IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - СЕКТИ - рак рана на човештвото
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

СЕКТИ - рак рана на човештвото

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
Автор
Порака
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Декември.2009 во 01:48
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

Ве читав и двајцата - Мајкл и Аладин, и мислам дека малку сте ги помешале работите т.е. треба да разграничите прво за која црква се разговара. Кога зборувате клади, вештерки, џелати и сл, сето тоа треба да се разграничи од Православната Христова Црква.
Зарем таа не спалувала еретици на клада, не распнувала и сл.?

Но тоа не значи дека Светата Апостолска и Соборна Црква Православна е пацифистичка црква, затоа што никогаш не била и нема да биде. Односно, Светата Црква благословува одбрана во војна.
Тоа е точно. Но тоа нема врска со Христовото учење кое христијаните се повикани да го следат. Напротив, е во спротивност со истото.

Таа одбрана не е заради самиот себе, туку заради ближниот. Нели најголема доблест е да го положиш својот живот за ближниот?
Положување на својот живот така што ќе се одземаат туѓи животи ниту случајно не е најголема доблест, туку најголема лудост која остава долготрајни последици кои можат да се протегаат и со милениуми. Таквиот однос кон „напад-одбрана„ е подготовка за влез во маѓепсан демонски круг за кој под околности е потребно долго време, понекогаш векови или милениуми за да се излезе од него при што се случуваат многу психички и физички маки.

Од друга страна пак, треба да се направи една голема дистинкција помеѓу цела Црква како Тело Христово и поедини членови. Исто така, не е во ред да се мешаат советите на едно свештено лице упатено до царот, а потоа спроведување на дело од страна на царот, со соборно советување на свештени лица на една црква и нивно лично срповедување на нивните одлуки на дело.
Но тоа сепак се случувало, а црквата за тоа се нема покаено. Таквите поединци ги нема исклучувано, напротив некои од нив ги има возвишено и до светци. Од друга страна Римокатоличката додуша на зборови навидум замоли за прошка но тоа покајание го погази во пракса.

Што се однесува до придонесот на Црквата (зборувам за Православната), Мајкл, не си во право. Византија е првото царство (земја) во историјата на Европа, од каде започнува целиот културен и уметнички подем. Всушност, банкарскиот систем кој што денеска го познаваме, е дело на Византија. Уметноста во 15-ти век, која ја пофали, е последица на Византиската уметност (тоа барем се учи во историја). Првите универзитети се дело на Византиското царство... и да не набројувам. Народите од западните земји во тоа време (крстоносните војни) биле варвари и немале никакво образование и култура, додека, пак, византиците односно ромејците, биле елитни луѓе (генерализирано, зашто нели секаде има исклучоци? )
Ти мене не ме разбираш што сакам да кажам. Знам дека понешто е наследено од Византија, но јас не зборувам за таквата (ќе ми замерат историчарите на уметност, знам) груба уметност, туку она профинетото што претежно цутеше во ренесансата и по неа. Секако и тука има разноразни исклучоци...

п.с. во случајов го спомнувам Византиското Царство поради тоа што времето на најголемиот нагов подем е време кога народот бил верен на Христос и Црквата, и секој развој на културно-уметничко поле е поврзано со Црквата Христова Православна.
Со ова воопшто не би можел да се согласам. Да беше народот тогашен верен на Христа, Византија не ќе пропаднеше, а христијанството уште подалеку ќе се проширеше.
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Декември.2009 во 02:05
Originally posted by Majkl Majkl напиша:

Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

Ве читав и двајцата - Мајкл и Аладин, и мислам дека малку сте ги помешале работите т.е. треба да разграничите прво за која црква се разговара. Кога зборувате клади, вештерки, џелати и сл, сето тоа треба да се разграничи од Православната Христова Црква.
Зарем таа не спалувала еретици на клада, не распнувала и сл.?

НЕ!

Originally posted by Majkl Majkl напиша:

Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

Но тоа не значи дека Светата Апостолска и Соборна Црква Православна е пацифистичка црква, затоа што никогаш не била и нема да биде. Односно, Светата Црква благословува одбрана во војна.
Тоа е точно. Но тоа нема врска со Христовото учење кое христијаните се повикани да го следат. Напротив, е во спротивност со истото.

А јас велам дека тоа ти сега што го велиш нема врска со Христовото учење.

Originally posted by Majkl Majkl напиша:

Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

Таа одбрана не е заради самиот себе, туку заради ближниот. Нели најголема доблест е да го положиш својот живот за ближниот?

Положување на својот живот така што ќе се одземаат туѓи животи ниту случајно не е најголема доблест, туку најголема лудост која остава долготрајни последици кои можат да се протегаат и со милениуми. Таквиот однос кон „напад-одбрана„ е подготовка за влез во маѓепсан демонски круг за кој под околности е потребно долго време, понекогаш векови или милениуми за да се излезе од него при што се случуваат многу психички и физички маки.

Мирољубивоста на одредена религија не значи и глумење лудило. Само за потсетување, доколку пред стотици години не се кренеа на востание добро познатите Питу Гули, Даме Груев итн., ти денеска можеби ќе беше некое јаничарче кое си ги убило своите родители. Пацифизмот е нова појава и не е својсвтена на Христовото учење!

Originally posted by Majkl Majkl напиша:

Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

Од друга страна пак, треба да се направи една голема дистинкција помеѓу цела Црква како Тело Христово и поедини членови. Исто така, не е во ред да се мешаат советите на едно свештено лице упатено до царот, а потоа спроведување на дело од страна на царот, со соборно советување на свештени лица на една црква и нивно лично срповедување на нивните одлуки на дело.

Но тоа сепак се случувало, а црквата за тоа се нема покаено. Таквите поединци ги нема исклучувано, напротив некои од нив ги има возвишено и до светци. Од друга страна Римокатоличката додуша на зборови навидум замоли за прошка но тоа покајание го погази во пракса.

Во Црквата се имаат случено и еден куп ереси кои ги ширеле разни еретици - Ариј, Македониј и др. Зарем Црквата треба да се кае место нив? Нон-сенс. А Римо-католиците се прича за себе...

А за светители... не знам за кој зборуваш конкретно, но доколку некој и да бил канибалист, а потоа се покајал и го осветил својот живот, Православната Црква има потполно право да го канонизира за светител. Кога Господ го признава за свет, кои сме, пак, ние да не го признаеме?

Originally posted by Majkl Majkl напиша:

Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

Што се однесува до придонесот на Црквата (зборувам за Православната), Мајкл, не си во право. Византија е првото царство (земја) во историјата на Европа, од каде започнува целиот културен и уметнички подем. Всушност, банкарскиот систем кој што денеска го познаваме, е дело на Византија. Уметноста во 15-ти век, која ја пофали, е последица на Византиската уметност (тоа барем се учи во историја). Првите универзитети се дело на Византиското царство... и да не набројувам. Народите од западните земји во тоа време (крстоносните војни) биле варвари и немале никакво образование и култура, додека, пак, византиците односно ромејците, биле елитни луѓе (генерализирано, зашто нели секаде има исклучоци? )

Ти мене не ме разбираш што сакам да кажам. Знам дека понешто е наследено од Византија, но јас не зборувам за таквата (ќе ми замерат историчарите на уметност, знам) груба уметност, туку она профинетото што претежно цутеше во ренесансата и по неа. Секако и тука има разноразни исклучоци...

Хмм, грубо, префинето... Па ако за тебе префинетото е претставување на Господ Исус Христос на Тајната Вечера со Марија Магдалина, за мене воопшто не е. Всушност, ренесансата е махерски период кога најголемите теолошки утки се направени во сликарството (она поврзано со црквата).

Најјако беше кога видов копија од оваа претстава, а во позатдина од пенџерчето виреат оџаци од фабрики, автопати...

Од друга страна, пак, интересен е фактот што дури и векови откако римо-католиците се отцепија од Православните, тие сепак ја продолжуваа традицијата на византиска уметност. Затоа во Рим можат да се сретнат цркви каде има мозаици од 12-13ти век во византиски стил.

Originally posted by Majkl Majkl напиша:

Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

п.с. во случајов го спомнувам Византиското Царство поради тоа што времето на најголемиот нагов подем е време кога народот бил верен на Христос и Црквата, и секој развој на културно-уметничко поле е поврзано со Црквата Христова Православна.

Со ова воопшто не би можел да се согласам. Да беше народот тогашен верен на Христа, Византија не ќе пропаднеше, а христијанството уште подалеку ќе се проширеше.

Мајкл, не ми ги извртувај зборовите, затоа што јас реков „времето на најголемиот нагов подем е време кога народот бил верен на Христос и Црквата“. Значи, имало време на подем, но имало и пропаст на имеријата.

п.с. Христијанството се проширило благодарение на византиското царство. Нели св. Константин бил император на византиското царство?

п.п.с. мислам дека темата ја забегавме во историја. Да се вратиме на сектите.

Изменето од Maran Ata - 21.Декември.2009 во 02:17
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Декември.2009 во 02:19
Sektite se zakonski zdruzhenija na grupi gragjani koi se baziraat na nivnite veruvanja.

Ako ne se slozhuvate so niv po verska osnova, togash toa e vashe pravo i ne im pristapuvajte.

Dokolku tie pravat neshto protiv zakonot na drzhavata, taa ima nachini kako da se spravi so toa.

Poslednoto neshto shto treba da go napravime e da gi demonizirame site onie koi ne veruvaat kako nas.
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Panini Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Јули.2009
Статус: Офлајн
Поени: 222
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Panini Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Декември.2009 во 02:23
A tie sto nikogas ne zamarale so religija i veruvanja i sledenja kultovi dvizhenja i taka natamu, zoshto niv nikogas ne gi nateralo da mislat na takvi raboti? Valjda ne se oni glup ili prosti!
ha?
MIND AND SENSE IS PURIFIED,I AM FREED FROM DESIRE!
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Декември.2009 во 03:35
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

Originally posted by Majkl Majkl напиша:

Зарем таа не спалувала еретици на клада, не распнувала и сл.?

НЕ!
Како НЕ? А на богомилите што им се случувало? Зошто им ги сечеле јазиците? Ги распнувале на крст и ги гореле одоздола? Зошто биле збришувани цели села? Секако дека црквата тоа не го правела лично но директно го давала поттикот за тоа кај световните властодршци. Едни со други биле во тесна соработка до доаѓањето на комунистите на власт во 20 век.
Originally posted by Majkl Majkl напиша:

Тоа е точно. Но тоа нема врска со Христовото учење кое христијаните се повикани да го следат. Напротив, е во спротивност со истото.

Originally posted by Majkl Majkl напиша:

А јас велам дека тоа ти сега што го велиш нема врска со Христовото учење.
Во ред, но ти за тоа немаш аргумент наспроти некој „секташ„ од калибарот на Јеховини сведоци или Адвентисти на седмиот ден.
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

Мирољубивоста на одредена религија не значи и глумење лудило. Само за потсетување, доколку пред стотици години не се кренеа на востание добро познатите Питу Гули, Даме Груев итн., ти денеска можеби ќе беше некое јаничарче кое си ги убило своите родители.
Рака на срце, но тие што се креваа на востанија не успеа да спречат на долги стази ништо од плановите на поробувачите. И без нив отоманската империја пропадна, а тие си накалемиа само грев плус на душите кои доведуваа до нови конфликти.

Тие што ги наведуваш за мене подеднакво како да биле заведени од некоја деструктивна секта, само политичка - сети се некои „херои„ заговараа а и извршиа самоубиство под одредени околности. Токму поради таквите заблудени што ги спомна, во Македонија имаше воен конфликт пред неколку години. Каде беше црквата тука да влијае врз нивната свест? Затоа уште поголема вина има црквата која не ја прифати шансата за духовна еволуција на овие простори која беше пружена преку првите генерации на богомилите. Да не ги прогласеше за еретици(секташи) а го прифатеше во пракса нивното учење не ќе дојдеше до успеси на отоманските освојувачи, даноци во крв, јаничари и тн... но за жал власта беше послатка. После стана доцна... и повторно еден ден за тнр. „христијански„ свет можеби ќе бифде доцна.
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

Пацифизмот е нова појава и не е својсвтена на Христовото учење!
Тогаш зошто Христос бил пацифист? Зошто држел пацифистички проповеди(во тоа време тоа не се викало така, но карактерот е таков)? Зошто не се кренал против римскиот окупатор, згора на тоа со јаки шанси да биде политички водач на тоа востание?
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

Во Црквата се имаат случено и еден куп ереси кои ги ширеле разни еретици - Ариј, Македониј и др. Зарем Црквата треба да се кае место нив? Нон-сенс.
Не е нон сенс туку насушна потреба ако мисли да опстане или барем да им биде полесно на тие души(мислам на дел од свештенството) во отадестраното кои сета таа манџа ја зготвија. Да се покае и барем да ги поништи конечните одлуките на вселеснките собори свикани против нив... Да се испрати некого во вечно проклетство во Божјо име е сериозна работа. Тоа огрешување кон ближните и поставување себе си над Бога.

Потоа да се покае за гревовите и изговорените клевети против Ориген, Мани, Павлиќаните, Богомилите... Тоа е за нејзино добро(ова не го кажувам од пакост, туку искрено). И тоа не само на зборови, туку и на дело, менувајќи го своето учење и однесување.
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

Кога Господ го признава за свет, кои сме, пак, ние да не го признаеме?
Каде тоа Господ го објавил дека го признава за свети кога Црквата ја исклучува можноста Бог да се објавува по Јовановото откровение?

Луѓето од црквата се тие кои од одредени свои причини ги прогласуваат дел од починатите за светци, не Бог.
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

Хмм, грубо, префинето... Па ако за тебе префинетото е претставување на Господ Исус Христос на Тајната Вечера со Марија Магдалина, за мене воопшто не е. Всушност, ренесансата е махерски период кога најголемите теолошки утки се направени во сликарството (она поврзано со црквата).
Не, не, не... не мислев на тоа, моја грешка што не се изразив подетално, но не е ни веќе битно - eте нека биде дека за вкусовите не се расправа.
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

Најјако беше кога видов копија од оваа претстава, а во позатдина од пенџерчето виреат оџаци од фабрики, автопати...
Dali работава...
Originally posted by Majkl Majkl напиша:

Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

п.с. во случајов го спомнувам Византиското Царство поради тоа што времето на најголемиот нагов подем е време кога народот бил верен на Христос и Црквата, и секој развој на културно-уметничко поле е поврзано со Црквата Христова Православна.

Со ова воопшто не би можел да се согласам. Да беше народот тогашен верен на Христа, Византија не ќе пропаднеше, а христијанството уште подалеку ќе се проширеше.

Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

Мајкл, не ми ги извртувај зборовите, затоа што јас реков „времето на најголемиот нагов подем е време кога народот бил верен на Христос и Црквата“. Значи, имало време на подем, но имало и пропаст на имеријата.
Не ти ги извртувам зборовите. Да дообјаснам со прашање: Зошто подоцна народот престанал да биде верен на Христос?
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

п.с. Христијанството се проширило благодарение на византиското царство. Нели св. Константин бил император на византиското царство?
Бил император и тоа крваво суров, дури и кон сопствените родители, но не го проширил христијанството туку придонел за негово извитоперување и такво осакатено скроено по нечија мерка го признал, па се ширело такво.
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

п.п.с. мислам дека темата ја забегавме во историја. Да се вратиме на сектите.
Сето ова има многу врска со сектите. Службените Цркви им замеруваат на „сектите„ дека шират лаги, дека луѓето ги носат во пропаст и сл. притоа не ја забележуваат гредата во сопственото око. Дека црквите како институции самите со своите управители(чест на исклучоците меѓу обичните верници и некои теолози) се однесуваат психоманипултивно кон луѓето обидувајќи се да ги стават во затвор без ѕидови, како во минатото така и во сегашноста - денес само на попрофинет начин.

Изменето од Majkl - 21.Декември.2009 во 03:39
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,313 секунди.