IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Кој јаде сендвичи и што...
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Кој јаде сендвичи и што...

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 7>
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Кој јаде сендвичи и што...
    Испратена: 09.Декември.2015 во 19:15
ОВА НЕ Е САМО ОБИЧЕН СЕНДВИЧ, ОВА Е... СОВРШЕНО!

Оние коишто внимаваат на својата исхрана веројатно и ги избегнуваат сендвичите. Или пак посегнуваат по нив во исклучителни моменти.

Сепак, бидејќи во сè треба да се биде умерен, наградувањето на самиот себе си со совршено хедонистичко искуство впрочем и не е ништо страшно, особено ако се работи за еден ваков гурмански сендвич којшто едноставно мора да го пробате.


Потребни состојки:

 1 багет леб
 5 јајца
 1/3 шолја павлака
 120 гр сланина
 120 гр кашкавал
 2 млади кромидчиња или половина главица кромид

Подготовка:

Во чинија измешајте ги јајцата, павлаката и млекото, а потоа додадете ја и сланината, којашто претходно кратко сте ја пропржиле, како и кашкавалот и кромидот. 


Багетот исечете го по должина и наполнете го со мешавината којашто претходно сте ја подготвиле.


Запечете во загреана рерна на 175 степени Целзиусови, околу 25 минути.


Уживајте!


Изменето од Valerija - 09.Декември.2015 во 19:15
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Август.2015 во 21:59

СЕНДВИЧ СО ПОРТОБЕЛО ПЕЧУРКИ И СОНЧОГЛЕД

Back Camera

Потребни состојки:

  • Осум парчиња леб по желба или четири мали погачи
  • 4 портобело печурки
  • 2 лажици оцет
  • 2 зелени пиперки
  • 1 модар патлиџан
  • 2 чешниња лук
  • 2 лажици пармезан
  • 200 гр. овчи кашкавал
  • 4 лажички мајонез
  • 50 гр. лупен сончоглед

Припрема:

Добро измијте ги портобело печурките, отстранете им ги стеблата и полијте ги со оцетот. Оставете ги во покриен сад да отстојат 12 часа во фрижидер.

Испечете ги пиперките и излупете ги, па оставете ги да се изладат. Испечете го модриот патлиџан и излупете го, па и него оставете го да се излади. Ситно исецкајте го лукот и промешајте го со мајонезот.

Врз секое парче леб намачкајте малку мајонез со лук. Врз 4 парчиња леб ставете по половина излупена пиперка и парче модар патлиџан. Врз нив изрендајте кашкавал, па посипете лупен сончоглед. Одозгора ставете по една печурка и наросете пармезан, па поклопете со преостанатиот леб.

Во загреан тостер ставете ги сендвичите да се запечат, се додека не се растопи кашкавалот. Послужете во чинија за сервирање. Добар апетит.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
BIBI_G_3 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
СТАРОСЕДЕЛЕЦ

Регистриран: 21.Август.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2372
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BIBI_G_3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Септември.2014 во 10:20
јас,под поимот сендич,подразбирам само и исклучиво хамбургер од седмица...црвенеење
НЕПОПРАВЛИВ ОПТИМИСТ
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Август.2014 во 09:35

КОМБИНИРАНИ ТОСТ СЕНДВИЧИ СО КАШКАВАЛ И ЗЕЛЕНЧУК

Марта Стјуард, една од најпознатите готвачки на светот, беше гостинка во шоуто на Опра Винфри, каде ја презентираше својата брилијантна идеја за бар за сендвичи. Доколку планирате забава, ви предлагаме да ја пробате идејата на Стјуард за поставување на бар каде вашите гости ќе може да изберат каков тост сендвич сакаат. Имено, ви предлагаме да им понудите на вашите гости најразлични видови на леб, кашкавал, зеленчук и сосови и да им дозволите самите да си ја изберат својата омилена комбинација, која потоа ќе ја потпечете на тостер.

За вечера со 10 луѓе:

1

Потребни состојки:

  • 40 парчиња различни видови на леб
  • Зеленчук по желба: домат, пиперки, краставици, кромид, зелени пиперки,
  • Салама по желба: пилешка прса, шунка, сланина, пршута, печеница, мортадела, свински врат.
  • Кашкавал по желба: тост кашкавал, кравји, овчи, мешан, зачинет, пармезан
  • Зачини по желба: магданос, босилек, оригано, мајоран, мајчина душичка, нане
  • Сосови по желба: кечап, мајонез, сенф, павлака, тартар, сос од рен, малиџано
  • 300 гр. путер.
  • Сол и црн пипер

Припрема:

Секое од парчињата леб намачкајте го со путер. Откако гостите ќе изберат што се сакаат во својот тост сендвич, наредете ги состојките врз едното парче леб, но притоа внимавајте кашкавалот да биде најдолу.

Вака приготвенот сендвич ставете го во претходно загреан тостер и печете се додека лепчето не се потпече и кашкавалот не се стопи. Тост сендвичите послужете ги во чинија за сервирање, а на гостите понудете им топче павлака или крем сирење. Добар апетит!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Август.2014 во 09:32

ЗАЧИНЕТИ ПИЛЕШКИ СЕНДВИЧИ СО ГОРГОНЗОЛА

recept11

Потребни состојки:

100 гр. сирење горгонзола

4 пилешки стекови

8 кришки леб по избор

1 главца кромид

1 лажичка чили

1 лажичка сол

1 лажичка мелен црвен пипер

1 лажица путер

2 лажици лут сос по избор

Масло за јадење

100 гр. брашно

Припрема:

Во посебен сад ставете го брашното, мелениот црвен пипер, чилито и солта и промешајте. Добро измијте ги пичешките стекови, а секој стек убаво премачкајте го со смесата од зачини и брашно.

Вака приготвените стекови испржете ги во тава со масло на оган, околу 5 минути на секоја страна.

Во посебен сад исмешајте го лутиот сос со путерот, се додека путерот не се растопи. Секој испечен стек премачкајте го со оваа смеса и оставете го да се излади.

Ставете го лебот на тост да се загрее. Потоа врз 4 парчиња леб ставете по еден стек, ситно сецкан кромид и горгонзола сирење. Потоа со врз сендвичите додадете ги останатите парчиња леб. Премачкајте го лебот со малку путер и ставете го на тост да се испече.

Вака приготвените тост сендвичи исечете ги на половина и послужете ги во чинија за сервирање. Добар апетит!

 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2013 во 17:26

Сендвич со салата од јајца


.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 100 грама Целер
  • 1 лажица/ци Сол
  • 2   Млад лук
  • 500 грама Марула
  • 2 лажица/ци Лимонов сок
  • 8   Кришка/ки леб
  • 1 мала лажица Бибер
  • 6   Јајца/це


  • Време за подготовка: 10 мин.
  • Време за готвење: 20 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

90% од предизвикот тука е правилно варење на јајцето. Важно е да се изврие јајцето, а сепак центарот да остане влажен. Исто така треба да ги избегнете зелено сивите прстени што се формираат при преварени јајца. Клучот е да се одбегне превривање на јајцата и да се стави веднаш во сад со ледено ладна вода со цел да се запре готвењето. Гледајте секогаш да употребите високо квалитетни јајца, но имајте предвид дека колку се јајцата посвежи, толку потешки ќе бидат за лупење по вриењето.

ПОДГОТОВКА:

 

Ставете ги јајцата во тенџере и покријте ги со ладна вода. Водата треба да зоврие. Потоа ја исклучувате топлината, покривате и нека седат точно седум минути. Имајте голем сад со мраз во вода и ставете ги јајцата три минути да седат во садот, доволно долго за да се запре готвењето. Излупете ги јајцата во средно голем сад за мешање. Додадате мајонез, малку сол, бибер и лимонов сок и измешајте се со вилушка. Не претерувајте со мешање за да имате некаква текстура. Ако треба да додадете уште малку мајонез слободно додадете за да добиете смеса за мачкање.

Додадете ги целерот и младото лукче. Вкусете и прилагодете по ваш вкус и додадете повеќе сол и бибер ако е потребно. 

За да се направи сендвичот терба да го направите следното: ставете малку зелена салата на парчето леб; намачкајте од смесата и додадете го другото парче леб.

Направете 4 сендвичи.  


Изменето од Valerija - 20.Август.2014 во 09:32
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2013 во 17:26

Селски пикантен сендвич



ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 3   Харинга/ги
  • 125 грама Сланина
  • 15 милилитри Оцет
  • 1   Главица лук
  • 400 грама Кисели краставички
  • 1000 милилитри Газирана вода
  • малку   Црн бибер


  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 15 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Селски пикантен сендвич

ПОДГОТОВКА:

Солената харинга ставете ја во минерална вода и оставете ја во водата следните неколку дена.

Исцедете ја водата и харингата исчистете и иситнете ја.

Месото исечете го на ситни коцки.

Сланината, лукот и краставиците ситно исечкајте ги и измешајте ги со харингата. Зачинете со малку оцет и свеж мелен црн бибер.

Домашниот леб исечете го на тенки кришки и премачкајте го со маргарин.

Одозгора наредете ги иситнетите состојки.


Изменето од Valerija - 20.Август.2014 во 09:34
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2013 во 17:25

Трикатен седнвич со пилешко



ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • малку   Сол
  • 200 грама Сланина
  • 500 грама Пилешко
  • 2 лажица/ци Маслиново масло
  • 200 грама Марула
  • 100 грама Мајонез
  • 2 лажица/ци Лимонов сок
  • 1 главица/и Кромид/а
  • 12 парче/чиња Кришка/и леб за тост
  • 1   Домат/и
  • малку   Васаби во прав
  • малку   Црн бибер


  • Време за подготовка: 10 мин.
  • Време за готвење: 50 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Трикатен седнвич со пилешко

ПОДГОТОВКА:

   
Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови. Наредете ја сланината во тава за печење и печете ја сланината 20тина минути па потоа свртете ја на другата страна и печете уште 5 минути. Ставете ја сланината на хартиена салфетка да се исцеди од маснотии. 
Зачинете го пилешкото од двете страни со сол и бибиер и ставете го во тава за печење предходно намачкана со масло и печете во рерна околу 10 минути на истата температура (180 степени), потоа превртете го месото и продолжете да печете уште 15тина минути. Ставете го месото на даска за сечкање и оставете го да олади 15 минути, па потоа исецкајте го во вид на стапчиња од 1,5 -2 центиметри. 
Ставете го васабито во прав со сокот од лимон заедно и промешајте го убаво. На тоа додадете го мајонезот и промешајте уште еднаш. 
Земете едно парче леб и намачкајте го со смесата од мајонез. Ставете ја марулата па пилешкото, па кромидот и уште едно парче леб. Исецкајте го доматот на кружни резанки. Потоа ставете од доматот врз второто парче леб и потоа ставете сланина. Ставете го и последното парче леб најодозгора. 
Пресечете ги на триаголници и послужете ги веднаш.   


Изменето од Valerija - 20.Август.2014 во 09:33
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2013 во 17:24

Сендвич со јајца и сланина од мисирка



ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 1 парче/чиња Лепиња
  • 1   Јајца/це
  • 2 парче/чиња Сланина од мисирка
  • 2 парче/чиња Чедар кашкавал


  • Време за подготовка: 5 мин.
  • Време за готвење: 15 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Сендвич со јајца и сланина од мириска

ПОДГОТОВКА:

  На тава загреана на средна температура испечете ја сланината по 2-3 минути на секоја страна или доддека не стане кафена. 
Извадете ја сланината од тавата и ставете ја на хартиена салфетка да се ицеди.
Во топла тава згответе го јајцето по ваш избор, омлет, на око и слично.
Пресечете ја векната на половина и на долниот дел ставете го јајцето, врз него едно парче од чедар кашкавалот, па сланината и најгоре другото парче од векната. 


Изменето од Valerija - 20.Август.2014 во 09:33
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2013 во 08:40
ПЕЧЕН СЕНДВИЧ СО СИРЕЊЕ



 

Состојки:

- 2 парчиња леб, по можност француски леб (багет)

- путер

- козјо сирење (или друго сирење по желба)

- домати

- рукола (или друга зелена салата по желба)

- пршута (тенко исечкана)

- мек кашкавал (гауда, ајдамер...)

 

Подготовка:

Намачкајте го лебот со путер од сите страни (надвор и внатре). Внатре ставете парче козјо сирење. Врз сирењето наредете домат, рукола, пршута и мек кашкавал, затворете го сендвичот и ставете го во рерна. Печете го на слаб оган додека не се зарумени лебот.

 

Послужете веднаш.


(Ninja 35)

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2013 во 08:37

Рибарски сендвич

Потребно:

* 500 г сардини
* 5 филети солени рипчиња
* 3 лажици брашно
* 400 г леб
* листови од зелена салата
* 1 главица кромид
* 1 домат
* магдонос
* масло

Приготвување: во секоја од исчистените сардини, во утробата ставете по половина парче од солените рипчиња, притиснете ги со прсти, испрпелкајте ги во брашно, па пржете ги во загреано масло 5-10 минути. Лебот исечете го на парчиња, отстранете ја корката, па пропржете го во загреано масло од едната страна. На пржената страна од лебот ставете лист од зелената салата, неколку пржени риби, домат и кромид исечени на тркалца, па преклопете го со друго парче леб.

(Emil)

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2013 во 08:33

Сендвичи со топено сирење

Вкусен леб, шунка и квалитетно сирење или кашкавал е сѐ што ви е потребно за да направите вкусен сендвич. Секако, оставаме на вашата фантазија да додаде и други состојки. Нашата гурманска фантазија на оваа комбинација би додала и парчиња домати и круши за да постигнеме перфекција.

СОСТОЈКИ (1-2 лица)
• 2 долги парчиња црн леб
• 2 мали лажици растопен путер
• 1-2 парчиња шунка, тенко исечени
• 2-3 парчиња домат или круша
• 1-2 паршиња гриер или ементалер

ПОДГОТОВКА
Загрејте ја рерната на 230℃. Прелијте ги лепчињата со растопен путер. Наредете парчиња шунка на секое од лепчињата. Врз шунката ставете домати и круши. На крајот, покријте со убав слој гриер или ементалер.

Ставете ги сендвичите врз хартија за печење и потоа во тава. Печете ги сѐ додека сирењето не се растопи, односно додека не добие златна боја на краевите (6-8 минути).

(Emil)

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2013 во 08:32

Крцкави сендвичи

Потребно:

* 2 лажици крем-сирење
* 2 лажички суви зачини (рузмарин, босилек, мајчина душица)
* сол
* 2 парчиња интегрален леб
* 6 тркалца од свежа краставица
* 2 ротквици

Приготвување: измешајте го сирењето со сувите зачини и посолете го по вкус. Премачкајте ги парчињата леб со подготвеното крем-сирење, па врз него распоредете ги тркалцата од краставица. Измијте ги ротквиците, исчистете ги, исечете ги на тркалца, па распоредете ги врз краставицата.

(Emil)

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2013 во 08:31

Сендвич со мортадела

Потребно:

* 8 парчиња тост-леб
* 150 г мортадела
* 150 г кашкавал
* 8 листови зелена салата
* путер

Приготвување: измијте ја зелената салата и исечете ја на ленти, а кашкавалот и мортаделата - на тенки парчиња. Намачкајте ги парчињата леб со путер, па ставете од кашкавалот, салатата и мортаделата. Вака подготвените сендвичи може да ги завиткате во алуминиумска фолија и да ги чувате во фрижидер до послужување.


(Emil)

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 7>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.