IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Општо > Разно > Тоше Проески - IN MEMORIAM
  Активни теми Активни теми RSS - Тоше Проески
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Тоше Проески

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
dimigor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 102
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај dimigor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Тоше Проески
    Испратена: 25.Јануари.2010 во 12:53
Легендата на македонската музика...продолжува да живее и да ни подарува нови хитови!
Тоше Проески - Још увек сањам да си ту
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 84645
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Октомври.2011 во 20:38
Новинар во бегство тврди: Тоше не загина во сообраќајка туку го уби мафијата
 
Оспоруваниот македонски новинар Зоран Божиновски вчера во Загреб ја најави својата книга која треба да излезе во март, а во која тврди дека ќе ја разоткрие мистеријата околу загинувањето на Тоше Проески
 
 
"Сообраќајната несреќа кај Нова Градишка во која "загина" Тоше Проески, никогаш не се случи", изјави за хрватски Индекс Зоран Божиновски, македонски новинар од Куманово, кој во моментов е во бегство од земјава од лични безбедносни причини.

Познавачи на Божиновски открија за Кирилица дека тој контактот со македонската публика го одржува исклучиво преку Facebook, каде е присутен деноноќно, а се претпоставува дека престојува во некоја од соседните земји, најверојатно Босна и Херцеговина. Тој е избеган од Македонија бидејќи добил отворена закана по својот живот откако објави фотографии за присуството на лица од полициската, политичката и бизнис елита на свадба кај личност за која се претпоставува дека има допирни точки со подземјето, нарекувајќи ги "скопски наркосвадбари".

"Немаше обдукција на телото по сообраќајната несреќа, тоа го тврдам во изминатите три години. Тоше уште во летото 2006 година од новите македонски власти предводени од премиерот Никола Груевски, е обвинет дека заедно со менаџерката Лилјана Петровиќ затаиле данок“, вели Божиновски.

Од декември 2006 година, според Божиновски, целиот менаџерско- продуцентски тим бил под истрага за перење пари од Кувајт.

"Според моите сознанија, тие би биле уапсени доколку се вратиле од Хрватска. Целата "несреќа" кај Градишка била само лоша филмска продукција“, рече Божиновски за „Индекс“.

Паричните трансакции околу пејачот наводно ги следела и Дирекција за спречување перење пари и своите сознанија ги пренела на македонското Обвинителство.

"Обвинителот Јован Илиевски од декември 2006 година до денеска не покренал истрага, освен тоа што на почетокот на информативен разговор ги повикал Тоше, неговата менаџерка Лилјана и продуцентот Ласте Николовски. Тогашните власти не направиле ништо да го изолираат пејачот од таквото окружување и го оставиле на милост и немилост на мафијата“, додава Божиновски.

Македонскиот новинар, веќе два пати е претепан заради истражување на луѓето и сомнителните работи поврзани со починатиот пејач, а во својата земја, според „Индекс“ многумина го сметаат за неверодостоен извор, кој бара само медиумско внимание.

Во книгата, како што најавил Божиновски, ќе ја обелодени улогата на десничарската владејачка партија ВМРО- ДПМНЕ, која наводно почнала да му се одмаздува на Тоше бидејќи пред пет години одбил да пее за нивна изборна кампања.

"Одмаздата започна кога ВМРО победи на изборите и кога Гордана Јанкуловска од таа партија стана министерка за внатрешни работи“, открива Божиновски дел од својата книга околу улогата на политиката и мафијата во смртта на 27 годишниот пејач.

Книгата треба да излезе во март 2012.

Кон врв
Polar Bear Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Декември.2007
Локација: Канада
Статус: Офлајн
Поени: 1152
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Polar Bear Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Октомври.2011 во 20:04
Море луѓе, забегавте...лутинаТоше беше квалитетен пеач, а не светец.
Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 84645
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Април.2012 во 11:36

Драгана Мирковиќ донираше 5000 евра за фондацијата Тоше Проески


Српската пејачка Драгана Мирковиќ заедно со нејзиниот сопруг Тони Бијелиќ, подариле 5000 евра на фондацијата Тоше Проески. 

Драгана и нејзиниот сопруг ова го направиле јавно и тоа директно на нивната телевизија „ДМ Сат“.

- Мене ми е многу жал за Тоше. Секој пат кога ќе го видам на телевизија, душата ме заболува. Благодарение на Калиопи успеавме да стапиме во контакт со фондацијата и да ја направиме оваа донација. - изјавила Драгана.

Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 6936
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Ноември.2013 во 14:50
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.