Испечати | Затвори го прозорот

Кој јаде сендвичи и што...

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Здравје
Име на форумот: Исхрана и кулинарство
Опис на форумот: Еднаш се живее... здраво или нездраво?
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=2142
Датум на принтање: 28.Ноември.2024 во 14:46
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Кој јаде сендвичи и што...
Постирано од: Barbika
Наслов: Кој јаде сендвичи и што...
Датум на внесување: 16.Ноември.2005 во 22:15
мислите за нив!?Секаде ни велат дека тие спаѓаат во брзата и штетна храна.Колку внимавате дали еден таков фкусен залак ќе ставите во вашата уста!?
 
 
 


-------------



Коментари:
Постирано од: blue
Датум на внесување: 16.Ноември.2005 во 22:19
воопшто не внимавам...........особено обожавам сендвич со многу мајонез и луто...ммм...луто обавезно!! 


Постирано од: Barbika
Датум на внесување: 17.Ноември.2005 во 13:23
Лично ги обожавам сендвичите,но гледам да не претерувам со нив!
 
 
 


-------------


Постирано од: natalija
Датум на внесување: 10.Февруари.2006 во 08:23
И јас не сакам да претерувам ама како да му одолеам на сендвичот во 7 кога е толку вкусен

-------------


Постирано од: blue
Датум на внесување: 10.Февруари.2006 во 08:37
леле...а сум ви кажала ли колку ги обожавам пролетните сендвичи кога ќе излезат свежи домати и краставички, младо кромидче, па ќе си наполнам четвртинка лепче со што ќе ми дојде под рака мммммммммммм


Постирано од: NRGMKD
Датум на внесување: 10.Февруари.2006 во 16:41
Eeeeeeeee sea pa ti!!! A stavas li malku kaskavalce, vratce!!! Bez toa ne ja biva!!! I malce krem sir ili kajmace!!!!  m,m,m,m,m,m,m,m,

-------------
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.


Постирано од: blue
Датум на внесување: 11.Февруари.2006 во 12:01
мммммммммммммм....да!!!! а луто спомнав? и луто и луто...ммммм


Постирано од: NRGMKD
Датум на внесување: 11.Февруари.2006 во 14:40
Piperce malecko!!! Bre bre bre!!! Sto ubavini!!! Aj dosta dosta!!!  Go izedov monitorot!!! 

-------------
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.


Постирано од: blue
Датум на внесување: 11.Февруари.2006 во 18:56

ммммм...мејк ми а сендвич, НРГМКД  



Постирано од: joki
Датум на внесување: 04.Март.2006 во 13:47
ммммммммм...сендвичи...обожавам...хамбургер, ако спаѓат во сенвичи...а од оние домашните...со кашкавал, пилешко саламче и мајонез...ммм.......

-------------
Точачиња.


Постирано од: Mindy
Датум на внесување: 04.Март.2006 во 14:39
jadam sendvici i voopsto ne vnimavam na kaloriite 

-------------


Постирано од: Alekta
Датум на внесување: 04.Март.2006 во 19:00

e fali uste da vnimavav na kaloriite sega i stvarno kje bev..... da ne mozma da zastanam na noze....kje mi se skrsea......

inace sendvici.....najmnogu jadam tost ama samo so SENF.....mrazam kecap i majonez...... i mnogu sakam laden sendvic



-------------
and you run and you run to catch up with the sun but it's sinking....


Постирано од: Nelita
Датум на внесување: 07.Март.2006 во 12:15
Koga sum vo frka ,a pocesto sum ne odam klasicno na pauza tuku na noga sendvic i brkam rabota!
Slatki mi se i onie od mek donalds ama gi sakam sendvicite i so salata zavisi koga kako nekogas ostanuvam samo na gevrece i jogurtce.
Tuf,tuf sto vi se iznaprikazav!


-------------
„Чувствувам дека ќе полудам оваа пролет,заради една далечна убавина!“


Постирано од: oblachinja
Датум на внесување: 01.Април.2006 во 23:22
 

-------------


Постирано од: Dogi
Датум на внесување: 07.Април.2006 во 14:08
Originally posted by natalija natalija напиша:

И јас не сакам да претерувам ама како да му одолеам на сендвичот во 7 кога е толку вкусен


Од кога не сум јадел хамбургер од Седмица!


-------------
Јас сум мајстор!

http://widget.meebo.com/mm.swf?asMwhdKtFb" rel="nofollow - Кликни овде за комуникација со мене (потоа кликнете во полето 'Edit nickname' и впишете го вашето име)


Постирано од: oblachinja
Датум на внесување: 07.Април.2006 во 16:20
 

-------------


Постирано од: maja
Датум на внесување: 07.Април.2006 во 16:28
Originally posted by beleg beleg напиша:

Најдобра сендвичара дефинитивно...или дека ми е пред зграда
Bez konk*rencija, nema sto.Ama sme blisko maaaaaa:))))))

-------------
[IMG]http://img140.imageshack.us/img140/2444/2csa0.gif">[IMG]http://img20.imageshack.us/img20/3669/zt6uzj6n8sin4.gif">


Постирано од: oblachinja
Датум на внесување: 07.Април.2006 во 16:30
 

-------------


Постирано од: maja
Датум на внесување: 07.Април.2006 во 16:32
Originally posted by beleg beleg напиша:

Originally posted by maja maja напиша:

Originally posted by beleg beleg напиша:

Најдобра сендвичара дефинитивно...или дека ми е пред зграда
Bez konk*rencija, nema sto.Ama sme blisko maaaaaa:))))))
Каде си?????????
Vo blizina ama toa mi e stalno vrtalishte, nekako nemozam bez toj del osobeno parkot pozadi i igralishteto :))

-------------
[IMG]http://img140.imageshack.us/img140/2444/2csa0.gif">[IMG]http://img20.imageshack.us/img20/3669/zt6uzj6n8sin4.gif">


Постирано од: butel2
Датум на внесување: 08.Април.2006 во 00:15
Сендвичи единствено од седмица.


Постирано од: maja
Датум на внесување: 08.Април.2006 во 00:23
Па да си закажеме сите пред седмица

-------------
[IMG]http://img140.imageshack.us/img140/2444/2csa0.gif">[IMG]http://img20.imageshack.us/img20/3669/zt6uzj6n8sin4.gif">


Постирано од: oblachinja
Датум на внесување: 08.Април.2006 во 01:19
 

-------------


Постирано од: maja
Датум на внесување: 08.Април.2006 во 01:24
Без политика и без трач муабети:)

-------------
[IMG]http://img140.imageshack.us/img140/2444/2csa0.gif">[IMG]http://img20.imageshack.us/img20/3669/zt6uzj6n8sin4.gif">


Постирано од: oblachinja
Датум на внесување: 14.Април.2006 во 17:06
 

-------------


Постирано од: Dogi
Датум на внесување: 20.Април.2006 во 16:46
Некња бев во Седмица, абе таму нон-стоп ли има толку многу редица за чекање?
И земав си отидов со екипата во КингБургер, не дека таму се поразлични, ама побрзо е!


-------------
Јас сум мајстор!

http://widget.meebo.com/mm.swf?asMwhdKtFb" rel="nofollow - Кликни овде за комуникација со мене (потоа кликнете во полето 'Edit nickname' и впишете го вашето име)


Постирано од: Синдарела
Датум на внесување: 20.Април.2006 во 17:11
јас искрено секогаш јадам во кинг бургер,а па додека беше Аркадија таму јадев....7-ца не многу многу

-------------
http://www.fantasytrend.blogspot.com - TRENDY


Постирано од: Синдарела
Датум на внесување: 20.Април.2006 во 17:12
п.с. заборавив да додадам дека не јадам сендвичи од плескавица....

-------------
http://www.fantasytrend.blogspot.com - TRENDY


Постирано од: MisIcA
Датум на внесување: 20.Април.2006 во 17:42
Sea jadev sendvic od sedmica i toa na vrakanje od rabota.Ne e zdrava ovaa hrana ali mene mi e vkusna

-------------
[IMG]http://img228.imageshack.us/img228/6007/donfior24yg.gif" />
Nema sustestvo bez ljubov,nitu vistinska ljubov bez ljubomora, nitu ljubomora bez neverstvo, nitu neverstvo bez pricina


Постирано од: Eleni
Датум на внесување: 21.Април.2006 во 02:10
Sendvici ne sum jadela 3god.edno so ne se zdravi drugo so ne se ubavi kako nash*te

-------------
Destiny is not a matter of chance,it is a matter of choice.It is not a thing to be waited for,it is a thing to be achieved


Постирано од: sexyemma
Датум на внесување: 22.Септември.2006 во 14:21
brza hrana nejadam veke so godini, em steti na zdravjeto em debelee

-------------
Don't drink and drive, just walk and fly


Постирано од: blue
Датум на внесување: 22.Септември.2006 во 14:44
не сум ок.....денес ваков сендвич јадев, пази - пилешка салама, едно јајце на око, кашкавал и зачини во лепче (тие кружните за хамбургери, како д фак се викаа) ....
 
 


Постирано од: ivana
Датум на внесување: 22.Септември.2006 во 15:02
ја денес багет со кашкавалче маслинки домати босилек и некој дресинг лут

-------------
Motivation is game in my hands


Постирано од: blue
Датум на внесување: 22.Септември.2006 во 15:05
мммммммммммм каде бејб? ова звучи лудо


Постирано од: Fergie
Датум на внесување: 08.Октомври.2006 во 12:31
обожавам сендвичи и не ми е гајле шо мислат дека биле брза храна мене ми се омилени

-------------
http://images.google.com/images?q=tbn:qajDy69_pHdiaM:http://network.news.com.au/image/0,10114,5026789,00.jpg


Постирано од: Dana
Датум на внесување: 23.Октомври.2006 во 14:58
7-ca gi smali sendvicite Confused

-------------
Love like an angel, make love like a devil. [IMG]http://i73.photobucket.com/albums/i215/enatara/eyer.gif" />


Постирано од: Antoaneta
Датум на внесување: 24.Октомври.2006 во 21:15
Denes mu se dzitnav na klasicen hamburger...mmmmmmmmm


Постирано од: Miriam
Датум на внесување: 07.Јули.2007 во 18:26
Сендвичот може да биде и здрава храна - на пример црн леб со сирење/кашкавал, зелена салата, краставица, маслинка, печена пиперка. Многу повкусно отколку плескавица од којзнае какво месо и компир пржен во зејтин од пред 10 дена.




-------------
Try again. Fail again. Fail better.


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 03.Август.2007 во 11:06
ne bi jadela nesto slicno na hamburger, hot dog, cizburger, kombiniran...nisto sto e fast food.

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: Isis
Датум на внесување: 03.Август.2007 во 20:34
мојот омилен сенвич

црн леб, зелена ,туна, лајт мајонез, маслинки зелени, и јајце варено..
мљац мљац голема%20насмевка


-------------


Постирано од: Горе_Лево
Датум на внесување: 04.Август.2007 во 11:26
Со многу сенф, мајонез и буковка.


Постирано од: molly
Датум на внесување: 05.Август.2007 во 01:17
ja jadam sekakvi sendvici osven hamburger ili neso so nekoj vid pleskavici i cuda, a na kombiniran nemozam da odoleam posebno u 7.

-------------
koga se osekas dobro ne grizi se ke ti pomine.


Постирано од: superbaby
Датум на внесување: 07.Август.2007 во 17:44
stavam v usta takvi zalci ali retko... 


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 31.Декември.2007 во 20:03
омилен ми е интегрален со сејтан, кинеска салата и наут....ресторан ХАРМОНИЈА. редовно нарачувам од таму за доручек, а исто така имаат и добри тортиљи со сејтан и тофуто е супер

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: orlov
Датум на внесување: 31.Декември.2007 во 21:03
Само да нема многу маснотии, а каков е не е важно.

-------------
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              


Постирано од: IQ
Датум на внесување: 02.Февруари.2008 во 04:29
izbegnuvam da jadam sendvichi, ziv otrov se...

-------------
http://imageshack.us">
[URL=http://g.imageshack.us/g.php?h=521&i=00001awbzx1.jpg][IMG]http://img521.imageshack.us/img521/


Постирано од: Eli
Датум на внесување: 05.Февруари.2008 во 13:05
Sakam sendvici ama ne od tipot na hamburgeri so pleskavici,kromidi i sl.Sakam najmnogu sendvicinja so francusko lepce,onaka lesni so tuna mozebi i sl..


Постирано од: fragola
Датум на внесување: 05.Февруари.2008 во 16:26
mrazam fast food,a pa koga ke vidam pleskavica i majonez...bljak


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 05.Февруари.2008 во 16:32
Originally posted by fragola fragola напиша:

mrazam fast food,a pa koga ke vidam pleskavica i majonez...bljak
прочитај погоре мојот пост. тоа воопшто не е фаст фуд


-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 05.Февруари.2008 во 16:39
sarma so suvo svinsko meso голема%20насмевка голема%20насмевка голема%20насмевка 

-------------
http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 05.Февруари.2008 во 16:42
сендвич со сарма збунетост скелет

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: fragola
Датум на внесување: 05.Февруари.2008 во 16:44
прочитај погоре мојот пост. тоа воопшто не е фаст фуд
OK,tvojot izbor mi se dopagja mislev konkretno na hamburgeri i slicni...


Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 05.Февруари.2008 во 16:44
cebapi so jogurt vo mek donalds газење%20од%20смеење

-------------
http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 05.Февруари.2008 во 16:46
Originally posted by fragola fragola напиша:

прочитај погоре мојот пост. тоа воопшто не е фаст фуд
OK,tvojot izbor mi se dopagja mislev konkretno na hamburgeri i slicni...
од една страна сум вегетаријанец но и од друга страна гледано и да е вегетаријанско не фала...изненадувањесреќа


-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 05.Февруари.2008 во 16:51
tavce gravce , ljuti pipercinja so ocet i lukce смеење ..... ladno svinsko so edna oka crno vino смеењесмеење ....

-------------
http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН


Постирано од: BidiFit
Датум на внесување: 13.Февруари.2008 во 19:50
Сендвич со туна и салата....мммм

-------------
http://www.bidifit.com.mk - http://www.bidifit.com.mk


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 01.Мај.2008 во 14:43
диетален леб со варен компир и салата во него...и тоа може да се нарече сендвич нели голема%20насмевка

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: brza
Датум на внесување: 01.Мај.2008 во 15:05
shto ke bide  "rezultatot" od  toa,...kojznae!  голема%20насмевканамигнување

-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: kristofer
Датум на внесување: 03.Мај.2008 во 08:16
sendvic so domatce i sirence najprosto je, najlesno da se napravi. 

-------------
vrtyuwged


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 21.Мај.2008 во 11:19
Sendvichi obozavam...
sekakvi...
od francuski do cheeseburgeri i se ostalo...


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 17.Јуни.2008 во 19:19
и ја правам сендвичи
и кога ги правам гледам обавезно да има две лепчиња и се друго што има во фрижидерот а се јаде живо голема%20насмевка


-------------
размисли пред да напишеш глупост


Постирано од: PimpDaddyManev
Датум на внесување: 17.Јуни.2008 во 22:58
pa koj ne obozava sendvichi...hamburger cheeseburger najubavi se i nonstop gi jademe i posle se zalime na spoljeri posebno koga sum gladen i koga ke pominam pokraj nekoja sendvicara...koga ke me lupne edna mirizba u nos...nemozam da ne kupam hahahaha


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 17.Јуни.2008 во 23:00
јас не јадам такви голема%20насмевка

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: Shaxito
Датум на внесување: 28.Јуни.2008 во 04:15
Jadam sendvic Ali da nema meso :))) nekoi posebni salati ili kskavali sirenjinja

-------------
''Ceni se samiot ako sakas da te cenat i drugite''


Постирано од: mamma
Датум на внесување: 29.Јуни.2008 во 19:06
Sendvich so sejtan


-------------
http://imageshack.us">
Shot at 2007-06-30[/IMG]


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 29.Јуни.2008 во 19:16
Originally posted by mamma mamma напиша:

Sendvich so sejtan

Moj чоек голема%20насмевка може и со тофу..


-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: mamma
Датум на внесување: 29.Јуни.2008 во 19:28
намигнување...moze,moze...samo da ne e uprzeno na maslo
koe se menuva na sekoja nedela denaболен


-------------
http://imageshack.us">
Shot at 2007-06-30[/IMG]


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 29.Јуни.2008 во 19:33
не не....варено тофу 

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: LSFC
Датум на внесување: 24.Јули.2009 во 15:22
Sendvici jadat tia sto im se jade ,sto brzat za nekade ili prosto nemat moznost da si zanesat na rabota druga mnogu po polezna hrana


Постирано од: Glenn
Датум на внесување: 25.Јули.2009 во 12:04
Сендвичите имаат почесноместо во мојата исхрана, ги обожавам и правам најразлични сендвичи со најразлични состојки, салати, зеленчуци, сирења и сувомеснато и риба.трепкање

-------------
Beauty fades, dumb is forever


Постирано од: Calipso
Датум на внесување: 25.Јули.2009 во 18:47
Ма јадам и не се замарам.голема%20насмевка


Постирано од: емил
Датум на внесување: 01.Април.2011 во 05:40

Крцкави сендвичи

Потребно:

* 2 лажици крем-сирење
* 2 лажички суви зачини (рузмарин, босилек, мајчина душица)
* сол
* 2 парчиња интегрален леб
* 6 тркалца од свежа краставица
* 2 ротквици

Приготвување: измешајте го сирењето со сувите зачини и посолете го по вкус. Премачкајте ги парчињата леб со подготвеното крем-сирење, па врз него распоредете ги тркалцата од краставица. Измијте ги ротквиците, исчистете ги, исечете ги на тркалца, па распоредете ги врз краставицата.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 07.Април.2011 во 20:42

Сендвич со мортадела

Потребно:

* 8 парчиња тост-леб
* 150 г мортадела
* 150 г кашкавал
* 8 листови зелена салата
* путер

Приготвување: измијте ја зелената салата и исечете ја на ленти, а кашкавалот и мортаделата - на тенки парчиња. Намачкајте ги парчињата леб со путер, па ставете од кашкавалот, салатата и мортаделата. Вака подготвените сендвичи може да ги завиткате во алуминиумска фолија и да ги чувате во фрижидер до послужување.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 14.Април.2011 во 19:55

Сендвичи со топено сирење

Вкусен леб, шунка и квалитетно сирење или кашкавал е сѐ што ви е потребно за да направите вкусен сендвич. Секако, оставаме на вашата фантазија да додаде и други состојки. Нашата гурманска фантазија на оваа комбинација би додала и парчиња домати и круши за да постигнеме перфекција.

СОСТОЈКИ (1-2 лица)
• 2 долги парчиња црн леб
• 2 мали лажици растопен путер
• 1-2 парчиња шунка, тенко исечени
• 2-3 парчиња домат или круша
• 1-2 паршиња гриер или ементалер

ПОДГОТОВКА
Загрејте ја рерната на 230℃. Прелијте ги лепчињата со растопен путер. Наредете парчиња шунка на секое од лепчињата. Врз шунката ставете домати и круши. На крајот, покријте со убав слој гриер или ементалер.

Ставете ги сендвичите врз хартија за печење и потоа во тава. Печете ги сѐ додека сирењето не се растопи, односно додека не добие златна боја на краевите (6-8 минути).



-------------


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 14.Август.2012 во 13:23
Ако чизбургер спаѓа во сендвичи тогаш тој ми е омиленсмеење

Инаку, со свински врат, кашкавал, печеница, пршута, шунка, па дури и само со ајвар и сирењеплазење


-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 20.Септември.2013 во 08:31

Сендвич со мортадела

Потребно:

* 8 парчиња тост-леб
* 150 г мортадела
* 150 г кашкавал
* 8 листови зелена салата
* путер

Приготвување: измијте ја зелената салата и исечете ја на ленти, а кашкавалот и мортаделата - на тенки парчиња. Намачкајте ги парчињата леб со путер, па ставете од кашкавалот, салатата и мортаделата. Вака подготвените сендвичи може да ги завиткате во алуминиумска фолија и да ги чувате во фрижидер до послужување.


(Emil)



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 20.Септември.2013 во 08:32

Крцкави сендвичи

Потребно:

* 2 лажици крем-сирење
* 2 лажички суви зачини (рузмарин, босилек, мајчина душица)
* сол
* 2 парчиња интегрален леб
* 6 тркалца од свежа краставица
* 2 ротквици

Приготвување: измешајте го сирењето со сувите зачини и посолете го по вкус. Премачкајте ги парчињата леб со подготвеното крем-сирење, па врз него распоредете ги тркалцата од краставица. Измијте ги ротквиците, исчистете ги, исечете ги на тркалца, па распоредете ги врз краставицата.

(Emil)



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 20.Септември.2013 во 08:33

Сендвичи со топено сирење

Вкусен леб, шунка и квалитетно сирење или кашкавал е сѐ што ви е потребно за да направите вкусен сендвич. Секако, оставаме на вашата фантазија да додаде и други состојки. Нашата гурманска фантазија на оваа комбинација би додала и парчиња домати и круши за да постигнеме перфекција.

СОСТОЈКИ (1-2 лица)
• 2 долги парчиња црн леб
• 2 мали лажици растопен путер
• 1-2 парчиња шунка, тенко исечени
• 2-3 парчиња домат или круша
• 1-2 паршиња гриер или ементалер

ПОДГОТОВКА
Загрејте ја рерната на 230℃. Прелијте ги лепчињата со растопен путер. Наредете парчиња шунка на секое од лепчињата. Врз шунката ставете домати и круши. На крајот, покријте со убав слој гриер или ементалер.

Ставете ги сендвичите врз хартија за печење и потоа во тава. Печете ги сѐ додека сирењето не се растопи, односно додека не добие златна боја на краевите (6-8 минути).

(Emil)



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 20.Септември.2013 во 08:37

Рибарски сендвич

Потребно:

* 500 г сардини
* 5 филети солени рипчиња
* 3 лажици брашно
* 400 г леб
* листови од зелена салата
* 1 главица кромид
* 1 домат
* магдонос
* масло

Приготвување: во секоја од исчистените сардини, во утробата ставете по половина парче од солените рипчиња, притиснете ги со прсти, испрпелкајте ги во брашно, па пржете ги во загреано масло 5-10 минути. Лебот исечете го на парчиња, отстранете ја корката, па пропржете го во загреано масло од едната страна. На пржената страна од лебот ставете лист од зелената салата, неколку пржени риби, домат и кромид исечени на тркалца, па преклопете го со друго парче леб.

(Emil)



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 20.Септември.2013 во 08:40
ПЕЧЕН СЕНДВИЧ СО СИРЕЊЕ



 

Состојки:

- 2 парчиња леб, по можност француски леб (багет)

- путер

- козјо сирење (или друго сирење по желба)

- домати

- рукола (или друга зелена салата по желба)

- пршута (тенко исечкана)

- мек кашкавал (гауда, ајдамер...)

 

Подготовка:

Намачкајте го лебот со путер од сите страни (надвор и внатре). Внатре ставете парче козјо сирење. Врз сирењето наредете домат, рукола, пршута и мек кашкавал, затворете го сендвичот и ставете го во рерна. Печете го на слаб оган додека не се зарумени лебот.

 

Послужете веднаш.


(Ninja 35)



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 24.Септември.2013 во 17:24

Сендвич со јајца и сланина од мисирка



ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 1 парче/чиња Лепиња
  • 1   Јајца/це
  • 2 парче/чиња Сланина од мисирка
  • 2 парче/чиња Чедар кашкавал


  • Време за подготовка: 5 мин.
  • Време за готвење: 15 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Сендвич со јајца и сланина од мириска

ПОДГОТОВКА:

  На тава загреана на средна температура испечете ја сланината по 2-3 минути на секоја страна или доддека не стане кафена. 
Извадете ја сланината од тавата и ставете ја на хартиена салфетка да се ицеди.
Во топла тава згответе го јајцето по ваш избор, омлет, на око и слично.
Пресечете ја векната на половина и на долниот дел ставете го јајцето, врз него едно парче од чедар кашкавалот, па сланината и најгоре другото парче од векната. 


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 24.Септември.2013 во 17:25

Трикатен седнвич со пилешко



ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • малку   Сол
  • 200 грама Сланина
  • 500 грама Пилешко
  • 2 лажица/ци Маслиново масло
  • 200 грама Марула
  • 100 грама Мајонез
  • 2 лажица/ци Лимонов сок
  • 1 главица/и Кромид/а
  • 12 парче/чиња Кришка/и леб за тост
  • 1   Домат/и
  • малку   Васаби во прав
  • малку   Црн бибер


  • Време за подготовка: 10 мин.
  • Време за готвење: 50 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Трикатен седнвич со пилешко

ПОДГОТОВКА:

   
Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови. Наредете ја сланината во тава за печење и печете ја сланината 20тина минути па потоа свртете ја на другата страна и печете уште 5 минути. Ставете ја сланината на хартиена салфетка да се исцеди од маснотии. 
Зачинете го пилешкото од двете страни со сол и бибиер и ставете го во тава за печење предходно намачкана со масло и печете во рерна околу 10 минути на истата температура (180 степени), потоа превртете го месото и продолжете да печете уште 15тина минути. Ставете го месото на даска за сечкање и оставете го да олади 15 минути, па потоа исецкајте го во вид на стапчиња од 1,5 -2 центиметри. 
Ставете го васабито во прав со сокот од лимон заедно и промешајте го убаво. На тоа додадете го мајонезот и промешајте уште еднаш. 
Земете едно парче леб и намачкајте го со смесата од мајонез. Ставете ја марулата па пилешкото, па кромидот и уште едно парче леб. Исецкајте го доматот на кружни резанки. Потоа ставете од доматот врз второто парче леб и потоа ставете сланина. Ставете го и последното парче леб најодозгора. 
Пресечете ги на триаголници и послужете ги веднаш.   


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 24.Септември.2013 во 17:26

Селски пикантен сендвич



ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 3   Харинга/ги
  • 125 грама Сланина
  • 15 милилитри Оцет
  • 1   Главица лук
  • 400 грама Кисели краставички
  • 1000 милилитри Газирана вода
  • малку   Црн бибер


  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 15 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Селски пикантен сендвич

ПОДГОТОВКА:

Солената харинга ставете ја во минерална вода и оставете ја во водата следните неколку дена.

Исцедете ја водата и харингата исчистете и иситнете ја.

Месото исечете го на ситни коцки.

Сланината, лукот и краставиците ситно исечкајте ги и измешајте ги со харингата. Зачинете со малку оцет и свеж мелен црн бибер.

Домашниот леб исечете го на тенки кришки и премачкајте го со маргарин.

Одозгора наредете ги иситнетите состојки.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 24.Септември.2013 во 17:26

Сендвич со салата од јајца


.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 100 грама Целер
  • 1 лажица/ци Сол
  • 2   Млад лук
  • 500 грама Марула
  • 2 лажица/ци Лимонов сок
  • 8   Кришка/ки леб
  • 1 мала лажица Бибер
  • 6   Јајца/це


  • Време за подготовка: 10 мин.
  • Време за готвење: 20 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

90% од предизвикот тука е правилно варење на јајцето. Важно е да се изврие јајцето, а сепак центарот да остане влажен. Исто така треба да ги избегнете зелено сивите прстени што се формираат при преварени јајца. Клучот е да се одбегне превривање на јајцата и да се стави веднаш во сад со ледено ладна вода со цел да се запре готвењето. Гледајте секогаш да употребите високо квалитетни јајца, но имајте предвид дека колку се јајцата посвежи, толку потешки ќе бидат за лупење по вриењето.

ПОДГОТОВКА:

 

Ставете ги јајцата во тенџере и покријте ги со ладна вода. Водата треба да зоврие. Потоа ја исклучувате топлината, покривате и нека седат точно седум минути. Имајте голем сад со мраз во вода и ставете ги јајцата три минути да седат во садот, доволно долго за да се запре готвењето. Излупете ги јајцата во средно голем сад за мешање. Додадате мајонез, малку сол, бибер и лимонов сок и измешајте се со вилушка. Не претерувајте со мешање за да имате некаква текстура. Ако треба да додадете уште малку мајонез слободно додадете за да добиете смеса за мачкање.

Додадете ги целерот и младото лукче. Вкусете и прилагодете по ваш вкус и додадете повеќе сол и бибер ако е потребно. 

За да се направи сендвичот терба да го направите следното: ставете малку зелена салата на парчето леб; намачкајте од смесата и додадете го другото парче леб.

Направете 4 сендвичи.  


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 20.Август.2014 во 09:32

ЗАЧИНЕТИ ПИЛЕШКИ СЕНДВИЧИ СО ГОРГОНЗОЛА

recept11

Потребни состојки:

100 гр. сирење горгонзола

4 пилешки стекови

8 кришки леб по избор

1 главца кромид

1 лажичка чили

1 лажичка сол

1 лажичка мелен црвен пипер

1 лажица путер

2 лажици лут сос по избор

Масло за јадење

100 гр. брашно

Припрема:

Во посебен сад ставете го брашното, мелениот црвен пипер, чилито и солта и промешајте. Добро измијте ги пичешките стекови, а секој стек убаво премачкајте го со смесата од зачини и брашно.

Вака приготвените стекови испржете ги во тава со масло на оган, околу 5 минути на секоја страна.

Во посебен сад исмешајте го лутиот сос со путерот, се додека путерот не се растопи. Секој испечен стек премачкајте го со оваа смеса и оставете го да се излади.

Ставете го лебот на тост да се загрее. Потоа врз 4 парчиња леб ставете по еден стек, ситно сецкан кромид и горгонзола сирење. Потоа со врз сендвичите додадете ги останатите парчиња леб. Премачкајте го лебот со малку путер и ставете го на тост да се испече.

Вака приготвените тост сендвичи исечете ги на половина и послужете ги во чинија за сервирање. Добар апетит!

 



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 20.Август.2014 во 09:35

КОМБИНИРАНИ ТОСТ СЕНДВИЧИ СО КАШКАВАЛ И ЗЕЛЕНЧУК

Марта Стјуард, една од најпознатите готвачки на светот, беше гостинка во шоуто на Опра Винфри, каде ја презентираше својата брилијантна идеја за бар за сендвичи. Доколку планирате забава, ви предлагаме да ја пробате идејата на Стјуард за поставување на бар каде вашите гости ќе може да изберат каков тост сендвич сакаат. Имено, ви предлагаме да им понудите на вашите гости најразлични видови на леб, кашкавал, зеленчук и сосови и да им дозволите самите да си ја изберат својата омилена комбинација, која потоа ќе ја потпечете на тостер.

За вечера со 10 луѓе:

1

Потребни состојки:

  • 40 парчиња различни видови на леб
  • Зеленчук по желба: домат, пиперки, краставици, кромид, зелени пиперки,
  • Салама по желба: пилешка прса, шунка, сланина, пршута, печеница, мортадела, свински врат.
  • Кашкавал по желба: тост кашкавал, кравји, овчи, мешан, зачинет, пармезан
  • Зачини по желба: магданос, босилек, оригано, мајоран, мајчина душичка, нане
  • Сосови по желба: кечап, мајонез, сенф, павлака, тартар, сос од рен, малиџано
  • 300 гр. путер.
  • Сол и црн пипер

Припрема:

Секое од парчињата леб намачкајте го со путер. Откако гостите ќе изберат што се сакаат во својот тост сендвич, наредете ги состојките врз едното парче леб, но притоа внимавајте кашкавалот да биде најдолу.

Вака приготвенот сендвич ставете го во претходно загреан тостер и печете се додека лепчето не се потпече и кашкавалот не се стопи. Тост сендвичите послужете ги во чинија за сервирање, а на гостите понудете им топче павлака или крем сирење. Добар апетит!



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: BIBI_G_3
Датум на внесување: 30.Септември.2014 во 10:20
јас,под поимот сендич,подразбирам само и исклучиво хамбургер од седмица...црвенеење

-------------
НЕПОПРАВЛИВ ОПТИМИСТ


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 12.Август.2015 во 21:59

СЕНДВИЧ СО ПОРТОБЕЛО ПЕЧУРКИ И СОНЧОГЛЕД

Back Camera

Потребни состојки:

  • Осум парчиња леб по желба или четири мали погачи
  • 4 портобело печурки
  • 2 лажици оцет
  • 2 зелени пиперки
  • 1 модар патлиџан
  • 2 чешниња лук
  • 2 лажици пармезан
  • 200 гр. овчи кашкавал
  • 4 лажички мајонез
  • 50 гр. лупен сончоглед

Припрема:

Добро измијте ги портобело печурките, отстранете им ги стеблата и полијте ги со оцетот. Оставете ги во покриен сад да отстојат 12 часа во фрижидер.

Испечете ги пиперките и излупете ги, па оставете ги да се изладат. Испечете го модриот патлиџан и излупете го, па и него оставете го да се излади. Ситно исецкајте го лукот и промешајте го со мајонезот.

Врз секое парче леб намачкајте малку мајонез со лук. Врз 4 парчиња леб ставете по половина излупена пиперка и парче модар патлиџан. Врз нив изрендајте кашкавал, па посипете лупен сончоглед. Одозгора ставете по една печурка и наросете пармезан, па поклопете со преостанатиот леб.

Во загреан тостер ставете ги сендвичите да се запечат, се додека не се растопи кашкавалот. Послужете во чинија за сервирање. Добар апетит.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 09.Декември.2015 во 19:15
ОВА НЕ Е САМО ОБИЧЕН СЕНДВИЧ, ОВА Е... СОВРШЕНО!

Оние коишто внимаваат на својата исхрана веројатно и ги избегнуваат сендвичите. Или пак посегнуваат по нив во исклучителни моменти.

Сепак, бидејќи во сè треба да се биде умерен, наградувањето на самиот себе си со совршено хедонистичко искуство впрочем и не е ништо страшно, особено ако се работи за еден ваков гурмански сендвич којшто едноставно мора да го пробате.


Потребни состојки:

 1 багет леб
 5 јајца
 1/3 шолја павлака
 120 гр сланина
 120 гр кашкавал
 2 млади кромидчиња или половина главица кромид

Подготовка:

Во чинија измешајте ги јајцата, павлаката и млекото, а потоа додадете ја и сланината, којашто претходно кратко сте ја пропржиле, како и кашкавалот и кромидот. 


Багетот исечете го по должина и наполнете го со мешавината којашто претходно сте ја подготвиле.


Запечете во загреана рерна на 175 степени Целзиусови, околу 25 минути.


Уживајте!


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk