-16 вселенското летало од космодромот Бајконур на 30 септември 2009 година. Како членови на екипажот на Експедиција 21 и 22, тие поминаа 167 дена на вселенската станица.

За тоа време до Станицата пристигнаа две шатл мисии, при што Џеф и Максим помогнаа во инсталација на модулот Tranquility, куполата за гледање и вториот руски модул за прикотвување. Научните истражувања на станицата се подобрија со зголемување на бројот на екипажот и лабораториските капацитети.

Леталото Сојуз се оддалечува од Станицата. Астронаутот Соичи ја направи оваа фотографија (и уште http://twitpic.com/photos/Astro_Soichi - многу други ) од неодамна поставената купола

Вилијамс досега има поминато вкупно 362 денови во вселена. Со тоа тој го зазема четвртото место на листата од вселенски патници со најдолг времеснки период поминат во Вселената. Пеги Витсон, со 377-дневен престој во Вселената, е прва на таа листа.

На вселенската станица сега престојува Експедиција 23, која се содржи од командантот Олег Котов и инжинерите Соичи Ногучи и Ти-Џеј Кремер. Ново трио од инжинери на летот – Александар Сквотсов, Трејси Калдвел Дисон и Михаил Корниенко – ќе полетаат од Бајконур на 2 Април, а на Станицата ќе пристигнат 2 дена подоцна.




-------------
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    


Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 24.Март.2010 во 18:23

Big Bang реприза

Среда, 24.03.2010

Од CERN вчера го http://press.web.cern.ch/press/PressReleases/Releases2010/PR06.10E.html - објавија датумот на кој во Големиот хадронски судирач ќе се обидат да ги судрат честичките со најголема енергија досега, и со тоа да ги рекреираат условите во кои се случил Big Bang-от пред 13.7 милијарди години.


Големиот хадронски судирач моментално работи на 3,5 тера волти (TeV), што е најголемата енергија досега постигната во судирач на честици. Во идните неколку дена се планира таа енергија да се забрза.

„Првиот обид за судир на 7 TeV е планиран за 30. март“, пишува во соопштението на CERN. „Можеби ќе требаат часови или дури денови за да дојде до судар“, вели главниот директор на CERN, Ралф Хојер.

Повеќекратните судари на енергија од 7 тера волти ќе создадат мини Bing Bang, обезбедувајќи важни податоци кои илјадници научници со години потоа ќе ги анализираат. Откако ќе се предизвикаат тие судари, во план е LHC да работи без престан 18 до 24 месеци, со кратка пауза при крајот на годината.

Научниците сметаат дека би можеле да ја откријат темната материја која, како што се претпоставува, сочинува 25 проценти од вселената, но нејзиното постоење никогаш не е докажано.

„Ако ја откриеме и сфатиме темната материја, ќе имаме сознание за 30 проценти од вселената, што е голем чекор напред“, вели Хојер.



-------------
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    


Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 24.Март.2010 во 18:23

Сепак остануваме на Земјата

Лоша вест за сите ентузијасти кои се надеваа дека наместо Земјани http://en.wikipedia.org/wiki/Colonization_of_Mars - ќе станат Марсовци. Новата научна студија покажа дека услови за населување на Црвената планета нема.

На научниците им е добро познато дека атмосферата на Марс не е “благопријатна“, но со анализата на најновите податоци од вселенското летало http://en.wikipedia.org/wiki/Mars_Express - Mars Express , дознаа и зошто е тоа така. Причината лежи во соларните ветрови кои периодично ја уништуваат атмосферата на Марс.

Двојните соларни ветрови се редок феномен кој настанува кога Сонцето шири ветрови со различна брзина. Ако побрзиот ветар се најде зад поспориот, тој се збива во него, па двата бранови се “вртат“ заедно во еден цврсто збиен соларен ветер.

Научниците успеаа да ги поврзат податоците за губењето на атмосферата на Марс со двојните бранови на радијација забележани во 2007. и 2008. година кои ги регистрираше Advanced Composition Explorer. Според тоа откритие, Марс губи една третина од својата атмосфера при влијанието на таквите соларни ветрови, пишува Discovery News.

Причината поради која таквите ветрови не влијаат на Земјата е фактот дека на Марс нема магнетно поле кое би ја одбило соларната радијација, па ветровите едноставно ја “оддувуваат“ атмосферата. Сепак, на своите полови Марс има остаток од атмосфера која ги штити неговите ледени карпи.

Атмосферата на Марс ја создаваат единствено ударите на комети и повременото топење на мраз. За да би можел Марс да се насели потребен е исклучително голем подземен генератор на воздух, а тоа е технологија која човекот се'уште ја нема реалзиирано.



-------------
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    


Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 24.Март.2010 во 18:25

Живот на Месечината!

Но, не на онаа која ние “земјаните“ ја гледаме, туку на Сатурновата. Една од 18-те месечини на Сатурн со име http://en.wikipedia.org/wiki/Enceladus_%28moon%29 - Енкелад има поволни услови за развој на живот, покажаа податоците собрани од роботскиот вселенски брод Cassini.

На овој, со ледена кора обвиен, Сатурнов месец би можеле да се одржат некои облици на живот пренесени од Земјата, заклучи тимот на астробиолози и астрономи од истражувачкиот институт Southwestern во Боулдер, Колорадо.

Овој заклучок го донесоа преку истражување на информациите собрани од вселенскиот брод Cassini, кој е опремен со чувствителни лабараториски инструменти и кој околу Сатурн кружи од јули, 2004. година. Особено значајни била анализите на собраните примероци и измерените температури за време на летовите на Cassini низ млазовите ледени кристали на Енклад кои се случиле на 2. и 21. ноември минатата година. Тие покажале дека освен вода, односно лед во гасовите кои ги оформуват Сатурновите прстени има и сложени органски соединенија.

„Тоа што Екланд (одалечен од Сонцето 10 астрономски единици)  е свет богат со вода е неверојатно. Неговите внатрешни процеси пак, го вбројуваат меѓу најперспективните средини за живот кои ги познаваме. Некои океански облици на живот кои живеат на големи длабочини, а се хранат единствено со геотермална енергија, на Екланд би можеле успешно да се одржат“, објаснува Џон Спенсер, член на истражувачкиот тим.  Тој нагласува и дека во базените помеѓу ледената кора и врелото јадро би можел да се случи и спонтан развој на живот.



-------------
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    


Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 24.Март.2010 во 18:27

Русија се подготвува да го сруши астероидот Апофис?   голема%20насмевкаголема%20насмевкаголема%20насмевка

Иако звучи како сценарио за сај-фај филм со Брус Вилис, Русија навистина ја разгледува можноста за праќање на вселенски брод кон астероидот Апофис со цел да му ја промени траекторијата за да се спречи можен удар со Земјата, изјави челникот на руската вселенска агенција.

Анатолиј Перминов изјави дека вселенската агенција наскоро ќе одржи состанок за проценување на потребата од мисија на Апофис. За радиото Гласот на Русија додаде дека ќе ја повика и НАСА и Европската вселенска агенција, Кинеската вселенска агенција и другите да се приклучат на проектот.

Кога во 2004. е откриен 270-метарскиот астероид, астрономите изгледите дека ќе удри во Земјата во првото разминување со неа во 2029. ги проценија како 1:37, но оттогаш процентите се „ублажени“. 

Подоцнежните студии ја исклучија можноста на судир во 20209. бидејќи тогаш астероидот нема да дојде на помалку од 29.450 километри оддалеченост од Земјата, но објавено е дека постои мала можност Апофис да се лупне во нас во наредните проаѓања. 

Перминов не ги спомна математиките на НАСА, туку само изјави дека слушнал од еден научник дека Апофис се приближува и дека е можно да удри во Земјата. „Не се сеќавам добро, но ми се чини дека би можел да уди во земјата во 2032“, изјави тој, завршувајќи со тврдењето дека мисијата не би подразбирала употреба на нуклеарна експлозија. 

п.с. Еве и http://todosmuertos.blogspot.com/2007/09/blog-post.html - сајтче , кое иако е на шпански, ќе ви заврши работа и ќе ви ги заштеди ѕидовите ако на нив со шкртки ги броите деновите до „апокалипсата“ :)



-------------
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    


Постирано од: anakin
Датум на внесување: 24.Март.2010 во 19:23
najnova vest od ruska medicina

izmislija apce ako go izedes ne moras da jades cela godina

nedostatok e deka apceto tezi 1 tonголема%20насмевка


-------------
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.



Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 27.Март.2010 во 14:16
Што се случува на апсолутна нула?
26.03.2010

Физичките и хемиските интеракции што се случуваат на екстремно ниски температури постојано ни приредуваат изненадувања. Пред неколку недели научниците открија дека молекулите на ултра ладен гас хемиски реагираат на растојанија и до 100 пати поголеми отколку при нормална (собна) температура.

Во експрименти на собна температура, хемиските реакции имаат тенденција да успоруваат со зголемување на температурата.  Меѓутоа научниците открија дека молекулите на температури само неколку сто-милионити делови од степен над апсолутната нула (-273,15 °C или 0 Келвини) сѐ уште можат да разменуваат атоми, формирајќи нови хемиски врски при тој процес, благодарејќи на чудниот квантен ефект кој го зголемува нивниот дофат на ниски температури. „Совршено разумно е да очекуваме дека кога одиме кон ултра ладен режим нема да има хемиски реакции за кои ќе зборуваме“, вели Дебора Џин (Deborah Jin) од Универзитетот во Колорадо (University of Colorado), „меѓутоа не е така, ова откритие ни покажува дека доаѓа до создавање на многу нови хемиски врски.“

Иако изгледа логично следен чекор да биде испитување на процеси кои се одвиваат на 0 Келвини, сепак таа темепература е невозможна цел. Причина за ова е дека работата потребна за отстранување на топлината од набљудуваниот систем се зголемува со намалување на температурата, па потребно е бесконечно многу работа за да се излади нешто до апсолутна нула. Кажано со темини од квантната физика, за ова може да се обвини Хајзенберговиот принцип на несигурност, кој вели дека колку попрецизно ја знаеме брзината на честичката, толку помалку знаеме за нејзината позиција и обратно. Ако знаеме дека атомите се дел од експриментот, мора да има некоја непостојаност во нивното забрзување кое ги одржува над апсолутната нула - освен ако експеримент е со големина на целата Вселена.

Со виолетова боја се означени регионите каде е измерена најниската температура




Кое е најладното место во Сончевиот систем?


Најниската температура досега измерена во Сончевиот систем е на http://astronomija.com.mk/vest.asp?id=1936 - нашиот природен сателит . Минатата година, LRO (Lunar Reconnaissance Orbiter) измери температури ниски и до -240 °C на место во постојано засенетите кратери близу до Месечевиот јужен пол. Тоа е околу 10 степени поладно од досега измерените температури на Плутон.




Кој е најладниот природен објект во Вселената?


Најладното познато место во вселената е маглината Бумеранг, која е оддалечена 5000 светлински години во насока насоѕвездието Кентаур (Centaurus). Научниците во 1997 година открија дека гасовите исфрлени од централната ѕвезда која умира се шират и брзо се ладат до температура од еден Келвин, само еден степен над апсолутната нула. Вообичаено, облаците од гас во Вселената се потопли од 2.7 Келвини благодатение на космичкото позадинско зрачење, кое е остаток од Големиот прскот. Меѓутоа ширењето на маглината Бумеранг создава еден вид на космички ладилник, кој им дозволува на гасовите да ја одржат невообичаено ладната температура.
 
Маглината Бумеранг - најладното тело надвор од Сончевиот систем

Која е најниската температура некогаш постигната во лабараторија?

Во септември 2003 година, научниците во Инстутутот за технологија во Масачусец (Massachusetts Institute of Technology) објавија дека успеале да изладат облак од содиумови атоми на рекордни 0.45 нанокелвини (10-9 Келвини). Четири години претходно, научниците во Хелсиншкиот институт за технологија (Helsinki University of Technology) во Финска достигнаа температура од 0.1 нанокелвин во парче од металот Родиум. Сепак, тоа температура беше само за одреден вид на движење - квантна карактеристика наречена нуклеарен спин - а не севкупната температура за сите можни движења.

Какво чудно однесување манифестираат гасовите при температури блиски до апсолутна нула?

Кај макрскопските (секојдневни) објекти и материјали, топлинската енергија произлегува од движењето на атомите и молекулите, односно од нивното движење и меѓусебно одбивање. Меѓутоа на многу ниски температури вaжат правилата на микроскопскиот свет, односно квантната механика. Молекулите не се судираат во конвенционална смисла; наместо тоа, нивните квантно-механички бранови  се растегнуваат и преклопуваат. Поради начинот на кој се преклопуваат, понекогаш формираат таканаречен Бозе- Анјштајнов кондензат, во кој сите атоми се однесуваат идентично како еден „супер-атом“. Првиот чист Бозе-Ајнштајнов кондензат е создаден во Колорадо во 1995 година, со употреба на облак од атоми на рубидиум оладен на помалку од 170 нанокелвини.


-------------
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    


Постирано од: емил
Датум на внесување: 29.Март.2010 во 15:26
Пронајдена уште една лоза на прачовек

Научниците се на пат да докажат дека во светот постои уште еден вид на до сега непознат прачовек, па така денешниот човек потекнува од уште еден предок. 

 Се работи за фантастично откритие, неверојатно и за научниците, како што изјавија повеќето угледни светски научни институции, како што е Институтот Макс Планк за антрополошка еволуција во Лајпциг, Центарот за гео-генетика при Универзитетот во Копенхаген, Институтот за археологија и етнологија во Новосибирск, Државниот универзитет Кент во Охајо, музеите за историја на природата во Лондон и Њујорк. 

Кога руски научници во летото 2008 година во една изолирана пештера во Сибир нашле коски на човечки прст, се сметало дека се работи за фосилен фрагмент на неандерталец, познат предок на денешниот човек. Фосилниот остаток бил наречен „Денисова“ според пештерата во која бил пронајден. 

 Првата анализа на ДНК материјалот, покажала дека се работи за коски на жена и фосил наречен „Жена X“. Изненадувањето следело по деталната анализа на ДНК на розовиот дел од коската на женскиот прст.

- Според резултатите на ДНК анализата која била направена во Институтот Макс Планк во Германија, а чии резултати се објавени во списанието Природа (Nature), се открило дека се работи за вид кој е во хомо-низата, т.е. дека припаѓа на лозата „хомина“ (суштество слично на човек), но дека нема спој со неандерталец (Homo neadertalicus), ниту со Homo sapiens, туку припаѓа на до сега непозната лоза на прачовек, која веројатно мигрирала од Африка во делот на Централна Азија пред околу 30.000 години. 

 Неандерталецот (Homo neanderthalensis) е изумрен вид на родот хомо, предок на современиот човечки вид Homo sapiens која населувал повеќе европски континенти и дел од југозападна Азија од север на Арапскиот полуостров до пошироката околина на Каспиското Море. 

 Првите карактеристики на неандерталскиот вид се појавиле околу 320.000 години пне., а последните неандерталци живееле околу 30.000 до 48.000 пне. Видот го добил името по долината Неандертал во германската сојузна држава Северна Рајна-Вестфалија, во која се наоѓа пештерата Фелдхофер каде во 1856 година за прв пат биле пронајдени остатоци од тој вид. 

Остатоци од неандерталски човек се најдени и во Франција, Шпанија, на Балканот, Блискиот исток, во северна Африка. Интересни се черепите од подрачјата на Узбекистан, Палестина, Ирак, Кина, Танзанија. 

Научниците долго време претпоставувале дека модерниот човек, чиј директен предок е homo sapiensot, наследил гени од неандерталец, но во XIX век тие истражувања станале сомнителни. Генетските истражувања на фосилните остатоци покажале дека меѓу неандерталецот и хомосапиенсот не дошло до вкрстување, па неандерталецот е изумрена гранка на човештвото. 

Исто така се верува дека хомо сапиенсот потекнал од лозата хомо еректус која стигнала од Африка и дека болестите кои ги донеле довеле до изумирање на неандерталецот. Се до крајот на XIX век научниците верувале дека само две хомо лози - неандерталец и сапиенс - постоеле во последниот период на леденото време, што го негирало откритието во 2003 година. 

Научниците во 2003 година во Индонезија, на островот Флорес, нашле исто така остатоци од прачовек наречен „Homo floresiensis“, или „хобит“, но за сега нема докази дека таа лоза се проширила некаде на друго место во светот. Се смета дека тие се стари околу 17.000 до 12.000 години. 

Најновата анализа на остатокот од прстот на „Жената X“, или „Данисова“, потврдуваат дека три лози на прачовек постоеле на истиот регион и дека се претци на модерниот човек. Анализата на ДНК е базирана на специфичен дел на клетките означен како мтДНК, кој единствено се пренесува по женска т.е. по мајчина линија. 

Со анализата од Институтот Макс Планк биле направени 156 комбинации на споредување на мтДНК геномите со мтДНК геномите на 54 современици, како и со остатоци стари околу 30.000 години кои се најдени во Русија и од 6 кои припаѓале на неандерталците. Откриено е дека „Жената X“ имала многу специфичен геном, т.е. сопствена ДНК линија. 

Научниците објавија дека геномот мтДНК на неандерталецот и хомосапиенсот се разликуваат во 202 нуклеотидни позиции, додека кај „Жената X“ биле откриени 385 такви позиции. 

Научниците заклучиле дека фосилните остатоци од „Жената X“ припаѓаат на до сега непозната лоза во хомо фамилијата. Исто така научниците веруваат дека сите три вида на „хомини“ живееле во исто подрачје во Централна Азија. 

Во тој дел од светот најдени се остатоци од лозата хомо еректус која од Африка дошла во Азија пред 2 милиона години и остатоци од Хомо хајделбергенсис од времето пред околу 650.000 години. Двете лози се во директна врска со хомо сапиенсот. „Жената X“ е млада и генетски поинаква. 

Слични енигматски фосилни остатоци се најдени во Азија: во Нармада (Индија), Јунксијан, Далија и Јинијусан во Кина, но за нив се верува дека се можни азиски „деривати“ од лозата Хомо хеиделбергенсис.



-------------


Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 01.Април.2010 во 22:35
Откриени најпримитивните супермасивни црни дупки досега познати


Астрономите дојдоа до нешто што се чини дека се две од најраните и најпримитивните супермасивни црни дупки досега познати. Откритието, базирано главно на набљудувања преку вселенскиот телескоп на НАСА – Спицер, ќе овозможи подобро разбирање на корените на нашиот Универзум и како се создале првите црни дупки, ѕвезди и галаксии. “Најдовме она што би го нарекле прва генерација квазари, создадени во простор каде што нема прав и во најраните фази на еволуцијата”, изјави Линуа Џијанг, научен соработник во опсерваторијата Стујард на Универзитетот во Аризона.

Да разјасниме: вселенска прав (или прашина) е тип на прав чија големина се движи од неколку молекули (нано- и микрометри) до 0,1мм.

Црните дупки се “ѕверски” нарушувања на времето и просторот во кои се наоѓаат. Најмасивните и најактивните можат да се најдат во јадрата на галаксии и обично се опкружени со структури од прав и гас кои ги опкружуваат, “хранат и одржуваат во живот“ растечките црни дупки. Научниите веруваат во фактот дека раниот универзум немал прав, што им кажува дека и најпримитивните квазари исто така не би требало да содржат прав. Но никој не видел такви примитивни квазари – сè до сега. Спицер има идентификувано два такви чисти квазри – најмалите досега забележани квазари – на околу 13 милијарди светлински години оддалечени од Земјата.

Двата квазари, Ј0005-0006 и Ј0303-0019, за прв пат беа објавени од Ксијауи Фан, професор по астрономија и коавтор на трудот. “Како што опкружувачкиот гас е проголтуван од супермасивната црна дупка, емитува огромни количини на светлина, со што ги прави овие квазари видливи на и на крајот од видливата Вселена”, рече Фан.

Кога Џијанг и неговите колеги се посветија на набљудување на квазарите Ј0005-0006 и Ј0303-0019 со Спицер во периодот од 2006 до 2009 година, нивните цели не се издвојуваа скоро по ништо од вообичаената група квазари. Спицер измери инфрацрвена светлина од објектите заедно со 18 други кои припаѓаат на класата најдалечни квазари. Секој квазар е супермасивна црна дупка која тежи повеќе од 100 милиони сончеви маси. Собраните податоци од Спицер покажуваат дека од 20 испитани квазари, само Ј0005-0006 и Ј0303-0019 имаат недостиг од жешка прав. Инфрацрвениот вид на Спицер го прави идеален за детектирање на сјајот на топлиот прав, загреан од црните дупки.

Уметничка претстава за супермасивна црна дупка (центарот на сликата) во јадрото на млада галаксија богата со ѕвезди

Ова е прв проект за набљудување кој ги комбинира податоците од сите три инструменти на Спицер, вклучувајќи го и Повеќепојасниот фотометар за фотографирање (Multiband Imaging Photometer - MIPS), високочуствителна инфрацрвена камера вградена во телескопот која му дава можност да забележува и многу ладни облаци од прав.

“Најинтересното откритие за нас не е тоа што можеме да го видиме туку тоа што не можеме да го видиме. Правта која обично ги опкружува квазарите, овде ја нема. Сметаме дека овие црни дупки се формирале отприлика во времето кога правта за прв пат се формирала во Универзумот, помалку од една милијарда години по Големиот Прасок. Првобитниот Универзум не содржел молекули кои можеле да коагулираат и да формираат прав. Елементите потребни за овој процес биле подоцна создадени од ѕвездите и расфрлени во Универзумот”, рече Фан.

Астрономите, исто така, забележаа дека количината на топла прав во квазарот се зголемува пропорционално со масата на црната дупка. Како црната дупка расте, правта има повеќе време да се материјализира околу неа. Црните дупки во јадрата на Ј0005-0006 и Ј0303-0019 ги имаат најмалите измерени маси досега познати во раниот Универзум, со што се посочува дека тие се особено млади и во фаза кога правта сѐ уште се нема оформено околу нив.


-------------
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    


Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 01.Април.2010 во 22:36
Ноќта на Јуриј - Drum `n` Bass in Space


На 12-ти април луѓето од целиот свет се здружуваат за заедно да го прослават првиот човечки лет во Вселената.

http://yurisnight.net/ -  e светска иницијатива за прослава на 12.04.1961, полетувањето на Јуриј Гагарин во Вселената. На тој ден пред 49 години станавме раса која успеа да ја напушти матичната планета. Неговиот вселенски брод, Восток 1, остана во орбита 108 минути.

На истиот ден, 20 години подоцна, полета првиот вселенски шатл, Колумбија. Неговиот екипаж два дена остана во орбита околу Земјата.

По тој повод, на 7 континенти, во периодот од 09 до 12 април, ќе се одржат над 140 вселенски забави. Скопско астрономско друштво се приклучува кој глобалната забава со својата:

 


Ноќта на Јуриј – Drum `n`Bass in Space ( http://astronomija.com.mk/images/uploaded/1D6_2010-plakat-nokjta-na-jurij--w.jpg - - кликни за поголема )

Drum `n` Bass in Space
12.04.2010, 21:30
Кафуле Арт Кино Фросина
Младински културен центар
Скопје, Планета Земја
Влез слободен

Оваа година темата на забавата е “Drum `n` bass in space”.

  • Dancehall
  • Jungle
  • Reggae
  • Drum `n` bass

Музика проследена со фотографии и анимации со убавините на Вселената видени од Вселенскиот телескоп Хабл.

Дојдете заедно да ја славиме Вселената!

-------------
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    


Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 02.Април.2010 во 11:55

Под мразот на Антарктикот откриени живи суштества

Научниците од НАСА на Антарктикот дошле до фрапантно откритие, кога под 200 метри дебел мраз пронашле две суштества, едно налик на шкампите, додека второто личело на медуза.
 
Научниците не очекувале дека нешто ќе пронајдат во таква непријателска средина, каде што воопшто нема светлина, но кога ја спуштиле камерата 200 метри под ледената кора ги чекало изненадување. Пред камерите им поминала далечна роднина на шкампите и запрела на кабелот на камерата. Снимиле и крак за кој сметаат дека и припаѓа на 30 сантиметри долга медуза.

Научниците сега мислат дека доколку постои живот во толку сурови услови, можно е да постои живот и на другите небески тела, како што е месечината на Јупитер, Европа.
Да се пронајде живот на такво место е како да се пронајде специфична капка вода во морето.
 


-------------
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.



Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 09.Април.2010 во 17:25
Како се одредува датумот кога се паѓа Велигден?

*
*         *

„Оче наш кој си на небесата, да се свети името Твое, да дојде царството Твое, да биде волјата Твоја, како на небото така и на земјата. Лебот наш насушен дај ни го денес и прости ни ги на сите долговите наши, како што им ги проштеваме и ние на нашите должници. И не воведувај нѐ во искушение, но избави нѐ од лукавиот.“

Ова е Господовата молитва, која е иста и во православниот и во католичкиот свет. Исти се и 10-те Господови заповеди, кои претежно содржат религиозни  морални човекови обврски. Но, календарот кој го користат овие две христијански религии е различен. Поделбата во Христијанската црква се случува во 1054 година, кога црквата се дели на Источна (православна) и Западна (римокатоличка). Сите светци кои биле востановени до тој период постојат и во двете цркви, а од поделбата па до денес двете цркви посебно си одредуваат свои светци. Пример за тоа се светите Климент и Наум, кои како свети личности не постојат во католичкиот свет.

Но, најголемиот празник кој го прославуваат и двете цркви е празникот Велигден. Велигден се прославува од најстаро време кај целиот христијански свет. Како религиозен празник не се прославуваше само за време на комунизмот во социјалистичките земји. Во тој период не се одредуваше неработен ден, но и самата држава не го попречуваше јавното собирање кај народот. Истото се однесуваше и за празникот на Христовото раѓање - Божиќ.

Велигден различно се прославува во двете поделени цркви. Во Македонија, Србија и Црна Гора и Русија, овој празник се прославува по стариот Јулијански календар, додека останатите православни држави го прославуваат по новиот Грегоријански календар. За определување на датумот кога се прославува Велигден во православниот свет, се земаат предвид неколку работи. Прво, датумот треба да биде после пролетната рамноденица (21 март), после Еврејскиот празник Пасха (Paschal - 14 Нисан по Еврејскиот календар) и во првиот ден недела после полната Месечина. За главен меридијан се зема меридијанот што поминува низ Ерусалим, поточно низ гробот на Исус Христос (околу 35 степени и 15 минути источно од Гринич).

На самиот празник се прославува Христовото воскреснување и празникот секогаш се прославува во недела. Според Евангелието на Матеј, Исус Христос е роден за време на владеењето на Јудејскиот цар Ирод, кој умрел во 4-та година п.н.е. Се претпоставува дека Исус Христос е роден некаде помеѓу 4-та и 7-та година п.н.е. Не е одреден датумот на неговото раѓање, но според некои документи се спомнува 23 октомври. Неговото распнување се случило на 13 Нисан според Еврејскиот календар, еден ден пред големиот Еврејски празник Пасха (празникот Пасха е најголем Еврејски празник, кога се прославува преминувањето на Мојсеј и Евреите преку Црвеното море; тоа се случило во 3761 година п.н.е; во Израел, празникот се прославува седум дена). Воскреснувањето се случило на 15 Нисан според Еврејскиот календар (повеќе за Еврејскиот календар ќе може да прочитате следниот петок).

За долгорочно одредување на денот кога се прославува Велигден, во православната црква се користи Гаусовата формула. Неа ја има добиено Карл Фридрих Гаус (Carl Friedrich Gaus 1777-1855), еден од најголемите светски математичари. Докторирал на 22 години и бил директор и професор по астрономија во Готингем. Ја има одредено патеката на астероидот Церес, го пронашол магнометарот и извршил мерења на магнетното поле на Земјата. Мерката за магнетна индукција го носи неговото име. Неговиот лик беше на банкнотата од 10 германски марки.

Формулата е формирана на следниот начин:

R1 = година мод 19
R2 = година мод 4
R3 = година мод 7
RA = 19 х R1 + 16
R4 = RA мод 30
RB = (2 x R2) + (4 x R3) + (6 x R4)
R5 = RB мод 7
RC = (R4+R5) + 13 Јулијански денови


За пример, ќе го земеме одредувањето на Велигден за 2005 година.

R1 = 2005 / 19 = 105,526 - 105 = 0,526 x 19 = 9,999 = 10
R2 = 2005 / 4 = 501,25 - 501 = 0,25 x 4 = 1
R3 = 2005 / 7 = 286,428 - 286 = 0,428 x 7 = 2,999 = 3
RA = 19 x 10 + 16 = 206
R4 = 206 / 30 = 6,866 - 6 = 0,866 x 30 = 25,999 = 26
RB = (2 x 1) + (4 x 7) + (6 x 26) = 170
R5 = 170 / 7 = 24,285 - 24 = 0,285 x 7 = 1,999 = 2
RC = (26 + 2) + 13 јулијански денови = 28 + 13 = 41

RC = 41 или 1 мај по Грегоријанскиот календар (види ја горната табела)

Празникот Велигден секогаш го менува датумот, но денот секогаш мора да се падне во недела. Затоа доаѓа до поместување и на други верски празници во текот на годината. На пример, постот за празникот Велигден започнува 7 седмици пред самиот празникот и за 2005 година почна на 14 март. Претходниот ден е празникот Прочка (простување на гревовите) и овој празник секогаш го менува датумот во сооднос со Велигден, но и тој секогаш се паѓа во ден недела. 40 дена по Велигден е празникот Спасовден, и овој празник секогаш се паѓа во четврток. Десет дена по овој празник, или 50 дена по Велигден е празникот Духови (Света Тројца) - ден на мртвите, и овој празник секогаш се паѓа во ден недела. Пред празникот Велигден се т.н. посни денови. Постот во православието е воздржување од мрсна и изобилна исхрана и од сите грешни задоволства, наслади и уживања. И самиот Исус Христос постел 40 дена пред да ја започне својата јавна проповед и да биде искушуван. Покајанието е врвен добродетел во животот на христијаните. Тоа е воскресение на душата и победа на гревот. Преку покајанието и исповеста душата се раѓа за нов и свет евангелиски  живот.

Останатите поголеми верски православни празници се:

  •   7 јануари       Божиќ (Христово раѓање);
  •   9 јануари       Свети Стефан;
  • 19 јануари       Богојавление Водици;
  • 31 јануари       Свети Атанас;
  • 15 февруари   Сретение Господово;
  • 22 март            Младенци;
  •   7 април          Свето Благовештение;
  • 24 април          влегувањето на Исус Христос во Ерусалим – Цветници;
  •   6 мај               Свети Ѓорѓиј – Ѓурѓовден;
  • 24 мај               Свети Кирил и Методиј;
  •   3 јули             Наум Охридски чудотворец;
  •   7 јули             раѓањето на Свети Јован Крстител – Иванден;
  • 12 јули             Свети Петар и Павле;
  •   2 август         Свети Илија – Илинден;
  •   9 август         Свети Климент;
  • 19 август         Преображение на Исус Христос;
  • 28 август         Голема Богородица;
  • 21 септември   Мала Богородица;
  • 27 септември   Крстовден;
  • 27 октомври     Петковден;
  •   8 ноември       Митровден;
  • 19 декември    Свети Никола.

Посни денови во годината се секоја среда и петок (освен т.н. редовни седмици), водокрст 18 јануари, Свети Јован Крстител 11 септември, Крстовден 27 септември.

Повеќедневни пости се:

  • Велики пости              од 14.03 до 30.04;
  • Петрови пости            од 27.06 до 11.07;
  • Богородични пости    од 14.08 до 27.08;
  • Божиќни пости           од 28.11 до 06.01.

Во среда и петок не се пости во следниве седмици:

  • седмица на митарот и фарисејот     од 20.02 до 26.02;
  • месопусна седмица                            од 06.03 до 12.03;
  • светла седмица                                  од 01.05 до 07.05;
  • недела Духовденска                        од 19.06 до 25.06 и
  • недела од Божиќ до Водосвет         од 07.01 до 17.01.

Одредени празнични постови го поместуваат датумот во согласност со Велигденските пости.

Во наредните години Велигден се паѓа во следните денови:

  • 2006 година - 23 април;
  • 2007 година - 8 април (се поклопува со католичкиот Велигден);
  • 2008 година - 27 април;
  • 2009 година - 19 април;
  • 2010 година - 4 април (се поклопува со католичкиот Велигден);
  • 2011 година - 24 април (се поклопува со католичкиот Велигден)

За другите години погледнете ја следнава табела.


Напомена: Гаусовата формула важи за периодот од 28 февруари 1900 година до 1 март 2100 година. После тоа, наместо RC = (R4 + R5) + 13 Јулијански денови ќе се пресметува RC = (R4 + R5) + 14 Јулијански денови, поради тоа што 2100-та Јулијанска година ќе биде престапна година, а во Грегоријанскиот календар таа ќе биде проста година. Истото се однесува и за периодот пред 1900 година, кога разликата изнесувала 12 дена.



-------------
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    


Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 16.Април.2010 во 16:57
Земјата влезе во нова геолошка ера?!

Имајќи в предвид на промените кои ги предизвикал човекот, дел од светските научници сметаат дека Земјата влегла во нова геолошка ера.

Поради загадената животна средина, неочекувано големиот раст на жители, урбанизацијата, експлоатацијата на природните ресурси и потрошувачката на големиот дел фосилни горива, човекот предизвикал такви промени на Земјата кои ќе се чувствуваат во текот на повеќе милиони години.

Оваа теорија ја изнела група на научници, меѓу кои најпознатиот климатолог Вил Стефен и атмосферскиот хемичар и добитник на Нобеловата награда за хемија, Пол Кручен. Штетите кои ги предизвикал човекот ќе доведат, според нив, до шесто масовно уништување во историјата на Земјата. Тоа ќе предизвика истребување на милиони билни и животински врсти.

Од почетокот на индустриската ера во 19-тиот век многу животински врсти исчезнаа од планетата. Новата ера за која научниците собираат докази ќе биде наречена антропоцен, од старогрчкиот збор Anthropos.

Научниците ќе ги земат в предвид сите промени на планетата кои настанале поради луѓето, под влијание на загадената животна средина и експлоатацијата на минерали. Своите истражувања научниците ќе ги претстават за три години на Меѓународната унија на геолошки науки на која според најавите ќе се одлучи дали Земјата влегла во нова геолошка ера, објавено е во американското списание Environmental Science & Technology.



-------------
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    


Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 24.Април.2010 во 18:13
Промена на магнетните полови на Земјата


Зошто магнетното поле на Земјата се менува на неколку милиони години? Дали постои причина или повеќе причини за оваа појава, најдобро е да се проучува состојбата на течното железо во кората на Земјата, неговата структура и неговите долгорочни циклуси.

Главната компонента на магнетното поле на Земјата која ги дефинира магнетните полови е т.н. дипол генериран од конвекцијата на стопен никел и железо во надворешниот дел од кората (внатрешниот дел е цврст, односно се врти секундарно). Тука се поставува прашањето за фината структура, дали надворешната кора е еквивалентна со млазовите струења на Земјата. Неодамнешните истражувања на тим на геофизичари од Јапонија даваат одговор на некои од овие прашања.



На сликата е претставено како замислени суспендирани честички во течното железо во надворешниот дел на земјината кора се насочуваат во зоните, иако условите во геодинамото варираат. Делот кој е обоен претставува состојба на „сума на ротација” на течниот дел, каде што црвениот дел претставува позитивен (исток-запад) тек, додека пак синиот дел го претставува негативниот (запад-исток) тек. Од лево на десно е прикажано како течниот дел реагира на зголемувањето на http://en.wikipedia.org/wiki/Rayleigh_number - Рајлиовиот број , кој е поврзан со силата која го одржува пловењето на течноста. Од одозгора па надолу на сликата е претставено како течниот дел реагира на зголемувањето на  брзината на целиот геодинамо систем.

Млазното струење на ветровите кои кружат околу Земјата и оние во атмосферата на гасовитите џинови Јупиер и Сатурн се примери за зонско  струење. „Заедничко за овие зонски струења е тоа што тие се создаваат спонтано во турбулентни системи, каква е и состојбата на  надворешната кора на Земјата, и се претпоставува дека таму постои зонско струење во течното железо на надворешната кора”. Акира Кагејама (Akira Kageyama) и стручниот тим од Кобе Универзитетот истакнуваат дека пронашле обележја на секундарен тек, кога тие направиле модел на геодинамото на Земјата, се со цел да добијат подетална слика од конвекцијата на земјината надворешна кора. Секундарниот тек постои во внатрешниот дел како радијални линии, обиколени со цилиндрични зонски текови кои се вртат во правец исток-запад. Ова истражување беше спроведено преку симулација на суперкомпјутер кој се наоѓа во Јапонија и кој нуди податоци за проучување на овој секундарен ефект.

-------------
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    


Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 26.Април.2010 во 18:49
За прв пат мапирана темна материја во далечните галаксии


Темната материја единствено може да се забележи преку нејзиното гравитационо дејство. Во јата и групи од галаксии, тоа се манифестира како слаби http://astronomija.com.mk/vest.asp?id=736 - гравитациски леќи , чие присуство е тешко за утврдување. Еден начин за попрецизно да се измери степенот на гравитациското искривување, а со тоа и на дистрибуцијата на темната материја, е да се користи емисија на X-зраци од топлата плазма во внатрешноста на некое јато за да се лоцира центарот на масата. Токму тоа е целта на COSMOS (Cosmic Evolution Survey) - астрономска студија дизајнирана за да се согледа формирањето и еволуцијата на галаксиите како функција од космичкото време и структурите со голем размер.

Густина на галаксиите во COSMOS полето, каде боите го претставуваат црвеното поместување на галаксиите, во граници од 0,2 (сина) до 1 (црвена). Розевите контури претставуваат долготрајни емисии на X-зраци, набљудувани од XMM-Newton

Разбирањето на природата на темната материја е едно од клучните отворени прашањата во модерната космологија. Еден од начините со кои се пристапува кон прашањата ја користи врската помеѓу масата и луминозноста (сјајот) на галаксиите и јатата, кои се поврзани преку емисијата на X-зраците. Ова е индикација за масата на обичната („барионска“) материја, како и нејзината вкупна маса (барионска плус темна материја) детерминирана од гравитационите искривувања. До денес, ваквата врска е потврдена само за блиските галактички јата. Новиот проект ги вклучува Институтот за вонземска физика Макс Планк (MaxPlanck Institute for Extraterrestial Physics - MPE), Лабораторијата за Астрономија во Марсеј (LAM) и Националната лабораторија Лоренс Беркли (Lawrence Berkeley National Laboratory). Сите овие направиле поголем прогрес во проширување на врската кон многу подалечни и помали структури. Тимот научници искористи еден од најголемите примероци на селектирани групи на јата и галаксии, а податоците се добиени од набљудувањата од опсерваторијата за X-зраци на Европската Вселенска Агенција (ESA), XMM-Newton.

Како резултат на големата ефективна површина на набљудување, XMM Newton е единствениот телескоп за X-зраци кој може да ги детектира слабите нивоа на емисии од далечните групи и јата на галаксии. „Можноста на XMM-Newton да обезбеди голем каталог на групи на галаксии од длабоката Вселена е зачудувачка” вели Алексис Финогуенов (Alexis Finoguenov) од Универзитетот во Мериленд и еден од ко-авторите на трудот кој неодамна беше објавен во Журналот за Астрофизика, во кој се соопштуваат резултатите од истражувањето. За да се пресмета масата на просечното искривување, мора да биде познат нејзиниот центар. Познавајќи го центарот на масата од анализата на емисијата на X-зраците, Алекси Лотò, (Alexie Leauthaud) од Беркли и неговите колеги ќе можат да користат слаби гравитациски леќи за да ја претпостават целата маса на далечните групи и јата со точност поголема отколку претходно. Завршниот чекор е да се определи сјајноста на X-зраците на секое од јатата и да се спореди со определената маса од послабите искривувања.

Објектот COSMOS-XCL095951+014049

Потеклото на галаксиите може да се бара во слабите разлики во густината на топлиот, ран Универзум. Трагите од овие разлики сѐ уште можат да се забележат како занемарливи температурни разлики (топли и ладни точки) во космичкато микробраново позадинско зрачење (CMBR). Една цел во проучувањето на еволуцијата на структурата е да се разбере темната материја и како така реагира со обичната материја која ние ја гледаме. Друга цел е тоа што можеме да научиме многу повеќе за темната енергија, мистериозен феномен кој ја одделува материјата и предизвикува забрзано ширење на Универзумот. Многу прашања остануваат неодговорени: дали темната енергија е константа или динамична? Или пак не е ништо друго освен илузија која е последица од (засега непознато) ограничување во Ајнштајновата Општа теорија на релативноста?

Алатките добиени од истражувањето на врската маса-луминозност ќе овозможат да се одговори на овие прашања за спротивната улога на гравитацијата и темната енергија во оформувањето на Универзумот, сега и во иднината.

-------------
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    


Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 03.Мај.2010 во 20:26
Од примерок на ДНК произведена крв од сибирски мамути

Меѓународен тим научници успеа од примерок на ДНК да произведе крв од истребените сибирски мамути и така да се обиде да открие како овие древни цицачи успеале да  преживеат во условите што владееле на Северниот пол, иако првобитно ја населувале екваторијална Африка, јави Би Би Си. 

Проучувајќи ги примероците стари 25.000 до 43.000 години, истражувачите утврдиле дека овие мамути имале генетска адаптација која на хемоглобинскиот протеин му овозможувала во нивната крв да се ослободува кислород во телото, дури и во време на ниски температури.

Благодарение на овој процес, сибирските мамути биле во состојба во услови на екстремен студ да ја намалат температурата на своите тела и така да го намалат губењето на топлината. 

Такво нешто денешните слонови, кои се директни наследници на мамутите, не се во состојба да изведат, наведуваат научниците. 



Крвта на мамутите е повторно создадена благодарение на примероците од ДНК на три мамути кои беа пронајдени смрзнати во Сибир, каде под покривката од мраз минале неколку десетици илјади години. 

На проектот во последните седум години работеа меѓународен тим истражувачи во соработка со универзитетот во Аделаида, во јужна Австралија.




-------------
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    


Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 03.Мај.2010 во 20:28
Нема сомнение, чудовиштето Неси постои!

Без сомнение чудовиштето Неси од шкотското езеро Лох Нес постои, се наведува во полицискиот извештај од триесеттите години од минатиот век кој денеска го објави Националната архива на Шкотска.

Во овој документ околу Неси, Вилјам Фрејзер, тогашниот шеф на полицискиот округ Инвернес, предизвикал загриженост поради безбедноста на чудовиштето.

- Да, постои чудовиште во Лох Нес и нема сомнение во тоа. Но, полицијата не може да го заштити, напишал тој.

По бројните пријави и нејасни фотографии од Неси, од шкотската влада било побарано да го потврди постоењето на чудовиштето во езерото.

Иако британските министри не биле убедени во постоењето на Неси, сепак предложиле околу Лох Нес да се постават чувари кои би го фотографирале евентуалното појавување на чудовиштето.

Доколку би се докажало неговото постоење, следниот чекор би бил Неси да се зароби без да се повреди – што поради длабочината на езерото и големината на самото чудовиште била тешка задача.

Како што покажува документот, одлучено било да се пушти легенда за чудовиштето, а секој вистински научен обид да се открие што лежи во длабочините на Лох Нес бил забранет.



-------------
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    


Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 03.Мај.2010 во 20:29
Нови откритија околу изумирањето на диносаурусите

Диносаурусите биле збришани од ненадејниот пад на температурата на морињата, објави новото истражување.

Научниците веруваат дека катаклизмата која се случила пред 65 години поради пад на комета на земјата ги довела до нови сознанија.

Британските истражувачи тврдат дека падот на температурата на 9 Целзиусови степени на температурата на морињата пред повеќе од 137 милиони години бил одговорен за исчезнувањето на диносаурусите.

Студијата која вклучила фосили и минерали од Artic Svaldbard во Норвешка заклучи дека ненадејната промена на температурата на Атлантскиот океан и Голфската струја во текот на Cretaceous периодот речиси сигурно била одговорна за исчезнувањето на диносаурусите во светот.

- Ние веруваме дека голем дел од диносаурусите живееле во плитките и топли делови од морињата и мочуриштата. Сепак, климатските промени биле одговорни за збришувањето на диносаурусите. Јас и мојот тим откривме дека тие постепено починале најверојатно од серијата на климатски промени, изјави Грегори Прајс, од Универзитетот во Плимут за Daily Telegraph.



-------------
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    


Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 03.Мај.2010 во 20:33
Вознемјаните можеби се опасни за човештвото

Еден од најпознатите светски научници, Стивен Хокинг, истакна дека вонземјаните најверојатно постојат, но го предупреди човештвото дека не е добра идеја да се стапи во контакт со нив.

Хокинг тврди дека во универзум кој содржи повеќе од 100 милијарди галаксии, секоја со по милиони ѕвезди, не е возможно Земјата да е единственото место на кое има живот.

-За мојот математички ум самите бројки се сосема доволни за да помислам дека размислувањето за вонземјаните е сосема рационално. Вистинскиот предизвик е во тоа да се открие какви во суштина се вонземјаните, вели Хокинг.

Според него тие може да се микроби- прости организми како црви кои биле на Земјата милиони години, но сугерира дека вонземскиот живот може уште повеќе да се развива.

-Ако вонземјаните некогаш не посетат, мислам дека исходот ќе биде нешто слично како кога Кристофер Колумбо за прв пат дојде во Америка, што не беше воопшто добро за американските домородци, додава Хокинг.

-------------
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    


Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 12.Мај.2010 во 18:30
Откриена мистеријата зошто диносаурусите имале долги вратови

Растителната храна која растела високо на дрвјата помогнала диносаурусите да прераснат во џинови. Диносаурусите не џвакале, а храната во нивните стомаци се преработувала брзо, велат научниците.

Со ова може да се објасни зошто диносаурусите, како што бил argentinosaurus тежел до 100 тони, имал долг врат и мала глава.

Животните кои многу јадат и џвакаат, како што се слоновите, имаат поголеми глави поради мускулите за џвакање и вилицата.

Научниците го објаснија долгиот врат на диносаурусите, кој им помагал да стигнат до храна без да се мрднат од одредена точка.

Додека на слоновите им се потребни 18 часа со цел да го задоволат својот апетит, на џиновскиот диносаурус му требаат неверојатни 30 часа јадење за да го задоволи апетитот.

Научниците со новото истражување пробале и да ја откријат загатката како диносаурусите кои што јаделе растителна храна биле толку големи, на пр. sauropods.

Истражувањето од страна на Универзитетот во Бон е објавена денес во списанието Biological Reviews.

Главен дел од вегетаријанската храна на диносаурусите биле папратите, кои биле високо хранливи, а најчесто ги имало во праисториските мочуришта.



-------------
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    


Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 15.Мај.2010 во 01:25
Јупитер изгуби една од своите линии

Планетата Јупитер „изгуби“ една од црвените линии, една од своите препознатливи шари, а научниците не знаат зошто.

Најголемата планета во сончевиот систем е позната по двете дебели црвени линии, по една на северната и јужната хемисфера. Овие шари астрономите ги нарекоа Северен и Јужен екваторијален појас. Но, црвената линија од јужната хемисфера исчезнала, па јужната полутопка на планетата сега изгледа необично празно.

Фотографиите направени кон крајот на минатата година покажуваат дека појасот тогаш сè уште бил видлив, но на фотографиите кои се направени кон почетокот на месецов од астрономи аматери линијата веќе ја нема.

Боб Кинг, новинар кој аматерски се занимава со астрономија е еден од првите кои го воочиле овој феномен.
- Да го видите Јупитер со само еден појас е скоро исто како да го видите Сатурн, кога неговите прстени ќе се распоредат така што извесен период да бидат невидливи. Тоа едноставно не изгледа така како што треба, изјави Кинг, познат по прекарот Астро Боб.

Ова не е првпат на Јупитер да му исчезне еден од појасите. Оваа планета губи и добива нов појас секои 10 до 50 години, а научниците за сега немаат вистинско објаснение за овој феномен..

Јупитер е голема сфера составена од гасови и течности, оддалечена околу 800 милиони километри од Сонцето.

Неговата површина се состои од густи црвени, кафени, жолти и бели облаци, кои се распоредени така што формираат светли области наречени зони, и темни области, познати како појаси.

Облаците се наоѓаат на различна висина, во зависност од тоа од која материја се формирани.

Светлите облаци и зони се наоѓаат на поголема висина, а се составени од кристали на замрзнат амонијак. Темните пониски облаци кои се наоѓаат во појасите, претежно се составени од сулфур и фосфор.

Силниот ветер, предизвикан од јупитеровата брзината на ротирање, од пониските облаци направил темни појаси.

Ентони Весли, австралиски астроном- аматер, кој минатата година прв ја забележа темната дамка предизвикана од удар на непознат објект во Јупитер, вели дека претходно забележал оти Јужниот екваторијален појас избледува.

- Уште минатата година беше очигледно дека појасот избледува. Сите кои внимателно го набљудуваат Јупитер можеа да го забележат тоа, вели Весли.

Тој смета дека појасот исчезнал поради силните бури на планетата.

- Сега најважното прашање е кога Јужниот екваторијален појас повторно ќе се појави, додаде Весли.

Наместо темниот појас, се формирала голема светла област, а со текот на времето темните облаци повторно ќе станат видливи и ветерот од нив пак ќе формира појас..

Годинава Јупитер ќе биде најблиску до Земјата на 24-ти септември. Тоа ќе биде одлична можност за сите кои ќе сакаат да го видат новиот изглед на планетата.


-------------
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    


Постирано од: brza
Датум на внесување: 25.Мај.2010 во 15:25
ete kaj bil 'gospod"...na zemjata ,..ne na nebo!изненадување

http://www.idividi.com.mk/Futurama/Nauka/603238/index.html - Создаден првиот синтетички живот


-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 25.Мај.2010 во 20:30
Пронајдени 57 гробници со саркофази и мумии

Археолозите открија 57 антички гробници во Египет кои биле скриени под земја неколку илјади години. Во поголемиот дел од 57-те гробови биле пронајдени украсени саркофази со мумии, соопшти Врховниот совет за антиквитети.

Најстарите пронајдени гробници датираат од 2750-та година пред новата ера, односно од добата на владеењетио на првата и втората египетска династија, додека 12 гробници датираат од периодот на 18-тата династија која владеела од 1550-та до 1292 година пред новата ера.

Врховниот совет за антиквитети соопшти дека ова откритие фрла ново светло на древната египетска религија.

Водичот на тимот археолози Захи Хавас вели дека пронајдените мумии од периодот на владеење на 18-тата династија сè покриени со ленено платно кое е декорирано со верски текстови од „Книгата на мртвите“ и со перформансите на египетските богови.

„Книгата на мртвите“ се состои од песни и инструкции за тоа покојникот да ги совлада пречките во задгробниот живот. Една од најчестите сцени во таа книга е она каде срцето на покојникот се става на вага. Доколку срцето е полесно од перото, тогаш на покојникот му се дозволува да прејде во задгробниот живот.

Археологот Абдел Рахман Ел Ајди напомена дека една од гробниците е скоро не чепната и во неа е пронајдена целата посмртна опрема и древен саркофаг, во кој се наоѓа мумијата замотана во ленено платно.

Гробниците се откриени во местото каде се наоѓа најјужната египетска пирамида, близу 100 километри од Каиро.



-------------
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    


Постирано од: fiks
Датум на внесување: 26.Мај.2010 во 14:03
http://www.idividi.com.mk/Futurama/Nauka/603456/index.html - Антарктикот некогаш бил зелена долина

Најновото научно откритие на група меѓународни експерти, кои во Јужниот поларен океан ја истражуваа историјата на Антарктикот, говори за тоа дека денес најстуденото место во светот пред околу 53 милиони години имало блага и суптропска клима. По 57 дена престој на самиот крај на светот, во Хобарт на Тасманија, наместо дупчење на самиот Антарктик, научниците го истражуваа океанот каде можат да дупчат до 1.000 метри длабочина и со тоа да навлезат подлабоко во минатото. Врз основа на 3.000 примероци земени со геолошко дупчење, заклучиле дека климата на Антарктикот драстично се менувала. Научниците очекувале да допрат до минатото 37 милиони години наназад, но со фосилите, камењата и микробите, успеале да допрат до праисторија постара од 50 милиони години. Успеаја да ја прочитаат „историската книга“ на Јужниот пол.

Експертите заклучиле дека Земјата во праисторијата постојано се ладела. Проучувајќи ги геолошките примероци, сакале да утврдат зошто се создал мраз и со промена на климата се менувала замрзнатата кора која прекрива 95 отсто од Антарктикот. Тие заклучиле дека Земјата наеднаш почнала да се лади, па во еден момент било толку студено што почнала да се појавува првата покривка од мраз. Најновото истражување научниците го спровеле на бродот „JOIDES Resolution“ долг 143 метри, кој е сопственост на Здружението на океанографските институции за длабинско дупчење и земање примероци. Од порано се знае дека половите на Земјата ја контролираат нашата глобална клима, каде огромните ледници се однесуваат како своевидни огледала, одбивајќи ја Сончевата енергија и моделирајќи ги светските температури. Појавата, растот и потоа исчезнувањето на глечерите на половите придонесува за промени и на нивото на морињата, но и влијае на океанската циркулација која ја регулира нашата клима, пренесувајќи топлина по планетата.

Наспроти моменталната состојба и најстудените температури на Земјата, ни Арктикот ни Антарктикот не биле секогаш студени и пусти подрачја. Некогаш имало богат растителен и животински свет. Во текот на тој период, познат и како период на стакленик, нивото на атмосферскиот јаглерод диоксид било за 10 пати поголемо од денешното, велат научниците. Потоа наеднаш, бујната вегетација и богатиот животински свет на Антарктикот се промениле во денешно царство под мраз. Зошто и како, тоа треба да се истражува. Во само 400.000 години, во кус геолошки временски период, концентрацијата на атмосферскиот јаглерод диоксид и глобалните температури се намалиле и се појавила замрзната покривка. Антарктикот бил под мраз. Научниците заклучија дека според законот за ентропија т.е. цикличност, се мора да се повтори, значи може да се верува дека климата на половите повторно ќе се промени.

Вилкес Ланд е подрачје на Антарктикот кое е еден од климатски чувствителните региони на поларниот континент, а геолошките примероци собрани во текот на експедицијата во тоа подрачје се единствени бидејќи даваат прв директен запис во светот за растот и појавата на мразот на Антарктикот. Откриени се седименти и микрофосили сочувани внатре во примероците кои го докажуваат почетокот на ладењето и појавата на првите глечери на Антарктикот како и растот и повлекувањето на замрзнатите покривки на Антарктикот. Примери од едно наоѓалиште слични со трите прстени, со наизменични ленти на светли и темни седименти ја откриваат сезонската променливост на последното повлекување на мразот кое почнало пред 10.000 години.

Тоа истражување фрли ново светло на историјата на климата на целата Земја, посебно пружи увид во однесувањето на антарктичките замрзнати покривки, кои имаат важна улога во можноста за изградба на јасни и делотворни климатски модели кои се користат за да се предвиди климата во иднина. Мерењето на параметрите како што се староста, температурата и концентрацијата на јаглен диоксидот, на научниците пружаат драгоцени докази кои помагаат да се зголеми точноста на тие модели.

Научниците сакаат да го продолжат истражувањето. Податоците собрани во текот на оваа експедиција ќе ги дополнат претходните истражувања со операции со дупчење спроведени во други делови на Антарктикот во текот на последните 40 години. Истражувањето ќе овозможи важни ограничувања на староста кај моделите за развојот и еволуцијата на антарктичките глечери и со тоа да се создаде одреден модел на однесување на замрзнатите слоеви во иднина и на поларните климатски промени.

Ќе може да им послужи и како одговор зошто топењето на глечерите на Антарктикот во последните неколку години се одвива со алармантна брзина. Имено, последното истражување на многу научници покажуваат дека брзината на топењето на некои големи глечери се зголемила четири пати во последните десет години, што на некои од најголемите глечери на Јужниот пол се даваат помалку од сто години „живот“, тврдат истражувањата.

Антарктик и неговата иднина имаат големо влијание на судбината на целата човечка цивилизација, бидејќи топењето на мразот на јужната хемисфера може да значи катастрофа за населението дури на југот на Африка, во крајбрежјето на Малдивите или во Австралија, предупредуваат научниците.

Но, тоа што ги возбудува денес е фактот дека на Антарктикот и денес и покрај мразот има многу живот. До сега топлите тропски предели се сметале за пречка која ги раздвојува поларните мечки на Арктикот од пингвините на Антарктикот. Најмалку 235 видови живеат во морињата на двата пола, наспроти нивната меѓусебна оддалеченост од 11.000 километри, се вели во „Попис на животот во морињата“, меѓународен проект со кој податоците за светските океани се собираат на едно место, чии резултати по десет години траење на самиот проект, треба да бидат познати во ноември оваа година. Резултатите од истражувањето, како и откритието дека во студените мориња има живот, доведоа до тоа сега да се постави прашањето од каде стигнале вообичаените поларни животински видови и како завршиле на двата краја на Земјата.

Сето ова е потврдено од најновите научни истражувања дека некогаш на Јужниот пол имало бујна вегетација и животински свет...

-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 11.Јуни.2010 во 19:30
НАСА пронајде живот на Титан

Истражувачите на американската национална вселенска агенција НАСА открија знаци на живот на Титан, сателит на Сатурн, објави Би-Би-Си. 

Податоците добиени од американската меѓупланетарна сонда „Касини“ покажаа дека на Титан живеат примитивни биолошки видови. Овие „животни форми дишат атмосферата на најголемиот сателит на Сатурн и ги конзумираат хемиските соединенија од површината на Титан, со што ја добиваат потребната за нив енергија“, се вели во информацијата. 

- Сметаме дека овие биолошки форми користат водородот од атмосферата на Титан на ист начин како што живите суштества на Земјата дишат кислород , рече Крис Макеј од научниот тим на НАСА.

Тој не исклучува дека станува збор за апсолутно непозната форма на биолошки живот, целосно различен од земјиниот.

Титан е вториот по големина сателит во Сончевиот систем. Дијаметарот му е 5.152 километри, односно 50 отсто поголем од оној на Месечината. Откриен е во 1655 година од холандскиот астроном Кристијан Хујгенс.



-------------
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    


Постирано од: fiks
Датум на внесување: 22.Јуни.2010 во 11:30
http://www.idividi.com.mk/Futurama/Nauka/609145/index.html - - Човечкиот род ќе изумре во следните 100 години?!

Френк Фанер. Угледен пензиониран професор по микробиологија од австралискиот Национален универзитет тврди дека човечкиот род ќе изумре во следните сто години. Имено, тој смета дека луѓето не се во состојба да го надживеат брзиот пораст на популацијата и неконтролираното трошење на природните добра.

- Човечкиот род ќе изумре во следните сто години, како и многу животински врски. Сега е прекасно за што било да се направи за да се спречи, изјави научникот Фенер за австралиските медиуми.

Имено, според податоците на OOН, на Земјата во моментов живеат 6,8 милијарди луѓе, но до 2011-та години овој број ќе ја прејде бројката од 7 милијарди.

- Човечката род ќе изумре како и многуте видови што изумреле или исчезнале, сигурен е научникот Фенер, кој освои многубројни награди за помагање во искоренувањето на вирусот вариола кој предизвикува сипаници.



-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: емил
Датум на внесување: 03.Јули.2010 во 06:07
Прва фотографија на новата мистериозна планета

Научниците ја објавија првата фотографија на планетата наречена „1RXS 1609“ која кружи околу оддалеченото Сонце во групата на планети за кои се проценува дека настанале пред околу пет милиони години.

Планетата според изјавите на групата научници од Универзитетот во Монтреал, е снимена уште во септември 2008-ма година, а фотографијата и поединостите тогаш не биле објавени сè додека астрономите не се увериле дека навистина се работи за планета, а не за некој неидентификуван вселенски објект кој изгледа како планета.

Како на својата интернет страница пренесува National Geographic, снимката која што е фотографирана со помош на телескопот Gemini Nord на Хаваите, потврдила дека навистина станува збор за планета која кружи околу млади ѕвезди и која со нив е гравитациски поврзана.

Планетата која што е оддалечена околу 500 светлосни години, е дури осум пати поголема од Јупитер.



-------------


Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 04.Јули.2010 во 17:39
Пронајдени остатоци од морско чудовиште долго 17 метри

Научниците во Перу откриле фосилни остатоци од праисториски кит. Ова „морско чудовиште“ било долго 17 метри и имало огромни заби. Животното старо 12 милиони години научниците го нарекоа „Leviathan“, објави BBC.

Leviathan бил грабливец кој веројатно ловел други китови, наведуваат научниците во магазинот „Nature“.

Со својата големина и изглед тој потсетува на денешните китови, но тоа е единствената сличност. За разлика од китовите кои се пасивни животни и се хранат со лигните од морските длабочини, Leviathan ловел големи морски животни, делфини, фоки, па дури и други китови.

- Тоа било вистинско морско чудовиште. Интересно е дека во исто време во морињара живеело уште едно чудовиште, а тоа е ајкулата која била долга околу 15 метри. Постои можност овие две чудовишта да се бореле меѓусебно, изјави др. Де Музон.

Научниците шпекулираат дека Leviathan можел да изеде плен долг 8 метри кој би го уловил со огромната вилица и би го растргал со забите.

Три метри долгиот череп бил откриен од страна на научниците во 2008-ма година во Перу. Меѓу нив бил и др. Оливие Ламберт.

- Веднаш видовме дека се работи за огромен кит со големи заби, вели др. Ламберт.

Научниците не ја знаат причината за изумирањето на ова праисториско животно. Сè претпоставува дека дошло до промени на еколошкиот систем и животната средина па поради тоа ова животно го сменило начинот на својата исхрана.

Тоа веројатно довело до појава на денешните китови убијци.



-------------
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    


Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 06.Јули.2010 во 10:34
Откриен тајниот код на Платон

Универзитетот во Манчестер објави дека неодамна неговиот историчар на уметност, професор др. Џеј Кенеди ја открил тајната во делата на класичниот грчи филозоф Платон (428-ма или 427-ма година п.н.е. – 348-ма или 347-ма година п.н.е.), кој според обичаите од тоа време бил и математичар.

Со својот учител Сократ и ученик Аристотел тој го втемелил западно грчкиот начин на размислување и системот во науката.

Платон е познат како писател на т.н. Сократов дијалог. Неговата филозофија е позната по 36 дијалози и 13 писма кои му ги препишува традицијата.

Филозофските теми ги излагал во облик на разговор во често препознатливите групи ликови во некоја тема, цитирајќи го својот учител Сократ со неговите клучни изјави.

Проучувајќи ги дијалозите на старогрчки јазик, Кенеди дешифрирал некои традиционални тези – според кои Платон како вешт математичар и реторичар, во своите текстови под одреден клуч вметнувал прикриен текст.

Во магазинот за стара физиологија и природна наука „Apeiron“, по пет години студирање на Платоновиот труд, Кенеди докажува како на питагорејски начин, Платон во текстовите навистина го сокривал тврдењето, кое изречено јавно во негово време, можело да биде многу опасно.

Неговиот учител Сократ токму поради неприкладни испади во јавноста беше осуден на смрт.

Античката стихометрија е вистинско безбедно криење на дополнителната содржина. Тоа е многу чест начин за криење и откривање на тајните содржини од антиката па се до Данте.

Во својот труд Џеј Кенеди покажува на кој математички начин во текстовите може да се откријат скриените слоеви.

Клучевите претворени во математички алгоритми им овозможиле на компјутерите од изворните старогрчки текстови многу едноставно да ги извлечат Платоновите мисли, кои во негово време, биле добро скриени во тектот.

Во соопштението на Универзитетот во Манчестер цитирани се некои од Платоновите тајни зборови, кои биле прикриени.

- Биди љубезен, бидејќи со секој кој се среќаваш водиш тешка битка.

- Ако од жената се бара да ги работи истите работи како и мажот, тогаш мораме да ги подучиме.

- Незнаењето е коренот на сите зла.

- Само мртвите го доживеале крајот на војната.

- Цената која добрите луѓе ја плаќаат за незаинтересираноста за јавни работи е злобните да ја преземат власта.

- Мудреците говорат, бидејќи имаат што да кажат, будалите говорат, бидејќи нешто мораат да кажат.

Др. Џеј Кенеди го велича Платон како клучен мудрец кој воената култура успеал да ја преобрази во култура на мудроста и знаењето.

За западната цивилизација и неговото време тој е значаен како Исак Њутн или Алберт Ајнштајн. Да не бил тој, не би го славеле како генијален Вилијам Шекспир, смета Кенеди.




-------------
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    


Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 07.Јули.2010 во 17:28
Неверојатно затемнување на ѕвездите

Сите љубители и посматрачи на ѕвезденото небо во четврток вечер ќе имаат можност да се соочат со еден од ретките божествени настани над Европа во 21-от век. Имено, станува збор за астероид кој поминувајќи пред ѕвездите за момент ќе ја затскрие нивната светлина. Највозбудливиот дел од ова астероидско затемнување ќе биде можноста тој да се проследи со голо око.

Сличен ваков настан беше и сончевото затемнување при кое се забележуваа карпести и метални објекти останати уште од формирањето на сончевиот систем. Верувале или не, бројката на ваквите објекти изнесува околу 400.000, а од нив повеќе од 6.500 се наоѓаат во близина на земјената топка. Како последица од нив, а во зависност од нивната големина , може да настанат помали и поголеми штети на Земјината топка.

Иако овој астероид нема да биде толку голем за да го прикрие сонцето, сепак тој ќе затемни дел од ѕвездената светлина притоа создавајќи неверојатна ѕвездена таинственост.

Како што вели Европската Вселенска Агенција, станува збор за астероидот Рома кој со неговата должина од 50 км ќе ја затскрие ѕвездата Delta Ophiuchi- четвртата по големина во соѕвездието Ophiuchi. Ова значи дека затемнувањето ќе може да се проследи во должина од 50 км тргнувајќи од Централна Европа и Шпанија па се до Канарските острови.



-------------
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    


Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 09.Јули.2010 во 08:33
Големината на Сонцето е непроменлива


Астрономите го мерат дијаметарот на Сонцето уште од 17-тиот век. Секако, со текот на времето, методите и инструментите кои се користат за мерење станувале сè пософистицирани и попрецизни. Но, и покрај модерните помагала, прецизно да се измери дијаметарот на Сонцето и денес не е лесна задача, особено доколку мерењата се вршат од површината на Земјата.

Фотографија на Сонцето направена од вселенската опсерваторија SOHO

Џеф Кун (Jeff Kuhn) заедно со група колеги од Универзитетот во Хаваи утврдил дека дијаметарот на Сонцето не претрпел промена поголема од 1 во 106 во последниве 12 години. За да го констатираат ова, научниците споредиле околу 500 000 фремови, направени со еден од инструментите на вселенската опсерваторија SOHO.

Предноста на SOHO е во тоа што опсерваторијата се наоѓа надвор од атмосферата на нашата планета и непрекинато го следи Сонцето уште од 1995 година, што значи дека има снимено еден комплетен циклус на Сончева активност, кој трае околу 11 години. Во текот на последниот таков циклус, Кун и колегите не успеале да забележат никакви позначителни варијации во дијаметарот на Сонцето.

Овие наоди наскоро ќе може да се проверат преку новата соларна опсерваторија, SDO (Solar Dynamics Observatory), која НАСА ја лансираше во февруари оваа година. SDO ќе го набљудува Сонцето и неговата активност во наредниве 5 години.


-------------
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    


Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 09.Јули.2010 во 08:34
Нови дати за лансирање на последните спејс шатл мисии


Полека, но сигурно, ерата на вселенските шатли завршува. Остануваат само уште две (или евентуално три) мисии, по што флотата заминува во пензија.

Неодамна НАСА ги соопшти и планираните дати за лансирање на последните мисии: STS-133 би требало да се лансира на 1 ноември 2010, а на 26 февруари 2011 ќе биде лансирана и мисијата STS-134. Евентуалната „бонус“ мисија, STS-135, би се лансирала во август следната година, но за тоа треба да се добие дополнително одобрение од американскиот Конгрес и од НАСА. Секако, сите дати се подложни на промена.

Мисијата STS-133 ќе биде 39-тиот и последен лет за спејс шатлот Дискавери. Задача на мисијата е до Меѓународната вселенска станица (МВС) да се транспортираат PM модулот (Pressurized Multipurpose Module) и четвртиот ExPRESS логистички носач. Во текот на мисијата, која ќе трае 11 дена, планирани се две вселенски прошетки за астронаутите.

Дискавери на лансирната рампа во Вселенскиот центар „Кенеди“

Мисијата STS-134 ќе се реализира со шатлот Ендевор, за кого ова ќе биде 25 лет во вселената. Со неа до МВС ќе се транспортираат третиот ExPRESS логистички носач, AMS-02 спектрометарот (Alpha Magnetic Spectrometer) и други компоненти и научни експерименти. Мисијата ќе трае 10 дена, а астронаутите ќе изведат три вселенски прошетки.

За сега, нема подетални информации за евентуалната мисија STS-135. Доколку биде одобрена, најголем дел од товарот што ќе го понесе ќе бидат резервни делови и намирници за екипажот на МВС. Повеќе информации ќе бидат соопштени штом се дефинира статусот на мисијата.

Првиот спејс шатл лет во орбита, STS-1, беше реализиран на 12 април 1981 година, со лансирањето на шатлот Колумбија. Флотата првично беше составена од 5 летала - Колумбија, Челинџер, Дискавери, Атлантис и Ендевор. Денес постојат само последните три, по трагичните несреќи на Колумбија во 2003 и Челинџер во 1986 година.

По приземјувањето на вселенските шатли, вакум просторот до стартот на следната програма за вселенските летови на НАСА ќе биде пополнет со комерцијални летови, изведувани од приватните компании SpaceX и Orbital Sciences Corporation со кои НАСА веќе потпиша договор. Тие ќе лансираат свои летала до МВС со кои ќе се транспортираат само неопходните намирници и делови за одржување на Станицата.


-------------
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk