Испечати | Затвори го прозорот

Потребни се уште 3.000 евра за Ивана Јанева да про

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Хуманост на дело
Опис на форумот: Љубовта ќе го спаси светот! Човечноста спасува, олеснува и облагородува животи! ДоброЧинителството мотивира да живееме за доброто на другите! Овие три нека бидат смисла на нашитe животи.
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=21413
Датум на принтање: 07.Јануари.2025 во 04:53
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Потребни се уште 3.000 евра за Ивана Јанева да про
Постирано од: Omar
Наслов: Потребни се уште 3.000 евра за Ивана Јанева да про
Датум на внесување: 08.Јануари.2010 во 18:35
Од шансата да прооди по вторпат 18-годишната Ивана Јанева од штипското село Таринци ја делат уште 3.000 евра. Уште толку и се потребни за да може на 17-ти јануари да замине во Истанбул на операција на рбетот.

„Да ги собереме за оваа недела уште трите илјади евра за да можеме на 17-ти да појдеме во Турција и на 18-ти да ја оперираат“, вели Тодорка Јанева, мајка на Ивана.

Откако разбра дека има можност повторно да оди, Ивана сега живее во надеж: „Се надевам дека хуманите луѓе ќе донираат уште за мене, сега само мислите ми се во тоа дали ќе се соберат пари за да можам да се оперирам“, вели Ивана Јанева.

11 штипски рок бендови синоќа свиреа за здравјето на Ивана, а караоке забава организираа и кумановчани.

Операцијата во „Американ хоспитал“ во Истанбул, што чини вкупно 8.000 евра, за Ивана е можност да живее нормално и засега е единствен излез од малата собичка чии четири ѕида веќе две години се целиот нејзин свет.

Сметка за помош на Ивана:

Трансакциска сметка- 200001808025963

Стопанска банка

Ивана Јанева


POMAGAJTE LUGJE.... големо%20гушкање



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk