IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Венко Марковски- жртва на политиката или не?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Венко Марковски- жртва на политиката или не?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 8>
Автор
Порака
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Венко Марковски- жртва на политиката или не?
    Испратена: 14.Декември.2009 во 23:48

Марковски е роден во Скопје на 15 март 1915 година. Гимназија завршил во Скопје, а словенска филологија студирал во Софија. Бил член на Македонската литературна група основана во Скопје (1931) и на Македонскиот литературен кружок (1938-1941). Бил во затвор во Гонда Вода и Ениќоj (1941-1942). Учесник во НОБ, член на Главниот штаб на НОВ и ПОЈ, член на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ и делегат на заседанието.

Во периодот 1944-1945 активно учествува во работата на трите комисии за нострификација на македонскиот литературен јазик. Буквата "Ъ" (ер-голем), за коjа тој се бори да биде дел од македонската азбука не се одобрува од ЦК на КПЈ.

Во 1948 година ја поддржува Резолуцијата на Информбирото. Во конфликтот со Тито е затворен во Идризово, а фамилиjата му е интернирана во Кичево.

На 17 март 1956 година, под името Вениамин Миланов Тошев, за поемата „Сувремени парадокси“ е осуден на петгодишна робија на Голи Оток, а во 1965 година оди на лекување и останува во Бугарија. Во 1968 син му Миле Марковски и неговата фамилиjа биле протерани од Македониjа во Бугариjа.

Во Бугариjа Венко Марковски е примен за пратеник во Народното собрание, за член на Соjузот на бугарските писатели, за член на Бугарската акадeмиjа на науките. Има награди: „Херој на Бугариjа“, „Херој на социјалистичкиот труд“, „Георги Димитров“ и др.

Заради творештвото на бугарски jазик Титова Jугославиjа го прогласува за предавник на македонскиот народ. По 1975 бил обезбедуван од бугарските тајни служби, бидејќи имало информација дека му е загрозен животот од УДБ.


Во „Народни бигори“ (1938) и „Огинот“, песните на Марковски се под влијание на народната песна и по карактер се љубовни песни, испреплетени со национално-ослободителни мотиви и национално-ослободителни песни. Подоцна, Марковски потпаднал под силно влијание на социјалистичкиот реализам и пишувал песни во социјал-реалистички стил посветени на Тито, додека бил на македонска страна, и некои песни посветени на Бугарската Комунистичка Партија, откако преминал на бугарска страна.

Освен поезија, Марковски ги напишал историските книги „Преданија заветни“ (историјата на Бугарија од 681 до 9 септември 1944 година во стихови), „Крвта вода не станува“ и други. Преданијата се издадени и на руски јазик во Москва во 1981.


-----------------------------------------------------------------------------------------------

Интересно е да се спомене и дека Венко Марковски како член на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ учествувал во создавањето на "Манифестот на ГШ на НОВ и ПОМ до народите што живеат во Македонија за целите и карактерот на Народно-Ослободителната борба" во октомври 1943 година.

Истотака  треба да се забележи дека осуден е дури по прифаќањето на Резолуцијата на Информбирото и покрај неговиот лош однос со власта по ослободувањето.


Во Бугарија често се шпекулира дека за неговото затворање е виновен Лазар Колишевски, меѓутоа од кажувањата на Лазар Колишевски, не може да се потврди истото, затоа што самиот Лазе и во СР Македонија не е против делата на Венко Марковски. Еве што кажал и самиот Колишевски:

 Лазар Колишевски се сврте кон Лазаров и кон Петровски, велејќи: ’Кога се пишува за една личност или за еден настан, треба да се пишува како што било тогаш, а не да се тргнува од денешно гледиште. На времето прва личност во македонската литература, култура и наука беше Венко Марковски, а Блаже Конески тек се појавуваше. Што станало подоцна да се каже кога ќе се пишува за подоцна, а Вие, ми се обрати мене, да ја објавите таа документација‘“, раскажува д-р Ристески.

На тоа Колишевски рекол: „И треба да се објави, зошто вербално Венко да се напаѓа или да се брани. Неговите дела најдобро зборуваат за него, па самиот читател нека оценува што е вистина“.

Извор: Утрински весник
Кон врв
eptendosadno Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Декември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1185
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај eptendosadno Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2009 во 00:13
Имам разговарано со негов пријател , со негов соработник и он кажа дека Венко Марковски е жрва на амбициите и егоизмот на неговата жена , Фелимена Марковска .

Чинам дека и Коле Чашуле има искажано добра дефиниција за истиот .

Според искажувањата на Горгија ( бог да го прости ) , Чашуле го има избркано од Македонија :

Можно е ...



Изменето од eptendosadno - 15.Декември.2009 во 00:14
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2009 во 00:58
Originally posted by eptendosadno eptendosadno напиша:

Имам разговарано со негов пријател , со негов соработник и он кажа дека Венко Марковски е жрва на амбициите и егоизмот на неговата жена , Фелимена Марковска .

Чинам дека и Коле Чашуле има искажано добра дефиниција за истиот .

Според искажувањата на Горгија ( бог да го прости ) , Чашуле го има избркано од Македонија :

Можно е ...



Сосед ни беше Венко, во маалото на баба ми живееше, точно е тоа кое го кажуваш за Фелимена, ама и нешто друго, кое го кажал самиот, а тоа е дека тоа за што се бореле партизаните не е остварено...само толку кажал пред соседите...потоа се случило тоа кое се случило со него. Ако можам ќе постирам нешто од писмата негови од Голи Оток, ама не ветувам дека ќе успеам.
Кон врв
eptendosadno Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Декември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1185
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај eptendosadno Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2009 во 01:09
Ја знам куката , затоа и бил фан на Работнички , но ... истиот бил повеќе политичар отколку поет , писател , истиот изгубил во битката со Чашуле и тоа крило .

По сугестија на својата жена си го продал идеалот за добра вила , плата , привилегии во Софија .

Не е вреден за анализа и почитување , ни како поет ни како политичар .
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2009 во 01:31
Originally posted by eptendosadno eptendosadno напиша:

Ја знам куката , затоа и бил фан на Работнички , но ... истиот бил повеќе политичар отколку поет , писател , истиот изгубил во битката со Чашуле и тоа крило .

По сугестија на својата жена си го продал идеалот за добра вила , плата , привилегии во Софија .

Не е вреден за анализа и почитување , ни како поет ни како политичар .


Види, секако дека политиката била неминовен аспект во неговиот живот, тоа е факт, сепак бил дел од оние струи каде таа била неизбежна, ама пак, од друга страна, навистина и не му било лесно. Не го бранам, сепак, да се откажеш од својата националност поради некакви материјални подобности е страшно, меѓутоа донекаде, не е само тој виновен, тука е и семејството, политичките струења, за кои тој се покажал лош пливач, а и сплетките организирани против него.
Сепак, како писател, не може да негираме дека се до предавството,  бил најзначаен писател на македонската литературна сцена, неговото дело е првото поетско дело издадено во слободна Македонија.
Сепак, тоа што го сторил тој, не може ништо да го оправда.
Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2009 во 08:09
Капиталниот труд на Венко Марковски е Крвта вода не става /на бугарски/ со предговор напишан од неговиот внук Вени Марковски

Изменето од чоли - 15.Декември.2009 во 08:11
Кон врв
eptendosadno Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Декември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1185
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај eptendosadno Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2009 во 13:14
Originally posted by чоли чоли напиша:

Капиталниот труд на Венко Марковски е Крвта вода не става /на бугарски/ со предговор напишан од неговиот внук Вени Марковски


Овде му одговарам и на македон .

Види пријател , тоа не е дело на Венко Марковски , од целиот труд само воведот е негов , според мое и мислење на неговиот соработник , современик , кукен пријател , обожавател и.т.н. Зборовите на пријателот беа , “ Венко е поет “ , начинот на изразување не е дело на поет , се разбира , само воведот на книгата има дух поетски , има карактер .

Вака , мое мислење .
Венко Марковски е измислена вредост ,кукавичко јајце , вредност која требаше да представува пандан на величината на Конески - председателот на комисијата која ја кодифицирала македонската современа азбука , нешто како десидент во таа комисија , нешто као борец за вековното наше наследство , темниот вокал , и.т.н.
Сетоа тоа беше исфорсирано од бугарското ( пробугарското ) крило во ВМРО-ДПМНЕ , своевремено .

Читајте го делото на Бугарот од гостиварско Младен Србиновски - “ Македонски Фауст “ .

Венко има вредност , поточно , може да се вреднува како фигура која своеволно послужила за пресметка на Живков со политиката и вредностите на КПЈ , и фигура која сето тоа си го наплатила од бугарската држава , толку .



ФИЛИМЕНА Владимировa МАРКОВСКA

Вдовицата на Венко Марковски живее во луксузна државна вила и се заканва да даде под суд општина Банкja На 180 кв.м. против 10 стотинки / по к*рсот 2003 година / месечен наем живее вдовицата на видно пролетарски поет Венко Марковски И во банките, како секаде во Софија, домот простор не стигна, повеќе од 700 семејства се картотекирани како крајно сиромашните. Истовремено постојат вистински оазиси на раскош. Раскош за некои, се разбира. Улица "Ропотамо" во одреден степен се јавува ривал на Бојанска "секвоја". Особено респектирам квадратот од 20 Декарт со вили на поранешната убо, изградени во 1961 година Палата за слободни и креативни занаети по усилена државническа работа тука добиле синдикални лидер Дјулгеров, академиците Сава Гановски, Георги Джагаров, Панталеј Зарев и поранешниот Венко Марковски. Вилите на Джагаров, Гановски и Зарев по 10 ноември се стопанисвани од БОДК и денес стојат неискористени. А останатите две - на Дјулгеров и Марковски, се предадени на општинскиот совет на банка. Во "дјлгеровата" вила веќе сместени фирма која плаќа на општината 120 илјади лева. Но, во "вилата на Марковски" 180 кв.м. смрдеа простор плус луксузен гараж, соба за прислуга и околу 2 Декарт двор, продолжува да живее единствено вдовицата на писателот "против месечен наем од 100 (сто) лв Покрај тоа, г-ѓа Марковска се заканила дека ќе ги даде на суд общинарите ако направат обид да и се зголеми киријата, и ако општината сепак победи, писателката ќе излезе од вилата само мртва. Трогателно навистина. Постара жена не може да живее на улица, откако прехвърлила стан од 120 кв.м. (ул "Обориште" - Софија) на ќерка си. Не може да оди и под својот внук, познатиот новинар Игор Марковски, исто така, со целосно исполнети станбени потреби, ниту како Вечната Багрјана да вработи соба во старчески дом. Велат навика бил втората природа на човекот. Т.е. страшни се навикнати да добиваат. Но треба ли општинската власт да биде глезешта ги мајчица, а маќеа за други ?

Пламен АНАКИЕВ В-к "Демократија" од 22 февруари 1992г. Број 45 (621)


Изменето од eptendosadno - 15.Декември.2009 во 15:00
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
Кон врв
lav4eto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1540
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lav4eto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2009 во 13:44
eptendosadno,познаваме се(мислам на бугарите на форумот)со внукот на Венко, има големи дискусии со негово учество,човекот има jaсен став за делото на дедо си.
Тоа што некоj кажал дека не бил негов трудот и се познавало по стилот е несериозно.
Не е лошо да ставиш понекогаш "jас мислам дека" во твоите заклучоци, т.е. не ги обjавуваj како неоспорими факти.
За Младен Србиновски мислам е обидно да предлагаш да го читаме,сепак некои членови се тука од 2006,зар мислиш дека прв пат го слушаме неговото име?
Jас ти предлагам "Вилает на врховизми" и "Македонската мизериja"
Кон врв
eptendosadno Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Декември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1185
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај eptendosadno Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2009 во 13:48
Originally posted by lav4eto lav4eto напиша:

eptendosadno,познаваме се(мислам на бугарите на форумот)со внукот на Венко, има големи дискусии со негово учество,човекот има jaсен став за делото на дедо си.
Тоа што некоj кажал дека не бил негов трудот и се познавало по стилот е несериозно.
Не е лошо да ставиш понекогаш "jас мислам дека" во твоите заклучоци, т.е. не ги обjавуваj како неоспорими факти.
За Младен Србиновски мислам е обидно да предлагаш да го читаме,сепак некои членови се тука од 2006,зар мислиш дека прв пат го слушаме неговото име?
Jас ти предлагам "Вилает на врховизми" и "Македонската мизериja"


Види пријател , тоа не е дело на Венко Марковски , од целиот труд само воведот е негов ,според мое и мислење на неговиот соработник , современик , кукен пријател , обожавател и.т.н.

Не разбираш македонски или што ?

Изменето од eptendosadno - 15.Декември.2009 во 13:49
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
Кон врв
lav4eto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1540
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lav4eto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2009 во 13:53
Извини, сега видов.
Тешко разбирам, едваj од третиот пат.
Кон врв
eptendosadno Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Декември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1185
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај eptendosadno Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2009 во 13:57
Originally posted by lav4eto lav4eto напиша:

Извини, сега видов.
Тешко разбирам, едваj од третиот пат.


Вени има две деца , Александра и Филип ?
Да , пријателот кажуваше и за Миле Марковски ,, првакот на Македонија во шах-мат , вели бил убиен од Бугарите , што вели Вени за таа верзија ?
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
Кон врв
lav4eto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1540
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lav4eto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2009 во 14:11
Значи знам за верзиjата за убиството, за тоа дека се напил еднаж во некаква крчма, па викнал "Каков бугарин бе, jас сум македонец!" и слични глупости.
Тоа е нештастен случаj,катастрофа,никаква сензациjа нема.
Не забораваj дека он е бил уважаван писател, главен редактор,имал е сите почести и привилегии на комунистичката власт.
Игор(братот на Вени) истотака е извесна фигура,глумец,журналист и т.н.
Кон врв
eptendosadno Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Декември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1185
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај eptendosadno Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2009 во 14:22
Originally posted by lav4eto lav4eto напиша:

Значи знам за верзиjата за убиството, за тоа дека се напил еднаж во некаква крчма, па викнал "Каков бугарин бе, jас сум македонец!" и слични глупости.
Тоа е нештастен случаj,катастрофа,никаква сензациjа нема.
Не забораваj дека он е бил уважаван писател, главен редактор,имал е сите почести и привилегии на комунистичката власт.
Игор(братот на Вени) истотака е извесна фигура,глумец,журналист и т.н.


Гледаш , јас смрта на Миле ја ставам во категоријата верзии , ти во “ докажано “ .
Па добро , пиел човекот , а пијаниот некогаш и збори глупости , но не и во сличајот на Миле , нели ?

Сепак , темата е Венко , кој не знаел старогрчки да чита и зборува , но знаел да напише што кажал некој си во 13 век , Венко поетот .
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2009 во 14:25
Мислам... кога ги имаме фактите... логично е да размислуваме ... и да си го поставиме прашањето - кој на сила го натерал него да оди Софија и кога е генезата на проблемот... малку подлабоко... кој не’ брка од сопствената држава...збунетост

а денес многу наши земат бг пасоши... но за шо...????

крвта вода не станува... (бугар си е бугар - ... му се знае происходот... наш бугар не станува - тоа му лично надворешно...) но кога човек е згрозен од идиотските работи кај него... (сепак е човек) па за инает ако треба и кинез ќе стане...

не е лесно многу години да се бориш за нешто ... за некоја идеа... и на крај твоите да ти забијат нож во грб....

затоа проблемот е на друго место,... треба да се лоцира како социо-психолошки... историските факти на сите ни се добро познати...

зашо и денес исторо се повторува...
да не посочувам... спомнавте веќе личности од гостиварски... и т.н...
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 8>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.