Дали музиката го одредува стилот на една личност?
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Забава
Име на форумот: Музика
Опис на форумот: Жанрови, спотови, групи, награди, концерти...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=21029
Датум на принтање: 17.Февруари.2025 во 23:45 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Дали музиката го одредува стилот на една личност?
Постирано од: Tiggy Vicious
Наслов: Дали музиката го одредува стилот на една личност?
Датум на внесување: 06.Декември.2009 во 17:51
Не зборам само за стил на облекување, туку и за стил на однесување, зборење итн. ``Нормално`` е ако човек е рап фанатик, да носи широки фармерки, скејтерки, да пцуе итн. ``Нормално`` е и ако човек слуша метал, да носи црна боја, да има долга коса, да е аутсајдер итн. И да не набројувам останато... Што мислите вие? Има ли врска музиката и стилот? Или тоа е само наметнато?
------------- What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality
|
Коментари:
Постирано од: Iron Man
Датум на внесување: 06.Декември.2009 во 18:48
па шо знам можи е наметнато
кај мене тоа не важи ![намигнување](smileys_novi/3.gif)
слушам рап ама не се облекувам како рапер (мене ми е смешно тоа) не зборам во стилот на раперите или на пример со гестикулации да мафтам со рацете па и со нозете вака така ти рече ми рече а за пцуење понекогаш пцујам ако се изнервирам ![голема%20насмевка](smileys_novi/4.gif)
можи ова е оти не сум вистински рапер (да слушам само рап) туку слушам и поп хаус техно транс...... (ама не пси транс) па затоа изгледа не се понашам како рапер ама па и само рап да слушав пак немаше да се облекувам како рапер......истурен во пантолоните со синџири како од дома да имам избегано
-------------
|
Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 06.Декември.2009 во 21:05
музиката не го одредува стилот, туку самата е дел од стилот
------------- размисли пред да напишеш глупост
|
Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 06.Декември.2009 во 21:29
tiggy_sparrow напиша:
Не зборам само за стил на облекување, туку и за стил на однесување, зборење итн. ``Нормално`` е ако човек е рап фанатик, да носи широки фармерки, скејтерки, да пцуе итн. ``Нормално`` е и ако човек слуша метал, да носи црна боја, да има долга коса, да е аутсајдер итн. И да не набројувам останато... Што мислите вие? Има ли врска музиката и стилот? Или тоа е само наметнато?
|
ти сакаш а кажеш дека слушаш http://www.youtube.com/watch?v=jKa0Gf4x2T4">метал...![збунетост](smileys_novi/7.gif) ![збунетост](smileys_novi/7.gif) ![збунетост](smileys_novi/7.gif) Mислам дека музиката “нема“ врска со човекот...
Кога човек е во пубертетски филм - тогаш он се занесува и си прави филмови и нормално е музиката во тој период кај него да изврши влијание врз целокупната негова личност,,, и имиџот и дррр.. дррр... дрррр...
Нормално дека има исклучоци затоа што секој на различен начин различно ја разбира и толкува самата музика и различните нејзини стилови...
Се во свое време - според мене...
Кога немаме конкретен случај за некој проблем или за определени личности или период на човечкиот живот, поврзан со некој музички проблем... мислам дека тоа е доволно и дека кај секој е различно...
музиката е “магична“ работа... знае да биде сурова но и убава и нежна за душата... без разлика на нејзината форма...
затоа онаа музика за оној што е неубава и невкусна, за другиот е совршена и обратно...
------------- за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
Постирано од: Evenstar
Датум на внесување: 06.Декември.2009 во 21:51
Никогаш не можам да заклучам каква музика слуша некој човек ако судам според тоа како се облекува, освен кај некој тинејџер... Тетраткава многу убаво го објасни тоа, и немам што да додадам
------------- It is our choices who show what we truly are, far more than our abilities.
|
Постирано од: volkswagen
Датум на внесување: 07.Декември.2009 во 16:07
IT CAN'T BE....
Tiggy,телепатски да не сме поврзани нешто? ![плазење](http://forum.idividi.com.mk/smileys_novi/10.gif) од кога се токмам да отворам ваква тема ама никако тоа на ред да дојди ![голема%20насмевка](http://forum.idividi.com.mk/smileys_novi/4.gif)
Има вистина дека се променува човек кога ќе го смени стилот на музика. Долго време слушав нешо као рап ама никогаш не почувствував - ТОА Е ТОА (знаете)!
На 04.април годинава го пронајдов „закопаното богатство“ во НИРВАНА. Од тогаш се сменив 85% и на мене остана ист само надворешниот изглед (пошто веќе имав долга коса) ![намигнување](http://forum.idividi.com.mk/smileys_novi/3.gif)
Почнав да ставам по некоја црна блузичка на мене кога одам меѓу рокери колку за да не се чувствувам вака >>>>
...Ај вечер ќе допишам, сеа одам да „манџам“... ![голема%20насмевка](smileys_novi/4.gif)
|
Постирано од: Tiggy Vicious
Датум на внесување: 07.Декември.2009 во 19:03
Па ти замислуваш јас остварувам![голема%20насмевка](smileys_novi/4.gif) За темата...Мал удел има музиката во стилот, но сепак има! Јас можам отприлика да заклучам кој што слуша, по изгледот, т.е по стилот![среќа](smileys_novi/1.gif) Исто беше и со мене како и со тебе волс...Слушав нешто аре ен би, хип хоп и тако даље...Се до пред некои 2-3 години...Тогаш малку по малку, почнав онака, Бон Џови, Вајтснејк...После почнав Ганс енд роузес...Нирвана...Сега од све по нешто...Де Пинк Флојд, а некад се наоѓаат и Секс Пистолс![среќа](smileys_novi/1.gif) Ги гледам фотографиите во последниве години додека траела мојата `преобразба`... Гледам и се чудам...Првин, со слатки шишки и коса во репче...Потоа некои избледени фармерки, со црна маица... Додека сега...Црни маици, тесни фармерки, кожни јакни, марами итн..![среќа](smileys_novi/1.gif) Така да, судејќи според ова...дефинитивно има!
------------- What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality
|
Постирано од: volkswagen
Датум на внесување: 07.Декември.2009 во 19:28
![голема%20насмевка](smileys_novi/4.gif) Tiggy...Tiggy....еден ![бакнеж](http://forum.idividi.com.mk/smileys_novi/11.gif) за тебе ![големо%20гушкање](http://forum.idividi.com.mk/smileys_novi/6.gif)
По 16 години конечно да најдам некој што исто размислува како мене ![среќа](smileys_novi/1.gif) Не го довршувам постот погоре оти се кажа и за мене девојчево ![големо%20гушкање](smileys_novi/6.gif)
|
Постирано од: Tiggy Vicious
Датум на внесување: 07.Декември.2009 во 21:31
Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 08.Декември.2009 во 00:35
тиги и фолксваген во право сте, особено во делот кога треба да се вклопиш во некоја толпа, не можеш да отидеш на свирка облечен ко за во дискотека, или на мајски оперски вечери облечен во фармерки, старки и маица стара десет години но сепак музиката не е главна и одлучувачка за нечиј живот т.е. стил, таа е само дел од целиот стил на човекот, едноставно секој си има свој вкус и начин на живот и според тоа бира се што сака и прави
------------- размисли пред да напишеш глупост
|
Постирано од: volkswagen
Датум на внесување: 08.Декември.2009 во 10:45
абе ако сакаш нешто повеќе од забава ( пример кариера) малку фазла ќе навлези музиката во тебе и салам ќе те измени...
Јас си дадов дадов збор ![голема%20насмевка](http://forum.idividi.com.mk/smileys_novi/4.gif)
|
Постирано од: Glenn
Датум на внесување: 08.Декември.2009 во 22:46
Нема многу да тупам со објаснувања, Тетратка многу фино го срочил постот погоре но сепак лично сметам дека музиката може да изврши силно влијание на личниот имиџ и тоа на долгорочни стази.
------------- Beauty fades, dumb is forever
|
Постирано од: Џо
Датум на внесување: 09.Декември.2009 во 14:19
најчесто во пубертет.
кај мене нема.
ја секад сум си кежуал со левис 501,удобни патики и еднобојни маици,слушам метал,џез,класика,етно и рок.
другар ми пак,е длабоко навлезен у тоа.
секогаш носи црно,темпераментен е,анксиозен..-чоекот дае 5000 денари за конверс старки катран црни само зашо на нив пишуеше Metallica. бљак...она катран црни патики згазна у прашина жути му се напраеја.
има пак друга мода ова демек нешо сеа скејтери.
идат купуват дуксер и некои патики од по 3000-5000 денари.
а женските као се палат на нив,тоа невидена работа.
до пубертетот е сето тоа.
|
Постирано од: Lithium
Датум на внесување: 09.Декември.2009 во 14:38
Пред да појдам во средно почнав да слушам интензивно рок и метал. Имав подолга коса и кога појдов средно имаше едни типци и типки си фураја таков имиџ и почнав и јас да се носам во согласност со музиката која ја слушам. Кај мене у плакар не можеше да се види ниедна боја друга освен црна и некои мачки со натписи. Паметам си ги купив тогаш и првите старки. Што значи дека музиката што ја слушав влијаеше и на стилот. Е после некако ми стана тоа и малку монотоно и здодевно, па полека почнав и да го менувам имиџот. Како што растев изгледот почна повеќе да ми биде важен, почнав да го носам тоа што е модерно, ама стилот на музика што го слушав не го сменив. Денес иако слушам тоа што слушам не се облекувам како што е карактеристично за тој стил. Гледам само да ми биде убаво, комотно и боите да бидат складни една со друга ![трепкање](smileys_novi/5.gif)
п.с старките ми беа фејк ![хи,%20хи...](smileys_novi/71.gif)
------------- You think you are perfect? Well, try walking on water...
|
Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 09.Декември.2009 во 16:17
еднаш панкер - цел живот панкер.... формата не е битна...![газење%20од%20смеење](smileys_novi/24.gif)
пс тоа важи за сите,,,![голема%20насмевка](smileys_novi/4.gif) ![голема%20насмевка](smileys_novi/4.gif) ![голема%20насмевка](smileys_novi/4.gif)
------------- за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
Постирано од: dejanpp
Датум на внесување: 09.Декември.2009 во 18:32
stilot na muzikata ni kazuva sto saka slusatelot
|
|