|
Дали музиката го одредува стилот на една личност? |
Внеси реплика | страница 12> |
Автор | |
Tiggy Vicious
Сениор Consume. Be silent. Die. Регистриран: 27.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 6238 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 06.Декември.2009 во 17:51 |
Не зборам само за стил на облекување, туку и за стил на однесување, зборење итн.
``Нормално`` е ако човек е рап фанатик, да носи широки фармерки, скејтерки, да пцуе итн. ``Нормално`` е и ако човек слуша метал, да носи црна боја, да има долга коса, да е аутсајдер итн. И да не набројувам останато... Што мислите вие? Има ли врска музиката и стилот? Или тоа е само наметнато? |
|
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality |
|
Iron Man
Сениор железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
па шо знам можи е наметнато
кај мене тоа не важи слушам рап ама не се облекувам како рапер (мене ми е смешно тоа) не зборам во стилот на раперите или на пример со гестикулации да мафтам со рацете па и со нозете вака така ти рече ми рече а за пцуење понекогаш пцујам ако се изнервирам можи ова е оти не сум вистински рапер (да слушам само рап) туку слушам и поп хаус техно транс...... (ама не пси транс) па затоа изгледа не се понашам како рапер ама па и само рап да слушав пак немаше да се облекувам како рапер......истурен во пантолоните со синџири како од дома да имам избегано |
|
|
|
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
музиката не го одредува стилот, туку самата е дел од стилот
|
|
размисли пред да напишеш глупост
|
|
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ти сакаш а кажеш дека слушаш метал... Mислам дека музиката “нема“ врска со човекот... Кога човек е во пубертетски филм - тогаш он се занесува и си прави филмови и нормално е музиката во тој период кај него да изврши влијание врз целокупната негова личност,,, и имиџот и дррр.. дррр... дрррр... Нормално дека има исклучоци затоа што секој на различен начин различно ја разбира и толкува самата музика и различните нејзини стилови... Се во свое време - според мене... Кога немаме конкретен случај за некој проблем или за определени личности или период на човечкиот живот, поврзан со некој музички проблем... мислам дека тоа е доволно и дека кај секој е различно... музиката е “магична“ работа... знае да биде сурова но и убава и нежна за душата... без разлика на нејзината форма... затоа онаа музика за оној што е неубава и невкусна, за другиот е совршена и обратно... |
|
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|
Evenstar
Сениор Вечен оптимист Регистриран: 09.Јули.2007 Статус: Офлајн Поени: 3388 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Никогаш не можам да заклучам каква музика слуша некој човек ако судам според тоа како се облекува, освен кај некој тинејџер... Тетраткава многу убаво го објасни тоа, и немам што да додадам
|
|
It is our choices who show what we truly are, far more than our abilities.
|
|
volkswagen
Модератор Знам, комшивка ми е! Регистриран: 18.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 4820 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
IT CAN'T BE....
Tiggy,телепатски да не сме поврзани нешто? од кога се токмам да отворам ваква тема ама никако тоа на ред да дојди
Има вистина дека се променува човек кога ќе го смени стилот на музика. Долго време слушав нешо као рап ама никогаш не почувствував - ТОА Е ТОА (знаете)!
На 04.април годинава го пронајдов „закопаното богатство“ во НИРВАНА. Од тогаш се сменив 85% и на мене остана ист само надворешниот изглед (пошто веќе имав долга коса)
Почнав да ставам по некоја црна блузичка на мене кога одам меѓу рокери колку за да не се чувствувам вака >>>>
...Ај вечер ќе допишам, сеа одам да „манџам“...
|
|
Tiggy Vicious
Сениор Consume. Be silent. Die. Регистриран: 27.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 6238 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Па ти замислуваш јас остварувам
За темата...Мал удел има музиката во стилот, но сепак има! Јас можам отприлика да заклучам кој што слуша, по изгледот, т.е по стилот Исто беше и со мене како и со тебе волс...Слушав нешто аре ен би, хип хоп и тако даље...Се до пред некои 2-3 години...Тогаш малку по малку, почнав онака, Бон Џови, Вајтснејк...После почнав Ганс енд роузес...Нирвана...Сега од све по нешто...Де Пинк Флојд, а некад се наоѓаат и Секс Пистолс Ги гледам фотографиите во последниве години додека траела мојата `преобразба`... Гледам и се чудам...Првин, со слатки шишки и коса во репче...Потоа некои избледени фармерки, со црна маица... Додека сега...Црни маици, тесни фармерки, кожни јакни, марами итн.. Така да, судејќи според ова...дефинитивно има! |
|
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality |
|
volkswagen
Модератор Знам, комшивка ми е! Регистриран: 18.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 4820 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Tiggy...Tiggy....еден за тебе
По 16 години конечно да најдам некој што исто размислува како мене Не го довршувам постот погоре оти се кажа и за мене девојчево
|
|
Tiggy Vicious
Сениор Consume. Be silent. Die. Регистриран: 27.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 6238 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Еве еден и за тебе Ај нека бидат два |
|
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality |
|
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
тиги и фолксваген во право сте, особено во делот кога треба да се вклопиш во некоја толпа, не можеш да отидеш на свирка облечен ко за во дискотека, или на мајски оперски вечери облечен во фармерки, старки и маица стара десет години
но сепак музиката не е главна и одлучувачка за нечиј живот т.е. стил, таа е само дел од целиот стил на човекот, едноставно секој си има свој вкус и начин на живот и според тоа бира се што сака и прави |
|
размисли пред да напишеш глупост
|
|
volkswagen
Модератор Знам, комшивка ми е! Регистриран: 18.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 4820 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
абе ако сакаш нешто повеќе од забава ( пример кариера) малку фазла ќе навлези музиката во тебе и салам ќе те измени...
Јас си дадов дадов збор
|
|
Glenn
Сениор Тата-Мата Регистриран: 14.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 3166 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Нема многу да тупам со објаснувања, Тетратка многу фино го срочил постот погоре но сепак лично сметам дека музиката може да изврши силно влијание на личниот имиџ и тоа на долгорочни стази. |
|
Beauty fades, dumb is forever
|
|
Џо
Сениор Каубоец Регистриран: 17.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2121 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
најчесто во пубертет.
кај мене нема. ја секад сум си кежуал со левис 501,удобни патики и еднобојни маици,слушам метал,џез,класика,етно и рок. другар ми пак,е длабоко навлезен у тоа. секогаш носи црно,темпераментен е,анксиозен..-чоекот дае 5000 денари за конверс старки катран црни само зашо на нив пишуеше Metallica. бљак...она катран црни патики згазна у прашина жути му се напраеја. има пак друга мода ова демек нешо сеа скејтери. идат купуват дуксер и некои патики од по 3000-5000 денари. а женските као се палат на нив,тоа невидена работа. до пубертетот е сето тоа. |
|
Lithium
Сениор Регистриран: 01.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9407 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пред да појдам во средно почнав да слушам интензивно рок и метал. Имав подолга коса и кога појдов средно имаше едни типци и типки си фураја таков имиџ и почнав и јас да се носам во согласност со музиката која ја слушам. Кај мене у плакар не можеше да се види ниедна боја друга освен црна и некои мачки со натписи. Паметам си ги купив тогаш и првите старки. Што значи дека музиката што ја слушав влијаеше и на стилот.
Е после некако ми стана тоа и малку монотоно и здодевно, па полека почнав и да го менувам имиџот. Како што растев изгледот почна повеќе да ми биде важен, почнав да го носам тоа што е модерно, ама стилот на музика што го слушав не го сменив. Денес иако слушам тоа што слушам не се облекувам како што е карактеристично за тој стил. Гледам само да ми биде убаво, комотно и боите да бидат складни една со друга п.с старките ми беа фејк |
|
You think you are perfect? Well, try walking on water...
|
|
Внеси реплика | страница 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |