IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мода и убавина
  Активни теми Активни теми RSS - Мејк ап-во слики и коментари
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Мејк ап-во слики и коментари

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 29>
Автор
Порака
Tiggy Vicious Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Consume. Be silent. Die.

Регистриран: 27.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6238
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tiggy Vicious Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Февруари.2011 во 21:09



-најдобра работа.




What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality
Кон врв
Nadia Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Декември.2010
Статус: Офлајн
Поени: 227
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Nadia Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Февруари.2011 во 21:23
Кон врв
Nadia Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Декември.2010
Статус: Офлајн
Поени: 227
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Nadia Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Февруари.2011 во 21:44


Кон врв
sanja-a Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Only God Can Judge Me!

Регистриран: 12.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 13457
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sanja-a Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Февруари.2011 во 17:38
Обожавам луѓе кои ме смеат.
Искрено, мислам дека смеењето е нешто што го сакам најмногу.
Тоа лечи многу болести. Можеби тоа е најважното нешто кај човекот.
Одри Хепберн
Кон врв
Nadia Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Декември.2010
Статус: Офлајн
Поени: 227
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Nadia Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Февруари.2011 во 19:06



Кон врв
sneska_v Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3455
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sneska_v Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Март.2011 во 16:44

nanesete-tus-za-oci-povekjeСе снаоѓате ли со нанесувањето туш на очите? За совршено добро исцртана линија потребен е малку тренинг. И не секое око трпи ист начин на шминка.

 

Затоа ако веќе се решавате за ваков тип на исцртување на очите, имајте ги на ум овие неколку варијанти:

nanesete-tus-za-oci

1. За мали очи. Повлечете ја линијата со црн туш по горните капаци така што постепено ќе се задебелува кон надворешните рабови. На работ на долните трепки повлечете тенка линија со некоја посветла боја како златна, сребрена или бела.

2. Вцрвенети очи. Линијата на горниот капак нанесете ја со пастелен темен туш. Потоа преку тушот, на надворешните рабови на горниот капак нанесете нежна неутрална сенка за очи (сива или кафена), и со истата сенка повлечете тенка линија по рабовите на долните капаци од очите.

3. Уморни очи. Тенка линија повлечете по самиот раб на горните трепки, внимателно виткајќи ја нагоре кон самиот надворешен раб на капакот.

Кон врв
Tiggy Vicious Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Consume. Be silent. Die.

Регистриран: 27.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6238
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tiggy Vicious Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2011 во 11:39




What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2011 во 09:04

Руменило за сечие лице

Руменилото секогаш игра голема улога во начинот на кој изгледа вашето лице. Токму затоа Blic во соработка со познатиот шминкер Александар Џикиќ и модната уредничка Софија Кузмановиќ направија своевиден туторијал за аплицирање руменило на различна форма на лице.


Тркалезно лице - со широка четка нанесете руменило како што е прикажано на сликата, така што бојата да биде најинтензивна во должина на надворешните страни на замислениот триаголник. На тој начин вашето лице ќе изгледа потесно.

Овално лице - на слепоочната коска нанесете руменило со кружни движења на четката. Внатрешноста од круговите треба да има помал интензитет на боја во самата внатрешност на кругот.


Триаголно лице - нанесете руменило високо на јагодиците така што горната линија да биде рамна, точно под долниот капак. Сенчете ги рабовите на јагодиците, а внатрешниот дел од лицето прескокнете го.

Четвртесто лице - со едно движење на четката повлечете тенка линија од врвот на јагодиците која се спушта кон носот. Бојата треба да биде посилна на рабовите од лицето
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2011 во 09:06

Декодирање на нејзината шминка

Црвен кармин знак на самоувереност

Доколку девојката почесто користи црвен кармин тоа открива дека станува збор за самоуверена индивидуа која не се плаши да го добие она што го сака. Оваа личност знае што сака, се карактеризира со оптимистички карактер и преку шминката одлично го доловува својот жар кон животот.

Лажни трепки- маска и забава

Носењето лажни трепки преку ден симболизира маска, односно желба да се сокриете од некого. Кога станува збор за ноќни излегувања открива личност желна за флерт и добра забава

Силно моливче-желна за животен предизвик

Ако препознатлив знак за една девојка се моливчињата за очи во силни бои, таа секогаш е подготвена за нови предизвици. Пронаоѓа инспирација во се околу себе и секогаш е во тренд. Класичен пример за трендсетерка.



Изменето од Valerija - 17.Октомври.2011 во 13:12
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Октомври.2011 во 17:11

Шминка за оваа сезона

Трендот за облека и шминка се менува заедно со менувањето на годишните времиња. Природната шминка е водечки тренд за оваа есен. Промовирањето на природниот изглед ги истакнува боите на сенки што се во согласност со есенските тонови и природни нијанси.

Палетата на есенски бои содржи кафеава, сиво-кафеава, бронзена, темноцрвена. Бојата на карминот треба да биде соодветна на овие тонови, па се препорачува да биде во потемни нијанси.

Веѓи
Дебелите и добро оформени веѓи и понатаму се главен тренд. За Prada, Narciso Rodriguez и Alberta Ferretti дебелите веѓи се задолжителен акцент во шминката. Може да ги нагласите со молив но не заборавајте да го зајакнете и остатокот од шминката.

Очи
Ако сакате да постигнете посекси изглед користете потемни сенки за очи. Шминката со златни нијанси никогаш нема да излезе од мода, бидејќи дава гламурозен сјај и изглед. „Зачадената“ шминка оваа сезона наместо со сиви и црни, направете ја со темно сини сенки или со било која друга боја.

Усни
Трендовите на шминка за оваа есен ги нагласуваат и усните. Модерни бои за кармин се сјајните и интензивни црвени нијанси, коралната боја и „бледите усни”.

 



Изменето од Valerija - 22.Октомври.2011 во 17:11
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Ноември.2011 во 08:30

Мејкап трендови – есен/зима 2011-2012

Мејкап артистите ги покажаа своите замисли и визии за шминката за наредната сезона и освен силно акцентирање на одредени делови од лицето, понудија и поприродни варијанти. Сочни вампирски усни, „зачадени“ очи, богати трепки, природен изглед... Еве ги највпечатливите трендови со кои сигурно ќе посакате да
Бургундец%20%28вамп%29%20усниДебели%20веѓиЗаводнички%20„зачадени“%20очиУлтра%20акцентирани%20трепкиМетални%20очни%20капациАјлајнер%20и%20над%20и%20под%20очитеНикаде%20без%20руменилоПрироден%20изглед%20„без%20шминка“
Страна 1 од 8

Бургундец (вамп) усни

Бакнете го розовиот кармин за збогум. Есента нè враќа кон вечно модерните црвени усни.

Дајте им на вашите усни неодолив ефект со длабоки богати нијанси на црвено. Во студените денови наместо дречлив црвен, изберете кармин во боја на бургундец. Матираниот финиш кој потсетува на кадифе е многу помодерен од блескавиот сјаен изглед. Но, нема да погрешите ако ставите малку сјај на средината на долната усна.

Дебели веѓи

Не ја потценувајте моќта на веѓите, бидејќи нивната форма може комплетно да го промени вашето лице. А, ако досега не сте потпаднале под заводливото дејство на убаво оформените дебели веѓи, можеби ќе се решите да го искористите нивното сексапилно влијание оваа сезона.

Дозволете ѝ на природната форма на вашите веѓи да излезе на виделина, а вие само акцентирајте ја нејзината убавина со сенка за очи и мала четкичка или соодветен молив за очи.

Заводнички „зачадени“ очи

Нема есен и зима без „smokey eyes“ изгледот да доминира меѓу трендовите. Сепак, секоја нова сезона си носи и мали примеси кои го прават овој безвременски тренд уште помодерен.

„Зачадената“ шминка оваа сезона наместо со сиви и црни, направете ја со темно сини сенки или со било која друга боја на скапоцени камења – смарагд, аметист, рубин...

Ултра акцентирани трепки

Тргнете во потрага по квалитетна маскара наменета и за издолжување и за волумен на трепките. Откако ќе ја пронајдете, нанесете барем два слоја, бидејќи еден од најжешките мејкап трендови е силно изразени драматични трепки.

Како мини тренд вреди да се спомене трендот „спајдер“ трепки или пајак трепки. Тоа значи дека кога трепките ќе ви се залепат една со друга, не е задолжително да ги разделувате. „Спајдер“ трендот промовира долги дебели трепки. Сепак, овој тренд тешко се „продава“ кај мнозинството и најверојатно ќе биде прифатен само од најхрабрите експериментаторки.

Метални очни капаци

Гламурозно и привлечно. Нашминкајте ги очите со метални нијанси на злато, сребро или бронза за да му дадете блесок и магија на вашиот поглед.

Внатрешната област на очните капаци нашминкајте ја со метална сенка и веднаш ќе забележите дека вашиот поглед станува посјаен, а вашите очи поголеми. Ова е супер тренд за вечерно излегување и посвечени прослави, а препорачливо е да го комбинирате со мат кожа.

Ајлајнер и над и под очите

Оцртувањето на формата на очите со ајлајнер е најумниот метод за збогатување на шминката со сексапил. Додека минатата сезона беше доволно да ги оцртате очите само на горниот капак, сега ќе треба да повлечете линија и на долниот.

Доколку сте навикнати да користите течен ајлајнер, долниот капак од окото можете полесно да го оцртате со молив за очи.

Доста застапен тренд на модните писти беа мачешките очи. Со ајлајнерот на горниот капак продолжете ја линијата малку повеќе за да ги закосите очите, а потоа со сенка продлабочете го изгледот.

Никаде без руменило

Розовото и руменилото со пигменти на праска и кајсија ќе доминираат во наредната сезона. Но, она што професионалните мејкап артисти го нудат е и разновидност во техниките за нанесување на руменило.

Можете да го нанесете руменилото на јаболкниците и елегантно да го продолжите кон слепоочниците. Или пак, за поинтересен изглед, можете да го нанесете на целиот образ, но под јаболкниците.

Природен изглед „без шминка“

Во денешно време изгледот „без шминка“ подразбира употреба на шминка, но умерено и во границите на природниот свеж изглед.

Искористете пудра и коректор за да ги прекриете недостатоците на кожата, маскара за да ги истакнете очите и малку руменило за да делувате свежо. За крај, ставете безбоен балсам на усните и широко насмевнете се. Доколку сте надарени со природно убава кожа, дозволете ѝ слободно да дише без пудра.



Изменето од Valerija - 01.Ноември.2011 во 08:33
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Ноември.2011 во 08:40

Како да го одберете и нанесете руменилото

Денес голем дел од жените ја избегнуваат употребата на руменило како дел од нивната шминка. Американско истражување покажало дека во 1948г. 66% од жените употребувале руменило, а денес тој процент се намалил до 47.

За вашето лице да има свеж, здрав и природен изглед, нема ништо подобро од руменилото. Сепак, треба да го употребувате внимателно, затоа што премногу руменило на лицето може да ве направи да изгледате смешни.

Какво руменило да изберете?

Руменило%20за%20лицеКако дел од дневната шминка, употребувајте посветло руменило, а за вечерна шминка - потемни нијанси.

Какава боја? Бојата на вашето руменило треба да биде една до две нијанси потемна од вашиот тен. За подобро да утврдите каква боја ви е потребна, штипнете ги малку образите. Бојата што ќе ја добијат, треба да биде и бојата на вашето руменило.
Најчесто на светла кожа и одговара розова или праскова боја, а на темна кожа руменило со боја на кајсија или црвена. Како дел од дневната шминка, употребувајте посветло руменило (розово, со боја на кајсија или праска), а за вечерна шминка - потемни нијанси.

Кремасто или руменило во прав? Ако прв пат употребувате руменило, можеби подобро е да започнете со кремасто руменило. Тоа лесно се разнесува со прстите и се меша со течната пудра.
Најдобро е руменилото да го избирате во согласност со типот на вашата кожа. Ако имате мрсна кожа, користете руменило во прав, затоа што подолго време ќе се задржи на вашата кожа и нема да предизвика непотребен блесок. Ако имате сува кожа, користете кремасто руменило.

Како да ги нанесете руменилото?

Најдобар трик пред да почнете да го нанесувате руменилото е да се насмевнете. Така ќе ги истакнете јаболкниците на образите. Нанесувајте го руменилото со четка за руменило (ако е во прав) или со прстите ако употребувате кремасто руменило.

Руменилото треба да го нанесувате од долу, па нагоре по лицето (отприлика под агол од 45 степени). Правете брзи движења. Не ги повторувајте истите места, освен ако не сакате да го зголемите интензитетот.

Ако нанесете премногу руменило во прав, земете ја четката за пудра и обидете се да го отстраните вишокот. Доколку нанесете повеќе кремасто руменило, најдобро е вишокот да го отстраните со сунѓерче за нанесување на течна пудра.

Не нанесувајте руменило блиску до носот или под очите.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Ноември.2011 во 08:42

10 тренди предлози за шминка за очи

Очите се огледало на душата, но и незаменлив дел од женската убавина. Тие имаат моќ да заведуваат и освојуваат, па се користат како моќно оружје за флертување. Очите имаат и способност да зборуваат дури и во миговите кога мочите. Затоа, не е ни чудно што мејкап артистите ги поставуваат во центарот и околу нив ги градат своите дела.

Потенцирањето на убавината на очите со помош на шминката е секојдневна задача на претставничките на понежниот пол. Неколку прецизни потези со моливот за очи, маскарата и апликаторот за сенки можат магично да го преобразат вашето лице.

Најдобриот мејкап изглед за вас можете да го пронајдете само преку експериментирање. Па, посегнете по вашата колекција и пробајте некој од следниве предлози:

Шминка%20за%20очиШминка%20за%20очиШминка%20за%20очиШминка%20за%20очиШминка%20за%20очиШминка%20за%20очиШминка%20за%20очиШминка%20за%20очиШминка%20за%20очиШминка%20за%20очи
Страна 1 од 10

Вратете ја свежината на лицето со розови и златно-жолти нијанси. Ваквата колоритна комбинација ќе ги „отвори“ вашите очи.

Искористете течен туш за да оформите убава контура околу окото и не се плашете да им дадете „крилја“ на очите со тоа што ќе ја продолжите тенката линија малку повеќе кај надворешните агли.

Виолетовата шминка е апсолутен хит оваа модна сезона, а освен тоа познато е дека виолетовите сенки одговараат на сите бои на очи. Тоа се две доволно силни причини за да се обидете да доловите заводлив smokey eyes изглед со виолетови нијанси.

Интересното кај оваа шминка е изгледот на долниот капак. Со помош на црно моливче за очи исцртајте ја природната линија на окото на долниот капак и продолжете со оцртување малку повеќе од крајот на надворешниот агол на окото. Оставете мала „празна“ површина помеѓу шминката на горниот и долниот капак (како на сликата).

Не заборавате да го акцентирате делот под веѓата и површината околу внатрешниот агол на окото со бела сенка.

Доколку не сте обожавателка на драматичната шминка, а сепак сакате нешто впечатливо, тогаш изберете поедноставен класичен smokey eyes изглед.

Ставете основа за шминка и нанесете кафеава сенка. Оцртајте ги горниот и долниот капак на окото, а потоа нанесете црна сенка за очи само на капаците. Со помош на мала четка, разнесете ја сенката така што нејзиниот интензитет ќе се намалува кон краевите на очниот капак.

Финиширајте со осветлување на областа под веѓата со бела сенка и нанесете поголемо количество маскара.

 


Изменето од Valerija - 01.Ноември.2011 во 08:42
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Ноември.2011 во 08:45

5 мејкап производи за сечие лице

Жените експериментираат со шминката за да можат да ги пронајдат најдобрите производи што ја акцентираат нивната убавина. Не може на секоја од нас да ѝ стои зелена сенка за очи, како што не може секоја да се „извлече“ со дречливо црвени усни.

Но, има неколку мејкап производи кои списанието InStyle ги нарече универзални, а кои ѝ прилегаат на секоја жена. Еве ги:

Златна%20и%20виолетова%20сенка%20за%20очиРозово-кафеав%20молив%20за%20усниПроѕирен%20розевкав%20сјај%20за%20усниТемнокафеав%20молив%20за%20очиЦрвено-розово%20кремасто%20руменило
Страна 1 од 5

Златна и виолетова сенка за очи

Комбинацијата златно-виолетово може да го разубави секој женски очен капак и да ги направи очите понеодоливи. Златната сенка ставена на внатрешните агли ги прави очите поблескави, а виолетовите сенки познато е дека одговараат на секоја боја на очите и на секој тен.

Розово-кафеав молив за усни

Ваквиот молив успешно ги дефинира усните, воопшто не изгледа нападно, вештачки или смешно, а одговара и на светол и на темен тен.

Проѕирен розевкав сјај за усни

Изберете проѕирен розов сјај за усни, бидејќи не само што сите бои на усни изгледаат убаво со него, туку и затоа што им дава суптилна убавина.

Темнокафеав молив за очи

Темнокафеавиот молив за очи е доволно темен за да се познава на лице со темен тен, а не е премногу силен за лице со светол тен.

Црвено-розово кремасто руменило

Секој тен добива здрав и свеж изглед со помош на руменило кое не е ниту премногу црвено, ниту розово. Кремастата структура помага за поголема контрола при нанесувањето.

 


Изменето од Valerija - 01.Ноември.2011 во 08:45
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 29>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.