Испечати | Затвори го прозорот

Историја на високите потпетици

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Мода и убавина
Опис на форумот: Креатори, козметика, фризура, целулит, трендови...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=21242
Датум на принтање: 06.Мај.2024 во 23:36
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Историја на високите потпетици
Постирано од: Pravoslavie
Наслов: Историја на високите потпетици
Датум на внесување: 20.Декември.2009 во 20:11

Дали ќе сака некоја од форумџиките кои го посетуваат подфорумот “Мода и убавина“ да ја пренесе во оваа тема историјата на високите потпетици, т.е. да каже кога, од кого прв и како воопшто се случило женските да се качат на потпетици и од кого потекнала идејата? Ако се може, молам да има и слики. БлагоДарам! среќа



-------------
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот http://forum.idividi.com.mk/forum_topics.asp?FID=100 - Хуманост на дело
Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!!



Коментари:
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 20.Декември.2009 во 22:45
Високи штикли



не се модерна иновација. Напротив, тие имаат богата и различна историја, и за мажите и за жените...
Високите штикли биле контраверзни на почетокот, но факт е дека тие се створени за двата пола, низ многу векови и поради разни потреби.
Иако има откритија за обувки на штикли уште од египетско време (4000 години п.н.е), најраното регистрирано доба кога и мажите и жените носеле "подигнати" обувки е од времето на Александар Македонски......
Сепак, вистинската револуција почнува околу 1500 година...
Првото официјално носење на штикли е регистрирано во 1533 година на свадбата меѓу Катерин Де Медичи со Дјукот од Орлеанс.
Обувките специјално биле изработени во Фиренца, а по свадбата, станале модна норма за имотните мажи и жени во Франција........
Околу 1660-та, кондураџијата Николас Лестаге дизајнирал специјални високи штикли за Луис XIV.
Верувале или не, кралот носел штикли повисоки од 10см, но тука завршува машката мода.
Штиклите "Луис штикли" брзо станале опсесија кај жените во тоа време.
Конечно, штиклите се враќаат на голема врата во 19-тиот век, а првите фабрики се отворени во Италија па веднаш потоа и во другите европски земји.
САД не заостанувале по трендот и првата фабрика е отворена во 1988.
Во 1954, французинот Рожер Вивиер ги дизајнирал првите стилето (обликот кој ден денес е популарен) штикли за куќата на "Dior".
Но Италија е таа која го презела модниот примат во производството и дизајнирањето на луксузни чевли со високи потпетици.
Денеска, модерната жена практично неможе да се замисли без штикли. Италија е првата и последна дестинација.
А тешкиот дел, е да се избере од бесконечниот избор: Moschino или Miu Miu.........мечтаење



-------------


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 20.Декември.2009 во 22:55

Високите потпетици низ историјата

 

Сепак, околу една работа во врска со чевлите мажите и жените го делат истото мислење: високите потпетици се неодоливо секси, и со тоа животот го прават поубав. Кога тоа ќе го прифатат како животна филозофија, тогаш помалку ќе ве боли плаќањето на новиот пар...

И историјата, барем до некаде, оди во прилог на високите потпетици.

Фраери на високи потпетици

Чевлите се еден од најстарите пронаоѓања на човекот, иако тоа во почетокот биле само не толку вешти конструкции од трева наменети за заштита на стапалата од острите камења.

Облеката честопати се споменува во Библијата, а цртежите на чевлите со штиклите кои датираат од периодот 4.000 години пред Христос кои се откриени на ѕидовите на египетските храмови и гробници на фараоните.

Сепак односот спрема облеката и високите потпетици со текот на времето се менувал. Мажите понекогаш, колку и тоа да им се допаѓало, се запрашувале што е тоа што жените ги тера да го “сместат“ стапалото во чевлите со “десетка“ или “дванесетка“, но ако малку барем се посветите во изучувањето на историјата, ќе сфатите дека околу 1.500 година облеката со штиклите била хит помеѓу припадниците на посилниот пол во европсската аристократија.

Иако тоа во денешната перспектива изгледа неверојатно, но овој тренд има сосем едноставно и прилично логично објаснување.

Во тој период јавањето на коњите било дел од секојдневието во нивните животи, а повисоката потпетица им обезбедувала поголема стабилност на нозете во узенгиите. Значи, на тогашните мачо-типови високите потпетици им служеле само за да останат во седлото.

Со јавањето воглавно се занимавале само побогатите, бидејќи сиромашните во тоа време морале да робуваат, а високите потпетици набрзо станале статусен симбол, па облеката за јавање набрзо била пренесена и во секојдневието. Значи, фраерите кои жените ги имале до себе пред околу 1500 години, се шетале на високи потпетици.

Венчавката на Катарина Медичи и војводата од Орлеан во 1533 година ги воведоа високите потпетици во женската мода. Односно, младата невеста за венчавката порачала пар чевли со високи потпетици од прочуениот мајстор од Фиренца, кои што во тој период биле “закон“. Кога кралската невеста го прошетала својот пар на такви чевли, тие веднаш станале хит помеѓу припадниците на поубавиот пол на европската аристократија.

И така започнала манијата за високите потпетици... Следните двеста години отприлика, колку што бил поголем статусот на дамите во друштвото, толку била поголема и петата. Иако тоа во некои случаи било премногу екстремно, така да го ограничувало и движењето, но ако сте биле доволно богати , тогаш тоа нема да ви претставувало посебен проблем: бидејќи за се што ќе ви паднело на ум, на располагање биле слугите.

Се до 18 век потпетиците биле “Ин“, но тогаш Француската револуција заедно со бројни други поважни работи, го променила и односот спрема високите потпетици. Па одеднаш станало непристојно да се покажува било каков знак на неблагородност: па така висината на потпетицата се намалила, а дамите повторно се приближиле до земјата.

Кон крајот на 19 век, високите потпетици повторно почнале да влегуваат во мода, и од тогаш непрестајно се присутни. Се што е потребно е да одберете модел, висина и облик на потпетицата, и нормално да посветите малку време на вежбањето.

Ако сакате високи потпетици, тогаш поработете на движењето со нив.

Иако облеката на високите потпетици ја истакнува женственоста и сексипилот, нема ништо по тажно од тоа кога ќе ги видите тинејџерките во чевлите со високи потпетици како се движат по улиците рака под рака, бидејќи тоа им е единствениот начин за да ја одржат рамнотежата на телото..........хи,%20хи...

-------------


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 20.Декември.2009 во 22:59



-------------


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 20.Декември.2009 во 23:04
Прекрасни кади за бањање моментално се хит во Италија, кои се во облик на штикла.

Луксузните кади за бањање чинат околу 18000 евра. Овие кади богато се украсени и се неколку бои и модели, од диско мотив со романтични цветни детали.....до каде дојде световне%20знам


-------------


Постирано од: Andjelina
Датум на внесување: 20.Декември.2009 во 23:24


Просечната жена, четвртина од своите чевли ги облекла само еднаш, а 13% од жените ги кријат новите чевли од ...

 

... своите партнери за да избегнат караници.

Иако за жените и нивната опседнатост со чевлите се напишани стотици текстови, книги и студии, тајната уште не е откриена.

Меѓу женските слабости, чевлите се наоѓаат на врвот на топ листата.

Мажите никогаш нема да ја разберат тесната врска која постои меѓу секој пар чевли и нивните сопственички, како ни тврдењето дека жените никогаш не може да имаат премногу чевли.

Поголем број жени, би го дале и последниот денар за штикли кои им го одземаат здивот.

Чевлите за жени имаат магична моќ, како оние стаклените, кои и помогнаа на Пепелашка да го врати својот принц.

Посебна слабост се чевлите со висока потпетица.

Опседнатоста со високите штикли не може да ја намали ни фактот дека дури 43% од жените, поради високите потпетици барем еднаш во животот заработиле полесна повреда, а 8% од нив и сериозни скршеници.


Jimmy Choo...еден момак кој потполно ја разбира најголемата љубов на женитељубов....високите потпетицитрепкање




-------------
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува



Постирано од: fiks
Датум на внесување: 20.Декември.2009 во 23:40
Најголема причина поради која жените носат високи подпетици е следната.

Кога се носи висока подпетица сите мускули на задникот се затегнати и задникот се крева нагоре за неколку сантиметри.
Покрај тоа мускулите на нозете се затегаат и заедно со задникот доаѓаат во прв план женските облини и женскиот задник изгледа многу подобро и попримамливољубовљубовљубовљубов


-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: anakin
Датум на внесување: 20.Декември.2009 во 23:42
The%20image%20“http://gallery.photo.net/photo/7679149-lg.jpg”%20cannot%20be%20displayed,%20because%20it%20contains%20errors.

-------------
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.



Постирано од: anakin
Датум на внесување: 20.Декември.2009 во 23:43
The%20image%20“http://gallery.photo.net/photo/6387979-lg.jpg”%20cannot%20be%20displayed,%20because%20it%20contains%20errors.

-------------
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.



Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 21.Декември.2009 во 00:04
%5bcrni+corapi.JPG%5d

-------------


Постирано од: sneska_v
Датум на внесување: 21.Декември.2009 во 23:28
 http://moda.covermagazin.com/wp-content/uploads/2009/11/Manolo-Blahnik-5.jpgManolo Blahnik


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 21.Декември.2009 во 23:33
i po najgolemiot mraz-STIKLIIIIIIIIIIIIIIIIIIIII љубовљубовљубовљубовљубов





-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: sneska_v
Датум на внесување: 21.Декември.2009 во 23:41
........vo ovoj forum ke napisam malku poveke za spanskiot poznat dizajner Manolo Blahnik, onie koi ja gledale serijata "seksot i gradot",znaat .........
........zosto mi se dopaga ovoj dizajner, pa zatoa sto  ja napravil najpoznata svetska marka na obuvki, covekot e kretiven premnogu,iako e star(1942), sekogas odi napred kon trendi stil, toj osven sto gi dizajnira i gi izrabotuva obuvkite,od postarata generacija e,i mene mi se dopaga sve od nego,sekoja cest za negoсреќаhttp://moda.covermagazin.com/wp-content/uploads/2009/11/Manolo-Blahnik-1.jpg


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 21.Декември.2009 во 23:44
Manolo Blahnik e nesto najdobro sto moze da i se sluci na edna devojka-zena среќа

No isto taka da ne go potcenime i Jimmy Chooљубов







-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 15.Април.2010 во 11:01
намигнување............голема%20насмевка.........
 
Во новата колекција за чизми 2010/11 легендарниот Маноло Бланк кој за титулата крал на штиклите постојано е во мртва трка со Кристијан Лоуботин ги покажал новите модели на штикли во кои нозете изгледаат многу повеќе секси.

Тој не додал сантиметар повеќе туку го променил изгледот на потпетиците. Таквиот облик на потпетици кои Маноло ги нарекол "axio" се инспирација од вамп убавиците од немите филмови кои според дизајнерот се пример за гламурот кој сакал да го постигне.

Кралот на штиклите уште сега ги најавил штиклите "Madame Pompadour" кои се изработени од црвен плиш со украсни кристални копчиња.

Во новата колекција се вклучени и штиклите кои ги носеше Кери Бредшо на венчавката, но без потпетица и во црна и црвена боја.

Дебелите чизми, како оние на Шанел ќе бидат на нозете на сите љубителки на високи потпетици. Во колекцијата се вклучени и Тимбеланд чевли......

Познатиот шпански дизајнер секоја сезона на својата војска обожавателки им приредува нови кожни модели, а за кои се заинтересирани и масовните произведувачи на чевли.


-------------


Постирано од: Tiggy Vicious
Датум на внесување: 16.Април.2010 во 12:50
Во овие ногата нема да делува секси...
Туку изобличено.


-------------
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 05.Ноември.2011 во 22:11

Мажите не забележуваат дали носите високи штикли?

Кога сакаат да го привлечат вниманието на мажите, милиони жени низ светот избираат да носат високи потпетици, наместо удобни ниски чевли. Но, англиски научници тврдат дека жените попусто ги мачат своите нозе, затоа што мажите воопшто не забележувале дали жената носи високи потпетици или не.

Експерти од Универзитетот Нортумбрија истражувале какви се реакциите на мажите кога ќе здогледаат жена што се движи на високи потпетици и жена што носи обувки без штикла. Со експерименти во кои учествувале мажи на возраст од 18 до 35 години тие сакале да утврдат дали промената во изгледот на телото (визуелното издолжување на нозете, понапрчен задник и сл.) влијае врз мажите.

Научниците откриле дека мажите воопшто не забележуваат дали жената носи обувки со високи или ниски потпетици.

Сепак, тешко дека ваквиот податок ќе ја намали нашата љубов кон високите потпетици (без разлика дали е вистинит или не). Инаку, овој заклучок е само дел од големо англиско истражување за привлечноста и сигналите кои се испраќаат преку нашите движења, како одење или танцување.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 05.Ноември.2011 во 22:12

Високите потпетици го зголемуваат ризикот од артритис

Обувките со високи потпетици се сметаат за модерни и се преферирани од милиони жени низ светот, па многу од нас секојдневно носат чевли со висока штикла. Но, докторите тврдат дека ваквиот тренд го зголемува ризикот од појава на артритис во зрелите години.

Високите потпетици го зголемуваат притисокот во стапалата, глуждовите и колената и го зголемуваат ризикот од појава на остеоартритис, предупредуваат британски експерти.

Високи%20потпетициВисоките потпетици може да се причина за појава на артритис кај жените во зрелите години

Непријатната болест предизвикува болка и вкочанетост во зглобовите, а специјалистите потсетуваат дека овој проблем е почест и посериозен кај жените.

Британско истражување открило дека четвртина од жените носат високи потпетици секој ден или често, а се проценува дека само во Велика Британија од оваа болест страдаат најмалку 8 милиони луѓе.

Експертите советуваат жените да носат обувки кои се заоблени кај прстите и на потпетица не повисока од 2-3 сантиметри. Тие уште и предупредуваат дека ризикот од артритис се зголемува и со носење на несоодветни патики за време на спортски активности.

„Иако е поверојатно да се развие артритис во зрелите години, тој може да се појави на која и да било возраст. Добрата вест е што има едноставни нешта кои можат да ви помогнат да го спречите и да го лечите. Изборот на соодветни обувки ќе ви помогне да го минимизирате стресот во стапалата и зглобовите за време на секојдневните активности и ќе ви помогне да го намалите ризикот од повреди и оштетување на зглобовите. Во текот на денот се препорачува да носите чевли кои се заоблени кај прстите со потпетица не повисока од 2-3 сантиметри и ѓон којшто го „апсорбира“ шокот во зглобовите. Оние кои носат патики што не се дизајнирани за спортски активности, се изложуваат на вистински ризик“ – изјавил професорот Ентони Редмонд.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 05.Ноември.2011 во 22:14

Викторија до операција поради високи штикли

http://www.femina.mk/новости/шоу-бизнис/викторија-до-операција-поради-високи-штикли"> http%3A%2F%2Fwww.femina.mk%2F%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B8%2F%D1%88%D0%BE%D1%83-%D0%B1%D0%B8%D0%B7%D0%BD%D0%B8%D1%81%2F%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%B4%D0%BE-%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D1%80%D0%B0%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%BF%D0%BE%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%B8-%D0%B2%D0%B8%D1%81%D0%BE%D0%BA%D0%B8-%D1%88%D1%82%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%B8&layout=button_count&locale=mk_MK&node_type=link&sdk=joey&show_faces=false&width=180">
http://www.femina.mk/images/articles/343/large/victoria-beckham-feet.jpg">Стапалата%20на%20Викторија%20БекамКоскените израстоци на стапалата на Викторија

Бившата членка на групата Spice girls, Викторија Бекам, е препознатлива по носењето на чевли со екстремно високи потпетици. Но, долгите години поминати на високи штикли и „платформи“ сега го покажаа својот негативен ефект врз стапалата на славната г-ѓа Бекам.

Викторија страда од неподнослива болка, која ѝ ја причинуваат коскени израстоци што кај неа се наоѓаат веднаш под големите прсти на стапалата.

„Таа страда од неподнослива болка. Нормално, кога е дома не носи високи чевли, но во последно време е многу често излезена и сега навистина ја чувствува болката.“ – изјавиле нејзини пријатели за Daily Mail.

Докторите ја советуваат атрактивната пејачка и дизајнерка веднаш да се подложи на операција за отстранување на коскените израстоци. Но, Викторија се плаши дека операцијата нема да ѝ дозволи повторно да им се врати на високите потпетици и дека тоа ќе го наруши нејзиниот имиџ.

„Најмногу од сè мразам балетанки. Не можам да одам со нив. Освен ако не ги носи балерина што игра балет, не ги разбирам. Обожавам високи потпетици.“ – изјавила г-ѓа Бекам.

Затоа, 35-годишната Вики упорно ја поднесува болката, за да може секој ден да се качува на своите високи чевли од познати дизајнери како Christian Louboutin.

Што сè не ќе направат славните за да го задржат својот имиџ.

Галерија

Погледнете дел од многуте екстремно високи обувки на Викторија.

http://www.femina.mk/images/articles/343/large/01-victorias-shoes.jpg"> http://www.femina.mk/images/articles/343/large/02-victorias-shoes.jpg"> http://www.femina.mk/images/articles/343/large/03-victorias-shoes.jpg"> http://www.femina.mk/images/articles/343/large/04-victorias-shoes.jpg"> http://www.femina.mk/images/articles/343/large/05-victorias-shoes.jpg"> http://www.femina.mk/images/articles/343/large/06-victorias-shoes.jpg"> http://www.femina.mk/images/articles/343/large/07-victorias-shoes.jpg"> http://www.femina.mk/images/articles/343/large/08-victorias-shoes.jpg"> http://www.femina.mk/images/articles/343/large/09-victorias-shoes.jpg"> http://www.femina.mk/images/articles/343/large/10-victorias-shoes.jpg"> http://www.femina.mk/images/articles/343/large/11-victorias-shoes.jpg"> http://www.femina.mk/images/articles/343/large/12-victorias-shoes.jpg"> http://www.femina.mk/images/articles/343/large/13-victorias-shoes.jpg"> http://www.femina.mk/images/articles/343/large/14-victorias-shoes.jpg">


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 05.Ноември.2011 во 22:15

Чекорете елегантно и сигурно со високи потпетици

http://www.femina.mk/убавина-и-мода/мода/чекорете-елегантно-и-сигурно-со-високи-потпетици"> http%3A%2F%2Fwww.femina.mk%2F%D1%83%D0%B1%D0%B0%D0%B2%D0%B8%D0%BD%D0%B0-%D0%B8-%D0%BC%D0%BE%D0%B4%D0%B0%2F%D0%BC%D0%BE%D0%B4%D0%B0%2F%D1%87%D0%B5%D0%BA%D0%BE%D1%80%D0%B5%D1%82%D0%B5-%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D0%B3%D0%B0%D0%BD%D1%82%D0%BD%D0%BE-%D0%B8-%D1%81%D0%B8%D0%B3%D1%83%D1%80%D0%BD%D0%BE-%D1%81%D0%BE-%D0%B2%D0%B8%D1%81%D0%BE%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D0%BE%D1%82%D0%BF%D0%B5%D1%82%D0%B8%D1%86%D0%B8&layout=button_count&locale=mk_MK&node_type=link&sdk=joey&show_faces=false&width=180">

Високите потпетици никогаш не излегуваат од мода. Всушност како што поминува времето, висината на модерните обувки се зголемува, а ние жените треба да се прилагодуваме кон тој тренд.

Чизми, чевли или сандалки. Не е важно што ќе изберете. Важно е тие да бидат со висока штикла за да изгледате елегантни, секси и модерни.

За да не изгледате глупаво кога носите обувки со виска штикла, следете ги следните совети:

http://www.femina.mk/images/articles/187/large/visoki-potpetici.jpg">Високи%20потпетициВисоките потпетици секогаш се елегантни и секси, а најдобро е што никогаш не излегуваат од мода.
  1. Направете го вистинскиот избор. Квалитетот и удобноста одат рака под рака со високата цена. Се разбира, има и исклучоци, но секоја жена треба да инвестира во барем еден пар квалитетни поскапи обувки. Пред да излезете од дома, обидете се да дознаете што точно ќе правите – дали ќе пешачите долго или не. Според тоа одлучете колкава висина на штиклата би била соодветна.
  2. Вежбајте дома. Никогаш не го чекајте последниот момент за да ги облечете новите обувки. Ако го направите тоа, ризикувате да добиете плускавици по нозете. Задолжително е да ги пробате новите штикли прво дома. Ако ве стегаат, ставете подебели чорапи и поносете ги низ дома барем два часа.
  3. Зголемувајте ги сантиметрите малку по малку. Како што ќе се зголемува вашата самодоверба, така зголемувате ја и висината на штиклите. Ако немате желба или средства за да си правите колекција од обувки со различна височина на штиклата, еве една вежба која ќе ви помогне да се искачите на посакуваната висина.

    Застанете нормално, опуштете ги прстите на нозете и започнете бавно да ги подигате петиците. Целата тежина нека паѓа на предниот дел од стапалото. Чувството е исто како кога сте на штикли. Вратете се во првата положба. Повторувајте ја оваа вежба секогаш кога можете. Ако лесно ја губите рамнотежата, потпирајте се со рацете на стол. На тој начин ќе добиете и цврсти нозе и стабилни чекори.

  4. Опуштете ги нозете. Многу жени прават две основни грешки, поради кои изгледаат смешно додека одат на штикли – ги стегаат колената или премногу ги виткаат. Нозете треба да бидат опуштени. Чекорете исто како што би чекореле кога би биле со ниски обувки.
  5. Прво штиклата ја допира земјата. Запомнете: при секој чекор земјата треба да ја допре прво штиклата, а потоа го поставувате остатокот од вашето стапало. Само така ќе изгледате природно и елегантно.
  6. Соберете го стомакот, рамената повлечете ги назад и исправете ја главата. Кога чекорите на високи потпетици, најважна е рамнотежата. Стегнатите стомачни мускули ќе ви го дадат потребниот баланс, а исправената глава ќе ја покаже вашата самодоверба.
  7. Бидете грациозни. Не се обидувајте да глумите дека сте манекенка на модна писта. Правете ги чекорите на начин, на кој што ќе изгледа како да не вложувате напор.
  8. Обрнете внимание на рацете. Обидувајте се колку што е можно повеќе рацете да ви бидат слободни и опуштени покрај телото. Тоа ќе ја потцрта вашата елегантност.
  9. Движете се бавно. Правете мали чекори. Испланирајте си повеќе време за да стигнете до одредено место, ако носите високи штикли.
  10. Грижете се за вашите стапала. Стапалата имаат потреба од нега не само во летните месеци. Редовно правете си масажи или уживајте во некој http://www.femina.mk/убавина-и-мода/тело/природен-spa-третман-во-домот - спа третман кој ќе си го направите дома.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 05.Ноември.2011 во 22:19

Високите потпетици подобро ги тонираат мускулите на нозете

http://www.femina.mk/новости/истражувања/високите-потпетици-подобро-ги-тонираат-мускулите-на-нозете"> http%3A%2F%2Fwww.femina.mk%2F%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B8%2F%D0%B8%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%B6%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B0%2F%D0%B2%D0%B8%D1%81%D0%BE%D0%BA%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%BF%D0%BE%D1%82%D0%BF%D0%B5%D1%82%D0%B8%D1%86%D0%B8-%D0%BF%D0%BE%D0%B4%D0%BE%D0%B1%D1%80%D0%BE-%D0%B3%D0%B8-%D1%82%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%80%D0%B0%D0%B0%D1%82-%D0%BC%D1%83%D1%81%D0%BA%D1%83%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%BD%D0%B0-%D0%BD%D0%BE%D0%B7%D0%B5%D1%82%D0%B5&layout=button_count&locale=mk_MK&node_type=link&sdk=joey&show_faces=false&width=180">

Модерните високи потпетици имаат свои предности и недостатоци. Од една страна, прават нозете да изгледаат поубаво и телото послабо, а од друга, предизвикуваат болка и можат да доведат до повреди.

Научниците сега ни даваат уште една причина плус за да ги сакаме високите потпетици. Тие велат дека високите штикли помагаат за подобро обликување и тонирање на листовите на нозете.

Убава%20женаВисоките потпетици поубаво ги тонираат мускулите на нозете

Ново истражување открило дека жените кои носат високи потпетици подеднакво ја активираат и внатрешната и надворешната страна од мускулите на листовите. За разлика, кај жените кои носат обувки со ниски потпетици, внатрешната страна на листовите е поразвиена затоа што повеќе се активира при одењето.

Научниците набљудувале мажи и жени кои не воделе активен живот за да можат да го исклучат влијанието на физичката активност. Сите жени кои учествувале во истражувањето биле на возраст од 18 до 33 години.

Ова не е прво истражување кое ги истакнува предностите на носењето на високи потпетици. Пред две години, италијански истражувачи укажаа на фактот дека високите штикли ги тонираат мускулите на жените и помагаат за подобрување на сексуалниот живот.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 05.Ноември.2011 во 22:25

Дали би носеле штикли од 23 сантиметри?

http://www.femina.mk/новости/занимливости/дали-би-носеле-штикли-од-23-сантиметри"> http%3A%2F%2Fwww.femina.mk%2F%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B8%2F%D0%B7%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D0%BC%D0%BB%D0%B8%D0%B2%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B8%2F%D0%B4%D0%B0%D0%BB%D0%B8-%D0%B1%D0%B8-%D0%BD%D0%BE%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B5-%D1%88%D1%82%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%B8-%D0%BE%D0%B4-23-%D1%81%D0%B0%D0%BD%D1%82%D0%B8%D0%BC%D0%B5%D1%82%D1%80%D0%B8&layout=button_count&locale=mk_MK&node_type=link&sdk=joey&show_faces=false&width=180">

Високите потпетици стануваат голем хит меѓу обожавателките на Лејди Гага. Поради големата побарувачка на екстремно високи штикли, во Велика Британија ќе бидат пуштени во продажба чевли со штикла од 23 сантиметри (9 инчи).

Sky%20HighДигитална илустрација на чевлите Sky High

Чевлите наречени „Sky High“ се планира да бидат највисоките обувки достапни за секого. Убиствено високите штикли кои ќе се продаваат од наредната година ќе можат да се купат во блескаво црвена и златна боја.

Претставник на фирмата која се решила на ваков чекор изјавил: „Идејата за чевлите Sky High е поддржана од побарувачката на потрошувачите да го имитираат изгледот на славните“.

Лудост или добра тактика за освојување на потрошувачите?

Едни од омилените обувки на „музата“ на „Sky High“, Лејди Гага, се чевлите „армадило“ создадени од покојниот дизајнер Александар МекКвин. Тие се високи 25,5 сантимери.

Ако мислевте дека последните http://www.femina.mk/убавина-и-мода/мода/обувки-есен-зима-2010-2011">обувки што сте си ги купиле се со висока штикла, помислете уште еднаш.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk