IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мода и убавина
  Активни теми Активни теми RSS - Историја на високите потпетици
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Историја на високите потпетици

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
Автор
Порака
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Април.2010 во 11:01
намигнување............голема%20насмевка.........
 
Во новата колекција за чизми 2010/11 легендарниот Маноло Бланк кој за титулата крал на штиклите постојано е во мртва трка со Кристијан Лоуботин ги покажал новите модели на штикли во кои нозете изгледаат многу повеќе секси.

Тој не додал сантиметар повеќе туку го променил изгледот на потпетиците. Таквиот облик на потпетици кои Маноло ги нарекол "axio" се инспирација од вамп убавиците од немите филмови кои според дизајнерот се пример за гламурот кој сакал да го постигне.

Кралот на штиклите уште сега ги најавил штиклите "Madame Pompadour" кои се изработени од црвен плиш со украсни кристални копчиња.

Во новата колекција се вклучени и штиклите кои ги носеше Кери Бредшо на венчавката, но без потпетица и во црна и црвена боја.

Дебелите чизми, како оние на Шанел ќе бидат на нозете на сите љубителки на високи потпетици. Во колекцијата се вклучени и Тимбеланд чевли......

Познатиот шпански дизајнер секоја сезона на својата војска обожавателки им приредува нови кожни модели, а за кои се заинтересирани и масовните произведувачи на чевли.
Кон врв
Tiggy Vicious Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Consume. Be silent. Die.

Регистриран: 27.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6238
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tiggy Vicious Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Април.2010 во 12:50
Во овие ногата нема да делува секси...
Туку изобличено.
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Ноември.2011 во 22:11

Мажите не забележуваат дали носите високи штикли?

Кога сакаат да го привлечат вниманието на мажите, милиони жени низ светот избираат да носат високи потпетици, наместо удобни ниски чевли. Но, англиски научници тврдат дека жените попусто ги мачат своите нозе, затоа што мажите воопшто не забележувале дали жената носи високи потпетици или не.

Експерти од Универзитетот Нортумбрија истражувале какви се реакциите на мажите кога ќе здогледаат жена што се движи на високи потпетици и жена што носи обувки без штикла. Со експерименти во кои учествувале мажи на возраст од 18 до 35 години тие сакале да утврдат дали промената во изгледот на телото (визуелното издолжување на нозете, понапрчен задник и сл.) влијае врз мажите.

Научниците откриле дека мажите воопшто не забележуваат дали жената носи обувки со високи или ниски потпетици.

Сепак, тешко дека ваквиот податок ќе ја намали нашата љубов кон високите потпетици (без разлика дали е вистинит или не). Инаку, овој заклучок е само дел од големо англиско истражување за привлечноста и сигналите кои се испраќаат преку нашите движења, како одење или танцување.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Ноември.2011 во 22:12

Високите потпетици го зголемуваат ризикот од артритис

Обувките со високи потпетици се сметаат за модерни и се преферирани од милиони жени низ светот, па многу од нас секојдневно носат чевли со висока штикла. Но, докторите тврдат дека ваквиот тренд го зголемува ризикот од појава на артритис во зрелите години.

Високите потпетици го зголемуваат притисокот во стапалата, глуждовите и колената и го зголемуваат ризикот од појава на остеоартритис, предупредуваат британски експерти.

Високи%20потпетициВисоките потпетици може да се причина за појава на артритис кај жените во зрелите години

Непријатната болест предизвикува болка и вкочанетост во зглобовите, а специјалистите потсетуваат дека овој проблем е почест и посериозен кај жените.

Британско истражување открило дека четвртина од жените носат високи потпетици секој ден или често, а се проценува дека само во Велика Британија од оваа болест страдаат најмалку 8 милиони луѓе.

Експертите советуваат жените да носат обувки кои се заоблени кај прстите и на потпетица не повисока од 2-3 сантиметри. Тие уште и предупредуваат дека ризикот од артритис се зголемува и со носење на несоодветни патики за време на спортски активности.

„Иако е поверојатно да се развие артритис во зрелите години, тој може да се појави на која и да било возраст. Добрата вест е што има едноставни нешта кои можат да ви помогнат да го спречите и да го лечите. Изборот на соодветни обувки ќе ви помогне да го минимизирате стресот во стапалата и зглобовите за време на секојдневните активности и ќе ви помогне да го намалите ризикот од повреди и оштетување на зглобовите. Во текот на денот се препорачува да носите чевли кои се заоблени кај прстите со потпетица не повисока од 2-3 сантиметри и ѓон којшто го „апсорбира“ шокот во зглобовите. Оние кои носат патики што не се дизајнирани за спортски активности, се изложуваат на вистински ризик“ – изјавил професорот Ентони Редмонд.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Ноември.2011 во 22:14

Викторија до операција поради високи штикли

Стапалата%20на%20Викторија%20БекамКоскените израстоци на стапалата на Викторија

Бившата членка на групата Spice girls, Викторија Бекам, е препознатлива по носењето на чевли со екстремно високи потпетици. Но, долгите години поминати на високи штикли и „платформи“ сега го покажаа својот негативен ефект врз стапалата на славната г-ѓа Бекам.

Викторија страда од неподнослива болка, која ѝ ја причинуваат коскени израстоци што кај неа се наоѓаат веднаш под големите прсти на стапалата.

„Таа страда од неподнослива болка. Нормално, кога е дома не носи високи чевли, но во последно време е многу често излезена и сега навистина ја чувствува болката.“ – изјавиле нејзини пријатели за Daily Mail.

Докторите ја советуваат атрактивната пејачка и дизајнерка веднаш да се подложи на операција за отстранување на коскените израстоци. Но, Викторија се плаши дека операцијата нема да ѝ дозволи повторно да им се врати на високите потпетици и дека тоа ќе го наруши нејзиниот имиџ.

„Најмногу од сè мразам балетанки. Не можам да одам со нив. Освен ако не ги носи балерина што игра балет, не ги разбирам. Обожавам високи потпетици.“ – изјавила г-ѓа Бекам.

Затоа, 35-годишната Вики упорно ја поднесува болката, за да може секој ден да се качува на своите високи чевли од познати дизајнери како Christian Louboutin.

Што сè не ќе направат славните за да го задржат својот имиџ.

Галерија

Погледнете дел од многуте екстремно високи обувки на Викторија.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Ноември.2011 во 22:15

Чекорете елегантно и сигурно со високи потпетици

Високите потпетици никогаш не излегуваат од мода. Всушност како што поминува времето, висината на модерните обувки се зголемува, а ние жените треба да се прилагодуваме кон тој тренд.

Чизми, чевли или сандалки. Не е важно што ќе изберете. Важно е тие да бидат со висока штикла за да изгледате елегантни, секси и модерни.

За да не изгледате глупаво кога носите обувки со виска штикла, следете ги следните совети:

Високи%20потпетициВисоките потпетици секогаш се елегантни и секси, а најдобро е што никогаш не излегуваат од мода.
  1. Направете го вистинскиот избор. Квалитетот и удобноста одат рака под рака со високата цена. Се разбира, има и исклучоци, но секоја жена треба да инвестира во барем еден пар квалитетни поскапи обувки. Пред да излезете од дома, обидете се да дознаете што точно ќе правите – дали ќе пешачите долго или не. Според тоа одлучете колкава висина на штиклата би била соодветна.
  2. Вежбајте дома. Никогаш не го чекајте последниот момент за да ги облечете новите обувки. Ако го направите тоа, ризикувате да добиете плускавици по нозете. Задолжително е да ги пробате новите штикли прво дома. Ако ве стегаат, ставете подебели чорапи и поносете ги низ дома барем два часа.
  3. Зголемувајте ги сантиметрите малку по малку. Како што ќе се зголемува вашата самодоверба, така зголемувате ја и висината на штиклите. Ако немате желба или средства за да си правите колекција од обувки со различна височина на штиклата, еве една вежба која ќе ви помогне да се искачите на посакуваната висина.

    Застанете нормално, опуштете ги прстите на нозете и започнете бавно да ги подигате петиците. Целата тежина нека паѓа на предниот дел од стапалото. Чувството е исто како кога сте на штикли. Вратете се во првата положба. Повторувајте ја оваа вежба секогаш кога можете. Ако лесно ја губите рамнотежата, потпирајте се со рацете на стол. На тој начин ќе добиете и цврсти нозе и стабилни чекори.

  4. Опуштете ги нозете. Многу жени прават две основни грешки, поради кои изгледаат смешно додека одат на штикли – ги стегаат колената или премногу ги виткаат. Нозете треба да бидат опуштени. Чекорете исто како што би чекореле кога би биле со ниски обувки.
  5. Прво штиклата ја допира земјата. Запомнете: при секој чекор земјата треба да ја допре прво штиклата, а потоа го поставувате остатокот од вашето стапало. Само така ќе изгледате природно и елегантно.
  6. Соберете го стомакот, рамената повлечете ги назад и исправете ја главата. Кога чекорите на високи потпетици, најважна е рамнотежата. Стегнатите стомачни мускули ќе ви го дадат потребниот баланс, а исправената глава ќе ја покаже вашата самодоверба.
  7. Бидете грациозни. Не се обидувајте да глумите дека сте манекенка на модна писта. Правете ги чекорите на начин, на кој што ќе изгледа како да не вложувате напор.
  8. Обрнете внимание на рацете. Обидувајте се колку што е можно повеќе рацете да ви бидат слободни и опуштени покрај телото. Тоа ќе ја потцрта вашата елегантност.
  9. Движете се бавно. Правете мали чекори. Испланирајте си повеќе време за да стигнете до одредено место, ако носите високи штикли.
  10. Грижете се за вашите стапала. Стапалата имаат потреба од нега не само во летните месеци. Редовно правете си масажи или уживајте во некој спа третман кој ќе си го направите дома.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Ноември.2011 во 22:19

Високите потпетици подобро ги тонираат мускулите на нозете

Модерните високи потпетици имаат свои предности и недостатоци. Од една страна, прават нозете да изгледаат поубаво и телото послабо, а од друга, предизвикуваат болка и можат да доведат до повреди.

Научниците сега ни даваат уште една причина плус за да ги сакаме високите потпетици. Тие велат дека високите штикли помагаат за подобро обликување и тонирање на листовите на нозете.

Убава%20женаВисоките потпетици поубаво ги тонираат мускулите на нозете

Ново истражување открило дека жените кои носат високи потпетици подеднакво ја активираат и внатрешната и надворешната страна од мускулите на листовите. За разлика, кај жените кои носат обувки со ниски потпетици, внатрешната страна на листовите е поразвиена затоа што повеќе се активира при одењето.

Научниците набљудувале мажи и жени кои не воделе активен живот за да можат да го исклучат влијанието на физичката активност. Сите жени кои учествувале во истражувањето биле на возраст од 18 до 33 години.

Ова не е прво истражување кое ги истакнува предностите на носењето на високи потпетици. Пред две години, италијански истражувачи укажаа на фактот дека високите штикли ги тонираат мускулите на жените и помагаат за подобрување на сексуалниот живот.



Изменето од Valerija - 05.Ноември.2011 во 22:20
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Ноември.2011 во 22:25

Дали би носеле штикли од 23 сантиметри?

Високите потпетици стануваат голем хит меѓу обожавателките на Лејди Гага. Поради големата побарувачка на екстремно високи штикли, во Велика Британија ќе бидат пуштени во продажба чевли со штикла од 23 сантиметри (9 инчи).

Sky%20HighДигитална илустрација на чевлите Sky High

Чевлите наречени „Sky High“ се планира да бидат највисоките обувки достапни за секого. Убиствено високите штикли кои ќе се продаваат од наредната година ќе можат да се купат во блескаво црвена и златна боја.

Претставник на фирмата која се решила на ваков чекор изјавил: „Идејата за чевлите Sky High е поддржана од побарувачката на потрошувачите да го имитираат изгледот на славните“.

Лудост или добра тактика за освојување на потрошувачите?

Едни од омилените обувки на „музата“ на „Sky High“, Лејди Гага, се чевлите „армадило“ создадени од покојниот дизајнер Александар МекКвин. Тие се високи 25,5 сантимери.

Ако мислевте дека последните обувки што сте си ги купиле се со висока штикла, помислете уште еднаш.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,797 секунди.