|
Потребни се уште 3.000 евра за Ивана Јанева да про |
Внеси реплика |
Автор | |
Omar
Сениор Too young to die... Регистриран: 22.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 12633 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 08.Јануари.2010 во 18:35 |
Од шансата да прооди по вторпат 18-годишната Ивана Јанева од штипското село Таринци ја делат уште 3.000 евра. Уште толку и се потребни за да може на 17-ти јануари да замине во Истанбул на операција на рбетот.
„Да ги собереме за оваа недела уште трите илјади евра за да можеме на 17-ти да појдеме во Турција и на 18-ти да ја оперираат“, вели Тодорка Јанева, мајка на Ивана. Откако разбра дека има можност повторно да оди, Ивана сега живее во надеж: „Се надевам дека хуманите луѓе ќе донираат уште за мене, сега само мислите ми се во тоа дали ќе се соберат пари за да можам да се оперирам“, вели Ивана Јанева. 11 штипски рок бендови синоќа свиреа за здравјето на Ивана, а караоке забава организираа и кумановчани. Операцијата во „Американ хоспитал“ во Истанбул, што чини вкупно 8.000 евра, за Ивана е можност да живее нормално и засега е единствен излез од малата собичка чии четири ѕида веќе две години се целиот нејзин свет. Сметка за помош на Ивана: Трансакциска сметка- 200001808025963 Стопанска банка Ивана Јанева POMAGAJTE LUGJE.... |
|
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |