IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Македонија од 1944 година до 1990 година
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Македонија од 1944 година до 1990 година

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 7>
Автор
Порака
Pat Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1334
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pat Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јули.2010 во 21:15
Барајќи текст на интернет во кој што се разгледува цензурата од филозофски аспект, сосема случајно наидов на овој текст објавен во весникот „Глобус“. Во него се предадени дел од забелешките кои им ги дал  Мирослав Крлежа, главниот редактор на Енциклопедијата на Југославија, на доставувачите на определници во врска со македонската историја. Доста интересни ми се видеа некои делови од текстот, напишан од Људмил и Александар Спасов. Се надевам оваа тема да прерасне во квалитетна дискусија за науката, дали таа може да биде независна и апсолутна, дали таа треба да ги просветлува луѓето, или научниците треба да бидат само уште еден пример за фарисејство.



Еден од авторите на текстов (Људмил Спасов) неодамна имаше чест да присуствува на промоцијата на последните два тома на Хрватската енциклопедија во Загреб. Пред промоцијата, за да се дополни мигот, беше издаден последниот број на списанието „Коло“ на Матица Хрватска. Списанието е посветено на оставнината на Мирослав Крлежа, односно на избор од неговите лични забелешки при подготовката на изданијата на Енциклопедијата на Југославија. Со оглед на тестаменталната волја на Крлежа која налагаше по неговата смрт (1981 г.) целата негова ракописна оставнина да биде депонирана во Националната и универзитетска библиотека на Хрватска и да биде обработувана и користена дури по протекување на 20 години од смртта на писателот, архивата започна да се обработува дури во 2003 година. Предмет на обработка беше делот (најголем) која по авторовата смрт е депониран во Библиотеката. Еден помал дел се наоѓа во Хрватската академија на науките и уметностите (ХАЗУ), а друг во неговиот стан, сега дел од Музејот на Град Загреб.

Личните забелешки претставуваат посебен вид авторско дело и најчесто поради нивната несреденост, се исклучително тешки за обработка и систематизирање. Како што нагласуваат уредниците на изданието, а и делумно се оградуваат, „презентираната граѓа во изданието е обработена стручно и одговорно, но ниту приближно на стандардите за критичка обработка. Останува под прашалник до колкав степен забелешките можат да се сметаат за довршен и авторизиран текст на Крлежа“. Но, токму таквите лични забелешки, но и личноста на Крлежа, беа исклучително интересно четиво за авторите на овој текст, па затоа веруваме дека претставувањето на забелешките ќе биде еднакво интересно, ако не и поинтересно, за македонските читатели и особено за македонските енциклопедисти, а еве и зошто. 




Имено, еден не мал дел од забелешките на Крлежа се однесуваат на определниците за Македонија (историја, култура, јазик, политика) и за Македонците и другите од Македонија, а пристигнувале главно од автори - Македонци.

Зошто забелешките кон Енциклопедијата на Југославија токму од Крлежа? Мирослав Крлежа освен што е познат како исклучителен писател и интелектуалец, беше и долгогодишен директор на Лексикографскиот завод во Загреб и главен редактор на најзначајната енциклопедија во поранешна Југославија, а тоа е токму делото со едноставен наслов „Енциклопедија на Југославија“.

Социјалистичка/Народна Република Македонија како членка на југословенската федерација беше, се разбира, застапена во оваа енциклопедија, а со оглед на фактот дека посебна „Енциклопедија на Македонија“ никогаш не беше издадена, оваа Енциклопедија беше и единствената македонска енциклопедија.

Улогата и положбата на Мирослав Крлежа во југословенските културни, уметнички и воопшто интелектуални кругови не беше воопшто случајна. Имено, Крлежа беше близок и човек од доверба на тогашниот југословенски политички врв, особено на Тито. Долгите партии шах со Маршалот и честите престои на Бриони, како и блискоста со тогашната југословенска прва дама, го чинат Крлежа исклучително релевантна политичка фигура не само на тогашниот „двор“, туку и во сите позначајни културни збиднувања. Со оглед на општественото значење на едно такво грандиозно дело како што е „Енциклопедијата на Југославија“, редакциските забелешки на Крлежа не беа од „формален“ карактер, туку беа еден вид „конечна проверка“ пред нивното објавување.

Улогата на Крлежа на некаков „комесар за култура“ воопшто не е во спротивност со неговиот особен интелект и познавања, ниту со неговото изострено чувство за политичката реалност, карактеристично само за човек кој е свесен за сопствената, меѓу другото, и политичка улога, во составувањето на делото што требаше да ги обедини „братските народи и народности“ во сложен историски, етнички и религиозен контекст каков што постоеше во СФРЈ. И покрај ваквата „цензура“, „Енциклопедијата на Југославија“ останува лексикографско дело со многу избалансиран пристап кон различните видувања на минатото и сегашноста, а сепак опстојувајќи на патеката на вистината и објективноста. Ако се земе и луцидниот стил на пишување својствен на големите умови, како и интелектуалната иронија до сарказам карактеристична за личните белешки и особено за личноста на Крлежа, јасно е зошто овој избор од Крлежината оставнина, преставува вистинска наслада и инспирација за читателите.

Значи, еве нешто избрано што пристигнало како определницата за историјата, културата, јазикот, политиката и личностите од тогашната „братска“ република Македонија до главната редакција на чело со Мирослав Крлежа?

На пример како е обработен султанот Абдул Хамид? Познато е дека османслискиот султан Абдул Хамид (19 в.) бил омразен од страна на христијанското население и тој жестоко ги прогонувал национално-ослободителните движења, меѓу кои и Македонската револуционерна организација.

Свестен дека и во неговото време уште важеше максимата дека „Турците се виновни за се'“, (Крлежа) и дека уште се живи сведоците на „абдулхамидовштината“, Крлежа го прибележува следново: „ Кога станува збор за вакви владетели од непосредното минато, што како владетели над јужнословенските земји ја покажуваат формулата на социолошката тромавост и кои се однесени од сцената како одвишни, тогаш освен сиромашните лексикалии, треба сепак да се даде една попластична слика на проблемите за кои станува збор во алфабетската единица“. Значи, Крлежа од авторите на определниците, бара да излезат од стереотипните прикази, на пример од словенофилски позиции, туку своите мисли да ги потврдат со факти, пред с?, преку цитати од тогашната коресподенција на јунаците на настаните од двете завојувани страни.

Крлежа се спротиставува во определниците да се тргнува од текстовите на „докажаните“ авторитети, што значи дека бара од авторите да даваат избалансиран заклучок. Ова значи дека Крлежа зборуваше во средината на минатиот век за пристап, кој не така одамна, како предлог од нашите пријатели од Европа за „заеднички вредности“ во историјата, од страна на некои наши авторитети беше оценет за најнов изум за прекројување на вистината од страна на „западните тајни кругови“.

Кога се обработува определницата врховисти, Крлежа бара од македонските историчари да ја објаснат суштината на упадот на врховистите во ВМРО. До Крлежа стигнала фразата „терористичката гарнитура на врховистите кои го злоупотребија името ВМРО“. Крлежа вели „треба да и' се напише на македонската редакција да ги конкретизира овие свои тврдења“. Па, уште вели: што беше тоа што „врховистите го преземаа како своја платформа и во што се состоеше подметнувањето“? Ако претходно во определницата било тврдено дека ВМРО е организација со широка поддршка меѓу Македонците и прифатена од народот, Крлежа се запрашува на кој начин врховистите успеале да ја преземат платформата на ВМРО. Инсистира да се укаже на разликите меѓу концепцијата на еден Сандански и Делчев од една страна и Александров од друга, како и што од таа концепција се губи под ножевите на Александров?

Кога сме кај Тодор Александров определницата пристигната од македонската редакција до Крлежа вели дека „Тодор Александров е македонски просветен работник-врховист“!? Крлежа е отсечен во третирањето на ваквата формулација: „ВМРО за нашата историја претставува многу заплеткан и крупен политички проблем, кој не може во нашата Енциклопедија да се третира на ваков начин. Оваа реакционерна терористичка организација треба да се обработи како посебна единица и во рамките на оваа единица историски објективно да се опише улогата на Тодор Александров, во секој случај несразмерно попластично, од она како што успеал тука авторот целосно да ја замагли“.

Во однос на одредени непрецизности, па и неточности кои пристигнувале во определниците од македонската редакција, мошне интересен е делот за Богомилите (временски подалеку во историјата од ВМРО). Крлежа жестоко реагира: „се' што е речено за Богомилите - ништо не е точно! Лаицизацијата на црковната хиреархија никаде не успеала. Тоа треба да се престилизира! Аријанството на Балканот трае уште од претхристијанските денови на овој ист терен и тврдокорно се одржува с? до втората половина на 15 в.“

Кон забелешките за Богомилите еве и неколку лични „импресии“ на Крлежа стекнати во соработката со пишувачот на определницава „Некој напишал забелешка: Библиографијата треба да се ограничи на целосни прегледи!! Бидејќи ја дал таа директива пишувачот на истите редови се прашува кој ќе ја изврши? Никој не ја изврши! Јас би ја оставил таква каква што е и тоа од причина што кај нас нема никој да ја изврши, што се гледа од досегашното негативно искуство“!

Во однос на српската колонизација на Македонија, Крлежа од контекстот на доставената определница стекнал впечаток дека во Вардарска Македонија практично е целосно сменет етничкиот состав!? Во овој случај Крлежа како повеќе да верува во опстојувањето на Македонците од самиот автор, па вели: „(авторот) наведува една конкретна бројка: во Македонија се населени околу 4.000 колонистички семејства. Тоа и не е толку многу, а треба да се каже и во кој временски период, бидејќи ако овие 4.000 семејства се единствен успех на колонизацијата, тогаш во тоа се гледа дека во трајноста на ваквиот потфат не верувале широките маси“.

Во однос на една друга колонизација (на Егејска Македонија) Крлежа, според нашиот впечаток, е прилично неправичен кон трагедијата на Егејските Македонци. Сакајќи реално да ги прикаже објективните околности во кои се нашло грчкото население во Мала Азија по грчкиот пораз во грчко-турската војна (1922 г.), тој создава впечаток кај нас дека премногу едноставно „историски“ се третира една многу посистематска и пообмислена политика на грчката држава за менување на етничкиот состав на Егејска Македонија преку насилно раселување на македонското население. Имено, Крлежа констатира дека „кога Кемал-Паша фрли во море милион и пол грчки колонисти -староседелци, Егејска Македонија останала единствена педа земја за сместување на овие бродоломци и бескуќници. Грчките власти ја употребиле оваа катастрофа за хеленизација на Егејска Македонија, што вака брзо и олку успешно не би им тргнало од рака без масовната имиграција“.

Во определницата за војводата Михаил Апостолов-Попето, инаку подофицер на бугарската армија, но вклучен во акциите на ВМРО (се приклучува на активностите на Македонскиот комитет во Софија), Крлежа препознава тивко подгрејување на локалниот („републички“) национализам во Македонија. Во духот на времето тој заклучува: „на тие работи треба особено будно да се внимава и сите револуционери од македонскиот сектор да се дадат на ревизија. Принципиелно важно! Би било добро целиот материјал за наведените лица да се прати на ревизија на ЦК СКМ.“

За крајот на овој дел, но можеби како најважно, треба да се споменеме статусот во македонската историја кој Крлежа му го доделува на Крсте Петков Мисирков. Во забелешките кон повеќе определници посветени на Македонија, Крлежа не ја крие и својата лична склоност и голема почит кон дејноста на Мисирков. Крлежа вели: „да се врати на редакцијата повторно да го обработи овој дел. Премногу е тенко и стереотипно. Мисирков е најзначајната македонска појава не само кај Македонците туку и во јужнословенски размери, на еден широк простор меѓу Бугарите и другите народи. Човекот е видовит, мудар, далекувиден, еден вид планер за иднината, еден од создавачите на македонскиот јазик, целиот живот пливал спроти струјата, во секој поглед е една интересна личност. Да не се заборави факсимил на неговите изданија како и на неговите фотографии“. „Мисирков е најмаркантната појава во најновиот период на македонската национална свест. Може да се каже дека неговите формулации го антиципираат развитокот на националната свест и јазикот за цели 50-60 години однапред и затоа на личноста на Мисирков треба да ? се посвети многу поголемо внимание токму зашто треба пластично да се покаже значењето и вредноста на неговата појава“.


Целиот текст











Изменето од Pat - 17.Јули.2010 во 21:26
Zero Tolerance For Silence
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Август.2010 во 23:38
„Писмо до Темпо“

Дали некој е запознат со ова писмо,затоа што гледам дека на интернет нема ништо за него???
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Август.2010 во 23:43
Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

„Писмо до Темпо“

Дали некој е запознат со ова писмо,затоа што гледам дека на интернет нема ништо за него???


Од кого е напишано тоа писмо до Темпо и од која година е?
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Август.2010 во 01:14
Писмото е напишано од Вера Ацева и е од 1988 година
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Септември.2010 во 11:52
Суд за судење на престапи против македонската национална чест

На 31 март 1945 година е донесена повелба на АСНОМ за устројството на редовните народни судови на Федерална Македонија и решение на АСНОМ за создавање на Суд за судење на престапи против македонската национална чест. Со повелбата се основани 25 околиски суда, 3 обласни суда со седишта во Скопје, Штип и Битола, и Врховен суд со седиште во Скопје. Поради ова 31 март 1945 година се смета за ден на основање на судовите односно поставување на темелите на судството во Република Македонија. По ослободувњето правосудството е поставено на нови “темели”. Во тие денови најмногу пресуди му се изречени на граѓанскиот слој. Целокупното судство,покрај останатото, имало функција на економско развластување на буржоазијата, односно конфискација на приватниот имот создавање сектор на државно стопанство. Нормално на овој начин се создал 80% од државниот сектор - со конфискација. Во ваков амбиент работел Судот за злостори и престапи против македонската национална чест суд “специфичен по име и по компетенции”. За злостори и престапи против националната чест се сметани сите дела со кои можело да се наштети на угледот или честа на македонскиот народ и неговата борбена сила и сила на отпорот. Во овие дела не спаѓало “велепредавството” ниту “помагање на окупаторот во воени злодела”. Како злосторство или престап против националната чест “се третирала секоја политичка, пропагандна, културна, уметничка, стпанска, правна, адмнистративна и друга соработка со окупаторот и домашните предавници”. Редовна казна за овие дела било губење на македонската нацонална чест, а споредни казни биле лесна или тешка принудна работа и конфискување на имотот во корист на државата. Членовите на судот обично биле бескомпромисни и до смрт “верни “на КПМ. Се инсистирало на јавност на работата на судот,могу одлуки на судот се објавувани во весник а тоа е често единствена трага за историчарите за одржаните процеси. Судовите на честа најчесто суделе за стопанска соработка со окупаторот, научна и културна соработка, ”дружење” со окупаторот, учество во државниот апарат за време на војната и сл. Делото “соработка со окупаторот” било одредено многу широко,а судовите за престапи против националната чест биле само дел од политиката на казнување на секоја соработка со окупаторот. Оваа тема во македонската наука нема никаква актуелност а во јавноста инцидентно е дебатирана.


Дали некогаш ќе добиеме рационални историски одговори на прашања за кои главно се дебатира и пишува емотивно на основ на субјективни сведоштва на директни учесници во настаните е навистина големо прашање на кое треба да му се пристапи научно -хихихи-и историски,мајку вам божју .




http://pletam.blog.mk/2010/01/31/sud-za-sudenje-na-prestapi-protiv-makedonskata-nacionalna-chest/



Изменето од Каснакоски - 03.Септември.2010 во 11:54
Кон врв
d4 b3 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

не можам да си дозволам неактуеленпотпис

Регистриран: 19.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 4384
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај d4 b3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Септември.2010 во 11:55
”дружење” со окупаторот

veri dejndzeros
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Септември.2010 во 11:58
Ne moze cesen Makedonec da se druzi so okupatorot.

Moze okupatorot da mu bil komsija i kako deca da se druzele, ama koga dosol kako okupator, starata druzba trebalo da bide prekinata, oti na toj nacin cesniot Makedonec si ja gubi cesta.

Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Септември.2010 во 14:25
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

Ne moze cesen Makedonec da se druzi so okupatorot.

Moze okupatorot da mu bil komsija i kako deca da se druzele, ama koga dosol kako okupator, starata druzba trebalo da bide prekinata, oti na toj nacin cesniot Makedonec si ja gubi cesta.



Така и се случувало.

Кога дел од тие се вратиле во 1941 година во Македонија, истите се ставиле во служба на бугарскиот државен апарат, биле бугаризирани, па реакцијата на Македонците била сосема нормална. Такви случаи имало и во Вардарска, а и во Егејска Македонија.

Изменето од Македон - 03.Септември.2010 во 14:26
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Септември.2010 во 16:41
Каснаковски те забележав на едно место,што ти знаеш за Ефтим Гашев???
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Септември.2010 во 16:49
Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

Каснаковски те забележав на едно место,што ти знаеш за Ефтим Гашев???


Ако тоа едно место е друг форум, таму на тоа место нека се продолжат разговорите, не пренесувајте разговори од друг форум овде.
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Септември.2010 во 16:56
Не се равоти за на друг форумо,туку за ставовите на Ефтим Гашев,а мислам дека каснаковски сите од пред 45 ги смета за нивни,па затоа го прашувам што знае за Ефтим Гашев.

Изменето од mungos80 - 03.Септември.2010 во 16:57
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Септември.2010 во 17:06
Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

Не се равоти за на друг форумо,туку за ставовите на Ефтим Гашев,а мислам дека каснаковски сите од пред 45 ги смета за нивни,па затоа го прашувам што знае за Ефтим Гашев.


Штом е така во ред, дебатирајте слободно. Мојата должост да укажам на некои нешта ја извршив.
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Септември.2010 во 17:28
Мислам ако знае добро ако не тогаш ништо.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Септември.2010 во 18:49
Znam, laze covekot i toa si e.
Samo ako se vidi kako go narekuvale pred da se povlece okupatorot ke ti se projasni se`.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 7>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,531 секунди.