IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Александар Валентинович Амфитеатров
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Александар Валентинович Амфитеатров

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 5>
Автор
Порака
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Александар Валентинович Амфитеатров
    Испратена: 05.Јануари.2010 во 20:23
Александар Валентинович Амфитеатров роден во Калуга 1862 год., умира во емигранство - Левант Италија 1938 год.

Александар Валентинович Амфитеатров и посетите на Македонија од 1894 до 1909 година

Тој е големо литерарно и интелектуално име на Европа. Но во родната Русија заради противењето на комунистичка власт неговите дела се забранувани, па денес можат да се најдат само во некои поголеми библиотеки на Русија.

- Уважен и признат на западот зашто нема поле од општествените дејности а да не оставил свој пишан белег. Со диплома од Правниот факултет на Московскиот Универзитет, тој не стапнува во судската сала, па перото му станува негова единствена смисла и оружје за живот.

- Романописец со десетина значајни романи, но и со сатири за кои и страда. Во 1902 год. е прогонет во Сибир за романот “Господа Обманови”, каде го исмејува руското царско семејство и трулоста на режимот. Амфитеатров е и политички, театарски, музички и балетски критичар; публицист-летописец на своето време и земјите каде крстосува со анлитичност која ги предвидува настаните пред да се случат.

- Бројните дела, различни по содржина и форма ја потврдуваат широчината на универзалната наобразба и моќ на запазување. Ителектуалната самостојност му е на прво место, не трпи недемократски режими низ кои Русија минува, еднакво е напаѓан од руските царисти но и комунисти.

- нема место каде не се задржал или познато име со кое не другарува, близок со А.М.Горки, А.П.Чехов. И.Н. Бунин а кога по 1920 год. засекогаш емигрира од Русија и со бројни западни интелектуалци од тоа време. Во 1911 год. ќе се обиде да ги собере сите дотогашни дела во издание од 37 тома и ќе објави 34, а од непознати причини не се објавени 21, 32 и 34 том.

- Од балканските интелектуалци и културни дејци покрај другите особено е близок со Хрватот скулптор Иван Мештрович, истовремено пак се знае и со балканските кралеви и кнезови. Од интервјуирата со нив ги објавува: “Со крал Александар“ (српскиот), “Со кнезот Фердинанд Бугарски“, “Црногорскиот орел “ (кнезот Никола).

- Објавува и интервју со Борис Сарафов, всушност монолог зашто како и на кнезовите, Амфитеатров остава самите да се искажат и од тоа влечи свој заклучок. За Сарафов ќе рече “Овој човек ако треба ќе убие и око нема да му трепни“, а за неговото дело и братија судот дека “овој човек потпишува смртни пресуди и заповеди над грст убијци и уценувачи“.

- Од интервјуата, Амфитеатров доаѓа до вистината за македонскиот народ. Поставувајќи им го на сите “македонското прашање”, ја согледува вистинската борба за грабање на македонските души, територии и ресурси. Кнезовите и кралевите му се митат како Русин, да ги одоброволи рускиот режим и мнение за каузите им.

- Во повикувањата на “историските права”, дури и црногорскиот кнез Никола ќе му ја изложи “црногорската теорија за вистинското потекло” на македонскиот народ. И повикувајќи се на неа оти “наишла на најширок прием” среде Македонците, ќе бара Русија токму на Црна Гора да и ја додели Македонија(?!).

- Кнезот Никола лукаво ќе рече дека со тоа ќе престанела српско-бугарската расправа и жртви. Дека оваа теорија во тоа време е присутна во Русија и Балканот, Амфитеатров ни потврдува со тоа дека ја ширел и рускиот амбасадор на Цетиње Јован Роганович. Сите овие “вистини”, му ја откриваат вистинската причина и вистина за што тука се работи.

- Амфитеатров на Балканот доаѓа четири пати и објавува повеќе дела врзани за истите.

• Првото доаѓање му е 1894 год. а последното во 1909 год.

• За македонската историја му е најзначајно делото “Земја на раздорот” со поднаслов “Балкански впечатоци” објавено 1903 год. Тоа се прилози од патувањето во февруари 1901 год. објавувани истата година низ рускиот печат.

• Втората книга “Од моите скитања“ излегува исто така во 1903 год. и доживува две изданија (второто во 1907 год.)

• Третото патување му е истовремено со неговиот интерес и кампања за ерменското прашање во 1906/1907 год., кога и ги прави интервјуата со балканските кнезови и кралеви како и со Сарафов објавени во : “Со крал Александар“ (српскиот), “Со кнезот Фердинанд Бугарски“, “Црногорскиот орел “ (кнезот Никола) и во “Македонија” (објавена во 1912 год).

• Од четвртото патување во 1909 год. ја објавува “Словенска тага” во 1913 год. За Македонија во ова дело особено му е интересен текстот “ Македонија и младотурците “ со анализа на младотурската револуција. Во оваа 1913 год. се поместени и материјали од книгата “Ехо” во заеднички наслов “Балканска бура”.Во четири прилози иако нема конкретно за Македонија, сепак се потврдува неговата длабока анлитичност, визионерски пристап кога е пред настаните зашто ги предвидува предстојните војни.

Превземено од Македониум
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2010 во 20:25
За вакви личности секоја чест.Ја имам дома книгата
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
ADVISOR Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1026
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ADVISOR Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2010 во 20:30
I sto napisal da vidime
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2010 во 20:32
Originally posted by ADVISOR ADVISOR напиша:

I sto napisal da vidime
А тоа не можи,треба да се помачите
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
ADVISOR Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1026
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ADVISOR Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2010 во 20:33
тагатагатага
тага
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2010 во 20:33
Амфитеатров престојувал и на Балканот. Тука доаѓал четири пати, и секој пат испраќал написи за руските весници. Подоцна, своите извештаи ги објавува и во посебни книги.

Во 1903 год. објавува две книги во кои зборува за личности и настани од Балканот. Во книгата „Земја на раздорот“, објавена две години по неговиот прв престој во Македонија, Амфитеатров дава свој поглед на настаните во Македонија, како и за Македонците:

    „Србите ја сметаат оваа народност за српска, Бугарите за бугарска. Претензиите и на едните и на другите се еднакво без основа во смисла на национални претензии и еднакво имаат основа по силата на културното и политичкото влијание...“

По неговиот втор престој во Македонија, Амфитеатров ќе запише:

    „За да стане Македонија бугарска, требало да се побугарат Македонците. И ете, по Бугарско-српската војна од 1885 г., најтешки сили и значителни жртви на бугарскиот државен организам се насочени кон бугаризација на Македонските Словени. Бугарскиот агент - свештеникот, учителот, комитата, четникот - станува тајна влада на земјата и некаква нејзина душа“.

Амфитеатров на своите патувања по Балканот се среќавал со секакви луѓе, од најпростиот селанец до врвните државници на балканските земји. Ослободен од секакво еднострано влијание и без предрасуди, тој имал можност да дојде до сознанија за проблемите во и околу Македонија:

    „Оние што ја читале мојата „Земја на раздорот“ го знаат мојот поглед врз Македонците. Тоа не се ни Срби, ни Бугари, туку првобитен словенски народ, со прост основен јазик кој во поголем степен е способен да се потчини на каква-годе форма што ќе му ја предложи друга, повлијателна и поразвиена словенска култура. Македонци - Бугари има таму каде што се зацврстила бугарската школа и црква, и Срби има таму каде што писменоста е во рацете на Србите. Со исто удопство тие би можеле да се претворат, под образовно-религиозно и трговско влијание, во Малоруси, Великоруси, Полјаци. Нивниот јазик е растопен метал, кој лесно се прелева во секаква роднинска форма. Но -роднинска. И ете, токму во тоа - во племенското родство - е главниот услов што ја врти сега Македонија во борбата меѓу Словените и што го уништи во неа влијанието на Грците.“

Ваквите отворени ставови, според кои Македонците се самостоен народ, колку близок толку подеднакво оддалечен и од Србите и од Бугарите, придонесле Амфитетаров да ги загуби своите српски и бугарски пријатели.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2010 во 20:34
По нападите од Русите-бугарофили и Бугарите, Амфитеатров се жали: “Бугарите ме напаѓаат дека сум поткупен од Србите, а некои и поради тоа што тие не ме поткупиле“. Бугарофилската репутација ја губи кога на лице место во Македонија се уверува во вистината, но дека не е ниту српски поддржувач се гледа во неговиот заклучок: “Македонците не се ни Срби, ни Бугари“.


- По првото соочување со Македонците тој пишува:

“Основното население на Македонија, претставува за себе неопределена народност за која со увереност може да се каже само тоа дека таа без сомнение е чисто словенска. Србите ја сметаат оваа народност за српска, Бугарите за – бугарска. Претензиите и на едната и на другата се рамно без основа во смисла на националните претензии и рамно имаат основа по силата на културното и политичкото влијание“.

- По второто патување и конкретно за вистинските носители на пропагандата веќе пишува:

“За да стане Македонија бугарска, требало да се побугарат Македонците. И ете по бугарско-српската војна од 1885 год., најтешки сили и значителни жртви на бугарскиот државен организам се насочени кон бугаризација на Македонските Словени. Бугарскиот агент – свештеник, учителот, комитата, четникот – стануваат тајна влада на земјата и некакава нејзина душа“.

Изменето од mungos80 - 05.Јануари.2010 во 20:35
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2010 во 20:35
Амфитеатров за П.Миљуков ќе запише:

“Посетувајќи ја Македонија во 90 -тите, гледал врз неа премногу со бугарски очила и како што се вели набрзина ги прогласи сите Македонци за крвни Бугари. Но неговата ГРЕШКА може да се смета за добросвесна, тој ја затекнал Македонија толку длабоко побугарена што не е чудно што облеката ја примил како тело, културата за народност“.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2010 во 20:36
Амфитеатров маестрално завршува во текстот “Македонија и младотурците” (1913 год.) со следниот заклучок:

“Оние што ја читале мојата “Земја на раздорот”, го знаат мојот поглед врз Македонците. Тоа не се Срби, ни Бугари туку првобитен словенски народ, со прост основен јазик кој во поголем степен е способен да се потчини на каква годе форма што ќе му ја предложи друга, повлијателна и поразвиена словенска култура.

Македонци-Бугари има таму каде што се зацврстиле бугарското училиште и црква и Срби има таму каде што писменоста е во рацете на Србите. Со исто удопство тие можеле да се претворат, под образовно-религиозни и трговски влијанија, во Малоруси, Великоруси, Полјаци. Нивниот јазик е растопен метал кој лесно се прелева во секава родбинска форма. НО - родбинска! И ете токму во тоа во племенското родство е главниот услов што ја врти сега Македонија во борбата меѓу Словените и што го уништи во неа влијанието на Грците“.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2010 во 20:36
Компарирајќи дава пример со 6 вековното владеење на Англичаните над Франција и оваа пропагандна логика која ја исмева до крај пишувајќи:

“Англиските кралеви своевремено владееле над Франција и еден од нив дури бил крунисан во Париз. НО НЕМА АНГЛИЧАНЕЦ ТОЛКУ БЕЗУМЕН кој врз таа шест вековна основа, го смета Париз за британски град и во Претседателот Фалер да гледа не друго, освен узурпатор и предавник на Ланкастерскиот дом“.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2010 во 20:43
Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

По неговиот втор престој во Македонија, Амфитеатров ќе запише:

    „За да стане Македонија бугарска, требало да се побугарат Македонците. И ете, по Бугарско-српската војна од 1885 г., најтешки сили и значителни жртви на бугарскиот државен организам се насочени кон бугаризација на Македонските Словени. Бугарскиот агент - свештеникот, учителот, комитата, четникот - станува тајна влада на земјата и некаква нејзина душа“.


Бугарскиот агент - свештеникот, учителот, комитата, четникот - станува тајна влада на земјата и некаква нејзина душа“.

Да разбираме дека сложувајќи се со Амфитеатров ќе се откажеш од КОМИТАТА И ЧЕТНИКОТ???

Сега Македон ќе рече дека Русинот мисли на врховистите, ама пак нема да биде во право.
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2010 во 20:46
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

По неговиот втор престој во Македонија, Амфитеатров ќе запише:

    „За да стане Македонија бугарска, требало да се побугарат Македонците. И ете, по Бугарско-српската војна од 1885 г., најтешки сили и значителни жртви на бугарскиот државен организам се насочени кон бугаризација на Македонските Словени. Бугарскиот агент - свештеникот, учителот, комитата, четникот - станува тајна влада на земјата и некаква нејзина душа“.


Бугарскиот агент - свештеникот, учителот, комитата, четникот - станува тајна влада на земјата и некаква нејзина душа“.

Да разбираме дека сложувајќи се со Амфитеатров ќе се откажеш од КОМИТАТА И ЧЕТНИКОТ???

Сега Македон ќе рече дека Русинот мисли на врховистите, ама пак нема да биде во право.
А ти ќе бидиш во право Зборот му е за луѓето кој се ставили во служба,не вели сите.А има и интервју со Сарафов
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
eptendosadno Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Декември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1185
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај eptendosadno Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јануари.2010 во 00:00
Да , многу интересна фигура за своето време Но не ми текнува каде се го имам сретнато , во кои комбинации , кои дела , кои ставови , го запаметив по интересното презиме .

Ова може да биде добра тема
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јануари.2010 во 06:31
Кога ја читам биографичната справка за Амфитеатров гледам дека ништо не е спомнато за неговиот "македонски период". Значи тоj пишувал меѓу другото на таа тема. Дали може да се каже дека е експерт по македонското прашање само со 2-3 посети по една-две седмици? Неее....Го изкажал личното мнение, но тоа мнение е на лаик.

Изменето од Македон - 06.Јануари.2010 во 14:25
Мунгос - цензорот на Мисирков
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 5>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.